Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Kenzo

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ново лого за брендот Kenzo
Kenzo
Дејностмода
Основано1970; пред 54 години (1970)
ОсновачKenzō Takada Уреди на Википодатоците
Седиште,
Производиоблека, обувки и модни додатоци
СопственикLVMH
Мреж. местоkenzo.com

Kenzo (на кирилица: Кензо) — француска марка за облека, обувки и други луксузни производи.

Модната куќа била основана во 1970 година од страна на јапонскиот моден творец Кензо Такада, кој е роден во Јапонија и се преселил во Париз во 1964 година за да ја започне својата кариера во светот на модата. Со тек на време станал познат, умешно вклопувајќи ги азиските и јапонските црти во строго утврдените правила на европската висока мода. Првата продавница била отворена во Париз и била наречена „Jungle Jap“ и била сместена во Париз.

Во декорот на модната куќа се искористувале украси коишто биле инспирирани од естетиката на џунглата. Во прво време, Кензо се посветил на создавање женска облека, изработувајќи ја рачно. Во 1983 година, тој започнал да изработува најпрвин машка, а потоа и детска облека. Во 1987 година започнал да изработува и производи за украсување на внатрешен простор.[1] Денес, марката Kenzo е во сопственост на претпријатието LVMH, коешто го има купено во 1993 година.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Legal mentions“. kenzo.com.
  2. „Kenzo“. The Cut.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  • Kenzo на Ризницата ?