Растафаријанство
Растафаријанство — монотеистичко, Авраамско, религиозно[1] или социјално движење[2], кое се развило во христијанската култура во Јамајка во 1930-тите години[3][4]. Приврзаниците чиј култ е Хајле Селасие, поранешен Цар на Етиопија (1930-1936 и 1941-1974)[5], се наречени Растафаријани или Расти.
Движењето понекогаш е нарекувано и „Растафаријанизам“, но овој термин некои Расти го сметаат за понижувачки и навредлив, кои не сакаат да бидат обележувани со наставката „изам“ Дел од учените, движењето го нарекуваат секта,[6], додека некои го поврзуваат со култ [7], додека пак Енис Едмундс го карактеризира како ревитализациско движење[2] . Растафаријанството не е високо организирана религија: тоа е движење и идеологија. Многу Растафаријани велат дека тоа воопшто не е религија, туку „начин на Живеење“[8][9]. Повеќето Растафаријани не признаваат никакви секти и вероисповести, па така се охрабруваат едни со други да најдат верба и инспирација во самите себе.
Името растафаријанството е преземено од Рас Тафара, предвладеечката титула на Хајле Селасие, составено од Амхарик Рас (во превод „Глава“, етиопски еквивалент на Војвода) и од презимето на Свети Селасие, Тафари[10]. Растафаријаните се истакнати по тоа што тврдат дека Свети Селасие, поранешниот и последен етиопски цар, е друга инкарнација на христијанскиот Бог, наречен Џа. Тие го гледаат Свети Селасие како Џа или Џа Растафари, кој е Второ пришествие на Исус Христос на земјата[11][12].
Растафаријанството вклучува и активности како спиритуално конзумирање на канабис[13] и отфрлање на западното општество (наречено Бабилон, кое повеќе се однесува на христијанскиот метафоричен Бабилон, отколку на месопотамската град-држава)[14]. Ја прокламира Африка (исто така наречена „Зајон“) како родно место на човечкиот вид.
Денес, сознанието за растафаријанството е распространето низ целиот свет, преку заинтересираноста која ја предизвикала реге музиката- најевидентно од страна на јамајскиот пејач и композитор Боб Марли. До 1997, имало околу милион верни Растафаријани низ светот. Од пет до десет проценти од Јамајчаните се произнесуваат како Растафаријани.
Светски гледишта и верувања
[уреди | уреди извор]Бог
[уреди | уреди извор]Растафаријаните се монотеисти, се поклонуваат на еден единствен Бог кој го нарекуваат Џа. Растите го гледаат Џа како битие во форма на Светото Тројство, односно Бог кој е Таткото, Синот и Светиот Дух. Растите веруваат дека во форма на Светиот Дух (инкарнација), живее меѓу луѓето, и токму затоа тие често себеси се нарекуваат „Јас и Јас“. Освен тоа,„Јас и Јас“ го користат наместо „Ние“, и се користи на овој начин за да се изрази еднаквост помеѓу луѓето, признавајќи дека Светиот Дух внатре во нас, сите не прави исти и во суштина едно.
Некои Растафаријани го прифаќаат христијанското верување дека Бог се инкарнирал на земјата во формата на Исус Христос, за да го пренесе своите учења на човештвото. Како и да е, тие често велат дека неговите учења биле изопачени од Бабилон.
Свето Тројство
[уреди | уреди извор]Раста верувањето го опфаќа Светото Тројство вклучувајќи потенцирање на Свети Селасие, значењето на „Моќта на Тројството“ или „Силата на Тројството“ во Ге’ез- името кое му е дадено на Рас Тафари по неговото крштевање, и подоцна се сметало за дел од неговото владеечко име со кое се здобил на 2 ноември 1930 на неговото крунисување од страна на Етиопската Православна Црква.
Зајон наспроти Бабилон
[уреди | уреди извор]Растафаријаните тврдат дека Зајон (односно Африка, посебно Етиопија) е земјата која Џа ним им ја ветил. За да го достигнат ова, тие го отфрлаат модерното западно општество, кое го нарекуваат Бабилон, кое го гледаат како бесконечно корумпирано.
Лавот
[уреди | уреди извор]Лавот е знак на Свети Селасие. Исус Христос во Библијата е опишан како „Лавот на Јуда“, и поради таа причина, Свети Селасие го гледаат како реинкарнација на Исус.
Ганџа/Канабис
[уреди | уреди извор]За растите, пушењето канабис, често познат како „трева“, „грас“, „синсемила“ е спиритуален чин, често придружуван од Библиски учења, кој се смета за причестување кое го прочистува телото и умот, лекува душата, носи задоволство, и ги доближува до Џа.
Литература
[уреди | уреди извор]- Dread, The Rastafarians of Jamaica, by Joseph Owens ISBN 0-435-98650-3
- Experience, by Lincoln Thompson
- Soul Rebels: The Rastafari, by William F Lewis
- Rastafari: A Way of Life, by Tracy Nicholas ISBN 0-948390-16-6
- Book of Memory: A Rastafari Testimony, composed by Prince Elijah Williams and edited by Michael Kuelker ISBN 0-9746021-0-8
- Complete Idiot's Guide to World Religions, by Toropov, Brandon ISBN 0-7865-8840-5
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Clarke 1986, стр. 11 ; Edmonds 2012, стр. 92 ; Sibanda 2016, стр. 182 .
- ↑ 2,0 2,1 Edmonds 2012, стр. 92.
- ↑ Edmonds 2012, стр. 113.
- ↑ Ryman, Cheryl (2014). „Kumina“. Во Horn, David; Shepherd, John (уред.). Bloomsbury Encyclopedia of Popular Music of the World, Volume 9: Genres: Caribbean and Latin America (англиски). Bloomsbury Publishing. ISBN 9781441132253.
- ↑ Edmonds 2012, стр. 32.
- ↑ Barrett 1997, стр. viii.
- ↑ Cashmore 1983, стр. 6.
- ↑ Cashmore 1983, стр. 188 ; Edmonds 2012, стр. 92 .
- ↑ Stephen D. Glazier. Juergensmeyer, Mark K.; Roof, Wade Clark (уред.). Encyclopedia of Global Religion. Sage. стр. 614. ISBN 978-0761927297. Посетено на 10 March 2017.
- ↑ Barrett 1997, стр. 82 ; Edmonds 2012, стр. 32 .
- ↑ Edmonds 2012, стр. 36.
- ↑ Clarke 1986, стр. 67.
- ↑ Clarke 1986, стр. 88 ; Edmonds 2012, стр. 54 .
- ↑ Edmonds, p. 61.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Rastafarianism Scholarly profile at the Religious Movements Homepage (University of Virginia)
- A Sketch of Rastafarian History by Norman Reddington
- House of Judah Nyabinghi Rastafarian Grounation — John H. Bradley на YouTube
|