Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Сема Ќен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сема Ќен
司馬遷
Портрет на Сема Ќен
Роден(а)~ 145 или 135 п.н.е.
Лунгмен, Кина (денес Хеѓин, Шанси)
Починал(а)86 п.н.е.
Занимањеисторичар
Познат(а) поЗаписи на историчарот
РодниниСема Тан (татко)

Сема Ќен (??; ~ 145 или 135 – 86 п.н.е.) — кинески историчар од времето на династијата Хан. Се смета за татко на кинеската историографија со неговото капитално дело Записи на историчарот (Шеѓи), кое покрива период од две илјади години — од Жолтиот цар, па сè до неговото време, владеењето на царот Ву. Иако работел како дворски астролог, подоцнежните поколенија го нарекуваат „Големиот историчар“ (太史公; тајше гунг), големата жртва која ја направил, подлегнувајќи на казнени мерки како затвор, кастрација и слугување.

Младост и образование

[уреди | уреди извор]

Роден е кај Сјајанг во Ѕуопингји (влизу денешен Ханченг, Шенси) околу 145 г. пр. н. е., а според некои извори, околу 135 г. пр. н. е..[1] Татко му Сема Тан, кон 136 г. пр. н. е. бил назначен на релативно ниската функција „голем историчар“ или „голем писар“ или „голем астролог“ (太史, тајше).[2][3] Неговата главна задача била да го срочува годишниот календар, да утврдува обредно поволни и неповолни денови и да му го предаде на царот пред новата година.[3]

Во 126 г. пр. н. е., на возраст од околу дваесет години, Сема Ќен тргнал на обиколка низ Кина и станал еден од најшетаните луѓе на своето време.[3] Патувањето го започнал од престолнината Чанган (денешен Сиан), then went south across the Јангцекјанг до Чангша (денешна покраина Хунан), where he visited реката Милуо site where древниот поет Ќу Јуен was traditionally said to have drowned himself.[3] He then went to seek the burial place of the legendary Сја владетели Ју на планината Куајѓи и Шуен во венецот Ѓуји (денешна околија Нингјуен во Хунан).[3][4] Потоа се упатил на север во Хуајјин (денешен Хуајан, Ѓангсу) за да го посети гробот на војсководецот Хан Сјин, па продолжил во Ќуфу, родното место Конфуциј, каде изучувал обреди и други традиционални предмети.[3]

Дворски службеник

[уреди | уреди извор]

Откако завршил со патувањата, Сема бил избран за дворски службеник на државната управа, со должност да врши смотра на разни краишта на царството заедно со царот. Во 110 г. пр. н. е., на 35-годишна возраст, Сема Ќен бил испратен на запад, во воен поход против варварски племиња. Истата година, татко му се разболел и не можел да присуствува на дворските обреди. Увидувајќи дека деновите му се избројани, го викнал сина си дома, оставајќи му аманет да продолжи со историчарската работа. Сема Тан сакал да го следи Пролетно-есенскиот летопис — првиот летопис во историјата на кинеската книжевност. Поттикнат од аманетот, Сема Ќен во 109 г. пр. н. е. почнал да го составува делото Записи на историчарот. Три години по смртта на татко му, Сема Ќен ја наследил татковата функција на дворски акстролог. Во 105 г. пр. н. е. бил избран за еден од стручњаците со задача да го преработи календарот. Како виш државен службеник, бил во можност и да му дава општи државнички совети на царот.

Аферата Ли Линг

[уреди | уреди извор]

Во 99 г. пр. н. е., Сема се замешал во аферата поврзана со офицерите Ли Линг и Ли Гуангли (李广利), кои биле поразени и заробени во походот против сојузната држава Сјунгну на север. Царот сметал дека за поразот бил виновен Ли Линг, кој наишол на осуда од сите дворјани. Единствениот кој го бранел бил Сема поради неговата почит кон него. Царот ја протолкувал одбраната како напад врз неговиот зет, кој исто така неуспешно учествувал во борбите, па го осудил Сема на смрт. Во тоа време, смртната пресуда можел да се замени со паричен надомест или со кастрација. Бидејќи Сема немал доволно пари, бил ставен да издржува затворска казна од три години.

