Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Колонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на несамоуправни територии (јуни 2012)

Колонија е територија без државен суверенитет, со посебно регулиран статус на потчинета земја под власт на некоја држава.[1][2] Иако во колониите власта ја имаат странските колонизатори, тие административно не припаѓаат во рамките на метрополската држава (или „државата мајка“).

Етимологија

[уреди | уреди извор]

Зборот „колонија“ потекнува од латинскиот збор colōnia, кој се користел за начин на изградба на римските воени бази и подоцна на градови.[3] Овој збор потекнува пак од зборот colōnus, и се однесувал на римски закупец земјоделец. Исто така, овој термин се користел за грчката апоикија (старогрчки: ἀποικία), кои биле прекуморски населби на античките грчки градови-држави. Градот кој основал таква населба бил познат како негова метропола („мајка град“).

Населби основани како римска колонија се: Келн (кој во своето име ја содржи историјата на неговото создавање), Белград, Јорк и многу други.[4]

Примери од антиката

[уреди | уреди извор]

Примери од поновата историја

[уреди | уреди извор]
  •  Ангола: Португалска колонија од 16 век до нејзината независност во 1975 година.
  •  Аргентина која стекнала независност од Шпанија во 1810 година.[5]
  •  Австралија е формирана како британски доминион во 1901 година од федерацијата од шест посебни британски колонии основани помеѓу 1788 и 1829 година..
  •  Барбадос: was a colony of Great Britain important in the Atlantic slave trade. It gained its independence in 1966.
  •  Бразил: Португалска колонија од 16 век. Независен од 1822.
  •  Канада: прво била колонизирана од Франција под името Нова Франција (1534–1763) и Англија (во Њуфаундленд, 1582) потоа била под британска власт (1763–1867), по што се стекнала со статус на доминион и престанала да биде колонија.
  •  ДР Конго: Белгиска колонија од 1908 до 1960; претходно била приватна сопственост на кралот Леополд II.
  • Француска Индокина формирана во октомври 1887 година од Анам, Тонкин, Кочинчина (кои заедно го формираат модерниот Виетнам) и Кралството Камбоџа; Лаос бил додаден по Француско-сијамската војна во 1893 година. Федерацијата постоела до 1954 година.
  •  Гана: Во 15 век Португалците дошле во Гана (регион познат како Златен Брег). Наскоро овде биле воспоставени неколку колонии: Португалски Златен Брег (1482–1642), Холандски Златен Брег (1598–1872), Шведски Златен Брег (1650–1663), Дански Златен Брег (1658–1850), Бранденбуршки и Пруски Златен Брег (1685–1721) и Британски Златен Брег (1821–1957). Во 1957 година, Гана била првата африканска колонија јужно од Сахара која стекнала независност..
  •  Гренланд бил Данско-Норвешка колонија од 1721 година и Данска колонија од 1814 до 1953 година. Во 1953 година Гренланд станал рамноправен дел од Данското Кралство.
  •  Гвинеја-Бисао: Португалска колонија од 15 век. Независна од 1974.
  •  Хонгконг бил британска колонија (од 1983 година, британска зависна територија) од 1841 до 1997 година. Денес е посебен административен регион во Кина.
  • Британска Индија Индија бил политички ентитет кој ги опфаќал денешните држави Индија, Бангладеш и Пакистан со региони под директна контрола на британската влада од 1858 до 1947 година. Од 15 век до 1961 година, Португалска Индија (Гоа) била колонија на Португалија. Пондичери и Чандернагор биле дел од Француска Индија од 1759 до 1954 година. Малите дански колонии Тарангамбади, Серампор и Никобарските Острови од 1620 до 1869 година биле познати како Данска Индија.
  •  Индонезија: секој некој регион бил посебна холандска колонија, но во 1949 стекнала целосна независност како една држава.[6]
  •  Јамајка била дел од Шпанските Западни Инди во шеснаесеттиот и седумнаесеттиот век. Таа станала англиска колонија во 1655 година; добила независност во 1962 година..
  •  Либерија е колонија формирана во 1821 година од американски приватни граѓани за миграција на афроамериканските слободни луѓе. На 26 јули 1847 година била донесена Либериска декларација за независност од Американското здружение за колонизација. Таа е втората најстара црна република во светот по Хаити.
  •  Макао бил португалска колонија (од 1976 година „кинеска територија под португалска управа“) од 1557 до 1999 година. Во 1999, две години по Хонгконг, станал специјален административен регион во Кина..
  •  Малезија прво била колонизирана од Португалското Царство и ја зазела Малака.[7] По 1511 година, на местата каде што Португалското Царство ја колонизирала Малезија, Британија на Малајскиот Полуостров основала колонии и трговски пристаништа. Пенанг бил изнајмен на британската источноиндиска компанија.[8]
  •  Малта била британски протекторат, а подоцна и колонија од Француските револуционерни војни во 1800 година до независноста во 1964 година.
  •  Мозамбик: Португалска колонија од 15 век. Независен од 1975.
  •  Филипини, прво бил шпанска колонија од околу 1565[10] до 1898 година како дел од Шпанска Источна Индија, од 1898 до 1946година бил колонија на САД. Независни се од 1946.
  •  Порторико бил шпанска колонија од 1493 до 1898 година, по што преминал во колонијална сопственост на САД,[11] како „неинкорпорирана територија“. Во 1952 година, откако американскиот Конгрес го одобрил уставот на Порторико, негово официјално име станало „Комонвелт на Порторико“,[12] Истата година, САД во Обединетите нации (ОН) се изјасниле дека островот е самоуправна територија.[13] Многумина и денес островот го нарекуваат колонија,[14] меѓу кои и американските федерални судии, американските конгресмени, претседателот на Врховниот суд на Порторико,[15] и многу научници.[16]
  •  ЈАР била составена од територии и колонии на различни африкански и европски сили, вклучувајќи ги Холанѓаните, Британците и Нгуните. Територијата што ја зазема денешната држава била директно управувана од Британците од 1806 до 1910 година; станала самоуправен доминион во 1910 година.
  •  Шри Ланка: британска колонија од 1815 до 1948 година. Позната како Цејлон. Била британски доминион до 1972 година. Исто така била португалска колонија во 16-17 век и холандска колонија во 17-18 век.
  •  Кореја била колонија на Јапонија од 1910 до 1945 година.
  •  Тајван има сложена историја на колонијално владеење под различни сили, вклучувајќи ги Холанѓаните (1624–1662), Шпанците (1626–1642), Кинезите (1683–1895) и Јапонците (1895–1945).[17]
  •  САД биле формирани како сојуз од тринаесет британски колонии. Сите тринаесет колонии прогласиле независност во јули 1776 година и ги протерале британските власти.

