Константин Јиречек
Константин Јиречек | |
---|---|
Роден(а) | 24 јули 1854 Виена, Австриско Царство |
Починал(а) | 10 јануари 1918 Виена, Австроунгарија | (возр. 63)
Националност | Австроунгарија |
Државјанство | Австроунгарија, Бугарија |
Родители | Јозеф Јиречек (1825–1888) и Божена Шафарик |
Константин Јозеф Јиречек (Виена, 24 јули 1854 — Виена, 10 јануари 1918) — чешки историчар - балканист и универзитетски професор. Неговата работа тој ја посветил на проучување на тогаш малку познатата историја на балканските држави и народи, особено на Бугарите и Србите.
За професијата историчар, според семејната традиција на Јирачек и Шафарик, тој бил подготвен уште од рана возраст. Во науката го вовел Ѓурo Даничиќ. Како средношколец и студент тој објавил серија на впечатоци од литературата на јужно-словенските народи. Во Прага тој студирал историја, географија и филологија. Со докторската дисертација на тема „Историјата на бугарскиот народ“ (1876 година), стекнал светска слава.
Тој бил особено заинтересиран за архивското истражување. Тој изучувал и проучувал оригинални материјали во далматинскте архиви, особено во Дубровник, на чие богатство прв привлекол внимание како и на Кнежевството Бугарија и Источна Румелија.
Во периодот од 1879-1884 г. тој ја напреднал образовната политика во обновената Бугарија, извршувајќи повеќе должности во Министерството за образование во оваа земја.
На Универзитетот во Прага работел како вонреден професор на катедрата за географија и историја на Југоисточна Европа (1878-1879) и како професор по општата историја, со акцент на историјата на Словените и историјата на Балканот (1884-1893).
Потекло и образование
[уреди | уреди извор]Тој е роден на 24 јули 1854 година во Виена, мајка му се викала Божана, ќерка на големиот славист и основач на српската книжевна историја, Павле Јозеф Шафарик и татко Јосиф, историчар по литература. Чичко му Херменегилд бил историчар на законот. Двете фамилии од неговите родители, исто така, освен широките научни истражувања и интереси, биле и со длабоки словенски чувства, и нив особено ги интересирале јужните Словени.[1]
Уште како момче, поради високата брзина на размислувањата и знаењата се сметал за „чудо од дете“. Основно училиште и средно училиште тој заврши во приватни училишта.[1] Како единстевено машко дете во семејството, во детството бил осамен, повлечен во себе, и опкружен од страна на возрасните.[1]
Дури во почетокот на младоста се определил и се подготвил за предизвците во иднина. Случајно, многу рано покажал интерес за малку познатото минато на балканските народи и држави. Во таа насока го насочувала неговата семејна традиција. [2]
Како ученик на постарите гимназиски часови, објавил серија од литературата на јужнословенските народи, а во 1872 година ја објавил "Библиографијата на современата бугарска литература" (1806-1870), и ако тој само што почнал да студира таа година.[1]
Како студент го издал „Типикот на Св. Сава во манастирот во Студеница“ (1874). Во истата година, тој го посетил братучетот на мајка му од чичко, Јан Шафарик во Белград. Со таа посета имал можност да посети поголем дел од Србија. По посетата на Србија, покажал повеќе интерес за бугарската историја, која до тогаш сè уште била помалку позната од српската.[1]
Работа во Бугарија
[уреди | уреди извор]Работата на Универзитетот во Прага ја прекинал со заминувањето во Бугарија, каде по иницијатива од Марин Дринов бил повикан да помогне во поставување на темелите на просветната политика на земјата.[1] Поставен бил за генерален секретар на Министерството за просвета (1879—1881), потоа за министер за просвета (1881—1882) и претседател на Просветниот совет до 1884 година.[2]
Но подоцна својот живот и работата во Бугарија ги сметал за изгубено време. Сепак успеал да ги прошири своите знаења за Балканскиот Полуостров, кои му користеле во понатамошната научна работа. [1]
Професор во Прага и Виена
[уреди | уреди извор]Универзитетската кариера ја продолжил во 1884 година во Прага, као професор за општа историја, со особено внимание на историјата на Словените и историјата на Балканот.[2]