Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Крвен сад

Од Википедија — слободната енциклопедија
Крвните садови во организмот
Артерии на глава и врат
Артерии, вени и капилари

Крвни садовиорганите на крвотокот. Низ нив постојано кружи крвта (за разлика од лимфните садови каде што кружи лимфата). Постојат неколку видови на крвни садови:

Физиологија

[уреди | уреди извор]

Крвоносниот систем претставува затворен систем низ кој крвта тече постојано, пред се, благодарение на разликата на притисоци што се јавува во текот на работата на срцето. Така се знае дека од почетниот дел на најголемата артерија - аортата, па натаму крвниот притисок постепено се намалува за на почетокот на најмалите вени тој да е многу мал, а на крајот на најголемите венски крвни садови тој е блиску до нулата. Протокот на крвта низ крвните садови зависи од основните закони на хидродинамиката.[1]

  • Артерии, еластични крвни садови, чиишто најмали делови се артериолите и артериските капилари. Ја пренесуваат крвта од срцето до целото тело. Нивниот ѕид е изграден од три слоја (надворешен, среден и внатрешен). Надворешниот слој се состои од сврзно ткиво, кое ги поврзува крвните садови со околните ткива. Средниот слој изграден е од подебел слој мазни мускули, кои му даваат поголема еластичност на крвниот сад. Затоа при повреда на артериски крвен сад, крвта истекува во силен млаз. Внатрешниот слој е претставен со еднослоен епител, наречен ендотел. Артериите обично се поставени во телото, покрај коските, а над нив се расположени скелетните мускули. На својот пат од срцето до органите артериите се разгрануваат, поагајќи од најголемиот артериски сад - аортата, преку артериите со помал пречник, до најмалите артериски гранки - аретериоли. Сите артериски ѕидови, со исклучок на белодробната артерија, носат крв збогатена со кислород (оксидирана крв).
  • Вени, покрути крвни садови со клапи (залистоци), чиишто најмали делови се венулите и венските капилари. Ја пренесуваат крвта од сите делови на телото до срцето. Вените ја враќаат крвта до срцето од сите делови на телото. Во крвната мрежа, човекот има повеќе венски отколку артериски садови. Просечно на една артерија доаѓаат по два венски сада. Вените се градени слично како артериите, но постојат и некои разлики. Така, тие имаат поголем пречник и средниот мускулен слој е потенок, што го прави тидот поеластичен. Затоа при повреда нивните ѕидови се слепуваат и крвта бавно истекува. Внатрешниот слој кај вените формира клапи кои придонесуваат крвта пасивно да минува низ нив и да не се враќа. При попуштање на мускулните ѕидови, крвниот сад се проширува со што доаѓа до попуштени вени. Ова нарушување е очигледно поради површинската положба на венските садови во телото. Сите венски садови (со исклучок на белодробните вени) од ткивата до срцето, носат крв збогатена со јаглерод диоксид (редуцирана крв).
  • Крвните капилари се садови со пречник 5-25 микрони. Тие се изградени само од еднотел. Крвта минува низ нив многу бавно со што се овозможува преминување на молекулите од крвта во меѓуклеточната течност и обратно. Артериските и венските крвни садови меѓу себе се поврзуваат преку капиларите.

Еластичноста на крвните садови, особено на артериите, произлегува од нивната градба, а таа овозможува постојано протечување на крвта низ крвните садови. Со прекинувањето на дејството на срцето, аортата ќе прекине да се шири, но срцето се затвора и нејзиниот почетен дел е раширен во однос на следниот. Потоа тој се празни па се шири следниот дел на аортата и продолжува тоа во истиот начин по должината на целата аорта и другите крвни садови.

Средниот слој на артериите е составен од мазни мускилни клетки, а тоа им овозможува на крвните садови да се контрахираат, односно да го менуваат својот пречник со контракција или олабавување на мускулните влакна. Намалувањето на пречникот се нарекува вазоконстрикција, а проширувањето - вазодилатација. Ваквите активности ги регулира возомоторниот центар што е сместен во продолжениот мозок.

Здравите и неоштетени крвни садови можат да издржат многу големи притисоци. Така, артериите можат да издржат притисок и од 7 атмосфери, вените и поголеми притисоци, а капиларите од 40 до 60 mm Hg.[1]

  1. 1,0 1,1 Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование стр.108