Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                

Hitopadesha

Macedonian translation of the famous Sanskrit work on ethics and politics . Co-authored with my friend, Aleksandar Uskokov. He translated the Introduction, Book I and Book II, while Book III and Book IV were contributed by me.

Нарајан Пандит ХИТОПАДЕША И З Д А В АЧ К И Ц Е Н ТА Р Т Р И ул. Његошева 29A, 1000 Скопје, Македонија тел./факс +389 2 3245 622 e-mail: tri@kniga.com.mk www.kniga.mk За издавачот Винка Саздова Директор Александар Саздов Главен уредник Бојан Саздов Наслов на оригиналот Narayan Pandit हितोपदेशः Hitopadeśa Copyright © за македонското издание Издавачки центар ТРИ, 2015 Превод од санскрит Александар Ускоков Виктор Илиевски Сите права се заштитени. Ниту еден дел од ова издание не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во која било форма или на кој било начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од издавачот. Нарајан Пандит ХИТОПАДЕША - Благодатен совет - Предговор Богатата ризница на санскритска литература ја сочинуваат текстови од најразновиден карактер: тука спаѓаат возвишените химни на Риг Ведата, чие потекло се губи во непрегледните длабочини на минатото, сложените обредни упатства изложени во Брахманите, суптилните философско-теолошки вистини разоткриени во Упанишадите, космогониските и космолошките прикази на Пураните, восхитувачки интригантните епски творби, меѓу кои претежнуваат славните Махабхарата и Рамајана, политичките и морални поуки содржани во закониците на Ману, криптичните збирки на философски афоризми поврзани со шестте главни догматски школи и непрегледното море на схоластички коментари и поткоментари кои се обидуваат да ги расветлат, божествената поезија на Кулашекхара и другите јужноиндиски светци, драмите на Калидаса и уште многу други. Меѓу сите нив, сепак, најчесто преведувани на европските јазици и најчитани се Бхагавад-гита и Хитопадеша, која сега за прв пат го доживува и своето македонско издание. Тоа е така со добра причина: Бхагавад-гита во своите седумстотини строфи ја одразува суштината на сета трансцендентна мудрост на Ведите, додека Хитопадеша, на македонски пренесена како Благодатен совет, е особена творба која ја одликуваат голем број извонредни карактеристики. Таа е, всушност, една прекрасна збирка на басни и приказни, меѓусебно испреплетени и честопати телескопски содржани една во друга. Во нив животинските ликови понекогаш самите учествуваат во разновидни собитија, а понекогаш се среќаваат со човечки ликови. Делото изобилува и со поучни приказни во кои луѓето се единствени актери. И басните и приказните отсликуваат карактерни особини добри и лоши, и раскажуваат сказни за верноста 5 и измамата, мудроста и лаковерноста, чесноста и расипаноста, љубовта и омразата, а намерата зад сите нив е читателот да се изведе на патот на вистината и правдината. Затоа се проткаени со многубројни гномски строфи и изреки, кои ги осветлуваат и дообјаснуваат наравоученијата на приказните. Поради нивната сложена структура и изобилството на дидактички и етичко-политички совети и упатства кои ги красат, не е претерано да се каже дека басните од Хитопадеша во голема мера го надминуваат својот европски пандан, односно збирката која му се припишува на прочуениот фригиски роб Езоп. Всушност, како што дознаваме од самиот Вовед инкорпориран во делото, непосредната цел на испреплетените приказни, поучните изреки и стихуваните гноми кои го сочинуваат е воспоставување систем на доблесни совети кои управителите на луѓето, односно владејачката класа, ќе ги запознаат со суштината на практичната мудрост и на тој начин ќе им обезбедат основа за добар тренинг