Хале (Зале)
Хале (Зале) | |
Главниот плоштад со Црвената кула | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија-Анхалт |
Округ | Урбан округ |
Градоначалник | Дагмар Забадос (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 135 км2 |
Надм. височина | 87 м |
Население | 242.083 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 1.793 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HAL |
Пошт. бр. | 06108-06132 |
Повик. бр. | 0049345 |
Портал | www.halle.de |
Местоположба на градот Хале (Зале) во Саксонија-Анхалт | |
Координати | 51°29′N 11°58′E / 51.483° СГШ; 11.967° ИГД |
Хале (Зале) (германски: Halle (Saale)) — најголем град во германската покраина Саксонија-Анхалт. Исто така, наречен е и Хале на Зале и во некои историски докази, едноставно Зале по реката) сè со цел да се направи разлика од градот Хале во Северна Рајна-Вестфалија. Моменталното официјално име на градот е Хале (Зале).
Географија
[уреди | уреди извор]Хале (Зале) се наоѓа во јужниот дел на Саксонија-Анхалт, по текот на реката Зале, која е канализирана низ соседните низини и поголемиот дел од соседната Слободна држава Тирингија, која се наоѓа на самиот југ и Тириншкиот слив, северно од Тириншката Шума. Лајпциг, еден од другите поголеми градови на источна Германија е само на 40 километри оддалеченост.
Историја
[уреди | уреди извор]Раната историја на Хале е поврзана со солта. Името Хале ја покажува раната келтска населба, така што 'halen' е бретски (велшки/бретањски) збор за сол (на пр. 'salann' на ирски). Името на реката Зале исто така содржи германско потекло за сол, додека вадењето сол се одвивало во Хале, најмалку од времето на бронзената доба (2300-600 п.н.е.).
Градот првпат бил споменат во 806. Тогаш станал дел од Магдебуршката архиепископија во 10-от век и останал сè до 1680, кога не бил анексиран во Бранденбург-Прусија, заедно со Магдебург, како и војводството Магдебург, додека исто така бил и важно место за реформацијата на Мартин Лутер со Алберт Брандербуршки како негов црковен колега. Битката кај Хале била местото на борба помеѓу француските и пруските трупи на 17 октомври 1806. Борбата се селела од покриените мостови на западниот дел од градот, низ улиците и плоштадот, до источните предградија. Во 1815, Хале станал дел од пруската Провинција Саксонија.
Во текот на Втората светска војна, затвореници од Полска, Чехословачка, Советскиот Сојуз, Франција, Холандија и други народи биле донесени во кампот Биркан Мецлих [8] помошен камп на концентрациониот логор Бухенвалд за принудна работна сила во фабриките за авиони Зибел - подоцна овој камп бил затворен.
Хале преживеал мала штета во текот на Втората светска војна. Имало два бомбашки напади на градот: првиот на 31 март 1945, вториот неколку дена подоцна. Првиот напад бил помеѓу станицата и центарот и самиот центар, а во вториот напад јужните делови. Загинале околу 1.000 жители и 3.600 згради биле уништени, многу потешко оштетени. Меѓу нив биле Црквата на плоштадот, Црква Георг, Старата градска куќа, градскиот театар, вредни куќи (историски згради во улицата Фрирс и камената улица) и градските гробишта. На 17 април 1945, Хале бил окупиран од американските сили, додека црвената кула бил нападната со артилерија и уништена. Исто така, на плоштадот и црквата Свети Георг добила повеќе оштетувања. Меѓутоа, градот, немал поголема штета поради откажување на планираните воздушни бомбардирања, делумно кон тоа придонел тогашниот жител на Хале, поранешниот командант во Првата светска војна, грофот Феликс фон Лукнер, кој заедно со градоначалникот и воените офицери преговарале надвор од градот со американските сили. Во јули, Американците си заминале, и го препуштиле градот на советските окупациски сили.
По Втората светска војна, Хале служел кратко време како главен град на административниот регион Саксонија-Анхалт, ова било сè до 1952, кога владата на Источна Германија ги распуштила нејзините покраини. Како дел од Источна Германија (до 1990), тој бил главен град на административниот округ („Bezirk“) Хале. Кога Саксонија-Анхалт повторно се создала како покраина, Магдебург станал главен град.
