Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Додо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Dodo
Период: Доцен холцен
Реконструкција на птицата додо во Природонаучниот музеј при Оксфордскиот универзитет

Изумрен  (about 1681)  (МСЗП 3.1)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Голубовидни
Семејство: Голуби
Потсемејство: Raphinae
Род: Raphus
Brisson, 1760
Вид: R. cucullatus
Научен назив
Raphus cucullatus
(Linnaeus, 1758)
Историска распостранетост (во црвено)
Синоними
  • Struthio cucullatus Linnaeus, 1758
  • Didus ineptus Linnaeus1766

Додо е изумрен вид птица што не лета, Рафус кукулатус (Raphus cucullatus) од Маврициус, првпат забележана од страна на португалски морнари околу 1507 година. Птицата додо била уништувана од страна на луѓето и животните што ги носеле со себе и наполно, исчезнала до 1681 г. Достигнувала тежина до 23 кг, располагала со пердуви во синосива боја, имала голема глава и црн клун со должина од 23 см (со црвен закривен врв), малечки бескорисни крилја, дебели жолти нозе и кичери кадрави перудви сместени во задниот дел. Птицата Реунион солитар (The Reunion solitaire), односно Р. солитариус (R. solitarius), која, исто така, припаѓа кон исчезнатите видови, се смета дека претставувала бела варијанта на додо. Делумни примероци од скелетот се единствените пронајдени остатоци од птицата додо.