во умешноста на владеењето и совладувањето на политичката наука. Со други зборови, нивната цел е да му овозможи на читателот да се стекне со nīti, збор кои ние најчесто го преведувавме со „државничка наука“, „политичка мудрост“ или „добро поведение“, но кој има многу поширок дијапазон на значења, па ги опфаќа и поимите на разборитост, чесност, моралност и мудрост воопшто. Сепак, важно е да се напоменат две нешта. Прво, што е всушност и само по себе јасно, Хитопадеша не е наменета само за кралеви, принцови и политичари – од неа полза можат да имаат сите луѓе заинтересирани за морално усовршување, сите љубители на класичната литература кои ѝ приоѓаат од чисто естетско стојалиште, но и читателот кој е подготвен да му се препушти на задоволството на исчитувањето на овие басни имајќи ја забавата како единствен мотив. Второ, иако главниот мотив на делото е да обезбеди световна благодат, тоа обработува и голем број религиски и есхатолошки теми, кои додатно го облагородуваат и збогатуваат со силна духовна нота. Во овој поглед особено се истакнува единаесеттата приказна од четвртата книга, но таа е далеку од исклучок. Се разбира, Хитопадеша не е единственото дело од овој жанр во санскритскиот корпус; нејзе ѝ претходат неколку збирки на 6 дидактички басни и религиозно-етички упатства, врз кои таа во значителна мера се потпира и од кои обилно зајмува како приказни така и поучни строфи. Меѓу овие, најзначајни се најстарата збирка на индиски басни, насловена Пањчатантра, и антологијата на изреки и санскритски строфи полни со острумни и мудри совети позната како Нити-сара, која му се припишува на учениот Камандаки од осмиот век од н.е. Па така, речиси три четвртини од приказните раскажани во Хитопадеша се преземени од Пањчатантра. Од вкупниот збир на гномски строфи содржани во Хитопадеша (нешто повеќе од 650), околу 210 потекнуваат од овие две книги, додека уште педесетина се зајмени од други древни извори, какви што се Махабхарата и Ману-смрити – некои од нив адаптирани, други во својот изворен облик. Но Хитопадеша сепак не е само антологија; добар дел од приказните зајмени од Пањчатантра имаат свои посебни верзии, редослед и, се разбира, положба во однос на делото во целост, а остатокот од строфите кои не можат да се поврзат со постарите извори, што значи повеќе од половина од нив, претставуваат личен придонес на поетскиот гениј на самиот автор и раскажувач. Неговото име, како што дознaваме од епилогот на Хитопадеша, е Нарајана. Таму е уште споменато и дека тој своето дело го напишал и објавил под покровителство на кралот Дхавалачандра. За жал, историските факти кои се однесуваат на овие две личности не се само скудни туку се скоро и непостојни. Сепак, процените на истражувачите укажуваат дека Дхавалачандра управувал со некоја област од Источен Бенгал и дека Нарајана бил, како учен човек и советник, ангажиран на дворот на владетелот, додека самата Хитопадеша била составена некаде помеѓу 800 и 950 година од н.е. Тоа е сѐ што може да се знае за нејзиниот автор и за датумот на настанување. Но сепак, историјатот на делото има само споредно значење; она што е навистина значајно е фактот дека денеска тоа на македонскиот читател му е достапно во својот интегрален облик. Составот и структурата на Хитопадеша се мошне разиграни, па делото го престоруваат во еден витален текст кој со задоволство се следи и со кое читателот лесно се соживува. Во ова издание санскритските строфи се пренесени прозно – што е практично стан7 дард во современите преводи на европските јазици – и означени со редни броеви, па на тој начин можат да се разликуваат од остатокот од текстот, кој е даден во проза и во оригиналот. Како