Според историски документи, градот Хале бил член на Ханзата барем од 1281 г.
Главни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Замок Гибихенштајн, првпат споменат во 961, северно од центарот на градот на рид, над реката Зале.
- Морицбург, понова палата, изградена во 1503. Била резиденција на Магдебуршките архиепископи, уништена во Триесетгодишната војна, и потоа во руини со векови. Повторно изградена во 1904, денес е Уметничка галерија.
- Езелмаркт, (Магарешки плоштад), првиот плоштад во Хале.
- Ротер Турм (Црвена кула), камбанаријата на Црквата Мариен и препознатливост за Хале, еден од петте кули над познатата панорама на градот. Изградена помеѓу 1418 и 1503.
- Маркткирхе, Црква Мариен, Црква на Пресвета Богородица, 1529–1554, овде две цркви се комбинирани. Црквата Гетруден потекнува од 11-от век, а Црквата Мариен од 12-от век.
- Хаусманстирме, дел за семејството на Тирмер, дел од Црквата Мариен.
- Катедралата (Der Dom), првично црква во рамките на доминикански манастир (1271).
- Роланд, потекнува од 1161 и е направен од дрво. По востанието во градот бил ставен кафез околу неа, потсетник на забраните.
- Ботаничка градина на Универзитетот Мартин-Лутер Хале-Витенберг, основана пред 300 години, дел од градината а соништата.
- Хендл Хаус, изградена во 1558 и родното место на Георг Фридрих Хендл, служи како збирка на историски музички инструменти.
- Гразевегхаус
- Музеј на Saline е посветен на вадењето сол.
- Градски ѕид, делови од него.
- Дневен земјоделски пазар, на главниот плоштад се продаваат зеленчук, овошје, риба, млечни, месни и пекарски производи.
- Жолта линија, која води до главниот плоштад, ја обележува геолошката линија на Hallische Verwerfung.
- Штатготесакер се ренесансни гробишта, од 1557 па наваму, слични на Компосанто во Пиза, Италија.
- Галгенберге, место на Гало од 14-от до крајот на 18-от век.
- Маркшлесхен, Маркт 13, Галерија и туристички информации.
- Акербиргерхаус, зграда од 11-ти или 12 век, во близина на Катедралата.
- Франкенс Штифтунген
- Рајхартс Гарден е историски парк, дел од градината на соништата (Gartenträume). Неколкупати ја сменил сопственоста и на крајот градот Хале ја купил во 1903 и дозволил поширок јавен пристап.
- Клаусберге, порфири планини, место на капелата на браќата Клаус, панорамски поглед на долината на Зале.
- Епископска ливада, дел од Делауер Хајде, има 35 гроба кои потекнуваат од околу 2500-2000 п.н.е., неолитски период.
- Фолкспарк (Народен парк).
- Оперска куќа, Хале
- Нојес Театер
- Талија Театер, единствениот театар за деца во Саксонија-Анхалт
- Штајнтор Бине
- Пајсниц Изле
- Песталоци Парк
- Гимрицер Дам, патека за коњи.
- Хале-Нојштат, поголемиот дел од него изграден во 1960-тите, се наоѓа во западниот дел од Хале. Комплексот е пример за социјалистичкиот станбен развој на Источна Германија, како и пример за успешен раст.
Индустриско наследство
[уреди | уреди извор]Солта, исто така позната како Бело злато, била извлекувана од четири „Borns“ (структури). Четирите рудници се именувани Гутјарбрунен, Метерицбрунен, Дојчер Борн и Хакеборн, се наоѓаат околу Халмаркет (или „Подземен пазар“), сега плоштад со фонтана, веднаш наспроти телевизиската станица, МДР. Саламурата била високо концентрирана и варана во Koten, едноставни структурни куќи направени од трска и глина. Работниците, кои носеле уникатни униформи со осумнаесет сребрени копчиња, биле познати како Halloren и ова име било подоцна користени за чоколади во облик на овие копчиња.
