Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                

КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ВО ДЕБАРСКО-РЕКАНСКИОТ РЕГИОН

Дафина Герасимовска | Дарко Николовски | Зоран Павлов | Цветанка Хаџи Пецoва | Снежана Герасимова Матеска

КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ВО ДЕБАРСКО-РЕКАНСКИОТ РЕГИОН Павлов овски | Зоран л ко и Н ко Дар еска асимовска | асимова Мат ер Г Дафина Гер а ан еж н |С аџи Пецова Цветанка Х 1 2 КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ВО ДЕБАРСКО-РЕКАНСКИОТ РЕГИОН ран Павлов ловски | Зо ко и Н ко ар Д Матеска асимовска | Герасимова Дафина Гер а ан еж н С | аџи Пецова Цветанка Х Декември, 2018, Скопје 3 Издавач: Министерство за култура на Република Македонија Управа за заштита на културното наследство За издавачот: д-р Елеонора Петрова-Митевска Национален координатор на Пилот проектот за локален развој на Дебар и Река: м-р Снежана Герасимова-Матеска Текстови: Дафина Герасимовска Дарко Николовски Зоран Павлов Цветанка Хаџи Пецова Снежана Герасимова-Матеска Лектура: Александар Јорданоски Превод на англиски јазик: Орхидеја Зорова Лектура на англискиот текст: Табита Лонли-Коумбер Фотографии: Дафина Герасимовска Константин Димитровски Дарко Николовски Зоран Павлов Цветанка Хаџи Пецова Франсоа Звардон Владо Кипријановски Снежана Герасимова-Матеска Дизаjн и подготовка: Фросина Цонева Ивановиќ Тираж: 700 Печати: Коста Абрас, Охрид Публикацијата е финансиски поддржана од Министерството за култура на Република Македонија 4 СОДРЖИНА Предговор .....................................................................................................4 Дафина Герасимовска Археолошки локалитети во општините Дебар и Маврово и Ростуша ............................................................................6 Дарко Николовски Христијански сакрални споменици во општините Дебар и Маврово и Ростуша .......................................................... 13 Зоран Павлов Типологија, карактеристики и значење на османлиските споменици на територијата од Дебар и Река ........................................................ 27 Цветанка Хаџи Пецова Историски и урбан развој на градот ......................................... 35 Снежана Герасимова Матеска Традиционална рурална архитектура ..................................... 47 Терминолошки речник ..................................................................... 60 Користена литература ....................................................................... 64 5 ПРЕДГОВОР Пилот-проектот за локален развој на регионот Дебар и Река, реализиран од страна на Министерство за култура - Управа за заштита на културното наследство, а во соработка со Советот на Европа како дел на Регионалната програма за културното и природното наследство на Југоисточна Европа, има цел да започне процес на локален развој во пилот-територијата кој се заснова на соработка и партиципација на сите национални и локални партнери во процесот на унапредување на културното наследство во регионот од аспект на неговата перспектива во одржливиот развој. Во рамките на спроведувањето на Пилот-проектот за локален развој на регинот Дебар и Река во 2013 година беше спроведена евиденција на културното наследство на територијата од целиот регион. Реализацијата на оваа активност беше финансиски помогната од Советот на Европа и Министерството за култура. Целта на евидентирањето на културното наследство е да им обезбеди техничка поддршка на надлежните власти во нивните напори да го заштитат културното наследство, да ги истражат и утврдат неговите вредности и улога во долгорочните развојни политики. Со теренските истражувања беше извршена идентификација на автентично зачуваното недвижно културно наследство во рамките на населените места и надвор од нив, неговата бројност, состојба и можност за негово интегрирање во развојните планови на регионот. Евиденцијата на недвижното културно наследство ја спроведоа три тима, во состав: м-р Снежана Герасимова-Матеска, Билјана Кузманоска, д-р Дафина Герасимовска, Валентино Димитровски, м-р Зоран Павлов, м-р Цветанка Хаџи Пецова, Константин Димитровски, м-р Дарко Николовски, Газменд Цами и Орхидеја Зорова. 6 Топографијата на теренот составена од планински предели со високи планински врвови на кои се вгнездени селата, тешката пристапност до нив поради непостоење патишта, бујната вегетација карактеристична за летниот период од годината и ненаселеноста на регионот, беа главните тешкотии со кои се соочија тимовите при реализација на теренските активности. И покрај овие тешкотии, беа посетени вкупно 58 села, градот Дебар и објектите во нивната околина, како и неколку археолошки локалитети. Најголем број од наследените објекти веќе не се во функција, а со нивното целосно напуштање се придонесува за губење на богатото наследство и можноста за негово користење во развојот на регионот. Овој процес на пропаѓање на културното наследство условува изградба нови објекти за развојните потреби на регионот, што ќе создаде можност за деградација на наследениот амбиент. Генерален впечаток за селата е дека и покрај тоа што се сместени во исклучително живописен предел, наследениот амбиент во голема мера е деградиран. Во текот на своето повеќевековно постоење претрпеле разни промени, замена на нивната рурална структура со нови елементи со карактеристики на времето на градењето, но сепак успеале до денес да опстојат и да ја задржат својата историска слоевитост. Објектите, иако се во лоша физичка состојба, ги имаат зачувано автентичните архитектонски карактеристики. Во оваа публикација е презентирана зачуваната сакрална и профана архитектура во селските населби и градот Дебар, која според своите вредности и автентична зачуваност е интересна за ревитализација и одржливо користење. Регенерацијата на животот во споменичките објекти и нивниот третман како економски добра кои продуцираат поголеми вредности од тие што се потребни за нивна ревитализација и трајно одржување се најдобар начин за нивно зачувување. Создавањето стратегија за одржливо користење на културното наследство ќе овозможи услови за запирање на миграцијата на населението и депопулацијата на регионот, економски раст и солидна основа за негова заштита. Издавањето на оваа публикација е во рамките на одбележувањето на Европската година на културното наследство 2018, кое Управата за заштита на културното наследство го спроведува под слоганот „Нашето наследство - европска вредност“. 7 АРХЕОЛОШКИ ЛОКАЛИТЕТИ ВО ОПШТИНИТЕ ДЕБАР И МАВРОВО И РОСТУША Дебарскиот и реканскиот крај имаат богато историско минато. Овие предели биле населени уште во предисторискиот период, на што укажуваат остатоците од неолитска населба во месноста Музгалица кај село Селокуќи, Дебарско, како и остатоците од железновременската населба и некропола во месноста Јаворска Вода, западно од Лазарополе. Археолошки наоди од хеленистичкиот период досега не се регистрирани. На ретка населеност во овој регион укажуваат досегашните археолошки рекогносцирања на теренот. Населението претежно се занимавало со сточарство, а живеело во малите планински села. Просторот што го опфаќаат општините Дебар и Маврово и Ростуша се наоѓал на границата меѓу македонската и илирската држава, па како резултат на тоа племињата коишто ги населувале овие простори често ги менувале своите господари. Кичевско-дебарскиот Регион бил населен со племето Пенести коешто во IV век пр. н.е. дошло од просторот на западното течение на реката Црн Дрим. Со експанзијата на Римската Империја овие простори влегле во нејзиниот состав. Во текот на различните временски периоди тие припаѓале во границите на различни римски провинции. Така, на пример, од 148 год. пр. н.е. до доцниот III век од н.е., овие простори припаднале во провинцијата Македонија, во доцниот IV век во Епирус Нова, потоа во Праевалитана итн. За поинтензивно живеење на овие простори укажуваат остатоците од населби, фортификации и некрополи од римскиот и доцноантичкиот период. Да ги споменеме римските некрополи во месноста Ограѓе кај Кривци, Кошари кај Могорче и Извор кај Џепиште, како и римската и доцноантичката некропола во Таранеш, доцноантичката некропола кај Стара Црква, кај Селокуќи и доцноантичката некропола во месноста Троја кај Спас, сите во Дебарско. 8 На устието кај Мала Река во Радика се издигале четири гранични кастели и стражи кај Косоврасти, Могорче и Скудриње, коишто ги контролирале патиштата од Дрим кон север по течението на Радика и кон исток по Мала Река. Веќе во VI век се видливи трагите од словенското присуство во дебарскиот крај. За загрозувањето на дебарскиот крај, како и на целата Македонија од Словените нè известува Прокопиј. Словенската колонизација на дебарскиот и реканскиот крај, како и на другите делови од Македонија била проследена со етнички измени. Голем дел од разретченото ромеизирано и староседелско население се повлекло во планинските предели или ги напуштило овие простори, а дел се словенизирало. Во текот на VII и VIII век дебарската област била земјоделска средина. Појавата на денешните градови во овој регион се поврзува со средновековието. Иако недостасуваат задоволителни теренски истражувања на овие простори, сепак пишаните извори нè известуваат дека средновековниот град Ораховник (Раховник) го зафаќал северниот дел од денешниот град Дебар. Како град, Дебар почесто се сретнува од почетокот на XI век, кога станал и епископско седиште на Дебарската епархија во составот на Охидската архиепископија. Во пределот на Река, имајќи ги предвид археолошките наоди, се чини дека Словените биле првите што оформиле свои населби, но мора да се напомене дека овој терен сè уште не е доволно истражен археолошки. „Борче/Св.Пантелејмон“ кај Никифорово, манастирски комплекс (од 5.-17 век), остатоци од првата фаза 9 Археолошкото наследство на просторот од општините Дебар и Маврово и Ростуша има голема улога во развитокот на севкупната култура на овие простори. Најчесто, по пат на рекогносцирања, во пределите на наведените општини се евидентирани повеќе археолошки локалитети со остатоци од доцноантички фортификации, антички и средновековни населби и средновековни цркви. Исто така, регистрирани се бројни некрополи коишто самите по себе не претставуваат значаен дел од архитектонското културно наследство, но претставуваат извор на вредни артефакти, односно значајни уметнички дела коишто ги прошируваат сознанијата за културното минато напластено во текот на долгиот временски период. За жал, археолошките истражувања се изведувани во минимални рамки, така што не може темелно да се согледаат вредностите на наследството од минатото од предисторискиот период до средниот век. Најголем дел од археолошките остатоци во наведените општини му припаѓаат на средновеков„Борче/Св.Пантелејмон“ ниот период. Станува збор за остатоци од цркви, населкај Никифорово, манастирски комплекс (5.-17 би и некрополи. век), реконструкција на последната фаза СРЕДНОВЕКОВНИ ЦРКВИ Во Општината Маврово и Ростуша се евидентирани 14 археолошки локалитети со остатоци од средновековни цркви. Сите објекти се наоѓаат во урнатини. Кај некои од нив може да се согледаат контурите на градбите, така што може да се заклучи дека, главно, станува збор за еднокорабни цркви. Во Општината Дебар се евидентирани 12 археолошки локалитети со остатоци од средновековни цркви. Од нив се видливи урнатини од ѕидовите, а според зачуваните темели, исто така, се доаѓа до заклучок дека во најголем дел се работи за еднокорабни градби. 