и голем број други санскритски творби, Хитопадеша започнува со кратка инвокација, со која авторот го велича божеството Шива и им нуди извесни благослови на читателите. По инвокацијата следуваат неколку строфи со кои се воспеваат знаењето и ученоста и се даваат некои основни податоци за текстот што следува. Во воведот се поставува основната рамка на делото, преку приказната за кралот Убавко и неговите заталкани синови, кои животот го поминувале во безделничење и угодување на сетилата. Со намера да ја исправи таквата состојба и да ги изведе на вистинскиот пат на доблеста и мудроста, кралот му пристапува на учениот Вишнушарма, кој ветува дека за само шест месеци од принцовите ќе направи доблесни државници посветени на вистината и доброто поведение. За да ја оствари својата цел, тој на младите принцови им ги раскажува басните и приказните содржани во Хитопадеша, распределени во четири книги. Секоја од овие книги како наслов го носи името на една од четирите основни вештини со кои мора да биде запознат секој владетел, имено стекнувањето пријатели, раскинувањето сојузи, водењето војна и склучувањето мир. Па така, првата книга е насловена „Спријателување“, втората „Раздружување“, третата „Војна“, а четвртата „Мир“. Секоја од нив започнува со кратка размената на прашања и одговори меѓу Вишнушарма и синовите на Убавко, кои наскоро се преточуваат во многуслојна дидактичка приказна исполнета со необични животински и човечки јунаци, преку која Вишнушарма на своите ученици им овозможува да стекнат богато знаење и да ги зацврстат своите карактери. Се разбира, до крајот на четвртата книга принцовите се наполно среќни, ослободени од своите лоши навики и добро упатени во вештината на управување со кралството. Македонскиот превод на Хитопадеша е работен според санскритскиот текст во Тörszök, Judit (tr.). „Friendly Advice“ by Nārā­ yaṇa & “King Vikrama’s Adventures”. New York: New York University Press & JJC Foundation, 2007. Воведот и првите две книги („Спријателување“ и „Раздружување“) се преведени од Александар Ускоков, додека преводот на последните две („Војна“ и „Мир“) се дело 8 на Виктор Илиевски. Преведувачите се надеваат дека читателот на македонското издание на Хитопадеша во него ќе најде задоволство, но и дека ќе стекне некои нови знаења за една древна, но несомнено вредна култура. Виктор Илиевски 20.09.2015, Скопје 9 ИНВОКАЦИЈА1 И ПОФАЛБА НА ЗНАЕЊЕТО 1. Со милоста на Шива, чија глава е украсена со шеснаесетинка од месечина слична на лента од пена од реката Ганг, доблесните ученици нека најдат успех. 2. Оној што ја изучил оваа книга „Благодатни совети“, ќе стане вешт во културниот говор, речовит во сите околности и добро упатен во науката за државништвото. 3. Мудриот човек треба да тежнее кон знаење и богатство небаре е бесмртен и никогаш нема да остари, но и да ја врши својата должност чиниш смртта веќе го зграпчила за коса. 4. Од сите нешта највредно е, велат, знаењето, затоа што не може да се украде, бесценето е и не се троши. 5. Како што реката се соединува со големиот океан дури и ако тече по низини, знаењето го носи човека до кралот, кому тешко му се приоѓа, и потоа носи среќа. 1 Инвокацијата во едно класично санскритско дело има за цел да се побара помош од Бога за успешно довршување на делото. Се состои од една или повеќе строфи, кои по карактер може да бидат од три вида: 1) оддавање почит на Бог (обликот кој авторот го обожава) и/или на учителот (namaskriyātmaka); 2) благослов за читателите, т.