Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Слапска Река

Од Википедија — слободната енциклопедија
Слапска Река
Местоположба
Физички особености
УстиеБоговињска Река
Особености на сливот

Слапска Река или Смрека — река во Македонија, изворишна челенка од која настанува Боговињска Река. Извира од неколку помали но издашни извори високо на падините на Шар Планина во највисокиот дел на целата планина, односно во месноста Голема Смрека под јужната падина на врвот Мал Турчин висок 2702 метри. Кон запад со врвот и седлото Крива Шија е одделена од изворите и долината на реката Пена. Продолжува да тече кон запад помеѓу падините Голема и Мала Смрека поради што целиот предел и самата река во местото меѓу жителите и планинарите е позната под името Смрека. Кај месносите Слап и Јаворица се составува со Езерска Река со која продолжуваат да течат под името Велика, а потоа Боговињска Река. Според името на месноста Слап која се наоѓа на самата нејзина утока, на топографските картие овој водотек е запишан под името Слапска Река. Изобилува со многу вода во текот на целата година и во најтоплите и сушни летни денови.

Галерија

[уреди | уреди извор]