Френк Запа
Френсис Винсент Запа (англиски: Frank Vincent Zappa; Балтимор, 21 декември 1940 — Лос Анџелес, 4 декември 1993) — американски музичар, сатиричар, гитарист, текстописец и пејач. Неговата музичка кариера траела 30 години, а ја започнал 1956 година во тинејџерскиот бенд The Blackouts. За време на тој период Запа се покажал како врвен композитор, гитариста и водич на бендот. Со него секогаш настапувале големи музичари, а во придружба во бендот обично имало околу девет музичари. Во почетокот на 1960 година основал рок бенд The Mothers of Invention со кој остварил бројна дискографија. Умрел во 1993 од рак на простата.
Животопис
[уреди | уреди извор]Родителите му биле по потекло од Сицилија,[1] мајка му имала и француско, а татко му и грчко и арапско потекло. Татко му биохемичар и математичар. Френк бил најстар од четирите деца, а пораснал во семејството каде постарите често зборувале италијански јазик. Семејството често се селело поради работата на татко му. Френк како дете бил болежлив, и страдал од астма и проблеми со ушите и со синусите.
Запа двапати се женел,[2] првиот пат во 1960 година со Кетрин Шерман со која немал деца. Се развеле во 1964 година. Вториот брак го склучил во 1967 година со Аделаида Гејл Слотман, со која останал до крајот на животот. Со втората сопруга имал четири деца.[3]. Гејл Запа по неговата смрт основала фондација Запа фемили траст.
Музичка кариера
[уреди | уреди извор]Френк Запа се вклучил во музичка група како тапанар првпат за време на средношколските години во Сан Диего.[4] Мајка му го поддржувала неговиот интерес за музиката. Пред завршување на средното училиште, Запа веќе компонирал, аранжирал и водел изведба на авангарден настап на школскиот оркестар.
Во 1959 година, Запа заминал од дома и се преселил во Лос Анџелес, каде ја сретнал Кетрин Шерман. Заедно се преселиле во Онтарио, и се венчале на 28 декември 1960 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Oldies.com - Френк Запа, биографија
- ↑ Filmreference.com
- ↑ „Buzzle.com“. Архивирано од изворникот на 2008-07-31. Посетено на 2019-01-27.
- ↑ Zappa, Frank; Occhiogrosso, Peter (1989). Real Frank Zappa Book. Simon and Schuster. ISBN 978-0-671-70572-5.:29
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Френк Запа“ на Ризницата ? |
- Матична страница
- Гостувања на C-SPAN
- Френк Запа на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Френк Запа collected news and commentary at The Guardian