10 „Крст“ кај Ново Село, Тоа се едноставни објекти со правоаголни, издолжени средновековна црква со некропола основи со олтарна апсида во дното на наосот на источната страна, а најчесто немаат нартекс. Во поглед на применетата конструкција во изградбата на средновековните објекти, може да се заклучи дека преовладуваат византиските влијанија. При изградбата на овие објекти во употреба била масивната ѕидана конструкција. Ѕидовите се доста дебели, изградени од кршен камен поврзан со варов малтер. Најчесто објектите биле покриени со полуцилиндрични сводови, а конхите на олтарните апсиди биле покриени со полукалоти. Сводовите и калотите обично биле градени од полесен материјал - камен бигор. Покривањето на сводните конструкции било со камени плочи или ќерамиди. НАСЕЛБИ И ФОРТИФИКАЦИИ На територијата од Општината Маврово и Ростуша засега се евидентирани 10 локалитети со остатоци од населби и фортификации. Станува збор за урнатини, темели од објекти или само остатоци од градежен материјал, како кршен камен, варов малтер и ќерамиди. Овие населби потекнуваат од средниот век, освен гореспоменатата железновременска населба, откриена во месноста Јаворска Вода кај Лазарополе, од којашто се среќаваат фрагменти од керамика и куќен лепеж. Поставени на доминантни позиции, фортификациите ги обезбедувале патишта низ коишто се вршела трговија со останатите простори. За ова сведочи и фортификацијата Реџов Гроб, кај селото Сретково, која му припаѓа на средновековниот период, подигната во близина на преминот Стража. Таа го заштитувала планинскиот премин кон Кичево. 11 На територијата од Општина Дебар засега се евиденти„Вранска Краста“ кај рани седум локалитети со остатоци од населби, фортиМогорче, доцноантичка фикации, како и остатоци од еден средновековен пат. фортификација Зачувани се ѕидови од фортификации од кршен камен и варов малтер, темели од градби и остатоци од градежен материјал како и фрагменти од куќни садови. Фортификациите Кале, кај Горно Косоврасти, како и Вранска Краста, кај Могорче, му припаѓаат на доцноантичкиот период. Доцноантичката фортификација Вранска Краста има доминантна позиција за да го штити патот што водел од Дебар за Кичево. Ѕидините од кршен камен врзан со варов малтер се издигнуваат на ридот во близина на устието кај реката Белешница во Мала Река. Во месноста Заградишта - На Клак, кај селото Долно Косоврасти, се наоѓа средновековна тврдина на возвишение со неправилна квадратна основа. Оваа тврдина го штитела патот што минувал по долината на Радика. Остатоците од фортификациски градби и од средновековниот пат кај Долно Ко„Заградишта-На Клак соврасти укажуваат на постоење развиена патна мрежа кај Долно Косоврасти, во текот на римскиот период, доцната антика како и низ средновековна тврдина средновековието. За континуитетот на живеење во дебарските простори говорат и остатоците од населби. Населбата кај месноста Параспур му припаѓа на римското време, населбата кај месноста Таранеш егзистирала во текот на римскиот и доцноантичкиот период, а останатите населби егзистирале во текот на средниот век. Ваквото датирање на археолошките локалитети укажува на интензивно живеење и егзистирање на населените места во Дебарскиот Регион, пред сè, во римскиот, доцноантичкиот и средновековниот период. 12 НЕКРОПОЛИ Во Општината Маврово и Ростуша се евидентирани 28 некрополи коишто потекнуваат од средниот век. На територијата од Општината Дебар се евидентирани 23 некрополи, од коишто три потекнуваат од римско време, две се доцноантички, некрополата во месноста Таранеш кај Селокуќи била во употреба низ римскиот и доцноантичкиот период, некрополата кај Стара Црква, Селокуќи потекнува од доцноантичкиот период, а останатите 17 му припаѓаат на средниот век. Таранеш, с. Селокуќи, златна фибула, 3. - 4 век (преземено од Археолошка карта на Република Македонија, Скопје, 1996, 123) Гробовите му припаѓаат на типот циста, ориентирани во правец исток-запад и не претставуваат монументални архитектонски градби. И римските гробови од типот на две води, со кремирање на покојниците, не претставуваат градби со посебно значење, меѓутоа, во некои од нив се пронајдени предмети со големо културно значење и уметничка вредност, како, на пример, во еден гроб во месноста Таранеш кај Селокуќи, Општина Дебар. Тука се пронајдени повеќе сребрени предмети, златна фибула, прибор за пишување, сребрена позлатена чинија, стаклена чаша дијатрета (diatretum) од III-IV век, узоз од Colonia Agrippina (Келн) и друго. При градењето на две куќи во Дебар биле откопани: во едната мермерна скулптура на римски граѓанин, а во другата депо со венецијански монети (XI век). Таранеш, с. Селокуќи, стаклена чаша „дијатрета“, 3. - 4 век, (преземено од Археолошка карта на Република Македонија, Скопје, 1996, 123) 13 На територијата од општините Дебар и Маврово и Ростуша, како регистрирано културно наследство се споменуваат само два локалитета од римскиот и доцноантичкиот период, од коишто едниот претставува базилика од V-VI век, што се простира под темелите и околу денешната црква Св. Пантелејмон во с. Никифорово. Дел од евидентираните градби денеска не постојат. Некои од нив се потопени при градењето на хидроцентралите, дел од нив се уништени при изградбата на подоцнежни градби, а остатоците од некои градби, за коишто се знае од пишаните документи и од усните кажувања на локалното население, сè уште почиваат под земјините пластови или под подоцнежните градби. Голем дел од градбите, зачувани до темелите, би можеле делумно да бидат реконструирани и пренаменети за активности поврзани со туризмот, со што би придонеле во развитокот на општините. Конзервираните остатоци од античките и средновековните градби би значеле примамливи локации за љубителите на културното минато, врз кое се темели развитокот на натамошната архитектура и култура на просторот од општините Дебар и Маврово и Ростуша. НАЈЗНАЧАЈНИ АРХЕОЛОШКИ ЛОКАЛИТЕТИ Недоволната истраженост на археолошките локалитети во регионот оневозможува нивна подетална презентација, ниту, пак, категоризација според нивното значење. Сепак, како позначајни може да се сметаат археолошкиот локалитет Борче/Св. Пантелејмон кај Никифорово, кој претставува манастирски комплекс кој егзистирал во периодот од V-XVII век и археолошкиот локалит Таранеш кај Селокуќи, населба од римско и доцноантичко време од чија некропола се извадени многу значајни наоди. 14 ХРИСТИЈАНСКИ САКРАЛНИ СПОМЕНИЦИ ВО ОПШТИНИТЕ ДЕБАР И МАВРОВО И РОСТУША Преродбенскиот дух кој провејувал во првата половина на XIX век во Македонија бил потикнат со Одринскиот мир (1829) и Ѓулханскиот хатишериф (1838), кога конечно е либерализирано градењето на христијанските храмови, што резултирало со т.н „ренесанса“ во XIX век и почетокот на масовно градење на големите трикорабни базиликални храмови. Творечката активност во Дебарско-реканскиот Регион, од каде всушност потекнуваат и најзначајните градителско-зографски семејства во Македонија (родот Рензовци од Тресонче), периодот на XIX век го одбележале со бројна активност, што резултирало со изградба на големиот број сакрални објекти. Меѓу позначајните, секако, се истакнува манастирскиот комплекс Св. Јован Бигорски, Св. апостоли Петар и Павле во с. Тресонче, Св. Ѓорѓи во с. Лазарополе итн. Манастирскиот комплекс Свети Јован Бигорски 15 Црква Светите Апостоли Петар и Павле во с. Тресонче 16 Црква Св. Ѓорѓи во с. Лазарополе Основните карактеристики кај овие христијански сакрални градби на териториите од општините Дебар и Маврово и Ростуша во XIX век е изградбата на големите трикорабни базиликални храмови или поскромните еднокорабни во помалите селски средини. Внатрешната организираност на овие трикорабни базилики се одликувале со доминација на наосот кој на исток, кон олтарниот простор, бил преграден со монументална иконостасна преграда, а кон запад се афирмира галерија на кат, со што се добива еден монолитен простор. Нартексот добива изглед на предворје или отворен трем со портици кој неретко се шират кон јужната и северната страна. Дел од храмовите биле засводени со издигнат средишен кораб, додека страничните биле со рамни тавани. Друг тип градби доминирале во манастирските комплекси каде се навраќало на византискиот тип крстообразни цркви поврзани со атонските манастири. Овој атонски тип акцентот го става на куполите каде во просторот на наосот се изведува централно решение со максимален широк поткуполен распон (Бигорски манастир). Храмовите вообичаено биле фундирани на дабови греди кои биле меѓусебно поврзани во темелен конструктивен систем. Црквите се градени од кршен камен со употреба на скриени дрвени хоризонтални појасни греди. Аглите на ѕидовите, прозорците и тамбурите се изработуваат од изделкан камен, а завршните венци од профилиран камен - бигор. Црквите биле автентично покриени со камени плочи. Вратите и прозорците се изведуваат архитравно и лачно. Подот во црквите бил изведуван со камени плочи во правилни форми (квадратни и правоаголни). Внатрешната декорација на ѕидовите се состоела од редовно живописање на куполите и тамбурите, а во одредени храмови и целосно исликување на сите површини од ѕидовите. Црква Св. Варвара во с. Рајчица крај Дебар 17 Деисис, црква Св. Варвара, с. Рајчица, почеток на XVII век Покрај историските сведоштва/преданија за постари градби кои досегаат сè до XI век (во Бигорскиот поменик, препишан од „старо на ново“ од јеромонахот Даниил во 1833 година, опстојувало преданието меѓу манастирското братство дека основачот на нивниот манастир е монахот Јован во 1020 година.) најстар зачуван храм е малата еднокорабна црквичка Св. Варвара во с. Рајчица крај Дебар. Од делумно зачуваниот живопис во источниот дел на црквата и ктиторскиот натпис дознаваме дека црквата е подигната во 1597 година од страна на донаторите Овчина и В’лк . Од оваа црква потекнува епистилот со проширениот Деисис и Царските двери кои припаѓаат на оригиналниот иконостас од почетокот на XVII век. Иконописни дела од последните две децениии на XVI и почетните две децениии на XVII век, дел чувани во манастирот Св. Ѓорѓи во с. Рајчица, се смета дека се елементи од првиот бигорскиот иконостас. Имено, кон крајот на XVI, при обновата на т.