Minor Threat
Minor Threat | |
---|---|
Настап на бендот во Вашингтон, САД во 1981 г. (Од лево кон десно: Лил Преслар, Брајан Бејкер, Ијан Мекеј) | |
Животописни податоци | |
Потекло | Вашингтон, САД |
Жанрови | Хардкор панк |
Период на активност | 1980-1983 |
Издавачи | Dischord Records |
Minor Threat е распаднат американски хардкор панк бенд, создаден во 1980 година во главниот град Вашингтон од вокалот Ијан Мекеј и тапанарот Џеф Нелсон. Двајцата порано биле во повеќе бендови заедно. Во формирањето на бендот им се приклучуваат Брајан Бејкер на бас гитара и Лил Преслар на гитара. Во 1982 година составот се проширува на пет луѓе кога во бендот доаѓа и Стив Хансген. Тој ја презема бас гитарата, а Бејкер преминува на втора гитара. Името на бендот во превод значи Безначајна закана.
Бендот не постоел долго, распуштајќи се по четири години, сепак тој имал силно влијание на панк сцената, стилски но и во воспоставувањето на DIY етиката. Песната „Straight Edge“ станала подлога за појавувањето на Стрејт Еџ движењето, чии поддржувачи се против алкохолот, дрогата и промискуитетот.[1] Се смета дека Minor Threat заедно со бендовите Bad Brains од Вашингтон и Black Flag од Калифорнија ги поставија стандардите за многу хардкор панк бендови во 1980-тите и 1990-тите.
Членови
[уреди | уреди извор]- Јан Мекеј, главен вокал (1980-1983)
- Лил Преслар, гитара (1980-1983)
- Брајан Бејкер, бас гитара (1980-1982, 1983); гитара (1982-1983)
- Џеф Нелсон, тапани (1980-1983)
- Стив Хансген, бас гитара (1982-1983)
Дискографија
[уреди | уреди извор]- Minor Threat (EP, 1981)
- In My Eyes (EP, 1981)
- Out of Step (студиски албум, 1983)
- Salad Days (EP, 1985)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Ian MacKaye Interview“. Perfect Sound Forver. Архивирано од изворникот на 2007-06-09. Посетено на 8 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)