Денешни колонии

[уреди | уреди извор]
Зависни територии и нивните суверени држави. Сите територии се означени според ISO 3166-1 или со бројки. Обоените области без ознаки се составен дел на матичните земји. Антарктикот е прикажан како владение наместо поединечни претензии.

Специјалниот комитет за деколонизација води список на не-самоуправни територии при ОН, и ги наведува областите за кои Обединетите нации (иако не без контроверзии) веруваат дека се колонии. Имајќи предвид дека зависните територии имаат различен степен на автономија и политичка моќ во рамките на државата што ги контролира, има несогласување околу тоа што се смета за „колонија“.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „колонија | Македонски.гов.мк“. makedonski.gov.mk. Посетено на 2022-04-20.
  2. Stanard, Matthew G. (2018). European Overseas Empire, 1879 - 1999: A Short History (англиски). John Wiley & Sons. стр. 4. ISBN 978-1-119-13013-0.
  3. Nayar, Pramod (2008). Postcolonial Literature – An Introduction. India: Pearson India. стр. 1–2. ISBN 9788131713730.
  4. James S. Jeffers (1999). The Greco-Roman world of the New Testament era: exploring the background of early Christianity. InterVarsity Press. стр. 52–53. ISBN 978-0-8308-1589-0.
  5. Constitution of Argentina.
  6. „Non-Self-Governing Territories | the United Nations and Decolonization“.
  7. „Timeline: Malaysia's history“.
  8. „Dutch in Malaysia“.
  9. De Lario, Damaso; de Lario Ramírez, Dámaso (2008). „Philip II and the "Philippine Referendum" of 1599“. Re-shaping the world: Philip II of Spain and his time. Ateneo de Manila University Press. ISBN 978-971-550-556-7.
  10. In 1521, an expedition led by Ferdinand Magellan landed in the islands, and Ruy López de Villalobos named the islands Las Islas Filipinas in honor of Spain's Prince Philip (later to become Philip I of Castile). During a later expedition in 1564, Miguel López de Legazpi conquered the Philippines for Spain. However, it can be argued that Spain's legitimate sovereignty over the islands commenced following a popular referendum in 1599.[9]
  11. C.D. Burnett, et. al., Foreign in a Domestic Sense: Puerto Rico, American Expansion, and the Constitution. Duke University Press. 2001. ISBN 9780822326984
  12. „7 FAM 1120 Acquisition of U.S. Nationality in U.S. Territories and Possessions“. U.S. Department of State Foreign Affairs Manual Volume 7 - Consular Affairs. U.S. Department of State. January 3, 2013. Архивирано од изворникот (PDF) на December 22, 2015. Посетено на 13 September 2021.
  13. „Puerto Rico - The debate over political status“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 2021-09-11.
  14. „Why Puerto Rico has debated U.S. statehood since its colonization“. History (англиски). 2020-07-24. Посетено на 2021-09-11.
  15. José Trías Monge. Puerto Rico: The trials of the oldest colony in the world. Yale University Press. 1997. p.3. ISBN 9780300076189
  16. Angel Collado-Schwarz. Decolonization Models for America's Last Colony: Puerto Rico. Syracuse University Press. 2012. ISBN 0815651082
  17. Tonio Andrade. „How Taiwan Became Chinese: Dutch, Spanish, and Han Colonization in the Seventeenth Century“. Columbia University Press.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]