н. „јужна црква“ оформен е иконостас од кој се зачувани престолните икони и царските двери сликани во духот на познатиот зограф Онуфриј од Аргос или, пак, можеби од раката на неговиот син Никола. Подоцна овој иконостас претрпел дополнувања, во текот на почетните две децениии на XVII век, при што се додадени Наддверието со недремано око, епистилот со проширениот Деисис, иконите на Великите празници и Големиот иконостасен крст итн. Празнината во домашната продукција во Реканскиот Регион, која посебно се огледа во уметничката дејност на крајот од XVII и XVIII век, делумно се по18 полнува со икони од работилници од епирски зографи поврзани, главно, со два центри Јанина и Солун. Оваа „епирска маниристичка“ група се јавува со поединечни икони за иконостасите во повеќе цркви во Дебарско-реканскиот Регионот кои биле носени како нарачки или подароци од домашни трговци. Нивни најпрепознатлив елемент е шаблонизираниот растителен орнамент на бордурата, пополнување на ореолите со релјефен штуко орнамент или со врежување на крукчиња итн. Цркви во кои се среќаават икони својствени на оваа група се: Св. Варвара и Св. Атанасие во Рајчица, Св. Петар и Павле во Тресонче, Воведение на Богородица во Росоки, Св. Ѓорѓи во Лазарополе, Св. Богородица во Долно Мелничани, Св. Димитриј во (Татар) Елевци итн. Иконостас во црква Успение на Богородица с. Гари Една анонимна група зографи својствена со нивната симбиоза на традиционалниот и барокниот стилски израз, а поради своето значајно присуство во западниот дел на Македонија се дефинира како Охридска пробарокна група. Од нив се забележани поединечни престолни и празнични икони во црквите Св. Ѓорѓи во Лазарополе, Св. Петка во Галичник, Воведение на Богородица во Росоки, Успение на Богородица во Гари. Во Бигорскиот манастир од нив е 19 зачувана најбројна група икони, каде што освен на дел од колекцијата икони за нивното творештво, се препишува и фрагментарно зачуваниот фрескоживопис на јужниот ѕид во наосот. Од крајот на XVIII век, од домашната сцена се јавува мијачкиот зограф Неделко од Росоки (потпишан во 1770 година на иконата на Исус Христос од црквата Св. Петка во Галичник). Негови икони се атрибуираат во Св. Ѓорѓи во Лазарополе (Царките двери), Росоки (празнична икона Сретението), во ризницата на Бигорскиот манастир (Св. Јован Претеча со житие) Периодот на XIX век донел нов процут во Реканскиот Регион, и тоа во сите сфери на уметничките активности преку градењето/обнови на сакрални храмови, со сеопфатно декорирање на ѕидното сликарство, иконописот и резбата. Во овој период на сеопшта активност, благодарејќи на агилните манастирски старешини, се формирале и издигнале бројни домашни зографски имиња кои славата на Дебарско-мијачката школа ја рашириле на целиот Балкан. Во оваа активност предничи Бигорскиот манастир, каде што од помениците се дознава за првиот игумен на манастирот, јеромонахот Иларион, родум од с. (Татар) Елевци во близина на Дебар, со неговото доаѓање во 1743 година. наишол на една „малка и Св. Ѓорѓи Победоносец (1835 г.) стара и мошне сиромашна“ црквичка и во с. Рајчица крај Дебар веднаш се зафатил за обнова на Бигорскиот манастир. Иларион бил заслужен и за создавање на метохот во с. Рајчица, со што создал предуслови за економското и уметничкото заживување на манастирот. Монахот Митрофан, родум од с. Лазарополе, игуменувал во Бигорскиот манастир од 1796-1807 година, а важел за еден од попродуктивните игумени. Во негово време црквата се преправила од мала во голема и нова, а во 1800 година дал и да се наслика големото кубе. Живописот на централната купола се припишува на корчански зографи. Од втората половина на XVIII век зачуван е оригинален живопис на јужниот ѕид од малата постара црква, кој бил инкорпориран во јужниот ѕид при проширувањето, односно подигањето на сегашната манастирска црква посветена св. Јован Претеча. 20 Иконостас на Бигорскиот манастир По неговата смрт во 1807 година, за наследник на Митрофан, доаѓа неговиот современик, архимандритот Арсениј, родум од Галичник. Триесет и две годишното успешно управување на игуменот Арсениј Бигорскиот манастир го збогати со продолжување на декорирање на храмот, потоа на машката трпезарија и потполна обнова на стариот конак. Изградил повеќе помошни простории, стражарница, дворно место со чешми итн. Како што се грижел за манастирот така го обновил и метохот (1832) и на негова иницијатива се изградил храм посветен на Св. Ѓорѓи Победоносец (1835) во с. Рајчица крај Дебар. Зографот Михаил Анагност и неговиот син Димитар, во монаштво Даниил, од селото Самарина во Епир, биле поканети од манастиркото братство да го преземат живописувањето на машката трпезарија и сликањето на иконите за новиот трикатен иконостас со 44 икони на него (1831-1833) . Со нив и започнува традицијата да се исликуваат ктиторски портрети на духовните првенци, иницирани од архимандритот Арсениј, а следено понатаму од неговите наследници (архимандритот Арсениј, јеромонахот Теодосија итн.) Желбата на архимандритот Арсениј Бигорскиот манастир да се здобие и со посебно убав иконостас се огледа во неговото ангажирање на врвните тогашни мајстори на резбата - тајфата на Петре Филипович-Гарката од село Гари. Петре Филипович-Гарката, брат му Марко, потоа Макариј Фрчковски од Галичник, Аврам Дичов и неговите синови Васил и Филип од родот Филиповци од село Осој во периодот од 1829 до 1835 година успеале да создадат врвно уметничко копаничарско дело од пошироки размери. Воедно биле изработени и архиерејски трон и игуменски стол. Јеромонахот Јоаким, родум од с. Бибан, Дебарско, ги продолжува заложбите на Арсениј, и како негов наследник од 1840 до 1862, покренува иницијативи за 21 доградба на манастирот и неговиот метох со црквата Св. Ѓорѓи во с. Рајчица. На негова покана во 1840 година повторно се ангажирани Михаил Анагност и Даниил за изработка на иконите на иконостасот и живописување на кубето од црквата во с. Рајчица . Михаил претходно, во 1838 година, ги изработува престолните икони за црквата Св. архангел Михаил во с. Требиште. Подоцна, од 1848 до 1852 година, работата на живописување на храмот во Рајчица ја продолжува Дичо Зограф од с. Тресонче, како и на портретите во машката трпезарија во Бигорскиот манастир. (Портретот на Мелетиј - дебарски митрополит (1849), портрет на јеромонахот Теодосиј и игуменот Јоаким (1868). Поглед кон централнат купола, црква Св. Ѓорѓи во с. Лазарополе Зографот Антониј, активен во периодот меѓу 1810 и 1841 година, главно, во Дебарко-кичевската епархија изработил повеќе иконописни дела во Бигорскиот манастир (и две фрескоикони Христос и Богородица на западните столпци во наосот во Бигорскиот манастир, околу 1814 година), потоа икони за црквите Воведение на Богородица во Долно Мелничани 1816 година, Св. Врачи во Горно Мелничани, Св. Димитриј во (Татар) Елевци, Св. Ахил во село Требишта. Во време на игуменот Харитон, во 1866, насликана е помалата купола во Бигорскиот манастир, посветена на св. Јован Претеча од страна на непознат зо22 граф, а зографот Васил Гиновски од село Галичник, во 1871 година, на покана на архимандритот Михаил ја прави последната интервенција на храмот со живописување на западната фасада во тремот . Кон Бигорскиот манастир, како главен духовен, воедно, и уметнички центар на регионот, се придружува црквата Св. Ѓорѓи во Лазарополе благодарение на видниот ктитор Ѓурчин Кокалески со своето монументално здание и висок иконостас, каде што се ангажирани неколку значајни зографски имиња во неговата декорација. Михаил Анагност работел на дел од иконите за иконостасот, но и на ѕидното сликарство (Страшниот суд, 1837 година), а по несогласувањата со селаните работата ја продолжил Дичо Зограф. На трикатниот иконостас со разнородни икони од повеќе фази (XVII-XX век) учествувале и зографот Георгиос (1835/6), потоа зограф Димитар Молеров од Банско (1849), Дичо Зограф (1843) итн. . Дичо Зограф своите први знаења ги стекнал кај Михаил Анагност од Самарина, што му овозможило, учејќи од еден од најопитните зографи на своето време, да стекне вештина и искуство што ќе му овозможи во иднина да прерасне во една од најзначајните и најпродуктивните домашни зографски фигури на преродбенскиот период во Реканскиот Регион, чија слава ќе се прошири на целиот Балкан (две илјади икони и повеќе фрескоансамбли). По неговите стапки ќе продолжат, пред сè, неговиот син Аврам Дичов, а повремено и Спиридон. Во неговата работилница учеле, а подоцна и со него соработувале други зографи надвор од неговото семејство, како што е Петре Дебранец, негов соселанец од Тресонче. Црква Св Ахил во с. Требиште 23 Поглед кон куполата црква Св Ахил во с.Требиште Дичо Зограф (1819-1873) во речиси сите позначајни храмови во регионот бил ангажиран во изработка на ѕидното сликарство и на иконописот, меѓу кои се црквата Воведение Богородичино во село Росоки, каде што од ктиторскиот натпис испишан над јужниот влез од страна на Дичо Зограф ја забележал годината 1835, кога се создал храмот, а во 1850 година Црква Св. Илија во с. Селце таванот. Престолните икони на Дичо Зограф се дела од неговата рана фаза на творештво и се негови први позначајни остварувања (1844-45). Црквата Вознесение на Св. Илија во с. Селце е подигната веројатно во средината на XIX век, а живописана во 1864 година од страна на тајфата на Дичо Зограф. Иконостасот и иконите се сликани во периодот од 1864 до 1868 година од страна на Дичо Зограф. Во селото Гари црквата Успение Богородичино е подигната во 1856 година, а живописна во 1866 година. Автор на живописот е Дичо Зограф, неговиот син Аврам и 24 Црква Свети Никола во с.Тресонче ученикот Петре Јованович. За црквата Св. Богородица, село Сенце, иконите за иконостасот ги изработил Дичо Зограф во 1855 година. Дичо Зограф работел во повеќе наврати во повеќето храмови во Реканскиот Регион, како на изработката на ѕидното сликарство или, пак, за потребите на пополнувањето на иконописниот материјал на иконостасите: Бигорскиот манастир (1849), Св. Ѓорѓи во Лазарополе (1841), Св. Ѓорѓи Победоносец во Рајчица (1848//52), Воведение на Богородица во Росоки, Св. апостоли Петар и Павле во Тресонче (1845/49) , Св Ахил во Требиште (1849/50), Св. Богородица во Дебар (1965/6), Св. Илија во Селце (1864), Св. Димитрија во Волковија (1852), Успение на Богородица во Јанче, Св. Никола во Кичиница (1849/50), Св. Никола во Долно Косоврасти, Св. Димитриј во (Татар) Елевци итн. Аврам Дичов еден од неговите синови и најверен соработник учествувал во дел од овие зафати заедно со татко му (Св. Богородица во Дебар, 1872, црквата Успение Богородичино во Гари, Св. Петка во Дебар, Долна Маала), а подоцна и самостојно (Св. Никола во с. Тресонче, 1873 година). Спиридон, исто така син на Дичо, работел заедно со татко му на изработката на живописот во Св. апостоли Петар и Павле во Тресонче) . Домашната уметничка продукција на Реканскиот Регион ја надополнуваат бројни домашни зографи. Фрескоживописот од 1873 година во црквата Св. Богородица во Дебар е дело на зографот Кочо Крстев од с. Лазарополе, додека дел од престолни икони се од раката на Никола Крстич од Лазaрополе во 1872 г. На иконостасот во црквата Св. Петка (долна маала) во Дебар има икони од Крсте Николов од Лазарополе. Втората црква посветена на св. Петка во Дебар е позиционирана на т.н. Велигденска Ливада во горниот дел на градот во близина на катедралниот храм Св. Богородица . Според датумот врежан на 25 чесната трпеза од 1693 година се претпоставува дека е година кога е подигнат храмот. Иконите на иконостасот се дело на зографот Зафир Анѓелкович од 1923 година се споменува на иконата Богородица со Христос во 1928 година и живописецот Ѓ. Доневич од с. Гари. Живопис е зачуван во сводот на нартексот и на сводот во олтарот веријатно дело на сигнираниот живописец од 1928 година. Над селото Рајчица егзистира и црквата посветена на св. Атанасие (1868). Живопис од 1875 година е зачуван само во олтарниот простор и на западниот ѕид, а е дело на зографите Добре Доичин и Крсте Колов од Лазарополе. Во непосредна близина на Дебар, во идиличен планински предел во селото (Татар) Елевци егзистира црквата Св. Димитрија (1873). Дел од престолните икони од иконостасот се од рацете на Димитрија Андонов од село Гари 1899 година. Црквата Св. Ѓорѓи во селото Осој, според натписот над јужниот влез од внатрешна страна, автор на живописот во сводот и олтарот е Исаија Џиков од селото Осој во 1887 година, додека на емпоријата на галерија во западниот дел од наосот забележена е годината 1872, веројатно дело на друг зограф поопитен од Џиков. На иконостасната конструкција е забележана годината 1882, додека на престоните икони Џиков ги запишал годините на изработка на иконите 1885-86 . Во селото Гари, во црквата Успение Богородичино, иконата посветена на св. Параскева ја има изработено Ефтим Спасев од село Гари во Црква Св.