Халорен-Верке, најстарата фабрика за чоколадо во Германија, била основана во 1804. Старите документи се изложени и чоколадната соба може да биде посетена на улицата Деличер 70. Оригиналните „Halloren-Kugeln“ се продаваат во кутија од единаесет мали пралини.
Во рамките на Источна Германија, хемиската индустрија на Хале, сега главно затворена, била од огромна важност. Двете најголеми компании биле Буна и Леуна, а Хале-Нојштат бил изграден во 1960-тите за да ги смести вработените во овие две фабрики.
Наука и култура
[уреди | уреди извор]Универзитетот во Хале бил основан во 1694. Сега е споен со Универзитетот од Витенберг и е наречен Универзитет Мартин Лутер Хале-Витенберг. Медицинската школа била основана од Фридрих Хофман. Универзитетската ботаничка градина, Ботаничка градина на Универзитетот Мартин Лутер Хале-Витенберг, потекнува од 1698.
Познатиот барокен композитор Георг Фридрих Хендл е роден во Хале во 1685, каде ги поминал првите 17 години од неговиот живот. Куќата, каде живеел сега е музеј и вдомува изложба за неговиот живот. Во спомен на композиторот, Хале го слави фестивалот Хендл од 1922, секоја година во јуни од 1952.
Франкеше Штифтунген (Франке фондации) — дом на познатиот Штатсингехор цу Хале, кој бил основан во 1116 и е еден од најстарите машки хорови во светот.
Германска академија на науките Леополдина е најстарата и најпочитуваната научна институција во Германија.
Во Хале е и најстариот германски евангелистички библиски колеџ, позната како Библиотека Мариен, со 27.000 наслови.
Во минатото Хале бил центар на германскиот пиетизам и одиграл важна улога во создавањето на лутеранската црква во Северна Америка, кога Хајнрих Муленберг и другите биле пратени како мисионери во Пенсилванија во средината на 18-от век. Муленберг сега е наречен прв Патријарх на Лутеранската црква во Америка. Тој и неговиот син, Фридрих Муленберг, кој бил првиот претседател на Конгресот на САД, дипломирале на универзитетот Хале.
Сребрениот трезор на Halloren се изложува повремено во Техничкиот музеј Салин. Тоа е уникатна збирка на сребрени и златни пехари, кои потекнуваат од 1266. Стариот занат „Schausieden“ (вриење на саламурата) може исто така да се набљудува.
Покраинскиот музеј за праисторија го чува Небесниот диск Небра, значаен (иако непотврден) доказ од бронзеното доба со астролошка важност.
Зоолошката во Хале придонесува кон програмата за одгледување на ЕАЗА, особено за наголскиот лав и малајскиот тигар. Хале е исто така познат и по просперитетната популација на нутрија, кои се по потекло од Јужна Америка.
Со писатели како Хајне, Ајхендорф, Шлајермахер, Тик и Новалис градот бил жива сцена во геранскиот романтизам. Исто ака, Јохан Волфганг фон Гете бил редовен гостин во куќата на неговиот близок пријател Јохан Фридрих Рајхарт.
Сообраќајна историја
[уреди | уреди извор]Лудвиг Вухерер го направил Хале важен железнички центар во централна Германија. Во 1840, ја отворил железничката линија Магдебург-Хале-Лајпциг, завршувајќи ја врската помеѓу Магдебург и Дрезден. Во 1841–1860, ги отворил другите линии кон Ерфурт, Касел и Берлин.
Од 1891 Хале ја имал првата голема електрична градска трамвајска линија во светот.[2] Поврзано, Главна железничка станица Хале (Зале).
Познати жители
[уреди | уреди извор]- Раниот барокен композитор и оргулар Самуел Шајт (1587-1654), роден во Хале и поголемиот дел од животот кариерата ги поминал во Хале.
- Барокниот композитор Георг Фридрих Хендл е роден во Хале на 23 февруари 1685 и останал 17 години.
- Георг Кантор работел како професор на Универзитетот Хале.
