Хариберт II
Хариберт II | |||||
---|---|---|---|---|---|
Крал на Аквитанија | |||||
Хариберт II. Златни монети (тремиси) исковани во Банасак. Кабинет на медали, Национална библиотека на Франција. | |||||
На престол | 629 - 632 | ||||
Претходник | Хлотар II | ||||
Наследник | Дагоберт I | ||||
Роден(а) | 606/610 | ||||
Починал(а) | 8 април 632 (на околу 22-26 години) | ||||
| |||||
Династија | Меровинзи | ||||
Татко | Хлотар II | ||||
Мајка | Сихилда |
Хариберт II (роден во 606/610 – починат на 8 април 632), крал на Аквитанија од 629. Тој е син на Хлотар II, крал на Франките и на Сихилда[1]. Тој е крал на Аквитанија од 629 до неговата смрт во 632.
Животопис
[уреди | уреди извор]Тој е полубрат на Дагоберт I. Понекогаш сметан како простодушен (можеби станувало збор за некоја обична физичка немоќ) [2], татко му веројатно доброволно го тргнал настрана од кралската моќ.
Во декември 626 во Клиши, согласно волјата на татко му Хлотар и неколку дена после венчавката на Дагоберт со Гоматруда, Св. Аманд ги венчал Хариберт и Фулберта [3]. Не е исклучена можноста Фулберта да е некој лик измислен во текот на 20 век или 21 век од страна на некои историчари (лажни Меровинзи).
Во 629, поттикнат од поборници на Неустрија кои биле до вујко му Бродулф, тој станува крал на Аквитанија, кралство на територија отстапена од страна на Дагоберт I. Ова кралство се протегало сè до Пиринеите, вклучувајќи неколку грофовии кои се наоѓале меѓу Тулуза и Бордо но исто така и регионите на Каор, Ажен, Периге и Сент[4]. Престолнина му била Тулуза. Аквитанија служела како тампон зона меѓу визиготска Септиманија и франкиското кралство на Дагоберт[5]. Тоа било под закана на наездите на Баските или "Васконците"[6].
Во 630, вујко му Бродулф бил убиен од страна на неговиот полубрат Дагоберт во Сен-Жан-де-Лозн во Бургундија[7].
Тој присуствувал на крштевањето на Сигеберт, синот на Дагоберт и на Рагнетруда[8].
На 8 април 632, Хариберт починал по кусо владеење од три години[9]. Неговото тело било закопано во базиликата Сен-Ромен, во Блај[10].
Потомство
[уреди | уреди извор]Тој е татко на Хилперик (626-633[11]), кој хрониката на Фредегер го споменува како мртов уште во колевка[12], веројатно убиен на барање на Дагоберт I[9]. Оваа смрт му овозможила на Дагоберт повторно да стави рака на Аквитанија којашто бил принуден да му ја отстапи на Хариберт.
Наводи и белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Хариберт II со тоа што му бил полубрат на Дагоберт, не може да биде син на Бертруда. Тезата на Вуд : Бродулф, чичко на Хариберт- кој направил сè за да го симне Дагоберт од престолот за сметка на својот внук – бил брат на Сихилда, обична конкубина во времето кога се родил Хариберт.
- ↑ name="Gaston Duchet-Suchaux page 118"
- ↑ Maurice Bouvier-Ajam, Dagobert Roi des Francs. « Figures de proue », éditions Tallandier, 2000, pp.148-149.
- ↑ name="Theis,12"
- ↑ Patrick Périn et Gaston Duchet-Suchaux, Clovis et les mérovingiens, collection Historia, éditions Tallandier, p.118.
- ↑ Patrick Périn et Gaston Duchet-Suchaux, Clovis et les mérovingiens. Collection Historia, éditions Tallandier, p.119.
- ↑ Laurent Theis, Dagobert, un roi pour un peuple, éditions Complexe, 1982, p.12.
- ↑ Laurent Theis, Dagobert, un roi pour un peuple, éditions Complexe, 1982, p.13.
- ↑ 9,0 9,1 Laurent Theis, Dagobert, un roi pour un peuple, éditions Complexe, 1982, p.14.
- ↑ Предлошка:Ref-Périn-Feffer-Francs.
- ↑ Yvan Gobry, Dagobert I, éditions Pygmalion, 2006, p.215.
- ↑ Settipani, Christian (1993). La Préhistoire des Capétiens (Nouvelle histoire généalogique de l'auguste maison de France, том 1) (француски). уредн. Patrick van Kerrebrouck. ISBN 2-9501509-3-4..
Извори
[уреди | уреди извор]- Jean Verseuil, Les rois fainéants : de Dagobert à Pépin le Bref 629-751, édition Critérion, Paris, 1946 ISBN 2-7493-0136-0 Параметарска грешка во {{ISBN}}: Неважечки ISBN..
- Maurice Bouvier-Ajam, Dagobert Roi des Francs. « Figures de proue », éditions Tallandier, 2000 ISBN 2-235-02253-7.
- Frédégaire (trad. par O. Devilliers et J. Meyers), Chronique des Temps Mérovingiens, édition Brepols, 2001 ISBN 2503511511
- Gaston Duchet-Suchaux et Patrick Périn, Clovis et les Mérovingiens, éditions Tallandier, collection « La France au fil de ses rois », 2002 ISBN 2-235-02321-5.
- Chroniques du temps du Roi Dagobert (592-639) (traduites du latin par François Guizot et Romain Fougère). 2 édition. Clermont-Ferrand : Paleo, coll. « Sources de l'histoire de France », 2004. 169 p., 21 cm. ISBN 2-913944-38-8.
- Ivan Gobry, Dagobert IПредлошка:Er, éditions Pygmalion, 2006 ISBN 275640036X.
Хариберт II Роден(а): 618 Починал(а): 632
| ||
Претходник Хлотар II |
Крал на Аквитанија 629–632 |
Наследник Хилперик |
|
|