Ѓорѓи во с. Осој 26 1893 година. Во црквата Св. Никола во Беличица (1885) престолните икони од иконостасот во црквата ги насликал крушевскиот зограф Никола Михаилов во 1888 година и дел зографот Крсто Аврамов од с. Тресонче во 1896 година. Црквата Св. Петар и Павле е изградена 1930, а е живописана во 1931 година од страна на ликовниот уметник Лазар Личеноски. За црквата Св. Петка, село Галичник (1809?) иконите ги изработиле Неделко од село Росоки во 1770 година и Христо Макрович, Космија Макариов во 1868 и друг непознат зограф во 1879 година. Во црквата Св. Пантелејмон, село Никифорово, (1867, а обновена 1923 година), зограф на иконите од иконостасот е Русе Крстиќ (иконописац Русе Крстић из Нистрово срез Галички, 3 јули 1926 година). За црквата Св. Богородица, село Сенце, икони за иконостасот изработил непознат зограф во 1841 година, Дичо Зограф (1855) и Теодисија Костиќ од Лазарополе во 1930. Од овој сумарен преглед на интензивните уметнички текови во дебарско-реканскиот крај, во кои суштествуваат 39 православни сакрални храмови, општата оцена за христијанските сакрални градби во регионот на општините Дебар и Маврово и Ростуша е проблемот со негрижата за споменичното наследство од неколку главни причини. Покрај запуштеноста и негрижата или, пак, нестручните активности преземени од црковните одбори врз градбите кои го имаат истиот негативен ефект во правец на нарушување на автентичноста, црквите и манастирите се на постојан удар на кражби на движното културно наследство (иконите и делови од резбаниот црковен моблијар), пред сè, поради неповратниот процес на иселување на христијанското население од овој регион, кои беа главен фактор за безбедноста на овие споменични добра. Кон ова се надоплнува слабата институционална грижа на имателот (Македонската православна црква) и институциите задолжени за заштита на културното наследство, вклучително и локалната власт во делот на нивните надлежности. 27 28 ТИПОЛОГИЈА, КАРАКТЕРИСТИКИ И ЗНАЧЕЊЕ НА ОСМАНЛИСКИТЕ СПОМЕНИЦИ НА ТЕРИТОРИЈАТА ОД ДЕБАР И РЕКА Градбата на oсманлиски објекти на територијата од Дебар и Река започнува со потпаѓањето под oсманлиска власт, во втората половина на XV век. Османлиските градителски традиции пренесени на ова подрачје се отсликуваат во големиот број подигнати градби од профан и сакрален карактер кои требало да ги задоволат потребите на населението. Покрај големиот број куќи, османлиските градителски активности создале и архитектонски дела дотогаш непознати за домашното градителство. Биле подигнати џамии, текии и турбиња во согласност со исламските потреби за верско изразување, но и амами, анови и сл., кои по својата функционална и социјална димензија биле користени од целото население без разлика на нивната нерска определба. Но бројноста на овие градби како резултат на современата урбана експанзија постепено се намалува и до денес се сочувани само мал број - неколку џамии, два амами, една термална бања, една текија, турбе и сл. Присуството на карактеристичните османлиски објекти ја надополнува севкупната амбиентална слоевитост не само на градот Дебар како средиште, туку и на целиот регион на Дебар и Река. Во градењето на џамиите (изградени во втората половина на XV век и преправани во првата половина на XX век) доминираат чисти и прецизни форми како одраз на локалното градителство, со скромни архитектонски и декоративни вредности. Белезите на традиционалната локална архитектура присутни кај османлиските градби само ја потврдуваат умешноста на локалните градителски тајфи препознаена и искористена од градителите на овие објекти. На територијата од Дебар и Река сè уште опстојуваат примери и дела од градителскиот опус од oсманлискиот период. Сапак, како најзначајни ги издвојуваме тие 29 Бајрам бегова џамија, поглед од запад Будулец џамија, поглед од север 30 градби кои биле подигнати во градот Дебар, кој непосредно по освојувањето од страна на Османлиите бил населен од турски колонисти кои формираат градска населба во која го внесуваат својот начин на живот и култура. Џамиите, како најкарактеристичен тип градби од oсманлискиот период, говорат за едноставност на архитектонската форма и за објекти чиј архитектонски израз е преточен, главно, во правоаголна форма прекриен со pokriv на четири води и отворен трем носен на дрвени столбови. Меѓу неколкуте џамии во Дебар (Бајрам бегова џамија и Будулец џамија –подигнати во XIX век), како типичен преставник ја издвојуваме Хунќар џамија во Дебар, подигната во Х.872/М.1467, како задужбина на фатихот - султан Мехмед-хан (1451-1481). Иако во изминатиот период (1938/39 година) се направени одредени обнови и измени, сепак џамијата ги има зачувано сите белези на архитектурата од класичниот период на османлиското градителство. Тремот, кој денес е од затворен тип, ги има зачувано елементите кои говорат за неговиот првобитен изгледи форма – отворен трем. Во енетриерот доминираат едноставно изработените михраб, минбар и рамен дрвена таван, во чиј централен дел е присутна резбарена розета, често користена и при декорирањето на ентериерите на профаните градби. Поради употребата на необработен камен и тула како градежен материјал, фасадите на џамиите најчесто се малтерисани. Посебно внимание при подигањето на џамиите е посветено на градбата на минарето кое го дава вертикалниот акцент на џамијата. Покрај едноставно изведените (кај џамиите градени во селата), во Дебар Хунќар џамија, поглед од север Михраб и минбар во внатрешноста на Хунќар џамија Турбе во дворот на Хунќар џамија Изглед на тремот на Хунќар џамија од запад доминираат високи и витки минариња, што претставува карактеристика на џамиите на Балканот. За значењето кое било давано во подигањето на одреден вид објекти говори и турбето во непосредна близина на Хунќар џамија во Дебар, каде до совршенство е изведена обработката на профилираните елементи изделкани во камен. Според стилските карактеристики – турбе од отворен тип, со осумаголна основа над која се подигаат осум полигонални столба поврзани со полукружни лаци, со голема веројатност можеме да констатираме дека тоа е по31 дигнато кон крајот на XVIII или во почетокот на XIX век, а според надгробниот нишан кој се наоѓа во турбето можеме да претпоставиме дека тоа е подигнато за Садик-паша во Х.1210/М.1795-96 година. Архитектонските и декоративни карактеристики го поврзуваат ова турбе со турбето на Каплан-паша во Тирана (Албанија) кое е подигнато во истиот период (1820 година) и ги поседува истите стилско-архитектонски карактеристики што говори за една заедничка градителска схема присутна во овој дел од Балканскиот Полуостров. Турбето во Дебар е единствено турбе од овој вид зачувано во Македонија. „Нов амам“ Курни во внатрешноста на „Новиот амам“ Амамите претставуваат интересни архитектонски објекти од класичниот османлискиот период, и едни од ретките зачувани со својата автентична градежна форма (каде како материјал за градба е користен каменот), објекти со висок процент на изворна зачуваност. Тие претставуваат значајно културно-историско сведоштво за начинот на живот во одреден период, што има релевантно значење од гледна точка на историјата и културата, особено поради нивната функција, архитектура, изворните материјали и техника на градба. Со својата архитектонска концепираност амамите претставуваат значаен белег на градската култура, а во минатото играле важна улога во социјалното здружување на населението. Единствените градби од овој вид се зачувани во градот Дебар. Следејќи ја нивната архитектонска форма, амамите во Дебар припаѓаат на типот единечни амами. Во нивната внатрешност се распоредени по неколку халвети покриени со куполи поставени на низок тамбур и покриени со оловен лим. Како материјал за градба на објектите се користени камен и тула што ја истакнува 32 „Стар амам“ Остатоци од халветите во „Стариот амам“ живописноста на објектите. Зачуваните амами во Дебар се подигнати во XVI век, со обнова во текот на XIX век направени на „Новиот амам“. Главните карактеристики на овој вид објекти сè уште ги имаат зачувано обележјата на османлиското градителство. Покрај архитектонското значење, посебно обележје на амамитеим дава и применетата декоративна обработка на камената пластика која е во комбинација на геометриски форми, особено видлива во обработка на курните (лавабоа) и фонтаната (шадрван). Во Новиот амам во Дебар во сводот на тамбурот од шадрван салата (која е урната и денес не постои) била присутна и сликана декорација со богато колоритни флорални и геометриски мотиви, што говори за естетскиот пристап во уредаување на амбиентот. Иако во урнатини, Стариот амам во Дебар (познат и како Амамот на Мустафа-паша) е подигнат во XVI век и преставува значајно културно-историско сведоштво за начинот на живот во Дебар во тој период. Со своите масивни ѕидови, куполи од камен и тула тој е еден од ретките објекти кој ја има зачу- Бања, с.Бањиште Изглед на куполата во просторијата за капење во Бања, с.Бањиште 33 Кадири текија, стара состојба вано својата автентична градежна форма и естетика. Како таков, со неговата ревитализација може да преставува културно средиште не само во градот Дебар туку и во регионот. Богатството од природни ресурси овозможило во дебарскиот крај покрај градските бањи да бидат подигнати и термални бањи со посебни специфики и начин на употреба кои ги одвојуваат од градски бањи. Такви се термалните бањи во с. Баниште, кои претставуваат спој на природното богатство кое го Џамија во с.Спас 34 Џамија во Ростуше Кадири текија, пред уривање поседува селото и интензивната градителска активност што се развивала во дебарскиот крај кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век. Бањите во селото ги споменува во својот патoпис и Јохан Хан, кој во 1863 година на своето патување по сливот на реките Дрим и Вардар, престојувал во Дебар. Станува збор за два функционално неповрзани објекти со различен архитектонски стил и веројатно приближен период на градење. Во објектите сè уште се зачувани базените за капење со термална вода. Тоа што им дава посебност на објектите е што тие поседуваат исклучителна автентична и амбиентална вредност, односно тие преставуваат единствен пример на термално лекувалиште со елементи и архитектонски решенија карактеристични за османлиското градителство во Македонија. Градени со добро обработени камени квадри, со прецизно изработени ниши во внатрешноста и функционалноста на просторот, бањите во Баниште преставуваат дострел во архитектонското изразување во градбата на овој вид објекти. Како сопственик и добротвор на овие објекти 35 на зачуваниот натпис на арапски јазик се споменува Oruk Zade (семејно име) Haci Muhyiddin Ilhami, син на Сулејман, и годината Х.1213/М.1798/99, кога тие биле подигнати. Текиите како верски објект во кој се вршеле обредите на дервишките тарикати не се разликуваат со свои специфики во однос на градителската схема. Дервишите, каков што е случајот и со текијата во Дебар, како седиште на текијата честопати ги избираат и куќите чии простории се присособени за верските потреби. Куќата во Дебар во која беше сместена Кадири текијата, преставуваше типичен преставник на дебарската градска куќа. Во една од просториите на катот беа изведени слепа купола и михраб и во неа се вршеа верските обреди на дервишите од Кадири тарикатот. Иако во овој регион нема зачувано друга текија, според архитектонските карактеристики не може да стане збор издвојување на посебна стилска група или форма на текиите. Богатата градителската активност на Османлиите е видлива и кај неколку зачувани (или во урнатини) објекти, главно, џамии сместени во живописните предели на селата во регионот на Дебар и Река. И кај овие градби е присутна тенденцијата за приближување до вредностите на монументалните градби од престолнината, но со нагласено локално чувство и умешност во градењето. Џамиите во Ростуше, во селата Спас и Хаме сè уште ја имаат зачувано својата едноставност без пренагласување на монументалноста, но приспособување на верските потреби на локалното селско население. Мали по димензии, тие и покрај обновите во изминатиот период може да се истакнат со својата автентичност од периодот на нивното подигање. Поради своите историски, културни, архитектонски, уметнички и социјални вредности, Хунќар џамија со турбето, двата амами, термалните бањи во с. Баниште се заштитени со Закон и преставуваат значајно културно наследство подигнато во османлискиот период со зачувани автентични вредности и содржини. Недоволната грижа, пак, доведува до целосно губење на значајни алки во градителскиот и историски континуитет, што доведува до осиромашување на стекнатите вредности од минатото. Таков е случајот со Кадири текијата која денес не постои. 