- Доротеја Христијане Еркслебен од Кведлинбург (1715–1762) станала Доктор по медицина во 1754 на медицинскиот департман на Универзитетот Мартин Лутер (MLU).
- Август Херман Франке (1663–1727), лутерански пиетистички теолог на Универзитетот Хале и основач на светски познатиот комплекс за сирочиња Хале.
- Јохан Фридрих Рајхарт бил композитор, писател и музички критичар, кој живеел во Хале. Бил близок пријател со Јохан Волфганг фон Гете.
- Лудвиг Вухерер (1790–1861) бил избран советник.
- Георг Листинг (роден 1987) басист во бендот од Магдебург, Токио хотел.
- Џорџ Милер (1805–1898), координатѕор на сиропиталиштата во Бристол, Англија.
- Лионел Фајнингер сликар кој основал неколку познати слики во Хале, вклучувајќи ги и тие во катедралата во Хале.
- Рајнхард Хојдрих, еден од водечките нацисти во Втората светска војна, е роден во градот. Тој бил иден наследник на Хитлер. Хојдрих бил убиен од чешки партизан во Прага во 1942.
- Ханс-Дитрих Геншер, поранешен заменик канцелар и со најдолг стаж на министер за надворешни работи на Германија, е роден во Рајдебург, кој припаѓа на Хале денес.
- хугеноти – француски протестанти, околу 700 луѓе се доселиле во Хале од нивните домови по бркањето од Франција.
- Фабијан фон Шлабрендорф (1907–1980) адвокат, офицер, судија и член на германскиот отпор.
- Класичниот композитор Даниел Готлоб Тирк е роден во Хале во 1750 и бил професор на Универзитетот во Хале.
- Фридрих Даниел Ернст Шлајермахер бил универзитетски свештеник и професор по теологија на Универзитетот во Хале, каде останал до 1807.
- Освалд Белке, германски летачки првак во Првата светска војна, е роден во 1891, надвор од Хале.
- Јоханес Хасебрек (1910–1977) командант на Концентрационен камп Грос-Розен е роден во градот.
- Фридрих Лудвиг Јан, студент по теологија на Универзитетот Хале 1796-1800, заминал во бегство и ја користел порфирната пештера над реката Зале на Клаусберге, оваа пештера е позната под името „Jahn Höhle“ (пештера), не само познат по неговите четири Ф како во „frisch, fromm, fröhlich, frei“ (свеж, побожен, среќен и слободен).
- Фридрих Муленберг бил првиот претседател на Конгресот на САД, дипломирал на Универзитетот во Хале.
- Манфред Кушман, атлетичар од Источна Германија и европски првак во 1974, живеел во Хале.
- Никел Хофман, мастермасон, работел над триесет години во Хале, вклучувајќи ја и Црквата на плоштадот и Компосанто.
- Валдемар Церпински, атлетичар од Источна Германија и двапати олимписки првак, живеел во Хале.
Меѓународни односи
[уреди | уреди извор]Хале е збратимен со:
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Население по општини на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2023. (германски)
- ↑ Волфганг Кених, Волфхард Вебер: Мрежи. Челик и електрична енергија. 1840 до 1914. Во: Propyläen Technikgeschichte. Bd. 4, Propyläen Verlag, Berlin 1991–1992, ISBN 3-549-07113-2, S. 344
- ↑ „Збратимени градови“. www.ouka.fi. Архивирано од изворникот на 2012-02-26. Посетено на 7 ноември 2009.
- ↑ Жером Стефенино, Маргерит Масон. „Град Гренобл - Соработки со други градови“. Grenoble.fr. Архивирано од изворникот на 2007-10-14. Посетено на 29 октомври 2009.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Хале (Зале)“ на Ризницата ? |
- Официјална страница
- Универзитет Мартин Лутер Хале-Витенберг
- „Ново германско подигнување“ Архивирано на 14 март 2012 г., Тајм, 12 септември 2004
- Страница за Хале со многу фотографии и описи на англиски
- Потекло & Места на интерес Архивирано на 28 септември 2007 г. (германски)
- Трамвај во Хале (англиски) (германски)
|
|
|