е. укажување што ќе добие читателот читајќи го делото (āśirvādātmaka) и 3) резиме на темата на книгата (vastunirdeśātmaka). Вториот и третиот вид претставуваат и можност да се изложи и односот на делото со четири фактори кои се пресудни за неговото пишување (таканаречените anubandha-catuṣtaya, четири првични фактори): 1) читателската публика на која ѝ е наменето делото (adhikārī, оној што е достоен да го проучува); 2) темата која ја обработува (viṣaya); 3) врската на делото со темата (sambandha), имено дали тоа е исцрпно или воведно излагање, коментар и сл.; 4) целта на делото или плодот кој се очекува од него (prayojana). Од двете строфи кои служат како инвокација во Хитопадеша, првата е првиот вид, оддавање почит на Бога, додека втората е од вториот вид, благослов за читателите. Посредно или непосредно, од неа се изведуваат и четирите фактори. 11 6. Знаењето раѓа добро поведение, кое пак го прави човека достоен. Достојниот човек стекнува богатство, а богатството создава побожност и, на крајот, среќа. 7. Познавањето на воената вештина и книшкото знаење2 се видиви знаења со кои мора да се овладее. Првото е причина за потсмев во староста, но второто вечно се цени. 8. Гравурата втисната во нов глинен сад не може да се смени откако садот ќе се испече. Затоа, тука младите се подучуваат на добро поведение завиено во басни. 9. Спријателување, раздружување, војна и мир – за тоа се пишува во ова дело, црпејќи од Пањчатантра и од една друга слична книга. 2 12 Книшко не во смисла на сувопарно знаење, гола теорија, туку во смисла на познавање на светите списи или на посебните научни дисциплини. ВОВЕД Си беше на брегот на Ганг еден град по име Паталипутра. Во него живееше Убавко, владетел надарен со сите кралски доблести. Еден ден тој слушна две строфи: 10. Уката расчистува многубројни сомнежи и го открива она што е скриено од погледот. Таа е сечие око и оној што ја нема несомнено е слеп. 11. Младоста, богатството, моќта и непромисленоста поединечно се доволни за несреќа, а колку ли повеќе кога се сите заедно! Слушајќи ги тие строфи, кралот се загрижи за своите синови, кои беа необразовани и секогаш поаѓаа по лоши патишта затоа што не следеа никаква поука, па си помисли: 12. „Што фајде од син кој не е ни учен ниту доблестен? Какво добро слепото око носи? Тоа само создава болка. 13. Од нероден, мртов и будала син, подобро првите двајца отколку третиот. Оти, тие се причина за страдање еднаш, а последниот на секој чекор. Покрај тоа: 14. Вистински роден е оној што ќе му донесе углед на семејството. Во овој свет на постојано раѓање и умирање, кој што умрел нема повторно да се роди?3 3 Упатување на доктрината за метемпсихоза: мртвиот повторно се раѓа, умира и пак се раѓа... Ако не се истакне со нешто и не донесе углед на семејството, нешто по што ќе го паметат, исто како и да не се родил. 13 15. Ако жена може да се нарече мајка, иако за нејзиниот син малиот прст не паѓа од брзање кога ги набројуваат доблесните4, кажи, тогаш, која жена е неплодна? 16. Оној што не се истакнува по милосрдие, аскеза, јунаштво, ученост или богатство, не е поарен од мајчиниот исцедок. Освен тоа: 17. Подобро еден доблестен син од стотици будалетинки. Една месечина ја растерува темнината, не илјадниците ѕвезди. 18. Оној што се подложил на строга аскеза на свето место ќе добие послушен, богат, доблестен и паметен син. 19. Прилив на богатство, ненарушено здравје, жена сакана, слаткоречива, послушен син и знаење како да се заработи – овие шест нешта се извори на среќа во овој свет. 20. Што корист од многу синови ако се како мензури за жито во амбар? Подобро еден стожер на семејството кој ќе го прослави татка си. 21. Татко што ќе направи долг е непријател, како и неверна мајка, убава жена и неписмен син. 22. Знаењето без пракса е отров, како што е храната во случај на лошо варење; за сиромавиот, јавниот собир е отров, а за старец тоа е млада жена. 23. Доблесниот ужива почит неважно од каква лоза потекнува. Лакот направен од најдобар бамбус е бескорисен ако нема жица. 24. Ех, синко, ги мина ноќите свои во забава, без учење. Затоа сега во друштво на учените си седиш мадро, небаре крава заглавена во кал. Како, тогаш, да ги направам овие мои синови доблесни? Оти: 25. Јадењето, спиењето, стравувањето и половиот однос им се општи на луѓето и животните. Особената карактеристика човекова е моралот. Без него луѓето се исти со животните. 