36 ИСТОРИСКИ И УРБАН РАЗВОЈ НА ГРАДОТ Градот Дебар е сместен на југоисточниот дел на Дебарската Котлина, во близина на реката Радика, обиколен од повеќе страни со планинските венци на Кораб, Дешат и Бистра. Повеќевековното постоење на населеното место Дебар, кое за првпат се спомeнува под сегашното име Дебар во повелбата на цар Василиј Втори (1018-1025), укажува дека градот има историски и локациски континуитет во неговoто егзистирање, независно од историските и општествените промени, при што трагите од минатото се присутни во современиот град преку неговите репрезенти - градителското наследство. Во XV век (1449) Дебар потпаѓа под турска власт, а непосредно по нивното доаѓање градската населба станала важен крстопат за проширената територија на Османлиската Империја. Комуникациските и економските врски придонеле градот да се развие во познат трговско-занаетчиски центар, при што се формирала чаршијата и се изградиле значајни објекти од профаната и сакралната архитектура (од јавен и приватен карактер). Во пишаните извори XIX век на територијата од Република Македонија се карактеризира со брзи промени и засилен развој на градовите, а градот Дебар во овој временски период бележел се поголем напредок од аспект на еден урбан и архитектонски развој. ◊ Постојната урбана структура на градот Дебар е поделена на повеќе станбени зони, или т.н маала, кои претставуваат групации, просторно организирани и распространети на целокупното градско подрачје. Прво и најстаро маало е Варош Маалото, кое го зафаќа северниот дел од градот и претставува јадро 37 околу кое подоцна се развивале и формирале другите станбени маала: Хунќар, Вакуф Маало, Бајрам-бег Маало, Тикварце, Долно Маало, Кодра Маало, Ковач и други. Куќите за живеење се централен елемент кои го сочинуваат изградениот градски простор, но секое маало имало и објекти за услужни дејности, објекти од верски карактер за религиозните и функционалните потреби на граѓаните (црква, џамија, амам), чешми со вода за пиење. Во архитектонско-урбанистичката структура на градот посебно се истакнуваат муслиманските катни куќи - лоцирани на големи парцели со челни фасади ориентирани кон широки дворови оградени со камени ѕидови, додека христијанското население претежно се населувало на косината на ридот со изградени куќи покрај улицата, најчесто во низа со останатите куќи и со ориентираност кон улицата, при што партиципирале во дефинирањето на тој сегмент од уличниот фронт и просторниот амбиент. Во просторната организација на градот чаршијата била формирана со строго линеарна форма по должината на главната градска сообраќајница која го дели градот на два дела и воедно претставува оска кон која гравитираат улиците од маалата. Уличната мрежа во маалата ја сочинуваат тесни помали улички – „маалски сокаци“ кои комуницираат со поголемите улици, кои, пак, се влеваат во чаршијата. Kуќа на ул. Братство Единство бр.31 Симетричен тип на куќа со централно поставен затворен чардак, детаљ на централен чардак - експониран елемент од основниот волумен на куќата 38 Kуќа на ул. ЈНА бр. 33 (попозната како куќа на Гани Граждани)- резбана и сликана таваница Развојот на профаната станбена архитектура во периодот на нејзиниот највисок креативен момент, заснован на претходно создадените историскоекономски услови и на постојните климатско-топографски карактеристики, при крајот на XVIII и особено во почетокот на XIX век го формираат основниот белег на куќата за живеење во градот Дебар. Токму во овој период се создаваат можности за градежна активност и интензивирање на индивидуалните градби, а при просторно-волуменско конципирање на куќите, особено од аспект во широчината на творечката активност, покрај традицијата на градењето, пресудно влијание имало и искуството што го носат со себе мајсторските тајфи и ѕидари од познатата Дебарска градителска школа, кои имале големо влијание на развојот, не само на локалната архитектура туку и пошироко на Балканот. Покрај извонредните архитектонски остварувања и применетите конструктивни системи и градежни техники во сферата на градителството, македонските мајстори од Дебарската школа негувале и уметнички занаети копаничарство и зографство. Посебен акцент им се придавал на декорирањето 39 на ентериерите на дебарските (муслимански) куќи, притоа, приспособувајќи се кон вкусот на нарачателот, мајсторите придонесувале во завршниот естетски израз на куќата, кој воедно сведочел како важен показател за имотната состојба на семејството. АРХИТЕКТОНСКО-УМЕТНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА КУЌИТЕ ВО ДEBAР Сликата која го дефинира затекнатото архитектонско наследство во Дебар денес е различна во однос на некогашната, од аспект на губење и значајни промени на карактеристиките и својствата. Врз основа на зачуваниот фонд од традиционални куќи со архитектонско-уметнички специфики кои учествуваат во сегашната урбана слика на градот, може во значителна мерка да се регистрираат употребените архитектонски средства, декорација, применети материјали, градежно-конструктивна техника, композиција. Применетиот градежно - конструктивен систем кај дебарските куќи се состои од мешовит систем на конструкција-комбинација на масивни носиви ѕидови од камен и дрвена бондручна конструкција. Каменот како основен градежен материјал е употребен за целосно градење на масивните ѕидови во приземјето, додека неговата застапеност на погорните катови најчесто била на северниот ѕид, за разлика од бондручната дрвена конструкција која се применувала кај ѕидовите на катот - редовно на предната-фронтална страна. Ѕидовите во бондручен систем се состојат од дрвен скелет оформен од столбови распоредени на одредено растојание со исполна од плитар и малтерисани. Kуќа на ул. Петар Поповски бр. 57 (9) внатрешен простор- сликана ѕидна декорација Човековиот начин на живот, религиозните сфаќања, како и културата на живеење влијаат и во концепцијата и во организацијата на внатрешниот простор на куќите во Дебар. Според решението на хоризонталниот план, 40 дебарските куќи можат да се групираат во два основни типа: со симетричен и неправилен (асиметричен) план на основата. Куќа на ул. Петар Поповски бр. 57 (9) Куќите со симетрично конципирана основа се слободно стоечки објекти, изградени на П + 1 или П + 2 ката, со правоаголна форма и геометриска правилност во групирањето на просториите и нивната просторна организација на одделните нивоа, која се отсликува и јасно истакнува и на самата фасада. Една од естетските карактеристики за фасадното обликување на овој тип куќи е централно поставениот чардак, кој учествува во компонирањето на фронталниот изглед на фасадата, со прозорци одвоени меѓу себе, со симетрија и ритам во однос на целата архитектонска композиција. Токму заради експонираната положба на централниот елемент - тремот и двата затворени чардаци ја нагласуваат симетријата и ја збогатуваат просторната пластика на главната фасада ориентирана кон внатрешниот двор. Ваква правилна геометризирана форма на чардакот кај симетричниот тип куќи, речиси на идентичен начин, или како варијантно решение, се повторува кај дебарските куќи (како на пример кај куќите на улиците: „Петре Поповски“ бр. 9; 41 „ЈНА“ бр. 33, „ЈНА“ бр. 59; „Братство Единство“ бр. 31, „Црн Дрим“ бр. 26, потоа куќите на ул „ЈНА“ бр. 35, ул. „29 Ноември“ бр. 9; ул. „Лиман Каба“ бр. 53 и др.). Куќите со асиметрични решенија на основитеимаат посложена организација на просторот, одредена од различната поставеност на просториите во однос на чардакот, како и конфигурацијата на теренот. Начинот на диспозиција на чардакот во просторната организација на дебарската куќа формира различни решенија на неправилни форми на основите („Г“ форми, подолжен чардак, како и комбинација на положбата на чардакот и различни форми по нивоа). Во случај кога чардакот има фронтална позиција, тој, покрај неговата основна функционална карактеристика - комуникација и поврзување, истовремено обединува повеќе функции, а поделбата на просторот е постигната преку денивелација на подот. Издигнатите делови се наречени шанишан и служат за одмор/спиење преку летото. (како пр. се куќите на ул: „Здравко Чочковски“ бр. 226; ул. „Лиман Каба“ бр. 13 и бр. 22, потоа куќа на ул. „Црн Дрим“ бр. 32 и др.). Куќата на ул. „Здравко Чочковски“ бр. 226 е карактеристичен пример на дебарска куќа со асиметрично решение на основата, со простран чардак и исклучително богата внатрешна декорација, е еден од ретко зачуваните културни добра од градителското наследство на османлиската станбена архитектура од XIX век во Република Македонија. Куќа на ул. Здравко Чочковски бр. 12 (226), југоисточен изглед 42 Куќа на ул. Здравко Чочковски бр. 12 (226), внатрешен изглед, репрезентативна гостинска соба со богата резбана и сликана декорација Куќа на ул. Петар Поповски бр. 57 (9) детаљ на дрвен долап Куќа на ул. Здравко Чочковски бр. 12 (226), чардак – дрвени таваници 43 Куќа на на ул. Петар Поповски бр. 57 (9) ентериер - детаљ на декоративна резбана розета од таваница Куќа на ул. Здравко Чочковски бр. 12 (226), внатрешен изглед- гостинска соба, куполна таваница со декорација ја истакнува богатата градителска и уметничка традиција во дебарскиот крај Куќа на ул. Лиман Каба бр.53 – источен изглед 44 Вградената покуќнина во дебарската куќа има посебно значење во внатрешната организација и естетското оформување на ентериерите. Карактеристичен елемент присутен во секоја соба на муслиманските куќи е амамџикот, и тој е во рамките на вградената опрема. Амамџикот најчесто е поставен покрај влезната партија, формирајќи една целина функционално групирана од архитектонскодекоративни елементи: огниште (камин), полукружна ниша и серген, а на ѕидовите од собите може да има и ниши - долапи. За постигнување на што поголема репрезентативност на ентериерните простори на дебарските куќи, особено во гостинските одаи, се применува богата обработка со резба на дрвените елементи и сликана декорација (на ѕидните површини, полихромна обработка на елементите на вградениот мебел, како и каминот), кои најчесто се присутни во куќите на муслиманското население. Забележително место во општата слика на ентериерите во дебарските соби заземаат таваните кои се состојат од два основни дела: декоративна Куќа на улицa ЈНА 35 –источен изглед Куќа на ул, ЈНА бр.61источен изглед /централен тип на чардак 45 Куќа на ул. ЈНА бр. 33 (попозната како куќа на Гани Граждани) Југоисточен изглед рамка, која го следи периметарот на таванот и т.