Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Хилдерик II

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хилдерик II
Крал на Франките
Златна монета од Хилдерик (од двете страни) искована во Марсеј
На престол673675
ПретходникТеодорих III (Обединување на цело франско кралство)
НаследникХлодовик III: Крал на Австразија
Теодорих III: Крал на Неустрија
ПридружникБилихилда
ДинастијаМеровинзи
ТаткоХлодовик II
МајкаБатилда

Хилдерик II е крал на Франките од Австразија од 662 до 673, потоа крал на сите Франки од 673 до 675.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Роден околу 655, тој е помалиот син на кралот Хлодовик II и на кралицата Батилда. Дошол на престолот на Австразија на возраст од осум години. Управувањето со кралството било вршено од страна на неговиот советник, мајордомот на палатата, Вулфоалд. Во 673, кога Теодорих III бил симнат од престолот, Хилдерик ги обединил кралствата на Франките – спојувајќи ја Неустрија со Австразија. Го сместил својот брат во манастирот Сен-Дени за да го заштити од оние кои го симнале од престолот. За свој духовен советник го земал владиката Леже од Отен.

Во 674, владиката не го одобрил бракот на кралот со неговата германска братучетка Билихилда. Тој строго го критикувал кралот. Бесен, Хилдерик го затворил Леже во манастирот во Ликсеј.

Смртта на кралот

[уреди | уреди извор]

Поради својот карактер кралот не бил омилен кај сите моќници. Затоа, во 675, Неустријците организираат завера за да го отстранат. Главен на оваа завера бил Бодилон, франкиски благородник кој бил претходно морал да истрпи телесна казна од страна на кралот. Во шумата Ливри близу до Шел, со неговите пријатели Ингоберт и Амалберт, Бодилон чекал кралот да замине на лов каде го убил и него и неговата сопруга, кралицата Билихилда, тогаш бремена [1]. Дознавајќи за тоа, советниците на кралот на чело со Вулфоалд побегнале во Австразија. Кралот Хилдерик имал само 20 години и не оставил ниеден наследник. Тој бил закопан во Сен-Жермен-де-Пре, близу Париз каде во 1645 биле најдени гробовите на кралот, на Билихилда и на нивното дете Дагоберт [2]. По смртта на кралот, неговиот брат Теодорих го наследил престолот.

- "Животот на војводата Пипин Стариот" (околу 760) :

[...] Кралот Хилдерик, под кој доброчесниот Ламберт сјаеше со еминентна светост, кој почина без деца [...].


- * Животот на Св.Леже владика од Отен (околу 680) :

[...] Толку имаше страв од тиранијата на Еброин. Сите значи му го нудеа на Хилперик кралството Неустрија, како и она на Бургундија [...]. Хилдерик наредил да му го донесат брат му, за да се сретне со него; но некои луѓе кои се сметале за први во кралството и кои сакале да му се допаднат на Хилперик ласкајќи му, се осудиле да му ја исечат косата на својот господар и така да го донесат пред брат му. Кралот го прашал што сака да се случи со него; Теодорих одговорил дека неправедно бил протеран од неговото кралство и дека посакува само Бог да му пресуди. Тогаш му наредиле да оди во манастирот Сен-Дени ; тој таму живеел безбедно [...].


Хилдерик II
Роден(а): 653 Починал(а): 675
Претходник
Хлотар III
Крал на Австразија
662–675
Наследник
Хлодовик III
Претходник
Теодорих III
Крал на Неустрија и Бургундија
673–675
Наследник
Теодорих III
Незаземено
Последен владетел
Хлотар III
Крал на Франките
673–675
Незаземено
Следен носител на титулата
Теодорих III
  • Хилдерик II на Ризницата
  • Public Domain Оваа статија вклучува текст од објавено дело кое сега е јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)
  1. Според француската Википедија
  2. според en.wikipedia.org