4 14 Во Индија броењето почнува од малиот прст. 26. Од моралот, богатството, насладата и ослободувањето5, ако човек не успее барем во едно, животот му е безвреден како тртките на вратот на јарецот6. Што се однесува до кажаното: 27. Животниот век, занимањето, богатството, образованието и мигот на смртта, тие пет му се одредени на втеловеното суштество уште додека е во мајчината матка. Покрај тоа: 28. Она што е судено им се случува дури и на големите. Оттука, Шива7 е гол, а Хари8 лежи на големата змија. Исто така: 29. Она што не е пишано нема да биде; она што е пишано нема да биде инаку. Зошто луѓето не го пијат овој лек кој претставува вистински противотров за тегобноста? Тоа е говор на мрзливост, својствен на некадарните за работа. 30. Човек не треба да се откаже од сопствениот напор, дури ни кога ја има предвид судбината. Без напор, тој не може да исцеди масло од сусам.9 Уште и: 31. Среќата лично му приоѓа на трудољубивиот, лавот меѓу луѓето, додека слабаците велат дека е дар на судбината. Надвјасу5 6 7 8 9 Dharma, artha, kāma и mokṣa: четирите цели или смисли на животот. Личат на брадавици, но не даваат млеко. Nīlakaṇṭha, „оној чиј врат е син“. Шива има син врат затоа што го испил отровот кој прв излегол од големиот океан кој го мателе полубоговите и демоните. Неговата голотија е симбол на аскетизмот. Хари, „оној што зема“, е Вишну. Тој лежи на големата змија Ананта, која пак лежи врз огромниот океан кој дополу ја исполнува вселената која е во облик на јајце. Т.е. ако по судбина добил сусам, сепак мора да вложи сопствен напор да исцеди од него масло. 15 вајќи ја судбината, со сопствени сили стори го она што од човека зависи10. Ако трудот не вроди со плод, има ли во тоа зијан? 32. Како што кочијата не може да оди на едно тркало, така судбината не може да се исполни без човечки напор. Како и: 33. Она што се нарекува судбина, всушност, се делата сторени во минатите животи. Затоа човек неуморно треба да го прави она што може како човек да го прави. 34. Како што грнчарот прави сѐ што ќе посака од глина, човек си ја добива кармата која самиот си ја создавал. 35. Дури и ако човек сосем неочекувано11 здогледа богатство пред себе, судбината нема да го подигне за него. Таа очекува човечки труд. 36. Резултати се постигнуваат со напор, не со пусти мечти; дивечот не влегува сам во устата на заспаниот лав. 37. Детето станува доблесно ако го образоваат мајката и таткото. Синот не станува учен веднаш штом ќе се истресе од матката. 38. Мајката е непријател, а таткото душман ако не го образоваат синот, оти тој во друштво нема да блесне, како ни жеравот меѓу лебеди. 39. Неукиот нема да блеска и ако е убав, млад и со педигре, небаре е безмирисно цвеќе.12 40. Дури и будалетинка може да блесне на собир, ако е добро облечен, но ќе блеска сѐ додека нешто не проговори.“ 10 11 12 16 Тука се сопоставува „човечкото“, pauruṣam, она што од човека зависи, со „Божјето“, daivam, т.