н. огледало - површината на таванот. Големи уметнички вредности наоѓаме особено кај таваните кои се компонирани од кавадратни полиња со декоративни лајсни и триаголно оформени резбани елементи во аглите. Редовно, во централниот дел на таванот има појава на декоративно обработена розета. Многу ретко во дебарските куќи се сретнува обработка на таваните во вид на кубе. Ваквите тавани спаѓаат во типот на сложени композициони решенија, а според својата декоративна обработка вклучуваат обработка во малтер и боена декорација во комбинација со резбани елементи во дрво. 46 СОСТОЈБА НА ЗАЧУВАНОСТ Архитектонското наследство, преку своите репрезенти од минатото - кои сè уште опстојуваат во архитектонско-урбаната структура на градот Дебар, претставуваат издвоени и на некој начин сегментирани делови кои постојат вон контекстот на сегашната состојба. Врз основа на теренските истражувања, констатирана е различна физичка состојба и степен на зачуваност кај куќите од традиционалната урбана архитектура, кои во текот на нивното повеќедецениско егзистирање биле подложни на разни промени од нередовна грижа или од дополнителни несоодветни интервенциии, како и негативното влијание од надворешни фактори, при што тие во голема мера ги изгубиле трагите на својата првобитна автентичност и препознатливост. Регистрираната деградација на непосредната околина на културните добра со појавата на новоизградени објекти кои се наоѓаат во непосреден контакт со автентично зачуваните градби продолжува. Имено, современите објекти не покажуваат должно внимание и респект кон наследените вредностни квалитети на историската архитектура, што се манифестира со прекумерно зголемување на висината и нивна доминација, неусогласување на архитектонските елементи/детали, материјали и бои. Исто така, вметнувањето на новите објекти се одвива без почитување на вредностите на историскиот амбиент, со што во денешни услови е нарушен континуитетот и интегритетот на уличните фронтови во кои регистрираме очигледен конфликт меѓу старите и новоизградени објекти. Евидентно е влошувањето на физичката состојба и деградација на вградените материјали кај куќите кои подолг период се напуштени, без редовно одржување и грижа (куќите на ул. „Петре Поповски“ бр. 9, ул. „Црн Дрим“ бр. 28, ул. „Павле Џиковски“ бр. 30, како и куќата на ул. „Таша Мартиновска“ бр. 32, куќа на ул. „ЈНА“ бр. 61, куќа на агол на ул. „1 Мај“ и „ЈНА“, куќа на ул. „29 Ноември“ бр. 9 и многу други). Многу позагрижувачки и воедно алармантен е фактот дека списокот на објекти кои трајно ги изгубиле своите специфични архитектонско-стилски особености (заради различни надворешни и др. фактори), се проширува. Покрај куќите на ул „Лиман Каба“ бр. 13, ул. „Црн Дрим“ бр. 32, ул. „Амди Леши“ бр.17, потоа куќата на ул. „Лиман Каба“ бр. 22 (стар бр. 37), за жал, статусот на заштитено недвижно добро трајно ќе го изгуби и куќата на ул. „ЈНА“ бр. 33, која се наоѓа во урнатини и нема материјални остатоци на нејзината историска локација. 47 48 ТРАДИЦИОНАЛНА РУРАЛНА АРХИТЕКТУРА Развојот на селата во дебарско-реканскиот крај зависел од повеќе фактори, природни и општествени. Основна структура на населбата се маалата, најчесто формирани од првите семејства кои го населиле просторот на кое се формирало селото. Во турските пописни дефтери од XV век се споменува постоењето на голем број села кои егзистираат до денешни дни. Покрај непрекинатиот континуитет на постоење, почнувајќи од преттурскиот период, голем број села не ја задржале првобитната локација. Селата поставени во близина на патните правци поради честите напади ја менувале својата местоположба на побезбедни и за живот подобри локации. Сите села во Река се од планински, збиен тип, додека во дебарскиот крај има и рамничарски села од збиен или полузбиен тип. Расположени во пазувите на планините, засолнети од силни ветрови, опкружени со богати пасишта, во селата имало можност да се развие сточарството, како единствена стопанска гранка која им овозможувала опстанок на жителите. Пластичниот терен, особено во регионот Река, кој од планината стрмно се спушта кон коритата на реките или полето, наметнал создавање рурална структура што максимално го користи просторот и можностите на локацијата. Густината на изграденост и косината на теренот условуваат комуникацијата меѓу објектите да биде со тесни, стрмни и искривени патеки. Поголемите сокаци имаат неправилна линија на движење која ги следи изохипсите и конфигурацијата на теренот. Теренските услови и поделбата на парцелата со растот на семејството придонеле кон големата неправилност во формата на парцелите. По површина парцелите се мали и на нив најчесто е поставен само станбениот објект додека стопанските објекти се изградени на периферијата од селото. Поради големата збиеност на селата, ретко останувал простор за дворно место пред влезот на каќата. Наследената рурална матрица и 49 зачуваната архитектура во најголем дел потекнуваат од XIX век и почетокот на XX век. Селата Јанче, Галичник и Гари и покрај измените, претставуваат зачувани целини со традиционална архитектура. Вгнездени високо на планините, амфитеатрално поставени кон долините на реките, тие сè уште даваат препознатлива слика на традиционално реканско село. Карактеристиките и посебноста на реканските куќи не се резултат само на регионалната затвореност, тие произлегуваат и од климатските услови на регионот, локалните топографски карактеристики, нагласената употреба на локален градежен материјал - камен и дрво, како и општествените и економски услови на времето во кое настанале. Уникатноста во поставувањето на куќата на локацијата, доследноста во нејзината ориентација кон слободните видици и сончевите страни, функционалноста на изградениот простор, стандардизацијата на внатрешното уредување, усогласеноста на просторните волумени и едноставната разиграност на ѕидните платна, се општите особини на куќите од Реканскиот Регион. До втората половина на XIX век во целиот рекански крај куќата била скромна по големина. Приземјето било од камена ѕидарија, катот со видлив дрвен скелет, покривот покриен со слама. Ѕидовите од камен имаат густа мрежа од хоризонтални греди - „кушаци“. Поединечен пример од овој тип куќа беше зaчуван до крајот на XX век. Гари, панорама 50 Амфитеатрална поставеност на куќите во Тресонче Куќи-кули целосно изградени од камен во Кичиница 51 Во сите горнорекански села едновремено постојат високи куќи „кули“ и приземни „’ржаници“. И едните и другите ги отсликуваат социјалните контрасти во регионот во текот на XIX и почетокот на XX век. Реканската куќа е од камен кој има влијание и на конструктивното решение и на архитектонското обликување на куќата. Употребениот камен имал и декоративна улога, бил грижливо обработен на фасадите кои останувале немалтерисани, делкан за ќошињата на ѕидовите, за рамките на портите и прозорците, за внатрешните камини и оџаци. Не помала конструктивна улога има и дрвото, меѓутоа, неговите видливи делови не се декоративно обработени. Приземјето на куќата е од камени ѕидови дебели до 80 cm. Иако однадвор масивна, внатре куќата е со бондручна дрвена конструкција употребена за преградните ѕидови. Куќа во Гари со ѕидови од „багдатија” Предниот дел од најгорниот кат со чардакот и гостинската одаја редовно е од дрвена бондручна конструкција, формирана од вертикални столбови опшиени однадвор и однатре со хоризонтални штици, плет од гранки или хоризонтални летвички, додека просторот меѓу нив е исполнет со смеса од кал и сено (Тресонче), кал и песок (Битуше) или само со песок (Галичник), но најчесто исполната е од камен и кал. Надворешните ѕидови околу „куќата“ и економските простории се од камен. Како финална надворешна обработка на фасадата на катовите се употрбува малтерот 52 во пониските планински села (Јанче) или ветрикално исковани штици (Галичник, Битуше). Меѓукатните конструкции се од дрвени греди, а подовите од штици или набиена земја. Дрвената покривна конструкција како завршен покривен материјал има камени плочи или шиндра, додека постарите типови куќи биле покриени со слама ’ржаница. Ѕидната камена структура во приземјето која кај куќите во Горна Река продолжува и на горните катови, во Долна Река преминува во лесна дрвена бондручна конструкција. Лесните ѕидови од „багдатија“, малите ненагласени еркерни испусти на катовите и длабоките стреи, се основни елементи во формирањето на фасадниот израз. Оформувањето на фасадите спонтано произлегува од Куќа во Сенце, покриена со шиндра Куќа-кула во Бродец, детаљ на доксат Куќа во Гари со аголен чардак, затворен со дрвени капаци 53 внатрешната организација на просторот, со отсуство на второстепена декорација. Во селата лоцирани во Мала Река честопати фасадата останувала немалтерисана со видливи хоризонтално исковани летвички (Гари, Могорче). Куќата во реканскиот крај е од затворен тип, со просторна организација која содржи голем број варијантни решенија. Најзастапен тип е куќата кула, настаната како резултат од потребата за одбрана. Најубавиот пример на куќа кула е зачувана во Бродец. Монументалноста на камениот кубус, декоративната обработка на каменот на аглите и на камените портали на влезовите, како и штуко декорацијата на доксатите, му даваат посебно место на овој објект меѓу зачуваните куќи кули. Просторниот развој на куќата се движел во вертикала поради косината на теренот. Чардакот, карактеристичен елемент за македонската традиционална архитектура, е затворен. Единствено во Гари се среќаваат отворени чардаци кои се затвораат со дрвени капаци. Според просторната организација и местоположбата на чардакот се среќаваат неколку типови куќи, и тоа: Братска куќа во Гари 54 Галички куќи, вклопени во стрмнината на теренот Јанче, посебна варијанта на куќа кула во Долна Река 55 - затворен тип куќа со чардак поставен во еден агол од основата; - осно-симетрична организација на просторот со средишно поставен чардак; - затворен чардак поставен по целата должина на основата; - братска куќа, која претставува две сосема поделени просторни целини. Реканската куќа во приземјето ги содржи економските и помошните простории. Основата на куќата е со правоаголна форма освен во збиено изградените простори, каде што формата на основата се приспособува кон теренот и постојната организација на надворешниот простор. На катовите се просториите за живеење на семејството. Просторната организација на катовите најчесто го следи распоредот во приземјето, макар што има и исклучоци каде што симетричниот распоред на приземјето е следен со асиметрична организација на просторот од катовите или обратно. Галичката куќа има свои посебности во организацијата и оформувањето на просторот за живеење. Големиот габарит изграден од кршен или приделкан камен е разбиена со поставување чардак по целата должина на катот, чиј преден ѕид е од бондрук опшиен со штици. Поради конфигурацијата на теренот секое ниво има директен влез од терен. Влезните камени портали се декорирани и на нив се изгравирани иницијалите на сопственикот и годината на градење. Во долнореканските села, како што е Јанче, постои посебна варијанта на куќа кула. Куќата во Јанче е со разиграни форми. Над масивниот камен сутерен и приземје се издига катот од лесна бондручна конструкција малтерисана или опшиена со штици. Еркерните испусти се потпрени на дрвени заоблени косници, а малтерисаните површини на аглите имаат дрвени опшиви. Куќите во малореканските села, иако претставуваат дела на мијачките градители, имаат различни карактеристики во различни села. Постојат бројни решенија на просторната организација што не дозволува одредување на строго дефинирани типови куќи. Куќите во рамничарскиот дел на Дебарскиот Регион, во недостаток на дрво и камен, во долните партии биле ѕидани од кршен камен, а на катот се употребувал плитар, локално изработен, нивелиран со хоризонтални кушаци. Дури и ако се употребела бондручна конструкција, таа била со исполна од плитар. Постарите куќи во дебарските села биле ниски едноделни приземни објекти, покриени со ’ржаница или камени плочи. Подоцна изградените куќи се со приземје изградено од кршен камен и кат од плитар (во рамничарските села) 56 Куќа во Присојница покриена со камени плочи Чешма Упија во Галичник 57 или бондручна конструкција (во планинските села). Честопати катот е еркерно исфрлен над приземјето. Куќите најчесто се осно-симетрично решени со централно поставен трем во приземјето и чардак на катот еркерно исфрлен над тремот, но постојат и асиметрични решенија со аголен чардак. На едниот крај од чардакот е сместен амбарот за жито. Како резултат на продорот на медитеранската клима по долината на Црн Дрим, тремот