Ракита
Изглед
Ракита Вратничка Река | |
---|---|
Поглед на реката Ракита крај селото Вратница | |
Местоположба | |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Шар Планина |
Устие | |
• место | Вардар |
• координати | 42°6′1″N 21°9′11″E / 42.10028° СГШ; 21.15306° ИГД |
Должина | 14 км[1] |
Големина на сливот | 30,51 км2 |
Особености на сливот | |
Течение | Вардар→ Егејско Море |
Речен слив | Вардар |
Ракита (на месниот дијалект: Раќита) — река во Полог (Долен Полог), северозападна Македонија. Се наоѓа во подножјето на планинскиот врв Љуботен, во близина на населеното место Вратница.
Тек
[уреди | уреди извор]Ракита (позната и како Вратничка Река) е составена од две притоки: Ливадичка и Љуботенска Река. Додека Ливадичката притока се формира од изворите на областа Ливадица на Шар Планина, Љуботенска Река го започнува својот пат од многубројните извори на Љуботен. И двете помали реки се составуваат во месноста Средорек и ја создаваат Ракита.[2]
После својот тек кој поминува во близина на населените места Вратница и Орашје (Горно и Долно), Ракита се влева во реката Вардар, веднаш пред неговиот влез во Дервенската Клисура.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Реката пред вливот во Вардар
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Природни ресурси“. Општина Јегуновце. Општина Јегуновце. Посетено на 4 февруари 2016.
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 45. ISBN 978-9989-2117-6-8.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|