е. судбината како она што зависи од Бога. Kākatālīyavat, „слично на чавката и палминиот плод“, пример за нешто сосем случајно, а кое само личи на причинско-последичен однос. Чавка слетала на палмина гранка и во истиот миг паднал плод и ја утепал. Едновременоста или блиското последување може да личи на причинско-последичен однос, но тој во примерот отсуствува. Затоа, „сосем случајно“. Kimśuka, латински назив Butea monosperma, листопадно дрво домородно на тропските и суптропските делови на Индискиот потконтинент и Југоисточна Азија; расте до 15 метри и раѓа прекрасен цвет со портокалово-црвена боја, од кое се прави бојата за хиндускиот празник Холи. Воден од такви мисли, кралот го свика собранието на учените и вака проговори: „О учени, послушајте ме. Има ли меѓу вас мудрец кој е кадарен да ги прероди моите необразовани и заскитани синови поучувајќи ги на државничката мудрост? Бидејќи: 41. Во близина на злато и стакленце сјае чиниш е смарагд. Така и будалетинката во друштво на доблесните станува итар. Се вели и следново: 42. Умот, синко, се унижува во друштво со малоумните, останува ист со истите и се возвишува со возвишените“. Тогаш великоучениот Вишнушарма, запознат со науката за државничката мудрост колку и самиот Брихаспати13, проговори: „Ваше височество, овие принцови се од угледна лоза и јас можам да ги научам на добро поведение. Оти: 43. Ниеден труд вложен во нешто безвредно не може да донесе плод. Ни со стократен напор жеравот нема да се научи да зборува како папагал. Покрај тоа: 44. Во оваа лоза не се раѓа потомство без доблести. Може ли во рудник на рубини да се создаде кристал? Затоа за шест месеци ќе ги направам вашите синови познавачи на науката за државничката мудрост“. Кралот учтиво одговори: „45. Дури и црв може да се качи на главите на добри луѓе залепувајќи се за цвеќињата кои ги носат. И каменот станува божествен ако го осветиле големите. 13 Брихаспати е учителот на полубоговите, кој по традиција се смета за врвен авторитет на полето на државничката наука и етиката. 17 Уште и: 46. Како што предмет на Источната Планина14 сјае поради близина [на сонцето], така и човек од ниска каста може да блесне ако е блиску до добри луѓе. 47. Доблестите се доблести кај доблесните; кај недоблесните, пак, стануваат мани. Реките извираат слатководни, но штом ќе стигнат до океанот, веќе не се питки. Затоа, вие сте меродавен да ги упатите овие синови мои во доброто поведение и државничката мудрост“. Со тие зборови, кралот му укажа почит на Вишнушарма и му ги довери своите синови. 14 18 Планината зад која изгрева сонцето. Книга I СПРИЈАТЕЛУВАЊЕ Тогаш учениот Вишнушарма им ги кажа следниве воведни зборови на принцовите што удобно седеа на кровот на дворецот: „Слушнете ме, принцови: 1. Додека глупавите си го арчат времето во кавги, спиење и разни пороци, мудрите се насладуваат во поезија и во наука. За ваше задоволство, ќе ви ја раскажам чудесната приказна за чавката, желката и нивните пријатели“. Кралските синови рекоа: „Зборувај, почитуван!” Вишнушарма рече: „Слушајте внимателно. Почнуваме со Спријателување. Ова е првата строфа: 2.Како што учиме од примерот на чавката, желката, срната и глушецот, паметните луѓе – дури и ако немаат богатство и потребни средства за успех – брзо успеваат во сѐ благодарение на заемната љубов“. Принцевите прашаа: „Како се случило тоа?“ Вишнушарма одговори: „На брегот на реката Годавари15 си беше едно големо дрво Шалмали,16 на кое навечер се гнездеа птици од сите краишта. Еднаш пред крајот на ноќта и пред да зајде 15 16 Годавари е втора по должина река во Индија (по Ганг) и една од седумте свети реки. Нејзиниот извор се наоѓа во сојузната држава Махараштра, недалеку од Арапското Море, тече на југоисток низ целата должина на потконтинентот и конечно се влева во Бенгалскиот Залив. Bombax ceiba, листопадно дрво со црвени цветови кое успева во тропските делови на Азија. 19