и чардакот се отворени. Внатрешните ѕидови, како и ѕидовите на катот се ѕидани од плитар или плет малтерисани со кал. Во планинските села надворешните ѕидови на катот се изведени од штички со исполна од кал. Покривот е од дрвена четириводна конструкција покриен со камени плочи, или во најголем број случаи со ќерамиди. Едноставната содржина и просторна појава на куќите во Амбар поставен во аголот на чардакот во Требиште селата од Дебарското Поле ја прави оваа архитектура сосема различна од реканската. Во некои села сè уште постојат селските чешми, иако најчесто во куќите е воведен водовод. Освен станбените куќи во стопанскиот двор, се наоѓале и помошни стопански објекти коишто заземаат значајно место во градителското наследство и играат важна улога во стопаскиот живот на селанецот. Амбарот служел за чување жито. Тој се градел од дрво на постамент од камен и дрвени греди. Носивата конструкција е дрвена опшиена со штици, а покривот е од камени плочи или ќерамиди. Во голем број куќи во целиот регион амбарот е сместен на чардакот, изработен од дрвени штици (Сретково, Требиште). Плевните служат за чување сточна храна и можат да бидат лоцирани покрај куќата (Беличица, Грекај, Врбјани, Церово, Сретково) или групирани на периферијата од селото (Јанче, Ново Село, Нистрово, Горно Косоврасти). Ако се наоѓа до куќата, нејзиното приземје се користи како пондила. Плевните во приземните делови се градени од камен (во планинските села) или плитар поставен на камен постамент (во рамничарските села), а горниот дел е од дрвена конструк58 ција опшиена со вертикални штици или плет од гранки. Покривот е на две води покриен со шиндра или ќерамиди. Особено впечатлив е комплексот со амбари на влезот во селото Горно Косоврасти, кој создава необичен комплекс од градби зачувани во автентична состојба, меѓусебно поврзани и двострано поставени околу тесна и кривулеста уличка. Фурната за печење леб во минатото била присутна речиси во секој селски двор. Основата е изградена од кршен камен а кубето од тула. Покривот е на две води покриен со ќерамиди или камени плочи. До денес се зачувани само мал број фурни со модифицирана форма. Водениците и валавиците се мали камени објекти изградени надвор од селата. Иако на Комплекс плевни во Горно Косоврасти брзите планински реки постоеле поголем број воденици и валавици, тие се сосема разурнати и обраснати во висока вегетација, така што не може да се пронајдат на терен, освен неколку воденици кои се наоѓаат во селата. Бачилата се лоцирани високо на Бистра и Стогово. Објектите за производство и чување на сирењето се камени градби, во најголем дел вкопани во теренот. Трлата се отворени простори, заградени со камени огради од сувоѕид. Во близина на бачилата се наоѓаат чешми со поила за стоката. Состојбата на руралната архитектура во регионот денес е многу лоша. Раселувањето на населението и неодржувањето на објектите довело до уништување на градежниот фонд во населените места и надвор од нив. Острите климатски услови на надморска висина од 1000-2000 m на која се наоѓаат населбите, маргинилизацијата на регионот, лошата инфраструктура, особено немањето 59 Трло во бачило на Бистра патишта, довеле до иселување и напуштање на селата и уништување на културното наследство. Најголем дел од селата се речиси целосно иселени или во нив живеат само по неколку жители во текот на целата година, а во текот на летото сезонски се враќа поголем број од населението. Селата со постојани жители се со мал број население, освен неколку исклучоци. Во напуштените села или селата кои сезонски се користат голем број објекти се разурнати. Во селата со поголем број постојано население наследените објекти се уриваат или обновуваат во современ дух а селата растат и се развиваат со прекинување на локалната градителска традиција. Иако голем дел од највредните објекти се урнати или се во фаза на уривање, селата сè уште ја имаат задржано својата специфична традиционална појава. 60 61 ТЕРМИНОЛОШКИ РЕЧНИК Алаџа – Разнобојна, шарена Амам – Единечна или двојна јавна турска бања Амамџик – Мала домашна бања во одајата или во состав на мусандрата во муслиманските куќи Амбар – Дрвен објект за чување зрнеста храна (жито, пченка) во стопанскиот двор или сандак за брашно најчесто поставен на чардакот Апсида – Полукружен простор на источната страна на олтарот во христијанските сакрални градби, кој на горната страна завршува со полукупола. Артефакт – Рачно изработен предмет, предмет што резултира од човекова активност Архиереј – Старешина на свештениците, највисок православен свештенички чин Архимандрит – Највисок чин во мона шкиот ред, старешина на монасите во манастирите. Багдатија – Хоризонтално поставени штици на внатрешната и надворешната страна на бондручна ѕидна конструкција Базилика – Правоаголна градба со централен брод и два или повеќе странични бродови меѓусебно одделени со колонада, при што централниот брод е секогаш поширок и повисок од страничните. Бачило – Оградено место високо во планините, каде во летниот период се чуваат стадата добиток. 62 АБВД Братска куќа – Двојна куќа, куќа со две станбени единици Бондрук – Дрвен скелетен систем составен од столбови и греди кои најчесто се ортогонално распоредени и косници за укрутување на конструкцијата. Исполната може да биде од земја измешана со слама, плет од тенки врбови или дренови прачки, плитар и др. Вакаф – Завештание; имот, користоносни објекти и други материјални имоти чии приходи биле користени за основање и одржување на исламските верски, добротворни и просветни устнови Вакафнаме – Повелба, документ за основањето на вакафот и за неговото управување; канон, статут на исламското завештание Валавица – Стопански објекти за перење и бојадисување ткаенини, изградени на потоци или реки. Воденица – Објект покрај поток или река, кој ја користи водената енергија за мелење жито. Деисис (Моление) – Композиција која претставува илустрација на посредувањето на Богородица и Св.Јован Крстител пред Исус Христос во името на верниците Дефтер – Тефтер, список, записник, сметководствена книга, трговска книга Дервиш – Муслимански мистик, припадник на некој дервишки ред ДЕЖЗИЈКЛ Дијатретум (дијатрета) – Луксузен римски стаклен сад со богата декорација на нејзината надворешна површина. Доксат – Исфрлен дел од просторијата преку надворешниот ѕид, со издигнато подно ниво Долап – Орман со полици вграден во ѕидот Епархија – Област која се наоѓа под канонска управа на епископ Еркер – Дел од горниот кат на куќата исфрлен над понискиот кат Живопис – Црковно ѕидно сликарство, ликовна уметност во која се слика со бои на тврда подлога во фреско–техника Зограф – Сликар на фрески и икони Игумен – Манастирски старешина Иконостас – Преграда украсена со икони, која го одвојува олтарниот простор од наосот. Имам – Исламски духовен предводник, верско лице што ја предводи заедничката молитва во џамијата Јеромонах – Монах кој може да врши богослужба Кастел– Утврдена населба на тешко достапно возвишение. Кибла – Правец кон Мека кон кој е ориентиран михрабскиот дел на секоја џамија и кон кој се свртуваат сите муслимани во време на молитвата Конак – Просторија за патници, свратилиште Копаничарство – применета уметност, а според некои и занает, на изработка на предмети и резби од дрво Косници – Косо поставени греди, кои ги укрутуваат диреците или ги потпираат исфрлените меѓукатни греди кај еркерите. Ктитор– Основач, заштитник, дарител кој приложува средства за градење, обновување и живописување на цркви и манастири Кубе – Свод, купола Курна – Лавабо во амам изработено од камен или мермер, со четириаголна форма, често убаво украсено, во кое се слевала топлата и ладната вода Куќа – Просторија во селска куќа во која се наоѓа огништето и каде што се готви Куќа–кула – Куќа на неколку ката изградена од камен Куќа– ’ржаница – Приземна едноделна куќа, покриена со слама од ’рж Купола – Свод во форма на полутопка Кушак – Хоризонтална дрвена греда која има функција на серклаж во конструкцијата на камениот ѕид. Левха – Големи врамени паноа кои се поставуваат на ѕидовите во џамиите или муслиманските куќи а на кои се калиграфски испишани цитати од Кур’анот со имињата на првите халифи или со мудри ориентални изреки 63 МНОПС Маала – Дел од еден град, градска четврт, кварт, улица Махвил – Камена или дрвена галерија на столбови, сместена во џамијата покрај ѕидот со влезниот портал Мека – Родното место на пророкот Мухаммед Медреса – Општ назив за исламските средни и виши училишта од интернатски тип Метох – Манастирска или црковна земја или имот, имот даруван на некоја црква или манастир Митрополит – Највисок свештенички чин по патријархот или архиепископот Минаре – Висока кула поред џамијата од која муезинот ги повикува муслиманите на молитва; џамиите може да имаат од едно до шест минариња Минбер – Скалеста проповедалница во џамијата блиску до михработ, од камен или дрво, од која во петок и првиот ден од двата бајрама имамот држи посебна проповед (хутба) Михраб – Полукружна или полигонална ниша, сместена спроти главниот влез во џамијата во правец на кибла, од каде што имамот ја предводи заедничката молитва Муезин – Џамиски службеник кој пред молитвата гласно ги повикува верниците од минарето на џамијата Монах – Лице што се откажало од световниот живот и се посветило на религиозна служба 64 Наос –Внатрешна, централна просторија во античките храмови како и во христијанските цркви, наменета за верниците. Нартекс – Влезен трем во христијанските сакрални градби. Некропола (некрополис) – Град на мртвите, гробишта Нишан – Надгробен споменик од камен на муслимански гроб или гробница, знак, белег Одаја – Соба, просторија во куќата за спиење, примање гости и др. Олтар – Жртвеник, светилиште, простор кој се наоѓа на источната страна на црквата, издвоен од наосот со иконостас и во него се одвива богослужбата Плевна – Дрвен објект поставен над камени ѕидови, за чување сено. Плитар – Непечена тула, изработена од кал Пондила – Штала во приземниот дел од куќите или плевните Портик – Влезен трем кој води до влезната врата, покриен трем со колонада Свод –Внатрешната страна од одредена покривна конструкција која има закривена форма, а најчесто полуцилиндрична Серген – Вграден орман за чување постелнина Семахане – Просторија во текија каде што се врши дервишкиот обред “зикир” СТФХЦЧЏШ Сиџил – Кадиски регистар, протокол на шеријатските судови Сокак – Кратка и тесна улица Страшниот суд – Поучна тема која го прикажува Второто Христово доаѓање произлезено од Откровението по апостол Јован Тамбур – Цилиндричен или повеќеаголен дел на градбата, на кој лежи куполата Тајфа – Организирзна група од неимари кои работеле на изградба на објекти Текија – Дервишка градба во која се вршат дервишките обреди Турбе – Мавзолеј, гробница засведена со купола Фибула – Метална, декоративна игла со која се прицврстуваат одделни делови од облеката. Фортификација – Тврдина, утврдено место Фурна – Посебен камен објект во селскиот двор, за печење леб и други јадења. Халвет – Посебна просторија во амам наменета за капење Хазна – Резервоар за вода во амамите Хиџра – Датумот на преминувањето на пророкот Мухаммед од Мека во Медине (16.07.622), кога започнува пресметувањето на времето по исламскиот календар Царски двери (Свети порти) – Двокрилни врати централно поставени на иконостасот, кои водат од наосот во олтарот и ги симболизираат портите на рајот Црква – Градба која се користи за христијански религиозни активности Чардак – Голема просторија на катот на традиционалната куќа која претставува повеќенаменски отворен или затворен простор, кој ги поврзува останатите простории во куќата. Чаршија – Стопански, трговски и занаетчиски дел на градот кој се наоѓа во централното градско подрачје Џамија – Муслиманска градба која се користи за исламски религиозни активности Шадрван – Фонтана (чешми) пред џамијата за задолжително ритуално миење на верниците Шејх – Дословно старец, старешина, главар (на ред, племе) Шерефе – Ограден простор на минарето (балкон) од каде муезинот ги повикува муслиманите на молитва Шиндра – Мали и тесни штички (елини или брестови) со која се покриваат куќите Штуко – Пластично, релјефно украсување на ентериерот и екстериерот на градбата со употреба на штуко малтери и други материјали 65 КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА Археолошки локалитети во општините Дебар и Маврово и Ростуша Алексова, Б., „Археолошки наоди од с. Лазарополе кај Дебар“, Разгледи I-1, Скопје 1959 Археолошка карта на Република Македонија, Том II, Скопје 1996, 107-116; 118-123. Битракова Грозданова, В., „Прилог кон историјата на Дебарскиот крај“, Историја XVI-1, Скопје 1980, 198-199; 200-201; Ivanovski, M., “The grave of a warrior from the Period of Licinius I found at Taraneš”, Archaeologica Iugoslavica 24, Ljubljana 1987, 81-90. Mikulčić, I., Tabula Imperii Romani, K-34, Sectio Naissus-Dyrrhachion-Scup-SerdicaThessalonike, Ljubljana 1976, 73, 116. Микулчиќ, И., „Минатото на Гостиварскиот крај преку археолошки наоди“, Гостиварскиот крај, природно-геoграфски одлики и општествено-економски карактеристики, кн. I, Гостивар 1970, 86. Микулчиќ, И., Средновековни градови и тврдини во Македонија, Скопје 1996 Микулчиќ, И., Антички градови во Македонија, Скопје 1999 Mikulčić, I., Spätantike und Frühbzyantinische Befestigungen in Nordmakedonien, StädteVici-Refugien-Kastelle, München 2002. Микулчиќ, И., „Франечкиот војвода од Селокуќи Дебар“, Големи археолошки откритија, Охрид 2011, 125-132. Тодоровски, Г., Малореканскиот предел, Скопје 1970 Христијански сакрални споменици во општините Дебар и Маврово и Ростуша Алексиев, Е. Дичо Зограф, Скопје 1997. Балабанов, К. „Дали е оправдано основањето на Бигорскиот манастир и сликањето на иконата посветена на Св. Јован да се поврзува со 1020 година ? и неколку други прилози кон проучувањето на Бигорскиот манастир“, Културно наследство VI, Скопје 1975, 98; Балабанов, К. „Новооткриениот портрет на игуменот на манастирот Св. Јован Бигорски архимандритот Арсение од 1833 година – дело на зографот Даниил монах“, Бигорски научно-културни собири, 1974-1975, Скопје 1976, 67-72. Балабанов, К. „Студии од културно-историското наследство на градот Дебар и дебарската област (I) 1. Кога била градена малата црква посветена на св. Петка во Дебар“, Ликовна уметност 2-3, Скопје 1977. Балабанов, К. „Студии од културно-историското наследство на градот Дебар и дебарската област (II), 1. Прилог кон проучувањето на црквата Св. Варвара во с. Рајчица – Дебарско“, Културно наследство VII, Скопје 1978. Балабанов, K.; Николовски, A.; Ќорнаков, Д. Споменици на културата на Македонија, Мисла, Скопје 1980 год. Василев, А. Бьлгарски вьзрожденски майстори, София 1965; Василев, А. Дичо Зограф, Македонска мисьл, год. I, март-април 1946, кн. 7-8, 372-382. 66 Грозданов, Ц. „Архиепископот Јован од Дебарско и традицијата за основање на манастирот Свети Јован Бигорски“, Манастир Свети Јован Бигорски, Скопје 1994, 41-78. Грозданов, Ц. „Нови прилози за културата и уметноста од XIX век во западна Македонија“, Прилози, МАНУ, Одделение за општествени науки, XXXVI/2, Скопје 2005, 54, сл. 11-14. Грозданов, Ц. Почетоците на Дичо Зограф и иконостасот во село Росоки, МАНУ, Скопје 1994, 33-39. Nikolovski, A. Macedonian Architecture in the Ninetenth and Twentieth Centuries, The Republic of Macedonia, Skopje, 1974, 136-138 Николовски, А. „Живописот во манастирот Свети Јован Бигорски од XVIII и XIX век“, Манастир Свети Јован Бигорски, Културно-историско наследство на Р. Македонија XXXII, Скопје, 1994, 97-128. Николовски, А. „Проучувања и археолошки испитувања на манастирската црква“ Манастир Свети Јован Бигорски, Културно-историско наследство на Р. Македонија XXXII, Скопје, 1994, 81-96. Николовски, А. Уметноста на XIX век во Македонија, Културно наследство IX, Скопје 1984. Николовски, А. „Црква Св. Варвара, с. Рајчица, Дебарско“ (заедно со К. Балабанов), Споменици на културата во Р. Македонија, Скопје, 1971, 216. Поповски, А. „Тајниот јазик на мајсторите градители од Река“, Бигорски научнокултурни собири 1974-1975, Скопје 1976. Поповска-Коробар В. Икони од Музејот на Македонија, Музеј на Македонија, Скопје, 2004. Поповска-Коробар В. „Зографот Антониј Јованов во уметноста од првата половина на XIX век“, Зборник посветен на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, Охрид 2007, 279-294. К. Томовски - Т. Паскали, „Манастирот Свети Јован Бигорски – архитектура“, Манастир Свети Јован Бигорски, Скопје 1994, 41-78. Трайчев, Георги, Книга за Мияцитъ, София 1941. Трајановски, А. „Свети Јован Бигорски - значаен македонски манастир во текот на втората половина на XIX век“, Манастир Свети Јован Бигорски, Скопје 1994, 227-230. Тричковска, Ј. Делата во Македонија на сликарското семејство на Михаил од Самарина, (докторски труд одбранет на Филозофскиот факултет во Скопје во март 2009). Тричковска, Ј. „Западњачки утицаји на црквено сликарство у Македонији преко зографа Михајла и Димитра из Самарине“, ЗБЗ, књ. 18, Београд, 1991. Тричковска, Ј. „Иконописот во Бигорскиот манастир во времето пред обновувањето во 1800 година“, Манастир Свети Јован Бигорски, КИНМ, XXXII, Скопје, 1994. Тричковска, Ј. „Композицијата Оплакување Христово од проскомидијата во црквата Св. Ахилие Лариски во Требиште“, Културно наследство XVI (1989), Скопје 1993, 119128. Ќорнаков, Д. „Резбите во манастирот Свети Јован Бигорски“, Манастир Свети Јован Бигорски, Скопје 1994, 191-211. Ќорнаков, Д. Творештвото на мијачките резбари на Балканот од крајот на 18 и 19 век, Прилеп 1986. 67 Целаковски, Н. „Културата, просветата и книжевната традиција на манастирот Свети Јован Бигорски“, Манастир Свети Јован Бигорски, Скопје 1994, 215-226. Типологија, карактеристики и значење на османлиските споменици на територијата од Дебар и Река Ayverdi, E. H. Avrupa’da Osmanli Mimari Eserleri, Yugoslavya, III, c. 3, Istanbul, 2000, s. 29. Ibrahimgil, M. Z. Balkanlar’daki Fatih Sultan Mehmed Camileri, Balkanla’da Islam Medeniyeti II. Milletlerarasi Sempozyumu Tebliğleri, Tiran, Arnavutluk (4–7–Aralik 2003), istanbul 2006, 513–530. Павлов, З. „Хунќар џамија-Дебар“, Османлиско градителство на почвата на Македонија, том 1, Прилози за истражувањето на историјата на културата на почвата на Македонија кн.24, МАНУ, Скопје 2012, 457-462. Павлов, З. „Нов амам, Дебар“, Османлиски споменици, ед. Македонско културно наследство, Скопје 2008, 36. Павлов, З. „Амамите во Македонија”, Proceedings of the Fourth International Congress on Islamic Civilisation in the Balkans, 13-17 October 2010, Skopje, Macedonia, (Macedonian, Albanian and Serbian), Sources and Studies on the History of Islamic Civilization Series nr. 32, IRCICA, Istanbul, 2015, 489-514. Трифуновски, Ј. „Дебар, антропографски испитувања“, Гласник етнографског института Српске Академије Наука, књ. II-III (1953-54), Београд 1957. Трајковска, С. „Хамами на територији Западне Македоније“, Гласник конзерватора Србије 28, Београд 2004, 78-81. Историски и урбан развој на градот Волињец, Р. „Чардакот во старата македонска куќа за живеење“, Културно наследство бр.8, Скопје 1981, 113-129. Волињец, Р. „Ентериер во старата македонска куќа - врата, прозорец, скали“, Зборник на Архитектонски факултет, бр.4, Скопје 1980, стр.89-114 Волињец, Р. „Архитектонската одмереност на старите дебарски куќи“, Нова Македонија 14 октомври 1979, Скопје Волињец, Р. „Ентериер во стара македонска куќа-таван“, Зборник на Архитектонски факултет бр. 3, Скопје 1979, 67-105. Кировска, И. Смислата на декорацијата во македонското градителство од 19-от век, Републички завод за заштита на спомениците на културата Скопје, Скопје 1999, год. стр. 52-59 Николовска, М. Градските куки од 19-от век во Македонија (просторна организација), Републички завод за заштита на спомениците на културата, Скопје 2003. Светиева, А. Резбани тавани, долапи и врати во Македонија, Институт за фолклор „Марко Цепенков“, Скопје 1992. Томовски, С. Македонска народна архитектура, Технички факултет, Скопје 1960. Томовски, К. „Дебарските куќи од 19 век“, Зборник на Архитектонски факултет бр.2, Скопје 1978, 5-28. Tомовски, К. „Дебарските куќи од 19-от век“, Архитектурата на почвата на Македонија, Прилози за истражувањата на историјата на културата на почвата на 68 Македонија, МАНУ Скопје 2000, стр 71-85 Томовски, К. „Дејноста на мајсторите градители од Дебарската школа во 19 век“, Бигорско - научно - културни собири, Прв научен собир, Гостивар 1971 г Традиционална рурална архитектура Брезовски, С. Реканска куќа, БИГОСС, Скопје 1993. Брезовски, С. „Мијачки тип куќа“ Ревија „Галичник“ 1950. Брезовски, С. „Ревитализација на старата архитектура во Мала Река“, Бигорски научно-култрни собири, Дебар 1972, 35-40. Брезовски, С. „Архитектурата на селата во Горна Река“, Бигорски научно-култрни собири 1974-1975, Скопје 1976, 164-171. Брезовски, С. „Станбена архитектура во Мала Река“, Бигорски научно-култрни собири Волињец, Р. „Селото Битуше, рурален амбиент и архитектура“, Зборник на архитектонско-градежен факултет, Скопје 1977. Волињец, Р. „Село Битуше- стара архитектура, нејзините вредности и перспективен развиток“, Симпозиум Дебар, 6-7 октомври, Скопје 1972, 53-63. Герасимова-Матеска, С. „Споменичка рурална целина Гари”, Културно наследство 3031/2004-2005, Национален конзерваторски центар-Скопје, Скопје 2006, 173-184. Крунић, Ј. „Облици народних кућа Охрида, Кичинице, Галичника и Крушева“, Зборник радова Архитектонског факултета, Београд 1951-52. Намичев, П. Народната архитектура во Реканското подрачје, од 19 и почетокот на 20 век, Музеј на Македонија, Скопје 2000. Намичев, П. Селската куќа во Македонија, Управа за заштита на културното наследство, Скопје 2009. Смиљанић, Т., „Мијаци, Горна Река и Мавровско поље“, Насеља, Београд 1925. Томовски, К., С. Брезовски, „Галичник - рурално-архитектонска содржина“, Архитектурата на почвата на Македонија, Прилози за истражувањето на историјата на културата на почвата на Македонија, МАНУ, Скопје 2000 Филиповски, Љ., В. Бошковски. „Станбени и црковни објекти во Тресонче“, Зборник на Архитектонски факултет бр.1, Скопје 1977, 39-51. Филиповски, Љ., В. Бошковски. „Некои елементи за формирањето на Мијачкиот крај и градежните традиции од селата на Горна Река“, Бигорски научно-култрни собири 1974-1975, Скопје 1976, 45-51. Филиповски, Љ., В. Бошковски. „Архитектонските валери на малореканските села Росоки и Селце“, Културно наследство 22-23, Скопје 1995-1996, 247. 69 CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека «Св. Климент Охридски», Скопје 930.85:726(497.77) 930.85:725(497.77) КУЛТУРНОТО наследство во Дебарско-реканскиот регион / Дафина Герасимовска ... [и др.] ; [превод на англиски јазик Орхидеја Зорова]. - Скопје : Управа за заштита на културното наследство, 2018. - 135 стр. : илустр. ; 25 см Текст на мак. и англ. јазик. - Други автори: Дарко Николовски, Зоран Павлов, Цветанка Хаџи Пецова, Снежана Герасимова-Матеска. - Терминолошки речник: стр. 60-63 ; List of terms: стр. 128-131. - Библиографија: стр. 64-67 ; Bibliography: стр. 132-135. - Содржи и: The cultural heritage in the Debar and Reka region ISBN 978-608-4549-65-9 1. Герасимовска, Дафина [автор] 2. Николовски, Дарко [автор] 3. Павлов, Зоран [автор] 4. Хаџи Пецова, Цветанка [автор] 5. Герасимова-Матеска, Снежана [автор] а) Културно наследство - Сакрална архитектура - Дебарско-рекански регион б) Културно наследство - Профана архитектура - Дебарско-рекански регион COBISS.MK-ID 109134602 70