Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Руди Молар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Руди Молар
Молар на Трката околу Белгија 2014
Лични податоци
Цело имеРуди Молар
Роден17 септември 1989(1989-09-17)(35 г.)
Глезе,  Франција
Висина1,78 м
Маса62 кг
Податоци за клубот
Мом. клубГрупама-ФДЖ
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Аматерски клубови
2011
2011
СС Етип
Кофидис (стажант)
Професионални клубови
2012–2016
2017-
Кофидис
ФДЖ
Последна промена
4 април 2020

Руди Молар (француски: Rudy Molard; р. 17 септември 1989) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Групама-ФДЖ.[1]

Молар поминал пет години со Кофидис пред да се пресели во ФДЖ во 2017 година. Во текот на пет години со Кофидис, Молар освоил етапа на Тур ди Лимузен 2015. Исто така, настапил на Тур де Франс 2013,[2] каде завршил на 73 место и на 51. место во 2014 година.

ФДЖ (2017–денес)

[уреди | уреди извор]

Молар завршил на 16. место на Париз-Ница и на 24. место на Трката околу Баскија во неговата прва сезона со ФДЖ. Имал одлична форма на пролетните класици, завршувајќи осми на Флеш Валон и на 17. место на Лиеж-Бастоњ-Лиеж. Бил вклучен во почетниот состав на ФДЖ на 100. издание на Џиро д’Италија и на Тур де Франс.[3]

Молар ја отворил сезоната 2018 со трето место на Тур Ла Прованс и на Тур ди О Вар. Негова следна трка била Париз-Ница, на која успеал да ја освои шестата етапа. Нападнал во завршниот километар и успеал да се одвои од групата. Молар завршил на 15. место на крајот на трката. Возел на пролетните класици и ја продолжил својата форма; завршил 15. на Амстел Голд Рејс, 13. на Флеш Валон и 26. на Лиеж-Бастоњ-Лиеж.

Како подготовка за Тур де Франс, возел на Критериум ди Дофине и на националното друмско првенство, каде завршил на шестото место. Негов најдобар резултат на Тур било 14. место на етапата 16. Една недела по Тур де Франс, завршил на 11. место на Класика де Сан Себастијан. На крајот на август започнал на Вуелта а Еспња и успеал да ја преземе водечката маичка на петтата етапа, откако бил во бегство цел дел. Ја носел маичката четири дена пред да ја изгуби на деветтата етапа.

Достигнувања

[уреди | уреди извор]
2011
3. Национално хронометарско првенство под 23 години
Европски првенства под 23 години
6. Друмска трка
9. Хронометар
10. Светско хронометарско првенство под 23 години
2012
1. Планински пласман Тур де л’Ен
3. Краен пласман Тур ду Геводан
2013
9. ГП де ла Вил де Лил
10. Краен пласман Тур ду Геводан
2014
4. Краен пласман Трка околу Луксембург
1. Пласман за млад возач
9. Париз-Троа
2015
3. Краен пласман Тур ди Лимузен
1. Етапа 3
3. Тур ди Ду
5. Краен пласман Трка околу Луксембург
6. Класик Ла Дром
9. Гран при де ла Сом
9. Гран при де Валони
2017
8. Флеш Валон
2018
1. Етапа 6 Париз-Ница
3. Краен пласман Тур Ла Прованс
3. Краен пласман Тур ди О Вар
2019
5. Краен пласман Тур Ла Прованс
7. Краен пласман Париз-Ница
9. Краен пласман Тур ди О Вар
10. Џиро ди Ломбардија
2020
7. Краен пласман Париз-Ница

Распоред на резултатите на големите трки

[уреди | уреди извор]
Голема трка 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Џиро 44
Тур 73 51 36 38 33
Вуелта 113 30 14

СО = се откажал; — = не учествувал

  1. „Groupama - FDJ“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2 јануари 2020. Посетено на 2 јануари 2020.
  2. „Profile“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. Посетено на 10 јули 2013.
  3. „Giro d'Italia 2017 Startlist“. www.procyclingstats.com. Посетено на 2018-08-31.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]