Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Литографија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Литографијаграфичка техника на рамен печат подготвена на камени плочи.

Самиот термин е кованица од зборовите на грчки јазик, lithos што означува „камен“ и graphein што означува „пишување“.[1]

Литографијата се разликува од останатите графички техники затоа што се реализира со хемиски реакции, а не преку физичката раздвоеност на набоените и ненабоените делови на матрицата. Оваа техника е популарна заради нејзините можности да ги регистрира: свежината на потезите со четка или креон и да ја зачува директноста на работата на уметникот.

Историја

[уреди | уреди извор]

Пронаоѓањето на оваа, најмлада, графичка техника му се припишува на Германецот Алојз Зенефелдер (1771-1834) во 1796 година. Во почетокот, Зенефелдер ја нарекувал „хемиско“ печатење.

Во Франција, литографијата наишла на позитивен одѕив кај уметниците како што се Ежен Делакроа и Теодор Жерико.

Со Франсиско Гоја и Оноре Домје, техниката дефинитивно станала еден од поценетите уметнички медиуми. До 1820 godina, само во Париз биле отворени околу 280 литографски ателјеа.[2][3]

Таа е графичка техника на рамен печат, која како подлога користи литографски камен со рамна површина.

На исполираната, мазна и обработена површина на каменот (бимштајн - посебен варовнички камен), се нанесува цртеж со мрсна литографска креда, литографски туш или некои други мрсни средства (маслен пастел, моливи за цртање на стакло, сапун...). Површината на каменот за литографија е порозна, а зрнестата структура лесно ја прима литографската креда, тушот или некои од наведените средства.

По хемиската обработка на површината од каменот со раствор од азотна и фосфорна киселина, цртежот на каменот изведен со мрсни бои ја прима печатарската боја додека незаштитената површина од мрсните бои е под дејство на киселината со што се одбива бојата. Кога се нанесува бојата, каменот постојано треба да биде навлажнуван со вода.

На набоениот дел од каменот се става хартија, а потоа се започнува со печатење со помош на посебна литографска преса низ која каменот се движи хоризонтално и низ константен вертикален притисок.[4]

Литографијата била основа од која подоцна ќе се развие индустриската техника на офсет печатење која што денес е една од најзначајните и најупотребувани печатарски техники.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. definition
  2. „LA LITHOGRAPHIE : un procédé d'impression à plat“. Архивирано од изворникот на 2019-01-27. Посетено на 2019-09-30.
  3. „Lithographie“. Архивирано од изворникот на 2019-09-29. Посетено на 2019-09-30.
  4. „TECHNIQUE DE L'ESTAMPE“ (PDF). Архивирано од изворникот на 2015-03-19. Посетено на 2019-09-30.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]