Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Ромски панк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ромски панк
Стилско потекло:
Културно потекло: доцни 90-ти, САД
Својствени инструменти: гитара, бас гитара, тапани, гусла
Популарен: доцни 2000-ти
Регионални сцени
Њујорк Сити
Жанрот ромски панк го носи името од Gypsy Punks, албум од 2005 година на Гогол Бордело, опишан овде на концерт во 2006 година.

Ромски панк - хибриден музички жанр кој ја преминува традиционалната ромска музика со панк-рок. Една од првите рок групи која соединила елементите на панк и ромската музика била Motherhead Bug, која била активна главно во раните 90-ти. Пошироката публика се запознала со жанрот откако бендот Гогол Бордело го објавил албумот Gypsy Punks: Underdog World Strike, со фронтменот Евгениј Хацц опишувајќи ги нивните перформанси како „Цигански панк кабаре“.

Ромските панк бендови обично комбинираат рок ритам и инструментација со повеќе традиционални цигански инструменти, како што се тапани, тамбури, хармоника, гусла, труба и саксофон.[1]

Филозофија

[уреди | уреди извор]

Од нивната миграција од нивната татковина Индија, Ромите се рашириле толку многу што им „немало татковина“. Ромскиот панк не е полн со ромска култура, туку има и недостаток на истата. За Ромите, музиката е идентификувана како „примарна форма на културен израз“ [2] Ромите, преку своите врски со западното панк влијание, создале музика која им овозможувала на оние што свират да се изразат себеси и да создадат идентитет.

Ромскиот панк не го користат и изведуваат само народите од ромската или „ромската“ култура. Панк опфаќа „бунт, анархија и отпор“. Овие мисли се пренесуваат потоа во хибриден жанр на „Ромски Панк“. Ова инсинуира дека ромските настапи и самата музика промовира слобода за оние што учествуваат во жанрот. Тоа е романтизирана верзија за животот на вистински „циган“. Наместо да бидат „руски“, „еврејски“, „источноевропски“, итн. тие можат да ги „артикулираат своите идентитети, притоа да се вклучат во претставата да бидат диви и цигани скитници “. Со тоа што вистинската циганска култура изгледа како нешто што не е, „не ја разгледува автентичноста на претставувањето на Ромите, туку реплицира идеализирана и сонувана верзија за тоа што значи циган.[3]

Ромски панк бендови

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Ben Sisario, "The Rise of Gypsy Punkers", The New York Times, 2 јули 2005
  2. Alan Ashton-Smith (април 2010). „Colonized Culture: The Emergence of a Romani Postcolonialism“ (PDF). Journal of Post-Colonial Cultures and Socieites. 1: 73. Посетено на 11 април 2020.
  3. Jablonsky, Rebecca. “Russian Jews and ‘Gypsy Punks’: The Performance of Real and Imagined Cultural Identities Within a Transnational Migrant Group.” Journal of Popular Music Studies 24, бр. 1 (2012): 3–24.
  4. „Buffos Wake“. Buffos Wake. Архивирано од изворникот на 2019-03-09. Посетено на 11 април 2020.
  5. „rockgitano.com“. rockgitano.com. Архивирано од изворникот на 2019-05-14. Посетено на 11 април 2020.
  6. „Site Officiel OUTRAGE“. Outrage.free.fr. Посетено на 11 април 2020.