Со излегувањето од затвор во 96 г. пр. н. е., Сема избрал да живее во дворецот како евнух за да може да го заврши историското дело, наместо да изврши самоубиство, што се очекувало од еден научник и господин во негова положба.

Историчар

[уреди | уреди извор]
Првата страница од Записи на историчарот.

Пред Сема Ќен, историските книги покривале извесни настани и периоди на одредени држави. Сема прв ја вовел општата историја како нов опширен осврт на минатото, и со тоа оставил траен белег на кинеската историографија, особено кај подоцнежните истакнати историчари како Џенг Ќао (делото Тунгше, 通史) и Сема Гуанг (делото Ѕеџе тунгѓен). Иако династичките истории веќе доживеале кодификација со второто дело Книга на Хан (Ханшу) на Бан Гу, подоцнежните историчари го сметале делото на Сема за урнек и „официјален формат“ на историјата на Кина.

Пишувајќи го делото Записи на историчарот, Сема вовел нов стил во историографијата, претставувајќи го минатото во низа биографии. Делото има 130 глави летописи, годишници и расправи поделени не по временски редослед, туку по тематика: музика, обреди, календари, религија, стопанство и проширени биографии. Ова дело влијаело и на историските дела надвор од Кина, како што е корејската историја Самгук саги (三国史记).

Сема освоил нов начин на подредување на историските податоци и нов пристап кон водењето на историските сознанија. Настојувал да пронајде општи начела и заеднички чинители во разните настани и судбини, извлекувајќи заклучоци што важат за човештвото. Исто така, Сема бил првиот историчар што ја истакнал улогата на поединечните дејци во историскиот развој на Кина и судбинската предодреденост на расцут и пад.

За разлика од Книга на Хан, напишано под надзор на владејачката династија, делото е напишано по негово наоѓање. Сема одбил да се ограничи само на личности од висок чин, туку ги обработува ликовите и делата на нижите сталежи и „темната страна“ на општеството.

Книжевник

[уреди | уреди извор]

Записи на историчарот важи за исклучителен пример за биографско дело висока книжевна вредност, кој и денес останува нераздвоен дел од градивото при изучувањето на класичниот кинески јазик, како и особен пример кој бил следен во текот на неокласичниот (преродбенички) период на династиите Танг и Сунг. Карактеризацијата на ликовите и развојот на дејствијата во книгата се покажале влијателни и врз развојот белетристиката, особено во расказите од времето на династиите Танг и Минг, како и простојазичниот роман во доцниот период на царството.

Влијанието на Сема претежно се заснова на следниве елементи: вештиот и живописен приказ на историските личности користејќи цитати, разговори и постапки; иновативната употреба на неформален, хумористичен и разновиден јазик и едноставноста и концизноста на стилот.

Астролог

[уреди | уреди извор]

Како и татко му, Сема Ќен бил дворски астролог. Астрологијата во тоа време била мошне важна за одредувањето на постапките во управата, во склад со влијанијата на Сонцето, Месечината и ѕвездите, како и други појави како затемнувања на Сонцето и земјотресите.

Пред да го заврши своето капитално дело, Сема Ќен го создал календарот Тајчули (太初历, „прв календар“) по образец на календарот на династијата Ќин. Ова бил многу напреден и револуционерен календар, според кој годината има 365,25, а месецот има 29,53 дена.

  1. Knechtges (2014), стр. 959.
  2. de Crespigny (2007), стр. 1222.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Knechtges (2014), стр. 960.
  4. Watson (1958), стр. 47.
  • de Crespigny, Rafe (2007). A Biographical Dictionary of Later Han to the Three Kingdoms (23–220 AD). Leiden: Brill. ISBN 978-90-04-15605-0.
  • Knechtges, David R. (2014). „Sima Qian 司馬遷“. Во Knechtges, David R.; Chang, Tai-ping (уред.). Ancient and Early Medieval Chinese Literature: A Reference Guide, Part Two. Leiden: Brill. стр. 959–965. ISBN 978-90-04-19240-9.
  • Watson, Burton (1958). Ssu-ma Ch'ien: Grand Historian of China. New York: Columbia University Press.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Викиизвор
Викиизвор
Викиизворот на кинески има изворна содржина поврзана со оваа статија: