Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Univerzitet „Sv. Kiril i Metodij“ - Skopje Univerzitet „Sv. Kiril i Metodij“ Institut za sociolo{ki i politi~ko-pravni istra`uvawa - Skopje Politi~kite identiteti vo Republika Makedonija istra`uva~ka studija Rakovoditel na proektot Lidija Hristova INSTITUT Z A SOCIOLO{KI I POLITI^KO P R A V N I ISTRA@UVAWA Универзитет „Св. Кирил и Методиј“- Скопје Институт за социолошки и политичко-правни истражувања Скопје, 2011 Рецензенти: Проф. д-р Емилија Симоска Проф. д-р Гордана Силјановска- Давкова Издавач: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“- Скопје За издавачот: Проф. д-р Велимир Стојковски Јазична редакција: Марија Станкова Компјутерска подготовка и печат: БороГрафика Тираж: 200 примероци Универзитет „Св. Кирил и Методиј“- Скопје Институт за социолошки и политичко-правни истражувања ПОЛИТИЧКИТЕ ИДЕНТИТЕТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (истражувачка студија) раководител на проектот Проф. д-р Лидија Христова ИНСТИТУТ ЗА СОЦИОЛОШКИ И ПОЛИТИЧКО -ПРАВНИ ИСТРАЖУВАЊА - Скопје П Р О Е К Т: Политичките идентитети во Република Македонија ИСТРАЖУВАЧКИ ТИМ: Проф. д-р Лидија Христова, раководител на проектот Институт за социолошки и политичко-правни истражувања Вонр. проф. д-р Аница Драговиќ, член на тимот Филозофски факултет, Скопје Доц. д-р Елеонора Серафимовска, член на тимот Институт за социолошки и политичко-правни истражувања, д-р Беким Кадриу, член на тимот Помл. асс. м-р Анета Цекиќ, член на тимот и секретар на проектот Институт за социолошки и политичко-правни истражувања СОДРЖИНА ВОВЕД д-р Лидија Христова Предмет и цели на истражувањето .................................................. 9 ПРВ ДЕЛ Политички партии, социјални расцепи, идеологии д-р Лидија Христова Политичките партии како репрезенти на посебните интереси .......................................................................... 17 д-р Лидија Христова Партиски идеологии ......................................................................... 31 д-р Лидија Христова Политички и партиски идентитети ................................................... 49 д-р Лидија Христова Социјалните расцепи и партиските профилации во постсоцијалистичките општества ............................................... 55 ВТОР ДЕЛ Политичките идентитети во Република Македонија д-р Лидија Христова Политичкиот плурализам во Република Македонија ..................... 77 m-р Анета Цекиќ Анализа на изборните програми на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за изборните циклуси на парламетарните избори 1990-2008 .... 101 7 д-р Беким Кадриу Учеството на албанските политички партии во Република Македонија на парламентарните избори во 2008 година ........... 139 д-р Аница Драговиќ Социјалната втемеленост на политичките партии во Република Македонија .............................................................. 157 д-р Лидија Христова Вредносните и политичките ориентации на граѓаните на Република Македонија .............................................................. 187 д-р Елеонора Серафимовска Персоналната димензија социјален конформизам - лична автономија, нејзините предиктори и манифестации во сферата на политичкиот живот на граѓаните во Република Македонија .............................................................. 207 ЗАКЛУЧОЦИ д-р Лидија Христова ................................................................... 227 SUMMARY …………..........................................................………… 235 APPENDIX Ι ..................................................................................... 254 APPENDIX ΙΙ .................................................................................... 259 8 д-р Лидија Христова ВОВЕД (1) Истражувањето на политичките идентитети во едно општество, несомнено, е врзано за политичките партии, социјалните расцепи врз основа на кои тие се структуираат, за партиските позиционирања и политики, односно за нивното идејно политичко профилирање. Ако идеите му даваат смисла на политичкото организирање, а идеологијата им дава личност, идентитет на партиите, правејќи ги препознатливи на политичката сцена, со што се сложуваат мнозинството политиколози, на што се темели денес нивниот идентитет и по што се тие препознатливи? Во времето на крајот на историјата и крајот на идеологијата можеме ли воопшто да зборуваме за политички идентитети, кога социолошкиот модел на изборно однесување и партиската идентификација сé повеке му го отстапуваат местото на рационалниот гласач, непредвидлив, критичен и циничен? Ако деполитизацијата, департизацијата и флотатните гласачи станаа главно обележје на современиот политички живот, главно како одговор на крајно прагматичната политика и егоистичните, корумирани политичари, каде да ги бараме двигателите/моторите на политичката мобилизација? Дали Новата наспроти Старата политика, обележана со постматеријалните вредности и либералниот индивидуализам се во состојба да продуцираат солидарност и хомогеност, односно политички идентитети толку потребни за политичката акција? И конечно, ако овие процеси и тенденции се препознатливи во етаблираните демократии, дали и како тие се прелеваат или препознаваат во т.н. посткомунистички општетсва во кои се вбројува и Република Македонија? Постои навистина мошне богата политиколошка литература која ги третира овие проблеми, а авторите преку теоретските расправи, но и преку истражувачките студии (компаративни, лонгитудинални, студии на случај) нудат нови аргументи и сознанија во одбрана на своите тези. Во Република Македонија, анализите од овој вид се малубројни. Ако настојувањето да се даде еден мал придонес во теоретското и емпириското елаборирање на пробле- 9 мот беше еден од предизивиците за истражувачкиот тим, вториот предизивик произлегуваше од спецификите на македонскиот политички амбиент: силни политички конфронтации на политичката сцена, кои понекогаш го оневозможуваат нормалниот политичкиот дијалог; конфронтации што сите избори ги претставуваат како историски, референдумски, а кои по правило беа проследени со насилства и нерегуларности, со што се создаваше основа за оспорување на легитимитетот на победникот. Политичкиот конфликт фундиран врз идејата Предавници - Патриоти, ги втурна граѓаните во една континуирана политичка битка во која една Македонија треба да победи една друга Македонија- без остаток... Од друга страна, во Македонија не постојат антисистемски партии, стратегиската цел на сите е влез во ЕУ И НАТО, сите го прифакаат концептот на либералната демократија и се залагаат за нејзиното остварување во Република Македонија. . . (2).Студијата “Политичките идентитети во Република Македонија” ги презентира резултатите од истоимениот научно- истражувачки проект, реализиран во Институтот за социолошки и политичко правни истражувања во периодот од јуни 2006 до јуни 2009 година, а финансиран од Министерството за образование и наука на РМ. Основната задача која си ја постави истражувачкиот тим беше да утврди какви политички идентитети постојат во Република Македонија, на кои социјални расцепи тие се диференцираат, како тие се позиционираат на еден замислен идеолошки спектар. Или, поинаку кажано, дали силно изразените политички конфронтации изразуваат дихотомна, односно сегментирана политичка структура која е силно втемелена во социјалните расцепи на македонското општетсво? Сосем свесни дека социјалната стратификација (социјалните групи со нивните интереси, потреби, свест/светогледи) не се пресликува (едноставно) во политичката сфера, туку дека таа релација е посредувана од низа фактори, сепак се одлучивме да одговоириме на погоре поставеното прашање. И тоа преку следните елементи: анализа на социјалната припадност на граѓаните, анализа на нивната партиска припадност и анализа на одреден збир на политички ставови и вредности кои тие ги прифаќаат. Основната претпоставка од која појдовме беше дека, доколку постои поврзансот помеѓу овие три елементи тогаш можеме да зборуваме дека партиско -политичките поделби се втемелени во социјалните поделби. Или, погледнато низ призмата на македонскиот силно поларизиран политички амбиент, дека таквата политичка поларизација се темели на постоењето на диференцирани социјални профили на граѓани, кои според своите светогледи, но и 10 некои аспекти на персоналната димензија, припаѓаат на различни култури/пола. Вака поставената истражувачка задача го определи предметот, целта и методолшкиот пристап во истражувањето. (3) Како предмет на истражувањето беа идентификувани политичките партии и граѓаните/избирачите од гледна точка на нивните идејно политички профили. Значи, целта беше да се осознае на какви политички убедувања, ставови, вредности се темелат нивните политички позиции. Се разбира, од методолошки причини, сложената политичка реалност беше симлифицирана, а нашите амбиции ограничени. Партиите беа посматрани како монолитни единици, а истражувањето беше насочено на нивната самоидентификација (преку името, изјави на партиски челници), кон анализа на нивниот основен документ-политичката програма на партијата и анализа на политички профил или имиџ во јавноста (како јавноста, односно граѓаните ја перцепираат партијата од гледна точка на нејзиното идејно-политичко профилирање), со каков идентитет таа учествува во јавната комуникација (како другите ја перцепираат). Истражувањето не беше насочено кон анализа на нејзините реални политики или policy ориентациите (Вон Беуме), пристап кој претпоставува преголем трошок и кој поради тоа исклучително ретко се применува во политиколошките истражувања. (Поради последново истражувачите немаа за цел ниту да го потврдат ниту да го негираат стекнатиот имиџ/стереотип на партијата, туку само да укажат со кои обележја таквиот “производ” се нуди на политичкиот пазар). Освен анализата на партиските програми, беа анализирани медиумите (печатени и електронски), а особено во време на предизборната кампања за вонредните паралментарни избори во 2008 година; беа спроведени интервјуа со политичари, беа анализирани есеите на тема идеологии на политичките партии во РМ на три генерации студенти на последипломските студии по политички науки на ИСППИ. На крај, беше анализирана социјалната втемеленост на партиите - со употреба на анкетен прашалник на национален примерок. Анализата беше ограничена само на големите, релеватни политички партии во РМ и тоа од две причини: прво, бидејки тие го обележаа во најголема мера политичкиот живот во државата во изминатиот период (беа и на власт и во опозиција), па според тоа можеа со полн капацитет да го тестираат во практиката својот идејно-политички профил; второ, затоа што застапеноста на гласачкото тело на помалите партии во примерокот на истражувањето (анкетата) е занемарлива и оттука несоодветна за статистичко 11 оценување. Така, во македонскиот политички блок како најзначајни се издеференцираа СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а во албанскиот ДУИ и ДПА. Второта ниво на анализа беше насочено кон граѓанинот/гласачот. Анкетирањето на граѓаните предвидуваше употреба на еден сложен анкетен прашалник, кој покриваше неколку сегменти: прашања во однос на конзервативно-либералните вредности, прашања во однос на линеарниот спектар левица- десница, прашања во однос на димензијата социјален конформизам- лична автономија (СК-А). Се разбира, и вообичаените прашања поврзани со изборното однесување и изборните преференции на граѓаните. Вака структуираниот прашалник требаше да ни овозможи да се осознаат основните политички и вредносни ориентации на избирачкото тело во Република Македонија и условеноста на таквите поделби од партиските преференции. Со други зборови, можеме ли да зборуваме за (два или повеќе) диференцирани профили на гласачи кои ги легитимираат постојните, силно конфронтирани, политички идентитети на македонската политичка сцена? Истражувањето мораше да ја почитува сложената структура на македонското поделено општетсво, па така освен дихотомијата изразена преку вредносните матрици и политички орјентации, вклучувајки ја тука и персоналната дименизја СК-А (онака како што е погоре посочено), другото ниво на анализата беше македонски политички блок наспроти албански политички блок. Дали диференцираните партиски политики преку кои се изразуваат партиските/политичките идентитети се длабоко втемелени во социјалното ткиво на македонското општество, дали тие линии на поделба на двете нивоа- на ниво на политички партии и нивно стабилно гласачко тело- се преклопуваат? Појдовме од претпоставката дека доколку постои такво преклопување, тоа укажува дека линиите на социјалните поделби ја условуваат партискополитичката поделба. (4) Значи, нашиот пристап е пред се аналитички и емпириски: идентификување на политичките идентитети и нивната социјална втемеленост. Теоретската димензија на анализата се базира на концептот на либералната демократија, а сознанијата поврзани со развиените демократии и посткомунистичките земји се покажаа како нужни за одредувањето на реферетните точки во чиишто рамки ќе се анализира и евалуира состојбата во Република Македонија. Во текстот посебно внимание им посветуваме на идеологиите, и тоа партиските идеологии и начините на нивното истражување во современата политичка наука, не само поради настојувањето да го предизвикаме интересот на академската, но и 12 пошироката јавност за прашања кои се многу малку, или воопшто не се третирани во македонската политичка мисла, туку и заради настојувањето да му овозможиме на читателот да го „ситуира“ нашиот истражувачки потфат во тоа море на разновидни емпириски истражувачки пристапи. (5) Се разбира, нашето истражување немаше амбиции да го заокружи, во истражувачка смисла, проблемот, туку пред се да укаже на некои негови аспекти и со тоа да иницира нови истражувачки зафати. Особено со оглед на фактот што ваквите истражувања се дефицитарни во Република Македонија. Во принцип, анализите кои во фокусот на својот интерес ги поставуваат вредносните и политичките ориентации на политичките актери претпоставуваат континуирано следење на појавите, со цел да укажат на нивната втемеленост и тенденции. Тоа подразбира повторување на истражувањата во одредени временски интервали со истиот методолошки пристап, но и доградба и усовршување на употребените техники и инструменти. На тоа укажуваат познатите и помалку познатите истражувачи на политичките појави и процеси во светот, но на тоа не упатува и нашето скромно искуство. Со овој проект сакавме и во методолошка смисла да направиме еден мал чекор напред во смисла на употребата на помалку користените техники, инструменти и статистички обработки на податоците, со можност на нивно усовршување и доработка во некои нови, идни истражувања. 13 14 ПРВ ДЕЛ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ, СОЦИЈАЛНИ РАСЦЕПИ, ИДЕОЛОГИИ 15 16 д-р Лидија Христова ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИРЕПРЕЗЕНТИ НА ПОСЕБНИТЕ ИНТЕРЕСИ Несомнено, политичките партии се главните протагонисти на модерната политика, основни политички актери поврзани безмалку со сите политички институции и процеси во современото граѓанско општество. Конституирањето на парламентите, функционирањето на владите, спроведувањето на изборите и воопшто поврзувањето на граѓанинот со власта или етаблирањето на демократијата како владеење на народот и нејзиниот развој, се едноставно невозможни без партиите. Можноста што тие му ја даваат на граѓанинот да учествува во избирањето на власта, но и да одлучува за политиките според кои ќе се одвива општествениот развој во наредниот период, ги прави партиите далеку поатрактивни, а воедно и поблиски за граѓаните од другите политички субјекти и институции. Граѓаните, впрочем, во голем број се идентификуваат со партиите, манифестираат лојалност или дистанца во однос на нив, полемизираат жолчно или со одушевување за нив, што не е случај со другите политички институции.1 Од широкиот, безмалку бесконечен спектар на прашања сврзани за партиите овој пат ќе се фокусираме на еден значаен аспект- политичката понуда- преку која партијата се легитимира пред јавноста, но и се диференцира, станува препознатлива за избирачите. Станува збор за идејно политичкото профилирање на партиите преку кое во најголема мера се гради нивниот идентитет. За волја на вистината, во многубројните дефиниции на партиите идеологијата не спаѓа меѓу задолжителните или конститутивни елементи. Но, ако се вратиме на почетокот на приказната- на нивното појавување, развој, функции, впрочем и на самиот термин и на неговите корени, несомнено ќе допреме до демократијата или владеење на народот, политичкиот плурализам и граѓанското општество, како еволутивни етапи во развојот на политичкото општество. 1 Goati V. Partiske borbe u Srbiji u postoktobarskom razdoblju. FES, IDN: Beograd, 2006, str. 11 17 А, бидејќи сегментираната социјална структура на секое општество укажува на различните интереси и потреби на пооделните сегменти/групи, кои треба да бидат претставени и задоволени, партиите се јавуваат како основни канали преку кои таквите интереси се промовираат и реализираат во системот. Сегментираната социјална структура, иманетна на секое општетсво, пред политиката поставува свои барања. Појавувањето и опстојувањето на партиите на работниците, земјоделците, буржуите, на пооделни етнички или религозни групации, на зелените во поново време, несомнено укажуваат на неодржливоста на тезата за хомогеноста на народот и за „општествениот договор“ како израз на некаква еманципација на граѓаните од своите поединечни, (егоистични) интереси. Дури и комунистичките режими, кои инсистираат на монополизација на политичкиот живот од страна на единствената авангардна политичка партија (која по дефиниција ке се грижи за доброто на целото општество и за неговиот напредок), на партијата и дава предзнак работничка, комунистичка/социјалистичка, што несомнено укажува на нејзината стратегија во остварувањето на посакуваното општество. Шаренилото на светогледи, операционализирани преку партиските програми, е можеби најзначајниот критериум според кој се изразува партискиот плурализам, диференцирајки ја во помала или во поголема мера политичката сцена во едно општество и нудејќи различни политички опции за подобро утре. Граѓаните, односно работниците, селаните, буржуите, сиромашните, во таа политичка понуда ја идентификуваат “својата добитна комбинација” и добиваат шанса дирекно да учествуваат во избирањето на носителите на власта и во определувањето на стратегијата за идниот развој на општетсвото. Во таа смисла Downs (1957, 28) можеби најдобро ја илустира таа ситуација, напоменувајки дека “партиите ја формулираат политиката за да победат на изборите, а не победуваат на изборите за да ја формулираат својата политика”. Всушност, како партиите ги формулираат своите политики, како воопшто се појавуваат тие светогледи? И, од друга страна, како граѓаните ја избираат/препознаваат својата партија? Од што се раководат во својот избор? Зошто на политичкиот пазар се појавува одредена понуда и силно се наметнува со својата компетитивна предност, а не некоја друга? 18 1. Социјалните расцепи како основа за политичкиот плурализам и диференцијација Голем, би рекле доминантен, број истражувачи објаснувањето за структуирањето на политичката сцена и преференциите на граѓаните во однос на играчите на таа сцена, го бараат во социјалните расцепи. Оттука сложените општества ќе имаат и сложена и динамична партиска сцена, за разлика од оние каде расцепите не се толку длабоки и сегментирани. Различни по својот вид - класни, родови, генерациски, религиозни, меѓусебно испреплетени и динамични, тие креираат различни констелации на односи. Ако кон тоа се додаде и фактот дека на нив се потпираат различни интересни матрици и вредносни склопови, станува сосема јасно дека не станува збор за нивното голо пресликување во политичкиот живот, ќе нагласи Зоран Стојилјковиќ.2 Линиите на социјалните поделби не се преклопуваат со политичките, така што повеќе социјални групи можат да коегзистираат во рамките на исто партиско-политичко поле- национално, либерално или конзервативно. Значи, приказната е доста сложена. Денес безмалку сите автори кои пишуваат на ова тема поаѓаат од делото на Стејн Рокан и Сејмур Липсет (1967) кои зборуваат за четирите основни расцепи кои ги предизвикале верските, национално-политичките и индустриската револуција. А тоа се: држава-црква, центар-периферија, село-град и труд-капитал. Таквите расцепи се од потрајна природа, така што партиските системи на Западните земји и при крајот на шестата деценија на дваесеттиот век се структуирани (практично замрзнати) околу овие расцепи, кои настанаа пред повеќе од 40 години (значи, во дваесеттите години на 20 век). Секој од овие расцепи постави во политичката агенда различни прашања за чиешто решавање се издиференцираа различни интереси. Главните политички актери преку кои овие состојби се отсликаа во политиката беа политичките партии. Во условите кога овие расцепи беа особено изразени, тие претставуваа основа за силна хомогенизација, за јакнење на чувството за зедничка припадност, за споделување на заеднички идентитет, што претставуваше добра основа за политичка мобилизација. Можеби најтипичен пример се класните расцепи. 2 Stojiljkovic Z. Socijalni rascepi и linije politickih podela u Srbiji“, во Lutovac Z. (ured.) Politicke stranke и biraci u drzavama bivse Jugoslavije, Friedrich Eberd Stiftung, Insitut drustvenih nauka, Beograd 2006, str. 12. 19 На класните расцепи им е посветено најмногу време и простор во општетсвените науки (за тоа се особено заслужни маркситите), бидејки преку нив се изразуваа базичните и, би рекле, горливите проблеми на индустриското општетсво: вработеност, стандард, социјално осигурување, социјални разлики, улогата на државата во регулирањето на економијата. Нивното значење за партиската профилација ќе го нагласи и Липсет (1981), напоменувајки дека во светски рамки, основната генерализација што може да се направи е, дека партиите се примарно базирани или на ниската или на средната или на високата класа3. Сосема очекувано, припадниците на високата и ниската класа ќе имаат различно видување за слободниот пазар, за улогата на државата во економијата, за социјалните разлики. Па така, во зависност од нивната социјална основа, дел од партиите се залагаат за егалитарно општетсво и зајакната улога на државата во економијата (социјалисти, социјалдемократи- левица), или за јакнење на индивидуалната иницијатива и за толеранција во однос на социјалните разлики, односно за минимална улога на државата (економски конзервативци-десница). Што се однесува до религиозните расцепи, тие имаа најголемо значење при крајот на 19-от век и се однесуваа пред се, на конфликтите помеѓу елитите. Модерните партии не останаа рамнодушни кон религијата, прокламирајки се себе си за секуларни или поврзани со специфични религии, па дури и нагласувајќи го својот религиски идентитет и преку името на партијата (на пример: христијанска или христијанско-демократска партија). Потпирајки се на сознанијата од компаративни истражувања, некои автори ќе дојдат до заклучок дека за однесувањето на гласачите од најголемо значење е токму нивната религиската припадност. Но, и класните и религиските расцепи бележат еден надолен тренд, кога станува збор за нивното влијание врз политиката. На тоа укажуваат бројни компаративни студии кои ја испитуваа корелацијата помеѓу однесувањето на гласачите и нивната социјална припадност. Дали промените ги зафатија сите земји истовремено? Во едно компаративно истражување со кое беа опфатени 14 земји од Западна Европа, спроведено при крајот на осумдесеттите, познатата и мошне релевантна авторка на партиите и изборите, Пипа Норис, ќе заклучи дека опаѓањето на значењето на општес3 Dalton R. J. Political Cleavages, Issues and Electoral Change во Le Duc L., Niemi R. Norris P. (eds.) Comparing Democracies 2- new challenges in the study of elections and voting, SAGE Publications, London, Thousand Oaks, New Delhi, 2006 стр.192 20 твените расцепи од 60-тите не се случуваше со исто темпо во сите земји. Таа смета дека може да се зборува најмалку за 4 бранови на промени, со кои беа зафатени различни земји: САД и Канада- во првиот бран; Франција, Велика Британија, Австралија и Нов Зеланд- во вториот; Белгија, Данска, Холандија- во третиот, Германија, Италија и Норвешка- во четвртиот бран. Токму оваа околност ќе и овозможи на политичката наука да опсервира и анализира, како промените во социјалната структура се рефлектираа во партиската политика, соочувајки ги политичарите во сите земји со големи неизвесности, но и со нови можности во постиндустрискиот свет, заклучува таа4. Објаснувањата за промените треба да се бараат во комплексните општетсвени промени (пред се во технолошката сфера, стопанството, економијата) кои настапија во втората половина на дваесеттиот век, и кои на своевиден начин се одразија на социјалната стратификација (на класната структура, на рекомпонирањето на свеста, на начинот на живеење, на потребите и интересите на граѓаните, и оттука на рангирањето на нивните политички приоритети). Слични трендови се бележат и кај религиските расцепи. Модернизацијата и промените во начинот на живеење оставија помал простор за религијата во секојдневието на граѓаните, но аналитичарите сепак предупредуваат дека поради сложената природа на религиските расцепи многу е потешко да се истражува нивната релација со партиските преференции. Она што сепак може да се заклучи е, дека процесот на секуларизација го зголемува бројот на оние кои не се верници, и таквите гласачи сигурно не го засновуваат своето изборно однесување врз религиската припадност.5 Што се однесува до другите социолошки обележја на гласачкото тело, расцепот град-село исто така го губи своето значење како резултат на сеопштата модернизација, што го намалува јазот помеѓу урбаните и руралните средини, а и регионалните разлики се со мало значење. Расната и етничката припадност се социјални обележја кои покажуваат еден обратен тренд и тие се, несомено, во можност да предизивикаат висока политичка мобилизација силни чуства на групен идентитет . 4 Norris P. (ed) Elections and Voting Behaviour- New Challenges, New Perspectives, Ashgate Dartmouth, 1998, стр. 63-89 5 Dalton R. J. Political Cleavages, Issues and Electoral Change во Le Duc L., Niemi R., Norris P. (eds.) Comparing Democracies 2- new challenges in the study of elections and voting, исто, стр. 200 21 Промените поврзани со слабеењето на класичните Рокканови расцепи,6 кои во политичката сфера се рефлектираа со појавата на catch-all партите (Kirchheimer) или народните партии и настојувањето да се привлечат што повеќе гласачи, (да се дојде до брза изборна победа), придонесе за драстично намалување на идеолошкиот багаж на партиите, јакнење на партиското водство, зголемување на врските со мноштво интересни групи, но и намалување на улогата на индивидуалните партиски членови. Еволуцијата на новиот тип на партии, кои стануват се повеќе центристички, поумерени, послични едни на други, ќе ја ослабат нивната репрезентативна улога, а ќе ја зајакнат професионализацијата на партиите и силната употреба на медиумите7. 2. Новите социјални и политички расцепи Констатацијата за опаѓањето на значењето на социолошкиот модел, за објаснувањето на однесувањето на гласачите го наметна прашањето за новите социјални и/или политички расцепи. Така, во литературата влегоа расправите за Старата версус Новата политика (Hildebrant and Dalton, 1997) и материјалистичките наспроти постматеријалистичките вредности (Ingelhart, 1997, 2000). Ако во почетокот овој конфликт на ниво на партиските политики и беше можно да се идентификува како конфликт помеѓу старите и етаблирани партии (и леви и десни), наспроти Новите левичарски и Зелени партии, денес е невозможно да се направи таква дистинкција, поради заемното влијание што партиските политики го извршија едни на други8. И тука се доближуваме до прашањето на конвергенција на партиските политики и на појавата за catch-all партиите и catch-all плус партиите. Наметнувањето на прашањата од краткорочен карактер (имиџот на кандидатите, успехот/ефикасноста на владата во економската сфера, во борбата против коруп6 Кога точно настанаа овие промени, не е сосема јасно, но некои ја посочуваат Виетнамската војна, а некои мајските настани во Париз во 1968, како клучни во стимулирањето на „новиот популизам“. Види кај: Franklin М., Mackie Т., Electoral change in Western countries:consequences of post-industrial social change, во Norris P. (ed). Elections and Voting Behaviour- New Challenges, New Perspectives, Ashgate Dartmouth, 1998, стр. 66 7 За ова пишуваат речиси сите автори кои се занимаваат со партиите и партиските системи. Види, на пример, кај Hejvud (2004), Sartori (2003), Dela Porta (2003), Gunther, Ramon-Montero and Linz: (2002) и др. 8 Rucht D. Political Participation in Europe in Sakwa R., Stevens A. Contemporary Europe, scond edition, Palgrave foundations, 2006, стр. 115; Millard F. Elections, parties and representation in Post-Communist Europe, Palgrave, Macmillan, 2004 22 цијата, нејзината политика про или контра абортус, итн) како одлучувачки за гласачкото однесување, сугерираат дека е создадена една нова констелација на политички односи, во кои за идеолошкото профилирање на партите и на гласачкото тело има се помалку место. Диверзификацијата и индивидуализацијата во начинот на живеењето го форсира она што во литературата се нарекува issue voting, а ја слабее партиската хомогеност и солидарност, како и психолошките приврзаности (слабеењето на партиските идентитети го наметнува и проблемот на политичката мобилизација). Поделбите внатре во партиите ескалираат (поделба на помалку или повеке радикални крила), обележувајќи го внатрепартискиот живот и на левите и на десните партии. Во литературата, сепак, и понатаму продолжува дебатата произлезена од синтагмата крајот на идеологијата и/или крајот на историјата, и во рамките на таа глобална дебата се бара одговор на прашањата: дали и колку денес имаат значење старите социјални расцепи, дали и колку денес може да се зборува за идеолошко профилирање на политичките партии. Дека одговорот на прашањето не е така едноставен покажуваат и сознанијата добиени во компаративните истражувања, кои за цел ја имале корелацијата помеѓу изборот на партијата и ставовите на гласачот во однос на три глобални прашања: улогата на државата во економијата (класно прашање), ставот во однос на абортусот (прашање сврзано со религијата) и постматеријалните вредности засновани на Ингелхартовата скала на вредности. 23 Табела бр. 1 Корелации помеѓу ставовите и партиските преференции, 1990-1991 Австрија Белгија В. Британија Канада Данска Финска Франција Германија Ирска Италија Јапонија Холандија Норвешка Португалија Шпанија Шведска САД просек Економски прашања Прашањето за абортус Постматеријал ни вредности 0.10 0.17 0.21 0.13 0.29 0.25 0.24 0.16 0.15 0.15 0.14 0.24 0.22 0.15 0.19 0.19 0.15 0.19 0.14 0.17 0.07 0.09 0.18 0.19 0.13 0.12 0.14 0.20 0.10 0.20 0.19 0.14 0.22 0.22 0.06 0.14 0.21 0.13 0.16 0.14 0.21 0.25 0.16 0.18 0.12 0.15 0.21 0.22 0.16 0.13 0.18 0.14 0.11 0.17 Забелешка: внесените податоци се 5-тте корелации на Крамер. Респодентите без партиска преференција се изземени. Извор: 1990 World Values Survey, преземено од Dalton R. J. Political Cleavages, Issues and Electoral Change во Le Duc L., Niemi R., Norris P. (eds.) Comparing Democracies 2 - new challenges in the study of elections and voting, SAGE Publications: London, New Delhi, 2006 p. 204 Какви сознанија нуди табелата? И покрај намаленото значење на социјалните расцепи врз политиката, прашањата поврзани со нив се уште влијаат на гласачкото однесување (особено во Скандинавија, Велика Британија, Австралија, но донекаде и во САД, Јапонија, Канада). Проблемот со абортусот е особено релевантен во земјите во близина на Медитеранот (главно католички) и во Белгија, каде што е евидентна поделбата по религиска основа. Постматеријалните вредности (на просечно ниво) по своето значење “се ситуирани” помеѓу двете прашања поврзани со припадноста на социјалните групи. Неколку земји- Германија, Австрија, 24 Јапонија, Данска, Финска, Холандија- покажуваат особена сензибилност во однос на тие прашања. Сé на се една доста диверзифицирана слика, која ни дава за право да заклучиме дека и Старата и Новата политика се борат “за свое место под сонцето”. Едно неодамна спроведено истражување (Andre Freire, 2008)9 дава уште еден придонес во таа смисла, потврдувајки дека социјалните фактори се и понатаму значаен елемент во објаснувањрето на индивидуалните политички ориентации (лево-десно) на граѓаните. Критикувајќи ги сознанијата на оние автори кои побрзаа да ја потврдат победата на Новата над Старата политика, тој укажува дека со употребата на пософистицирани статистички техники во научните истражувања ќе се дојде до порелеватни сознанија. Авторот доаѓа до уште едно сознание, а тоа е дека карактерот на политичката понуда е мошне значаен за објаснувањето на политичките ставови на граѓаните: “Доколку политичките партии ги презентираат јасно своите политички алтернативи, гласачите ќе можат да презентираат поструктуирани гледишта за значењето на левицата и десницата. Погенерално, иднината на левицата и десницата за масовната политика е отворена; тоа зависи многу од (автономната) улога на политичките партии.”10 И за Вилијам Милер и Ричард Ниеми11, партиската поларизација е особено значајна за однесувањето на гласачите. Изборот кој гласачот ќе го направи е објективно условен (тие зборуваат за “constrained and conditioned voters) од неколку фактори, за кои гласачот не е свесен. Тука спаѓаат изборниот систем и лимитираниот спектар на политички опции, од една страна, како и социјалниот и географскиот контекст во кој гласачот живее, но и начинот на кој му е претставена политиката. Генерално, сметаат авторите, промената во однесувањето на гласачите е предизвикана, пред се, од промените во партиите и во системите, а помалку од промените во психологијата на гласачите. Доколку партиите се разликуваат силно во однос на некои проблеми (issues), ќе се разликуваат и гласачите. Доколку партиите го употребуваат експлицитно идеолошкиот речник, истото ќе го прават и нивните гласачи. Доколку партиите се фокусираат на личноста на кандидатите, гласачките поделби ќе ги реефлектираат кандидатските профили. Повикувајќи се на анализата на Crewe (1992), тие ја илустрираат оваа теза со 9 Freire A. Party Polarization and Citizen’s Left Right Orientations in Party Politics, Vol 14 (2) 2008, pp. 189-209 10 Freire A., исто, стр. 203 11 Miller W., Niemi R. Voting: Choise, Conditioning and Constraint во Le Duc L., Niemi R. & Norris P. Comparing Democracies 2, стр.169-187 25 следната фраза: “променливи гласови и непроменливи гласачи” (changing votes and unchanging voters)12. Ваквите ставови го нагласуваат влијанието што партиите го имаат врз гласачите (што е несомнено), маргинализирајќи го и обратниот смер на влијание: гласач- политичка партија. Со тоа се занемарува фактот дека, сепак, се работи за една двонасочна комуникација. Имајќи ги предвид погоре изнесените сознанија, се поставува прашањето: можно ли е да се предвиди однесувањето на гласачите? 3. Модели на изборно однесување “Било да се интересира многу или воопшто да не се интересира за политиката, било да зборува радо за неа со своето опкружување или тоа да не го прави никогаш, било да оди на гласање или да остане дома на денот на изборите, било да се потчини на своите избраници или да е подготвен да излезе на улица за да го изрази своето негодување, ГЛАСА^ОТ ИМА СВОИ ПРИ^ИНИ”13 Еден од најголемите предизвици за аналитичарите бил како да се предвиди изборното однесување на гласачите или како да се откријат причините за изборното однесување. И тоа не (само) од политичко прагматични причини, туку поради фактот што иако навидум мошне едноставен политички акт, гласањето претставува еден од најбогатите извори на информации за интеракцијата помеѓу индивидуата, општеството и политиката.14 Повеќедецениските истражувања резултираа со неколку теории (некои ги нарекуваат модели) за однесувањето на гласачите, кои преферирајки едни или други општетсвени фактори се покажаа како парцијални, а нивната употребна вредност лимитирана, во обидот да дадат објаснување на многубројните фактори свесни и несвесни, рационални и ирационални, себични или не, кои влијаат на чинот на гласањето, кој е во исто време колку индивидуален толку и социјален. Она околу што се сложуваат аналитичарите од академските кругови е, дека влијанијата врз гласањето 12 Miller W., Niemi R. Voting: Choise, Conditioning and Constraint, исто, стр. 184 Boy D, Mayer N. Lelecteur a ses raisons, Presses de sciences PO, Paris,1997 14 Hejvud E. Politika. Clio: Beograd, 2004, стр. 453 13 26 се од долгорочен и од краткорочен карактер- краткорочните се однесуваат на конкретни избори и не даваат сознанија за факторите на гласачкото однесување во целина. Меѓу краткорочните спаѓаат: конкретните резултати на власта во економијата, на пример, (инфлација, (не)вработеност, личноста на партиските водачи и/или кандидати, предизборната кампања, медиумите. Под нивно влијание гласачот ја донесува изборната одлука во конкретниот случај. Фактори од долгорочно влијание се оние кои се поврзани со социјалната структура на општеството, партиските идентификации. Во политолошката литература најпознати се три теории на гласањето, кои воедно се третираат и како аналитички модели на изборното однесување на гласачите15. Се работи за социолошкиот модел, моделот на партиската идентификација и моделот на рационалниот избор. Приврзаниците на социолошкиот модел, изборното однеусвање на гласачите го објаснуваат со нивната социјална припадност, што значи дека економската и општетсвената припадност (класна, расна, религиска итн.) ја детерминира и нивната политичка/партиска преференција. Во ова смисла, најексплоатирана поделба е онаа при која припадниците на работничката класа гласаат за левите партии, додека соспствениците на капиталот гласаат за десните партии, при што двопартсикиот систем во Велика Британија долго време се сметаше за типичен пример кој емпириски го потврдува социолошкиот модел. Социолошкиот модел сугерира дека однесувањето на електоратот е предвидиливо и стабилно и не е подложно на промени врз основа на влијанијата од краткорочен карактер. Моделот на партиската идентификација сугерира дека гласањето е резултат на психолошката приврзаност на гласачите за определена партија, кон која тие изразуваат лојалност. Партиската идентификација дејствува како еден перецептивен екран која ја филтрира визијата на светот на избирачите, и затоа тие ги доживуваат и инетрепретираат личностите и настаните во светлината на веќе постоечката лојалност и приврзаност. Се работи за лојалности кои не се подложни на брзи промени, кои најчесто се стекнати во фазата на раната социјализација во рамките на семејството. И во овој случај се работи за релативно стабилно и предвидливо однесување на гласачкото тело, на кое влијанијата од краткорочен карактер имаат мала улога. За разлика од првите два модела, во третиот случај (модел на рационалниот избор) избирачот е во активна позиција, промислувајќи ја својата 15 Христова Л. Изборното однесување на граѓаните во Христова Л. и др. Парламентарните избори во Р. Македонија 1998, Институт за социлошки и политичко-правни истражувања, Скопје, 1999 стр. 51-60 27 сопствена положба во општетсвото (своите политички приоритети), остварувањата на политичките партии, и врз основа на тоа определувајќи се за онаа политичка опција која во конкретниот случај најмногу ќе придонесе во остварување на неговите инетреси и потреби. Овој модел поаѓа од индивидуата и нејзината моќ на рационално расудување, па затоа актот на гласањето не е ништо друго туку рационален чин, преку кој таа, ценејќи ги конкретните околности (општествени и политички), при секое гласање се определува за онаа политичка опција која во најголема мера ќе ги оствари нејзините интереси. Токму тука влијанијата од краткорочен карактер особено доагаат до израз, а однесувањето на гласачкото тело е релативно непредвидливо. Поедноставено кажано, и во првиот и во вториот случај зборуваме пред се за припадности и лојалности на гласачите, а во третиот за казнување и наградување на партиите. Од она што претходно го кажавме за социјалните расцепи и нивната динамика, како и за резулататите од многубројните истражувања, очигледно е дека двата први модела сé повеќе губат од нивното значење, остапувајки му место на моделот на рационалниот избор. Овој општ тренд, сепак, треба да се земе со извесна резерва, бидејки следната констатација на која укажуваат многубројните истражувања е дека, наспроти незапирливиот настап на новата политика стариот образец на изборно однесување не е сосема напуштен. Во зависност од конкретниот општествен контекст, нивното врамнотежување или нивелирање е различно од една до друга средина. Во литературата постојат бројни референци кои ги објаснуваат промените во социоекономската и социокултурната сфера и нивното влијание врз политиката 16 или, поконкретно, промените во структурата на социјалните расцепи и нивното влијание врз политичките поделби и однесувањето на гласачите. Притоа, треба да се нагласи дека политичките партии не се само голи рецептори на овие промени, туку и активни субјекти кои преку креирање на нови политики влијаат на граѓаните, на нивните политички приоритети и, воопшто, имаат активна улога во креирањето на политичкиот амбиент, со што повратно влијаат на општествените процеси. За значењето на двостраната комуникација помеѓу општествената и партиската структура пишуваат повеќе автори. Познатиот истражувач на вредносно- културната компонента на општествените промени, Д. Пантиќ, потсетува дека токму таа може да 16 Види на пример, Hejvud, (2004), Della Porta (2003) Haralambos, Holborn (2002), Holberg (во Klingemann, HD. Fuchs (ed.) 1995), Ingelhart (2000). 28 изразува една интензивна поделба на ставови во рамките на една популација, па оттука и да биде релеватна за партиската конфигурација. Тој потсетува дека односот помеѓу културно- вредносните расцепи е сложен и двосмерен, што значи дека и партиската инфраструктура повратно влијае на расцепите од овој тип. Реалноста е уште посложена доколку се има предвид дека на процесот влијаат и други чинители, било тие да им претходат на културновредносните расцепи, било да се јавуваат истовремено со нив.17 Во секој случај, ако социјалните расцепи претставуваа основа за идејно политичко профилирање на партиите, и ако со нивното слабеење партиите се ослободуваат од нивниот идеолошки багаж, како што велат некои автори, останува отворено прашањето: на што се должат партиските позиционирања? Ако идеологиите сфатени како крути и дури агресивни сили полека се повлекуваат од политичката сцена, политичките партии не можат да опстанат без основни идејни постулати, без програми, без основен политички идентитет. Иако идентитетот денес не е исклучив и затворен за надворешниот свет, тој сепак и го дава она неопходното на секоја партија- нејзината личност – еден вид на внатрешна кохезија поврзана за еден идеал/програма.18 Прашањето кое се поставува пред истражувачите е: како денес се изразува партиската идеологија и како се мери, односно како се истражува? 17 Pantic D., Pavlovic Z. Stranacke pristalice и komponenete politicke кulture u Srbiji, во Lutovac Z. (ured.) Politicke stranke и biraci u drzavama bivse Jugoslavije, FES i Insitut drustvenih nauka: Beograd, 2006, стр. 95 18 Lutovac Z. (ured.): Demokratija u politicklim strankama Srbije, Insitut drustvenih nauka, FES, Beograd 2006, стр. 17 29 30 д-р Лидија Христова ПАРТИСКИ ИДЕОЛОГИИ Како што веќе напоменавме, идеолошкото профилирање на партиите е мошне битна димензија на партиските системи од нивното појавување до денес. Резултататите од најновите истражувања укажуваат дека партиските натпревари и денес не се лишени од идеолошката компонента, иако начинот на нејзиното изразување на политичката сцена е различен. Во обидот идеологиите да се класифицираат и да се осознаат нивните меѓусебни релации, креирани се различни категоризации, при што најпозната е онаа на линераниот политички спектар, на кој идеологиите се подредни помеѓу крајната левица и крајната десница: комунизам, социјализам, либерализам, конзервативизам, фашизам.19 Следејки ја генезата на партиските системи која е релеватна за најголем број западни демократии, Сартори нуди една типологизација која е воедно употреблива и како типологија за идеолошките семејства на партиите: либерални, конзервативни, работнички партии, аграрни партии, регионални партии, христијански партии, комунистички партии, фашистички партии, партии, на десниот популизам и најпосле партии на зелените.20. Припадниците на секоја фамилија споделуваат исти или слични базични вредности и видувања околу тоа каков треба да биде посакуваниот поредок и како да се дојде до таквиот поредок. Или, како што тоа го формулира Адамс, секоја од нив има своја теорија за тоа, зошто постои разлика помеѓу тоа какви се нештата, а какви треба да бидат21. Така, на пример, либе19 Види кај Heywood А. Political ideologies- an introduction, second edition, Palgrave, New York, 1998, стр. 17. Има повеќе варијанти на линеарниот спектар, иако во сите е претставен континиумот левица-десница. Leon Baradat, на пример, ги употребува следните категории: радикали, либерали, умерени, конзервативци, реакционери. Види во: Baradat L. Political ideologies, fifth edition, Prentice Hall International, 1994 стр. 13 20 Во анализата Сартори укажува дека појавата, развитокот и нивната компетитивна вредност на политичката сцена е условена од видот и силината на социјалните расцепи, кои се основата за нивното структуирање. Види повеќе: Sartori Ð. Uporedni ustavni inzinjering. Beograd: Filip Višnjič. 2003, стр..58-75. 21 Adams I. Political ideology today –third edition, Manchester University, 2001, стр. 5 31 ралите го напаѓаат незнаењето, ирационалноста и неконтролираната власт, социјалистите го напагаат капитализмот, додека за анархистите изворот на злото е во државата. Со други зборови, секоја партиска фамилија има своја идеологија. А што подразбираме под идеологија? Од многубројните дефиниции со кои е преплавена современата политиколошка литература22, се определивме за онаа на Ендрју Хејвуд, за која сметаме дека на најкомплетен и најразбирлив начин ја изразува нејзината суштина: Идеологијата е еден, помалку или повеќе, кохерентен збир на идеи, што создава основа за преземање на организирана политичка акција, која може да биде насочена кон зачувување, модифицирање или промена на постојниот поредок23. Вака сфатена идеологијата подразбира не само визија за развој на општеството, туку и збир на вредности, убедувања, принципи поврзани за тој развој и за посакуваното општетсво (некои современи автори имплицитно или експлицитни ги одвојуваат овие две компоненти на идеологијата). Она што е битно за идеологијата, и што ја разликува од политичките теории, е дека таа служи како основа за политичка акција. Нудејки ни идеали во кои треба да веруваме, цели кон кои треба да се стремиме и причини заради кои треба да се бориме, идеологијата не само што ја инспирира колективната акција, туку во исто време и ја насочува, идентификувајќи ги нашите пријатели и непријатели, и укажувајки зошто нашите политички противници претставуваат опасност за остварувањето на нашите аспирации. Но, остварувањето на аспирациите претпоставува организираност, а политичката партија претставува најпогоден облик преку кој граѓаните како поединци или како припадници на одредени општествени групи, здруженија, се мобилизираат со цел на зачувување, модифицирање или промена на постојниот поредок. На тоа укажува целокупниот развој на модерната политичка историја. И токму кога станува збор за идеологиите на партиите, би било значајно да се истакнат следните карактеристики на идеологиите, на кои укажува и Тери Иглтон: унификација, универзализација, рационализација, легитимација,24 бидејќи преку нив идеологијата станува употреблива или оперативна, во погоре посочената смисла. Идеологиите унифицираат во смисла на тенденција да се оствари внатрешна унификација помеѓу оние кои ја поддржуваат, 22 Види на пример кај Иглтон Т., Идеологија-вовед, Темплум, Скопје, 2005 стр. 1562 23 Heywood A, Political ideologies, second edition, Palgrave, 1998, стр. 12. Hejvud E. Politika, Clio: Beograd, 2004, стр. 85. 24 Иглтон Т. Идеологија, исто, стр. 82-109 32 наспроти опозициските/спротивставени идеологии. Покрај предизвикувањето на чувство на припадност/споделување на одредни идеали и цели кон кои треба да се стремиме, таа нужно повикува и на колективна мобилизација заради остварувањето на тие идеали и цели. Во настојувањето да ги поврзе тие две нивоа - практичното и теоретското- покрај разработениот мисловен систем идеологијата “мора да ги опфати подробностите на секојдневието”, да биде и научен труд, но и извик на улиците25. Рационализацијата, како нејзина следна карактеристика, пак се однесува на тоа да се даде убедливо објаснување и убедување за одредено општетсвено однесување, кое можеби не би било прифатливо за останатите. Легитимацијата е тесно поврзана со претходната карактеристика и преку неа идеологијата се обидува да издејствува прифаќање на одредена идеолошка рамка од страна на целото општетсво. Се разбира, за да се постигне легитимноста, една од битните карактеристики на идеологијата е универзализацијата, преку што идеологијата настојува да ги формулира и прикаже интересите и целите на коишто се потпира не како партикуларни (егоистични), туку напротив- како универзални. Во секоја случај, кога се зборува за способноста на идеологијата да биде и “извик на улиците”, треба да се има предвид нејзиниот силен емоционален карактер, преку кој се изразуваат надежите и стравувањата, но и симпатиите и омразите26, што само ја потенцира нејзината способност за политичка мобилизација. Денес речиси сите се сложуваат дека капацитетот за политичка мобилизација на партиите бил далеку поголем кога тие се потпирале во поголема мера на идеологиите, или пред ерата на нивната деидеологизација27. Ова затоа што “нудејки ни ги идеалите во кои треба да веруваме, целите кон кои треба да се стремиме, причините заради кои треба да се бориме, идеологиите и даваат на индивидуата чувство на идентитет и чувство на смисла во животот”. 28 Многу автори деидеологизацијата ја сметаат како значаен фактор за намалување на идентификацијата со партиите, намалување на излезноста на изборите, и од друга страна, на порастот на апатијата кај избирачите и се поизразената флуктуација на гласовите на избирачите (за тоа веќе зборувавме). 25 Иглтон Т., Идеологија, исто стр. 87 Heywood A. Political ideologies, second edition, Palgrave 1998, стр. 12, 27 Sartori Ð. Uporedni ustavni inzinjering. Filip Višnjič: Beograd. 2003, стр.53-75. 28 Adams I. Political ideology today, Manchester University press, 2001, стр. 5-6 26 33 1. Истражувањето на партиските идеологии: теориски контраверзи и емпириски предизвици Анализата на политичката компетиција или позиционирањето на политичките актери на идеолошкиот спектар може да биде поставена на ниво на теорија или на емпириско ниво. Во првиот случај зборуваме за модели, концепти, вредности кои се во основа апстрактни и не може да се посматраат, анализираат директно. Во оваа смисла, авторите кои пишуваат за пооделните идеологии ги посочуваат основните елементи според кои тие се разликуваат, а Хејвуд, еден од најпознатите и најцитираните политиколози денес, левицата и десницата ги разликува на следнииот начин: ЛЕВИЦА Слобода Еднаквост Братство Права Прогрес Реформи Интернационализам ДЕСНИЦА Авторитет Хиерахија Ред Должност Традиција Реакционерност Национализам За да станат видливи и податливи за анализа таквите концепти, вредности, убедувања, треба да се операционализираат, да се изразат преку одредени индикатори и потоа со помош на познатите методи, техники и инструменти, да овозможат собирање на доволно емпириски сознанија за да се евалуира идеолошкиот профил на одредени политички субјекти. Кога се работи за методолошкиот приод во анализата на идеологиите, она за што можеби ќе се сложат најголемиот број истражувачи е дека се работи за еден од потешките емпириски потфати, за чие истражување се препорачуваат долготрајни истражувања и посложени методи. Што се однесува до преференциите во пристапот мерени преку неговата ефикаснот, постои едно море на различни видувања и искуства. Од многубројните и разнородни емпириски истражувања, со кои инаку изобилува современата политиколошка литература, во продолжение ќе посочиме некои од покарактеристичните методолошки пристапи. Проблемот би можеле да го сведеме на две прашања: Што се истражува и како се истражува? 34 Што се истражува? Во најголемиот број случаи истражувачите поаѓаат од следните претпостапки: политичкиот живот се сведува на два типа на актери -граѓаните и политичките партии. Политичките партии се моделирани како унитарни актери, “секој со еден, единствен човечки мозок”29. Обидувајќи се да го остварат својот базичен интерес-максимизирање на гласовите на изборите, партиите настојуваат во своите понуди да ги отсликаат очекувањата на граѓаните за посакуваниот или идеален поредок. Граѓаните, пак, мошне заинтересирани за политиката, рационално ја идентификуваат својата политичка опција и сходно на тоа ја даваат својата поддршка на изборите. Граѓаните се, значи, изедначени со гласачите, а изборите се основниот политички настан во кој доаѓа до размена на пораките меѓу овие двајца политички актери. Се разбира, ваквата симплификација трпи сериозни критики и многу автори во нивните анализи го проблематизираат таквиот пристап. Во реалноста, пак, се работи за мошне комплексен систем на интеракција помеѓу повеќе политички актери, на повеќе нивоа и во повеќе процеси, при што дури и поединечните актери (граѓанинот, партијата или кандидатот за кој се гласа на изборите) не се унитарни играчи на политичката сцена. Во продолжение ќе проблематизираме само некои од овие аспекти. Контроверзи на изборните резултати Мошне често во јавноста среќаваме изјави или констатции од типот: “На овие избори победи левицата” или “Граѓаните ја казнија десницата за лошото владеење” или ”Ние имаме поддршка од народот”. Сите тие во основа поаѓаат од симплифицираната слика на политичкиот натпревар на кој укажавме погоре. Реалноста е многу посложена. Поаѓајки од позицијата на граѓанинот, најпрво констатираме дека во својство на избирач тој всушност избира или се определува помеѓу две нешта во исто време: партиските програми и кандидатите. Имајки ја предвид сложеноста и обемноста на партиските програми, се поставува прашањето за заинтересираноста и компетентноста на просечниот избирач за нивна анализа. Мошне често граѓаните се привлечени само од една мерка или политика (за вработување или за земјоделство, на пример, додека другите политики ги оставаат рамнодушни). 29 Benoit K., Laver M. Party Policy in Modern Democracy, Rutledge, Taylor & Francis Group, London & New York, 2006 стр. 45 35 Понатаму, можно е подршката на граѓанинот да се должи на довербата во раководството или во истакнатите кандидати на изборите (од друга страна, и кандидатите секогаш се разликуваат според степенот на блискост до одредни политики на сопствената партија) или можеби на конвенционалните причини (сите во неговото опкружување гласаат за определена партија). Значи, економизирајќи со својот глас, избирачот често се определува за партијата која има изгледи да победи на изборите (особено во вториот изборен круг), не сакајки неговиот глас да биде залудно потрошен. И на крајот, предизборните коалиции и успешно маркетиншки спакуваните изборни програми го ставаат избирачот во уште понезавидна положба (во последниот пример не се знае дали трошокот го направил поради производот или поради амбалажата). Кумулативното влијание на овие ситуации врз избирачот ја релативизираат претпоставаката дека рационалниот гласач во постојаната понуда ја идентификува и поддржува онаа политичка опција која е најблиска до неговите политички убедувања, ставови, принципи. Доколку притоа се имаат предвид и изборните модели и разните изборни цензуси и прагови кои на победниците им обезбедуваат легитимитет во владеењето, дури и со, на пример, 20% од гласови на избирачкото тело, за внимателниот аналитичар парадоксално прозвучуваат изјавите наведени на почетокот . Се разбира, овие напомени немаат ни најмалку за цел да го намалат значењето на изборите, како најзначаен и незаменлив политички процес кој ја овозможува демократијата како владеење на народот, туку само да не направат повнимателни во анализата на изборните резултати. Доколку, пак, во фокусот на нашата анализа ја поставиме политичката партија, сигурно ќе се соочиме со еден комплексен систем на односи, што во голема мера ќе не обесхрабри партијата да ја третираме како единствен, монолитен организам со единствен човечки мозок. Мерењето на разликите помеѓу политичките ставови на припадниците на политичките елити и оние на партијата (најчесто дефинирана во партиската програма), дополнително ја комплицира работата на истражувачот, посочуваат Беноа и Лавер. Во истражувањата правени со таква цел30 се користат различни методи и техники: анализа на говорите на политичарите на партиските конгреси, говорите во парламентот, гласањето за одредени политички проекти, изјави и интервјуа дадени во медиумите 30 Poole K. T., Rosenthal H. Congress: A political – Economic History of Roll Call Voting. Oxford University press: New York. 1997, Giannetti D., Laver M. Policy positions and jobs in the government’, European Journal of Political Research, 2005 44 (1): 91120. 36 итн. Се поставува прашањето: во која мера просечниот граѓанин е во состојба да ги следи и анализира тие разлики? Од друга страна, резултатите од истражувањата, исто така, покажуваат и дека авторитарните партиски водачи во голема мера го дисциплинираат партиското членство31, вклучувајќи ги и оние со високи политички функции, така што разликите се мошне често недофатливи за истражувачот, а внатрепартиската политика најчесто останува terra incognita за јавноста, за стручната или пошироката, сеедно. Кога станува, пак, збор за изборите како клучен политички настан преку кој на најексплицитен начин се разменуваат политичките пораки меѓу гласачите и партиите/кандидатите, се поставува прашањето- кој дел од тој процес да биде во фокусот на истражувачкиот интерес, дали и од кога да се следи предизборната кампања, конечно, колку е интересен за анализа перидот меѓу два изборни циклуса итн. Дефинирањето на временската рамка на истражувањето е мошне значајно од гледна точка на особеностите на партискиот натпревар, подвлекуваат Беноит и Лавер, бидејки натпреварот добива различни обележја во зависност од изборната фаза. Имајки ја предвид сета сложеност на појавата, овие двајца автори креираат еден сложен образец за анализа што тие го нарекуваат „голем модел на партиската компетиција“ (a big model of party competition).32 Моделот е граден врз две глобални претпоставки: а) типот на политички систем (парламентарен или претседателски); и б) политичката компетиција како континуиран процес кој е структуиран во две поодлени фази: изборите и меѓуизборниот период. И двете претпоставки битно влијаат на политичкото позиционирање на политичките актери на политичката сцена, сметаат авторите на моделот. Графичкиот приказ на моделот го презентираме само како илустрација за сложеноста на системот на односи и интеракции кои треба да бидат предмет на интерес на истражувачот за да дојде до позиционираноста на политичкиот актер на идеолошкиот спектар. 31 Види, на пример, Bowler S., Farrell D. M., Katz R. S. Party Discipline and Parliamentary Government, Ohio State University Press, 1999; Laver M., Benoit K. исто, стр.75 и 81, Интересно е да се напомене дека некои политички партии експлицитно им забрануваат на своите членови да учествуваат во академски истражувања. Лабуристичката партија на Велика Британија, на пример, има дадено стриктни инструкции на нејзините пратеници да не одговараат на анкети без експлицитна дозвола од партискиот врв. 32 За оправданоста на употребата на овој теориски модел во анализата на партиските позиционирања во однос на поодделните јавни политики, како и за резултатите до кои Беноа и Лавер дојдоа со неговата употреба, тие напишаа цела студија. 37 Слика 1. „Голем модел“ на партиски натпревар во парламентарна демократија Извор: Laver Michael, Kenneth Benoit: Party policy in modern democracy, Rutledge, Taylor & Francis Group, London & New York, 2006, стр.43 38 Некои од генералните заклучоци до кои дојдоа авторите во ова истражување укажуваат дека придонесот на пооделните суштински политики за позиционирањето на партијата на континуумот левица-десница значително варира од една до друга земја, но и од еден до друг период во истата земја33. Во некои земји левицата и десницата се разликуваат според нивното позиционирање во однос на економската политика, во други диференцијата е примарно поврзана со социјалниот либерализам и конзервативизам. Најзначајните разлики, сепак, се гледаат помеѓу посткомунистичките земји и оние со долга демократска традиција.34 Значи, општествениот контекст во голема мера влијае во дефинирањето на левицата и десницата. Ваквиот заклучок звучи помалку песимистички доколку кај истражувачите постои амбиција да се примени единствена, стандардизирана скала на вредности, ставови за повеќе земји, која би овозможила компаративна анализа на податоците. Имајки предвид дека суштината на левицата и десницата се променливи категории, треба да се биде претпазлив и при интерпретациите на временските серии за партиските позиционирања во однос на одредени политики дури и во една иста земја. Потребата од флексибилен пристап на истражувачите во анализата на левицата и десницата ја истакнуваат и многу други политиколози. Доколку се имаат предвид студиите на познатиот истражувачки париски институт ЦЕВИПОФ,35 доаѓаме до слични сознанија. Засновувајќи ги нивните истражувања пред се на анкети на репрезентативен национален примерок, тие доаѓаат до следните заклучоци, кога станува збор за идеолошките расцепи во Франција. Во средината на 90-тите, француската политичка и идеолошка сцена, според нив, е триполарна. Постојат левицата и десницата, кои продолжуваат јасно да се конфронтираат околу 33 Ова релативизирање на поимите левица-десница не претставува новина во политиколошката литература. Во популарната книга на Baradat L. Political Ideologies –their origins and Impact, Prentice Hall International, 1994, која доживеа пет изданија. Земајќи ги Велика Британија, САД и Саудиска Арабија, авторот на многу сликовит начин ни го опишува значењето (позиционирањето) на одредена политика на линеарниот политички спектар (во случајот станува збор за организирањето штрајкови, на пример). Додека во една земја тоа би било радикално однесување, во друга израз на либерално, во трета тоа е само вообичаено, конвенционално однесување на оние кои сакаат да испратат одредена политичка порака стр. 32-35; 34 Laver M., Benoit K., исто, стр. 157-159 35 CEVIPOF или во превод „Центар за истражување на политичкиот живот во Франција“ е академска институција финансирана од државата, која, помеѓу другото, континуирано се занимава со проучувањето на изборите во Франција, но пред се од гледна точка на изборното однесување на гласачите. 39 нивните економски, социјални и религиозни вредности, и еден пол коj тие го нарекуваат лепенистички (според политичарот од крајната десница Ле Пен), кој се разликува од другите два според својот антиуниверзализам, и е во конфликт колку со пораките од Евангелието толку и со лаичката и републиканска традиција.36 На ваквата структуираност на француската политичка сцена, која е од понов датум, и претходеа одредни идеолошки рекомпоњирања.37 Во 70-тите и 80-тите години идеолошкиот спектар беше двополен, структуиран со оглед на она што тогаш се нарекуваше економски либерализам и културен либерализам. И двете димензии се поврзани со варијаблата практикување на религијата (во позитивна, односно негативна насока)38. Седум години подоцна спроведеното истражување укажува на една тенденција на пораст на вредностите на неоконзервативизмот во француското општетсво, за сметка на либералниот индивидуализам (пораст на авторитарноста, ксенофобијата, антиевропски чуства), додека варијаблите поврзани со класичните димензии на економскиот либерализам сé повеке го губат своето значење.39 Се разбира, тоа претпоставуваше и одредени промени или рекомпонирања на скалите на ставови употребени од страна на истражувачите, како основно средство за анализа на идејно- политичкиот профил на избирачите.40 Некои автори, анализата на партиската компетиција или позиционирањето на политичките партии на идеолошкиот политички спектар ја поврзуваат со типологијата на партиските ситеми. Да го споменеме овде Сартори кој класификацијата ја заснова на комбинација на два критериума: покрај вообичаениот критериум за бројот на партиите (што го среќаваме безмалку кај сите автори) тој 36 Boy D., Mayer N. (dir.) Lelecteur a ses raisons, Presses de sciences PO, 1997 стр.19 37 Grunberg G., Schweisguth E. “Recompositions ideologiques, кај Boy D., Mayer N. исто, стр.139-172. 38 Во тоа време беше вметната и една друга варијабла- етноцентризмот. Додека економскиот и културниот либерализам успешно ја структуираа поделбата левица-десница, етноцентризмот дејствуваше релативно автономно во однос на нив. 39 За тоа придонесоа поделбата на десницата, кампањата на Жак Ширак, откажувањето на левицата од национализацијата, сé поприсутните теми за одбрана на моралните вредности во политичкиот дискурс, некои акции на традиционалното католичко движење итн. 40 И една друга димензија која беше истражувана е интересна од гледна точка на нашиот предмет на интерес. Во истражувањето се потврди претпоставката за семејната социјализација како значаен фактор на политичката преференција на избирачот, при што политичката ориенација на нивните родители се сметаше за основен показател за смерот на социјализација. 40 ја вметнува и идеолошката дистанца што ги одделува или позиционира партиите во рамките на еден систем.41 Интересно е што авторот поаѓа од претпоставката дека бројот на партиите (или форматот на системот) влијае на степенот на поларизацијата. Така, со комбинацијата на двата криитериума Сартори ја компонира следната тричлена класификација: двопартискиот ситем се одликува со ниска идеолошка дистанца (пример, Велика Британија), умерениот плурализам се карактеризира со релативно мала идеолошка дистанца (пример, Данска), поларизираниот плурализам се карактеризира со екстремена плурализација и голема идеолошка дистанца (Италија во 1960-тите и 1970-тите години). Значи, според Сартори, природата на партискиот систем влијае директно на политичките преференции на електоратот, односно ја дизајнира структурата на партиската компетиција. Оваа типологија на Сартори беше предмет на многу анализи и критики во политиколошката литература,42 но и покрај временската дистанца останува референтна единица и во најновите анализи на партиските системи. Од досега кажаното произлегува дека на првото прашање , што се истражува, одговорот би бил - се истражуваат идеологиите на партиите и идеологиите, поточно вредностите и ставовите на граѓаните. Како се истражува? Кога станува збор за граѓаните, универзална техника е анкетирањето (mass surveys), начесто реализирана на национален репрезентативен примерок, со различни батерии на прашања и скали, прилагодени на предметот и целите на истражувањето. Вообичаено, анкетирањето се повторува на неколку години, со цел да се следат евентуалните промени во политичките ставови на граѓаните.43 Ваквиот пристап е својствен како за националните, 41 Според бројот на партиите, постојат системи со две партии, системи со до пет партии (лимитиран плурализам) и оние со шест и повеќе партии (екстремен плурализам). Што се однесува до идеолошката дистанца која ги одвојува екстремните партии, системот може да биде умерен или поларизиран. 42 Види ги, на пример, коментарите на Mair P. Party Systems and Structures of Competition во Comparing democracies 2, исто, стр. 83-104 43 Во политиколошката литература постојат навистина бројни истражувања од овој тип. Види на пример: Riffault H. (dir.) Futuribles: L evolution des valeurs des Europeens, Numero special, juillet-aout,1995, Rucht D. Political Participation in Europe, in Sakwa R., Stevens A.: Contemporary Europe, second edition, Palgrave Foundations, 2006, pp.110-137; Dalton R. J., Wattenberg M. P. Parties without Partizans, Political Change in Advanced Industrial Democracies, London Oxford University Press. 2000 41 така и за интернационалните проекти. Панелите или т.н. лонгитудинални истражувања се користат по исклучок, пред се поради сложеноста и чинењето на постапката. Едно такво истражување, на пример, има спроведено Anne Muxell, следејќи иста група испитаници во три последователни анкети и тоа: 1986, 1988 и 1989 година, со цел да ги осознае промените во политичките ориентации на младата популација и нивната условеност од агенсите на социјализацијата. Во првата анкета примерокот го сочинувале млади луѓе на 17-18 годишна возраст, кои потоа биле набљудувани до својата 22-23 година (на сите три анкети одговориле 1959 индивидуи или околу 40% од првобитниот примерок).44 Анализата на политичките партии и нивното позиционирање на идеолошкиот спектар се истражува низ повеќе дименизии: самоидентификација на партијата (преку анализа на називот, симболите, изјавите/ставовите на партиските челници), членство во наднационалните партиски федерации и политичките ориентации на партиите.45 Во последниот случај се работи за политиките на партиите по пооделни прашања (на пример, за прашањата на вработувањето, здравството, даноците, екологијата итн), кои се анализираат на ниво на реални политики (преку однесувањето на пратениците во легислативата) и како политики прокламирани во партиските програми. Иако дава добри можности за согледување на разликата помеѓу самоприкажувањето и реалното однесување, анализата на легислативното однесување е најсложена и претпоставува голем трошок, па поради тоа и ретко се применува. Кога станува збор за идејно политичкото профилирање на партиите, најчесто во фокусот на истражувачите се партиските програми. Како базични програмски документи тие би требало да ја рефлектираат основната позиционираност на партијата на идеолошкиот спектар и со тоа да ја легитимираат партијата како посебен политички субјект пред широкиот електорат. Анализата на содржина (квантитативна и квалитативна) е основниот метод кој го користат истражувачите за нивното евалуирање од оваа гледна точка. Лонгитудиналниот истражувачки проект Comparative Manifesto Project (во литературата се употребува и само преку неговата кратенка-CMP) имаше за цел систематска анализа на партиските програми на голем број политички партии и тоа во еден 44 Види Muxell A. “L age des choix politiques”, Revue francaise de sociologie, xxxiii,1992, 233-263. Инаку, овој тип на истражувања се врзуваат за имињата на класиците на изборното однесување Lazarfeld, Berelson, Newcomb и други. Види исто стр. 235 45 Sartori Ð. Uporedni ustavni inzinjering. Filip Višnjič: Beograd. 2003 стр. 63 42 долг временски период -од Втората светска војна до крајот на векот. Анализата ја вршеа обучени “читачи”, кои ја кодираа содржината на програмите во изготвен образец со предходно дефинирани 56 категории. Тоа генерираше временски серии на изборните партиски програми во поствоениот период во повеќето демократски земји. Проектот создаде една огромна база на податоци што ја користат многу истражувачи на политичките позиционирања на партиите.46 Но, за евалуирање на policy ориентациите на партиите, реферетни истражувачи од оваа област го преферираат expert surveys, односно анкетирањето на експертите. Во што се состои оваа експертиза? Отакако претходно со помош на националните експерти ќе се идентификуваат клучните и специфичните јавни политики или прашања релевантни за домашната политичка сцена, од експертите се бара за секоја од нив да го изразат својот суд во однос на две прашања: 1. Колку е важна таа политика за (конкретната) партијата; и 2. Каде се позиционира партијата во однос на таа политика на еден замислен континуум левица -десница. Експертите, велат тие, се најдоверливиот и најкомпететниот извор на информации. Книгата на Беноит и Лавер “Партиските политики во модерните демократии”, претставува корисно четиво за секој истражувач. Во книгата, која претставува компаративна емпириска студија, со цел да се измерат позиционирањата на партиите во 47 земји, авторите го проблематизираат прашањето на теоретските модели за анализа на партиските компетиции, анализирајки ги изворите, методите и техниките за прибирање на податоците за евалуирање на идејно политичките профилации на партиите. Критичката анализа на бројните методолошки приоди авторите ја реализираат не само на концепциско туку и на емпириско ниво, користејќи и споредувајќи бројни истражувања во кои и самите учествувале, но и такви кои биле реализирани од други автори. Во својот заклучок тие сепак и даваат предност на познатата експертска анализа (expert surveys), чиишто перформанси ги опишуваат во поединости, квалификувајки ја како метод кој најпре- 46 Повеќе во Budge I., Klingemann H. D., Volkens A., Bara J., Tanenbaum E., with Fording, R. C., Hearl, D. J., Kim, Hee M., McDonald, M., Mendez S., Mapping Policy Preferences: Estimates for Parties, Electors, and Governments 1945-1998 Oxford University Press, Oxford, 2001, и Klingemann H. D., Volkens A., Bara J., Budge I., Macdonald M., Mapping Policy Preference II: Estimates for Parties, Electors and Governments in Eastern Europe, the European Union and the OECD, 1990-2003, Oxford University Press, Oxford, 2006 43 цизно ги отсликува партиските позиции во однос на политичките спектри.47 Во поново време и компјутерската техника се користи за анализа на партиските документи (всушност станува збор за повеќе варијанти на компјутерски техники) со која преку читање на зборовите и реченичните конструкции компјутерот ја препознава и идеолошката позиција на партијата. Најдалеку во оваа смисла отишле Лавер, Беноа и Гери, кои создадоа техника за извлекување на идеолошки позиции од политички текстови т.н. Wordscores, чија основна единица за анализа се зборовите, и која може да се примени и доколку не се знае јазикот на кој е напишан политичкиот текст (language-blind). Слична, конкурентска на оваа техника е т.н. Wordfish на Слапин и Прокч.48 Кога станува збор за компјутерските техники во употреба се и тн. Облаци (види слика 2). Врз основа на зачестеноста или фрекфенцијата на употребените зборови во програмата (значи употребените зборови се основната единица на анализа), како и препознавање на одредни јазични конструкции, се добива визуелизација на политичките приоритети на програмата. Таквата компјутерска визуелизација би требало мошне впечатливо и илустративно да ја претстави позиционираноста на партијата на идеолошкиот спектар, или содржината на текстот предмет на анализа. Во илустрираниот пример, очигледно станува збор за текст чиј предмет на интерес е економската состојба во дадена земја, преку анализа на некои економски индикатори и фактори кои имаат влијание врз истата. 47 Во оваа смисла мошне корисен е зборникот на трудови уреден од Бара и Вејл: Bara J. и Weale A. (eds). Democratic Politics and Party Competition, Routledge, London and New York, 2006 48 Секако, за ова се потребни одредени предуслови, т.е текстови за кои веќе постои консензус дека отсликуваат типично леви, десни или позиција на центарот, во однос на кои ќе се оценуваат текстовите- предмет на интерес. Методот Wordscores е образложен во: Laver M., Benoit K., Garry J., Extracting Policy Positions from Political Texts Using Words as Data, American Political Science Review, Vol. 97, (2), 2003, pp. 311-331. За Wordfish види Slapin J. B., Proksch S.-O., A scaling Model for Estimating Time-Series Party Positions From Texts, American Journal Of Political Science, Vo. 52 (3), 2008 pp. 705-722 44 Слика 2. Облак од зборовни фреквенции Идентификување на клучните и специфичните партиски политики Независно за кој пристап или техника ќе се определи истражувачот, потребно е да се идентификуваат пооделните партиски политики што ја отсликуваат левицата или десницата. Тоа се оние прашања околу кои се води натпреварот или политичката дебата во пооделните земји. Во најголем број случаи тоа се прашањата сврзани за економијата (висината на даноците и трошењата од страна на државата, најчесто рационализирани низ димензијата регулација-дерегулација). Вториот аспект на оваа генерална димензија се т.н. social issues (општествените прашања) сврзани за ставовите во врска со абортусот, сексуалната ориентација, заштитата на човековата околина, различните животни стилови (life styles), итн. Како специфични прашања за пооделни земји можат да се јават односот кон имиграцијата, надворешната и безбедносната политика, различни аспекти на ЕУ политиката, а кога станува збор за поскомунистичките земји се издвојува и партиското позиционирање во однос на: приватизацијата, религиозноста, вклучувањето на бившите комунисти во политичкиот живот, слободата на медиумите, ЕУ интеграцијата, национализмот. . .49 49 Кога станува збор за проучувањето на политичкиот спектар во едно општество, односно на политичката компетиција од гледна точка на содржината на понудата, во политиколошката литература постои навистина многу богата литература. 45 Во однос на политиките сврзани за економската димензија, идеологијата се изразува низ позицијата на партијата или гласачот на еднодимензионалната скала левица-десница. Така, емпириските истражувања укажуваат дека оние кои се определиле за слободен пазар имаат поинакви сфаќања во врска со државните/приватните претпријатија, во однос на прогресивните даноци на доход, во однос на ширината на здравствена заштита од оние кои се определиле за егалитарноста како основна вредност. Но оваа скала ја игнорира втората димензија (social issues), која некои ја идентификуваат и како националистичка/космополитска низ која се изразува спротивставеноста на националистичките или парохијалните вредности наспроти универзалистичките или космополитските. Како да се спојат двете димензии? Можна ли е воопшто нивната комбинација? Најголемиот број од истражувачите сметаат дека користењето на дводимензионалните “просторни” модели се денес неизбежни, доколку сакаме да ги претставиме идеолошките позиции на партиите, па и на другите политички субјекти. Што се однесува до нивното спојување, истражувањата укажуваат на некои законитости или поточно вобичаени обрасци на однесување. Истражувањата покажале дека во Велика Британија и во повеќето европски земји егалитарните и либералните гласачи се самопозиционираат на левицата, додека анти-егалитаристите и авторитарците на десницата. И на ниво на политички елити овие две димензии се корелираат во истата смисла, дури и повеќе отколку кога станува збор за обичните граѓани.50 Треба да се има предвид фактот дека иако се работи за слични или исти комбинации, меѓу овие две вредносни дименизии постојат доста разлики во терминологијата, дефинициите и мерењата на кои се повикуваат различните автори. Во раните 50-ти години на дваесеттиот век Eysenck (1954) ги анализира политичките ставови преку термините радикални/конзервативни и меки/тврди ставови; Инглехарт (1977) зборува за постматеријализам, како нов пристап за мерење на либералните/авторитарни вредности. Студиите на Hinich и Munger 1994 и 1997, како и онаа на Austen-Smith и Bank 2005, некои автори ги посочуваат како најсистематизирани прегледи на таквата литература. Hinich, M. and Munger M.: Ideology and theory of political choice, Ann Arbor, University of Michigen Press, 1994, Hinich, M., and Munger M., Analytical politics, Cambridge (England); New York, NY, USA, Cambridge University Press, 1997; Austen-Smith и Bank, Positive Political Theory II: Strategy and Structure, Ann Arbor, University of Michigan Press, 2005 50 Miller, W. L., Timpson, A. М. and Lessnoff, M. H., Political culture in contemporary Britain: people and politicians, principles and practice. Clarendon Press; Oxford University Press, Oxford, U.K & New York, 1996 стр. 100-1, 304 46 Неговото објаснување е дека мирот и економскиот просперитет во Западните демократии овозможија да се задоволат егзистенцијалните потреби на граѓаните, така што новите генерации имаат можност да се фокусираат на повисоки потреби, да станат полиберални отколку претходните генерации, и при гласањето да се фокусираат пред се на дихотомијата либералниавторитарни вредности, како критериуми за политички избор. Слично на тоа, и во анализата на Палмер (1995) на податоците добиени од Евробарометар за периодот 1979-1987 се покажува дека либертаријанските-авторитарните вредности биле помоќна детерминанта за поддршка на Лабуристите и Конзервативците, отколку приходите и занимањето на гласачите (односно класната димензија). Од податоците, некои од истражувачите извлекуваат заклучок дека вредностите можат да обебедат силна база за изборно однесување во отсуство на силни социјални расцепи или долготрајни партиски идентитети51. Во секој случај, анализата на резултатите од бројните емпириски истражувања ни дава за право да заклучиме дека, како впрочем и при секое истражување, симплификацијата е една од нужните етапи во креирањето на истражувачкиот потфат. Потоа, ниту во едно од истражувањата на партиските идеологии не се употребени сите расположиви и познати методи и техники. Во зависност од предметот и целите на истражувањето (впрочем и од достапноста на изворите и пресметаниот трошок), секој истражувач го определува сопствениот методолошки пристап. И затоа, резултатите од секое истражување претставуваат само придонес (поголем или помал) во политичката наука, или едно камче во мозаикот наречен партиски идеологии. 51 Miller W. Niemi. R, кај L. LeDuc, R. Niemi & P. Norris: Comparing Democracies 2new challenges in the study of elections and voting, SAGE Publications, London, Thousand Oaks, New Delhi, 2006, стр. 172-175 47 48 д-р Лидија Христова ПОЛИТИЧКИ И ПАРТИСКИ ИДЕНТИТЕТИ Досега зборувавме за политичките партии, нивните позиционирања на идеолошкиот спектар и идентитетите што врз таа основа се создаваат во политичката арена на секое општество. Со оглед на фокусот на нашиот интерес, во продолжение ќе се задржиме на поимното определување на политичките идентитети, нивните основни карактеристики, како и разликите/сличностите со партиските идентитети. Партиската идентификација е најзначајниот аспект на политичката идентификација и, како што напоменавме, таа зазема посебно место во анализите на изборното однесување. Како концепт, партискиот идентитет е развиен во педесеттите години на 20тиот век, и тоа во САД, каде што не постои формално членство на партиите. Во таа смисла, операционализираната дефиниција за Републиканецот “е оној кој размислува, се смета, се гледа себе си како Републиканец“. Политичкиот концепт на партиската идентификација се споредуваше со концептот на религиската идентификација, бидејки религиозната како и политичката лојалност беше перцепирана како продукт на семејната социјализација и на социјализацијата од страна на другите за потоа да биде инкорпорирана во сепството. Одржувањето на ритуалите станува значајно за индивидуалното чуство на идентитет, но со време тоа чуство се трансформира со припадност кон групата.52 Денес, употребата на овој поим мошне зачестено се користи за националните/етничките идентитети. Во секој случај, моделот на партиската идентификација предизвика бројни дебати. Се отворија прашањата за дефинирањето и поимното определување на партиската идентификација (дали се работи исклучиво за емоционален однос или во него има и рационални мотиви, на кој начин идентификацијата може да се мери , дали таа вклучува само позитивни или и негативни чувства/емоции 52 Miller, 1976, според William L. Miller, Richard G. Niemi: Voting: choice, conditioning, constraint, во Comparing democracies 2, 2006, стр.175 49 кон партиите итн). Потоа, прашања од типот: кој дел од гласачкото тело може да се вброи во оваа категорија, колку е таа стабилна категорија, и дали воопшто овој концепт функционира? Степенот на политичката поларизација и идеолошкиот конфликт, нагласуваат повеќе истражувачи, односно перцепцијата на јавноста за значењето на идеолошките разлики меѓу партиите, се особено значајни за функционирањето на овој модел на изборно однесување. Значи, партиската идентификација зависи како од партиите, така и од гласачите. Дали може да се стави знак на равенство помеѓу партиската и политичката идентификација/идентитети? Во референтната International Encyclopedia of Social Sciences се вели дека, во најопштата смисла на зборот, политичката идентификација го означува чуството на индивидуата за припадност кон групата, доколку таквата идентификација влијaе на нејзиното политичко однесување.53 Се работи во основа за еден психолошки процес чијашто елаборација се врзува пред се за Фројд, а кој ја објаснува како израз на потребата и способноста на индивидуата за здружување во кое се инвестираат емоции, нешто што е есенцијално за изразување на човекот како општествено битие. Класната свест или класната идентификација вообичаено се зема како добар пример за експланаторната моќ на идентификацијата, но битни се исто така и идентификацијата со нацијата, со некое идеолошко движење, со расата, полот, етничката група. Кога таквото чуство на припадност, солидарност, хомогеност, во одредени околности претставува основа за политичка мобилизација, идентификацијата на индивидуата со социјалната група е особено интересна за политичката наука. Најчесто каналот преку кој се остварува политичката мобилизација е политичката партија. Во поново време, позачестената употреба на политичката идентификација во политиколошката литература се врзува и за нацијата, етничката група, религијата, но и за општетсвените движења54. Кога станува збор за глобалната политика, да ја споменеме контраверзната книга на Хантингтон за судирот на цивилизациите, која се потпира на тезата за различните културни/цивилизациски 53 Sills D., et all (eds), International Encyclopedia of the Social Sciences, Macmillan Free Press: New York, 1968 54 Се среќаваат и поспецифични употреби на терминот. Така, на пример, се зборува за европскиот идентитет (Dressler W., Gatti G., Perez-Agote A. Les nouiveaux reperes de l’identite collective en Europe, Paris, L Harmattan, 1999), за идентитетите кои се создаваат во посткомунистичките општества (Krasteva A. Identites postcomunistes во Transition et reconstruction des societes, LSCI-IRESCO, 2001, actes du Colloque AISL итн. 50 идентитети кои се и можат да бидат (во иднина) основа за еден свет на сериозни политички и воени конфронтации.55 Политичките идентитети одговараат/реферираат на стабилни политички тенденции и преференции и како такви се поврзани пред се со алтернативни политички концепти, а не со специфични партии56, па оттука политичкиот идентитет е поширок поим од партискиот идентитет, иако партиската идентификација е негова најзначајна компонента. Во политиколошката литература ретко се дефинираат политичките идентитети. Најчесто се изразуваат како преференција за одредена политичка партија или се поистоветуваат со самопозиционирањето на континуумот левица-десница, без притоа да се анализираат пооделните негови димензии. Во својата книга за современите општествени движења, Донатела де ла Порта едно посебно поглавје посветува на идентитетот и колективната акција. Кога станува збор за општествените движења вели таа (а ние би додале и за сите колективни актери во политиката)57, станува всушност збор за односот идентитет колективна акција, што е всушност процес преку кој социјалните актери се препознаваат себе си и се препознаени од другите актери, како дел од пошироки групирања. Токму таа комплесност на односот помеѓу индивидуалната димензија и колективната димензија во процесот го дефинира идентитетот. Иако во основа психолошка категорија тој не би можел да се редуцира само на психолошките механизми, бидејки идентитетот/идентификацијата е во основа социјален процес, зашто повторното себеоткривање станува можно само како резултет на еден колективен процес 58 Некои од позначајните димензии и обележја на политичкиот идентитет би биле: (1) Идентитетот подразбира континуитет и солидарност помеѓу индивидуите кои му припаѓаат, се препознаваат во него (тука се занемарува неговата динамичка димензија- можноста за модификации и реконструкции). Но, прашањето на припаѓањето е 55 Не се живее само од разум. Не може да се калкулира и да се дејствува на рационален начин за остварување на сопствениот интерес без да се дефинираш себеси, вели Хантингтон, што значи дека политиката на задоволување на интересот го претпоставува идентитетот. Затоа, доколку поради брзи социјални промени воспоставените идентитети се распаднат, потребно е да се редефинираат и да се креираат нови идентитети. Huntington S. Le choc des civilizations, Odile Jacob, 2000, p. 135 56 Bartolini Mair, 1990; Converse, Dupeux, 1962 57 Види „Актерите на политичката арена“ во Мирчев Д., Христова Л. Модерната политиологија, ФОН и Култура, Скопје 2008, стр. 237-303 58 Della Porta D., Diani M. Social Movements, Blackwell Publishers, 1999, pp. 84-86 51 во исто време и прашање на различноста (Алтагиќ, 2007). Кој сум јас/ние во однос на тоа кои се другите. Значи, идентитетот се определува и според она што сме, но и според она што не сме, што ни помага да видиме по што сме различни од другите. (2) Политичкиот идентитет претпоставува доминација на еден идентитет над останатите, кој дејствува како своевидна наддетерминанта во политичкото однесување на индивидуата (актерите најчесто се идентификуваат со различни, но и со хетерогени колективитети, кои не секогаш се компатибилни помеѓу себе според основните/фундаментални прашања).59 (3) По дефиниција идентитетот се базира на емоции и/или вредности, и неговиот однос кон моделите на рационалната акција (се мисли на акција која ги сумира/калкулира трошоците и бенефитите) е доста проблематичен. (4) Акцијата може да се реализира само во услови на препознавањето на Нас или Ние, кои имаме посебни интереси, видувања, и оттука сме солидарни. Но еднакво значајна е идентификацијата на Другите, кон кои може да се адресираат одговорноста за состојбите во кои се наоѓаме и спрема /против кои е насочена мобилизацијата (конструкцијата на идентитетот подразбира значи позитивна и негативна идентификација, но може да вклучува и релација и кон оние кои се во неутрална позиција). (5) Самата акција пак го зајакнува или слабее идентитетот (значи идентитетот е потребен како претпоставка за акцијата, но преку акцијата тој се гради или надоградува или ослабува) (6) Политичката акција се сфака во најшироката смисла на зборот: преку промовирање на политики и нивно реализирање, значи и преку митинзи, пароли, билборди, медиумски презентации, состаноци. Притоа е битно тоа да биде направено на претпознатлив начин, како за сопственото членство, така и за јавноста во целина (успешната акција која е подржана од пошироката заедница е додатен фактор за јакнење на политичкиот идентитет и претставува стимул за нови акции. (Рационализацијата и универзализацијата во промоцијата на “нашите политики”, особено на оние за нашата загрозеност, за теориите на заговор, за историскиот момент... се јавуваат како нужна претпоставака во освојувањето на јавното мислење). (7) Дела Порта смета дека и идентификациските ритуали имаат посебно место во градењето на идентитетот: химна, знаме, униформи, грб, посебни историски настани, места, личности (слики) 59 На пример, припадник на еколошкото движење кој истовремено е и член на политичка патрија која не ја поддржува посебно заштитата на животната средина. 52 во работни просотории и/или во домовите на приврзаниците. Кога сме на симболичко ниво, да ги споменеме и: симболичките кодови, слогани, плакати, графити.... Ако се вратиме на партиската сцена, кај оние политички актери кај кои не постојат допирни точки, туку напротив, силна поларизација и на симболичко ниво - различни истории, настани, личности, може да се претпостави дека се работи за силна идентификација, но и засилен потенцијал за конфликт. (Во таквите околности реално би било да се претпоставува и постоењето на антисистемски партии, на пример). (8) И на крајот да додадеме дека политичкиот идентитет не можеме да го одвоиме од социјалниот идентитет, бидејки и тој (политичкиот) е една сложена конструкција од заемно поврзани компоненти - културни, територијални, етнички, социо-демграфски и др.60 Значајноста или рангирањето на тие компоненти во конструкцијата на социјалниот, па и на политичкиот идентитет (хиерархиската структура на идентитетите, а не полицентричната), е условена од сложен сплет на околности што се должат како на процесот на социјализацијата, така и на психолошките особини на личноста, но и на поширокиот општествен контекст во кој индивидуата живее. Како се истражуваат политичките идентитети? Најчесто конструктот на политичкиот идентитет се базира на сукцесивни избори и партиски фамилии. Ние го концептуализираме политичкиот идентитет како агрегатен модел на политички избор што индивидуата го прави, избирајќи помеѓу кохеретни групи или блокови на политички партии во текот на сукцесивни национални избори. Базичната премиса ни е дека дистинктивни политички идентитети или политички поделби можат да се најдат на масовно ниво, и дека референца на тие идентитети се политичките фамилии или тенденции (Бартолини, Маир, 1990). Секоја од овие фамилии е составена од различни партии со слични идеологии, програми или изборни понуди до електоратот. Ваквиот агрегатен модел го користат повеќе истражувачи. Така, на пример, испитувајќи ги факторите кои влијаеле на формирањето на политичките идентитети кај поединците/граѓаните 60 Altagic S. Partiska identifikacija kao determinanta izborne motivacije: Teoretske kontraverze i problemi empiriskog istrazivanja, FES, FPN, Beograd, 2007, стр. 17 53 во посткомунистичка Полска, G. Shabad и K. Slomczynski 61 ќе констатираат дека тие се обликувани со индивидуалните искуства добиени во комунизмот и со сопствените интереси генерирани од положбата во трансформирана социјална структура. Се разбира, спектарот на политички опции кој му се нуди на електоратот, сам по себе, дава една рамка во која таквите идентитети се формираат. Истражувачите ќе утврдат силна поврзаност на политичките идентитети на испитаниците со нивната религиозност и со политичките биографии од времето на комунизмот. Се чини дека основните констатции од ова истражување се мошне интересни и за македонскиот случај. 61 Shabad G., Slomczynski K. Political identities in the initial phase of systematic transformation in Poland, Comparative political studies, September 1999 pp. 690-723 54 д-р Лидија Христова СОЦИЈАЛНИТЕ РАСЦЕПИ И ПАРТИСКИТЕ ПРОФИЛАЦИИ ВО ПОСТСОЦИЈАЛИСТИЧКИТЕ ОПШТЕТСТВА Постои навистина богата политиколошка литература која ги анализира состојбите со партиите и партиските системи во постсоцијалистичките општества (во литературата паралелно се користат термините посткомунистички и постсоцијалистички општетства).62 Од анализи на поединечни случаи/земји (своевидни case studies), до компаративни анализи, кои опфаќаат повеќе димензии на проблемот или се концентрираат на еден аспект од комплексната структура на прашањата поврзани со партиите и партиските системи: класификации, внатрепартиска демократија, партиски елити, социјални расцепи, идеологии, финансирање, корупција, партиски политики, партиски идентитети, изборно однесување... Многубројните анализи од домашни или странски автори, во кои емпириската (се разбира, покрај теоретската) димензија е неодминлива, се обидуваат да одговорат на најмалку две прашања: колку процесите во транзициските демократии се слични или различни во однос на оние во етаблираните демократии, но и од еден до друг случај, и на кои фактори се должат разликите. Внимателниот аналитичар на текстовите ќе забележи доста сличности во перцепцијата на состојбите, како и во идентификувањето на причинскопоследичните врски на кои укажуваат авторите. Но, за волја на вистината, и доста разлики и контрадикторности. Систематското презентирање на многубројните анализи и навлегувањето во постојните дебати не претстваува амбиција на авторите на овој труд (тоа впрочем може да биде предмет на пооделна студија), туку, пред се, укажувањето само на најзначај62 Diamond L., Gunther R. (2002); Von Beume, K. (2002). Vahudova M. (2008), Kitshel H. (1995), Merkel (1997), Klingeman (1994), Kaldor M., Vejvoda I. (2002), De Waele J. M. (ed.) (2002) Види кај Von Beume 2002. 55 ните, најиндикативни сознанија, поврзани со партиските идејно политички профилации, со цел создавање на една поширока рамка во која би се евалуирале процесите и состојбите во македонскиот случај. Познатиот американски политиколог Милада Вахудова63, за која демократизацијата во постсоцијалистичките земји претставува еден од научните приоритети, посебно внимание им посветува на партиите како клучни актери во таа радикална трансформација. Во нејзината компаративна анализа на земјите од Источна и Централна Европа, Вахудова ја поставува следната теза: умерените десни партии (партиите десно од центарот) претставуваат најсоодветни промотори на демократијата во постсоцијалистичките земји. Притоа, клучен фактор за доминацијата на овие партии во политиката, претставува постоењето на силна и организирана политичка опозиција на комунизмот пред 1989-тата. Во првите години на транзицијата, умерените партии се промовираа како силен кохезивен фактор на демократизацијата само во мал број на посткомунистички земји, додека во другите доминантни беа партиите кои се фокусираа на одбраната на нацијата и националната култура од оние што и се закануваат, како и на одбраната на status quo состојбите во економијата, ќе констатира Вахудова. Во првата група на земји се вбројуваат Полска, Унгарија и Чешка, во кои организираните опозициски/дисидентски движења практично се преточија во умерени десни партии, преземајќи ја одговорноста за општествениот развој на нивните држави во 90-тите. За разлика од нив, во Бугарија, Романија, Хрватска и Словачка, отсуството на опозициски движења придонесе за доминација на оние од крајната/радикалната десница (independence right) и/или на националкомунистичките партии. Тоа придонесе националните прашања и економскиот популизам да станат доминатни транзиски обелжја на политичкиот живот на овие земји, смета авторката. Сепак, крајот на 90-тите го одбележува процесот на маргинализација или трансформацијата на партиите со комунистички и националистички предзнак, а умерената десница ја освојува власта во речиси сите транзициски демократии. За Вахудова тоа е значаен индикатор за нивната политичка стабилизација и приближување кон либералните демократии. Интеграциските перспективи кон Европската унија се покажаа исто така како значаен фактор за забрзување на овие процеси на конвергенција.64 Aвторката сепак 63 Vachudova M. A. Centre-right parties and political outcomes in East Central Europe, Party Politics, Vol. 14 (4) 2008 pp.387-405 64 Исто, стр. 388 56 забележува дека во најново време, умерената десница дури и во оние земји кои и се придружија на Европската унија во 2004 година, го негува скептицизмот во однос на ЕУ интеграциите, и тоа станува значајно прашање на нивната политичка агенда. Одбраната на националните интереси и националниот идентитет како и растечката имиграција, се основните причини кои го потхрануваат тој скептицизам. Во овие држави, поделбата на левица и десница, базирана на редистрибуцијата и на инволвираноста на државата во економијата, е пресечена со либерално конзервативната поделба, базирана на општествените вредности и националниот идентитет.65 Тезата на Вахудова, дека силата и кохеретноста на десницата е во голема мера резултат на карактерот на опозицијата во комунизмот, е контрадикторна на основната теза на оние кои сметаа дека само комунистичката партија беше единствената употреблива политичка сила при крајот на осумдесеттите години. Ваквото табула раса гледиште за посткомунистичката политика, сугерира дека во политичката транзиција се поаѓаше од нула, односно дека сите посткомунистички земји во транзицијата влегоа со еднаков багаж -монолитното комунистичко минато. Застапниците на оваа хипотеза (Jon Elster, Claus Offe и Ulrich Preuss 1998),66 практично го занемаруваа значењето на разликите во политичкиот живот помеѓу земјите на т.н. Источен блок., но исто така го занемаруваат и значењето на предкомунистичкиот период. Наспроти тоа, многумина укажуваат на значењето на разликите во тоа наследство и на нивното влијание врз обликувањето на политичкиот живот во транзицијата и на квалитетот на демократијата воопшто. Во средините каде што доминираа умерените десни партии, вели Вахудова, националистичкиот дискурс и другите (крајно) десничарски барања беа менаџирани на начин што нив ги правеше конзистетни со либералната демократија. 1. Десницата во поскомунистичките земји, или како функционира политичкиот спектар левица-десница во посткомунистичките општетсва? Прашањето е, што претставува десница во посткомунистичките земји, односно колку таа е слична или се разликува од 65 66 Исто, стр. 389 Кај Vahudova 2008, стр. 397 57 нејзиното класично поимање, како една од опциите на линеараниот политички спектар востановен пред повеќе од 200 години. Силната подршка на пазарните реформи и националистичката агенда, дветте стожерни точки според кои таа се разликува од левицата, во овие земји имаат специфицно значење. Доколку ги земеме предвид економските програми и политики на партиите во овие земји речиси е невозможно да се направи поделба на левица и десница. Во своите кампањи, но и во реалните политики, сите партии ветуваа заштита на животниот стандард на населението, бавни реформи, поголеми социјални трансфери од страна на државата, а со тоа и зајакната позиција на државата. Така, всушност, економскиот либерализам операционализиран преку имплементацијата на тешките пазарни реформи, чија што социјална цена по правило беше висока и требаше да се ублажи, се најде на агендите и на левите и на десните партии, создавајки им тешкотии на аналитичарите во нивните настојувања да ја идентификуваат левицата и десницата според класичните параметри. Сознанието на некои истражувачи (Spendzharova, 2006, според Вахудова, 2008) дека на болните економски реформи, било да се имплементирани од левицата или од десницата, секогаш им претходеше тешка економска криза, го сугерира заклучокот дека тие не беа резултат на идеолошките концепти на партиите, туку на реалните (сурови) барања на економијата. Потоа, во земјите каде на власт беа, во суштина, нереформираните комунисти (Романија, Бугарија) или оние од крајната десница (Хрватска, Словачка) се имплементираа само парцијални реформи, од кои требаше да профитираат само корумпираните режими со бизнис елитите. (Се разбира ова е само генерален заклучок, кој не се потврдува во сите случаи, барем не кога станува збор за брзината и квалитетот на економските реформи. А тука постојат разлики). Herbert Kitschelt (1992) дојде до една интересна суштинска опсервација, а тоа е дека во посткомунистичките земји партиската поддршка за економскиот либерализам е проследена со политички либерализам, а не со политички конзервативизам, како на Запад. Појавата на овој двоен либерализам (политички и економски) беше одлика колку на левицата, толку и на десницата во овие земји. Прашањето што се наметнува е: Како тогаш да ја разликуваме десницата од левицата во посткомунистичките земји? Добар дел од авторите сугерираат дека одговорот треба да го бараме во односот на партиите кон националните и социо-културните прашања (Kitschelt, 1992, Marks et al. 2006). Аплицирајки го овој покомплексен приод во своите анализи многумина се обидуваат да понудат класификации на партиските системи во посткомунис58 тичките општетсва. Herbert Kitschelt (1995), според Вахудова, 2008)67 нуди тројна класификација: 1. либерални партии (секуларизам, толеранција, граѓански слободи, блага декомунизација, пропазарни ориентации, космополитизам, поддршка за интеграциите кон Запад); 2. христијанско-националистички (авторитет, поредок, колективистички морал, тврда декомунизација, популистички корекции на пазарните законитости, национална автономија); 3. посткомунистички или социјалдемократски партии (изразува либералистички загриженост за социјален либертанијанизам, но и блага поддршка на економскиот популизам). Фокусирајќи го својот интерес кон десницата, Вахудова нуди трајна категоризација на доминатните десни партии: 1.умерена десница (партии кои произлегоа од опозицијата во комунизмот и ја освоија власта во 90-тите -примери Чехословачка, Полска Унгарија); 2. независна десница- националистички и популистички партии, кои користеа и либерални методи за да дојдат/останат на власт (партии кои се бореа за создавање на независни држави (ХДЗ во Хрватска и ХДЗС во Словачка; 3. комунистички националисти. Авторката напоменува дека оваа класификација, што содржи мошне различни партии, беше особено релеватна во почетокот на 90-тите, додека подоцна дел од нив (независната десница и комунистичките националисти) претрпеа значајни промени. Познатиот истражувач на партиите и партиските системи во Југославија и подоцна во Србија, Владимир Гоати, повикувајки се на Сартори, смета дека во услови на повеќедимензионален политички простор дихотомијата левица-десница е недоволно силна аналитичка алатка за да ја изрази неговата комплексност. Затоа, покрај апцисата потребна е и ордината, смета тој, нудејки ја притоа следната класификација на партиите во Република Србија: 1. Левипроевропски, 2. Десни-проевропски, 3.Традиционални-леви, 4. Традиционални-десни. Значи, според Гоати, улогата на ординатата во случајот на Србија би ја одиграла дихотомијата проевропско-традиционално.68 Клаус Вон Беуме, познатиот истражувач на политичките партии и партиски системи, во неговото мошне цитирано дело “Трансформацфија на политичките партии,“69 поаѓа од тезата дека јасната структура на општествените расцепи е битен фактор за етабли67 Исто, стр. 392 Goati V. Partiski program kao klucni element partiskog identiteta, vo Programski identiteti socijaldemokratskih partija, Socijaldemokratski klub Friedrich Ebert Stifung, Beograd, maj 2005 69 von Beyme K., Transformacija politickih stranaka, Fakultet politickih znanosti Sveucilista u Zagrebu, Zagreb 2002 68 59 рање и консолидација на партискиот систем. Што се случува во услови кога линиите на расцепите мошне тешко можат да се идентификуваат, како што е тоа случај со поскомунистичките земји? Политичката меморија поврзана со предтоталитарната ера, како и социјалистичкото искуство, малку им помагаа на новите партии во нивното профилирање. Исто значење имаат и традиционалните линии на поделба (село-град, црква-лаичка држава), бидејки социјализмот, преку интензивниот процес на индустријализација и секуларизација, во голема мера го релативизираше нивното значење. Класичниот и најзначајниот расцеп на линијата труд-капитал беше сосема неразвиен. Особено во првите години на демократизацијата, ниту капиталот ниту трудот беа претставени во политиката. Првиот поради тоа што се наоѓаше во фазата на своето создавање, а вториот затоа што неговите природни реперезенти (социјалистите и социјалдемократите) беа вовлечени во проектот на пропаста на социјализмот. Вон Беуме ќе заклучи дека исклученоста на работниците од овој процес е најголемата грешка во консолидацијата на демократскиот процес, бидејки отсуството на општетсвена сила која на тој процес ќе му даде облик на општествен договор, значи и легитимитет, го остави горчливото чувство дека процесот на демократизација беше раководен исклучиво од интересите на старата номенклатура.70 И понатаму: следната негативна консеквенца е што во таквите услови се потенцираше судирот центар- периферија, рационализиран преку национализмот и регионализмот. Општестевниот амбиент на посткомунизмот во кој се структуираа партиските системи беше мошне комплексен и нетипичен (од гледна точка на западните демократии), за да може да се задоволи со четиричлената Роканова типологија. Од тие причини, како посоодветна Вон Беуме го смета моделот на осумчлената поделба, нагласувајки притоа дека значењето на определени поделби во конкретни средини е условено и од други варијабли. Коментирајки ги различните типологии, тој ја преферира онаа на Клигеман, бидејки во неа е очигледна превласта на едниот од трите расцепи. Превласта на социјално-културниот конфликт е очекувана таму каде што владее силна етничка фрагментација, при што како пример тој ја посочува Република Македонија, и таму каде што не е надминат процесот на одвојување од поголема државна заедница (Словачка). Општетсвено-економскиот конфликт преовладува онаму каде што партискатата конфронтација е усмерена на стопанскополитичките и социјално-политичките проблеми на стариот режим 70 Исто, стр. 83 60 (Бугарија, Молдова, Романија, Русија, Украина). Авторот нагласува дека, посакуван доминантен тип на судир е општетсвено-економскиот, кој е свртен кон иднидната и кој го среќаваме во услови на пазарно стопанство (Полска, Чешка, Словенија, Унгарија, Латвија). Врз основа на анализите на демократизацијата во шест посткомунистички општетсва, Калдор и Вејвода71 извлекуваат заклучоци за политичките партии во тие општетсва. Иако нивниот акцент е ставен на институционалната димензија на партиските системи, од каде што произлегува и заклучокот дека после 89-тата во нив се создадоа три базични основни видови на партии: 1. Бившите комунистички партии кои се ребрендираа под различни имиња, завземајќи го просторот лево од центарот 2. Партии кои се обидоа да се надоврзат на политичките традиции од пред војната (пред1940 година) 3. Сосема нови партии кои се регрутираа од комунистичките дисиденти или други поединци кои не беа сврзани со комунистичката номенклатура. Предноста на наследената инфраструктра (партиска мрежа, членство), политичкото искуство, како и солидните врски со одредни државни институции, се покажаа како значајна компаративна предност на бившите комунистички партии, наспроти сите останати, во кои дефицитот на финансиски и човечки ресурси беше очигледен, особено во првите години на транзицијата. Тоа резултираше со изборни победи на првите. Во коалиција со либералните, со кои постоеше безмалку консензус во однос на владеењето, политиката стануваше досадна или нормална работа, ќе констатираат авторите. Наспроти овој прв образец, препознатлив во Словенија и Унгарија, во други земји се отвори сериозен политички фронт -остра поларизација помеѓу комунистите и антикомунистите (Романија, Бугарија, Полска, Литванија). Многу е тешко да се разликуваат партиите според нивниот филозофски или идеолошки концепт, ќе заклучат авторите, освен во случаите на ксенофобични и екстремно шовинистички партии, што можат да се сретнат речиси во сите посткомунистички земји. Повеќето од партиите ја изразуваат нивната определеност за пазарни реформи, за социјална правда, за интеграција во Европската унија, и тука партиската боја не игра некоја улога. Во основа, се работи за catch all партии, меѓу кои е можно да се направи една генерална дистинкција: дел од нив се со претежно граѓанска ориентација, а другиот дел се поблиски до некои национални и/или религиски вредности. Големите политички дебати се свртени пред се 71 Kaldor M., Vejvoda I. Democratization in central and Eastern Europe. Routledge: London-New York. 2002 61 кон минатото -комунизмот наспроти антикомунизмот, или околку одредени јавни личности- Мечиар и Ковач во Словакија, Калус и Хавел во Чешка Република, Валенса и Квашњевски во Полска, Бразаускас и Ландзбергис во Литванија. Иако во речиси сите има екстремни националистички партии, нивната поддршка, за среќа, не го надминува процентот од 10%. Понекогаш националистите се кријат во крилата на големите партии, понекогаш малите националистички партии доаѓаат на власт преку коалицирањето со големите граѓански партии. Малку поинакви заклучоци се извлекуваат кога станува збор за партиските системи на Украина, Молдова, па дури и на Грузија. Присуството на нереформираните комунистички партии чијшто политички идентитет се гради врз основа на реставрација на стариот систем е далеку поприсутно. Евроскептицизмот е широко распространет и не може да се воспостави корелација со идејно-политичката профилација на партијата. Спротивно на сознанијата на повеќето истражувачи, дека про ЕУ опцијата е врзана за левоориентираните партии, овде проевропското стојалиште се меша со националистичкиот дискурс, веројатно поради фактот што националистичките партии во овие земји во ЕУ интеграциите гледаат можност за реализација на своите идеи не само на национален план, туку и во смисла на воспоставување на демократски и економски пазарни реформи.72 Внимателниот аналитичар на овие текстови ќе заклучи можеби, дека во обидот да се идентификуваат некои законитости во структуирањето на партисксите спектри, авторите мошне често се повикуваат на исклучоци, на специфични историски, социокултурни и други специфики во пооделните земји. Во таа смисла, ниту критериумите, ниту на нив заснованите поделби и класификации, го задоволуваат вкусот на педантниот аналитичар. Многубројните интервенирачки варијабли уште повеќе ја замрсуваат работата, и за тоа се свесни, веројатно, и самите автори. Вон Беуме, во својот заклучок ке признае дека истражувањето на party change е поле со многу хипотези и малку сигурни резултати. “Оној што наведува многу причини, всушност нема причина,“ рече Кант. Кажано помодерно: се продолжува ловот на независната варијабла.”73 Сепак, ваквиот во основа критички и можеби песимистички став не ја негира аналитичката и методолошката вредност на овие компара- 72 Timus N. The influence of European integration on Party Politics and Party Systems of Post-Sovet Eu Neighbours, GARNET Working Paper No.45/08, may 2008. 73 von Bayme, 2002, p. 184 62 тивни истражувања, но секако го прави повнимателен секој истражувач. 2. Партиските профилации во пооделни земји Словенија. Во својата анализа на словенечкиот случај, Финк Хафнер Даница74 констатира дека темелните расцепи во партиските системи е можно да се систематизираат во три периоди. Во првиот преовладува расцепот комунизам- антикомунизам, под власта на идеолошко хетерогена коалиција на опозициските партии Демос и на трансформираните општетсвено- политички организации со посебен статус; во вториот период постои прикриена биполарност под водство на широката владина коалиција под водство на наследникот на трансформираната Сојуз на социјалистичка младина-Либерална партија (1992-94); третиот период го обележува првата изразито центар-десно ориентирана коалициска влада (од 2004-), која во однос на претходниот период претставува јасно идеолошко профилирање на власта. Клучно прашање за разбирање на словенечката транзиција е фактот што уште во времето на социјализмот владејачката партија го започна процесот на либерализација на системот, смета авторката, со што се овозможи дејствувањето на политичката опозиција. Во словенечкиот случај, тоа беа дел од бившите општестевно политички организации (пред се, Сојузот на социјалистичката младина), кои постепено се реформираа прилагодувајќи се на амбиентот на политички плурализам. Таквиот демократски развој се одвиваше постепено, со што уште во еднопартискиот систем се јави зародишот на политичката опозиција75. Всушност, политичките партии се црпеа од старите извори -наследените форми на општестевно-политичко организирање: ССМ, ССРН, СК Друштво на писатели, Зелените, организации врз регионална основа, етничка основа, југоносталгичари. Наследените организациски мрежи, политичкото искуство и кадровскиот потенцијал и во Словенија се покажаа како мошне значајни претпоставки за успешно дејствување на партиите. Сé до парламентарните избори во 2004 година, старите реформирани 74 Fink Hafner D. Strankarski system v Sloveniji: od prikrite k transparetni bipolarnosti во Lutovac Z. (ured.) Politicke stranke i biraci u drzavama bivse Jugoslavije, Beograd 2006, FES, Insitut drustvenih nauka, str. 363-385 75 Тој опозициски простор го препознаа некои од актерите во рамките на постојните облици на политичко организирање- Сојузот на социјалистичка младина, па потоа Социјалистичкиот сојуз на работниот народ (1988) 63 политички структури успешно се прилагодуваа на новиот амбиент, комуницирајќи успешно и со политичките ориентации на гласачите. Анализирајки го значењето на идеолошките профилации на партиите, Хафнер ќе констатира дека, иако почетниот период беше обележан со расцепот комунизам-антикомунизам, гласачите им ја дадоа довербата на старо-новите партии. Што се однесува до новите десни партии, тие во првите десетина години го градеа својот капацитет и во организациска и во смисла на политичка профилација (вклучувајки го тука и надминувањето на интра партиските конфликти), за во 2000 година конечно да се консолидираат и да се позиционираат идеолошки во десниот центар, развивајки јасна стратегија на заемно дејствување. Доколку идеолошкиот спектар во Словенија се перцепира од гледна точка на граѓанинот, во почетокот беше очигледна наклонетоста на избирачите кон умерената левица (средно лево усмерени- 69% во 1991, а во десниот дел се сместија 31% од граѓаните). Од 1996 година се забележува придвижување кон средината, со што се наруши левата асиметрија на континуумот, констатира Хафнер. Истражувањата на јавното мислење секогаш изразуваа два темелни идеолошки расцепа помеѓу гласачите: комунизамантикомунизам, либерализам- конзервативизам, со што претежно се покриваше поделбата левица-десница. Црна Гора. Црна Гора и Србија беа последни кои го воведоа повеќепартискиот систем. Иако распаѓањето на Сојузот на Комунистите беше очигледно, овие две републики како да одбиваа да се соочат со реалноста, настојувајќи да создадат услови за продолжување на 14-от Конгрес на СКЈ.76 Присутни беа размислувањата, дека повеќе партии не значат нужно и повеќе демократија и дека самоуправувањето е всушност крајниот стадиум на демократијата. Веројатно и поради мошне либералниот закон за здружување на граѓаните (11.07.1990), во регистерот се запишаа дури 74 политички партии, иако добар дел од нив постоеја само на хартија. Што се однесува до нивната идејно-политичката профилација77, партиите имаат некои иделошко политички одредници во нивните интерни акти, но битно е дека тие одредници не претставуват основа за нивното дејствување, ниту за определување на избирачите, па дури ниту за политичките елити кога се работи збор за нивните јавни настапи. Ако кон тоа се додаде и фактот дека пар76 Vujovic Z., Komar O. Politicke partije u Crnoj Gori во Lutovac Z., (ured.) Politicke stranke i biraci u drzavama bivse Jugolsavije. FES-Insitut drustvenih nauka, Beograd, 2006, str. 173-205 77 Истражувачите се жалат и на недостапноста на партиските програми, како интересен индикатор за консолидираниот политички плурализам во Црна Гора. 64 тиите не ги ажурираат нивните програми со битните прашања кои се наметнуваат на политичката агенда на државата (на пример, ЕУ интеграциите), се поставува прашањето на релеватноста на политичката програма како референца за одредување на нивниот политички профил.78 Околу кои прашања се вршеше диференцијацијата? Околу 2 битни прашања кои се однесуваа на државноправниот статус на државата. Првото беше постоењето на црногорската нација, а второто преферираниот облик на државна заедница (унионисти-сепаратисти). Сé до референдумот за државноправниот статус на Црна Гора (2006), тие доминираат во политичките дебати, предизвикувајки длабоки расцепи во општестевното ткиво и земајки напати и агресивни облици на меѓусебно убедување помеѓу дватта табора, кои со текот на времето сé повеќе се хомогенизираа. Со текот на времето, овие две прашања се споија во едно- за и против самостојноста на Црна Гора. Интересно е притоа дека во однос на партиските определби, во ЦГ се профилираа 3 партиски табори/фамилии: едните за, другите против и третите со неизграден став по однос на ова прашање.79 Вака структуираната дебата доминираше во сите избори, без исклучок (парламентарни, локални, претседателски), со што целото гласачко тело се наоѓаше во состојба на висока мобилизираност од една страна, а од друга, тоа им овомозмжуваше на политичките елити да ги маргинализираат прашањата сврзани за егзистенцијалните потреби на населението, како и соспствената одоговорнсот за нивното исполнување. Прашањата кои се наметнуваа на политичката агенда после референдумот се од поинаков карактер: економските реформи, корупцијата, европските интеграции. Ова, последното, е прашање од стратегиски карактер за кое во Црна Гора постои консензус помеѓу партиите, иако во повекето програми тоа прашање воопшто не е спомнато (ниту партиите чуствуваат потреба за нивна промена во оваа смисла). Проевроспките ориентации на партиите се сосема во склад со расположението на граѓаните, кои, исто така, се проевропски расположени (на пример во 2006 година 76,5% од анкетираните) . Србија. Партискиот систем на Србија се структуираше вдолж линиите на најдалабоките општетсвени расцепи, констатира 78 Vujovic Z., Komar O. Politicke partije u Crnoj Gori во Lutovac Z., (ured.) Politicke stranke i biraci u drzavama bivse Jugolsavije. Исто, стр.. 179 79 Притоа, уште поинтересен е податокот дека според кој, партијата која имаше мнозинство (сама или во коалиција) се до 2006 година најдолго време помина во третиот табор, за да на крајот сепак се стави на чело на суверенистичкото движење, кое на референдумот доживеа успех. 65 Владимир Гоати80. На нивното формирање и развој влијаеја повеќе фактори меѓу кои најзначајни се четири: 1. етничките поделби кои цврсто ги следат границите на етничките групи (општество на сегментирани расцепи); 2. односот кон поредокот на Милошевиќ (според Липсет-Рокановата шема- расцеп помеѓу националните елити; 3. дилемата левица-десница 4. изборниот систем.81 Првата линија на расцеп ги подели партите на граѓански и националистички, а таквата линија на поделба, вели Гоати, повикувајки се притоа на Kitchelt, во голема мера се преклопува со авторитарното и демократско определување на партијата. Граѓанската/демократската политичка опција е поврзана со вредностите како што се толеранцијата, пазарната економија, демократијата и отвореноста спрема светот, додека втората (националистичката) опција високо ги вреднува етничката/верска солидарност, нацијатадржава или поклопување на границите на етникумот со државните граници, и притоа изразуваат негативен став спрема соработката со светот (понекогаш има дистанца кон пазарното стопанство и прокламира авторитарно владеење). За Гоати, првата е проевропска а втората традиционалистичка. Традиционалистичката опција (Социјалистичката партија на Србите, Социјалистичката радикална партија на Шешељ и ЈУЛ или т.н. црвено-црна коалиција) беше доминатна на политичката сцена на Србија сé до политичкиот преврат од 5 октомври 2000 година. Слабоста на демократската или проевропската опција се должеше, меѓу другото и на неможноста за заедничка соработка, но и на разликите помеѓу нив, што особено се покажа после 5 октомври, кога коалицијата ДОС ја презеде власта.82 Силната и долготрајна поддршка на режимот на Милошевиќ, за кој е врзана втората поделба/расцеп се должи на фактот што тој режим не се потпираше само на комунистичката парадигма, туку и на националситичката што, во условите во кои се најде Србија, беше одличен амалгам за привлекување на гласачкото тело. Интересно е притоа што ефективната опозиција на овој режим не беше во партискиот систем, туку, пред, се во граѓанското општество. Антисистемскиот блок во Србија се одржа и после 5 октомври 2000 година, бидејки за разлика од другите постосоцијалистички земји, екс комунистичката партија во Србија не се трансформира во модерна социјалдемократска варијата, туку ги 80 Goati V. Partije i partiski sistemi u Srbiji, OGI CENTAR, 2004 Исто, стр. 168 82 Дел од партиите покажаа резерви во однос на некои од условите за соработка со меѓународната заедница, како услов за прием во ЕУ. 81 66 задржаа своите програмски определби, настојувајки и понатаму да се залага за нивното остварување. Тоа е спецификата на Србија, смета Гоати. Но, она што е битно е дека дојде до расцеп и во националистичкиот блок, при што некои негови делови се демократизираа, со што ослабна неговиот антисистемски потенцијал и радикализам. Позиционирање на спектарот левица- десница беше можно да се направи и во Србија- но сосем условно. Залагањето за државната наспроти приватната соспственост, државна интервенција во економијата, редистрибуција на национално богатство, welfare state, екстремно лева позиција, умерено лева, умерено десна итн. Но сé до 5 октомври 2000, расцепот на левица/десница имаше далеку помало значење отколку етничкиот расцеп и она за природата на политичкиот поредок. Дури после тоа расте неговото значење со започнувањето на длабоките општетсвено-економски промени. Во секој случај, поконкретното профилирање на партиите на линерниот спектар е поматено поради коалицирањето (ова е особено битно за помалите партии) и поради аранжманите со меѓународните институции (ММФ и СБ). Условувајки ги интеграциските процеси со придржување кон одредени економски политики, ММФ и Светската Банка, во голема мера го лимитираат маневарскиот простор на партиите и нивното дејствување во склад со сопствените програмски ориентации. Бугарија. Во нејзината анализа за партискиот систем во Бугарија, Петија Георгиева83 идентификува три основни расцепи,84 кои влијаат на структуирањето на политичкиот спектар во посткомунистичка Бугарија: 1. силна поделба помеѓу некогашните комунистите и анти комунистите; 2. економскиот расцеп изразен како конфронтација на максималисти- минималисти; и 3. расцепот авторитарност-демократија. Двајцата протагонисти на првиот расцеп се Унијата на демократските сили на Бугарија (која ги обедини антикомунистичките сили) и Бугарската социјалистичка партија (партијата наследник на Бугарската комунистичка партија). Силината на тој расцеп силно ја обои бугарската политичка сцена, оставајќи малку простор за појава на други политички субјекти, кои би 83 Georgieva P. Quels clivages pour les partis politiques Bulgares?; Transitions, 2001/1 Ставајки ја во фокусот на својот интерес надворешната политика на Бугарија, политикологот Антони Тодоров поага од тезата дека политичката профилација на партиите во голема мера се должи на надворешната политика на Бугарија и затоа неа ја вбројува во системот на политичките расцепи. Види: Todorov A. Politique etrangere et culture politique- le cas du systeme des clivages en Bulgarie, Transitions, 2001/1 84 67 се јавиле како претставници на интересите на одредени социјални групи.; и второ, тоа оневозможи појава на една политика која би била помодерна, во смисла попрагматична и потолерантна. Вториот расцеп, (економскиот) ги означи некогашните комунисти како минималисти во однос на темпото и длабочината на економските реформи, а десницата како максималисти, што беше во редот на очекувањата. Но, напоменува авторката, после 1997 година, кога се направени аранжманите со меѓународните финансиски инситуции -ММФ и Светска Банка- тој простор за владеачките коалиции, од било која провиниенција, битно се намали. Георгиева смета дека со натамошниот демократски развој на Бугарија значењето на првите два расцепа ке се намалува, а третиот расцеп демократија– авторитарност, сé повеќе ќе влијае на структуирањето на политичкиот пејзаж на земјата. Повеќето бугарски автори кои пишуваат за основите на структуирањето на партискиот систем (Карасимеонов, Тодоров, Георгиева, Генов) се навраќаат на блиското историско минато, обидувајќи се да ги идентификуваат (социокултурните и историските) корените на структуирањето на политичките субјекти на бугарската политичка сцена. Анализирајќи го не само комунистичкиот период, туку и параламентарното искуство на Бугарија помеѓу двете Светски војни, овие автори покажуваат дека политичката меморија (спротивно на тезата на Вон Бејме, на пример) не е за потценување кога треба да се објаснат политичките ставови и ориентации на партиите во периодот на транзиција кон демократија. 85 85 Види на пример: Genov N. National and Right-wing radicalism in Bulgarija, paper for the project of the Friedrich Ebert Foundation on Right –wing extremism and its impact on young democracies in the CEE-countries, 2009; Todorov, isto, 2001; За Георгиева, доминантни десни партии се оние кои ги усвоија конзервативно-националните и национално-популистичките традиции и кои беа во можност да ги предводат владините коалиции. Види Georgieva, исто стр. 84 68 ЛИТЕРАТУРА: Altagic S. Partiska identifikacija kao determinanta izborne motivacije: Teoretske kontraverze i problemi empiriskog istrazivanja. FES, FPN: Beograd. 2007 Austen-Smith D., Bank J. S. Positive Political Theory II: Strategy and Structure, Ann Arbor: University of Michigan Press. 2005 Bara J. and Weale A. (eds). Democratic Politics and Party Competition. Routledge: London and New York. 2006 Benoit K., Laver M. Party Policy in Modern Democracy. Rutledge, Taylor & Francis Group: London & New York. 2006 Blondel J. Comparative Governement. Prentice Hall: Harvester Wheatsheaf. 1995 Bowler S. Farrell D. M., Katz R. S. Party Discipline and Parliamentary Government. Ohio State University Press: Ohio. 1999 Boy D., Mayer N. ”Lelecteur a ses raisons”.Presses de sciences PO: Paris. 1997 Budge I., Klingemann H. D., Volkens A., Bara J., Tanenbaum E., with Fording, R. C., Hearl, D. J., Kim, Hee M., McDonald, M., Mendez S. Mapping Policy Preferences: Estimates for Parties, Electors, and Governments 1945-1998 Oxford University Press: Oxford. 2001 Dalton R. J., Wattenberg M. P. Parties without Partizans, Political Change in Advanced Industrial Democracies, London Oxford University Press, 2000 De Waele J. M (ed.) Partis politiuqes et democratie en Europe centrale et orientale, Editions de l’ Universite Libre de Bruxelles: Bruxelles. 2002 Della Porta D. and Diani M. Social Movements. Blackwell Publishers: Oxford. 1999 Dressler W., Gatti G., Perez-Agote A. Les nouiveaux reperes de l’identite collective en Europe, Paris, L Harmattan, 1999 Freire A. “Party Polarization and Citizen’s Left Right Orientations” in Party Politics 2008: 14 (2) pp. 189-209 Futuribles: L evolution des valeurs des Europeens, Numero special, juillet-aout, 1995 Genov N. National and Right-wing radicalism in Bulgarija, paper for the project of the Friedrich Ebert Foundation on “ Right –wing extremism and its impact on young democracies in the CEE-countries” Giannetti D., Laver M. “Policy positions and jobs in the government” European Journal of Political research, 2005: 44(1) pp. 91120 69 Goati V. Partije i partiski sistemi u Srbiji. OGI CENTAR: Beograd. 2004 Goati V. Partiske borbe u Srbiji u postoktobarskom razdoblju. FES, IDN: Beograd. 2006 Georgieva P. Quels clivages pour les partis politiques Bulgares? Transitions. 2001/1 Gunther R., Ramon-Montero J. and Linz H. Political Parties-Old Concepts and New Challenges. Oxford University Press: Oxford. 2002 Ingelhard R. Globalization and postmodern values, Washington Quaterly, winter, 2000, pp. 215-228 Ingelhard R. Modernization and Postmodernization: Cultural, Economic and Political Change in 43 Countries, Princeton University Press: Princeton, NJ, 1997 Ingelhard R. The Silent Revolution: Changing Values and Political Styles in Advanced Industrial Societies, Princeton University Press: Princeton, NJ, 1977 Haralambos M., Holborn M. Sociologija –teme iperspective, Golden Marketing: Zagreb. 2002 Hejvud E. Politika. Clio: Beograd. 2004 Heywood A. Political ideologies- an introduction, second edition, Palgrave, New York, 1998 Hinich, M., Munger M. Ideology and theory of political choice. Ann Arbor: University of Michigen Press. 1994 Hinich, M., Munger M., Analytical politics, Cambridge University Press: Cambridge (England); New York, NY, USA. 1997 Horovitz D. L. Ethnic groups in conflict” University of California Press: Berkley, Los Angeles, London. 1985 Hristova L. “Comprendre et gerer les conflits interethniques: un defi pour les pays des Balkans”, dans J. Boucher, J.I. Theriault (dir.) Petites societes et minorities nationaels, Presses de l Universite du Quebec, 2005. Pp. 133-151 Hristova L. “Multiculturalisme as political model: The case of Macedonia.” Kaj Nikolai Genov ed. Ethnic relations in South Eastern Europe. LIT: Berlin, pp. 97-117 Huntington S. Le choc des civilizations. Odile Jacob: Paris. 2000 Kaldor M., Vejvoda I. Democratization in central and Eastern Europe. Routledge: London-New York. 2002 Kitscheld H., Formation of Party Cleavges in Post–Communist Democracies: Theoretical Propositions”, Party Politics 1995/1, 447-472 Kitscheld, H. The Formation of Party Systems in East Central Europe, Politics&Society, March 1992, p.7-50 Klingemann H. D., Volkens A., Bara J., Budge I., Macdonald M., Mapping Policy Preference II: Estimates for Parties, Electors and 70 Governments in Eastern Europe, the European Union and the OECD, 1990-2003. Oxford University Press: Oxford. 2006 Klingemann H. Fuchs D. (ed.) Citizens and State. Oxford: Oxford University Press 1995 Krasteva A. “Identites postcomunistes” dans Transition et reconstruction des societes. LSCI-IRESCO. 2001 Laver M., Benoit K. & Garry J., Extracting Policy Positions from Political Texts Using Words as Data, American Political Science Review, Vol. 97, N. 2, May 2003, Pp. 311-331 Le Duc L., Niemi R. & Norris P. Comparing Democracies 2- new challenges in the study of elections and voting, SAGE Publications: London, Thousand Oaks, New Delhi. 2002 Lipset S. M., Political Man: The Social Bases of Politics 3nd edition, The Johns Hopkings University Press, 1981 Lutovac Z. (ured.) Demokratija u politicklim strankama Srbije. Insitut drustvenih nauka, FES: Beograd 2006 Lutovac Z. (ured.) Politicke stranke и biraci u drzavama bivse Jugoslavije. Friedrich Eberd Stiftung, Insitut drustvenih nauka: Beograd 2006 Millard F. Elections, parties and representation in PostCommuniste Europe. Palgrave Macmillan: London. 2004 Miller, W. L., Timpson, A. M. and Lessnoff, M. H. Political culture in contemporary Britain: people and politicians, principles and practice Clarendon Press; Oxford University Press: Oxford, U.K.,New York. 1996 Muxell A. L age des choix politiques, Revue francaise de sociologie, xxxiii, 1992, pp. 233-263 Norris P. (ed) Elections and Voting Behaviour- New Challenges, New Perspectives. Aldershot: Ashgate Dartmouth. 1998 Poole K. T., Rosenthal H. Congress: A political – Economic History of Roll Call Voting. Oxford University press: New York. 1997 Riffault H. (dir.) Futuribles: L evolution des valeurs des Europeens, Numero special, juillet-aout,1995 Rokkan S., Lipset S. M., Pary Systems and Voter Aligments: Sross-National Perspectives, The Free Press: Toronto, 1967 Ronald I. “Globalization and postmodern values”. Washington Quaterly, winter 2000 Sakwa R., Stevens A. Contemporary Europe- scond edition. Palgrave Macmillan: London. 2006 Sartori Ð. Uporedni ustavni inzinjering. Filip Višnjič: Beograd. 2003 71 Shabad G., Slomczynski K. “Political identities in the initial phase of systematic transformation in Poland”. Comparative political studies, 1999: 32 (6) pp. 690-723 Sills D., et all (eds), International Encyclopedia of the Social Sciences, Macmillan Free Press: New York, 1968 Slapin J. B., Proksch S.-O., A scaling Model for Estimating TimeSeries Party Positions From Texts, American Journal Of Political Science, Vo. 52 (3), 2008 pp. 705-722 Sopar V. Television across Europe: Follow-up Reports 2008Macedonia. http://www.mediapolicy.org/tv-across-europe/follow-upreports-2008-country/macedonia-web.pdf/view Sopar V. The media Landscape of Macedonia in 2004: Questionable pluralism http://www.mediaonline.ba/en/?ID=348 Timus N. “The influence of European integration on Party Politics and Party Systems of Post-Sovet Eu Neighbours”. GARNET Working Papers. 2008: No.45/08 Todorov A. “Politique etrangere et culture politique- le cas du systeme des clivages en Bulgarie”. Transitions, 2001/ 1 Vachudova M. A. “Centre-right parties and political outcomes in East Central Europe”. Party Politics, 2008: 14 (4) pp.387-405 Von Beyme K. Transformacija politickih stranaka. Fakultet politickih znanosti Sveucilista u Zagrebu:, Zagreb. 2002 Атанасов П. Мултикултурализмот како теорија, политика и практика. Евробалкан пресс: Скопје. 2003 Георгиевски Љ. Остварување на вековниот сон. НИП Нова литература: Скопје. 2001 Зборник Македонија 1989-1999. Фондација отворено општетсво: Скопје. 2001 Иглтон Т. Идеологија-вовед. Темплум: Скопје. 2005 Јовевска А. Изборните концепти во теориите на демократијата. ИСППИ: Скопје 1999 Климовски С., Каракамишева Т. Политички партии и интересни групи. УКИМ Правен факултет Јустинијан Први: Скопје. 2006 Липхарт A. Демократијата во плуралите општества. СТЕП: Скопје. 1994 Малеска М. Етничкиот конфликт и прилагодувањето. Култура: Скопје. 1997 Милосавлевски С. Источна Европа помеѓу егалитаризмот и демократијата. ИП Љуботен: Скопје. 1993 Мирчев Д. Драмата на плурализацијата. Комунист: Скопје. 1991 Мирчев Д., Христова Л. Модерната политиологија. ФОН и Култура: Скопје. 2008 72 Мојановски Ц. Летопис на македонската демократија. ПАКУНГ: Скопје. 2000 Спасов Ѓ. Фактори на обликување и природа на партискиот систем во Република Македонија”. докторска дисертација, одбранета на ИСППИ. Скопје. 1993 Тахири С. Влијанието на политичките партии врз уредувачката политика на комерцијалните телевизии во Република Македонија. магистерски труд. ИСППИ. Скопје. 2008 Тимовки В. Стефановски С. (уред.) Политичките партии во Македонија- изборни програми, изборни закони, кандидати по изборни единици. ПОС Систем 21: Скопје. 1990 Христова Л. „Владеењето на правото, демократијата и ефикасноста на институциите“ во Зборник на трудови од меѓународната конференција Македонско-француски денови на правото- 200 години code civil, Правен факултет- Скопје 2004, Просветно дело: Скопје. 2005 стр. 465-479 Христова Л., Шопар В., Јовевска А., Сасајковски С. Парламентарните избори во Р. Македонија 1998. Институт за социолошки и политичко-правни истражувања: Скопје. 1999 Џиков С. Четврта емигрантска Македонија. Аз-Буки: Скопје. 2007 73 74 ВТОР ДЕЛ ПОЛИТИЧКИТЕ ИДЕНТИТЕТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 75 76 д-р Лидија Христова ПОЛИТИЧКИОТ ПЛУРАЛИЗАМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Според развојот на партиските системи и според физиономирањето на партиите, како основни политички актери на транзицијата, Република Македонија по многу нешта се приближи кон останатите земји на Југоисточна Европа. Помалку или повеќе, неочекуваната транзиција ги стави овие земји во ситуација да ги прифатат политичкиот плурализам и повеќепартиските избори како базични обележја на својот демократски развој. Тоа предизвика појава на огромен број на политички субјекти, стабилни и помалку стабилни, кои се натпреваруваа на политичката сцена, настојувајки да го провоцираат интересот на гласачкото тело. Масовноста во промовирањето на политички опции укажува на своевидна плуралистичка експлозија на која влијаеја, како мошне либералните услови за формирање на партиите, така и потребата од политичко изразување, но би рекле тоа беше и индикатор за определено помодарство.86 Бројката од 23 регистрирани политички партии само во 1990 година укажува на т.н. иновациски синдром, ќе потсетат други автори, при што како основачи на партиите се јавија главно лица познати на пошироката јавност, било како припадници на комунистичката елита, било како дисиденти, односно лица од јавниот живот-писатели, поети итн. Во широкиот спектар на новосоздадени политички субјекти (барем според нивното име) можеа да се сретнат и етнички партии (ПЦЕР, Демократски сојуз на Турците, Странка на Југословените), и граѓански партии, и леви (социјалдемократски, социјалистички, работнички), и десни (демохристијански, народни...)87. Ваквато структуирање на партискиот систем беше, помалку или повеќе, вообичаено и за другите постсоцијалис86 Мојановски Ц., Летопис на македонската демократија, ПАКУНГ, Скопје, 2000 Види Мојановски Ц., исто стр.16-17; Тимовки В. Стефановски С. (уред.), Политичките партии во Македонија- изборни програми, изборни закони, кандидати по изборни единици, ПОС Систем 21: Скопје, 1990 87 77 тички земји, како што беше вообичаено местото лево од центарот да го заземат бившите комунисти, кои благодарејќи на политичкото искуство, наследената организациска инфраструктура, финансии, израснаа во значаен политички фактор, а на другата страна на политичкиот спектар да се позиционираат дисидентите/антикомунистите. Во Република Македонија не се појавија тн. возобновени политички партии кои реферираа на парламентарното искусто на државите пред Втората светска војна, зашто Македонија немаше такво искуство. Но, како започна политичкиот плурализам во Македонија и на што се должеше сегементацијата на политичката сцена? Можеме ли да зборуваме за расцепи во општетсвеното ткиво и на која основа тие се структиураа? 1. Драмата на плурализацијата Како што идеолошката конфигурација на Југославија, на Балканот и на средноисточна Европа, со промените и со плурализацијата се менува и се движи “кон десно”, така Р. Македонија не менувајќи во себе практично ништо- го стекнува и го зајакнува имиџот на неначната комунистичка и тврдокорна лева средина. Оваа песимистичка констатација на Димитар Мирчев во средината на 1990-та88, ја споделуваат воглавно сите автори кои го анализирале предвечерието на транзицијата (Спасов, Јовевска, Мојановски, Климовски, Каракамишева). Всушност, ваквиот амбиент при крајот на осумдесеттите не претставува изненадување, туку само потврдување на стереотипот за Македонија како конзервативна средина, во која промените и новините што се случуваа во некогашната заедничка социјалистичка држава, на југот се отсликуваат само како блед одраз на случувањата во другите републики. Значи, ништо од силна опозиција во доцните години на комунизмот, како автохтона/движечка демократска сила која, позиционирајки се десно на политичкиот спектар, ќе го покрене процесот на демократизација (според тезата на Вахудова), ниту во смисла на словенечкиот случај, каде комунистичката партија при крајот на 80-тите го подготвува теренот за плурализацијата и јавноста за промените кои неминовно настапуваат (Хафнер Даница). Во Република Македонија недостасува автентично опозициско или дисидентско движење, кое би можело да ја преземе таквата улога, а од друга страна реформскиот капацитет на Сојузот на комунистите на Македо88 Мирчев Д., Драмата на плурализацијата, Комунист: Скопје. 1991 стр. 157 78 нија е со ограничен домет и се пројавува (релативно) задоцнето. Постоеше ли воопшто опозиција/дисидентство во Македонија? 2. Опозиција на комунизмот и конзервативна свест Како дел од југословенската федерација, Македонија ги чувствуваше и преживуваше расцепите и идејните конфликти кои се случуваа во рамките на единствената држава. Најпрво, како непријатели на новосоздадената социјалистичка држава беа идентификувани: соработниците на окупаторот, припадниците на богатите слоеви, сталиниститите, со кои комунистичкиот режим во повоените години жестоко се пресмета. Потоа следуваа години на силно манифестирано единство, на силен ентузијазам и мотивација за изградба на идеалното комунистичко општетсвово, во кое државата односно комунистичката партија беше во можност релативно успешно да ги менаџира разновидните интереси и проблеми. Веќе од 70-тите години на дваесеттиот век состојбите се менуваат, а натрупаните економски, политички, националистички, меѓуетнички и други проблеми се рационализираа преку силните конфронтации во рамките на раководната политичка сила –комунистичката партија. Тие расцепи можеа да се препознаат во барањата/стратегиите за натамошниот развој на југословенската федерација (помала или поголема самостојност на републиките), афирмирање на принципите на пазарното стопанство (наспроти оние кои беа за status quo во економијата), поголема афирмација на либералните вредности (слобода на говор, здружување, слобода на медиуми).89 Препознавајќи сериозни опасности за системот (конфронтациите очигледно имаа и своја идеолошка димензија), Партијата ја започна пресметката со внатрешните непријатели, а во политичкиот дискурс се промовираше борбата против: “националистите, либералите, техноменаџерите, опортунистите....”. Одгласот на овие конфронтации внатре во комунистичката партија беше далеку помал во Македонија, отколку во некои други републики 89 Спасов Ѓ. Фактори на обликување и природа на партискиот систем во Република Македонија, докторска дисертација, одбранета во 1993 во ИСППИ, Скопје. Идејните конфликти имаа и своја регионална димензија. Развиениот север на југословенската федерација докажуваше дека постоечката распределба на националното богатство е на негова штета, односно дека тој всушност го храни непродукивниот југ на земјата, додека претстваниците на јужните републики го тврдеа спротивното - дека тие се извор на ефтини суровини и сигурен пазар на развиенот север. Кој кого експлоатираше во братската југословенска заедница, остана неразјаснето прашање и до денес. 79 (пред се оние од северот), потврдувајки го епитетот за Македонија како конзервативна средина. Сепак и во Македонија беа идентификувани внатрешните непријатели на државата (соработници на окупаторот, борци за идеите на ВМРО90, националисти, либерали, техноменаџери....а од 80-тите и албански иредентисти), кои режимот (во најблагата варијанта) ги екскомуницираше од политичкиот и јавниот живот. Нараснатата криза на југословенскиот систем на социјалистичко самоуправување, во предвечерието на крахот на комунизмот, на површина исфрли три концепти за излез од кризата, предводени од три веке диференцирани фракции во рамките на СКЈ.91“. Позицијата на уплашените републики (Македонија и Босна), како што ќе ги нарече Спасов, означуваше балансирање помеѓу сецесионизмот на Словенија и унитаризмот на Србија, при што овие две дефинирани опции не се однесуваа само на карактерот на федерацијата, туку подразбираа и сосема различни идеолошки концепти за натамошниот развој на државата. Првите, отворени за промените што доаѓаа од Запад, а вторите вкопани во идејата за “контролиран безпартиски плурализам, при што треба да се внимава тој да не прерасне во парламентарна демократија од буржуаски вид“92 Во таквите околности јавноста во Македонија остана збунета и исплашена, недоволно свесна и припремена за неминовноста на процесите на трансформација, кои веке се случуваа како во рамките на заедничката држава, така и надвор од неа. Македонија конечно се приклучи на реформистичката фракција на северот, а како клучен настан се смета 14-иот Конгрес на 90 Се смета дека пет години по војната Македонија ја напуштиле 1500 политички емигранти, при што најголем дел од нив биле политички организирани во најразлични патриотски организации. Вон границите на Македонија постоеше една паралелна емигрантска Македонија, чиишто цели беа независноста и суверенитетот на државата, како и барањето за обединувањето на македонскиот народ, вели Ставре Џиков (ФОКУС 10.јули 2009). Против таа емиграција, како впрочем и против политичките емигранти од другите републики на СФРЈ, тогашната комунистичка власт се бореше со сите средства. (вклучувајки ги и физичките ликвидации). Интересно е, меѓутоа, дека оваа димензија на политичката опозиција/дисидетство беше маргинализирана во политиколошките анализи после 90 тите, па така јавноста имаше можност да се запознае со проблемот, пред се, преку публицистичките изданија на пример на Ефтим Гашев, Ставре Џиков итн. 91 Тоа беа “Словенско-хрватска реформистичка фракција”, ”Српско-Црногорска догматска фракција” и “Македонско-Босанска политички амбивалентна фракција”. Види кај Спасов Ѓ., Фактори на обликување и природа на партискиот систем во Република Македонија, докторка дисертација одбранета во ИСППИ, 1993, стр. 192-202 92 Спасов Ѓ., исто, стр 200; Јовевска А., Изборните концепти во теориите на демократијата, ИСППИ: Скопје, 1999. стр.173 80 СКЈ (20-22 јануари 1990), на кој после напуштањето на конгресот од страна на словенечката делегација, тоа го сторија и македонските претставници. Овој чин беше многу значаен и заради ослободување на македонските комунисти од епитетот “српски приврзок”, што означуваше една состојба на континуирана зависност од братската република на север од Македонија. Ваквиот пресврт беше можен со победата на реформиситчката струја над догматско конзервативната на десеттиот конгрес на СКМ (декември 1989), со што се создадоа услови за трансформација на СКМ од партија од бољшевички тип во демократска политичка партија од социјалдемократска варијанта. Таквата трансформација во тој историски момент е многу важна, можеби најважната работа и за политичкиот живот во Републиката, ќе констатира Славко Милосавлевски93. Новото, реформистички настроено раководство, успевајќи да фати приклучок со историските процеси кои незапирливо се тркалаа на европските простори, практично ја подготви партијата за новото време, отворајќи истовремено простор за политичкиот плурализам, и овозможувајќи еден релативно мирен, недраматичен премин во предворјето на демократијата. Веројатно многумина ке се сложат дека општествените промени во Македонија се случија според образецот top-down или одозгора надолу. Во прилог на таа теза е и опсервацијата на Петар Гошев, новоизбраниот претседател на 10-иот конгрес на СКМ. Иако позначајни отпори кон мирната трансформација не се забележувале, тој бил вчудоневиден од отпорот со кој се соочил на теренот по донесувањето на одлуката за промена на името на партијата (од СКМ во СКМ-ПДП) и промената на знамето со црвена петокрака.“ И тоа не само во повисоките ешалони на партијата, туку и кај просечните членови. Сфатив дека идеолошкиот товар од минатото е голем, дека битката за промена на идеологијата и навиките де факто ќе трае многу подолго. Тие отпори не беа само знак за количеството конзервативна свест во партијата, туку и во општетсвото во целост.“94 93 Милосавлевски С., Источна Европа помеѓу егалитаризмот и демократијата, ИП Љуботен, Скопје 1993 стр 139, 146 кај Мојановски Ц., Летопис на македонската демократија, ПАКУНГ: Скопје. 2000 94 Гошев П., Процесите на трансформација на СКМ, укинување на еднопартизмот и воведување на плурализмот во Зборник : Македонија 1989-1999, Фондација отворено општетсво, Скопје, 2001, стр. 67 81 3. Основните обележја на плуралистичкиот амбиент Во таквиот политички амбиент се случи плуралистичката експлозија во 1990 -та година95. Иако тој интензитет во наредните години се намали, сепак Македонија се вбројуваше меѓу земјите со високо сегментиран партиски систем кој опстана во целиот период на транзицијата. (на пример, според некои извори во 2005 вкупниот број на политички партии изнесуваше 139, а во 2009- 92 партии96). Ако бројноста на политичките партии беше првото обележје, тогаш второто се однесуваше на нестабилноста на политичката понуда. Појавата на нови, поделбите на старите партии, спојувањето, префрлањето на одделни пратеници од едни во други партии, придонесе за промена на политичкото мени од едни до други избори97, внесувајки конфузност кај избирачкото тело и, практично, намалувајќи го вистинскиот избор. Во јавноста се поставуваше прашањето: на што се должат овие институционални промени, во која мера тие се резултат на концепциски разлики меѓу политичките субјекти, а во која на лични нетрпеливости меѓу поединците од политичките елити, зад кои по правило стои неможноста да се постигне договор за поделба на пленот. Промените во изборниот систем (Македонија започна со мнозински изборен модел за првите паралментарни избори, потоа премина на мешовит за да заврши со 95 Никола Кљусев, првиот председател на владата на РМ, очигледно не можејки да одолее на својот поетски предизвик, мошне пластично го опишува тој иновациски синдром. „Во отсуство на програми и стратегии партиите се свртеа кон емоциите“, вели тој, „некритички оживувајки ги тотемите од минатото и создавајки напнатост со елементи на хаос......Едни ги подигаа знамињата на Илирида и сонуваа за Голема Албанија......други го бараа своето генетско наследство во воинствените победи на Александар Велики. Трети го бараа сонот за македонското обединување, на Гоце, Александров, Ченто, Брашнаров, додека други цинично ги фрлаа во прегратките на бугарофилството. Некој залутан самак во опиено крешчето бара некаков загубен Романистан. На крајот во осојните гнезда носталгично брмчат агресивните апетити за Југолсавија, чиишто будни чувари ја држеа владата на Македонија на снајперски нишан.“ Кљусев Н. Патот кон независноста на Република Македонија” во Зборник Македонија 1989-1999, Институт отворено општество- Македонија, Скопје, стр. 88-89 96 Мирчев Д. Христова Л. Модерната политологија, исто стр, 356, Мојановски Ц, исто, на повеќе страници. 97 Веќе по првите парламентарни избори се случија значајни промени кај партиите: СКМ-ПДП се преименува во СДСМ, Сојузот на реформските сили на Македонија се преименува во Либерална партија, шестмина пратеници од ВМРОДПМНЕ оформија три нови партии (ВМРО –Демократска партија, ВМРО- Татковинска партија, Илинден-слободни демократи. Види кај Климовски С., Каракамишева Т., Политички партии и интересни групи, УКИМ Правен факултет „Јустинијан први“: Скопје, 2006, стр.109 82 пропорционален)98, промена на изборните единици, како и неконсолидираниот партиски систем, создадоа еден динамичен политички контекст, во кој избирачите се снаоѓаа потешко отколку оние во етаблираните демократии. За волја на вистината, за динамачноста на политичкиот контекст и за проблемите на избирачите да ја апсорбираат таа динамика се зборува и во анализите на западните демократии99, но за разлика од нив во Македонија не се работеше за суштински туку, пред се, за институционални промени. Положбата на избирачите во Република Македонија беше дополнително отежната со она што би можело да се нарече дефицит на демократскиот амбиент, поврзан со положбата и улогата на медиумите како неопходни катализатори на комуникацијата политички партии - јавност, потоа политичката култура, искуството со повеќепартискиот амбиент итн. Значи, се работи и за институционални и за контекстуални фактори кои го отежнаа слободното расудување на гласачите, особено во првата деценија од транзицијата. Големите разочарувања или нереалните очекувања придонесоа партиите кои на едни избори освоиле значаен број на гласови и станале параламентарни, на следните избори речиси да исчезнат од политичката сцена. Посебен феномен се малите, т.н. пајтон партии, чиешто долготрајно опстојување на политичката сцена не може да се објасни со востановените концепти во политичката наука, туку можеби само преку политичкиот прагматизам, во нашиот случај операционализиран и со сопственоста на медиум/и. Се покажа дека сопственоста на медиумите е “добитната карта” во политичките пазарења, на која ниеден голем играч на политичката сцена не остана рамнодушен)100 Во овој недефиниран и сложен амбиент, анализата на изборните резулатати во овој 20-годишен период, ни овозможува да ги издвоиме релеватните политички субјекти кои оставија посебен белег на развојот на македонската демократија. Тоа беа партиите во чиишто програми, лидери, гледишта, политики, најголем дел од гласачите ги препознаа своите интереси, оние со кои се идентификуваа, полемизираа жолчно или со одушевување за нив, за кои 98 Види кај Јовевска, А. исто, 1999 стр. 185-248 Види на пример, Millard F., Elections, Parties and Representation in Poscommunist Europe, Palgrave Macmillan, 2004 100 Види кај: Sopar V. Television across Europe: Follow-up Reports 2008- Macedonia, http://www.mediapolicy.org/tv-across-europe/follow-up-reports-2008country/macedonia-web.pdf/view, Sopar V. The media Landscape of Macedonia in 2004: Questionable pluralism http://www.mediaonline.ba/en/?ID=348, Тахири С. Влијанието на политичките партии врз уредувачката политика на комерцијалните телевизии во Република Македонија, магистерски труд, ИСППИ, Скопје, 2008 99 83 манифестираа лојалност или дистанца (Гоати). Изразувајки ги основните политички конфликти во општетсвото, овие доминатни политички структури укажаа на основните социјални расцепи во македонското транзициско општество. Од табелата која следи (Табела бр. 1) очигледно е дека и според разултатите од парламентарните избори каде настапувале самостојно или како предводници на коалција, како релевантни политички субјекти кои доминираа во целиот транзициски период се издвоија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, односно ПДП, ДПА и по конфликтот во 2001 година- ДУИ (од табелата се изоставени партиите кои освоиле помалку од 5% од гласовите). Табела бр. 1 Број на добиени гласови по партии на парламентарните избори во Р. Македонија 1990-2008 Избори СДСМ ВМРОДПМНЕ ПДП 1990* 20,38% 220. 748 22.01% 238. 367 12,35% 165. 388 1994** 21,44% 291. 695 10,40% 141. 494 6,40% 87.103 ДПА 1998 2002 2006 2008 25,15% 279. 795 28,1% 312. 627 41.64% 497. 342 25% 298. 549 23,31% 218. 463 32,50% 304. 572 23,64% 233. 284 48,78% 481. 501 19,26% 214. 360 5,24% 62. 612 11,95% 142. 740 7,50% 70. 261 12,12% 113. 522 8,26% 81. 557 12,82% 126.522 ДУИ 8,00% 108. 872 ДП 6,99% 77. 788 ЛДП 6,04% 56. 624 5,85% 57.077 НСДП ВМРО-НП ДА Сојуз на реформ. сили 10,73% 119. 351 11,86% 128.449 Извор: Државна изборна комисија (ДИК). За изборите од 2002 година е направена пресметка врз основа на податоците за освоени гласови по изборни единици и вкупниот број важечки гласачки ливчиња од ДИК *1990- прикажаните резултати се по конечното гласање, освен за ПДП кои се по одржувањето на првиот круг **1994- прикажаните резултати се по одржувањето на првиот изборен круг, бидејќи опозицијата го бојкотираше вториот круг избори 84 4. Доминатните социјални расцепи како основа на партискиот плурализам Основниот социјален расцеп врз основа на кој се структуираше партиската сцена на Македонија беше оној долж етничките линии. Уште на самиот почеток на транзицијата, етничката припадност на граѓаните се издеференцира како (најзначајна) детерминанта на нивното политичко однесување, па така сите етнички заедници формираа свои политички партии, преку кои ќе можат да ги изразат и заштитат соспствените интереси. Изборните резултати од сите досега одржани избори, сознанијата добиени од многубројните анкети на јавното мислење, партиските политики, анализата на медиумите, укажуваат дека припадноста на одреден етникум се јавува како своевидна наддетерминанта која ги обликува политичките ставови на поединците, успевајќи притоа сите останати линии на социјални поделби (или многубројните идентитети на граѓанинот) да ги сведе на сопствената мерка101. Низа општествени околности (економски, културни, политички) влијаат на натамошното зацврстување на овие поделби и на нивото на нивната перцепција, што укажува дека и во иднина овој расцеп ќе се јавува како значаен фактор во изборното однесување на гласачите.102 Со оглед на етничката структура на македонското општество, партиите на етничките Македонци и оние на етничките Албанци се особено значајни за политичката стабилност на државата и за развојот на демократијата. Но, политичките конфликти кои се јавуваат во рамките на етничките политички блокови укажуваат дека тие не се монолитни и дека некои други расцепи (cross cutting cleavages) или околности го структуираат политичкиот живот во нив. 101 Според овие обележја, Р. Македонија се вбројува во т.н. Плурални или поделени општества. Види: Blondel J. Comparative Governement, Prentice Hall, Harvester Wheatsheaf, 1995, p. 85-89; Horowitz D. L. Ethnic groups in conflict, University of California Press: Berkley, Los Angeles and London 1985, Липхарт А., Демократијата во плуралите општества, СТЕП, Скопје, 1994. 102 За мултикултурното општетсво во Македонија и неговите импликации врз политичкиот систем види повеќе кај Малеска М., Етничкиот конфликт и прилагодувањето, Култура, Скопје 1997, Атанасов П., Мултикултурализмот како теорија, политика и практика, Евробалкан пресс, 2003, Hristova L., Multiculturalism as political model: The case of Macedonia, кaj Nikolai G. (ed.) Ethnic relations in South Eastern Europe, LIT: Berlin, pp. 97-117; Hristova L., Comprendre et gerer les conflits interethniques: un defi pour les pays des Balkans, dans Boucher Ј., Theriault J. I., (dir.): Petites societes et minorities nationaels, Presses de l Universite du Quebec, 2005, 133-151 85 Албански политички блок. Во албанскиот политички блок во изминатиот период се издиференцираа три значајни политички субјекти: ПДП, ДПА, ДУИ. ПДП е формирана во почетокот на 1990 година, и се декларира како граѓанска партија, со една умерена политичка орјентација103. Таа успева за кратко време да постигне висока политичка мобилизација на етничките Албанци во Република Македонија, да изгради една мошне разгранета партиска инфраструктура, поради што на изборите во 1990 и 1994 е поддржана од голем процент од албанската популација. На третите парламентарни избори нејзиниот рејтинг е веќе намален, поради проценката дека недоволно успеала да се избори за правата на Албанското население во Македонија, но и поради широко распростанетота перцепција кај целото население за ниската ефикасност на институциите на системот, раширената корупција во државата, сиромаштијата итн. Нејзиниот политички ривал ДПА е формирана во 1997 година со спојување на ПДПА и НДП, партии со порадикални ставови од ПДП. ДПА успева да ја добие довербата на гласачкото тело на изборите во 1998 и да стане дел од владејачката коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ. Иако далеку порадикална во своите ставови, ДПА успева да оствари релативно успешно коалицирање со националистичката ВМРО-ДПМНЕ, на изненадување на голем дел од јавноста. ДУИ е формирана само неколку месеци пред парламентарните избори во 2002 година и тоа од јадрото на ОНА, парамилитарната организација, која во 2001 година го започна вооружениот конфликт. Нејзиниот лидер Али Ахмети (инаку воен командант на ОНА за врема на конфликтот) ужива голема популарност кај албанското гласачко тело. Партијата добива голем дел од албанските гласови во 2002 година и станува дел од владејачката коалиција. Во меѓувреме, ПДП полека исчезнува од политичката сцена, отстапувајки им го политичкиот простор на ДУИ и на ДПА, во кој тие мошне жестотоко се натпреваруваат. Анализата на политичката динамика на партиите во овој етнички блок укажува на неколку карактеристики: прво, сите политички партии се фокусирани (исклучиво) на националната кауза на Албанците, која после 2001 е рационализирана во остварување на Рамковниот договор. За сите други аспекти на општествениот развој овие партии не пројавуваат или пројавуваат занемарлив интерес; второ, тие се разликуваат единствено според радикалноста на ставовите околу правата на Албанците, а таа радикалност е условена од фактот- дали партијата е на власт или 103 Види кај Мојановски Ц. Летопис на македонската демократија. исто стр.118124 86 во опозиција (Партиите се самоидентификуваат како леви-ДУИ и десни ДПА, но освен во ретските изјави на своите челници на оваа тема, тешко е да се најде некој аргумент во прилог на таквите тврдења); трето, интра-етничкиот судир е силно изразен, и освен мошне грубата, напати милитантна реторика, партиите не се воздржуваат ниту од напади на партиските штабови, па дури и од физички пресметки. Овој анимозитет, особено изразен во предизборните кампањи, од елитите се пренесува и на членството, при што тешко е да се идентификува некој расцеп како причина за конфронтацијата. По сé изгледа дека одговорот сепак треба да се бара во личниот анимозитет и во неспремноста изборите да се прифатат како демократски механизам за смена на власта; четврто, нестабилноста на партискиот систем е уште поизразена отколку кај останатите партии во Македонија: од почетокот на транзицијата до денес не постојат партии со диференцирано и стабилно гласачко тело, туку гласачите се прелеваат од една во друга партија. Анализирајки ја политичката понуда кај овие партии, Абдулменаф Вејсели, во својата дискусија пред Собранието на РМ (25. 09. 2007) констатира, дека ниту една партија не води конзистетна политика, дека всушност сите влечат ад хок потези, и дека сé се сведува на тоа кој е поголем патриот, а кој предавник. Значи, една политика на симболичко ниво, која се обидува својот легитимитет да го гради врз емоциите на избирачкото тело. Запрашан, на што се должи закрвавеноста меѓу лидерите, но и меѓу членството на овие партии, лидерот на ДУИ, Али Ахмети ќе одговори: “...политичките партии во Македонија се уште не се идеолошки профилирани, . . нема натпревар на идеи и програми, туку позиционирањето во власта се сведува на единствена цел- да се профитира на личен план“ (од интервјуто на Али Ахмети во неделникот „Глобус“, 6.мај 2008). Што се однесува до политичката агенда на партиите од албанскиот политички блок, таа се уште се врзува за исполнување на рамковниот договор, при што оние што се во опозиција секогаш имаат покритички однос во однос на неговата реализација. Бидејки во најголема мера овој договор е исполнет, се поставува прашањето: на која агенда партиите на македонските Албанци ќе ги профилираат своите изборни понуди во иднина? Македонски политички блок. Во македонскиот политички блок за целиот период на транзицијата доминираа две политички партии - СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ, чија што компетитивна предност во однос на сите останати политички актери никогаш не беше доведена во прашање (тие секогаш беа доминантни во владејачките, но и во предизборните коалиции), со стабилно гласачко тело кое секогаш им обезбедуваше значајна позиција во парламентарниот 87 состав. Потоа следат уште неколку позначајни партии чија парламентарна тежина варираше од еден до друг период. Тука би ги спомнале ЛДП, Демократска партија, Демократска алтернатива, Нова социјалдемократска партија. Либерална партија, ВМРО-Народна партија... Различни според начинот на настанувањето, според политичкото профилирање, но речиси секогаш во сенка/коалиција на некој од големите играчи, повеќето од нив се маргинализираа на политичката сцена, не успевајќи во доволна мера да се профилираат и да го привлечат вниманието на гласачкото тело. Всушниот политичкиот простор како да беше потполно исполнет од двете големи партии или, како што тоа ќе го нарече Петиа Георгиева, на сцена беше еден биполарен мултипартизам со една трајна поларизација, а функционирањето на политичкиот систем се остваруваше преку овие два пола, односно со нивната потполна алтернација на власта. Преку нив всушност се изразуваше втората поделба или конфронтација во македонското општетсво. Некои ја нарекуваат левица-десница, а некои комунизам/антикомунизам. Во продолжение ќе ги скицираме профилите или идентитетите на овие два пола, онака како што беа пласирани во јавноста, и перцепирани од голем дел од избирачкото тело, без притоа да навлегуваме во веродостојноста на изнесените судови, квалификации.104 Имено, најголем дел од гласачите создаваат една општа претстава за партијата, како сублимат од сопственото искуство, но и од она што континуирано се пласира во јавноста (во позитивна или негативна смисла) за нејзиниот профил. Вешто конструираните и негуваните стереотипи, со кои граѓаните се идентификуваат, по правило опстојуваат долго време на политичката сцена. Веќе напоменавме дека СДСМ е наследник на старата комунистичка партија (во почетокот СКМ-ПДП) која се трансформираше во модерна социјалдемократска партија. Таа е полноправен член на Социјалистичката интернационала. Произлегувајки од политичките структури на некогашната социјалистичка држава, партијата успешно ги искористи предностите на старо-нова партија (организациски, финансиски, човечки ресусрси) и сé до 1998 година континуирано беше на власт. Нејзините критичари нагласуваат дека оваа партија никогаш не се трансформирала вистински, и дека не станува, всушност, збор за демисија на СКМ, туку само за наоѓање на формула за соспствено преживување. Препознавајќи го стариот 104 Истражувањето на policy-ориентацијата на партиите не само што продразбира најголем емпириски и квантификациски трошок (за тоа зборуваат повеке истражувачи, меѓу кои и Сартори), туку таа димензија не е предвидена ниту во нашето истражување. 88 комунистички дух во партијата, тие ја обвинуваа за понатамошни континуирани обиди за задржување на монополска позиција во општеството, преку потпирањето на два битни лоста: прво, користење на (своите) полициско разузнавачките инсталции од времето на комунизмот, што никогаш не беа демонтирани; второ, приграбување на националното богатство низ процесот на нелегалната приватизација, што им обезбедува солидна економска база и поврзување со економската олигархија. Во начинот на практикувањето на власта, критичарите го препознаваат стариот образец на однесување, иманентен на времето на монизмот. Нарекувани југоносталгичари, комуњари, србофили, кои се спротивставуваат на сите проекти кои значат демонтирање на комунизмот: денационализацијата, рехабилитирање на жртвите на комунизмот, промена на симболите од комунистичката епоха (знаме, имиња на улици, плоштади, училишта). Преголемото врзување за традициите на НОБ (пред се сфатена како комунистичка револуција, но и како своевиден антимакедонизам105), за сметка на другите историски традиции на македонскиот народ, пред се Илинденското востание, ВМРО, Александар Македонски итн, а во однос на економските реформи беа обвинувани за нивно забавување (во стилот промени кои значат задржување на status quo состојбите). Со други зборови, критичарите од десницата препознаваа во однесувањето и политиките на СДСМ една конзервативна (конзервативна во однос на транзициските процеси) партија која никогаш не се ослободила од своето комунистичко минато, поради што процесот на транзиција во Македонија трае предолго. Се разбира, СДСМ секогаш ги негираше овие критики, укажувајќи дека токму неа и припаѓа заслугата за демократизирање на македонското општетсво и за постоењето на Македонија како самостојна држава. Благодарејќи на сопственото политичко искуство, кадровскиот потенцијал и рационалните политики кои ги применуваше во најкритичните периоди за опстанокот на државата, Македонија опстана како држава, велеа тие. Нејзиното раковотство тоа ќе го сублимира во познатата фраза: СДСМ-државотворна партија. Тоа се разбира беше гаранција и за иднината на државата. ВМРО- ДПМНЕ е една од новосоздадените партии, со национална ориентација106, која во своето име го има инкорпори105 Види кај Георгиевски Љ. Остварување на вековниот сон НИП Нова литература: Скопје, 2001 106 Нејзиното формирање се врзува за македонската политичка емиграција. Најпрво дел од емигрантите од Германија се обраќаат со барање до (јануари 1990) Сојузните и републичките органи на Југославија односно Македонија за 89 рано името на најпознатата македонска револуционерна организација од почетокот на дваесеттиот век, за која е емотивно поврзан најголемиот дел од македонската популација. Тој сентимент кај македонскиот народ, поврзан со идеалот за создавање на соспствена држава, бил посебно негуван во пооделни семејства, па би можело да се претпостави дека јадрото на оваа партија (особено во првите години) произлегува од овие средини. Би можело да се претпостави и дека во нејзините редови беа и добар дел на оние кои во пероидот на комунизмот беа репресирани по различни основи. ВМРО-ДПМНЕ во почетокот беше исмејувана како несериозна партија, полна со авантуристи и случајни намерници, (уличари, врховисти, терористи, бугарофили) на која што е ризично да и се довери власта.107 Таа беше обвинувана за бугарофилство, за намерата да ја подели државата, за газење врз вредностите на Народноослободителната војна (НОБ, АСНОМ), не водејки сметка дека благодарејќи на придобивките на НОБ за прв пат е признаен македонскиот народ, јазик,- велеа нејзините критичари.108 Се сметаше дека како крајно националистичка партија, таа не би била во состојба да ги балансира меѓуетничките односи, а згора на тоа поради нејзиниот бугарофилски багаж, со доагањето на власт таа би го довела во прашање и опстанокот на државата. Во поново време (со нејзината победа на парламентарните избори во 2006 година) таа беше обвинувана за т.н. антиквизација на Македонија и за поделба на македонскиот народ меѓу Антички Македонци и Словени, како и за опструирање на ЕУ и НАТО интеграциите. (ВМРО ДПМНЕ, возвракаше дека, во исто време, СДСМ е во состојба да направи било каков компромис со било кого за сметка на интересите на македонскиот народ, само за да дојде на власт). Отфрлајќи ги обвинувањата ВМРО-ДПМНЕ потсетуваше дека благодарејќи на нејзината самосвест и притисокот што го изврши во почетокот на транзицијата Македонија има своја држава (алудирајќи на србофилството и југословенството на СДСМ), го истакнуваше својот (иснепречено враќање на емиграцијата во татковината и регистрирање на политичка партија ДПМНЕ. Подоцна (во јуни 1990) Љупчо Георгиевски и Борис Змејковски (подоцна, првиот претседател и генерален секретар на партијата) биле повикани во Германија од политичката емиграција за конечен договор за формирање на партијата и за припремање на основните документи на новата партија. Според Џиков С. Четврта емигрантска Македонија. Аз-Буки: Скопје, 2007 107 Пежоративно нарекувани –Вмровчиња- дури и во Собранието на РМ, Ке ве згазам како шлепер жаба- изјава дадена од висок претсатавник на СДСМ пред изборите 1998, со цел да се омаловажи партијата. 108 Антијугословенството, антисрбофилството, антикомунизмот на оваа партија произлегуваше и од фактот што борците за ВМРО-овската кауза беа жестоко прогонувани во времето на Титова Југославија. 90 крен, а не фингиран) реформски капацитет (особено во економијата)109, поради што таа е единствената реална политичка сила која може да ја извлече државата од бескрајната транзиција. Во вака изразените поделби се препознава, пред се, културниот и симболичкиот аспект на политичката конфронтација (се слават различни празници, се величаат различни херои, се потпираат на различни историски традиции) и притоа се нудат два света, при што едниот го персонифицира доброто, а другиот злото, без оглед на содржината што двете групи му ја даваат на тоа значење110. 5. Политичките графити во служба на стереотипите/идентитетите Овие стереотипи беа силно поддржувани во целиот транзициски период, и таквата тактика изгледа им одоговараше и на дветте партии. Политичките графити беа едно од комуникациските сретства каде што се препознаваа пораките од овој вид. Во Македонија не постоеше големо искуство со графитите. За време на комунизмот тие и не беа потребни, но сепак на јавните површини некогаш можеа да се сретанат натписи од типот: ТИТО, ЈНА.... се разбира тоа беше во афирмативна конотација. Првите години од транзицијата, би рекле по истиот терк, се срекаваа испишани имињата на партиите или на некој од политичките елити, за подоцна некои од овие натписи да бидат придружени и со многу вулгарни изрази. Подоцна графитите, најчесто испишани на ѕидовите на зградите, оградите, надвозниците, содржеа подиференцирани политички пораки, во кои се препознаваа стереотипите на двата политички идентитета. Испишани од рацете на ентузијазираните партиски активисти и/или нарачани од партиските штабови, тие очигледно требаше на јавноста да им ги предочат (по кој знае кој пат) особеностите на сопствениот или на туѓиот идентитет. „Забранета зона за комуњари“- пред изборите во 2002 година на влезот од Берово; „И по Тито-Тито“ - асоцијација на Тито Петковски и Јосип Броз Тито, односно за продолжување на комунис109 Во колумната под наслов „По што сме различни“, Трајко Славевски, висок функционер на ВМРО ДПМНЕ и министер за финансии во Владата на Никола Груевски, ќе поентира: две најбитни работи според кои тие се разликуваат од СДСМ: Односот кон соспственоста и залагањето за економска слобода, и отсуството на сеопфатна контрола, Дневник, 16 јуни, 2006 110 Georgieva P. Quelles clivages pour les partis politiques Bulgares. Transition 1, Bruxelles, 2002, p.27 91 тичката политика111; „Љубчо Војвода“ - пред изборите во 1994, 1998, асоцијација на македонските комитите и војводи, како симбол на борбата на македонскиот народ; „Цар Борис- или Борис бугарски цар“ - пред претседателските избори 1999, асоцијација на бугароманските аспирации на партијата; „Бранко Шиптар“ - пред изборите 2002 година, асоцијација на “предавството” поради попуштањето на етничките Албанци, итн. Поретко, но се среќаваа и графити со симболи: знамето од Вергина, карта на обединета Македонија, со што се испраќаше порака за потеклото на Македонците или за основната/стратешка цел на авторите на пораката. Помеѓу помалку инвентивните беа оние неутралните, во кои покрај името на соспствениот кандидат за изборите, авторот на графитот го испишуваше бројот на гласачкото ливче. (Овие последните служеа како своевиден рекламен спот, со едноставна порака гласајте за него/неа). Ваквиот политички дискурс ја отсликуваше, пред се, поделбата комунизам-антикомунизам, филтрирана преку силен националистички набој, што во секој случај оневозможуваше развој на една политика која би била попрагматична, потолератна и посовремена. Силно и континуирано поддржани преку медиумските кампањи ваквите идентитети опстојуваа и се засилуваа на македонскиот политичка сцена во целиот овој период, но особено во првите години на транзицијата. Во контекст на претходно изнесените ставови, Едните беа патриоти а Другите предавници (се разбира во зависност од аголот на гледање на работите),112 а секои избори беа прогласувани за историски (референдумски), на кои народот конечно треба да се освести и да застане зад вистинските борци за демократија и просперитет на државата. Високо политизараниот амбиент, набиен со негативни емоции, ги претвораше парламентарните, локалните, претседателските избори во битка на живот и смрт, каде не се избираа средства за да се победи. Таквиот став на големите играчи (тука ги вбројувам и албанските) придонесе Македонија и после две децени од воспоставувањето на демократски поредок да се бори за регуларноста на изборите (за демократски и фер избори не можеше да стане ниту збор), да се негира легитимитетот на избраните претставници (најчесто Претседателот на 111 Како доказ дека СДСМ се уште не може дефинитивно да раскрсти со комунистичкото минато се наведува и предлогот од 2004 година на актуелниот птретседетел на СДСМ Бранко Црвенковски, тогаш Претседател на државата, да се изгради споменик на Јосип Броз Тито на градскиот плоштад во Скопје. 112 Ваквата реторика опстојува и до денешни денови, вклучувајќи ја и предизборната кампања за предвремените парламентарни избори во 2008 година, која ја следевме во рамките на овој истражувачки проект. 92 државата), да се одбива политичкиот дијалог, односно политичкиот противник да се гледа низ нишанот на пушката. Се разбира, за состојбите беа секогаш виновни Другите. Но тука не се исцрпуваат политичките идентитети на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Самоидентификувајки се како левица, односно десница, двете партии настојуваат, особено во последните 4-5 години, да ја засилат таа димензија во своето дејствување како би станале попрепознатливи според своите вредности и ставови за гласачкото тело. Потребата од ваквото ниво на диференцијација се јавува веројатно и како резултат на сознанието дека изборното тело не ќе може уште долго време да се држи во состојба на висока политичка мобилизација само со големите наративи, и дека е потребно да се понудат конкретни и ефикасни политики за надминување на натрупаните проблеми. 6. Може ли јавноста да ја препознае левицата и десницата во македонскиот случај? Конзервативизмот и демохристијанството во Република Македонија се врзува за ВМРО-ДПМНЕ, додека социјалдемократијата за СДСМ. Но кога станува збор за анализа на партиските политики како предуслов за нивното позиционирање во идеолошкиот спектар, се покажа дека класичниот пристап што го сугерира економскиот либерализам, како основен репер за диференцијација на левица и десница, е речиси невозможно да се примени во посткомунистичките земји, вклучувајќи ја овде и Република Македонија. Транзицискиот процес наметнува одредни правила на игра (приватизација, воспоставување на пазарно стопанство, итн.) кои мораат да ги почитуваат сите политички субјекти, без оглед на нивната политичка провиниенција (значи да се однесуваат “десничарски”). Од друга страна, високата социјална цена на транзицијата, силните егалитаристички традиции, но и ниското ниво на економски развој на земјата (проследено со постојан процент на невработеност од над 30%) придонесоа и левите и десните да посегаат по државниот интервенционизам како средсво за надминување на проблемите (значи да се однесуваат „левичарски“). Македонските партии се “широки цркви”, бидејки и самите се хибрид на “леви” и “десни” неинстиуционализирани или институционализирани тенденции и крила, релативноста на ваквата поделба е очигледна на 93 реалниот терен.113 Доколку линеарниот спектар се покажа недоволно ефикасен за диференцирање на политиките, барем според перцепцијата на јавноста, по сé изгледа дека линијата на разграничување треба да се бара во либерално-конзервативната поделба базирана на општетсвените вредности и националниот идентитет- поле во кое станува сé повидлива диференцијацијата меѓу македонските политички актери-партиите. Така, ВМРО-ДПМНЕ сé повеќе ги промовира семејството, верата, традицијата, настојува да воспостави ред и почитување на законите, пропишувајќи притоа мошне високи казни за прекршителите, но истовремено покажувајки и недоволна толеранција кон различностите. Челниците на партијата, сé почесто тоа и го истакнуваат во своите јавни настапи. “Тоа што ја држи партијата во живот со години се идејата, принципите, честа и посветеноста... лојалноста кон државата, традицијата и историјата... Или веруваш во идеалите и принципите на ВМРО или не... свесни сме за нашата обврска кон историјата... имаме верба во Бога” (од интервјуто на Мартин Протуѓер, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, директен потомок на Александар Протуѓеров-еден од обновувачите на ВМРО, Утрински весник, 3 декември 2007). Но ова е само едната димензија на нештата. Инсистирајќи на својот конзервативизам, на традициите, верата, историјата... во исто време партијата сé повеќе се промовира како своевидна модерна техноменаџерска структура, која неуморно и посветено работи за унапредување на државата,114 за нејзиниот економски просперитет, за влегување во ЕУ И НАТО структурите. Потребата од идеолошко профилирање на СДСМ е дежурна тема во јавноста од 2006 година, кога партијата ги загуби парламентарните избори и од кога западна во криза. Тоа го предочуваат 113 Siljanovska Davkova G. Makedonske politicke partije kroz prizmu ideologije кај Lutovac Z. (ured.) Politicke stranke i biraci u drzavama bivse Jugolsavije, FES, Insitut drustvenih nauka: Beograd, 2006, str 213-214. СДСМ ја започна и спроведе најголем дел од приватизацијата, обвинувана за избор на модел што овозможи богатење на тесен круг на (свои) луѓе (според принципот- менаџерски откуп), а ВМРО-ДПМНЕ беше често прозивана од левицата и јавноста за форсирање на левичарски политики во социоекономската сфера, како израз на својата популистичка политика. И дветте партии ги негираа обвинувањата, убедувајки ја јавноста (осоебно ВМРО-ДПМНЕ) дека водат една конзистетна и профилирана политика во економската сфера. Веројатно едно продлабочно истражување на оваа тема би го дало вистинскиот одговор. 114 Менувајќи ги и своите симболи - црвената боја во портокалова, модернизирајки ја својата иконографија, заменувајки ги своите војводи и комити (мислиме и на изгледот на некогашните партиски челници) со млади, јапи- менаџери и очигледно користејќи го обилно професионалниот политички маркетинг, ВМРОДПМНЕ доживеа значајна трансформација. 94 и челниците на оваа партија, но и пошироката јавност. “Крајно време е СДСМ да направи нешто левичарско, нешто што ќе го разбуди духот кај народот,” констатира колумнистот на Глобус (Колумна во Глобус од Васил Мицковски, 10/7/2007). Македонската опозиција е безлична, безидејна и крајно дефанзивна-нема платформа која граѓаните ќе ја препознаат, се поентира во анализата на Утрински весник. (Утрински весник од 30 Март 2007). Застанувајќи на чело на партијата во 2007 година, Радмила Шеќеринска признава дека, еден од проблемите што треба да се надминат е и занемарувањето на прашањето на идеологијата, поради што афирмацијата на вредностите на левицата ќе биде нејзина прва задача. “Ние бевме препознатливи како: партија на мирот, стабилноста, дијалогот, меѓуетничката толеранција, секуларноста и почитување на разликите. Време е да кажеме и нешто повеќе: веруваме во солидарноста и социјалната правда; се бориме за еднакви шанси, да ги заштитиме послабите, да им помогнеме на посиромашните,” ќе заклучи Шеќеринска (Утрински весник, 30 јуни 2007). Две години подоцна, на 10-от конгрес на партијата, Бранко Црвенковски констатира дека на партијата и претстои итно идеолошко профилирање, бидејки СДСМ практично егзистираше без јасна идеолошка боја, без приказна со која ќе се таргетираат целните групи во избирачкото тело ( во неделникот СЕГА, 28.05.2009). 7. Постојат ли сличности? И левицата и десницата трпат одредени промени во овој дводецениски транзициски период, при што видлив е еден процес на нивно приближување, како резултат на процесите на глобализација, во кои посебна улога играат и евроинтеграциските процеси што преставуваат стратешка цел на сите релеватни политички субјекти во РМ, вклучувајки ги и овие две партии. Поттикнувајќи го промовирањето на вредностите на либералната демократија овие процеси оставаат се помалку простор за самостојно/независно дејствување на политичките актери (на пример, во областа на човековите права тие мора да ги почитуваат меѓународните стандарди, а што се однесува до социоекономската сфера силно влијание извршија аранжманите со Светска банка и ММФ), придонесувајќи практично за конвергирање на нивните програмски документи и практични политики. Можеби и поради оваа околност, но и поради фактот што и дветте партии немаат дефинирани целни групи, многумина ги вбројуваат во catch-all партии. 95 Втора заедничка карактеристика е што партиите не беа монолитни и во текот на овие две децении претрпеа различни инситуционални промени и турбуленции. И во СДСМ и во ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати очигледни беа внатрешните конфронтации, кои понекогаш се разрешуваа и со: заминувањето на некои претставници од политичките елити (на пример, Петар Гошев од СДСМ), исклучувањето на некои видни партиски членови (на пример Црномаров од ВМРО -ДПМНЕ), како и со отцепување на одредени крила и формирање на нови/паралелни партии (ВМРО- Народна, ВМРО-Вистинска, ВМРО-Татковинска, Обединети за Македонија на Љубе Бошковски издвоени од матичната ВМРО-ДПМНЕ или НСДП на Тито Петковски, шпекулациите за формирање на нова партија од страна на Бучковски после изборниот пораз во 2006, формирањето на посебна партија од страна на спикерот на Собранието Љубчо Јордановски и пратеникот Есат Рахиќ- издвоени од матичната СДСМ, итн.). По сé изгледа расцепите се должеа пред се на автократскиот начин на раководење со партиите, а не на идеолошките разлики, така што позиционирањето на новоформираните беше во атарот на матичната партија. Во основа, овие промени не доведоа до промени во суштината на двата доминатни политички идентитета, па членството на новоформираните, по правило, ги делеше истите политички ставови и вредности како оние на матичната партија. Значи, и новоформираните/издвоените и матичната сметаа на истиот дел од електоратот, профилиран како левица/комунисти или десница/антикомунисти, во онаа смила во која тоа го објаснивме погоре. Начинот на практикувањето на власта беше поле каде граѓаните препознаваа многу сличности помеѓу дветте партии. Според перцепциите на јавноста, партиските елити беа, пред се, заинтересирани за сопственото богатење. Непотизмот и непринципиелноста, тенденцијата да се завладее сите сфери на општетсвениот живот, партиски вработувања без криеитериуми, да се дојде и остане на власт заради соспствени и тесно партиски интереси,- беа основните обележја на двете партии кога тие ја практикуваа власта. Граѓаните им забележуваа на партиите дека тие потполно го занемаруваат јавниот интерес и исполнувањето на предизборните ветувања, поради што егоистичноста и алчноста беа најчестите епитети кои што добиваа политичарите. 115 115 Интересно е притоа посериозно да се анализира популарноста на Никола Груевски, премиерот на Владата на РМ (2006- 2009) и претседател на ВМРОДПМНЕ, популарност која трае невообичаено долго време и која покажува многу високи резулатати, барем според анкетите на јавното мислење. 96 “...Доста ми е од партиско-државна дикатура! Сеедно ми е кој краде и малтретира- СДСМ или ВМРО. По ѓаволите со двете!...“ (Никола Гелевски, Утрински весник, 30 јануари 2007) Заклучокот на оние кои го споделуваа ваквото мислење (а тие беа многубројни) е дека: Сите се исти и Македонија практично нема избор! Сé почесто почна да се заговара потребата од трет пат, или нова политичка опција, која би внела свеж дух на македонската политичка сцена. Наспроти најавувањата и обидите на одредени политички субјекти да креираат трет пат, третата опција се покажа како нереална, барем до денес. Напоредно со овие процеси, поделеноста во македонското општетсво не изгуби од својот инетензитет. “Поделбата на политичките табори во дветте најголеми македонски партии, и во двете најголеми албански партии, стана извор на постојани конфликти потхранувани со силна омраза. Не само политички. Луѓето престанаа да се делат на добри и лоши. Само припадноста на спротивниот политички табор е аргумент некој човек да се мрази, да се има желба да му се напакости. Со таква омраза и силен политички реваншизам, ќе констатира авторот, одиме во амбис. (Тале Герамитчиоски во Дневник, 22 декември 2007 година. Во рубриката ФОРУМ). Таа поделеност и силни негативни емоции кон Другиот, имаше и своја прагматична компонента. Во држава каде што процентот на невработеноста е над 30% во целиот период на транзицијата, каде што над 20% од населението живее во сиромаштија, и каде што државата е најголемиот работодавач, победата на Нашите беше поврзано со очекувања за вработување во државната администрација и јавните претпријатија, за напредување во кариерата, за просперитет во приватниот бизнис..... И обратно. Победата на Другите значеше отпуштање од работа, деградирање во кариерата, стагнирање на бизнисот. Анализирајќи ги партиите во Србија, Весна Пешиќ ќе заклучи дека тие се преоптоварени и експанзионистички, бидејќи завземаат повеке простор отколку што им припаѓа. Оваа системска девијација придонесува за нарушување на принципите на стручноста и способноста, а државата која е под нивната окупација станува нефункционална, нетранспаретна116. 116 Pesic В., Deblokiranje tranzicije i unutarstranacka demokratija, kaj Lutovac Z., urednik: Demokratija u politickim strankama Srbije, FES, Insitut drustvenih nauka, Beograd, 2006, str. 27. За партитократијата клиентилизмот во Македонија како плодно тло за корупцијата пишува и Силјановска Дафкова Г., исто, стр. 213, Христова Л., Владеењето на правото, демократијата и ефикасноста на институциите, во Зборник на трудови од меѓународната конференција Македонско- 97 Ако заклучиме дека мотивот за политичка мобилизација на овие два света е симболичко културен и идеолошки, но сé повеќе и прагматичен, се поставува прашањето, колку граѓаните или избирачите припаѓаат на два различни света, според своите ставови, гледишта животни определби, вредносни судови. Таа димензија беше истражена преку анкетата спроведена на репрезентативен примерок (mass survey), преку која се обидовме да добиеме одговори на прашањата: Дали може да се зборува за два различни социјални профила на граѓаните/избирачите; дали може да се зборува за два вредносни система во однос на политичките ставови левица-десница; дали се работи за два социопсихолошки профила на личности. Всушност, дали може да се зборува за два непомирливи и спротивставени политички идентитети, погледнато преку призмата на граѓаните/гласачите кои им даваат легитимитет на тие два света/пола/култури. На кое ниво постојат тие два света, пола или култури-на ниво на елити или се длабоко вкоренети во социјалните расцепи на македонското општетсвено ткиво. француски денови на правото- 200 години code civil, Правен факултет- Скопје 2004, Просветно дело, Скопје, 2005 стр. 465-479 98 ЛИТЕРАТУРА: Атанасов П. Мултикултурализмот како теорија, политика и практика. Евробалкан пресс: Скопје. 2003 Blondel J. Comparative Governement, Prentice Hall, Harvester Wheatsheaf, 1995, p. 85-89; Fink Hafner D. Strankarski system v Sloveniji: od prikrite k transparetni bipolarnosti во Lutovac Z. (ured.) Politicke stranke i biraci u drzavama bivse Jugoslavije, FES, Insitut drustvenih nauka: Beograd 2006, Georgieva P. Quels clivages pour les partis politiques Bulgares? Transitions. 2001/1 Георгиевски Љ. Остварување на вековниот сон. НИП Нова литература: Скопје. 2001 Гошев П. Процесите на трансформација на СКМ, укинување на еднопартизмот и воведување на плурализмот во Зборник: Македонија 1989-1999, Фондација отворено општетсво, Скопје, 2001, Иглтон Т. Идеологија-вовед. Темплум: Скопје. 2005 Horowitz D. L. Ethnic groups in conflict, University of California Press: Berkley, Los Angeles and London 1985 Hristova L. Multiculturalism as political model: The case of Macedonia, кaj Nikolai G. (ed.) Ethnic relations in South Eastern Europe, Berlin:LIT, p. 97-117; Hristova L. Comprendre et gerer les conflits interethniques: un defi pour les pays des Balkans, dans Boucher Ј., Theriault J. I., (dir.) Petites societes et minorities nationaels, Presses de l Universite du Quebec, 2005,133-151 Јовевска А. Изборните концепти во теориите на демократијата. ИСППИ: Скопје 1999 Климовски С., Каракамишева Т. Политички партии и интересни групи. УКИМ Правен факултет Јустинијан Први: Скопје. 2006 Кљусев Н. Патот кон независноста на Република Македонија во Зборник Македонија 1989-1999, Институт отворено општествоМакедонија: Скопје, стр. 88-89 Липхарт A. Демократијата во плуралите општества. СТЕП: Скопје. 1994 Малеска М. Етничкиот конфликт и прилагодувањето. Култура: Скопје. 1997 Millard F., Elections, Parties and Representation in Poscommunist Europe, Palgrave Macmillan, 2004 99 Милосавлевски С. Источна Европа помеѓу егалитаризмот и демократијата. ИП Љуботен: Скопје. 1993 Мирчев Д. Драмата на плурализацијата. Комунист: Скопје. 1991 Мирчев Д., Христова Л. Модерната политиологија. ФОН и Култура: Скопје. 2008 Мојановски Ц. Летопис на македонската демократија. ПАКУНГ: Скопје. 2000 Pesic В. Deblokiranje tranzicije i unutarstranacka demokratija, Lutovac Z (ured.) Demokratija u politickim strankama Srbije. FES, Insitut drustvenih nauka: Beograd, 2006 Siljanovska Davkova G. Makedonske politicke partije kroz prizmu ideologije кај Lutovac Z. (ured.) Politicke stranke i biraci u drzavama bivse Jugolsavije, Insitut drustvenih nauka, FES Beograd, 2006 Sopar V. Television across Europe: Follow-up Reports 2008Macedonia. http://www.mediapolicy.org/tv-across-europe/follow-upreports-2008-country/macedonia-web.pdf/view Sopar V. The media Landscape of Macedonia in 2004: Questionable pluralism http://www.mediaonline.ba/en/?ID=348 Спасов Ѓ. Фактори на обликување и природа на партискиот систем во Република Македонија”. докторска дисертација, одбранета на ИСППИ. Скопје. 1993 Тахири С. Влијанието на политичките партии врз уредувачката политика на комерцијалните телевизии во Република Македонија. магистерски труд. ИСППИ. Скопје. 2008 Тимовки В. Стефановски С. (уред.) Политичките партии во Македонија- изборни програми, изборни закони, кандидати по изборни единици. ПОС Систем 21: Скопје. 1990 Христова Л. „Владеењето на правото, демократијата и ефикасноста на институциите“ во Зборник на трудови од меѓународната конференција Македонско-француски денови на правото- 200 години code civil, Правен факултет- Скопје 2004, Просветно дело: Скопје. 2005 стр. 465-479 Христова Л., Шопар В., Јовевска А., Сасајковски С. Парламентарните избори во Р. Македонија 1998. Институт за социолошки и политичко-правни истражувања: Скопје. 1999 Џиков С. Четврта емигрантска Македонија. Аз-Буки: Скопје. 2007 100 м-р Анета Цекиќ АНАЛИЗА НА ИЗБОРНИТЕ ПРОГРАМИ НА СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ ЗА ИЗБОРНИТЕ ЦИКЛУСИ НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ 1990-2008 Партиски и изборни програми Програмските документи се неодминлив дел од анализата на идеолошката позиционираност на политичките партии како најзначајни политички субјекти во модерните демократски општества. Како своевидни обраќања на партиите кон избирачите и јавноста во кои тие се самоидентификуваат, претставуваат и обраќаат до потесни или пошироки слоеви од населението, партиските програми се појдовна точка за легитимација во една политичка заедница. Но, не само тоа. Откако еднаш ќе се појават во политичкиот простор, тие стануваат дел од политичката понуда и легитимна алтернатива за уредување на односите во општеството, поради тоа што нудат „систематизиран, заокружен, теоретски осмислен и прагматски втемелен приод кон прашањата од стратешка, оперативна и тековна природа, релевантни за опстанокот и развојот на државата и благосостојбата на нејзините граѓани“.117 Изборните програми, пак, се значајни пишани документи во кои политичките партии на определени временски интервали ги објавуваат своите релативно постојани идеолошки позиции, но и ставовите за актуелни политички прашања. Тие ги определуваат најзначајните теми и линии на дискусија на изборната кампања на една партија кои ги користат кандидатите на партијата во политичкиот натпревар (Budge 1987). Иако изборните програми се пишуваат стратешки- со оглед на актуелните проблеми и прашања на политичката агенда во одредена држава и во одреден изборен 117 Лазаревски П., Плурализацијата на програмската легитимација на политичките партии, во Годишник на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања 1993-1994, ИСППИ, Скопје, 1994 стр. 105 101 процес, или од позиција на партија на власт или партија во опозиција118, нивното истражување е неодминлив елемент во идеолошкото позиционирање на секоја партија во рамките на еден политички систем, - и компаративно. Поради тоа, тие редовно се предмет на интерес во националните и компаративните истражувања, за што се применуваат бројни квалитативни и квантитативни истражувачки методи и техники, за кои веќе зборувавме. Во овој дел од студијата се осврнуваме на анализата на партиските изборни програми со цел да се види, како најважните политички партии во македонскиот политички блок идејно-политички се профилираат, и тоа од нивното појавување на политичката сцена до денес. Методолошки приод Нашиот приод во анализата на изборните програми е пред сé квалитативна анализа на содржина, која ќе се задржи на анализа на темите кои се обработуваат (со внимание и колкав простор им се отстапува на посебно значајните),119 позиционирањето на партиите во однос на економско-социјалните прашања на континуумот лево-десно, и во однос на општествените прашања на димензијата либерализам-конзервативизам. Целта е да се процени местото на нашите политички партии во однос на најзначајните (класични) димензии во компаративните анализи. Дополнително, во зависност од карактерот или времето во кое се изготвени партиските програми, а во некои случаи и поради неопходност, ќе се споредуваат идеолошките позиции во однос на специфични области (на пр. надворешна политика, меѓуетнички односи), специфични теми кои произлегуваат од политичкото опкружување на Република Македонија, или конкретни прашања. 118 Gabel M. J., Huber J. D., „Putting Parties in Their Place: Inferring Party Left-Right Ideological Positions from Party Manifestos Data“, American Journal of Political Science, Vol. 44, No.1, January 2000, p. 100 119 Според П. Лазаревски, вообичаените елементи кои една партиска програма би требало да ги содржи се: воведен дел- во кој партијата ја дефинира својата политичка провиниениција и основни вредности, конкретно-историската мисија, политичката традиција на која се повикува, публиката до која се обраќа и кратко се осврнува на меѓуизборниот период, тематски дел- во кој се опфаќаат прашања од областа на внатрешната и надворешната политика, економијата и развојот, социјалните прашања, општествените дејности и уредувањето на територијата, и завршен дел- кој содржи рекапитулација на целите, предизборна парола и влада во сенка (кадровски план). Повеќе кај Лазаревски П., цит. дело стр. 109-113 102 Вториот апект на анализата е динамичката димензија, т.е развојот и евентуалното поместување на позициите, внесувањето на нови димензии во креирањето на политичката понуда, или исфрлање на претходни димензии и прашања од важност за позиционирањето во претходните изборни циклуси. За анализа на изборните програми на СДСМ и ВМРОДПМНЕ, за изборните циклуси од 1994 и 2006, а со цел да видиме колку истиот ќе ја илустрира содржината, а потоа и разликите помеѓу програмите, го применивме методот на зборовни облаци (види Прилог 1). Политички програми за изборите во 1990 година Партиските програми за првите парламентарни избори се специфични сами по себе со оглед на историскиот момент во кој се напишани- несекојдневниот процес на распаѓање на една федерација, како и предизвикот за трансформација на стариот социјалистички систем на производство и распределба. Тие во голем дел се одговор на новонастанатата ситуација и потребата да се оформи позицијата на Р. Македонија во однос на идниот статус на републиката -внатре или надвор од федерацијата (или во идна конфедеративна структура). Затоа, прашањата за идеолошката профилација на партиите во однос на економско-социјалната прашања и либерално/конзервативните политики ќе им отстапат значајно место на оние кои се занимаваат на односот кон Југославија, односот кон соседите и националното прашање. Овие прашања зафаќаат и најголем дел од програмите. СДСМ (тогаш СКМ-ПДП Сојуз на Комунистите на Македонија- Партија за демократска преобразба). Политичката програма (27 страни, Б5) е нејасно (и графички и тематски) структурирана, но условно може да се подели на вовед и четири поголеми делови, од кои првиот се однесува на политичкиот систем и човековите слободи и права; вториот на економско-социјалните прашања; третиот на културата, образованието и науката, а четвртиот дел на Македонија и европската интеграција. Во воведниот дел се објаснуваат најважните сегменти на „демократската преобразба“ што ќе ја спроведе СКМ-ПДП, како и прашањето за иднината на Југославија. Така, Р. Македонија како суверена, демократска и правна држава ќе се развива „врз традициите на Крушевскиот манифест и АСНОМ“, и ќе биде „заедничка татковина на македонскиот народ, припадниците на албанската и турската народност, на етничките групи Власи и Роми и припад- 103 ниците на другите народи што живеат во неа“, со што се изразува чувство за мултиетничкиот карактер на државата. Односот кон Југославија се објаснува во повеќе наврати, при што видливо е колебањето помеѓу 1) Македонија како „вистински самостоен и демократски фактор на југословенската заедница“ или потполно независна држава, и 2) останување во заедничка федеративна држава: „Југославија е нашиот сопствен избор и разумна определба.....Во новиот договор за Југославија го гарантираме остварувањето на сувереноста на Македонија, на самоопределувањето на македонскиот народ и рамноправно учество во развојот на модерна Југославија“. 120 Во првиот дел од програмата, се истакнати основните вредности за СКМ-ПДП: слободата- ослободување на човекот како единка (индивидуалност, самоиницијативност, творештво, одговорност), правда- или еднакви животни можности за луѓето и солидарност-развиена социјална држава и „систем кој ќе создава услови за социјална сигурност и достоинство за човекот“. Овие вредности ги поддржуваат вредностите на модерната европска левица, и во таа насока, во подделот насловен нашиот нов идентитет, партијата и се самоидентификува со европската левица, истовремено залагајќи се за „радикално раскинување со комунистичко-болшевичкиот модел на партија“. Обидувајќи се да ги лоцира своите историски корени на идентификација, повторно се гледа измешаност, неодреденост и недоволна јасност. Имено, се предвидува партијата да се гради „врз искуствата на македонското прогресивно и револуционерно движење и европското социјалистичко движење“, при што е нејасно за кои движења станува збор. Во наредниот поддел со доза на городст се вели дека партијата „ги продолжува(ме) слободарските и демократски традиции на македонското и југословенското работничко, национално и народноослободително движење“, при што се добива впечаток дека се мисли на движењето на НОБ, меѓутоа малку подолу повторно се споменува илинденскиот период од историјата на Македонија: „ги продолжуваме традициите на крушевскиот манифест и одлуките на АСНОМ“. 120 Ова се гледа и во уште еден наврат, подолу во програмата, каде се зборува за иднината на Југославија како продолжување на идеите на нејзините основачи „за Југославија израсната врз одлуките на АВНОЈ. Се вели: „За Југославија како федеративна заедница на рамноправни народи и народности“; Но, при тоа „доколку таков договор меѓу југословенските народи не е можен, подготвени сме Македонија да ја организираме како конфедеративна држава во рамките на заедницата на југословенските народи, или пак за сосема самостојна држава доколку за такво решение се определат и другите југословенски народи“. 104 Во однос на малцинствата, пак, не е забележливо колебањето во уште еден наврат да им се гарантира „еднаквост пред законот“, но и некои основни колективни права.121 СКМ-ПДП се залага и за напуштање на идеолошката догма кон религијата, при што се дава признание за културно-историската и националната улога на МПЦ како и залагање за државна политика во однос на непризнавањето на афтокефалноста на црквата, што е еден значаен исчекор, па и да е само декларативен, знаејќи го ставот на комунизмот кон религијата. СКМ-ПДП се залага и за редуцирање на локалната самоуправа, што не е типично левичарска мерка.122 Мерките во економијата имаат за цел создавање на законски предуслови за слободен пазар и на неопходните институти и институции за функционирање на пазарот. Остатоците од претходниот економски систем, сепак, се огледаат следните мерки: во управувањето со претпријатијата се предвидуваат „бројни современи облици на партиципација и соуправување“, државата да биде активен стопански субјект, односот помеѓу јавниот/државен сектор и приватниот да биде оптимален, стимулирање на работничкото акционерство при приватизацијата... Овие мерки упатуваат на заклучокот дека улогата на државата во економијата ќе биде значајна.123 Се предвидува реформа на даночниот систем преку општи формулации како намалување на вкупниот даночен товар од стопанството, што секако ќе се случи со постепеното повлекување на државата од некои јавни дејности. Невработеноста и социјалната беда ќе се намалат преку инвестиции (странски и домашни), високи стапки на раст, развојни 121 Право на зачувување и развивање на националниот идентитет, на културното наследство и обичаите, на свои културни институции и организации, право на употреба на мајчиниот јазик во образованието и средствата за информирање. 122 Во овој дел се претставени поодделно и институциите на парламентарната демократија, како и употреба на облици на непосредна демократија, значењето на правната држава, демократска политичка култура, заложби за: рамноправност на половите, заедничко живеење на генерациите, семејството како израз на човековата сигурност, хармонија и љубов, заштита на децата, младите и старите, слобода на јавноста и јавното изразување на ставови, и слободен и независен Синдикат. 123 Во еден дел од програмата се образложува концептот за „економска демократија“ преку кој се повторно се промовираат левичарски вредности и лево ориентирана економска политика. Овој поим се објаснува со: поврзување на јавната со приватната сопственост, на личната иницијатива со одговорноста за развојот на заедницата, на конкуренцијата со државната регулатива, на претприемачката слобода со контролата на моќта низ соодлучувањето и самоуправувањето. Уште повеќе, ќе се води сметка „пазарната моќ да не ги потисне интересите на работничката класа, потрушувачите и конкурентите, моќта на капиталот да не се наметне над луѓето во работниот процес и на пазарот на трудот“. 105 државни фондови, јавни инвестиции, брза преквалификација и доквалификација, технолошки иновации, поддршка за развој на мали и средни претпријатија, на приватната иницијатива, претприемчиство и менаџерство. Се предвидува и активна политика за развој на земјоделството.124 Се бара намалување на неприфатливите економски и социјални разлики меѓу југословенските држави и политика на рамномерен регионален развој во Југославија и во Македонија. Вокабулар карактеристичен за социјалдемократските партии е присутен во сферата на социјална политика со која ќе се продолжи традицијата на работничкото движење „кое континуирано се бореше за социјална држава“.125 Делумна либерализација и приватизација, сепак, се препознава во стамбената политика (распродажба на општествените станови, финансирање на изградбата на станови од општествен на индивидуален план итн), но и во сферата на здравството, каде освен грижа на државата се предвидува и развој на приватниот сектор кој „ќе ја зголеми понудата и квалитетот на здравствените услуги“. Се предвидува еднаквост на граѓаните во користењето на превентивната и примарната здравствена заштита. . Во однос на образованието се бара радикално нов систем на финансирање (без да се објасни во што би се состоеле промените), и општи заложби за дезидеологизација на образованието и науката, еднакви шанси за сите во образованието, плурализам на сопственоста, двојно поголемо вложување во науката, автономија на универзитетот. Се набројуваат заложби за културно отворање кон соседството и светот, „развој на мултикултурата“, рамноправност на сите култури во Р. Македонија, поддршка за развој на сите уметности и финансирање. Последните 2,5 страни се посветени на европската интеграција во која се гледа можност за „вистинско културно и економско поврзување на сите делови од македонскиот народ“, „афирмација на македонското малцинство во соседните земји и почитување на нивниот национален идентитет и достоинство“. На оваа идеја и е отстапен значаен простор. Во врска со ова прашање е и 124 Посветен е мал простор и на развој на туризмот и заштитата на животната средина. 125 На пр.: висината на платите да се договара со трипартидни колективни договори, најниската плата „да обезбедува нормална репродукција на работната сила на работникот и неговото семејство“, даночната политика во функција на социјалната справедливост, социјалната помош да го зачува човечкото достоинство, владата да биде одговорна за стабилноста на финансирањето на социјалната политика, реформа на пензискиот систем во систем на фондови запазувајќи го принципот на солидарност. 106 единствената критика кон Југославија изнесена во програмата и тоа врз како што се вели „опортунистичкиот и дефанзивен однос на југосовенската надворешна политика во поглед на официјалното поставување на прашањето за човечките и малцинските права на Македонците во соседните земји“. На крајот на програмата е отстапен простор и на грижата за иселениците. ВМРО-ДПМНЕ. Програмата се состои од 14 стр, Б5. (со исти технички карактеристики со програмата на СКМ-ПДП), од кои половината се посветени на статусот на македонската држава во актуелниот историски момент- положбата во југословенската федерација, положбата на Србија во федерацијата (со критика на истата) и положбата на македонското малцинство во соседните држави за кое се вели дека се „окупирани и поробени делови од македонската нација“. Низ целиот почетен дел силно се нагласува потребата за формирање на македонска држава со сите атрибути на државност„македонски устав, ново знаме и грб, македонско државјанство и пасош, право на самоопределување до отцепување, право за прогласување на вонредна состојба, право за самостојно располагање со природните и економските богатства, македонска војска и команда на македонски јазик“. Во однос на статусот на Југославија се бара „конфедеративен статус на македонската држава во рамките на конфедеративна Југославија, како единствена гаранција за целосен македонски суверенитет и како основен услов за преговори со соседните земји околу обединувањето на Македонија“. Политичкиот систем ќе се организира врз моделот на парламентарна демократија во која ќе им бидат гарантирани сите слободи и права на граѓаните. Во однос на малцинствата, наведена е општа формулација дека Р. Македонија „им ги гарантира граѓанските права предвидени со меѓународните конвенции на сите национални малцинства и етнички групи“. Во односот со соседите и прашањето за македонското малцинство во соседните држави се предвидуваат мерки за воспоствување на патни комуникации, трговски, културни, политички, еколошки и мултикултурни врски со соседните држави со што ќе се овозможи соработка на Балканот, а со тоа и со „македонските делови“. Во односот кон иселеништвото се обвинува комунистичкиот режим дека гледал со недоверба и непријателство на иселеништвото и сакал да го спречи неговото самостојно политичко делување. ВМРО се залага за Министерство за македонските иселеници, право на иселениците да бираат, поддршка за нивните културни манифестации итн. 107 Во делот насловен Македонија и Европската заедница се предвидуваат создавање услови за членство, а кон падот на комунизмот се гледа како влезница за членство во ЕЕЗ. Се бара вклучување во Европа без посредници (се мисли на влез преку/како дел од Југославија) Мерките од областа на економската политика повторно се поврзани со прашањето на државноста: „формирање на македонска држава која само доколку биде суверена ќе биде во состојба да биде господар на природните и економски богатства.....економијата е условена со сувереноста на државата“. Втора најважна мерка е приватизацијата која ќе се изведе преку трансформирање на општествената сопственост во државна, а потоа продажба преку акционерски компании и специјални комисии. Во сферата на економијата ВМРО-ДПМНЕ изјавува дека ги прифаќа законите на пазарното стопанство- „пазарните законитости да бидат регулирани од самиот пазар“- преку што се алудира на немешањето на државата во економијата, како десничарска мерка. Во таа насока се бара и поефтинување и преструктуирање на државата и намалување на даночниот товар врз стопанството кое го спречувало развојот на малите стопанства. Останатите мерки од оваа сфера се равој на „македонското село“ со враќање на земјата на селаните, даночни олеснувања и кредити, рамномерен регионален развој, суровински ориентирани стопански гранки и научно-технолошки развој во функција на економскиот развој. Во однос на даночната политика се вели дека таа ќе биде на ниво на европскиот просек и „ќе се движи 14-36% во зависност од големината на профитот“. Оваа нејасна формулација сугерира прогресивно оданочување што е една од најлевичарските мерки воопшто. Кон крајот на програмата во многу мал дел со поднаслов „Без привилегии во новата македонска држава“, ВМРО-ДПМНЕ изнесува програмски определби кои се однесуваат на социјалната политика. Се вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги укине сите привилегии кои „за себе и на сметка на работниот народ ги институционализирала владеачката работничка класа“. Социјалната политика на ВМРО-ДПМНЕ ќе се темели на вредностите „слободите, еднаквите шанси на сите луѓе, праведност и меѓучовечка солидарност“, понатаму „социјален развој за сите во поглед на здравстевната и социјалната заштита како и во областа на образованието“ што е левичарски вокабулар и завршува во ни помалку ни повеќе во програмска заложба за „долгорочно залагање за изградба на држава на благосотојба“ како типично лев симбол во западноевропските земји неколку декади по Втората светска војна. 108 Политички програми за изборите 1994 година СДСМ. Програмата е пократка од претходната, поместена на 14 страни (формат Б5). Првиот дел е посветен на заслугите на СДСМ за осамостојувањето на Р. Македонија по мирен пат и донесувањето на најважните државотворни документи, постигнувањата поврзани со членството на Р. Македонија во меѓународни организации, како и признавањето на Р. Македонија од страна на 100 земји и воспоставувањето на дипломатски односи. Во овој период сеуште од голема важност е функционирањето на политичкиот систем т.е политичките институции на што е посветен воведниот пасус од програмата.126 Повторно е изнесена заложбата за почитување на човековите права на македонското малцинство во сите соседни земји, како и „регулирање на имотните права на нашите граѓани доселеници од Грција“. На уште едно место е споменат односот со Р. Грција при што се бара да се воспостави рамноправен дијалог без условувања за сите отвореми прашања „освен за името на нашата држава и идентитетот на на нашата нација“. Во сферата на надворешната политика цели се зачленувањето во Европската Унија, членство во КЕБС и Партнерството за мир на НАТО и целосно членство во НАТО. Во делот посветен на економијата се набројани достигнувањата од претходниот мандат: отворање на процесот на приватизација и преструктуирањата направени за премин во систем на пазарна економија. Понатамошните мерки се насочени кон продолжување на приватизацијата и во секторите кои не се приватизирани како земјоделството, банкарството или осигурителните компании како и инвестиции во инфраструктурата, телекомуникациските, енергетски капацитети и привлекување на странски инвестиции. Всушност, процесот на приватизација го изведува партија која се позиционира лево на линеарниот спектар левица-десница. На две страни од програмата насловен како Македонијасоцијална држава е изложен пристапот во однос на социјалната политика. Преку терминот социјално пазарно стопанство СДСМ декларира левичарски пристап во сферата на економијата и социјалната сигурност што особено се огледа во следнава формулација 126 Во таа смисла се наведени донесувањето на државотворните закони, заштитата на човековите слободи и права, како и „ефикасната реформа на Министерството за внатрешни работи и формирањето соспствена армија.“ Еден дел од програмата е посветен и на мирот и безбедноста на Р. Македонија- како најголеми закани за мирот и безбедноста се посочуваат етничкиот национализам, војната во соседството, како и „историските апетити на соседите“. 109 „реформите во економската сфера да не се градат по углед на капиталистичките стопанства од почетоков на веков, туку според стандардите за социјален мир воспоставени во современите развиени држави, особено во Западна Европа“. Сепак, мерките преку кои ќе се постигне тоа се или нејасни (намалување на потребата од интервенција на државата преку зголемувањето на просечната плата, по што не би имало потреба од интервенција) или неспоиви со пошироката левичарска идеологија. Така, решението за невработеноста се гледа во приклонување кон приватизацијата која ќе го забрза економскиот раст што ќе резултира и со намалување на невработеноста. Мал простор е посветен на екологијата и унапредувањето на заштитата на животната средина. Во областа на здравството СДСМ се залага за конкуренција и изедначување на приватните и државните обезбедувачи на здравствени услуги, што е нетипично за лево ориентирана партија. Сепак, се предвидуваат еднакви здравствени услуги без оглед на економската положба на граѓаните. Во сферата на социјалната сигурност СДСМ се залага за капитализација и силен пензиски фонд. Целата последна третина од програмата е посветен на демократијата, владеењето на правото, централните политички институции со наклонетост кон човековите права и слободи, силното, автономно граѓанско општество и локална самоуправа. Во програмата отсуствува дел посветен на образованието, науката, културата или меѓуетничките односи. Сумарно, оваа изборна програма е бледа програмска концепција, во голем дел базирана на спротивставени идеолошки стојалишта, истакнување на заслугите и постигнувањата од претходниот период и многу малку конкретни и опипливи мерки. Државната интервенција и приватизиацијата скоро никаде не се издиференцирани или спротивставени и не се основа за јасна/неколеблива идеолошка класификација на партијата на идеолошкиот континуум лево-десно. ВМРО-ДПМНЕ. Програмата е поместена на 14 страни (Б5) и е остра критика кон владеењето на СДСМ во претходниот мандат, особено во сферата на економијата и процесот на приватизација, како и обвинувања за нарушување на слободата на изразување, слободата на здружување, контрола врз граѓанскиот сектор и партизација на судскиот систем Појавата на ВМРО-ДПМНЕ се сфаќа како „воскреснување на Илинденскиот идеал“, а прогласувањето на македонската независност, донесувањето на Декларацијата за независност, бара- 110 њето за расформирање на Југославија, формирањето на македонска армија ВМРО-ДПМНЕ ги препишува како свои заслуги. Во економската сфера се обвинува дека сеуште „доминира комунистичката договорна и строго контролирана економија“, не се направени основни чекори кон пазарна економија, дека е одберен лош модел на приватизација, и се бара итна трансформација на општествената во државна и приватна сопственост. Економската политика е во насока на поддршка на приватниот бизнис и претприемништвото, трансформација на постојните економски институции, на кредитниот и монетарниот систем без да се прецизираат мерките за овие промени. Во однос на даночниот систем, нетипично за пазарно-ориентирана партија, се вели дека „постојниот систем не е правичен и нема економска и социјална димензија“, за да потоа се наведе мерката за „генерално намалување на даноците“. Како „социјална функција“ на даноците се предлага една левичарска мерка – „нема да плаќаат данок даночните обврзници на приходите кои се неопходни за нивна животна и социјална егзистенција“. Слични на оваа мерка се и предлогот за заштита на работничките права преку зголемување на најниската плата, поголем надомест за невработените и заострување на условите за давање отказ кои се нетипични мерки за заштита на работничките права кои ги дава една партија која себеси се идентификува со десните христијански партии, доколку не се сфати како реакција на запирањето со работа на големите индустриски и други капацитети во тоа време и зголемувањето на невработеноста.127 ВМРО-ДПМНЕ, се залага за ревитализација на селото и помош на земјоделците во производството. Класичните прашања од областа на социјалната политика зафаќаат многу мал дел од програмата (помалку од 1 стр.) и овојпат се проследени со десничарска реторика: „социјална политика во функција на развојот.....Ќе се создадат услови за економски развој и богатење на Македонецот за тој да нема потреба од социјална политика и помош.“! Во оваа програма на ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати се спомнуваат малцинствата. Се наведува дека ќе се почитуваат нивните права „гарантирани во документите на ООН и други 127 На овој проблем му се отстапува простор во уште еден наврат велејќи дека поради немањето социјална програма која ќе обезбеди средства за надомест на отпуштените работници „претставуваме голема неправда и несигурност за раборниците“. Како една од мерките за намалување на невработеноста се наведува и финансирањето на јавните работи. 111 организации“, меѓутоа се нагласува дека малцинствата „освен права имаат и обврски и треба да бидат лојални кон државата“.128 Политички програми за изборите 1998 година СДСМ. По воведното обраќање на претседателот на партијата, како нов елемент на програмата (стр. 40, Б5), првиот дел програмата е посветен на економијата. Основни економски цели за СДСМ се зачувување на макроекономската стабилност, продолжување на приватизацијата, раст на БДП од 6% годишно и подобрување на животниот стандард на населението. Конкретните мерки започнуваат со стимулирање на штедењето и инвестициите, царински олеснувања, даночни олеснувања и одржување на реални, но стимулативни каматни стапки.129 Во областа на монетарната политика единствено во оваа програма се предвидува флексибилен девизен курс и употреба на индиректните монетарни инструменти за намалување на каматните стапки. Во областа на даночната политика се предвидува намалување на даночните зафаќања и намалување на јавната потрошувачка, без да се наведат поконкретни мерки. На земјоделството повторно му се обрнува значајно внимание. Во социјалната политика СДСМ „се потпира на концептот на социјална држава“ со принципи на дејствување кои имаат социјал-демократски карактер: „нова социјална солидарност......со цел да се постигне нова социјална рамнотежа во општеството“, „похумано пазарно стопанство со цел индивидуата да не биде потполно подредена во полза на профитот“, „гарантирана најниска плата која не смее да го загрозува достоинството на работникот“ итн. Овие заложби остануваат на ниво на општи формулации, без поконкретен план за справување со големата невработеност и сиромаштија. На крај накратко се истакнува значењето на „независниот и плуралистички сидикат.“ Во областа на пензиското осигурување се предвидува комбинација на јавно и приватно осигурување, намалување на 128 Уште повеќе, се вели дека постои албански екстремизам чија цел е претворање на Македонија во федерална држава со две влади и два јазика како прв чекор кон Голема Албанија. 129 Останатите општи мерки, што всушност се самите цели, се: привлекување на странски инвестиции во вид на директни инвестиции, заеднички вложувања и откуп на домашни претпријатија за што ќе се создадат нови олеснувања за странските инвеститори, задолжување само во насока на технолошко преструктуирање на извозното стопанство, фармерскиот тип на земјоделство и изградба на крупна стопанска инфраструктура. 112 постојната стапка за пензиско и инвалидско осигурување, зголемување на довербата на осигурениците и јавноста во пензискиот систем. Се гарантираат бесплатни здравствени услуги за сите граѓани без оглед на материјалната состојба и друг статус, пропратени со неколку пакети бесплатни здравствени услуги и лекарства. Повторно се предвидува и делумна приватизација во здравството, давање на концесии на некои здравствени установи, како и формирање на приватен здравствен фонд. Подеднаков простор како за здравството и образованието му е да даден и на транспортот и комуникациите.130 Поконкретни мерки во образованието се инвестиции во развојот на Интернет инфраструктурата, создавање на услови за изучување на два светски јазика како потреба на современите општествени и економкски текови, автономија на Универзитетот. Во областа на културата се предвидува приватизација на дел од културните институции, како и развој на културниот туризам. Со ист таков општ јазик се укажува и на значењето на науката и истражувањата, и залагањата за стимулирање на науката од страна на државата. За првпат се посветува простор на медиумите за кои се вели дека се „незаменлив фактор за развој на демократска политичка култура“; СДСМ се залага за развој на медиумите и внесување на пазарни услови и слободна конкуренција и во оваа сфера. Последниот дел од програмата традиционално е посветен на слободите и правата на човекот и демократскиот развој, додека приоритетите во надворешната политика се: натамошно зајакнување на билатералните односи со сите соседи и земји во регионот, стекнување статус на полноправна членка на ЕУ и НАТО како и грижа за иселениците и „деловите на македонскиот народ во соседните земји“. Во мал дел на самиот крај од програмата е отстапен простор и за меѓуетничките односи и рамноправноста на половите.131 130 Во оваа фаза се актуелни како прашањата со денационализацијата, така и генералното просторно уредување на државата и општините. Се предвидува враќање на национализираното градежно земјиште со право на сопственост, урбанизација на општините и инфраструктурно поврзување на сите населени места. Значајно место е посветено и на животната средина, а наведените мерки се во правец на високо декларативно ниво на еколошка заштита. 131 Се гарантира правото за зачувување на сопствениот национален идентитет, културното наследство и обичаите во согласност со Уставот и меѓународните стандарди и конвенции, но водејќи сметка да се надминат „тенденциите на одвојување на правата на националностите од општата мрежа на граѓанските права“. СДСМ ќе работи на заштита од дискриминација врз полова основа, особено во сферата на работните односи и семејството, како и зголемено учество на жените 113 ВМРО-ДПМНЕ. Програмата е обемна и поместена на повеќе од 90 страни, Б5. Најнапред, и седум години по независноста, се истакнува залагањето на ВМРО за самостојна Македонија надвор од „вештачката творба“ Југославија и обезбедување за Македонија на сите елементи на државност“. Во неколку воведни страни повторно е силно нагласена сувереноста и независноста на Р. Македонија. СДСМ и нејзините партнери се обвинети за „имитација на реформи“, за „разградување и разграбување на македонската држава“, „длабока економска и социјална криза“ и „ограничување на човековите права“. Во првиот дел, опширно се елаборирани темелните вредности и принципи, од кои некои се значајни за позиционирање на партијата на димензијата либерализам-конзервативизам (наклонетоста на оваа партија кон христијанската религија и наклонетоста кон вредностите на нацијата), но некои се реакција на владеењето на СДСМ132. Во уште еден наврат, во однос на одбраната, мерките се проткаени со повици за „враќање на патриотизмот, родуљуво политиката, државната власт и локалната самоуправа, но не предлага мерки како да се обезбедат овие цели. 132 Во реакцијата кон владеењето на СДСМ би ги вброиле: слободата на говорот и новинарството (против секаква цензура во новинарството, откажување на државата од туторството врз средствата за јавно информирање), независност на судството, неприкосновеност на сопственоста приватната сопственост треба да има доминантност над државната сопственост; слобода на здружување (која е загрозена, полицијата ги контролира легално регистрираните организации, а невладините организации се сателити на власта). Во втората група се слободата на вероисповеданието- се вели дека Македонија е секуларна држава, држава во која постои верска толеранција помеѓу граѓаните, а сите конфесии се рамноправни пред државата. Истакната е улогата на „христијанската православна црква за обликувањето на идентитетот на македонскиот народ среде големото семејство славјански народи“, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи МПЦ во борбата за поголема самостојност и признавање, ќе обезбеди враќање на имотите, се залага за воведување верска настава како факултативен предмет во основните и средните училишта и други мерки; реинтеграција на исламизираните Македонци во „ткивото на македонскиот народ“; грижата за Македонците во странство -да се обезбеди правото на глас и правото да бидат бирани. Се вели дека „ВМРОДПМНЕ ќе подготви програма и стратегија за будење и јакнење на македонскиот патриотизам и националното достоинство базирано на огромното македонско историско и културно наследство“. Негувањето на меѓуетничките односи е исто така темелна вредност за ВМРО-ДПМНЕ. На етничките ентитети се гледа како на цивилизациски величини и доблести кои треба да се чуваат и негуваат. Припадниците на националните малцинства имаат специјални права, особено на полето на јазикот, образованието, културата и религијата, но и обврски/одговорности. Додека правата не се подетално разработени, под одговорности се наведени следниве: почитување на Уставот и законите на државата, почитување на правата на мнозинството, особено во деловите каде тоа е малцинство, воздржување од активности насочени кон територијалниот интегритет. 114 бието и изгубените чест и достоинство“, како типични десничарски вредности поврзани со вредностите на нацијата. Вториот дел од програмата е посветен на внатрешните и надворешните политички односи. Улогата на државата во економскиот и социјален развој на општеството ВМРО-ДПМНЕ ја гледа „не како директен обезбедувач на тој развој, туку како партнер, негов помагач и катализатор,“133 со што донекаде се искажува став кон помала улога на државата во општеството. Приоритетите во надворешната политика остануваат исти- зачленување во ЕУ и НАТО, како и одржување на пријателски односи со сите соседи, учество во регионални иницијативи, па дури и за „основање на Конференција за балканска безбедност и соработка.“ Делот посветен на економијата зафаќа повеќе од една третина од програмата. Макроекономската политика на СДСМ која се заснова на „преценет, стабилен курс на денарот, контролирање на инфлацијата преку рестриктивна кредитна политика и ограничување на платите на вработените во јавниот сектор и општествен капитал“, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја замени со „контролирана инфлација но во функција на развојот, монетарно-кредитна политика која во себе ќе содржи и рестриктивна компонента во функција на зголемување на производството и извозот, каматни стапки пониски од просечната профитна стапка“ со цел ниската инфлација да не биде цел за себе, туку зголемување на производството со ниска и инфлација и реален девизен курс. Се чини дека улогите на класичната левица и десница овде се заменети, ако се има предвид дека левицата традиционално се залагаше и за повисоки стапки на инфлација со цел намалување на невработеноста. За намалување на невработеноста наброени се 18 општи мерки, кои се цели сами за себе. Истото се однесува и на огромниот број од останатите мерки во економската политика. Во областа на даночниот систем ВМРО-ДПМНЕ, ќе го прошири обемот на обврзниците и ќе ослободува од одделни даноци при нови инвестиции, нови вработувања и реемиграција кон руралните средини, ќе воведе ДДВ. Структурните мерки предвидуваат раст на малите и средни претпријатија, извозна ориентираност и развој на индустриски гранки кои користат земјоделски производи, користење на постоечките 133 Се предлагаат мерки со цел поефикасна државна администрација и борба против „корупцијата, мафијата навлезена во сите сфери на државната власт, рекетот со кои државата не може да се справи“. Се предвидува зголемување на санкциите за неплаќање на даноците, придонесите, царините и другите давачки. 115 капацитети, рамномерен регионален развој итн.134 На земјоделството се гледа како на фактор за континуиран и стабилен развој на Р. Македонија. Четвртиот дел од програмата (8 страни) е посветен на здравствената, социјалната и пензиската заштита. Се прифаќа државно, приватно и мешовито здравство, како и основање осигурителни куќи одвоени од министерството од здравство, приватни пензиски фондови и нивен настап на пазарите на капитал преку што се гледа отвореност кон десничарки мерки. Во социјалната политика, според ВМРО-ДПМНЕ, потребна е длабока реформа. Сепак, мерките кои оваа партија предвидува да ги спроведе во оваа област се парцијални. Една од нив е средствата наменети за социјална помош да се распределуваат според принципот на „поделба на поголем поединечен износ на оној дел на населението кое навистина е социјално загрозено“, а останатите проблеми ќе се решаваат преку решавањето на проблемот со невработеноста и познатите мерки кои се препорачуваат. Петтиот дел од програмата посветен на популационата и демографска политика, содржи посебни делови посветени на семејството, младите, но за прв пат и имиграцијата135. Според ВМРО-ДПМНЕ популационата политика мора да биде усогласена со економскиот развој на државата, а биолошката репродукција треба да биде „во корелација со нивото на цивилизацискиот развој“. Се вели и дека: „во национални размери, во случај кога е својствен на одделни популации врз етничка основа, тој е прапричина на основните проблеми на тие популации и тенденција кон општа национална ентропија“, со што се алудира на забрзаниот демографски раст на албанското население. Според ВМРО-ДПМНЕ, моралот и етиката во Р. Македонија се загрозени, а „дисквалификувањето на семејството како 134 Како основа на економскиот развој во програмата се предвидува и ревитализација на постојните енергетските капацитети и изградба на нови, развој на сточарството, полјоделството, шумарството, дрвната индустрија, водостопанството, туризмот и угостителството, планирање и уредување на просторот, развој на градежништвото (државата треба да ја има грижата да инвестира во изградба на станови за социјално загрозени и изнемоштени лица) и сообраќајот („решителна и неповратна определба за негување на пазарната ориентација во оваа дејност“ и „максимално намалување на сопственоста на државата и управувањето во тој систем“. Во програмата е посветен дел и на еколошката заштита. 135 Во таа смисла се препорачува „да се прекине состојбата на прилив на неквалификуван кадар и на одлив од неа на најквалификуван македонски кадар во оптимална возраст“, и „спречување на секаков механички прилив во земјата, особено од Албанија, Косово и Санџак, заради опасност од промена на етничкиот состав на населението“. 116 општествена категорија“ се правело во изминатите 50 години. За ВМРО-ДПМНЕ како десно-ориентирана политичка партија грижата за семејството е врвен приоритет, како и младите, кои се „ново, отворено кон светот поколение, кое не е деформирано од периодот на комунизмот“, со што повторно се искажува многу негативен став кон комунистичкто минато. Во областа на образованието и науката се критикува постојниот систем за кој се вели дека се базира на „тоталитаристичкиот систем“ мислејќи на бивша СФРЈ,136 а истото се однесува и на културата која треба да се ослободи од идеолошките и политичките авторитети и „да се сопре привилегирањето на некои творци.“ Се искажува и многу позитивен однос кон спортот. Политички програми за изборите 2002 година СДСМ. Програмата (45 страни, но формат А4) е поделена на вовед и осум дела. Во воведниот дел „ние сме европски социјалдемократи“, партијата се самоидентификува со социјалдемократските партии. Основните заложби за парламентарна демократија и човековите права и слободи остануваат исти, но се поместени и класичните социјалдемократски вредности за развој на слободно, плурално и праведно општество кое ќе биде солидарно и ќе пружа еднакви можности за секого. Политиката на СДСМ ќе се темели на 4 партнерства: партнерство со синдикатите „во остварувањето на правата на работниците“, партнерство со невладините организации и медиумите, партнерство со политичките партии во дефинирањето на одбраната и националните интереси.137 Во овој дел СДСМ ја истакнува 136 Се предвидуваат бројни мерки во насока на дезидеологизирање на образованието, како и останати мерки во образованието меѓу кои упис во повисок степен на образование според постигнати резултати, а не според национални квоти. Во однос на науката најважните мерки е зголемување на финансирањето на научно-истражувачката дејност, но и преиспитување на научната терминологија во смисла на дезиологизација. Уште повеќе, се вели дека „Министерството нема да ги поддржува истражувачите што добиле истражувачки и раководни позиции на идеолошка основа, без значаен научен придонес“, а новните позиции можат да се преиспитаат во редовните постапки за избори и реизбори. 137 Ова со цел да се победи катастрофалната состојба со корупцијата и криминалот, и општата состојба на непросперитет. За таа цел воведниот дел е пропратен со, би можело да се каже, драматични повици за „ Намалување на моќта на политичарите, контрола на финансирањето на политичките партии, заострување на критериумите за прием во државната администрација, нов вредносен систем кој се потпира на чесноста, трудољубивоста, знаењето, патриотизмот“ и „Никогаш повеќе нема да се дозволи војна и страдања, едни да трошат премногу, 117 улогата на Македонија во антифашистичката борба и го почитува придонесот на борците и народноослободителната војна во создавањето на македонската држава. Првиот дел од програмата, (10 стр.) е посветен на економијата. Прва задача за СДСМ е намалување на невработеноста со економски и структурните мерки како: олеснување за работодавците за нови вработувања, за вршители на самостојна дејност, за вработување на инвалидизирани лица, микрокередити за мали и семејни бизниси и самовработување, организирање на јавни работи, финансирање на обуки за доквалификација или преквалификација. Макроекономската стабилност, стабилноста на цените и стабилноста на девизниот курс, повторно, ќе се обезбеди со подобрување на најважните економски параметри, економскиот раст, зголемување на вработеноста, на известициите, на извозот, но и нејасни мерки како „зголемување на социјалните права на вработените“. Стапката на инфлација ќе се одржува меѓу 5-7%, бидејќи „ниските стапки на инфлација 1-2% можат да имаат неповолен ефект врз стапките на економски раст и да резултираат со дефлација“. Девизниот курс ќе се задржи фиксен (за разлика од претходната програма) и ќе се склучат аранжмани со ММФ и Светската банка. Даночната политика на СДСМ ќе се концентрира на намалување на учеството на индиректните даноци во вкупното оданочување (што се смета за левичарска мерка), проширување на даночната основа, проширување на обемот на стоките со повластена даночна стапка 5% на ДДВ итн. Во јавниот сектор, СДСМ ќе изврши либерализација, а потоа и приватизација на дејностите. Овие мерки силно ја навестуваат неолибералната реторика и мерките кои одат во прилог на неолибералните економски текови како: привлекување на странски инвестиции, даноците и намалување на административните пречки за почнување бизнис, заштитата на сопственоста, реформа на трговските друштва итн. СДСМ ја завршува својата економска програма со заложби за развој на „новата економија“ и информациското општество преку изградба на технолошки паркови и зони, компјутеризација и едукација на граѓаните. Вториот дел од програмата, структурни реформи, зафаќа скоро ист простор колку и економската политика.138 а други да живеат во беда и сиромаштија, а во власта да има корупција и криминал“. 138 Се предвидуваат бројни и обемни мерки за различни аспекти во секоја од подобластите, но без конкретни рокови или извори на финансирање. Индустриското производство, енергетика (делумна либерализација), шумарство, 118 Третиот дел од програмата е посветен на образованието, науката и културата. Во областа на образованието една од позначајните мерки карактеристични за левите идеологии е еднаквоста на шансите за влез во образовниот процес. Според СДСМ, со воведувањето на линеарна партиципација од страна на ВМРОДПМНЕ студентите плаќаат повеќе од порано и повеќе не постои бесплатно образование. Во сферата на науката повторно се предвидува зголемување на средствата за научно-истражувачка дејност, а во областа на културата се предвидуваат вложувања како и поттикнување на процесот на приватизација и концесии во културата. Четвртиот дел од програмата е посветен на социјалната политика. Во борбата со сиромаштијата СДСМ „ќе го спречи процесот на социјално раслојување, во кој од една страна преку ноќ се создаваат богаташи, а на другата страна останува мнозинството во сиромаштија“. СДСМ ќе создаде „еднакви можности за граѓаните преку образованието, вработувањето и социјалната помош за нивен пристап до општественото богатство“.Како класични социјалдемократски мерки се предвидува зголемување на надоместоците кои ги примаат, социјална помош која ќе гарантира задоволување на основните потреби, гарантирана најниска плата. На крајот му е посветен и дел на семејството кое поради влошената материјална состојба и разочараноста од системот на вредности во Македонија доживува криза. СДСМ предлага мерки за подобрување на економско-социјалниот статус на семејството. Во здравството, со поднаслов кој има социјална димензија„да го издигнеме на ниво на важен сегмент на општествената солидарност“. најважната мерка е ослободувањето од партиципација во основниот пакет здравствени и стоматолошки услуги.139 Последните три дела од програмата традиционално се занимаваат со политичкиот систем, одбраната и надворешната политика, при што нема позначајни поместувања. Бројни заложби се поврзани со враќање на „нарушениот углед на Македонија“ како резултат на конфликтот во 2001 и пропустите на ВМРО-ДПМНЕ. Во еден поддел се посветува внимание на улогата на религијата во државата, при што се вели дека „црквата е одвоена од водостопанство, градежништво (развој на приватна иницијатива), урбанизам и сообраќај. Во делот посветен на земјоделството во континуитет се предвидуваат истите мерки од претходните изборни циклуси. 139 Во овој дел од програмата, нетипично, се поместени и мерките од областа на животната средина и спортот кои се на ниво планирање на потребни законски измени и национални планови за воспоставување на основните стандарди во овие сфери. 119 државата“, а верската поука и верското образование „треба да бидат право и избор на граѓаните, но не и школска обврска од државните училишта финансирани од страна на државата“, со што оваа партијата се определува за секуларна држава и се става на спротивниот пол од ВМРО-ДПМНЕ по однос на ова прашање. ВМРО-ДПМНЕ.140 Во извадокот посветен на политиките за вработување се вели дека основното право на секој човек е правото на работа. Економската политика на ВМРО-ДПМНЕ ќе се темели на развивање на пазарот и конкуренцијата, одржување на макроекономската стабилност, поттикнување на инвестициите, структурни реформи, зголемување на знаењето, образованието, иновациите кои се најзначајни развојни фактори на една економија. Некои конкретни мерки се зголемување на платите во јавниот сектор со цел зголемување на личната потрошувачка од 3 до 4% на годишно ниво. Се предвидува да се донесе Национален акционен план за намалување на невработеноста и тоа со социјалните партнери- Сојузот на синдикатите и Коморите. Ова е единствен пример во било која од изборните програми на оваа партија (а и на СДСМ) да се спомене работата на економско-социјалниот совет. Посебно внимание им е посветено на младите и обезбедувањето на нови вработувања, особено во информатичките дејности. Се предвидува дообучување, стипендии и тренинзи за илјадници луѓе со цел да се зголеми нивната конкурентност и квалитетот на работната сила. Во однос на намалувањето на сиромаштијата се наведува дека ќе се спроведе донесената стратегија за намалување на сиромаштијата изработена во соработка со Светската банка и ќе се овозможи достоен живот за секој граѓанин. Во извадокот посветен на слободата на граѓанското здружување се вели дека партијата (коалицијата со Либералната партија) се залага за целосна слобода на здружување, без разлика на националната и верска припадност. Политички програми за изборите 2006 година СДСМ. Во програмата се запазува истата структура како од програмата 2002 година. Поместена е на 107 страни, (90 страни програмски текст), од која доста голем дел зафаќаат информаци140 Изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за изборниот циклус од 2002 година не успеавме да ја обезбедиме, и покрај тоа што се обративме директно до партијата. Искористени се извадоци од програмите на политичките партии кои се однесуваат на неколку области, објавени во дневните весници Вечер, Дневник и Утрински весник на 11, 12 и 13 септември 2002 од страна на МЦМС. 120 ите за постигнувањата од претходниот период и тоа за секоја од областите. Економски пораст и намалување на невработеноста ќе се остваруваат преку: двојно зголемување на јавните инвестиции, зголемување на извозот, развој на мали и средни претпријатија, СДИ, подобрување на условите за деловно работење, намалување на сивата економија, поддршка на локалната самоуправа, развој на градежништвото, земјоделството, подобрување на квалитетот и флексибилноста на работната сила како општи мерки. Макроекономска политика ќе биде во функција на економски раст, при што во години на мала економска активност ќе се допуштаат поголеми буџетски дефицити до 2%, а во години на зголемена економска активност мали дефицити; јавните расходи ќе се одржуваат на ниско ниво; како и јавниот долг; а се предвидува и зголемување на платите во јавниот сектор за 12%. Монетарната политика ќе се води со ниски стапки на инфлација и стабилен девизен курс, намалување на каматните стапки до 6%. Во даночната политика се предвидува намалување на придонесите врзани за платите во функција на зголемување на вработеноста и намалување на трошоците на трудот, институција и намалување на ДДВ за некои од импутите во земјоделството. Цело поглавје е посветено на структурните реформи, каде се набројани многубројни мерки за секоја од поддобластите од кои некои веќе се изнесени во делот посветен на економијата. Преструктуирање на претпријатијата. Развојот на земјоделството е повторно приоритет за што ќе се врши кредитирање со ниски каматни стапки и ќе се користат претпристапните фондови на ЕУ (широка лепеза на мерки) и градежништво – инвестиции од фондовите на ЕУ. Се предвидува и преструктуирање на финансискиот сектор. Во областа на образованието се промовира концептот на „општество засновано на знаење“. Во претходниот мандат СДСМ ги истакнува заслугите воведување на деветолетката и воведувањето на Болоњскиот процес во високото образование. Интересно е што овие реформи воопшто не се наведени во изборната програма за изборите 2002. За наредниот мандат се предвидува зголемување на буџетот за образование, изучување на два странски јазика во основното образование, бесплатен интернет, зголемување на платите на наставниците за 12%, вработување на кадар во високото образование и други мерки, меѓу кои особено интересни се и воведување на сексуално воспитување во погорните одделенија во основното образование. 121 Во науката и културата се предвидуваат поголеми вложувања, помош до пристап до меѓународни фондови, поддршка на младите истражувачи, набавка на опрема, запознавање со сопственото културно наследство, промоција на истото преку вклучување во туристичките содржини и економскиот развој на земјата.141 Во областа на социјалната политика СДСМ ќе ги применува принципите на социјално партнерство по углед на европските земји, ќе ги зголеми пензиите за 10% и други мерки. На мерките за посебните категории од населените им е посветено помало внимание на доста мал простор. Во неколку наврати се истакнати солидарноста, социјалната правда и потребата човекот да биде рамноправен член на заедницата како типични левичарски вредности. На овие вредности се надоврзуваат заложбите во здравството за здравствено осигурување за сите граѓани на Р. Македонија врз начелата на заемност, солидарност и праведност.142 Во делот посветен на политичкиот систем на значаен простор се образложени направените промени според Охридскиот договор, унапредувањето на родовата еднаквост, донесувањето на закони за реформа на судството и други области. Во идниот период се планира понатамошни реформи и спроведување на рамковниот договор, мерки за меѓуетнички соживот, но и мерки за регистрирање на истополовите заедници во форма на регис-трирано партнерство, слободно делување на сите верски заедници, подобрување на положбата на хендикепираните. Ова на сосем мал дел од програмата. Својата концепција на безбедноста се истакнуваат заслугите на СДСМ за враќање на безбедноста по конфликтот, намалувањето на криминалот за 30%, сузбивање на организираниот криминал и корупција, ефикасноста на царината, за што се дадени статистички податоци. На надворешна политика е посветен последниот дел од програмата. Се предвидува европска интеграција (елаборирано на 141 Предвидени се и мерки за грижа за младите и спортот- поттикнување на претприемничкиот дух, создавање услови за волонтирање, олеснување на визниот режим за патувања и подобри услови за развој на спортот (преку повеќе мерки) како предуслов за здрава популација. Во сферата на екологијата се промовираат високи стандарди во заштитата на животната средина со некои конкретни мерки. 142 Пошироко е елаборирана започната реформа во овој сектор од која најважна е приватизацијата на дел од јавното здравство како нетипична мерка за социјалдемократска партија, и промените во примарната заштита и фармацевсткиот сектор кои повеќе може да се посматраат како прилагодување на модерни европски практики отколку низ призмата на лева-десна политика. 122 значен дел од програмата), продолжување на стратешкото партнерство со САД, продолжување на „дијалогот со Грција“ во рамките на ООН за „надминување на разликите во употребувањето на Уставното име“. СДСМ ќе „се залага за целосно остварување на правата на припадниците на македонскот национално малцинство во соседните земји“ и интензивирање на врските со исселениците. ВМРО-ДПМНЕ. Програмата насловена како Преродба во 100 чекори е доста обемна, поместена на околу 110 страни (А4). Во воведниот дел на програмата акцентот е ставен на приоритетната цел- економскиот раст и акцентирање на компонентите на кои истиот ке се базира -1) современи технологии, 2) зголемена продуктивност, 3) унапредување и вложувања во земјоделството, 4) инвестиции во образованието и информатичката технологија, 5) зголемување на конкурентноста на претпријатијата и 6) подобрување на образованието и квалификуваноста на работната сила, но и не помалку значајно 6) воведување ред во државата преку зголемување и заострување на казните, и зголемување на бројот на полицајците на терен. Економската програма започнува со набројување на поволните услови за економски раст: мала јавна потрошувачка државата ќе се ограничи на минималните функции на обезбедување на внатрешната и надворешната безбедност, парнерство со приватниот сектор од дома и странство во што се препознаваат контурите на (нео)либералната економија; преструктуирање на јавните расходи и капитални инвестиции во здравството и образованието, редукција на бирократијата и корупцијата преку дерегулација, намалени дискрециони права и воведување механизми за контрола на администрацијата од страна на граѓаните. Овие мерки, пропратени со поефикасно судство и значително намалување и отстранување на процедурите за отпочнување бизнис143 со конкретен рок до почетокот на 2007, заштитата на сопственичките права и извршувањето на договорите, заштита на кредиторите ќе ја подобрат инвестициската клима. Особено во прилог на инвеститорите ќе оди зголемената флексибилноста на пазарот на работна сила и можноста за ангажирање на работници без прецизирање на рокот на договорот, како и со скратено работно време, меѓутоа, скратувајќи ги со тоа и работничките права и намалувајќи ја нивната сигурност при вработување. Со цел Македонија да стане главен извозник на софтвер и регионален 143 Дерегулација на економската активност се огледа и во проектот Регулаторна гилотина, со кој, во рок од 6 месеци ќе се укинат 500-700 законски антипазарни прописи за олеснување на водење на бизнис. 123 центар за аутсорсинг за земјите во ЕУ, се предвидува промоција, фонд за инвестирање во аутсорсинг, поволности за фирмите во Технолошки и индустриски развојни зони144. Макроекономски политики ќе бидат во функција на економскиот раст, а не само во функција на одржување на ценовна стабилност. Така буџетскиот дефицит ќе биде контролиран на 1,5% од БДП, ќе се зголемат јавните инвестиции од 3 на 5% од БДП во инфраструктура, каматните стапки ќе се намалат на 8 -10% во првите години и 5-6% на крајот на 2008, ќе заживее стамбеното кредитирање - ослободување на капиталот преку регистрација на недвижностите во регистарот. Реформата на даночниот систем е една од темелните мерки на економската програма на ВМРО-ДПМНЕ. Се предвидува намалување и воведување на рамен данок како неолиберална економска мерка од 15%, 18 или 24% на 12% во јануари 2007 и 10% Јануари 2008,145 Се предлага и една конкретна мерка за намалување на сивата економија- рок од три месеци за легализација на бизнисот без казни, како и намалување на трошоците за легално вршење на бизнисот, пријавување на работниците, помал персонален данок. Во земјоделството се предвидуваат вложувања (буџетска поддршка) кои во 2010 би достигнале 20 милиони евра, поддршка во формирање на компанија за организиран откуп и извоз на земјоделските производи, елиминирање на монополите и стимулирање на конкуренцијата. Буџетската подршка за земјоделството ке се состои од стимулации, субвенции, фискални олеснувања, обуки за земјоделците, нова, праведна и транспарентна распределба на државното земјоделско земјиште, поволни и долгорочни кредити. Сите овие мерки се пропратени со доообјаснувања и поконкретни мерки и рокови. Делот посветен на инфраструктура е доста обемен и содржи мерки почнувајќи од сообраќајот па до изградба социјални станови, подобрување на комуналните дејности и снабдување со вода. Во сферата на телекомуникациите- се предвидуваат конкретни планови и рокови за либерализација. Се планира потполна либерализацијата на енергетскиот сектор, анализа за можните 144 Во програмата на посебно место популарно се претставени тн. Проекти во економијата- ТИРЗ, аутсорсинг, Инвест Македонија, црвено и жолто сонце за квалитет. 145 Придружено со намалување на ДДВ за земјоделски репроматеријали и механизација, борба против даночната евазија, враќање на ДДВ за максимум 30 дена, зголемување на царинските приходи преку поголема и побрза контрола. 124 модели на приватизација, вложување во гасификација и изградба на хидроелектрани преку концесии. Делот посветен на социјална сигурност и праведност, започнува со десничарската максима дека „најдобра социјална политика е онаа политика која отвора нови работни места“. Во таа насока се предвидува продуктивно користење на корисниците на социјална помош- за изградба и реконструкција на локална инфраструктура, чистење и одржување на јавни објекти, работи на испомош и еколошки проекти и активни политики- поддршка за самовработување (семен бизнис) за 5000 лица проект со средства од буџетот под наведени услови, ангажирање во градежни работи на лица од најнеразвиените региони, субвенционирање за вработување на 2000 самохрани родители и хендикепирани лица, вработување на 400 деца без родители итн. Во еден поддел од овој дел на кој му е отстапен најголемиот простор, е посветен многу невообичаено на надворешната политика. Најзначајни програмски определби се интеграција во ЕУ и НАТО, визна либерализација и исполнувањето на поставените критериуми и реформи за остварување на овие цели. Традиционално, грижата за иселениците е присутна во програмата при што најважна мерка е создавањето услови за гласање на изборите во дипломатско-конзуларните претставништва. Се предвидува продолжување на преговорите со Грција за уставното име, како и почитување на малцинските и националните права на Македонците што живеат на територијата на соседните држави. Седмиот дел од програмата се однесува на доброто владеење и борбата против корупцијата, цели на кои ВМРОДПМНЕ им дава големо значење условувајќи го со нив реализирањето на изборната програма во целост. Во сферата на образованието, покрај зголемување на буџетските средства за образование до 5% од БДП, се предвидуваат бројни мерки кои не се нови, освен, на пример, отворање на државен универзитет во Штип. Повторно се предвидува и воведување на етика и веронаука во основното образование како задолжителен предмет во една или две учебни години. За науката се предвидуваат малку мерки без конкретни проекти и рокови како во останатите области. Ке се инвестира и во спортот и физичката култура, а особено во развојот на информатичкото образование неопходно не само меѓу висококвалификуваната, туку многу повеќе кај ниско и неквалификуваната работна сила за што се презентирани конкретни проекти. Се предвидува модернизација во здравствениот систем, нова генерација на болници и разновидни мерки во стоматологи125 јата и фармацијата. Распределувањето, пак, на средствата од здравствено осигурување ќе се врши преку почитување на принципите на солидарност, праведност и ефикасност. Останати мерки се: дефинирање на правната положба и сопственоста на сите болници до јуни 2008, децентрализација и автономија во управувањето со здравствените институции, зголемување на инвестициите, воведување на конкуренција во здравственото осигурување, и здравство во кое нама да се прави разлика меѓу приватно и јавно здравство, што е своевидна новина како и онаа за „приватни болници но не за профит“. Во делот посветен на политичкиот систем се наброени цели за ефикасна и одговорна јавна администрација, креирање на политики во функција на граѓаните, поголема децентрализација, експертска поддршка на законодавната и судската власт и доследно спроведување на законите. Во сферата на културата се предвидуваат мерки за афирмација и вложување во културата и заштита на културното наследство со неколку проекти за реставрации, археолошки ископувања и изградба на музеи со рокови на реализација. Во овој дел се предвидува и воведување на веронаука и пренос на литургијата на МПЦ на МТВ. Мерките на демографска политика имаат за цел зачувување на квалификуваниот кадар во државата, „спречување на прилив на неавтохтоно население“, „влијаење на свеста на граѓаните за позитивностите што ги нуди контролираниот наталитет“, реафирмација на семејството и создавање на европска перспектива за младите, како и грижа за хендикепираните лица. Посебни делови од програмата се отстапени и на туризмот и заштитата на животната средина, додека, на пример отсуствува дел посветен на меѓуетничките односи кои се споменати во една реченица во која се искажува заложба за меѓуетничка толеранција и соживот (стр.12), како и општа заложба за правична застапеност на припадниците на етничките заедници во јавната администрација. Приоритетите на економската политика на двете партии се слични со тоа што изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ има поактивна дикција, повеќе конкретни рокови за спроведување на предвидените политики и проекти. Една од најзначајните димензии на изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ е даночната реформа и настојувањето на дерегулација и либерализација во скоро сите сфери на економијата како типична мерка на десно ориентираните влади особено во актуелните услови на неолиберална економија. 126 Политички програми за изборите 2008 година СДСМ. Изборната програма е поместена на помал број страници од онаа од 2006 и е насловена како „Сите под исто сонце“. Со оглед дека изборите во 2008 беа први вонредни парламентарни избори и делумно организирани како последица на недобивањето на поканата за членство во НАТО поради противењето на Грција, дел од политичките програми како и линијата на поделба помеѓу двете најголеми партии се однесува на овој проблем. Затоа, првата глава од програмата е насловена Членство во ЕУ, членство во НАТО. Идејата дека на Македонија и треба интеграција, а не изолација во надворешната политика е основата на позицијата на СДСМ на овие избори која ја спротивставува на позицијата на ВМРО-ДПМНЕ која ја смета за „изолационистичка“. Според СДСМ, процесите на интеграција се забавени, Македонија, и според последните два извештаи на Европската комисија не напредува, а ВМРО-ДПМНЕ ја пропуштила шансата да ја внесе земјата во НАТО. СДСМ ветува дека за 6 месеци Македонија ќе стане членка на НАТО, ќе добие датум за почеток на преговори со ЕУ, а полноправна членка на ЕУ ќе стане за 36 до 48 месеци. Преговорите со Грција ќе продолжат веднаш „границата во тие преговори е зачувување на македонскиот национален идентитет“ за кој нема да се разговара. Со тоа една надворешно-политичка тема за прв пат по 1990-та год. избива на врвот од програмските приоритети. Втората глава сега е посветена на политичката стабилност и дијалог, повторно како реакција на случувањата во мандатот од 2006. Се критикува владата на ВМРО-ДПМНЕ за непочитување на останатите централни институции на власт, повреда на основните човекови права во борбата со корупцијата и криминалот, нарушен политички дијалог со опозицијата, загрозување на меѓуетничките односи. Иако е помала по обем, за разлика од претходната кога за секоја од областите беа наведени по голем број мерки или заложби, во оваа програма нивниот број е помал, но истите понекогаш се поконкретни. Некои од нив придонесуваат за идеолошка диференцијација од програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Во сферата на економијата таква е мерката за враќање на прогресивното оданочување на персоналниот данок како мерка за остварување на „даночна правда“ „тој што има повеќе, повеќе и да биде оданочуван“, бидејќи „растот на економијата и социјалната праведност и одговорност 127 мора да одат рака под рака“. Уште полевичарка заложба е работниците да земаат поголеми плати и да имаат подобар живот. Додека на енергетиката и патната инфраструктура класично им се отстапува простор, поголемо внимание во оваа програма, можеби по углед на програмата на ВМРО-ДПМНЕ ОД 2006, е посветено на информатичкиот сектор, кој ќе се поттикнува преку јавно-приватно партнерство и ќе се користи за ефикасно функционирање на администрацијата и образованието. Особено големо внимание, исто така по углед на успехот на ВМРО-ДПМНЕ е посветено и на земјоделската политика. Вложувањата на ВМРОДПМНЕ во земјоделството се поздравуваат, но се критикуваат преземените мерки во оваа сфера. Наведените мерки во областа на социјалната политика повторно промовираат левичарски вредности. Според СДСМ во „суровото капиталистичко општество“ државата до сега не ја играла улогата на „успешен и рамномерен распределувач на националниот доход и богатство“. Се вели дека социјалната политика и економскиот развој треба да одат заедно, а вредностите на солидарноста, слободата, социјалната правда и еднаквите можности како класични социјал-демократски вредности остануваат. Со наведените мерки во оваа област се опфатени работниците, децата, жените, хендикепираните, лицата со посебни потреби, пензионерите а се олеснуваат и условите за остварување на правото на пензија (пензионирање само со исполнување на условот за работен стаж- 35 год. за жени и 40 за мажи). Се предлага, нетипично за социјалдемократска партија, децентрализација на социјалните услуги и приватно-јавно партнерство и во оваа област. Во сферата на образованието се критикуваат некои од проектите што ВМРО-ДПМНЕ ги презеде од 2006 година, особено изместувањето на образованието од неговите граѓански рамки преку воведувањето на веронауката. Владата се критикува и за упад во автономијата на универзитетите и намера да го уништи УКИМ. Основните принципи на образовната политика на СДСМ се граѓанско и бесплатно основно и средно образование и целосно финансирање на државните универзитети. Мерките остануваат на ниво на општи заложби. Се искажува висока загриженост за лошата положба на младите во општеството, на кои повторно е посветена една глава. Во главата посветена на здравството СДСМ се повикува на „трите принципи на социјалдемократијата: еднаквост, солидарност и праведност“, а мерките остануваат слични со поранешните. Се промовираат високи стандарди на заштита на животната средина. 128 Во главата насловена како традицијата и модерната култура, силно се критикува политиката на ВМРО-ДПМНЕ во оваа област и се обвинува за злоупотреба на културата за партиски цели и затвореност. Последните две глави се посветени на судството, јавната админстрација и безбедноста на државата, без поголеми поместувања. ВМРО-ДПМНЕ. Програмата за последниот изборен циклус е многу обемна и содржи 192 страници. Поделена е на вовед- или отчет за Преродбата во 100 чекори, и седум дела. Во воведот, на повеќе од десет страни се наброени повеќе од 200 спроведени или започнати проекти и мерки во претходниот двегодишен мандат, а секој од останатите делови во програмата е всушност објаснувања за преземаните мерки и активности во секоја од областите, како и продолжување и експандирање на некои од политиките кои се сметаат за успешни. Ова пред сé се однесува на проектите поврзани со остварувањето на 5-те стратешки приоритети за мандатот 2008-2012: зголемувањето на економскиот раст на трајна основа, интеграцијата во ЕУ и НАТО, борбата против криминалот и корупцијата, инвестициите во образованието, а за прв пат и добрите меѓуетнички односи и имплементацијата на Охридскиот договор. Во воведот партијата се обрака до припадниците на сите етнички заедници, а споменати се отворените прашања поврзани со законот за јазици, жртвите од конфликтот 2001, употребата на знамињата. Политиките кои забележаа одреден успех или се покажаа како популарни во јавноста се проширени, доразработени и за истите се предвидени дополнителни финансиски вложувања. Особено е илустративен делот со вложувањето во земјоделството. Иако во изборната програма од 2006 беа предвидени стимулации за земјоделските производители во висина од 20 мил. евра за четири години, во програмата од 2008 се констатира дека во првите две години овие вложувања достигнале 90 мил. и според плановите во оваа програма истите продолжуваат со несмалено темпо. Ова важи и за проектите во образованието, особено оние за дисперзирање на студиите и отворање нови факултети, зголемувањето на буџетот за образование, компјутеризација на образовниот процес од најниските нивоа до создавање на стручни кадри од областа на информатиката, понатамошно зголемување на бројот на граѓани кои користат интернет. Делот посветен на економијата зафаќа скоро 70 страни. Економскиот развој, слично на претходната програма се потпира на јавни инвестиции, либерализација на сите енергетски пазари, на 129 хипотекарениот пазар, на осигурителниот пазар, на пазарот на телекомуникациски услуги, олеснување на законските процедури итн. Понатаму е доразработен и маркетингшкиот пристап и промоцијата на Македонија како рај за инвеститорите и концентрирањето на економската активност и производство во секторите на информатиката (особено аутсорсинг услугите) и други современи технологии. Погодностите за странските инвеститори во технолошките индустриски зони се оценуваат како успешни и понатаму продолжуваат. Кон ова може да се додадат и дополнителните погодности за инвеститорите и истовремено ограничување на работничките права, преку формулациите како „флексибилно определување на одмор, ноќна смена, работно време.“ Ќе продолжат и предвидените мерките за намалување на даноците, намалување на придонесите за пензиско, здравствено осигурување за поттикнување на вработеност, како и зголемувањето на платите и пензиите. За разлика од изборната програма за претходниот изборен циклус во која мерките во областа на социјалната политика се потпираа на активни политики, во оваа програма се предвидуваат неколку би можело да се каже „популарни“ и нетипични мерки за оваа партија како: делење на мали парични суми и краткорочна помош на некои категории граѓани (1000 денари надоместок за 3 месеци на 10 000 најзагрозени семејства, бесплатни здравствени прегледи 30 народни кујни, за да се ублажи зголемувањето на цените и намалување на бројот на потребни документи за остварување на правото на социјална заштита. Заклучок Партиските програми за првите парламентарни избори во 1990 година, а во голем дел и партиските програми за вторите парламентарни избори 1994, се нетипични партиски манифести кои сведочат за историскиот момент и општествениот контекст во кој се создадени (распадот на СФРЈ и прашања од сферата на надворешната политика кои зафаќаат значаен дел од политичката програма, како и прашањето за трансформација на економскиот и политичкиот систем). Овие програми имаат пред се декларативен карактер и на мал простор обработуваат голем број важни политички и општествени прашања при што, напати, видливо е неискуството во пишувањето на политички програми, нејаснотии и контрадикторности во одредени ставови, остатоци од претходниот систем итн. Во некои случаи се нудат решенија кои, во класичната поделба на левицата и десницата, ги застапува всушност спротивниот 130 табор, или пак, не се третираат прашања кои се типични за десни/леви партии....(како залагањето на ВМРО-ДПМНЕ за гарантирана најниска плата и „европски даноци 14-36% во зависност од висината на профитот“, повисока најниска плата и поголем надомест за невработените, заострување на условите за давање отказ, и, недоволното занимавање на СДСМ со работничките права, темите од областа на социјалната политика и синдикалното организирање како типични прашања на политичката агенда на социјалдемократските партии). Партиските програми за наредните два парламентарни изборни циклуси (1998 и 2002) се подобро структурирани и сконцентирани на теми кои помалку или повеќе се дел од една политичка програма за земји со политички плурализам и пазарна економија. Иако воглавно на ниво на декларативни заложби, СДСМ поголемо внимание и посветува на социјалната политика, праведната распределба на општественот богатство и вредностите на општествената правда, еднаквост и солидарност. Сепак, оваа партија во исто време предвидува приватизација во скоро сите секторски политики. Во зависност од тоа дали партијата е на власт или опозиција, партиските програми се полни со критики кон политиките на спротивната партија и практикувањето на власта. Уште една карактеристика на програмите од овој период е тоа што истите се преопширни и сувопарни, со долги листи на мерки што треба да се превземат, без акцентирање на најважните мерки кои се основа на програмата со што би им помогнале на граѓаните да ги разликуваат од останатите партии во Р. Македонија во изборот при гласањето146, а истовремено поради тоа, ја намалуваат можноста да се задржи вниманието на обичниот граѓанин кој е просечно или не е заинтересиран за политика. Изборните програми на партиите за последните два изборни циклуси 2006 и 2008 година, се подобро структурирани, но сеуште содржат малку од позначајните разлики кои се на линија на класичната поделба левица десница и кои сеуште донекаде ги диференцираат партиските идеологии во западноевропските земји. Даночната реформа и заложбите за дерегулација и намалена улога на државата во економската активност на ВМРО-ДПМНЕ се доне146 Едно од најважните обележја на изборните програми во некои западни земји (пр. В. Британија, Германија) е токму високото ниво на диференцираност и сублимираност на политиките по однос на актуелни прашања (конкретни промени во образованиот процес на пример, справувањето со одреден вид криминал итн), за конкретен изборен циклус, по што гласачите јасно можат да ја разликуваат едната од другата опција и врз основа на тоа да ја донесат својата изборна одлука. 131 каде исклучок. Во случајот со ВМРО-ДПМНЕ за прв пат се наведени конкретни инструменти, проекти и рокови за спроведување на политиките во повеќето од областите опфатени во програмата. Во однос на областите кои се опфатени со политичките програми, споредбено, низ сите изборни циклуси, не се воочени позначајни разлики (исклучок е посебниот третман на иселениците и религијата во партиските програми на ВМРО-ДПМНЕ, и истовремено помалото занимавање со меѓуетничките односи). Темите кои во последните децении се покажаа значајни за маркирање на политичкиот либеразлизам и конзервативизам, а се однесуваат на општествени прашања поврзани со правото на абортус (не е третирано ниту еднаш во ниту една од програмите на двете партии), правата на хомосексуалците (исклучок е програмата на СДСМ од 2006 година во која е предвидена регистрација на истополовите заедници) и различните стилови на живот многу малку или воопшто не се застапени во партиските програми, а таму каде што се спомнати им е отстапен минимален простор. Уште една значајна разлика е инсистирањето на ВМРО-ДПМНЕ за воведување на веронауката или етиката во основното обрзование во скоро сите свои изборни ппрограми наспроти заложбата на СДСМ од 2006 година за воведување на сексуално образование. Залагањето за рамноправност на половите пак, во законска, но и суштинска смисла, е на високо декларативно ниво. Темите од областа на меѓуетничките односи исто така недоволно се обработени, имајќи ја пред вид мултиетничноста на македонското општество. Партиите, уште од своите почетоци се самоидентификуваат и тоа: СДСМ со „европската левица“ и европските социјалдемократи, а ВМРО-ДПМНЕ СО „европска десница“ и демохристијанските партии. Не земајќи ги предвид изборните програми за изборите во 1990 година, нема значителни разлики во стратешките приоритети во надворешната политика на земјата. 132 Прилог бр. 1 Зборовни облаци за изборните програми на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за парламентарните избори 1994 и 2006-та година. Објаснување на методот Од текст-документите на партиските програми на ВМРОДПМНЕ и СДСМ беа одземени следниве зборови (прилози, предлози, сврзници и сл.): –и, во, на, по ,за, да, во, од, до, кога, како, каде, кој, која, зошто, затоа, секој, секоја, никој, никоја, овие, покрај, потоа, тој, таа, тоа, досега, односно, преку и др. Вака пречистените текстови се обработени во TagCrowd, при што се добиваат фреквенциите и визуелизираните релативни фреквенции за првите 50 најчесто употребени зборови во партиските програми. Примерокот за анализа (партиските програми од 1994 и 2006 година) е одбран поради приближно истата големина на партиските програми за овие циклуси парламентарни избори, но и со цел да се направи споредба помеѓу партиските изборни програми од пораниот и подоцниот период на транзицијата. Бидејќи изборните програми од 1994 година се значително помали (околу 15 страни) од изборните програми од 2006 (околу 100 страни), минималниот број на фреквенции на употребените зборови, земен како услов зборот да се прикаже во зборовниот облак, е 1 и 10 соодветно. 133 Слика бр. 1 Зборовни облаци од изборните програми 1994 год. Лево-СДСМ, Десно ВМРО-ДПМНЕ Најчесто употребувани зборови во програмите се Македонија (особено кај ВМРО-ДПМНЕ), (Република Македонија), името на партијата (особено кај ВМРО-ДПМНЕ, дури 110 пати), држава или државата (во што се огледа значајноста на државата), граѓани, политика, права, како и термини кои се користат во економските делови од програмите- економија, претпријатија (повеќе кај ВМРОДПМНЕ), сопственост (само кај ВМРО-ДПМНЕ), приватизација (повеќе кај ВМРО-ДПМНЕ), „капитал“ (само кај ВМРО-ДПМЕ-12 пати), кои донекаде можат да бидат илустративни за разликите во економските позиции. Во програмата на СДСМ се забележуваат и зборовите локална(та) 12 пати и самоуправа 12 пати, кои може да се протолкуваат како наклонетост кон децентрализација. 134 Слика бр. 2 Зборовен облак од изборната програма на СДСМ за 2006 година Најчесто употребувани зборови, покрај Република Македонија и името на партијата, се ЕУ (102), европската (54) (што го покажува значењето на Европската интеграција), како и економија и економски, развој, инвестиции, образование, термини поврзани со значењето на економскиот раст и развој. Дополнително, зборовниот облак покажува употреба на зборови неиндикативни за идеолошките позиции како граѓани, владата (дури 192 пати), институции, но и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи значаен дел од програмата е посветен на критиката на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Останатите теми од изборната програма, облакот воопшто не ги илустрира, а со тоа ниту идеолошките позиции. 135 Слика бр. 3 Зборовен облак од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за 2006 година. Најчесто употребувани зборови, покрај Република Македонија и името на партијата, се ЕУ, Европа, европската, кои се однесуваат на европската интеграција, како и зборовите кои ја илустрираат економската програма на партијата како: економски, инвестиции, развој, изградба, странски (странски инвестиции-46 пати), проекти (84), преродба (слоганот на партијата). И овде меѓу најчесто употребуваните зборови се граѓани, влада (99), но и држава (53) која во програмскиот текст најчесто се споменува во контекст на намалување на нејзиното влијание во сфарата на економската активност, но кои не се индикативни за идеолошките позиции. Останатите теми од изборната програма, облакот воопшто не ги илустрира, а со тоа ниту идеолошките позиции. 136 ЛИТЕРАТУРА: Budge I., The Internal Analysis of Election Programmes, in Budge I., Robertson D., Hearl D., (eds.), Ideology, Strategy and Party Change: Spatial Analyses of Post-war Election Programmes in 19 Democracies, Cambridge University Press: Cambridge, 1987, pp. 15-39 Gabel M. J., Huber J. D., „Putting Parties in Their Place: Inferring Party Left-Right Ideological Positions from Party Manifestos Data“, American Journal of Political Science, Vol. 44, No.1, January 2000, p. 100 Krause С., Mendez F., “Policy Makers' Preferences, Party Ideology, and the Political Business Cycle”, in Southern Economic Journal, 2005, vol. 71, issue 4, pp. 752-767 Лазаревски П., Плурализацијата на програмската легитимација на политичките партии, во Годишник на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања 1993-1994, ИСППИ, Скопје, 1994 стр. 105 Laver M. (ed.), Estimating the Policy Positions of Political Actors, Rutledge and ECPR: London and New York, 2001 Mihailovic S., Programski identiteti Socijaldemokratskih partija, Socijaldemokratski klub i Friedrich Ebert Stiftung: Beograd, 2005 Мирчев Д., Христова Л., Модерната политологија-темелите на проучувањето на политичкиот живот, ФОН и Култура: Скопје, 2008 Erlandsson M., “Partisan Differences in Swedish Macroeconomic Policy”, Public Choice, 2004, vol. 120, issue 1-2, pp. 205-220 Изборни програми: Тимовски В., Стефановски С., Избори ’90- Политичките партии во Македонија (Изборни програми, изборни закони, кандидати по изборни единици), ПОС „Систем 21“, Скопје 1990 ВМРО-ДПМНЕ, Изборна програма за парламентарните избори 1994 СДСМ, Изборна програма за парламентарните избори 1994 ВМРО-ДПМНЕ, Промени за достоинствен живот, Изборна програма за парламентарните избори 1998 СДСМ, Изборна програма за парламентарните избори 1998 СДСМ. Има надеж за Македонија, Изборна програма за парламентарните избори 2002 137 ВМРО-ДПМНЕ, Преродба во 100 чекори, Изборна програма за парламентарните избори 2006 СДСМ, Македонија напред, не назад, Изборна програма за парламентарните избори 2006 ВМРО-ДПМНЕ, Преродба во 100 чекори- надградена и проширена, Изборна програма за парламентарните избори 2008 СДСМ, Сите под исто сонце, Изборна програма за парламентарните избори 2008 138 д-р Беким Кадриу УЧЕСТВОТО НА АЛБАНСКИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ОД 2008 ГОДИНА* Вовед Во 2008 година за прв пат во Република Македонија се самораспушти Собранието. Впрочем, според Уставот на РМ, ова е единствениот начин да се распушти Собранието. Друг начин нема, иако такви форми се познати, теоретски и споредбено-правно. Иницијативата за предвремени парламентарни избори ја поднесе опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ), а ја поддржаа двете партии на власт, ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Албанците (ДПА). Пратениците гласаа за самораспуштање на Парламентот на 13 април 2008, во два часот наутро, што автоматски значеше одржување на предвремени или вонредни парламентарни избори. Изборите беа распишани за 1 јуни 2008 година. Според Изборниот законик, изборот на пратеници се врши според пропорционалниот модел, а распределбата на мандатите по Д'онтовиот модел. Територијата на РМ е поделена на 6 изборни единици, со приближно ист број на гласачи. Во претходните парламентарни избори, тие од 2006 година, во трката за 120 пратенички места учествуваа 25 политички партии, 6 коалиции на политички партии и 2 листи на независни кандидати. Албанските политички партии имаа две листи на пратеници, и тоа: коалицијата Демократска унија за интеграција (ДУИ) и Партијата за демократски просперитет (ПДП), кои освоија 18 пратенички места, и Демократската партија на Албнанците (ДПА), која освои 11 пратенички места.147 Вкупно, етничките Албнанци во РМ, за време на * Анализата на албанските политички партии во Р. Македонија и нивните изборни програми, поради објективни (организациски) причини отстапува од концептот на истражувањето: направена е само за последните, вонредни парламентарни 139 мандатот на Собранието (кој заврши предвреме) од 2006-2008 година, беа претставени со 29 пратеници.148 После одржувањето на парламентарните избори (од 2006 година) и прогласувањето на официјалните резултати, мандатарот Никола Груевски во својата (идна) Влада, како коалициски партнери ги покани Новата социал-демократска партија (НСДП) и Демократската партија на Албанците (ДПА). Од аспект на изборите од 2008 година, ова го споменуваме бидејќи еден од главните аргументи во предизборната кампања, а и еден од главните слогани на Демократската унија за интеграција беше дека “гласот на Албанците мора да се почитува”. Имено, после составувањето на Владата, а и за време на двегодишниот период на функционирање на Владата, премиерот на Владата и претседател на партијата која доби најголем број пратенички места, ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, беше критикуван затоа што како коалициски партнер во Владата ја покани ДПА, која доби помал број гласови на албанскиот електорат во Македонија, во однос на Демократската унија за интеграција. Иако од уставно-правна гледна точка и правилата на функционирање на парламентарната демократија, мандатарот не е врзан со кого ќе коалицира (најбитно е да има мнозинство во Собранието),149 критиките упатени од ДУИ беа гласни бидејќи тие сметаа(т) дека се единствените легитимни претставици на избори од 2008 година, и за сите политички партии од албанскиот блок кои учествуваа на овие избори, поради што е асиметрична во споредба со анализата направена за македонскиот политички блок. Сепак, сметаме дака тоа не ја намалува нејзината вредност и значење, не само како дел од овој истражувачки проект, туку и како придонес кој пополнува дел од празнината, т.е. недоволното истражување на албанските политички партии во Република Македонија, во македонската политичка мисла. 147 Види Финален извештај на невладината организација МОСТ за парламентарните избори 2006 година, стр.18 од септември 2006, пристапен на нивната веб страна. 148 Сметаме дека во Република Македонија, се уште е големо влијанието на етничката припадност во партиската определба на граѓаните. Дури и самите политички партии, некои од нив, имаат етнички предзнак, што значи дека нивна основна цел е реализација на политичките и други интереси на припадниците на етничката заедница чиј предзнак и го носат. Овој став се докажува и јасно се гледа во самата предизборната кампања на албанските политички партии во РМ. Имено, во “средбите” со електоратот, кој е сигурно над 90% етничко албански (шпекулација), се изнесува политичка платформа која ги тангира речиси исклучиво прашањата на Албнанците во Македонија. За ова ќе стане збор подолу во текстот. 149 Многу често, во функционирањето на парламентарните демократии се појавуваат т.н. “малцински влади” кои се составуваат од помали политички партии (а не од таа која добила најголем број на места во претставничкото тело), но кои успеваат, преку коалицирање на поголем број од нив, да имаат поддршка од поголем број пратеници. 140 Албанците во РМ, па е потребно тие да бидат партиципиенти во извршната власт. Поради ова, и на предизборната кампања на изборите од 2008 година, како што спомнавме, тие се уште се на мислење дека, партијата на Албнанците која ќе има поголем број на претставници во Собранието (пратеници) треба да влезе во извршната власт. Уште повеќе, а во истиот правец, едно од основните барање на ДУИ и на овие избори е, Владата, при нејзиното конституирање, да се избира со Бадентерово мнозинство.150 1. Општи карактеристики на предизборната кампања од гледна точка на албанските политички партии во Република Македонија Изборната кампања за парламентарните избори од 2008 година формално започна на 10 мај, а траеше до еден ден пред изборите (до започнување на предизборниот молк). Според постојното законодавство, изборната кампања започнува 20 дена пред денот на одржување на изборите.151 Изборната кампања, генерално, како кај партите од албанскиот, така и кај партиите од македонскиот политички блок, се одвиваше со познатата реторика на критикување на претставниците на спротивната политичка опција. Покрај овој генерален заклучок, некои карактеристики кои ја одбележаа предизборната кампања кај албанскиот политички блок се како што ќе следува. Прво, предизборната кампања беше проследена со голем број инциденти кои, и покрај негирањето, општиот впечаток е дека имаа партиска поддршка. Второ, неможност односно потешкотија да се направи поделба на политичките опции кај албанскиот блок на лево и десно ориентирани, со оглед дека програмите на политичките партии се слични и се фокусирани на прашања што ги тангираат исклучиво Албанците во РМ, а тука партиите и не се разликуваат меѓу себе. Ова со мали исклучоци. 150 Бадентеровото мнозинство, генерално, претставува квалификувано мнозинство бидејќи за усвојување на некоја одлука (закон, устав, или евентуално избор на Влада) потребно е да се исполнат две мнозинства, и тоа, како мнозинството потребно за конкретната одлука (што се мери според вкупниот број на претставници во одлучувачкото тело), така и мнозинство од бројот на претставници во телото кои припаѓаат на не-мнозинските етнички заедници. Овој систем доаѓа предвид кај одлуките (законите) кои ги тангираат прашањата од витален интерес за самите етнички заедници, како јазик, религија, култура, итн. Бадентеровиот принципи или мнозинство, конкретно во Македонија, е форма на реализација на консензуална демократија. 151 Изборен законик на РМ, <Службен Весник на РМ”, број 40/2006, член 74. 141 Насилството за време на изборната кампања и во текот изборите Македонските граѓани се навикнати на насилства во предизборието и на самиот ден на избори. Насилство имаше на секои избори. Особено повидливо е тоа во албанскиот политички блок. Меѓутоа, ова не треба да биде никакво оправдување за тоа дека насилствата треба да продолжат. Имено, Македонија е на прагот на зачленувањето во НАТО и треба да добие покана за започнување на преговори за зачленување во ЕУ. Сега, очекувањата од Македонија се поголеми. Таа треба да гарантира повисоки стандарди, покрај другото, и за одржување на изборите. Но, токму спротивното: во Македонија, и пред да започне официјално предизборната кампања, се случија голем број вооружени инциденти, скоро исклучиво во албанскиот блок, кои вклучија и наводен обид за атентат на лидерот на една од политичките партии. Така, на 9 мај, во село Кондово, скопско, беа претепани петмина активисти на ДУИ; истиот ден во село Шишово, скопско, пукано е од возило во движење и има едно рането лице; истиот ден во село Неготино-гостиварско, пукано е во општинскиот разгранок на ДУИ; на 10 мај во село Шишово, скопско, фрлена е бомба во куќа на жител на селото; на 11 мај, запалена е дискотека, фрлена е бомба во дворот на клиничката болница и изрешетани се четири изборни штабови на ДУИ; на 12 мај врз изборен штаб на ДУИ е пукано со ракетен фрлач, за попладне да биде извршен обид за атентат врз лидерот на ДУИ.152 Инцидентите со помал интензитет продолжија во текот на целата предизборна кампања. Така, и за време на викендот пред изборите имаше насилство во скопските села Семениште и Чајлане, каде што се фрлени рачни бомби во куќи на активисти на ДУИ, а ноќта на 27 мај е демолиран изборен штаб на ДУИ во населбата Лешка во Гостивар.153 Поголеми инциденти имаше на 29 мај 2008, три дена пред изборите, после предизборниот митинг на ДУИ во Тетово. Тој ден, од полицијата се изброени 9 посебни инциденти.154 152 Податоците се земени од неделникот Форум, 16 мај 2008, стр.10-11, вести на Канал 5 од 28 мај 2008 година, од 17 часот. 153 Дневниот весник Лајм, 26 мај 2008, стр. 3. 154 Од различни извори, се разбира, постојат различни верзии за инцидентите. За сите овие инциденти, ДУИ ја обвинува полицијата, посебно специјалната единица АЛФИ. Од друга страна МВР не зазема страна, туку официјално гради став дека сторителите на сите дела ќе се гонат според законот. Информации извадени од вестите на Канал 5 од наредниот ден, 30 мај 2008, од 17.00 часот. 142 Политичките партии на Албанците, особено двете поголеми партии, ДУИ и ДПА, меѓусебно се обвинуваат за предизборното насислтво, а во исто време и се оградуваат од тврдењата дека токму тие се организатори на насилствата. Дури, на повикот на невладината организација “МОСТ”, политичките партии на Албанците го поддржуваат апелот за престанок на насилствата.155 Опозициската партија ДУИ ја критикува владејачката ДПА дека ги искористува безбедностите структури, особено специјалната полициска единица Алфи за изборната кампања, заплашување на населението се со цел да не излезат на избори, и ја поврзуваат ДПА со наводниот атентат над лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со оглед дека лицето кое пукало е видено во придружба (во својство на обезбедување) на лидерот на ДПА, Мендух Тачи.156 Од друга страна, ДПА ги негира сите такви тврдења, со цел да покаже дека ДУИ се обидува да се појави како жртва пред албанскиот електорат во Македонија. Министерството за внатрешни работи ги повикува лидерите на албанските политички партии да се дистанцираат од насилството во предизборната кампања, но и ветува дека сите инциденти и нивните сторители ќе се гонат, без разлика на која партија и припаѓаат, сé со цел изборниот процесс да се одвива нормално, фер и во интерес на сите граѓани.157 И претставниците на меѓународната заедница во Македонија ги повикуват политичките партии на Албанците и нивните лидери да влијаат на членството со нивниот авторитет со цел да престанат насилствата. И уште поконкретно- тие потенцираат дека изборите мора да бидат фер и демократски бидејќи тоа претставува еден од политичките услови за зачленување на Република Македонија во Европсклата унија и НАТО.158 155 Објавено во дневниот весник Факти од 23 мај 2008 година, на стр.4, особено политчките партии ПДП и ДУИ. 156 Види изјава на Сафет Незири, предложен за пратеник на ДУИ, цитирана во дневниот весник ЛАЈМ, 26 мај 2008, стр. 3. 157 Види изјава на Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, цитирана во весникот Факти од 23 мај 2008, стр. 3. 158 Види изјава на Оли Рен, Комесар за проширување на ЕУ, дадена преку портпаролот Кристина Наги, цитирана во дневниот весник ЛАЈМ, 20 мај 2008. И амбасадорката на САД во Македонија после првичните инциденти има состанок со лидерите на двете политички партии на Албнанците во Македонија. Таа апелира за мирна кампања и фер и демократски избори, бидејќи Македонија веќе е квалификувана како држава подобна да биде членка на НАТО. (цитирана во дневен весник КОХА од 22 мај 2008 година). Извршниот директор на Националниот демократски институт (НДИ) смета дека овие избори во Македонија се најкритични во нејзината историја. Поради постоење на проблемот со името, Македонија не смее да продуцира нови проблеми. Таа мора да организира фер и 143 Дека зад предизборните насилства стојат политичките партии на Албанците, признава и самиот премиер на Република Македонија кој тврди дека тоа што се случува во Западна Македонија пред изборите мора да престане, и да разберат политичките партии на Албанците дека “никој не сака да гласа за насилници”, и дека на тој начин се уништува и државата, а може да се уништат и самите политички партии. Премиерот нагласува дека на денот на изборите ќе се направи сé што е во можност на Владата за да нема насилство. Ако треба, бројот на безбедносните сили во западниот дел од земјата, каде се очекува да има инциденти, да биде зголемен.159 Изборните програми на албанските политички партии во Р. Македонија се фокусираат на прашања кои ги тангираат етничките Албанци Оваа карактеристика не се појавува како нова на овие избори. Имено, на сите досегашни избори, било парламентарни, претседателски или локални, албанските политички партии во Република Македонија, пред се, пред нивниот електорат, се појавуваат со програми кои ги тангираат најмногу прашањата на Албанците во Македонија. Основна причина за ова е фактот што најголемиот број на симпатизери и припадници на електоратот се етнички Албнанци. Ова, од една страна. Од друга страна, незавршувањето на политичките прашања во врска со правниот статус на етничките Албнанци во Македонија, оставањето на секогаш отворени теми од политички карактер, остава простор за нивно вклучување во предизборните политички програми. На овие избори, сепак, политичките партии нудат и конкретна економска платформа, која, сепак, има второстепено значење. Основните прашања за кои генерално се залагаат политичките партии на Албанците во Македонија, а што може да се види од нивните програми и од нивната предизборна кампања, се: прашањето на употреба на албанскиот јазик како службен јазик; употребата на албанското знаме во јавниот и приватниот живот; решавање на статусот на воените ветерани на ОНА; зголемување на бројот на Албанците во јавната администрација; признавањето на демократски избори за побрзи евро-интеграциски процеси (цитирано според дневниот весник Лајм, од 27 мај 2008 година). 159 Ова беше главниот заклучок од изјавата на премиерот Груевски во емисијата “Икс нула” со новинарот Роберт Поповски, на Канал 5 Телевизија, во понеделник, на 26 мај 2008 година, во 21.00 часот. 144 Косово од страна на Македонија и воспоставување на дипломатски односи помеѓу двете држави, - прашање за кое Албанците во Македонија имаат историска, емотивна, географска заинтересираност да се реши. Дури, и прашањата на заленувањето на Македонија во ЕУ и НАТО се претставуваат како прашања кои се во директен интерес на Албанците во Македонија.160 За овие прашања сите политички партии на Албанците во Македонија се залагаат недвосмислено. Токму поради ова, тешко е да се направи дистинкција кај албанските политички партии на леви, десни или од центарот. Сепак, кај некои може да се видат одредени специфичности, кои ќе се анализираат подолу, како и некои елементи кои укажуваат дека една партија припаѓа повеќе на левицата или на десницата. 2. Програмите на албанските политички партииучеснички на изборите во 2008 година Карактеристика на изборите од 2008 година, што се однесува на албанските политички партии, е тоа што немаше предизборно коалицирање, за разлика од претходните избори. Секоја од политичките партии настапува самостојно на изборите, што може да влијае на поделеноста на избирачкото тело и, во тој правец, евентуално на губење на некој мандат, со оглед на пропорционалниот систем на гласање. Пет политички партии поднесоа свои пратенички листи и тоа: Демократската унија за интеграција (ДУИ), Демократската партија на Албанците (ДПА), Партијата за демократски просперитет (ПДП), Демократската унија на Албанците (ДУА) и Националната демократска унија (ДНУ).161 Во продол160 Види, на пример, говор на Претседателот на ДПА Мендух Тачи на изборниот митинг во село Кондово, скопско, каде тврди дека после 1 јуни (денот на изборите) сите Албанци ќе бидат во НАТО и ЕУ, нема да има повеќе поделба, граници и бариери меѓу Албанците (цитирано во дневниот весник Коха од 26 мај 2008 година) Истиот став се искажува и на другите предизборни митинзи, како на пример одржаниот во новоотворената спортска сала “Борис Трајковски” во Скопје, на ден 28.05.2008 (истиот прикажан од страна на повеќето телевизиски куќи (државни и приватни) во Македонија, истиот ден). 161 Редоследот на политичките партии е направен врз оснва на два основни критериума, и тоа: прво, бројот на мандати што ги добија партиит на претходните парламентарни избори, и второ, со оглед дека некои партии се појавија подоцна (ДУА); како втор критериум се употребува рејтингот што го имаа политичките партии пред одржувањето на изборите. Така, според Институтот за демократија, на анкетата спроведена на 3 и 4 мај 2008, на прашањето “Доколку утре се одржат изборите, за која партија би гласале?”, за ДУИ гласале 10.8%, за ДПА 5.7%, за ПДП 0.3% и за ДУА 0.4%. 145 жение ќе стане збор за изборните програми на овие политички партии и за платформата што ја нудеа овие партии кај електоратот, пред се албански за време на изборната кампања за вонредните парламентарни избори од 2008 година. Програмата на Демократската унија за интеграција (ДУИ)162 ДУИ е опозициска партија која произлезе од поранешната ОНА. Основана е во 2002 година. Истата беше дел од Владата по изборите во 2002 година во коалиција со СДСМ. Таа за парламентарните избори од 2008 година има поднесено листи на кандидати во пет изборни единици. Единствено нема листа на кандидати за пратеници во четвртата изборна единица. Гласот одлучува Еден од основните принципи на ДУИ на овие избори и еден од слоганите на партијата е ставот дека албанската партија која добива поголем број на гласови и пратенички места на изборите треба да биде учесник во извршната власт. Ова јасно се гледа како во изборната програма, така и во предизборната кампања и средбите на ДУИ со електоратот.163 Ова се образложува со два меѓусебно поврзани аргументи. Првиот е општопознатиот, дека владата мора да владее и управува врз согласноста на владеаните (government by consent, принцип познат за парламентарните демократии), а од друга страна, особено се истакнува важноста на политичкиот дијалог на општествените групи во кој учествуваат претставници на групите кои се легитимни и имаат поддршка од групата односно народот. Ова е предуслов и фактор и за внатрешнополитичката стабилност, но и за евро-атлантските интеграции.164 Според претставниците на оваа партија, Македонија по изборите во 2006 година влезе во политичка криза, која кулминираше со невлегувањето на Македонија во НАТО, и со распуштање на Собранието. Ако се случи 2006, во смисла ДУИ да победи во 162 ДУИ има изборна програма која е пристапна на веб страната на партијата. Тој документ е напишан на 60 страни и ги има основните изборни заложби на партијата во сите сфери на општествениот живот. 163 Види Изборна програма на ДУИ, стр. 11, пристапна на веб странат www.bdi.org.mk Исто така, на пример, интервјуто на лидерот на ДУИ Али Ахмети за дневниот весник Дневник, Сабота, 24 мај 2008 година, стр. 26. 164 Види, на исто место. 146 албанскиот блок, а да не влезе во извршната власт, таа криза ќе се продлабочи.165 Имплементацијата на Охридскиот и на Мајскиот договор ДУИ се залага за продолжување на имплементацијата на Охридскиот договор, како и на Мајскиот договор, кој, според Изборната програма), претставува конкретизација и зацврстување на Охридскиот договор.166 Мајскиот договор предвидува: обврска на Владата да донесе закон за Комитетот за меѓуетнички односи; да се усогласи листата на закони кои ќе се донесуваат по Бадентеровиот принцип; обврска да се изнајде законско решение за употреба на албанскиот јазик; изнаоѓање на решение за правниот статус на борците на ОНА; и да се разговара за методите на избор на владата.167 Од Мајскиот, односно од Охридскиот договор, во Изборната програма се потенцира заложбата во правец на имплементација на уставните одредби (а со тоа и на Охридскиот и на Мајскиот договор) за службена употреба на албанскиот јазик во РМ; употреба на етничките симболи, која не го загрозува државниот идентитет, а го јакне чувството на членство во етничката заедница; правичната застапеност на Албанците и другите не-мнозински етнички заедници во државната администрација претставува стратешка и долгорочна цел на ДУИ; правно прецизирање на Бадентеровиот принцип кој ги штити Албанците од мајоризација и дискриминација; 165 Изјава на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, дадена за приштинската „Експрес“, а преземена од „Коха“, 26 мај 2008, стр. 10-11. 166 Мајскиот договор беше многу проблематичен, во смисла дали воопшто бил склучен или не. Имено, на политичките субјекти во РМ им беше нејасно зошто премиерот, за круцијални прашања на Албанците во Македонија, склучува политички договор со лидер на опозициска партија, а не со лидерот на партијата на власт (ДПА). Мајскиот договор е склучен на 29 мај 2007 година помеѓу лидерот на ДУИ Али Ахмети и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ (и премиер) Никола Груевски. Мајскиот договор е склучен под притисок на меѓународните институции за воспоставување на дијалог помеѓу власта и опозицијата. После потпишувањето станува политички критериум чии начела РМ треба да ги исполни за зачленување во НАТО и ЕУ. Истиот содржи конкретни барања на ДУИ, - како распуштање на Комитетот за меѓуетнички односи и усвојување на закон за ова тело, создавање листа на закони кои треба да бидат усвојувани со т.н. Бадинтерово мнозинство, усвојување на закон за употреба на албанскиот јазик и закон за уредување на статусот на поранешните припадници на ОНА. Види пошироко на веб страната http://uskana.tv/modules/news/makepdf.php?storyid=287. 167 Во овие барања ДУИ не се разликува многу од другите политички парти, но тие сметаат дека се најзаслужни, прво, за постигнатото до сега во подобрувањето на политичкиот статус на Албанците во Македонија, и, второ, за постигнување на Мајскиот договор со чија реализација уште повеќе ќе се подобри позицијата на Албанците во Македонија. 147 продолжување на децентрализацијата, со посебен осврт на фискалната децентралиозација и пораст на приходите од даноци кои ќе бидат загарантирани за општините.168 Од другите заложби, може да се подвлечат: реформирање на сигурносните структури со цел нивно контролирање од страна на политичките органи; борба против непотизмот, партизацијата и корупцијата; реформите во судството со цел поефикасна заштита на човековите слободи и права; реформа на јавната администрација со цел исполнување на критериумите и стандардите на ЕУ. Други заложби Од аспект на надворешната политика, ДУИ се залага за зачленување во НАТО и ЕУ и за добрососедски односи со сите соседи, вклучувајќи го и признавањето на Косово и воспоставување на дипломатски и институционални односи. За спорот со Грција, ДУИ смета дека истиот треба да се реши, но тоа решение да не оди на штета на мултиетничноста на државата, на етничките чувства на Македонците или чувствителноста на Грција спрема историските, географските и културните аспекти на спорот. Со евентуалното решение никој не треба да излезе како победник или губитник.169 На овие избори, како што се нагласи, ДУИ става акцент и на економијата. Тие планираат за четири години инвестиции од 4 милијарди долари, раст на економијата од 6-8%, и нови 100.000 вработувања, кои нема да бидат вработувања во јавната администрација. Исто така, во склоп на децентрализацијата, се планира зголемување на делот на ДДВ што го добиваат општините до 10%, како и управување со половина од данокот на доход.170 Сепак, според некои експерти, овие предвидувања се преоптимистички и не можат да се реализираат веднаш.171 Од погореизнесеното, тешко е да се извлече заклучок за политичката ориентација на ДУИ. Сепак, остава впечаток, во некои делови, дека таа е лево-ориентирана. Имено, иако произлезе од 168 Види Изборна програма на ДУИ, стр.12 и понатаму. Изборна програма на ДУИ, стр. 39-41. 170 Изјава на членот на Претседателството на ДУИ, Муса Џафери, цитирана во неделникот Форум од 23.05.2008 171 Според проф. д-р. Абдулменаф Беџети, професор на УЈИЕ во Тетово, овие економски проекти на албанските политички партии, особено на ДУИ и ДПА, се преоптимистички, дури и контрадикторни. Тие, според Беџети, се конструрани за албанскиот електорат кој многу малку се разбира од економија. Уште повеќе, тие содржат толку многу амбициозни ветувања што дури ни составувачите на овие проекти не знаат на каков начин и со кои ресурси и потенциали ќе се реализираат. Види изјава цитирана во дневниот весник „Коха“ од 20 мај 2008 година, страна 3. 169 148 ОНА, ДУИ се залага пред се за мултиетничко општество, решавање на проблемите со дијалог и консензус. Таа се залага за интеграција на етничките Албанци во јавниот живот на државата, но преку консензуална демократија, преку дијалог на етничките групи и решавање на некои прашања со консензус. Во фискалната сфера се залага за намалување на даноците, додека во социјалната сфера се залага за постигнување на поголема социјална еднаквост и намалување на разликите што постојат помеѓу социјалните групи.172 Програмата на Демократската партија на Албанците (ДПА) Демократската партија на Албанците е партија на власт. Таа коалицираше со ВМРО-ДПМНЕ по изборите во 2006 година. За време на траењето на мандатот на Собранието, ПДП, која имаше еден пратеник, а пред изборите коалицираше со ДУИ, коалицираше со ДПА. На овие избори (од 2008 година) излегува без коалицирање со некоја друга партија. Слично како и ДУИ, и ДПА има кандидатски листи само во 5 изборни единици. Нема кандидатска листа за изборната единица број 4. ДПА има Политичка платформа насловена како “Јунѓатјета” (јунгјатјета), што е традиционален албански поздрав, слично како “за долг живот” или “здраво”. Меѓутоа, несвојствено за предизборна програма, во неа на почетокот се анализираат причините за предвремените избори, и тоа што ДПА успеала да реализира додека била на власт. Тука се спомнуваат, на пример, измената на законите усвоени во врска со Државниот универзитет во Тетово во правец на отворање нови факултети и студиски програми,173 средување на состојбите во Исламската верска заедница, отворање на нови институции за заштита на културниот идентитет на Албанците во Македонија, и слично. Меѓутоа, и во централниот дел на Програмата, кога се анализира состојбата во одредени области на општествениот живот, прво се укажува на направеното досега, па потоа се укажува на тоа што се планира да се направи во иднина.174 172 Со ова, ДУИ се залага за еднаквост во крајниот резултат, а не еднаквост на можностите, што е карактеристично за десничарските партии и класичниот либерализам. 173 Види во Изборната платформа на ДПА “Јунѓатјета”, стр. 3, пристапна на веб страната www.gurra-ddsh.org 174 На пример, во делот кој се однесува на внатрешните работи, од стр. 31 па натаму од Програмата, се укажува на промената на структурата на вработените во 149 Политички цели ДПА и ВМРО-ДПМНЕ, неколку месеци пред одржувањето на изборите, постигнаа согласност за неколку битни политички прашања, кои се однесуваат и се значајни за Албанците во Република Македонија. Се работи за Мартовскиот договор, по чие склучување се формираа работни групи составени од претставници од партите на власт со цел да се разгледаат можните решенија на точките од овој договор. Истиот договор содржи 6 точки. Прво, усвојување на закон за службена употреба на албанскиот јазик, второ, усвојување на закон за употреба на албанското знаме, трето, решавање на прашањето за т.н. “Хашки случаи”, решавање на статусот на инвалидите од конфлкиктот во 2001 година, решавање на прашањето на соодветното застапување на Албанците во институциите на системот, и последно, признавање на независноста на Косово. Ако се анализираат овие прашања, за сите нив, како што беше напоменато на почеток, постои согласност на сите политички партии на Албанците во Република Македонија.175 Економските аспекти на Изборната програма Во Изборната програма на ДПА постојат и делови кои се однесуваат на економските аспекти на општествениот живот. Слично како и ДУИ, и ДПА ветува зголемување на животниот стандард на граѓаните, зголемување на странските инвестиции во земјата во висина од 800 милиони евра за четиригодишиот мандат, како и намалување на невработеноста, односно вработување на 40 илјади лица.176 Исто така, се планира намалување на даноците, што, пак, ќе влијае на зголемувањето на инвестицииите. Други заложби Од другите заложби на ДПА кои се нудат на граѓаните на Македонија, посебно на Албанците, треба да се подвлечат: зачленувањето на Македонија во НАТО и ЕУ како главни цели на ДПА во надворешната политика.177 Оваа цел се споменува на сите изборни МВР во правец на зголемување на бројот на Албанци во раководните структури на МВР. Се спомнуваат со име и презиме лицата именувани на некои раководни позиции, почнувајќи од заменик министерот. 175 Тука исклучок може да биде Националната демократска унија (НДУ), која јавно се залага за федерализација на Македонија, токму поради, според нив, неуспехот на Охридскиот договор во подобрувањето на положбата на Албанците во РМ. За оваа идеја на НДУ, подолу во текстот. 176 За економските аспекти на Изборната програма важи коментарот од страна 12, особено фуснота 25. 177 Види, на пример, говор на претседателот на ДПА, Мендух Тачи, на изборниот митинг во село Кондово, скопско, каде тврди дека после 1 јуни (денот на изборите) 150 митинзи на ДПА, а истата цел се спомнува и во Изборната програма, во нејзиниот воведен дел, страна 4.178 Тука се, се разбира, продолжувањето на реформите во судството, борбата против митото и корупцијата, модернизација на здравствените установи, решавање на спорот меѓу Македонија и Грција околу името на РМ,179 и слично. Од прикажаното, само го повторуваме ставот дека од Изборната програма на ДПА е тешко да се извлече заклучок за политичката профилација на партијата. Сепак ДПА важи за десничарска партија во Македонија. Некои елементи укажуваат на истото. Прво, самото име на партијата укажува дека основните интереси на истата се поврзуваат со интересите на само една етничка група во Македонија,- албанската. Ова укажува дека партијата е повеќе национално, односно етнички настроена, а не граѓански. И челниците на партијата тврдат дека не коалицираат (предизборно) со партии од другите етнички заедници, за разлика од интеграциската платформа на ДУИ, која е граѓанска, што се гледа од пред изборите од 2006 година кога истата партија коалицираше со една политичка партија на етничките Бошњаци во РМ, а со тоа излегува од националистичкиот концепт.180 И второ што можеше да се забележи во ова предизборие е заложбата на ДПА (тоа го презема како обврска) за воведување на верска настава во основните училишта и вклучување на Факултетот за исламски науки во официјалниот образовен систем на РМ и негово финансирање од буџетот на државата. За ова изрично се зборува во Изборната програма на ДПА.181 182 сите Албанци ќе бидат во НАТО и ЕУ, нема да има повеќе поделба меѓу Албанците (цитирано во дневниот весник Коха од 26 мај 2008 година). 178 Види, на пример, говор на лидерот на ДПА Мендух Тачи на предизборниот митинг во село Кондово, скопско, цитиран во дневниот весник Коха од 26 мај 2008 година. 179 Оваа заложба на ДПА не е напишана изрично во Изборната програма. Но, таа може да се види од изјавите на значајни личности од ДПА. Така, на пример, потпретседателот на партијата Имер Селмани, во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик (среда, 28.05.2008 година, МТВ 1, 18.45) изјавува дека спорот со името не смее да се одолговлекува, но треба да се реши во интерес на двете страни. 180 Види: интервју на Мендух Тачи, претседател на ДПА, во дневниот весник „Коха“ од 26 мај 2008 година, стр. 8-10, преземено од приштинскиот весник „Експрес“. 181 Види: Изборна програма, страна 13 и 16. Исто така види: говор на лидерот на ДПА Мендух Тачи во село Бојане, скопско, прикажана на МТВ 2 на 26.05.2008 година, вестите од 22.30. Според лидерот на ДПА, треба да се спречи “марксистичката идеја на ДУИ”. 182 Десничарските партии, според теоретската поделба на леви и десни, повеќе се наклонети кон верските институции, прифаќаат вмешаност на верските 151 Програмата на Партијата за демократски просперитет (ПДП) Партијата за демократски просперитет (ПДП) е прва партија на етничките Албанци во Македонија. Основана е во 1990 година. Во последните парламентарни избори од 2006 година, пред изборите коалицираше со ДУИ, а за време на мандатот на Собранието премина во коалиција со партите на власт, - ДПА, ВМРОДПМНЕ и НСДП.183 ПДП има сопствени листи на кандидати во три изборни единици, и тоа во првата, втората и шестата, додека во петтата ќе се подржи листата на ДПА.184 ПДП себеси се дефинира како партија од центарот. Според политичката програма на партијата, ПДП се спротивставува на секој екстремизам, лев или десен, на секој тоталитаризам и на секоја форма на расна, национална, верска или идеолошка нетрпеливост. Таа како основна цел го има реализирањето на фундаменталните права- индивидуални и колективни- на Албанците во Македонија, како и создавање на едно мултиетничко и демократско општество, преку зачувувањето на културниот диверзитет, толеранција и компромис.185 ПДП на предизборната кампања за изборите од 2006 година не нуди нешто повеќе од тоа што го нудат и другите политички партии. Акцентот е ставен врз остварувањето на политичките права на Албанците во Македонија, од една страна, и влезот на Македонија во НАТО и ЕУ, од друга страна. Од политичките права на Албанците, се истакнуваат- преку усвојување на посебни закони- служ- институции во државните работи, и обично се поконзервативни (на пример, не поддржуваат хомосексуални бракови). 183 Во 2006 година, со каолицирањето на ДУИ, ПДП имаше тројца пратеници. Но, по преминот во коалиција со ДПА, двајца пратеници останаа да дејствуваат во соработка со партијата на ДУИ, односно преминаа во таа партија. Значи, ПДП премина официјално во коалиција со ДПА, но само со еден пратеник, и тоа претседателот на партијата Абдулади Вејсели. Според потпретседателот на партијата, Исмет Рамадани, ПДП ја раскина коалицијата со ДУИ бидејќи истата оваа партија немала слух за барањата на ПДП и се однесувале инфериорно спрема нивното членство. За ова види: интервју на потпретседателот на партијата во дневниот весник „Коха“ од 22 мај 2008 година, страна 8. 184 Ова укажува и на можно послеизборно коалицирање меѓу ПДП и ДПА, со што ќе продолжи нивната соработка и после изборите од 2008. 185 Политичката програма на ППД може да се најде на веб страната на партијата, www.pdp.org.mk 152 бената употреба на албанскиот јазик, употребата на албан-ското знаме и решавањето на статусот на воените инвалиди на ОНА.186 Програмата Албанците (ДУА) на Демократската унија на Демократската Унија на Албанците (ДУА) е нова партија формирана кон крајот на 2007 година. Истата произлезе од незадоволните структури на ДПА. ДУА има листи на кандидати за пратеници во четири изборни единици, и тоа во првата, втората, петтата и шестата. Во изборната програма,187 ДУА се дефинира како трета опција што ја имаат и треба да ја подржат Албанците во Македонија. ДУА се залага пред се за до-имплементација на Охридскиот договор: употреба на албанскиот јазик како службен јазик во државата, ревидирање на територијалната организација на државата, пропорционална и соодветна застапеност на Албанците, вработување на Албанците во јавната администрација согласно со нивниот вкупен број во државата, усвојување на закон за решавање на правниот статус на воените инвалиди од ОНА, семејствата на загинатите војници на ОНА, изградба на нивните домови и вработување на членови на нивните семејства. 188 Во социјалната сфера, ДУА ќе се залага за заштита на семејствата кои без нивна вина се наоѓаат во тешка социјална положба. Тоа најчесто ќе бидат бездомниците, изнемоштените лица без семејна заштита, лицата кои питачат по улиците, и другите лица со "асоцијално однесување". Како специфика на програмата на ДУА може да се извлече заложбата за заштита на некои социјално маргинализирани групи, покрај невработените, и постарите лица и лицата неспособни за работа, корисниците на дрога, алкохол и сексуалните работници. ДУА ќе се залага против проституцијата.189 Исто така, ДУА се залага за промени во сферата на економијата и земјоделството. Пред се ДУА се залага за зголемување на вработеноста, за подобаро функционирање на пазарот на трудот, и овозможување на граѓаните прилагодување на новите 186 За ова, види: изјава на портпаролот на партијата, Арианит Хоџа, цитирана во дневниот весник „Факти“ од 24 мај 208 година. 187 Изборната програма на ДУА може да се најде на веб страната на партијата www.bdsh.eu. Таа носи наслов “Поинаку... до единство”. 188 Изборна програма на ДУА, стр. 10 и стр. 54. 189 Изборна програма на ДУА, стр. 35 и понатаму. 153 потреби на пазарот на трудот, што е резултат на сé поинтензивниот глобализам.190 Инаку, ДУА се дефинира како партија слична на европските народни партии за кои нема друга смисла освен да бидат економски и социални. За ДУА е специфично и барањето за подеднаква распределба на субвенциите во земјоделството, со што ќе заврши дискриминацијата на Албанците во оваа сфера.191 Од аспект на надворешната политика, ДУА се залага за инто решавање на спорот меѓу Македонија и Грција во врска со името. Овој проблем мора да се поврзе со прашањето на реализација на интересите на Албанците во Македонија. Ако Албанците се жртва на лошо спроведена политика во овој правец, која ја практикуваат партиите на власт, тоа може да доведе до дестабилизација на Македонија. Додека, пак, прашањето на признавање на Косово, според оваа партија, е само прашање на време и не треба да биде воопшто тема на преговори со ниеден коалициски партнер, туку признавањето мора да се направи веднаш по формирањето на новата влада.192 ДУА во својата програма има и посебни делови за заложби во сферата на екологијата, заштитата на децата и младите, еднаквост помеѓу половите и за промените во целокупниот здравствен систем. Програмата унија (НДУ) на Националната демократска Националната демократска унија е исто така релативно нова партија. Таа произлезе од поранешни членови на ДУИ. Оваа партија има свои листи на кандидати во четири изборни единици, и тоа во првата, втората, петтата и шестата. Тоа што е основна специфика на оваа партија за предизборната кампања е нудењето на сосема нов концепт за градење на државата, а тое е нејзина федерализација. Според НДУ, унитарниот карактер на државата се покажал како неуспешен бидејќи фаворизирал етничка доминација, и дозволувал еден човек (ман- 190 На исто место, стр. 38. Интервју со претседателот на ДУА Бардул Махмути, во емисијата Патот до... на ТВ Алсат, од 22 мај 2008 година, 21.00 часот. 192 Интервју на претседателот на ДУА, Бардул Мамути, за ТВ Алсат-М, во емисијата Патот до..., од четврток 22.05.2008, од 21.00 часот. Исто, види Изборна програма на ДУА, стр. 9. 191 154 датар) од еден народ или неколку судии (на Уставниот суд) да одлучуваат за судбината на друг народ.193 Преку федерализацијата ќе се постигне потполна еднаквост помеѓу етничките групи во државата бидејќи дури и Охридскиот и Мајскиот односно Мартовскиот договор се покажаа како неуспешни (“останаа само на хартија”) во реализацијата на сите права на Албанците во Македонија. Единствениот пат за потполна реализација на етничкиуте Албанци е федерализацијата на државата, бидејќи само на тој начин може да се постигне потполна еднаквост, вклучувајќи еднаква можност на употреба на албанскиот јазик како службен јазик, а еднакво, без никакви дилеми, може да се употреби албанското знаме на јавните и државни објекти. Ова досега, преку Охридскиот или другите политички договори не се реализира.194 Во надворешната политика, НДУ се залага за признавање на статусот на Косово, како и неодложно решавање на спорот со името помеѓу Македонија и Грција. Исто така, се залага и за зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ, а токму тензиите коипостојат помеѓу Албанците и Македонците, кои можат да се решат само преку федерализација на државата, се пречка за интегративните процеси на РМ. НДУ е спремна на дијалог со сите политички партии во Македонија, како и со меѓународните институции - НАТО, САД, ЕУ, за моделот на федерализацијата. Но, до сега ваквата идеја не наоѓа поддршка од другите политички фактори во земјата. Заклучни коментари Како генерален заклучок може да се каже дека, политичките партии на Албанците, на овие избори, го нудеа тоа што сакаше да го слушне нивниот електорат. Со оглед дека неколку важни политички прашања кои ги тангираат директно Албанците во РМ не се решени, политичките партии се фокусираат токму на тие прашања. Само во нијанси се разликуваат меѓу себе. Од друга страна, нивните ветување се преоптимистички, бидејќи тие се залагаат за конкретни прашања- како тие да ја имаат целата власт во свои раце. Имено, албанските политички партии, после изборите ќе коалицираат со македонските политички партии 193 Интервју со претседателот на НДУ, Хисни Шаќири, дадена за дневниот весник Дневник, од 17.05.2008 година. 194 Изјава на претседателот на партијата Хисни Шаќири за дневниот весник „Факти“ од 25.05.2008 година, стр.5; исто така, изјава на Наим Синани, член на претседателството на НДУ, од 08 мај 2008 година, извадена од веб страната на АЛСАТ-М, www.alsat-m.tv/idex.php?news=619 155 и сите прашања ќе мора да се решат по пат на преговарање, договарање, постигнување на консензус, а честопати, како што се гледа од минатите искуства, со правење на заемни отстапки од некое барање- квалитативно или квантитативно, сеедно. И како трет заклучок: понуденото во економската сфера е премногу контрадикторно. Три од петте политички партии (ДУИ, ДПА и ПДП) биле на власт, подолго или пократко. Тоа што го нудат е преоптимистичко и контрадикторно. Добрата страна е во тоа што политичките партии на Албанците, сепак почнуваат да разговараат за економија, иако нивните можности за менување на работите се мали. Што се однесува на нивната политичка профилиација, важи еден заклучок што важи и за македонските политички партии. Тоа е дека, и партите кои се десно ориентирани, некогаш преземаат чекори кои се типични за лево ориентирани партии, и обратно. Партиите го нудат тоа што сака да го слушне електоратот. Ако партијата има некој став кој е лево или десно ориентиран, а кој нема да помине кај електоратот, или пак премногу се разликува од меѓународните стандардни (на пример, третирањето на хомосексуалците), партиите тој став ќе го премолчат. Некои заклучоци може да се извлечат само во мали сегменти. Тие произлегуваат најчесто од само-дефинирањето на партијата. ЛИТЕРАТУРА: МОСТ. Финален извештај за парламентарните избори 2006 година. септември 2006 Изборен законик на РМ. Службен Весник на РМ. број 40/2006 Програма на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Програма на Демократската партија на Албанците (ДПА)“Јунѓатјета” Програма на Партијата за демократски просперитет (ПДП) Програма на Демократската унија на Албанците (ДУА)“Поинаку... до единство” Програма на Националната демократска унија (НДУ) 156 д-р Аница Драговиќ СОЦИЈАЛНАТА ВТЕМЕЛЕНОСТ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Вовед Последното по што ќе се памети минатиот век е разградбата и падот на социјализмот, масовните незадоволства и конфликти на интересите, проследени со брзи и неконтролирани дезинтегративни процеси и автоматизам во интегративниот след, особено на еден дел од стариот континент - Европа. Може да се каже дека во исто време се забележува дисконтинуитетот и континуитет во дејствувањето на истите простори. Имено, излезот за надминување на неефикасното дејствување на институциите на политиката и економијата на социјализмот во земјите на таканаречениот реален социјализам е визиониран во институциите на парламентарната демократија и трансформацијата на формите на државна сопственост, и со почитување на пазарните закони. Новиот период, третиран некаде и како “враќање на нормалното”, но сигурно изнуден од нужноста за слобода во социјалната, економската и политичката сфера, се вовлекува низ каналите на новата мрежа на односи- преку нови институции, учество на нови актери, со акцент врз нови теми, почитување на нови вредности и нивна реализација преку нови облици и форми на акција, со цел да се оформи нормативна, институционална основа и потенцијал за економска добросостојба и политичка слобода, па и јавна слобода.195 Така, институциите на новото време, 195 “Новата парадигма има свои актери: напоредно со сегментите на институционалниот поредок се јавуваат граѓански иницијативи, насочени кон промени на конституционалните основи на постојниот поредок; теми: индивидуални права и слободи, избори, правна држава, економски реформи, плуралистичка демократија, национална сувереност; вредности: индивидуализам, приватна сопственост, слобода, рамноправност; акции: петиции, фракциски борби, заштита и отпор 157 на споменатите простори на преодот од авторитарно кон демократско владеење во реалноста се доживуваат пред се како можност за повисок животен стандард, континуиран напредок и отворање на можностите за обединување во асоцијациите на развиените. Оценето според брзината на нивното дејствување и инсталирање на институционалниот инженеринг, се навестуваат и очекуваат револуционерни промени, во смисла на посупериорен, цивилизациски поредок на вредности и норми.196 Актуелната ситуација укажува, или покажа, дека градењето на демократијата во овој дел од светот врз урнатините на комунизмот не се остварува како едноставен и безболен процес. Констатираната состојба е доволна за поттик, од научен аспект да се истражуваат границите на реалната моќ на трансформираните економски, социјални и политички сили, или на тоа: каква е нивната реална моќ на просторите кои првично ги прифаќаат демократските манири на однесување и тие да заживеат како рамка за општодемократско практикување и дејствување? Не случајно се поставува ова прашање. Врската помеѓу демократијата и степенот на развиеност на одреден простор се третира во некои општи закономерни релации. Се смета дека високиот степен на развој на демократијата во политиката се совпаѓа со степенот на развој на земјата, и се развива паралелно со процесите, како што се процесот на урбанизација на просторот и повисоко образовно ниво на вкупното население.197 Последователно на објективната ситуација заживуваат и демократските институции, или поконкретно, нејзините правила на игра кои во политичкиот, економскиот и социјалниот живот добиваат реална вредност. на малцинствата. Јовевска А. ”Изборите - фокус на политичкиот живот”, во сп. Дијалог, НИО Студентски збор, 6/1994 стр.81. 196 Дали е нешто револуција се оценува не само според начинот на кој се изведени промените и според идеолошките критериуми, туку и врз основа на одредени достигања, карактерот и цената на евентуалните достигања и промените кои што допрва ќе настапуваат. А во случајов тоа се”демократизација, пазарот, национално градење, како реорганизација на општеството, а се ова е предуслов за Европизација на овие простори”, Atila Agh во Parlaments and Organized Interests: The Second Step, Edit, Atila Akh and Gabriella Ilonszki, Hungarian Centre for Democracy Studies, 1996,p.248. 197 Како објективна ситуација се сметаат: нивото на економскиот развој на една земја, образовното ниво на населението, социјалната и националната структура, расната и верската поделеност, политичката култура на граѓаните, демократските традиции. политички сојузништва, и сл. Меѓу истаржувачите кои директно го поврзуваат нивото на објективната ситуација и стабилноста на демократијата се Сејмор Липсет во “Политички човек” и Габриел Алмонд во “Компаративни политички системи”. 158 Реалната временска ситуација на спомнативе простори, во основа, скицира две особености. Едната е доминација на егзистенцијалното својство на транзицискиот период, а според теоријата на хаосот, тоа е “период на голема ентропија (социјален хаос), базична неизвесност - кога речиси се изгледа можно”198 или “... речиси незапрено движење од поранешен “ред” кон ентропија (дезинтеграција), бездна помеѓу прокламираните цели кои само ја зголемуваат спиралата на хаосот”.199 Втората е социјалниот амбиент и политичката констелација на низок степен на економско богатство, и врз него втемеленото нееднакво социјално влијание. Примената на “иновацискиот синдром”200 во политичкото организирање и во политичкиот систем, е оценет како “крајно нестабилен и слаб, при што секоја група на истомисленици се обидува да ја освои власта и да се потврди себеси низ демократски избори”.201 Во таков контекст, сосем коректно е објективната ситуација и заживувањето на демократските институции во политичкиот, економскиот и социјалниот живот да се сметаат како одреденици на политичкиот избор на граѓаните, а на тој начин и да се идентификува социјалниот профил на политичките партии. Демократијата се одликува, како што вели Норберто Бобио, дистанцирајќи го авторитативното владеење од демократскиот режим, “со група примарни или фундаментални правила, а утврдуваат кој е овластен да донесува колективни одлуки и врз основа на кои процедури”.202 Таа е “облик на политичка организација т.е. политички систем во кој односот помеѓу апаратот на јавната власт и општеството не е еднонасочен во полза на државата, туку постојат и механизми преку кои општеството влијае врз носителите на власта”.203 Меѓутоа, да се смета дека демократијата е само 198 O'Bonnell G.,Schmitter P., Transitions from Autoritarien Rule, Tentative Conclusions about Uncertian Democracies, the John Hopkins University, Baltimore and London, 1986, цитирано според Печујлиќ М.,, “Раѓање јавног мњења и политичких странака- анализа емпиријског истраживања“ у Србији 1990-91, гр. на автори, Институт за политиколошке студије, Београд, 1992 199 Печујлиќ М., “У зачараном кругу политике” во Раѓање јавног мњења оп. цит. стр.15 200 Иновација- откритие применето во општествената практика. Претходница е на промените, зашто го одредува полето на можностите за промена. што ќе биде искористено зависи од културната традиција и општествената организација. Пошироко во Флере С., “Промене и развој друштва” во “Увод у социологију”, Научна књига, Загреб,1990. стр. 276-280. 201 Мојаноски Ц. Транзицијата и партискиот систем во Република Македонија сп. Дијалог, 10/96 НИО Студентски збор, Скопје, стр.121. 202 Норберто Б., Будуќност демократије, Филип Вишњиќ, Београд, 1990, стр.14. 203 Малески Д., Современи полтички системи, Студентски збор, Скопје, 1986, стр. 25. 159 технички процес на избор, одговорност, контрола и отповикување, без повикување на тоа дека демократијата е и пробив на рационализмот во социо-политичкиот живот и во политичкото однесување, пробив на хуманизмот во политичката практика и развивањето на активен однос и непосредност кон политичките работи, се тесни да се одговори на основниот мотив и поттик и практична вредност на овој труд: шансите за оформување на јасен став и критичен однос на граѓаните кон понудените политички платформи со респект на максимално можната рационалност и политичка култура во реалноста на просторите, обземени со транзициска еуфорија за да создадат политичка основа за општествена трансформација во сложениот сплет на социјални и политички релации. Во оваа смисла, во овој дел од студијава ќе се направи обид за доближување до одговорот на прашањата врзани за социјалниот профил на релевантните политички партии во Република Македонија. Појдовното стојалиште е дека, не се доведува под сомнение релевантноста на класната или социјалната стратификација на поединците и нивното влијание врз нивната идентификација со одредени партии, како и врз нивната партиска или политичка самоидентификација. Понатаму, како значаен фактор е класно-слојната самоидентификација, како и влијанието на демографските и социјалните белези на граѓаните врз нивниот однос кон политиката. Овие фактори, како и факторите кои се од идеолошка природа како, на пример, идеолошката самоидентификцаијата се сметаа како фактори кои имаат долгорочен карактер. 204 Разработката на оваа тема на овој начин сигурно нема да биде целосно исцрпена во оваа прилика, но ќе овозможи одредените сознанија да бидат чекор напред во научното третирање на оваа проблематика. Покрај воведниов дел, во посебни делови се претставени методолшкиот пристап за овој дел од студијава, како и анализите на емпириските резултати кои се однесуваат на политичката партиципација и на партиската идентификација на граѓаните. 1. Методолошки напомени Од досега кажаното, јасно е дека конретниот интерес на овој труд е социјалниот идентитет на политичките партии во Република 204 Vasovič, V. I Goati V. Izbori I izborni sistemi, Cenat Beograd, NIP Radnička štapma, Beograd, 1993 160 Македонија. Очекувањата на овој труд е да даде одговор на прашaњата: дали постои социјална втемелност на политичките партии во Република Македонија, како дел од општите цели содржани во проектот “Политичките идентитети во Република Македонија. Согласно на општиот истражувачко методолошки пристап тоа ќе се идентификува преку општествениот карактер на партиско-политичкиот избор на граѓаните. Се работи за испитување на мислењето на граѓаните во Република Македонија, а политичките идентитети се одредуваат преку нивната изборна определба на изборите на парламентарни, локалните и претседателски како и преку преференциите за одредена политичка опција. Последново е возможно доколку паралментарните избори се реализираат како политички процес кој произлегува од реалниот однос на социјалните и политичките сили, сметајќи дека егзистенцијата на претставничкото тело на власта, како претставник на народот е единствено релевантно ако во својата политичка структура ја имплицира социјалната база. Самата анализа, методолошки и содржински, е втемелена на идејата дека изборите не се само политички феномен (преку кој се оформува политичко претставничко тело), туку тие во себе имаат и една социјална димензија. Изборите се политичка комуникација помеѓу избирачот и политичките партии, односно, изборното однесување подразбира на извесен начин и воспоставување на одредени социјални релации помеѓу електоратот и политичките субјекти во изборниот процес. Содржинската димензија на изборите е израз на одредени интереси и вредности, како и на потребите на средината во која се искажуваат определени општествени однесувања на граѓаните, а кои како такви ја насочуваат и изборната одлука. Во оваа смисла, како и секоја одлука која ја следи “линијата на граничното”, и изборната одлука ја уважува и временската димензија. Изборната одлука “преку едноставните бројчани проценти зборува за едно историско време и неговото вреднување”205, а истовремено, преку нејзиниот надворешен израз: политичката припадност, интересот за политиката и политичките ставови, востановува “ограничување во делувањето и рамки за проценка на победничките политички сили”206. Во оваа смисла, овој труд ги разгледува улогата на социјалната средина врз партискиот идентитет на граѓаните, и тоа преку следење на нивното изборно расположение, и 205 206 Grdešič I., "Izborne odrednice" во сп.Politička misao, 2/90, стр.6. Исто, стр.6. 161 партиско-политичкиот избор на парламентарните, локалните и претседателските избори кои се одржани во Република Македонија во 2004, 2005, и 2006 година. Операционализација на предметот: Истражувачкото внимание во овој дел од анализата, е насочен кон два аспекта или области на интересирање на изборното однесување: партиските определби (преференции) и социјалните детерминанти на изборната одлука. Операционализација на предметот на истражување е претставен на следниов начин: A. Зависна варијабла: Изборните определби на граѓаните (кои ќе се определуваат преку изборот на конкретната партија на парламентарните, на локалните и на претседателските избори). Б. Независни (објаснувачки) варијабли Демографски белези: - пол; - возраст; - број на членови во домаќинството. Социо-економски: - место на живеење; - етничка припадност; - религиозна определеност; - степен на образование; - работен статус; - занимање; - сектор на вработеност; - месечен приход во домаќинството. Социо-психолошки: - класно-слојна идентификација; - идеолошка самоидентификација. Посочените варијабли се социјално-структурални, нивното влијание врз изборните определби е од синхрониски карактер. Од нивниот правец и честината се утврдува степенот на социјалната условеност и се идентификуваат одредени правилности на неизедначените изборно-политички одлуки на подолг рок. Овие варијабли по посреден пат влијаат на изборната одлука и се од долготраен карактер, а во оваа прилика се анализираат за да се одреди социјалната втемеленост на политичките идентитети. Анализата е заснована на искуствениот материјал добиен од анкетното истражување на репрезентативен примерок избран според принципот на веројатност, односно според принципот на 162 подеднаква можност сите единици на истражувањето да влезат во примерокот. Првото ниво на анализа е дескриптивното ниво. Соодветно на податоците се користи ниво на униваријантна анализа, преку процентуално претставување на варијаблите и нивно споредување во трите изброни циклуси. Би-варијантната анализа ги вкрстува зависните варијабли со независните, а преку кооефициентот на контингенција (CC) за мери интензитетот на асоцијацијата помеѓу варијаблите. Вториот пристап е мултиваријантна анализа и тоа преку примена на методот на фактор анализа. Со овој метод ќе се одреди можното групирање на факторите во кластери, за да на тој начин се доближиме до одговорот на прашањето за социјалниот профил на политичките партии во Република Македонија. При примена на фактор анализата во моделот се внесени сите погоре посочени варијабли. Со примена на оваа метода се користат cumunaliities207, кој говори за тоа колкав дел од варијансата на дадената варијабла може да се објасни со помош на сите останати варијабли во моделот. За одредување на факторите, и за одредување на нивното релативно значење, се користи Каисер (Kaiser) како единствен критериум за да се одреди бројот на фактори кој понатаму ќе се уважат како релевантни. Тоа зависи од еигенвредноста (eigenvalues) со чија примена се отфрлаат сите компоненти кои имаа еигенвредност под 1,00. Суштината на фактор-анализата е ротираната матрица на компонентите. Резултатите го прикажуваат секој фактор пооделно, и притоа секој фактор е претставен како лоадинг фактор (фактор кој има одредена тежина во однос на добиените вредности на поврзаност добиени со ротацијата). Во понатамошната интерпретација на ротираната матрица на компоненти, како релевантни се земаат само оние компоненти кои покажуваат висока или статистички значајна поврзаност. Тоа значи дека вредностите на корелацијата треба да изнесуваат 0,6 и повисоко, а оние кои имаат вредности помали од 0,4 се смета дека имаат ниска поврзаност. Овие вредности се значајни за да се види кои компоненти се определувачки за одредување на кластерот, поточно, да се сметаат како значјани компоненти на соодветниот фактор. 207 Cummunalities е квадрат од повеќекратната корелација на варијаблите; при тоа се користат факторите како предиктори и како таков претставува збир од квадратирани фактори натрупани за таа варијабла. 163 2.Политичката партиципација на граѓаните во Република Македонија Излегувањето на изборите е еден од показателите за заинтересираноста на граѓаните за политиката, а искуствата покажуваат дека се и нивна најчеста форма на политичка партиципација.208 Констатацијава се должи на нивната привлечност, содржана во институционалниот механизам за инволвирање на граѓанинот во политичкиот избор, а основите се поддржани од извесни антрополошки и социјални димензии на човекот: когнитивната маса на човекот и неговата неизолираност од околните случувања, како и неговите нерамнодушни реакции подлабоко мотивирани од неговата социјално-политичка положба и напластените искуства. Пред да се освренеме на социјалната заднина или пак втемеленост на партиите, ќе се задржиме на изборната партиципација на граѓаните и тоа преку анализа на излезноста на изборите, поточно колкав процент од избирачкото тело гласало и дали одлуката да се излезе на изборите зависела од некои социо-демографски белези на изпитанциите. Врз основа на добиените одговори на прашањата поставени во анкетното истражување: Дали гласавте на последните парламентарни избори 2006?; Дали гласавте на локалните избори 2005 - советничка листа?; Дали гласавте на локалните избори 2005 за градоначалник?; Дали гласавте на претседателските избори 2004?, се наметнува сознанието дека македонските граѓани покажуваат интерес за политичките случувања и тој интересот е константен за сите три вида на избори. Споредбено, најмала изборна апстиненција се појавува при гласање за градночалник, и тоа 16,4 проценти. Нешто поголема изборна апстинеција од оваа имаат за листа на советници (17,1 проценти), потоа за парламентарните избори (17,3 проценти) и на крај за претседателските избори (17,8 проценти) (види: Слика 1) Релеванатната литература која ги следи изборите, изборната апстиненција ја оценува како “позитивна“, но и како 208 Врз основа на степенот на учество во политиката се издвојуваат четири степени на учество во политиката меѓу кои се и гласачите: 1)”политички апатични” воопшто не се свесни за политичкиот свет околу нив; 2) “посматрачки активни” учествуваат во гласањето и во дискусиите за политиката; 3) „преодни активисти“ се вклучени, на собири за политичка и финансиска помош; 4) ”гладијаторски активни” - кандидати се за јавни и партиски функции” Milbrath L., Political Participation, Chicago, Rand Menrally 1965, стр.154 164 “негативна”.209 Не се гласа од причини што граѓаните се “аполитични” и се имуни на влијанието на изборната еуфорија или воопшто на која било политика. Оваа група се оценува како “негативни”, додека оние кои не се доволно информирани или немаат разјаснети, систематизирани идеолошки ставови, се “позитивни” апстиненти. Од недоволните иформации и нејасните идеолошки ставови се изродува страв од која било власт, незаинтересираност за која било изборна активност. На нив се надоврзуваат и идеолошки збунетите, кои во краткиот период на трансформација на политичката организација и изборните механизми не изнајдоа идеолошки баланс за сопствените политички интереси. Слика (1) Процентуалното учество на изборите, Република Македонија Glasale re P na Li sa t 00 4) ts ed at el sk i ci so ve tn i al a~ ad on Gr (2 (2 (2 k ni ni nt ar am e ar l P 00 5) 00 5) Ne glasale (2 00 6) % 90 80 70 60 50 40 30 20 10 0 Извор: Истражување, 2007 Врз основа на некои претходни истражувања реализирани од страна на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања210, е заклучено дека основните причини поради кои 209 Blondel J, "Voters Parties and Leaders" во The Social Fabric of British Politics, Penguin Book, London 1970,p.53 210 Христова, Л. (ур.) Локални избори '96, Институт за социолошки и политичко правни истражувања: Скопје. 1998 165 граѓаните се одлучиле да апстинираат од локалните избори е аполитичноста, деполитизираноста и организацијата, односно демократичноста на изборната постапка. Индикатор за аполитичноста на дел од гласачкото тело е одговорот ,,не ме интересираат изборите и политиката”. Аналитичарите укажуваат дека секогаш, дел од населението не покажува интерес за политичките настани и процеси, односно дека тие се преокупирани со другите сфери на животот (впрочем, не можеме сите да се интересираме за политика). Вообичаено компаративните податоци укажуваат дека оваа категорија се регрутира од пониските социјални слоеви, според анализите на Сејмуер Липсет, кај кои, поради образовното ниво и социјалниот статус, се јавуваат тешкотии во социјалната комуникација и перцепција (помала информираност, поголема тешкотија да се разбере одредена политика, да се осознаат последиците од неа и да се поврзат со сопствените интереси итн.). Секако дека следното прашање е: кој е, а кој не е политички активен? Како и во некои претходни истражувања211 реализирани од Институтот за социолошки и политичко правни истражувања, и на праламентарните избори 2006, се воочува дека не постои изразена профилираност на апстинентите во однос на белезите на испитаниците (види Табела 1). Оценките се изведуваат врз основа на табелата на контенгенција и врз основа на вредностите на коефицинтет на континегенција (CC), кои се ниски и кои укажуваат на незначителна поврзаност помеѓу излегувањето на изборите и селекитираните белези на респодентите. Единствени белези кои покажува силен интензитет на асоцијација, со варијаблата изборна партиципација, се белезите етничка припадност и религиозна определеност. Анализата за секој белег поединечно зборува дека се забележува натпросечно неискористување на правото на глас кај младите на возраст до 29 години, меѓу невработените и учениците и студентите (види: Додаток 1 Табела 1). 3. Партиската определба на граѓаните Како втор момент, фактички и клучен аспект на нашиот интерес во овој дел од анализата е- кој и кого избрал на изборите. Намерата на овој поддел е да одговори на прашањата од типот: дали постои социјална идентификација на партиите во Република 211 Исто. 166 Македонија? Дали партиите повеќе припаѓаат на една, односно на друга подгрупа од населението? Образложението зошто партискиот избор се смета како релевантен за идентификацијата на партиските идентити се должи на тоа што изборниот процес претставува политичка комуникација помеѓу избирачот и политичките партии. Самото изборно однесување ги идентификува воспоставените социјални релации помеѓу електоратот и политичките субјекти во изборниот процес. Имено, покрај одлуката дали да се појави на гласачкото место, избирачот е соочен со уште еден избор: партиско-политичкиот избор. Тоа значи: гласачот - избирачот донесува политичка одлука, која имплицира, повеќе или помалку, рационалност во изборното поведение, поконкретно определување за конкретна партија. Последниов избор е подлабоко поврзан со квалитетот на политичките и воопшто динамиката на општествените промени. При анализата на партиската идентификација на Република Македонија, и тоа преку партиските преференции на трите вида на избори, се поаѓа од тоа дека, низа од општествено-политички фактори влијаат, помалку или повеќе, врз изборните (политичките) одлуки на електоратот и врз конечниот исход на изборите. Тие, вообичаено се нарекуваат детерминанти, односно одредници, на изборното однесување на граѓаните. Тоа го покажуваат и многубројните студии кои на систематизиран начин ги следат изборите и нивни одделни аспекти.212 Добиените сознанија, кои се однесуваат на одредниците на изборите, можно е да се класифицираат во пет групи на варијабли, кои во заемна интеракција и дејствување ги детерминираат изборите: 1.политичко-институционалната; 2.ситуационата (актуелно-историски контекст); 3.политичко-културната; 4.социјалноструктуралната и 5. индивидуалната. Слична на оваа е и поделбата на Иван Грдешиќ. Тој издвојува две основни варијабли кои понатаму ги разбива, а тоа се: “1.варијабли кои влијаат на личните определби на избирачите: а) социјални карактеристики; б) партиска припадност, идентифи212 Како позначајни се студиите на: Berelson R.B., Lazarsfeld F.P., McPhee N.W. Voting The University of Chicago Press, Chikago and London, 19 Cambell A., P.E. Converse, W.E. Miller and D.E. Stokes The American Voter, New York: John Wiley 1960,1966; Verba S. and N.H.Nie, Participation in America, New York: Harper and Row, 1971; N.H.Nie and J.O.Kim The Modes of Democratic Participation, Beverly Hills: Sage Publications, 1971; Rose R. (ed.) Electoral Behavior: A Comparative Handbook, New York:Free Press,1974; Pomper, G. Voter Choice, New York: Dodd, Mead,1975; Milbrath, L.W. and M.L. Goel Political Participation, Chikago: Rand McNally, 1977; Verba S., N.H. Nie and J.O. Kim Participation and Political Eqquality: A Seven Nation Comparison, New York: Cambrige University Press, 1978. 167 кација; в) проблемска ориентација и вреднување, г) вреднуваање на кандидатите, и 2) варијабли кои се однесуваат на изборниот и политичкиот систем: а) нормирање на активното и пасивното право на глас; б) фактори на изборна партиципација, политичка култура, итн.; в) партиски систем; г) изборен систем; д) активност на партии, изборна кампања, е) политички случувања, состојба”.213 Во овој дел од трудот вниманието ќе го задржиме на поврзаноста на социјалните белези на испитанциите со партиската припадност или идентификација. Врз основа на добиените одговори на трите поставени прашања: За која партија гласавте на последните парламентарни избори 2006?; За која партија гласавте на локалните избори 2005 - советничка листа?; За која партија гласавте на локалните избори 2005- за градоначалник?, концентрацијата на изборот на граѓаните е околу двете партии, и тоа околу СДСМ: Социјалдемократскиот сојуз на Република Македонија (СДСМ) и Внатрешно македонска револуционерна организација – Демократска партија за македонско национално единство (ВМРО-ДПМНЕ). На локалните избори, предложениот кандидат за градоначалник од страна на СДСМ го избрале 19,8 проценти, а советничката листа на истата партија била селектирана од 19,0 проценти од граЃните. На парламентарните избори процентот е понизок и изнесува 17,5 проценти. На локалните избори за градоначалниците предложени од ВМРО-ДПМНЕ галсале 21,8 проценти, а за советничката листа 22,7 проценти. На парлементарнтие избори учеството е 27,2 проценти. (види: Табела 1) 213 Grdešič I. "Izbori u Hrvatskoj: birači, vrednovanja, preferencija" во Grdešič I., Kasapovič M., Šiber I., Zakošek N., Hrvatska u izborima '90,. Napred, Zagreb, 1991, стр. 58. 168 Табела (1) Изборните определби на граѓаните Политички партии СДСМ ВМРО-ДПМНЕ ДУИ ДПА НСДП ЛДП ПДП ДОМ ДА ВМРО-НП Независен кандидат Друга партија Не гласaла/а Нешто друго Не се сеќавам Вкупно Парламентарни (% и број) 17,5 (278) 27,2 (434) 11,1 (177) 7,7 (122) 3,6 (57) 1,4 (22) 0,4 (6) 0,4 (7) 0,1 (2) 1,6 (25) Советник (% и број) 19,0 (303) 22,8 (362) 10,2 (163) 7,2 (115) 0,6 (10) 2,1 (34) 0,7 (11) 0,3 (4) 0,4 (6) 1,3 (21) Градоначалник (% и број) 19,8 (315) 21,8 (346) 10,3 (163) 7,6 (121) 0,3 (5) 3,8 (60) 0,4 (6) (0) 0,2 (3) 1,9 (30) 0,1 (2) 0,9 (15) 17,3 (276) 3,3 (52) 7,4 (118) 100,0 (1593) 0,6 (10) 1,1 (17) 17,2 (273) 2,8 (45) 13,6 100,0 (1591) 2,6 (41) 1,3 (20) 16,5 (262) 2,8 (45) 10,7 (170) 100,0 (1587) Извор: Истражување, 2007 Меѓу, таканаречените партии од албанскиот блок, најголем број на гласови освојуваат Демократска унија за интеграција (ДУИ) и Демократска партија на Албанците (ДПА). Гласовите за советничката листа на ДУИ изнесува 10,3 проценти, за градоначлник 10,2 проценти а за Парламентот 11,1 процент (види: Табела 1). Расположението кон ДПА е помало, и тоа на локалните избори изнесува 7,2 за советничка листа, 7,6 проценти за градоначалник и 7,7 проценти за парламентарнтие избори. (види:Табела 1). Согласно со ваквата поделба на граѓаните околу овие четири партии, како и согласно со учеството на лица кои гласале за другите партии- кое е мало- и се вклучени во примерокот, понатамошната анализа ќе се фокусира само на овие четири партии. Со оглед на тоа што конкретниот предмет на интерес е социјалната идентификација на политичките партии во Република Македонија, понатамошната анализа ќе ги селектира само конзистентите гласачи во смисла на партиски избор (лица кои постојано 169 гласаат за иста партија), а кои во примерокот изнесуваат 58,9 проценти.214 Како што веќе беше напоменето, изборот на партиите како зависна варијабла ќе се вкрства со објаснувачките варијабли кои веќе беа објаснети во претходниот дел. За одредување на интензитетот на асоцијацијата помеѓу секоја поедиенчна објаснувачка варијабла со изборот на партијата се користи табелата на контингенција и коефицинетот на контингенција со кој се мери силината или интензитетот на асоцијација помеѓу варијаблите. Според белезите на испитанциите, партиите се поврзауваат со етничката припадност и религиската определеност на граѓаните, потоа со занимањето и идеолошката идентификација, а пониска порвзаност имаат со местото на живеење, со бројот на членови во домаќинство и возраста. Со останатите белези на испитанциите, партиите се идентификуваат многу помалку (види: Додаток 1, Табела 2). Како што е истакнато, во понатамошната анализа, со примена на фактор- анализа ќе се анализираат постојаните гласачи за иста партија и тоа посебно за четирите партии: ВМРО -ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА. Резултатите се базирани на дадените одговори на анкетното прашање: “За која партија гласавте на последните парламентарни избори 2006?”. Во таа смисла се користи метод на фактор анализа за да се идентификуваат кластерите на варијаблите кои може да дадат одговор на поставеното прашање. Податоците кои се анализираат се преземени од анкетното истражување кое е релизирано во Ноември 2007 година. Резултати од фактор анализата Методот на фактор-анализа се применува посебно за четирите политички партии, а за кои најголем дел од анектираните одговориле дека гласале на изборите. Тоа се: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ДУИ. При примена на оваа статистичка метода сите варијабли остануваат во својата оригинална форма215 освен варијаблата “изборна определба”, која е претставена како дихотомна варијабла, 214 Индикатор за определување на категоријата конзистентно постојано гласачко тело се сите испитаници кои на прашањето “Дали на сите избори гласате за иста партија?” одговориле со следниве два модалитета: “да” и “на повеќето избори гласам за иста партија”. 215 Види повеќе во делот 2.„ методолошки напомени” 170 а модалитетот е во зависност од тоа за која партија се применува анализата. За таа цел се користат одговорите на прашањето: “За која партија гласавте на последните парламентарни избори 2006?”. Тоа значи дека, при примена на фактор-анализа само за гласачите на ВМРО-ДПМНЕ варијаблата за “изборна определба” дихотомната форма ќе ги има следниве модалитети: 1. оние кои гласале за ВМРО-ДПМНЕ; и 2. сите останати. При анализа на партијата СДСМ истата варијабла има форма на: 1. оние кои гласале за СДСМ; и 2. сите останати. Коснеквентно, при анализа на ДПА “изборна определба” е претставена како: 1. оние кои гласале за ДПА; и 2. сите останати, а при анализа на ДУИ модалитетите на варијаблата “изборна определба” се преименуваат во: 1. оние кои гласале за ДУИ; и 2. сите останати). Пред да се започне со конретна интрепретација на резултатите добиени од фактор-анализите, се прикажува корелациската матрица каде што варијаблата “изборна определба” е претставена во својата оригинална форма. Претставувањето на корелациската матрица е со цел да се воочи видот и силината на поврзноста на сите варијабли кои во нашиот пристап на истражување се претставени како варијабли со кои се анализира социјалната втемеленост на партиите. За таа цел се интерпретираат вреднстите на коефицинтите на корелација (r). Според податоците добиени од корелацијата (коефицинт на корелација - r), варијаблите меѓу себе покажуваа ниска статистичка поврзаност. Доколку се обрне внимание на тоа, со која варијабла се покажува најсилна поврзаност (но, статистички ниска) со варијаблата избор на конкретна партија, се идентификува самоперцепцијата на политичката идеологија на испитаниците: десница, левица или центар (види: Додаток 1, Табела 3). Дополнително, корелациската матрица покажува дека помеѓу варијаблите “етничка припадност” и “религиозна определеност”постои висок степен на поврзансот. Согласно со природата на самите податоци, се изведува заклучок дека овие две варијабли се мултиколонијални, така што во наредните фази од анализата ќе биде исклучена “религиозната определеност”. Според вредностите на cumunaliities, 50,1 проценти од варијансата на варијаблата изборот на партијата ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори 2006 година се објаснува преку сите останати фактори кои се вклучени во анализата. Според истите вредности, гласањето за СДСМ се објаснува со 52,8 проценти, за ДПА 55,6 проценти, а за ДУИ 64,0 проценти. (види Додаток 1, Табела 4). 171 Во продолжение следат резултатите од фактор анализата за секоја од четирите партии одделно. ВМРО-ДПМНЕ - бројот на фактори и нивната релативна важност Соодветно на начинот на пресметување на факторанализата, во оваа прилика се издвоија шест фактори, со своите компоненти кои имаат еигенвредноста (eigenvalues) над 1,00. Вкупната објаснувачка моќ на оваа група на шестте фактори е 60,796 проценти. Од вкупното, на првиот фактор отпаѓа 14,354 процент. Останатие фактори имаат помала објаснувачка моќ. Имено, вториот фактор има 10,299 проценти, третиот 9,604 проценти, четвртиот 9,247 проценти, петтиот 8,759 проценти и шестиот 8,505 од вкупната варијанса (види: Табела 2). Подолу, во Табела 2, се претставени конечните резултати од фактор анализата на 13-те варијабли кои ја отсликуваат социјалната позадина на испитаниците и константните гласачи за ВМРО-ДПМНЕ. Табела 2. Ротирана матрица на компонентите (ВМРО-ДПМНЕ) Варијабли 1 0,751 2 -9,53Е-02 Компоненти (фактори) 3 4 5 -3,21Е-02 -5,34Е-03 4,022Е-02 Месечен приход во домаќинство Степен на образование 0,728 0,270 0,140 0,156 Класно-слојна -0,687 0,114 0,143 2,127Е-02 идентификација Број на членови 0,133 -0,727 7,430Е-02 9,272Е-02 во домаќинство Населено место 0,107 0,725 -0,1305 -0,122 Перцепција на -0,181 -3,65Е-02 0,678 0,126 политичкиот идентитет Пол 0,115 0,278 0,635 0173 Возраст -0,133 0,156 -0,550 0,106 Етничка припадност -4,88Е-02 -37,94Е-04 -2,19Е 0,786 Гласал/а за ВМРО -2,85Е-02 0,668 0,132 -0,140 Сектор на вработеност -0,266 -0,129 -4,312Е-02 -7,73Е-02 Занимање 0,338 0,165 -5,96Е-02 0,128 Работен статус -4, 93Е-02 0,152 -,113 0,119 Објаснувачка моќ на вкупната варијанса 14,354 10,299 9,604 9,276 6 0,150 -8,73Е-02 -1,68Е-02 6,466Е-02 0,266 9,448Е-02 0,233 9,528Е-02 5,661Е-02 8,423Е-02 2,692-02 -0,119 0,178 -3,91Е-02 0,506 4,894Е-02 -4,710Е-02 -2,72Е-02 -0,128 0,775 -2,40Е-02 0,699 3,957Е-02 -1,97Е-02 -0,799 8,759 8,505 Метод на екстракција: Principal Component Analysis. Rotation Method: Varimax with Kaiser Normalization. Ротацијата е конвергирана на 9 итерации 172 Варијабли кои покажуваат највисока статистичка корелација со првиот фактор се вкупниот месечен приход во домаќинството, степенот на образование и класно-слојната идентификација. Првите две компоненти не покажуваат позитивна поврзаност со првиот фактор, а последната е негативно поврзана. Во однос на тоа, дали овој фактор, кој може да се именува како класно-слојна припадност, има поврзаност со одлуката да се избере ВМРО-ДПМНЕ, покажува слаба но негативна корелација. Вториот фактор го обележуваат бројот на членови во домаќинството, а е високо позитивен со населеното место. Овој фактор има негативна слаба статистичка поврзаност со партиската определба за ВМРО-ДПМНЕ. Самоперцепција на политичка идеологија и полот покажуваат силна позитивна поврзаност и го определуваат третиот фактор, а возраста покажува средна негативна поврзаност. Четвртиот фактор покажува висок лоадинг со етничката припадност и гласањето за партијата ВМРО-ДПМНЕ. Според вредностите на кореалцијата, се заклучува дека петтиот фактор се должи на влијанието на секторот на вработеност и занимањето. Последниот, шестиот фактор има висок лоадинг само со работниот статус, доколку се исклучи компонентата возраст, која има покажува средна поврзаност со овој фактор Слика 2. Кореалцијата на компонентата “гласал/а за ВМРО-ДПМНЕ” со факторите 0,6 0,545 0,5 0,4 r 0,3 0,2 0,1 0,025 0,019 0,008 0 -0,1 prv vtor -0,064 tret ~etvrt pet {est -0,103 -0,2 faktori 173 Врз основа на податоците за Component Score Coefficent Matrix варијаблата “гласал за ВМРО-ДПМНЕ” има највисока поврзаност со четвртиот фактор, каде корелацијата изнесува 0,545, а многу пониска и негативна корелација со шеститот фактор, кој го обележува работниот статус. (види Слика 2) СДСМ - бројот на фактори и нивната релативна важност За да се процени социјалната втемеленост на партиите, како и во претходниот случај, ќе се базираме на одговорите добиени на прашањето: “За која партија гласавте на последните парламентарни избори 2006?”. Модалитетите на одговорите се дихотомни, односно, една група се оние кои гласале за СДСМ, а друга се оние кои гласале за сите останати партии. Од вкупно 13-те варијабли, селектирани се пет фактори на влијание кои се сметаат како објаснувачки при опишувањето на социјалната втемеленост на политичката партија СДСМ. Вкупната објаснувачка моќ на оваа група на фактори е 53,433 проценти. Табела 3. Ротирана матрица на компонентите (СДСМ) Варијабли 1 Степен на образование Месечен приход во домаќинство Класно-слојна идентификација Населено место Гласал/а за СДСМ Број на членови во домаќинство Етничка припадност Перцепција на политичкиот идентитет Пол Возраст Сектор на вработеност Занимање Работен статус Објаснувачка моќ на вкупната варијанса 0,765 0,728 2 Компоненти (фактори) 3 4 -0,164 0,148 8,186Е-02 -4,719Е-02 5 -0,109 4,634Е-02 2,610Е-02 0,169 -0,652 -0,147 0,107 -4,020Е-02 0,236 0,137 -6,823Е-02 9,739Е-02 -0,669 0,622 0,616 0,177 0,355 -3,253Е-03 6,256Е-02 -2,242Е-03 0,118 -2,666Е-02 -0,104 0,362 0,153 -0,195 -5,337Е-02 0,361 4,725Е-02 0,738 -3,401Е-02 4,114Е-02 -0,105 7,069Е-02 0,181 -9,387Е-02 -0,285 0,381 -1,047Е-02 -0,289 0,544 -3,310Е-02 -0,496 3,583Е-02 3,559Е-02 -8,538Е-02 -3,184Е-02 7,192Е-03 -2,418Е-02 -0,156 -7,006Е-02 0,787 0,677 -2,083Е-02 0,199 0,335 3,311Е-02 -1,301Е-02 -0,851 8,789 8,620 14,641 11,497 9,887 Метод на екстракција: Extraction Method: Principal Component Analysis. Rotation Method: Varimax with Kaiser Normalization. a Ротацијата е конвергирана на 5 итерации. 174 Врз основа на лоадирањето на факторите првиот фактор е високо и позитивно лодиран со степенот на образование, со вкупниот месечен приход во домаќинството и со класно-слојната идентификација. На овој фактор отпаѓаат 14,641 проценти од промените на вкупната варијанса. Втортиот фактор покажува висока, но негативна поврзаност со населеното место, а со гласал/а за СДСМ и бројот на членови на домаќинството покажува позитивна врска. Со овој фактор се објаснуваат 11,497 проценти од вкупната варијанса. Третиот фактор го обележуваат идеолошката идентификција и полот. Возраста има ниска и негативна поврзаност. Со овој фактор се објаснуваат 9,887 проценти од вкупната варијанса. Четвртиот фактор е високо поврзан со секторот на вработеност и занимањето. Со овој фактор се објаснува 8,789 поецнети од вкупната варијанса и овој фактор има наавријанса. Последниот фактор, петтиот, кој е со најмал објаснувачка моќ од 8,620 проценти се должи на работниот статус. Слика 3. Корелацијата на компонентата “гласал/а за СДСМ” со факторите 0,5 0,432 0,4 0,297 0,3 r 0,2 0,1 0 -0,1 prv -0,012 vtor tret ~etvrti -0,018 peti -0,110 -0,2 faktori Следејќи ја корелациската матрица помеѓу новите фактори и варијаблите, се забележува дека најизразена поврзансот на новите фактори со варијаблата партиски избор (СДСМ) покажува вториот фактор (r = 0,432), а потоа со третиот фактор 0,297 (види Слика 3). 175 Ова укажува на поврзаноста на политичката партија со местото на живеење на испитаниците, и со бројот на членови во домаќинството. Послаба е поврзаноста, но позитивна со идеолошката идентификација и полот. Со останатите фактори покажува многу слаба корелација. ДПА - бројот на фактори и нивната релативна важност ДПА е првата опција на таканаречениот албански блок на политички партии. Објаснувачката моќ на сите тринаесет варијабли во однос на ДПА изнесува 62,17 проценти, што е повиоско во однос на резултатите добиени од фактор-анализата за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Резултатите од фактор-анализата се претставени во Табела 4. Првиот фактор, кој објаснува 14,641 проценти од вкупната варијанса, покажува висок лоадинг со степенот на образование, вкупниот месечен приход во домаќинство и класно-слојната припадност. Вториот фактор кој има релативно пониска објаснувачка моќ на вкупната варијанса, а тоа е 12,055 проценти се концентрира оклу гласњето за ДПА, населеното место и бројот на членови на домаќинството, а средна поврзаност има со етничката припадност. Висок лоадинг во третиот фактор има идеолошката идентификација, возраста и полот. Објаснувачката моќ на вкупната варијанса на овој фактор изнесува 9.534 проценти Четвртиот фактор е обележен само со работниот статус. Со овој фактор се објаснува 8,942 проценти од вкупната варијанса. Петтиот фактор се обележува со секторот на вработеност и занимањето. Со него се објаснува 8,874 проценти. 176 Табела 4. Ротирана матрица на компонентите (ДПА) Варијабли Степен на образование Вкупен месечен приход Класно-слојна припадност Гласал/а за ДПА Населено место Број на членови на домаќинството Етничка припадност Идеолошка идентификација Возраст Пол Работен статус Сектор на вработеност Занимање Објаснувачка моќ на вкупната варијанса 1 0,768 0,726 -0,649 -5,085Е-02 0,165 6,880Е-02 Компоненти (фактори) 2 3 4 0,153 0,121 3,849Е-03 -0,117 -2,989Е-02 0,175 0,134 7,902Е-02 0,164 0,685 0,138 0,234 0,643 7,800Е-02 -0,159 -0,566 8,242Е-02 0,478 5 0-,146 2,107Е-02 -6,207Е-02 0,104 -1,343Е-02 0,161 2,397Е-02 -0,112 0,672 9,548Е-02 -0,621 0,278 0,584 0,137 2,576Е-02 -0,824 4,996Е-02 1,578Е-02 -6,620Е-02 5,350Е-03 -3,042Е-02 3,522Е-02 -0,108 -,194 1,924Е-02 0,775 0,662 0,141 0,210 -7,950Е-02 0,173 -6,842Е-03 -0,264 0,402 -0,449 3,861Е-02 9,777Е-02 0,241 -0,106 -4,628Е-02 0,158 14,641 12,055 9,534 8,942 8,874 Extraction Method: Principal Component Analysis. Rotation Method: Varimax with Kaiser Normalization. Component Scores . a Rotation converged in 6 iterations. Слика 4. Корелацијата на компонентата “гласал/а за ДПА” со факторите 0,5 0,438 0,4 r 0,3 0,200 0,2 0,097 0,1 0,037 0 prv -0,1 vtor tret ~etvrti peti -0,028 faktori 177 Гласачите на оваа партија најизразена поврзаност имаат со вториот (r = 0,438) и со четвртиот фактор (r = 0,200) (види Слика 4). Со оглед на содржината на овие фактори може да се каже дека оваа партија својата социјална заднина во основа ја има во комбинација со местото на живеење, бројот на членови во домаќинството и етничката припадност, а во помал дел и со работнито статус. ДУИ - бројот на фактори и нивната релативна важност Во Табела 5 се претставени петте издвоени фактори со кои се објаснува вкупно 54,827 проценти од вкупната варијанса. Табела 5. Ротирана матрица на компонентите (ДУИ) Варијабли Степен на образование Вкупен месечен приход во домаќинството Класно-слојна идентификација Гласал/а за ДУИ Број на членови во домаќинството Населено место Етничка припадност Пол Идеолошка идентификација Возраст Сектор на вработеност Заниамње Работен статус Објаснувачка моќ на вкупната варијанса 1 0,767 0,724 -0,644 -4,141Е-02 4,985Е-02 0,190 0,118 0,165 -0,224 -5,218Е-02 0-,254 0,420 -2,181Е-02 14,633 Компоненти (фактори 2 3 4 8,694Е-02 0,184 -0,155 -3,607Е-02 -4,758Е-02 4,897Е-02 0,115 0,793 -0,645 5 3,814Е-03 0,197 0,135 -4,202Е-02 -3,617Е-02 7,843Е-02 2,933Е-02 0,161 0,207 4,979Е-02 0,351 0,627 0,182 2,810Е-03 -0,427 -1,848Е-02 -4,351Е-02 0,127 0,648 0-,174 8,177Е-02 0,642 9,989Е-02 0,163 -0,574 -9,177Е-02 1,123Е-02 1,452Е-02 0,802 4,537Е-02 -2,522Е-02 0,631 1,900Е-02 -8,400Е-02 -9,333Е-03 -3,209Е-02 -0,145 0,120 0,102 0,419 2,985Е-02 -2,829Е-02 -0,830 13,033 9,688 8,859 Метод на екстракција: Principal Component Analysis. Varimax with Kaiser Normalization. 8,613 Rotation Method: Првиот фактор, кој има највисока обајснувачка моќ на вкупната варијанса (14,633 проценти) високо се лодира со: степен на образование, вкупен месечен приход во домаќинството и класно-слојната идентификација. Насоката на поврзаноста е идентична како и за претходните анализи. Поконкретно, првите две компоненти поакжуваат позитивно, а последната негативно влијание. Вториот фактор високо се лодира со варијаблата гласал/а за ДУИ, со број на членови во домаќинство и со населено место 178 (негативна поврзаност), а средна негативна корелација покажува со етничката припадност (негтивна поврзаност). Третиот фактор кој објаснува 9,688 проценти од вкупната варијанса се лодира со варијаблите пол, идеолошка идентификација и возраст (негативна). Како и во претходните фактор-анализи, секторот на вработеност и занимањето го сочинуваат четвртиот фактор, со кој се обајснува 9,859 проценти од вкупнат варијанса. Петтиот фактор покажува висока негативна поврзаност со работниот статус, и со него се обајснуваат 8,613 проценти од вкупната варијанса. Слика 5. Корелацијата на компонентата “гласал/а за ДУИ” со факторите 0,600 0,478 0,500 0,400 r 0,300 0,077 0,200 0,065 0,100 0,000 -0,100 prv -0,013 vtor tret -0,082 ~etvrti peti -0,200 faktori Варијаблата гласал/а за ДУИ има висока поврзаност единствено со вториот фактор. Според оваа анализа, може да се каже дека оваа политичка партија својот социјален идентитет го обележува единствено со бројот на членови во домаќинствата, етницитетот и населеното место (види Слика 5). 179 4. Дали постои социјална втемелeност на политичките партии? Од досега презентираните податоци, барем според одговорите за партискиот избор на парламентарните избори 2006 година, не може да се каже дека партиите во Република Македонија се социјално профилирани. Имено, не постои јасна или конкретна социјална профилација на политичките партии. Ваквите тврдења се поткрепени како со би-варијантната анализа (табела на контингенцијаа и коефициентот на контингенција) така и на ниво на фактор-анализата. Врз основа на податоците, социјалната заднина на партијата е во основа силно етаблирана во етничката припадност на испитаниците. Останатите фактори се комбинации кои може да имаат влијание на изборот на партијата, односно да бидат елементи (фактори или кластери), според кои би можеле да се идентификуваат партиите во иднина. Во една етнички хетерогена средина која конвергира и со религиски и со културни поделби, па и социјални, станува збор за сегментирано социо - културно општество но само од еден аспект, а тоа е етничкиот. Според дескриптивното ниво на анализа, односно според податоците добиени од вкрстување на двете варијабли може да се каже дека партиите, со најсилен интензитет се поврзани со етничката припадност и религиозната опредленост. При тоа се делат на парти од македонски (ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ) и од албански блок на партии (ДПА и ДУИ). Од аспект на занимањето и иделошката идентификација, кои според анкетното истражување покажуваат понизок степен на асоцијација, работниците и приватниците се подоминантни во своите определби за ВМРО–ДПМНЕ во однос на категоријата стручњак, кои се доминантни кај оние кои гласале за СДСМ. Понатаму, поголем дел од гласачите на ВМРО–ДПМНЕ и ДПА, на скалата на идеолошката идентификација се "десно", а за СДСМ и ДУИ се "лево" ориентиерини. Од аспект на местото на живеење, испитаниците од село, во споредба со другите партии, во најмал дел се определени за СДСМ, додека испитаниците од град во најмал дел се определени за ДПА или за ДУИ. Според бројот на членови во домаќинството, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, во однос на другите партии се најзастапени во групата на домаќинства до четири члена, наспроти другите две партии кои имаат поддршка во домаќинствата со четири и повеќе лица. 180 Од аспект на возраста, како најдоминантна група на следбеници на СДСМ се покажуваат лицата од педесет години и повеќе, а со ВМРО – ДПМНЕ се идентификуваат лицата на возраст од 30 до 49 години. Се чини дека ДУИ имаше рамномерна распределба меѓу сите гласачи, а за ДПА најдоминантни се лицата на возраст до 29 години Генерално, компонентата со која се идентификува слојниот статус на поединецот, на групата, не покажува поврзаност со другите партии кои се предмет на анализата, освен со гласачите на ВМРО-ДПМНЕ. Имено, во четирите фактор-анализи компнентите кои во литературата се прифаќаат како елементи според кои се определува социјалниот статус, а тоа се: образование, месечни примања и класно-слојната идентификација- незначително се поврзуваат со партиите. Според податоците од фактор-анализата, одредена но ниска поврзаност се забележува со ВМРОДПМНЕ, но со другите партии не се забележува поврзаност. Она што е значајно за сите партии е тоа дека се ротираат околу етницитетот, и тоа во најголем дел партијата ВМРО-ДПМНЕ. Исто така и останатите три партии се идентификуваат со етницитетот, a дополнително на тоа се поврзуваат и населеното место и со бројот на членови во домаќинството. Идеолошката идентификација, според резултатите од фактор-анализата, е со висок интензитет поврзана со демографските белези на испитаниците, како што се возраста и полот, но со изборот на партијата се поврзува со понизок интензитет. Овој фактор во којшто доминираат варијаблите кои се силно меѓу себе поврзани, а тоа се идеолошката идентификација, полот и возраста, во четирите фактор-анализи покажува највисока поврзаност со партијата СДСМ, а многу помалку со ДПА. Компонентите, сектор на вработеност и занимање, во четирите фактор-анализи оформуваат еден посебен фактор. Овој фактор, во основа не може да се рече дека има поврзаност со ниту една политичка опција, а слично е и со работниот статус. Имено, работниот статус, општо земено, покажува слаба поврзаност. Опишаниот впечаток во однос на социјалното профилирање на партиите е резултат на општо неразвиената непрофилирана структура на општеството. Сето тоа се должи на општата економска и социјална ситуација, опишана како недоволно развиено стопанство, сиромаштија, и, дополнително на тоа, ниски стандарди за развој на демократијата. Секако дека поделбите на општествата во транзицискиот период влијаат долгорочно врз политичките и социјалните прилики, а според тоа и на социјалното профилирање на партиите. 181 Актуелната ситуација во Република Македонија претставува обид за модернизација и оформување на цивилното општество, но фактички традиционалното е посилно. Не постои критична маса на социјални актери кои би го понеле товарот на промените во стопанството и демократијата. Не се формира определена и моќна граѓанска класа, а работниците се неорганизирани и флуидни. Така што, вклучувањето на реформите, граѓанската демократија, модерното-политичко опкружување и нивното поддржување е направено под налет на националните приоритети Се вели: “социјалната ситуација како да не е диференцирана, речиси секој од социјалните слоеви како да има повеќе политички души и своите гласови ги дава на различни партии...”216 216 Печујлиќ М., ”У зачараном кругу политике” во Раѓање јавног мњења и политичких странака, Институт за политичке студије, Београд , 1992, стр.76. 182 ЛИТЕРАТУРА: Agh, A., Parliaments and Organized Interests: The Second Steps, Edit, Atila Akh and Gabriella Ilonszki, Hungarian Centre for Democracy Studies, 1996. Berelson R.B., Lazarsfeld F.P., McPhee N.W., Voting. The University of Chicago Press, Chicago and London, 1954 Blondel J, Voters, Parties and Leaders, The Social Fabric of British Politics, Penguin Book, London 1970 Cambell A., Converse P.E., Miller W.E. and Stokes D.E., The American Voter, New York: John Wiley 1960,1966. Флере, С. Увод у социологију, Научна књига: Загреб,1990. Grde{i} I. "Izbori u Hrvatskoj: bira~i, vrednovaњa, preferencija" во Grde{i} I., Kasapovi} M., [iber I., Zako{ek N., Hrvatska u izborima '90, Napred, Zagreb, 1991. Јовевска А. ”Изборите-фокус на политичкиот живот”,во сп. Дијалог, НИО Студентски збор 6/1994. Малески Д. Современи полтички системи, Студентски збор: Скопје, 1986. Milbrath, L.W. and Goel M.L., Political Participation, Rand McNally: Chicago, 1977 Мојаноски Ц. Транзицијата и партискиот систем во Република Македонија сп. Дијалог, 10/96 НИО Студентски збор, Скопје, стр.121. Norberto, B., Budu}nost demokratije, Filip Vi{wi}: Beograd, 1990. Христова, Л. (ур.) Локални избори '96, Институт за социолошки и политичко правни истражувања: Скопје. 1998 Nie N.H., and Kim J.O., The Modes of Democratic Participation, Sage Publications: Beverly Hills, 1971 O'Bonnell G., Schmitter P.:"Transitions from Autoritarien Rule", Tentative Conclusions about Uncertian Democracies, The John Hopkins University, Baltimore and London, 1986 Verba S., Nie N.H. and Kim J.O., Participation and Political Eqquality: A Seven Nation Comparison, New York: Cambrige University Press, 1978. Печујлиќ, М. Раѓање јавног мњења и политичких странакаанализа емпиријског истраживања у Србији 1990-91, Институт за политиколоШке студије, Београд, 1992 Pomper, G. Voter Choice, New York: Dodd, Mead,1975 Rose R. (ed.) Electoral Behavior: A Comparative Handbook, New York: Free Press,1974; 183 ДОДАТОК 1 Табела 1. Процентуална дистрибуција на изборната партиципација според одредени белези на испитаниците, РМ Белези Вкупно Машко Женско до 29 30-39 40-49 50-59 60+ Село Град Македонец Албанец Турчин Србин Влав Ром/ка Бошњак Друга Православна Католичка Муслиманска Друго Нема и основно Средно Више,високо, маг.докт. Работи Не работи Друго Земјоделец Работник Службеник/техничар Стручњак/научник Приватник/бизнисмен Ученик/студент Домаќинка Пензионер 184 Гласал/а 82,7 Изборна партиципација Не гласал/а 17,3 84,5 80,9 CC =0,047 71,1 84,8 88,0 86,1 86,7 CC= 0,172 83,2 82,6 CC = 0,08 81,0 89,3 77,8 86,7 82,4 61,1 100,0 80,0 CC = 0,122 81,2 80,0 87,1 66,7 CC = 0,72 89,1 79,2 85,1 CC = 0,104 86,1 75,8 87,9 CC = 0,136 91,7 85,4 87,9 81,4 86,3 59,6 82,1 86,9 CC = 0,180 Вкупно 15,5 19,1 100,0 (818) 100,0 (781) 28,9 15,2 12,0 13,9 13,3 100,0 (381) 100,0 (361) 100,0 (358) 100,0 (287) 100,0 (211) 16,8 17,4 100,0 (441) 100,0 (1158) 19,0 10,7 22,2 13,3 17,6 38,9 0,0 20,0 100,0 (1146) 100,0 (373) 100,0 (18) 100,0 (15) 100,0 (17) 100,0 (18) 100,0 (2) 100,0 (10) 18,8 20,0 12,9 33,3 100,0 (1167) 100,0 (5) 100,0 (420) 100,0 (3) 10,1 20,8 14,9 100,0 (303) 100,0 (853) 100,0 (453) 13,9 24,2 12,1 100,0 (787) 100,0 (565) 100,0 (247) 8,3 14,6 12,1 18,6 13,8 40,4 17,9 13,1 100,0 (36) 100,0 (233) 100,0 (273) 100,0 (70) 100,0 (160) 100,0 (99) 100,0 (117) 100,0 (206) Табела 2 Процентуална дистрибуција на изборните преференции на гласачите според одредени белези на испитаниците, РМ Друг вкупно 24,8 (234) Политичка партија ВМРОДУИ ДПА ДПМНЕ 28,3 (267) 15,2(143) 11,7 (110) 20,0 (188) 100,0 (942) Пол Машко Женско 24,6 25,1 30,5 26,0 13,4 17,2 CC = 0,144 14,6 8,4 16,8 23,5 100,0(499) 100,0 (443) Возраст до 29 30-39 40-49 50-59 60+ 22,4 18,2 20,4 31,4 37,9 20,8 32,7 32,1 24,9 30,3 19,1 18,6 12,2 14,1 10,6 CC = 0,242 21,3 9,5 11,8 10,3 3,8 16,4 20,9 23,5 19,5 17,4 100,0 (183) 100,0 (220) 100,0 (221) 100,0 (185) 100,0 (132) 38,0 33,3 23,9 22,6 15,9 35,0 28,2 33,4 22,6 22,6 3,0 4,5 11,1 20,6 29,6 СС = 0,319 4,0 6,4 12,5 14,2 15,9 20,0 27,6 19,0 20,0 15,9 100,0 (100) 100,0 (156) 100,0 (305) 100,0 (155) 100,0 (226) 16,0 28,6 21,7 31,2 26,7 10,3 CC=0,323 23,1 6,8 12,5 23,1 100,0(281) 100,0 (661) Етничка припадност Македонец Албанец Други 35,1 0,0 32,6 40,4 0,0 32,6 0,2 52,2 0,0 СС = 0,689 0,2 40,4 0,0 24,4 7,4 34,9 100,0(727) 100,0(272) 100,0(43) Религиска определеност Православна Мусиман 34,7 2,4 40,4 1,4 0,2 48,4 СС = 0,673 0,0 38,1 24,7 9,3 100,0(648) 100,0(289) 20,8 21,2 27,8 13,7 16,5 100,0(211) 26,8 34,1 10,4 7,3 21,4 100,0(461) 24,7 24,0 13,5 17,6 20,2 100,0(266) Белези СДСМ Вкупно Број членови домаќинството До два Три Четири Пет Шест+ на во Место живеење Село Град на Степен на образование Без и со основно образование Средно образование Више,високо маг.докт. СС = 0,247 185 Прод. Работен статус Вработен/а Невработен/а Друго 24,9 19,3 34,8 31,4 25,9 23,8 11,9 21,9 12,2 11,5 14,0 7,9 20,1 18,9 21,3 100,0(477) 100,0(301) 100,0(164) СС = 0,177 Занимање Земјоделец Работник Службеник/тех ничар Стручњак/науч ник Приватник/биз нисмен Ученик/студент Домаќинка Пензионер Невработени 13,8 22,7 24,7 34,5 37,6 26,5 3,4 13,5 15,3 27,6 7,8 13,5 20,7 18,4 20,0 100,0 (29) 100,0 (141) 100,0 (168) 42,9 25,7 0,0 2,9 28,6 100,0 (35) 27,7 35,1 10,6 10,6 16,0 100,0 (94) 12,5 6,8 40,2 23,1 7,5 5,5 27,3 33,7 7,5 53,4 7,6 15,9 СС = 0,449 55,0 16,4 5,3 7,2 17,5 17,8 19,7 9,1 100,0 (40) 100,0 (73) 100,0 (132) 100,0 (208) Сектор на вработеност Државна Јавна Приватна Друга 24,4 26,0 26,9 8,7 24,4 31,5 35,2 17,4 16,0 16,4 8,7 26,1 СС = 0,204 13,4 6,8 11,0 13,0 21,8 19,2 18,2 34,8 100,0 (119) 100,0 (73) 100,0 (264 100,0 (23) Класно-слојна идентификација Висока класа Средна класа Ниска класа Нема мислење 23,5 23,9 25,7 25,9 17,6 25,3 33,5 24,1 17,6 15,4 16,2 6,9 СС=0,183 11,8 14,5 8,9 6,9 29,4 21,0 15,7 36,2 100,0 (17) 100,0 (482) 100,0 (382) 100,0 (58) Идеолошка идентифкација Лево Десно Центар Друго 49,8 10,1 18,9 21,6 8,2 45,8 31,5 27,8 25,1 8,4 14,7 13,7 СС = 0,473 6,8 26,5 10,5 5,0 10,0 9,2 24,5 31,9 100,0 (219) 100,0 (238) 100,0 (143) 100,0 (338) Забелешка: Процентот се искажува во однос на бројот на гласачи за секоја политичка опција во однос на вкупниот број налица во секоја социјална група 186 д-р Лидија Христова ВРЕДНОСНИТЕ И ПОЛИТИЧКИТЕ ОРИЕНТАЦИИ НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Анализирајќи го политичкиот плурализам во Република Македонија укажавме на доминантните социјални расцепи околу кои се структуираше политичката сцена во изминатиот период, на формирањето на различни политички идентитети мошне силно спротивставени едни на други. Следејќи го политичкот дискурс и жестоките дебати, линиите на профилирање ги препознаваме преку поделбите комунизам-антикомунизам, најчесто филтрирани преку национализмот, потоа, социјалдемократија- наспроти конзервативизам/ демохристијанство, левица наспроти десница. (Како што напоменавме овие поделби се однесуваат, пред се, на македонскиот политички блок). Паралелно со партиските позиционирања во однос на овие конфликти, етничкиот расцеп упорно се одржува на политичката сцена, потврдувајќи ја тезата за Македонија како поделено општество. Од овие сознанија поаѓаме имајќи ги предвид, пред се, партиите, како основни колективни политички актери, што ја обликуваа политичката сцена во Република Македонија во изминатиот период. Граѓаните се тие кои преку своето изборно однесување ги легитимираат овие жестоко спротивставени политички идентитети. Основното прашање на кое сакавме да добиеме одговор во анкетата беше: во која мера следбениците, лојалните гласачи на левицата и десницата, онака како што ја дефиниравме во македонските услови, се разликуваат помеѓу себе според своите ставови, мислења, вредности, односно во која мера претставуваат два (или повеќе) вредносно динстинктивни профила на граѓани, две различни култури. Следејќи ја логиката на многубројните истражувања за идејно политичкото профилирање на партиите, кои укажуваат дека наспроти генералните трендови на промени, присутен е и еден конкурентски настап на Новата наспроти Старата политика во 187 етаблираните демократии; но од друга страна и на спецификите кои на овој план се јавуваат во постсоцијалистичките земји, во нашиот анкетен прашалник поместивме 3 блока на прашања. Едниот се однесуваше на класичната поделба левица-десница, сврзана за слободниот пазар и еднаквоста, односно улогата на државата во социо-економаката сфера, најчесто рационализирани преку двата пола: регулација-дерегулација. Во речникот на просечниот граѓанин тоа е поделбата наречена социјализам наспроти капитализам. Вториот блок на прашања требаше да ја изрази поделбата либерализам- конзервативизам, односно ординатата на дводимензионалната скала на идеолошки вредности; и третиот блок на прашања се однесуваше на некои специфични, актуелни прашања за Република Македонија, околу кои подолго се водеше јавната дебата и кои според нашата процена би можеле да укажат на политичките (идеолошките) позиции на граѓаните. Се разбира, ниту еден од овие блокови на прашања немаше претензија да ги исцрпи скалите на вредности иманентни на погоре посочените профили, туку пред се да укажат на некои сегменти на светогледот на македонскиот граѓанин/избирач. Со оглед на предметот и целта на нашиот проект анализата ке се потпира пред се на т.н. лојални или стабилни гласачи, при што нивната партиска преференција ке биде користена како претпоставен фактор на влијание врз структуирањето на нивните светогледи, вредности, ставови. Но, најнапред: колкав е процентот на т.н. лојални гласачи и како тие се самопозиционираат на идеолошкиот спектар? 1. Лојалните гласачи и нивната идеолошка сампоперцепција Како лојални гласачи ги идентификувавме оние кои континуирано гласаат за одредна политичка партија или партиска фамилија, како што тоа го дефиниравме во почетокот. Тоа се значи гласачите кои во постојаната политичка понуда на македонската политичка сцена ја идентификувале својата партија и на неа континуирано и ја изразуваат својата доверба на изборите. Според нашата анкета такви се 59,1% од избирачкото тело, на национално ниво. Доколку направиме споредба помеѓу гласачите според етничка припадност, кај гласачите со македонско етничко потекло тој процент е помал и изнесува 54,8%, додека кај гласачите од албанско етничко потекло тој процент е 74%. Споредено со резултатите 188 добиени во некои наши поранешни истражувања, овој пат уделот на стабилни гласачи во целокупното гласачко тело на Република Македонија е нешто повисок, и, гледано на подолг рок217, тој покажува тенденција на наголемување (види Графикон 1). Графикон бр. 1 Процент на лојални гласачи на национално ниво 60 58 56 54 52 50 48 1996 1998 2007 Стабилноста во изборното однесување, најверојатно укажува дека овие гласачи реагираат според моделот на партиската идентификација, што главно се потпира на (раната) политичка социјализација. Тоа значи дека влијанијата од краткорочен карактер (предизборните кампањи, медиумите, предложените кандидати, постигнатите резултати на партиите меѓу два изборни циклуса итн.) не играат значајна улога во нивното изборно однесување. Ако кон ова се додаде и фактот дека во Република Македонија функционира и социолошкиот модел преку неговата етничка димензија (значи колективистичко однесување), произлегува дека просторот за тн. рационален гласач и не е толку голем218. Барем досега. Доколку овие гласачи континуирано гласаат за партиите од левицата, центарот или десницата (барем во онаа смисла во која партиите се самоидентификуваат), нас не интересираше како овие лојални/стабилни гласачи се самоперцепираат на идеолошката скала. 217 Христова Л. “Граѓаните за изборите” во Христова Л. и др. Парламентарните избори ‘98 во Македонија, Инситут за социолошки и политичко правни истражувања: Скопје 1999, стр 75 218 Види Христова Л. ”Изборното однесување на граѓаните” во Христова Л. и др. Парламентарните избори ‘98 во Македонија, исто стр. 60-71 189 Табела бр. 1 Самоперцепција (самоопределување) и гласање за партии кај македонскиот политички блок219 Гласа за: Лево ориентиран Десно ориентиран Центар Не знам Вкупно: Леви партии Десни партии 44,4% 10,55 11,7% 33,5% 100,0% 6,4% 40,7% 17,9% 35,0% 100,0% Вкупно: 24,75 25,4% 15,0% 34,9% 100,0% Табела бр. 2 Самоперцепција (самоопределување) и гласање за партии кај албанскиот политички блок Гласа за: Лево ориентиран Десно ориентиран Центар Не знам Без одговор Вкупно: ДУИ 38,5% 14,0% 14,7% 30,85% 2,1% 100,0% ДПА 13,8% 57,8% 13,8% 13,8% 0,9% 100,0% Вкупно: 27,3% 33,6% 14,5% 23,0% 1,6% 100,0% Со оглед на фактот дека се работи за тн. стабилни гласачи (кај кои политичката мотивираност, политичката партиципација е во принцип на повисоко ниво), паѓа во очи релативно високиот процент на оние кои не се во состојба да ја определат својата идејна ориентација. Сепак, кај најголемиот број на испитаниците кои се самопозиционираат на идеолошкиот спектар, очигледно е совпаѓањето на нивната идејна профилација со онаа на партијата за која во континуитет гласаат (види Табела 1 и 2). Очекувано, на ниво на општа дистрибуција на одговори (значи на сите испитаници, а не само на лојалните гласачи), процентот на оние кои не знаат да се позиционираат е далеку повисок- 45,8%, а останатите се распределени во приближно еднакви проценти (околу 18%) на левица, центар, десница. Споредбата со дистрибуција добиена во анкетата во 1998, укажува дека тогаш бројот на оние кои одговориле не знам бил приближно ист како и во 2007-та, но речиси сите останати се самопозиционирале 219 Поради малиот број на испитаници кои изјавиле дека гласале за партитие на центарот, нивните одговори не ги преставивме во табелата. 190 во центарот220. Во 1998 година ваквите резултати индицираа дека македонските граѓани имаат проблем да разберат што се тоа политички/идеолошки ориентации и уште повеке себеси да се класифицираат на некој замислен идеолошки спектар. Во исто време, резултатите од истражувањата во другите постсицоцијалистички земји укажуваа дека тој проблем кај нив не е толку изразен. 2. Односот на лојалните гласачи кон изборите Кога се зборува за интересот кон политиката, значајноста на изборите и активното учество во изборниот процес (гласање), овие гласачи, сосема очекувано, покажаа повисока мотивираност и заинтересераност за политиката, во однос на просечниот гласач (види Табела 3). И тука не се забележуваат некои значајни разлики, ниту во однос на македонскиот и албанскиот политички блок ниту помеѓу гласачите внатре во овие два блока: во смисла левица -десница. Табела бр. 3 Просечни и лојални гласачи, и интерес за политика Интерес за политика Редовно излегуваат на избори Сметаат дека изборите се многу значајни Лојални гласачи 34,1 % 66,3 % Просечни гласачи* 23,3% 55% 39 % 31,3 % *Процентите за т.н. просечни гласачи се извлечени од целиот примерок, односно од вкупната дистрибуција Разликите помеѓу етничките блокови и гласачите на левицата и десницата не се големи ниту кога станува збор за причините за донесувањето на изборната одлука. Изборните програми се најчестата причина за донесување на изборната одлука (за околу 43% од гласачите)221, а втората е довербата во раководството на партијата (за околу 33% од гласачите). Ако сепак треба да се издвојат некои разлики, тоа е поголемото влијание на средината 220 Види Христова Л., ”Изборното однесување на граѓаните”, во исто, стр.86 224 Прашањето за изборните програми во оваа смисла треба да се сфати во една поширока смисла- како имиџ што партиите успеале да го создаат во јавноста за своите политички приоритети, зашто е нереално да се очекува избирачите, во голем процент, да се впуштат во проучување на овие партиски документи. 191 (соседи, пријатели итн.) врз изборната одлука кај гласачите на албанскиот политички блок (околу 12%), во однос на македонскиот (околу 4%), и нагласеното значење на раководството на партијата кај ДУИ во однос на ДПА (39% наспроти 26%). Ако програмата е најзначајна за избирачите, интересно беше да се види што е тоа што нив ги привлекува во програмата на партијата за која гласале (за кое прашање/а партијата нуди најдобро решение). Одговорите ги отсликаа реалните состојби во македонското општество. Решавање на проблемот со невработеноста изби на првото место, оставајќи ги зад себе сите останати прашања што ги загрижуваат нашите граѓани, било да припаѓаат во македонскиот или во албанскиот политички блок. Потоа следуваат, борбата против корупцијата и криминалот, ЕУ и НАТО интеграциите, економијата итн. Сепак, ќе укажеме и на некои разлики во рангирањето на проблемите. На второ место кај гласачите од албанскиот политички блок е прашањето за имплементацијата на Охридскиот рамковен договор (за оние од македонскиот тоа има мало значење), а за оние од македонскиот е борбата против корупцијата и криминалот (и кај албанскиот е тоа битно прашање, но подолу рангирано). Приближно исто вакво рангирање добивме и во анкетата спроведена во 1998 година. Можеби најзначајната разлика е во тоа што кај гласачите од албанско етничко потекло овој пат се забележува поместување на фокусот на интереси од етничките односи кон социоекономските проблеми. 3. Какви вредности и ставови споделуваат лојалните гласачи на левицата и на десницата ? Со оглед на поделеноста на македонското општество вдолж етничките линии, резулатите од анкетата ќе ги анализираме паралелено за оние кои гласале за т.н. македонски политички блок и оние кои гласале за т.н. албански политички блок, со намера да ги воочиме разликите и сличностите во ставовите, и вредностите на граѓаните кои гласаат за партиите од овие два блока. Македонски политички блок Резулататите од анкетата укажуваат дека мнозинството граѓани во Македонија ги споделуваат т.н. леви вредности. 192 Имено, тие се изјаснуваат за што помали социјални разлики222, дека државата треба да обезбедат што подобри јавни услуги, иако заради тоа треба да се плаќаат поголеми даноци, не прифаќаат здравствените и образовните услуги во приватниот сектор да бидат со подобар квалитет од оние во државниот, не прифакаат сопствениците сами да одлучуваат за развојот на фирмите (практично, протежираат систем на соодлучување), се залагаат социјалната сигурност на граѓаните да биде во исклучива надлежност на државата (а не за тоа да преземат делумно одговорност и граѓаните), и се согласуваат со ставот дека во социјализмот се водеше сметка за сите луѓе, како и дека тој систем не беше репресивен. Општата дистрибуција укажува дека таквите ставови скоро кај сите поставени прашања ги споделуваат околу 70% од испитаниците (Табела 4). Интересно е притоа дека симпатизерите/лојалните гласачи и на левицата и на десницата не отстапуваат значајно од општата дистрибуција. Во продолжение ќе наведеме некои од добиените одговори. Табела 4. Ставови на лојалните гласачи за прашања од социоекономската димензија Социјалните разлики во едно општество треба да бидат што помали Во социјализмот се водеше сметка за сите луѓе Социјалната сигурност на граѓаните треба да ја обезбеди државата Здравствените услуги на граѓаните треба да ги обезбеди државата Процент на лојални гласачи 67 % 73 % 75 % 78 % Само во однос на две прашања (од вкупно 11) повеќето испитаници искажале ставови поблиски до десницата (приватните претпријатија се поуспешни и загубарите не треба да ги санира државата, туку самите тие). Овие отстапување можат да се толкуваат со лошото искуство на огромен број на граѓани со државните претријатија (впрочем сите беа државни), кога поради процесот на приватизацијата или нивното економско пропаѓање огромен број вработени останаа без работа и без средства за живот. 222 Прашањата што беа поставени во нашиот анкетен прашалник во овој текст се дадени во една послобдна форма/интерпретација. 193 Нагласеното присуство на т.н. леви вредности беше во рамките на очекуваното, со оглед на фактот што и во Македонија како впрочем и во многу други посткомунистички демократии социјалната структура на населението не е во доволна мера диференцирана, и што паралелно со тоа се одвиваше еден процесс на осиромашување на населението (пред се како резултат на структурната невработеност која во Македонија од 90-тите до денес не се намали под 30%). Освен тоа, егалитаристичката свест наследена од комунизмот е се уште присутна кај добар дел од граѓаните, а опстојувањето на таквата свест е дополнително стимулирано со лошата економска состојба во земјата, која продуцираше голем број на губитници во транзицијата223. Сепак, резултатите укажуваат и на разлики помеѓу гласачите на левицата и десницата, и тоа во однос на четири прашања. Две од нив се однесуваат на законитостите на пазарното стопанство (види Табели 5 и 6), а другите две на односот/ставовите на граѓаните во однос на социјализмот (види Табели 7 и 8). Табела бр. 5. Кои претпријатија се поуспешни? Гласале за: Државните Приватните Леви партии 36,9% 63,1% Десни партии 27,9% 72,1% Статистички значајна разлика на 0,05 Табела бр. 6 Државата треба да ги санира претпријатијата во загуба Гласале за: Да Не Леви партии 49,8% 50,2% Десни партии 37,2% 62,8% Статистички значајна разлика на 0,01 223 Како што веќе напоменавме, на овие фактори укажуваат многу истражувачи на постсоцијалистичките демократии, а за Македонија види кај: Мојановски Ц., исто, Сиљановска Давкова Г., исто, Христова Л. “Изборните модели” во Христова и др: Парламентарните избори 98 во Македонија, исто. 194 Табела бр. 7 Во социјализмот се водеше сметка за сите луѓе Гласале за: Да Не Леви партии 81,7% 11,7% Десни партии 72,9% 17,8% Статистички значајна разлика на 0,01 Табела бр. 8 Социјализмот не беше репресивен систем Гласале за: Да Не Леви партии 85,2% 14,8% Десни партии 73,9% 26,1% Статистички значајна разлика на 0,01 Значи, иако и кај едните и кај другите гласачи мнозинството позитивно ги оценува и социјалната/хуманата и политичката димензија на социјализмот, статистичката обработка на податоците сепак укажа на значајна разлика помеѓу гласачите на десницата и левицата. Очекувано, партиската иделогија на десницата придонесе за поголема критичност на нејзините гласачи кон социјализмот, а освен тоа претпоставуваме дека дел од јадрото на десницата го сочинуваат граѓани кои во социјализмот биле репресирани на еден или друг начин. Во едно истражување спроведено во ИСППИ во 2000 година авторите, меѓу другото, констатираат дека во однос на вреднувањето на социјализмот, односно капитализмот, постои една мозаична слика, односно не постои целосна прифатеност или напуштање на стариот во однос на новиот систем. Втората констатација од ова истражување релеватна за нашата анализа е дека партиската припадност на испитаниците не нуди основа за стандардизирано класифицирање на испитаниците224. Се разбира, споредувањето на резултатите од двете истражувања не е можно да 224 Види кај Симоска Е., Габер Н., Бабунски К. Политичката култура на граѓаните во Република Македонија, Институт за социолошки и политичко правни истражувања: Скопје, стр. 53-78 195 се направи, но можеби и резултатите од нашето истражување укажуваат на слични сознанија, иако кај некои дименизии на проблемот партиската припадност по се изгледа во поголема мера се диференцира како фактор на влијание. Албански политички блок На истите прашања, гласачите од албанскиот политички блок исто така покажуваат префенција кон вредностите на левицата, иако процентот на гласачите кои изразиле такви преференции е нешто помал отколку кај Македонците. Единствено и значајно отстапување се забележува кај двете прашања поврзани со социјализмот, при што граѓаните од албанско етничко потекло го вреднуваа негативно во однос на оние од македонско. Разликите во перцепирањето на социјализмот се гледаат од двете наредни табели (9 и 10). Табела бр. 9 Во социјализмот се водеше сметка за сите луѓе Гласале за: Да Не Не знам Македонски партии 72,9% 17,8% 9,3% Албански партии 41,6% 42,8% 15,6% Табела бр. 10 Социјализмот беше репресивен систем Гласале за: Да Не Македонски партии 19,9% 80,1% Албански партии 65,5% 34,5% Би можело да се претпостави дека негативните оценки за социјализмот кај гласачите од албанскиот политички блок се должат како на личното искуство, така и на семејната социјализација кај добар дел од албанската популација, поради нивната недоволна вклученост, како во социјалниот така и во политичкиот живот на државата, и широко распространетата перцепција за дискрими196 нираност за време на социјализмот. Ваквото негативно вреднување е особено видливо кај второто прашање (репресивноста на социјализмот), додека кога станува збор за социјалната димензија на социјализмот, албанското гласачко тело е практично поделено со релативно висок процент на гласачи кои одоговориле - не знам (15,6%). Статистички значајни разлики помеѓу гласачите на ДУИ И ДПА се забележуваат кај следните прашања: - осудата на социјализмот како репресивен систем: додека гласачите на ДУИ во многу голем процент (71,2%) ја прифаќаат ваквата квалификација за социјализмот, таквиот процент кај гласачите на ДПА е битно помал (56,0%); - гласачите на ДУИ во многу поголем процент ја изразуваат својата лева ориентација отколку оние на ДПА, и тоа во однос на прашањата за социјалните разлики (59,4% наспроти 45,5%), и приватното здравство (87,4% наспроти 73,6%) и образование (87,4% наспроти 58,2%)225. Наспроти овие дистирбуции, сосема неочекувано, на прашањето за јавните услуги226 добивме обратна пропорција: гласачи на ДПА- 77,3%, а оние на ДУИ-56,6% (разлика повторно со висока статистичка значајност- 0,01). 4. Дистрибуцијата на либералните и конзервативните вредности кај лојалните гласачи на левицата и десницата Македонски политички блок. Вториот блок прашања се однесуваше на присуството на конзервативните и либералните вредности кај гласачите на левицата и на десницата, и тоа оние лојалните. На 7 поставени прашања (од вкупно 11), добивме таква општа дистирбуција на одговорите која укажува на широко распростанета конзервативна свест кај испитаниците, и ја чини безпредметна анализата на разликите помеѓу гласачите на левицата и десницата. Над 90% од испитаниците (лојални гласачи) се сложуваат со ставот дека се потребни построги казни за намалување на криминалот, дека силните водачи ќе придонесат државата подобро да функционира, 225 Статистичката значајност на разликите е на 0,01. Во овој случај испитаниците го прифатија ставот дека ”државите треба да обезбедат што подобри јавни услуги, иако заради тоа ќе се плакаат поголеми даноци”. 226 197 дека традицијата треба секогаш да се почитува, и изразуваат нетолератност кон хомосексуалците (околу 80% од испитаниците). Нешто помал процент на гласачи ги изразуваат своите конзервативни ставови во однос на тоа дека треба да се бориме за својот народ, без разлика дали е во право или не (73,2%), дека преголемата демократија е штетна (64,9%), дека еднопартиските системи некогаш се подобри во однос на повеќепартиските (54,8%). Кај сите овие прашања речиси и да не постојат разлики во дистрибуциите на одговорите помеѓу гласачите на левицата и десницата, а таму каде што постојат тие не се статистички значајни. Но, на одреден број прашања испитаниците изразија и либерални ставови: сите етнички заедници и сите религии заслужуваат еднаква почит (над 90% од одговорите на лојалните гласачи)227, медиумите треба да имаат потполна слобода (57,5%), политичките лидери не треба секогаш да се следат (56,4%)228. И кај овие прашања партиската припадност не се диференцира како фактор на влијание врз ставовите на испитаниците, што значи дека се општо прифатени ставови/вредности кај сите лојални гласачи. Албански политички блок Кај најголемиотот број прашања и гласачите на партиите од албанскиот политички блок изразуваат конзервативни ставови. Кај некои прашања не само што тенденциите се исти туку и добиените проценти речиси се поклопуваат/се истоветни со оние од македонскиот политички блок (високи казни за надминување на криминалот, потребата од силни водачи, почитување на традицијата, преголемата демократија е штетна, потоа (со нешто помал процент) за односнот кон хомосексуалците, и изразување на ставот дека треба да се бориме за својот народ без оглед дали е во право или не). Својот либерализам во однос на еднаквоста на религиите и етничките зедници скоро во еднаков 227 Ваквите ставови се мошне значајни со оглед на мултикултурниот карактер на македонското општетсво. 228 Беше поставено и прашањето, кое вообичаено се среќава во скалите на вредности кои треба да ги диференцираат конзервативците и либералите- дали политичките лидери водат сметка само за себе или не- и тука, сосема очекувано, добивме мошне висок процент на испитаници кои политичарите ги перцепираат како егоистични субјкети- 92, 9%, што се должи на искуството што граѓаните го имаат со политичките елити во Република Македонија. Во таа смисла, сметаме дека тешко може одговорите на ова прашање да се интерпретираат од гледна точка на некоја вредносна матрица која би индицирала припадност на некоја идеолошка ориентација. 198 процент го споделувааат како и испитаниците од македонско етничко потекло. Има ли сепак разлики во однос на македонскиот политички блок? Статистичката обработка укажа на некои разлики, но тие повеќе посочуваат на неконзистетноста на ставовите во однос на конзервативизмот и либерализмот кај гласачите во Република Македонија, отколку на некои закономерности. Така, македонските гласачи се полиберални во однос на албанските кога станува збор за безпоговорното следење на своите лидери, но поконзервативни во однос на слободата на медиумите и во однос на тоа дека безусловно/секогаш треба да се бориме за својот народ, па и во однос на предноста на еднопартиските системи во споредба со повеќепартиските. Разликите помеѓу гласачите на ДУИ И ДПА се забележуваат кај 4 прашања. Кај прашањата за штетноста од преголемата демократија, и дека треба да се бориме за својот народ без оглед дали е во право или не, дека партиските лидери треба секогаш да се следат, кај гласачите на ДУИ конзервативизмот е пораспространет (статистичка значајност на 0,01). На прашањето за слободата на медиумите лојалните гласачи на ДУИ изразуваат полиберални ставови во однос на оние на ДПА, а кај другите прашања разликите не се значајни (Табела 11). Табела бр. 11 Разлики во конзервативните ставови на албанските гласачите* Преголемата демократија е штетна Треба да се бориме за својот народ без оглед дали е во право или не Медиумите не треба да имаат потполна слобода Политичките лидери треба секогаш да се следат ДУИ 71,1% ДПА 53,6% 78,9% 51,8% 12,6% 22,9% 69,9% 35,8% *Ги прикажуваме само ставовите со статистичка значајност на 0,05 и 0,01 Ваквата дистрибуција на одговори ни овозможи, според добиениот скор на скалата либерализам-конзервативизам, лојалните гласачи да ги групираме во три групи и тоа: либерали, умерени, конзервативци. Кај респондентите и во двата политички блока преовладуваат умерените гласачи наспроти (крајните) либералите, односно (крајните) конзервативците. 199 Слика бр. 1 Проценти на Македонци и Албанци во однос на континуумот либерализам-конзервативизам Македонци Албанци Легенда Либерали 3,1 89,6 4,4 87,3 Умерени 7,6 8,3 Конзервативци 4. Позиционирање на испитаниците кои се лојални гласачи во однос на некои актуелни прашања за Република Македонија Денационализацијата, лустрацијата, Охридскиот договор и оценката дали во Република Македонија има премногу или недоволно демократија беа прашањата за кои побаравме одговор од испитаниците. За овие прашања во јавноста се водеа долги дебати, имаше спротивставени мислења, се “лепеа етикети” (со или без аргументи), во секој случај- прашања околу кои се анимираше јавноста, а партиите ги искористија за соспствената промоција или за девалвирање на противникот, односно за зајакнување на стереотипите. Денационализацијата и лустрацијата, во принцип се поврзуваа со раскинувањето со комунистичкото минато, и повторно ја оживееја дебатата околу тоа дека комунизмот е мртов ама никој не го видел мртовецот. Охридскиот договор, е прашање околу кое се диференцираат оние кои го прифакаат мултикултурализмот, меѓуетничкиот соживот, наспроти оние кои се нетолерантни во однос на другите етнички заедници, националисти итн. Во оваа смисла, би очекувале оние кои гласале за десните партии во голема мера да ги поддржуваат денационализацијата и лустрацијата, а оние кои гласале за левите партии во поголема мера да го прифатат Охридскиот договор. Македонски политички блок Резултатите од анкетата укажуваат дека прашањата за денационализацијата, лустрацијата и Охридскиот рамковен договор се значајни за диференцерирање на гласачите на левцата и десницата. Иако мнозинството лојални гласачи и на левицата и на десницата ја прифаќаат денационализацијата, разликите 200 помеѓу нив се статистички значајни, а кога станува збор за лустрацијата и Охридскиот рамковен договор, тие се дури и на различни (обратни) позиции (види Табела 12). Табела бр. 12 Позитивен став на лојалните гласачи во однос на: Гласале за десни партии Гласале за леви партии Лустрација Охридски рамковен договор 64,9% 41,3% 48,9% 61,9% Денационализација 77,9% 68,1% Одговорите се во рамките на очекуваното со оглед на тоа што еден од главните протагонисти на лустрацијата е ВМРОДПМНЕ, додека кога станува збор за ОРД, иако и двете партии го поддржуваат и реализираат, се смета дека гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ, и самата партија се повеке националистички настроени. И денационализацијата е проект што го спроведуваа и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, но социјалдемократите беа обвинувани за негово опструирање или забавување. Во однос на тоа, дали во Република Македонија има премногу или премалку демократија (стандардно за либералите демократијата е секогаш недоволна/премала, а за конзервативците важи обратниот став), исказите на гласачите упатуваат на доминацијата на конзервативниот став кај испитаниците на двете политички опции. Тоа значи дека преовладува мислењето според кое во државата има премногу демократија, иако веднаш се наметнува прашањето што тие всушност подразбираат под премногу. (Анкетното истражување не ни дава можност да добиеме одговор на тоа прашање). Табела бр. 13 Колку демократија има во Р. Македонија Премногу демократија Недоволно демократија Гласале за десни партии 54,5% Гласале за леви партии 56% 45,5% 44% 201 Гласачите на албанскиот политички блок Висок процент од анкетираните гласачи на ДУИ и на ДПА ги прифаќаат денационализацијата (89,1%) и лустрацијата (79%), (далеку повисок отколку кај македонските партии), но и Охридскиот рамковен договор (71,2%), а кога станува збор за степенот на демократијата во државата 55,3% од испитаниците од албанскиот политички блок сметааат дека сепак има премалку демократија (вообичаено испитаниците од албанско етничко потекло демократијата ја врзуваат пред се за остварување на своите колективни права). Разликата со дистрибуцијата добиена кај испитаниците од македонскиот политички блок е значајна. За одбележување е дека и на двете последни прашања постојат значајни разлики помеѓу гласачите на ДУИ и ДПА (види Табела 14). Табела бр. 14 Разлики во ставови кај гласачите на партиите ДУИ Недоволно демократија во РМ 64,3% ОРД придонесе за полит. стабилизација 80,4% ДПА 41,8% 58,2% * Статистичка значајност на разликите на 0,01 На што се должат овие разлики? Незадоволството од степенот на демократијата во Република Македонија кај гласачите на ДУИ би можел да се објасни со фактот што партијата беше во опозиција во време на спроведувањето на анкетата, при што манифестираше силно незадоволство (вклучувајки го и бојкотирањето на Парламентот) поради невклучувањето во власта.229 Што се однесува до Охридскиот рамковен договор, изразеното незадоволство на ДПА најверојатно се должи на фактот што вооружениот конфликт во 2001 година (и потоа потпишаниот Охридски договор), во некоја смисла ја делегитимираа ДПА, која за време на избувнувањето на конфликтот беше еден од коалициските партнери во 229 На изборите во 2006 година ДУИ освои повеќе гласови од ДПА и сметаше дека победничката партија која ја вормираше владата- ВМРО-ДПМНЕ, треба да го избере ДУИ како албански партнер во власта (Уставот не предвидуваше таква обврска за мандатарот). ВМРО-ДПМНЕ сепак го избра својот стар коалициски партнер - ДПА што предизвика жестока реакција од челниците и членството на ДУИ. 202 власта. Во исто време, конфликтот ја исфрли на политичката сцена ДУИ230, која стекна голема популарност кај албанските гласачи. 5. Позиционирање на конзервативците и либералите на линераниот спектар левица-десница Едно од прашањата кои се поставуваат во теоријата, а се поврзани со позиционирањето на политичките субјекти на идеолошкиот спектар, е и она дали и како е можно да се поврзат ординатата и апцисата на дводимензионалниот политички спектар231. Вообичаено, модерната или тн. Нова десница во етаблираните демократии се посматра како конструкт на либерални вредности во економската сфера (неолиберализам) и конзервативни вредности во општествената сфера (неоконзервативизам). Модерната левица, пак, се залага за “социјалистичките” вредности (во смисла на социјално пазарно стопанство, посилна регулација од страна на државата) во економската сфера и за либерални вредности во општетсвената сфера. Некои од истражувачите на посткомунистичките општества сметаат дека во новите демократии функционира еден друг модел на однесување, а тоа е дека посткомунистичката десница ги прифаќа либералните вредности во економската сфера (неолиберализмот), но не и конзервативните во општетсвената. Напротив, велат тие, таа се залага за либерални вредности и во сферата на политиката и на останатите општествени прашања, сврзани, на пример за т.н. постматеријални вредности.232 Некои автори тоа го нарекуваат културен либерализам. Овие анализи ги земаат предвид, пред се, политичките партии, како основни политички актери кои ја обликуваат политичката сцена во секое општетсво. Во нашата анализа ќе се осврнеме на граѓаните, како поединечни политички актери, сакајќи да покажеме како граѓаните кои ние ги рангиравме како либерали и конзервативци се позиционираат на линераниот спектар левица-десница233. Како што прет- 230 ДУИ се појави како политичко крило на ОНА - воената формација на Албанците која во 2001 година се бореше против македонските вооружени сили. 231 За политичките спектри види повеќе кај Heywood A. Political ideologies, second edition, Palgrave, 1998 pp. 16-19 232 Види кај Vachudova M. A. “Centre-right parties and political outcomes in East Central Europe”. Party Politics, 2008: 14 (4) pp.387-405, Ktschel H. 1996 233 Категориите конзервативци и либерали се издвоени врз основа на нивниот скор добиен од одговите дадени на скалата конзеравтивни-либерални вредности. 203 ходно покажавме, големото мнозинство испитаници според својот скор се вбројуваат во т.н. умерени избирачи. Помал број од нив кај кои е евидентиран висок скор на либерални односно конзервативни вредности, да ги наречеме крајни/ недвосмислени либерали и козервативци, ќе бидат предмет на нашата анализа. Прашањето е, каков е нивниот однос кон вредностите на левицата и десницата, како што се стандардно поставени на линеарниот идеолошки спектар или кон “социјалистичките” и “капиталистичките” вредности, како што тоа често се нарекува во непосредната комуникација на граѓаните. Сосема накратко: анализата на одговорите од анкетата укажува дека либералите ги поддржуваат десните или “капиталистичките” вредности, додека конзервативците ги подржуваат левите или “социјалистичките” вредности. Кај сите поставени прашања овие разлики се покажаа многу значајни (статистичка значајност на 0,01), Tабела 15. Значи, не се работи за самопозиционирање, туку за позционирање од страна на истражувачите. 204 Табела бр. 15 Ставови на либералите/конзервативците за социоекономски прашања Леви-десни вредности (ставови) Социјалните разлики во едно општество треба да бидат што помали Приватните претпријатија се поуспешни од државните Во социјализмот се водеше сметка за сите луѓе Сите граѓани треба да добијат исти здравствени услуги (приватно-државно здравство) Државата треба да ја обезбеди социјалната сигурност на своите граѓани Постоењето на што поголем број државни претпријатија ќе и користи на економијата На сите граѓани треба да им се овозможи образование со ист квалитет (државноприватно) Во социјализмот луѓето имаа доволно големи слободи Во одлучувањето за главните прашања за развој на фирмите треба да бидат вклучени и работниците Државите треба да обезбедат што подобри јавни услуги (образование, здравство, култура, социјална заштита), иако заради тоа ќе се плаќаат поголеми даноци % од либералите кои го поддржуваат ставот 45,5% % од конзервативците кои го поддржуваат ставот 77,5% 86,2% 38,0% 18,2% 78,4% 62,1% 89,2% 56,1% 76,6% 31,8% 71,6% 60,6% 80,2% 38,6% 73,1% 45,5% 75,5% 81,8% 63,1% Што се однесува до специфичните прашања кои се однесуваат на Република Македонија, иако и двете категории избирачи ги подржуваат процесите на денационализација, лустрација, како и Охридскиот рамковен договор, помеѓу нив сепак постојат значајни разлики во однос на ширината на поддршката и тоа кај две пра205 шања. Сепак, најголеми и најзначајни се разликите кај прашањето на демократијата: се работи всушност за различни тенденции. Табела бр. 16 Разликите и сличностите помеѓу либералите и конзервативците во однос на актуелните прашaња во РМ Категори и на гласачи Либерали Поддршка за лустрација Поддршка за денационализација 87,9% 60,6% Поддршка за ОРД Поддршка за повеќе демократија 61,5% 74,2% 34,2% 60.9% 60,0% 53,2% Конзерватив ци Забелешка: кај прашањата за ОРД и лустрацијата не постои статистичка значајност на разликите. При толкувањето на овие резултати треба да се има предвид дека најголемиот процент на гласачите на партиите на левицата и десницата спаѓаат во категоријата на умерени гласачи, а дека (крајните) либералните и конзервативните гласачи ги има во сите анализирани партии. * * * Добиените одговори во анкетата не ни даваат за право да диференцираме различни вредносни профили на гласачи на македонската политичка сцена, при што партиската преференција би бил силен селективен фактор во структуирањето на таквите профили. Кога станува збор за позиционирањето на линеарниот спектар левица-десница, резултатите укажуваат за широка распространетост на т.н. леви вредности, што е во рамките на очекувањата кога се знае социоекономската положба на голем дел од населението, неиздиференцираната социјална структура и наследената егалитаристичка свест. На скалата конзервативизам-либерализам, мнозинството од гласачите според своите искази се вбројуваат во категоријата конзервативци, иако според нивниот скор на скалата Л/К тие се, пред се, умерени, а не крајно/изразито конзервативни гласачи. Ваквите ориентации ги споделуваат гласачите и на албанскиот и на македонскиот политички блок, како и гласачите на левицата и десницата. Разликите кои сепак постојат на овие две нивоа на анализа укажуваат дека се работи, најверојатно, за ставови на испитаниците формирани низ нивното лично (и фамилијарно) искуство со одредени процеси и односи во транзицискиот период или во времето на комунизмот. 206 д-р Елеонора Серафимовска ПЕРСОНАЛНАТА ДИМЕНЗИЈА СОЦИЈАЛЕН КОНФОРМИЗАМ – ЛИЧНА АВТОНОМИЈА, НЕЈЗИНИТЕ ПРЕДИКТОРИ И МАНИФЕСТАЦИИ ВО СФЕРАТА НА ПОЛИТИЧКИОТ ЖИВОТ НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 1. Личноста и политиката Експресијата на личносните карактеристики во политичкото однесување е забавен, но иствремено и многу важен аспект на најголемиот број истражувачки потфати. За време на Виетнамската војна и подоцна за време на скандалот Вотергејт (Watergate), “системот” беше тој кого постојано го обвинуваа за американските национални проблеми. И нашата историја (македонската) носи многу обвинувања за поранешниот или поранешните системи, кои патем беа критикувани за многу наши неуспеси во разни сфери на политичкото живеење. Политичкиот систем е навистина значаен (ако не и определувачки) во контекст на давањето на луѓето можности да манифестираат определени видови на однесување, како и лимитирање на други видови на однесување. Но, разбирањето на политичкиот систем е само дел од разбирањето на политиката; разбирањето на улогата на личноста и интеракцијата на личноста и системот е исто така витален аспект. И личноста и системот се есенцијални и мора да бидат во фокусот на истражувањата. ”Личноста и политиката” сега е една од најпопуларните истражувачи арени во политичката наука, и се уште во голем дел го привлекува вниманието на психолозите и на социолозите кои ги анализираат политичките фенмени, како и научниците од политичките науки обучени во областа на психологијата. Политиката започнува со луѓето: со “обичните” мажи и жени чии гласови, буквално, на политичките лидери им ја даваат секоја моќ што тие ја уживаат, и чии постизборни согласувања или 207 несогласувања историски детерминирале колку таа моќ била искористена и манифестирана. Луѓето имаат личност. Улогата на личноста во политиката е честопати дискутирана во термини на личностите на политичарите; но, личните квалитети на “обичните” граѓани исто така помагаат во исцртувањето на контурите на политичкиот курс на нацијата. Личноста е индивидуална психолошка категорија, но секогаш треба да ја разгледуваме како резултат на вкупните општествени случувања, на целокупната историја и историско наследство и на конкретната положба на поединецот во општеството, како и на непосредното опкружување во кое поединецот се формирал како возрасна, зрела, а со тоа и политичка личност. Личноста и политичкото однесување Еден од најексплотираните, најистражуваните концепти во областа поврзана со Личноста и Политиката е концептот на авторитарна личност, и со него, тесно поврзаниот концепт на конформизам. Имено, персонални димензии кои најчесто биле употребувани во дискусиите на политички теми со добар психолошки осврт се, секако, авторитарноста и конформизмот. Авторитарност Поимот авторитарна личност, што во литературата изворно го вовел Фром (Fromm), станал еден од најчесто наведуваните концепти, со кој се објаснува расчекорот помеѓу општествените барања од една, и можностите на поединецот од друга страна. Авторитарноста се сфаќа како губење на индивидуалноста, “сопственоста”, отуѓување од човечките можности. За Фром авторитарноста е резултат на атомизираните услови на живот во современото граѓанско општество, во кое дошло до распад на традиционалните вредности, услови во кои се нашол “осамениот” човек, ослободен од стегите на непосредната контрола на примарната заедница, соочен со “слободата” својата работна сила да ја продава на пазарот, но вооедно и недоволно оспособен својот човечки потенцијал креативно да го развива и да создава визии за новото време, да ја “освојува слободата за”. Таквиот човек, ослободен од стегите на традиционалните врски, но беспомошен било што да направи со слободата, е “благороден” објект за манипулација и станува податна глина во рацете на општеството. Токму таа можност 208 за некритичко прилагодување на постоечкото, му овозможува на “поединецот” воспоставување секундарни врски, наоѓање нов идентитет и чувство на сопствено припаѓање. (според Siber, 1998) Со авторитарноста се означува синдром на психолошки особини кои ги поседува неслободниот поединец во неслободното општество. (Fromm, 1941) Со него Adorno се обидел да ги објасни антидемократската ориентација, етноцентризмот и конзервативизмот. Авторитарната личност е онаа која бара авторитет во кој би верувала, авторитет кој би и пружил сигурност и извесност, а во исто време тоа е личност подготвена на ист начин да се постави спрема оние, кои од неа зависат, и да инсистира на својот авторитет во хиерахијата. Живеејќи и социјализирајќи се во рамки на авторитарните односи во семејството, религијата, државата, поединецот бара сигурност во таткото, Господ или во власта. Во ситуации на општествена криза, несигурност, губење на перспектива, поединецот бара “татко на татковината”, “водач”, или “Месија”. Токму тој преовладувачки авторитарен карактер е “благородна” почва за разни облици на манипулација, а посебно за внатрешна - во групата - хомогенизација и за искажување на агресија кон надворешните групи. Предрасудите се составен дел на таквиот карактер, а нивното изразување зависи само од надворешните услови (кризи, закани фрустрации). (Siber, 1998) Авторитарноста е несомнено еден од поимите за кои мошне често се говори последниве години, најчесто во негативна смисла: како појава која е спротивна на процесите на демократизација и на афирмација на човековите права. Во таа смисла, авторитарноста го оневозможува поединецот во прифаќањето и во практикувањето како на правата и слободите на другите, така и на сопствените. За авторитарната личност е туѓа идејата за демократија, човекови права и слободи, самоиницирачки личен раст и развој, идејата за отвореност кон промени, рамноправност, храброст да се биде различен или поинаков од другите. Во рамките на официјалната политичка култура, авторитарноста е дефинирана како недвосмислено негативна вредност, со напор за изнаоѓање механизми за намалување на нејзината распространетост кај граѓаните. Неретко, авторитарноста се третира како своевиден алиби за сите недемократски поведенија, при што речиси редовно е карактеризирана како продукт на поранешните политички системи и односи. 209 Конформизам Еден од составните делови на авторитарната структура на личност е конформизмот. Односот на заедничкото и поединечното, групното и самостојното, општествено прифатливото и прилагодено однесување, како и она што отстапува од општествените норми, е проблем на конформизмот со постоечкото, без оглед какво е тоа постоечкото, и напорот за самостојно одговорно однесување. Заедничиот живот, меѓусебната зависност на луѓето, доведува до низа социјални процеси кои ја одредуваат содржината, обликот и начинот на дејствување на поединецот и групата во општествените процеси. Конформноста со општествените норми, соработката меѓу припадниците на групата и одговорноста за зедничките цели - се основа за социјална интеракција. Со оглед на тоа дека тие облици на интеракција се важни за општествената егзистенција, секое општество тежнее да ги институционализира како културни вредности, и низ процесот на социјализација да формира поединец кој во основа е конформист, кооперативен и социјално одговорен. Секој поединец живее во општество во рамки на заедничката култура, се конформира со основните улоги во културата и општеството. Од најраното детство се прилагодува на облиците на однесување кои од него ги очекуваат родителите, врсниците, училиштето и сите разни облици на општествено дејствување. Според тоа, во тој контест, конформизмот означува општествена прилагодливост, прифаќање на заедничкиот вредносен состав и норми на однесување. Така сфатен конформизмот е претпоставка за заедничката егзистенција, меѓусебните односи во општеството, заемното почитување и толеранција. Исто така, како што општетвото е социјален систем кој тежнее кон свое одржување, тоа и се менува, бара нови идеи и обиди, самостојност и разноликост во осмислувањето на новите ситуации, во барањето одговори на предизвиците со кои се соочува на разни нивоа од својот развој. Конформизмот, во значење на прилагодување, овозможува стабилност, но ја оневозможува промената. Во кризни систуации, во ситуации на поголеми или помали промени, кога се крши или кине воспоставената рамнотежа на општествените односи и со социјализацијата условената врска помеѓу одредени ситуации и облици на однесување, се создава јаз, несклад помеѓу човекот и ситуацијата и се јавува потреба за нејзино надминување. Секоја промена (во историска смисла) значи и стекнување на слобода, ослободување од претходните односи, барања и притисоци. Стекнатата слобода е чекор напред само тогаш кога 210 нарушениот склад може конструктивно да се надмине. Во спротивно, “ослободениот” човек ја бара својата сигурност во авторитетот на другиот, таткото, групата, Господ или државата- и останува неслободен. Поимот конформизам значително почесто се употребува во ова, второто, значење, според кое означува изразито и некритичко прифаќање на групните норми без сопствено осмислување на фактите и на сопствениот став, прикривање на сопствените интереси и слабоста за заронување во безличноста на групата. Конформистот е поединец кој не сака да го преземе ризикот за вложување во нешто ново, чија основна цел е лична сигурност и неповредливост, а не промена, создавање и борба. Овие две различни употреби на поимот конформизам не се исклучуваат и не треба да се разгледуваат како меѓусебно спротивставени полови на еден континуум. Имено, тука се работи за две квалитативно различни појави. Во првиот случај станува збор за потребата од прифаќање на одредени начини на однесување како претпоставки за реализација на заедничките вредности, а во другиот за самостојноста како претпоставка за понатамошен развој. До конформизам како негативен процес доаѓа и во едниот и во другиот случај, и тогаш кога поединецот не ги усвоил заедничките основи на однесување и вредности нужни за системот во целина, па некритички го прифаќа влијанието на групата, поединецот, државата, како и тогаш кога нема храброст и сила самостојно да се определи и ангажира, па некритичи се вклопува во постоечкото. Според тоа, потребно е да се развиваат конформни облици на однесување во смисла на заедништво, испреплетување на поединецот и групата во заедничката акција, но и да се инсистира на разбирање на целите на таквото однесување, односно на формирање на таква личност која тежнее кон лично разбирање и осмислување, која критички ги преиспитува содржините на социјализација и самостојно се определува. Влијанието на авторитарноста, а со неа и на конформизмот, врз политичкото однесување на поединецот е двојно; од една страна високиот степен на авторитарност, која делумно е условена и со непосредните социјални фактори, доведува до политичка пасивност, а од друга страна, авторитарноста доведува до потребите на поединецот да биде прифатен, да биде дел од целината и на тој начин ја насочува ативноста кон одредени облици на групно однесување, однесувања важни за функционирање на политичките системи. Токму затоа, овие два концепта, кои во голем дел го објаснуваат политичото однесување, беа во фокусот на анализата на политичите идентитети во РМ. 211 2. Димензијата социјален конформизам-автономија на Фелдман (Feldman) и ревидирана верзија на инструментот користен за нејзино мерење Иако истражувањата на авторитарноста долго време привлекувале голем број истражувачи, многу прашања за конструктот останале без успешна разработка. Фелдман, во 2003 година, понудил нова концептуализација за феноменот на авторитарноста која обезбедува база за мерење и конструкција на скала, а тоа, од своја страна, овозможува специфични предвидувања за условите под кои се јавуваат предрасудите и нетолеранцијата. Оваа концептуализација е вкоренета во тензијата што се појавува како универзална карактеристика на човековата цивилизација: конфликтот меѓу социјалниот ред, основан врз социјалниот конформизам, и желбата за максимизирање на личната автономија. Начинот на кој луѓето ќе се справат со овој конфликт води кон релативна преференција на вредностите на социјален конформизам и лична автономија. Таа вредносна димензија, аргументирал Фелдман, е база за феноменот на авторитарноста. Имено, Фелдман се обидел да покаже дека корисен начин за развивање на концептот за авторитарноста е кога ќе се консулираат човековите ориентации кон општеството и, поконкретно, конфликтот, судирот меѓу индивидуaлните права и добросостојбата на социјалните единки. Фелдман во својата анализа започнува со луѓето кои ја вреднуваат личната автономија над социјалниот конформизам. Ваквата перспектива би требало да биде асоцирана со верувањето во способноста на слободно ориентираните автономни индивидуи за стабилен социјален ред. И најважното- вреднувањето на личната автономија над социјалниот конформизам би требало да значи и силна аверзија кон правилата и непослушност кон диктатурата од општеството. Кои се, пак, централните карактеристики на оние кои силно го вреднуваат социјалниот конформизам? Еден од факторите што би можел да доведе до желба за конформизам е попесимистичкиот поглед на човековата природа. Не е потребно да се верува дека луѓето по природа се антисоцијални, доволно е да се верура дека, доколку се остават сами на себе, луѓето ќе инсистираат на сопствениот интерес и ќе се однесуваат онака како што ќе изберат, а тоа нема да води кон стабилен социјален ред. Затоа, на луѓето им е потребен “водич“ за социјално прифатените норми и правила на однесување, соодветни на социјалното опкружување. (Фелдман, 2003) Иако релативната преференција за социјален конформизам над личната автономија не значи дека луѓето се против 212 развој на “уникатните“ (единствени) таленти и личности, сепак тие имаат желба за ограничување на разновидноста, различноста во општеството. Разновидноста во исто време е и индикатор дека луѓето не се конформираат со заедничките социјални норми, но, и потенцијална закана за одржување на тие норми. Истите тие кои го вреднуваат социјалниот конформизам обично се силни поддржувачи на владата и, посебно, на владината моќ за сузбивање на неконформизмот. Димензијата социјален конформизам-автономија, Фелдман ја мерел со серија од 17 ајтеми наведени во пар, со цел да се истакне контрастот помеѓу двете вредности. Ајтемите биле групирани во 5 категории кои ги илиустрираат различните аспекти на оваа димензија. Сепак, во истражувањето чии резултати ќе бидат прикажани, беше зададена скратена и ревидирана верзија на оригинален инструмент на Фелдман, пред се од две причини. Прво, оригиналниот Фелдманов инструмент за испитување на димензијата социјален конформизам-автономија беше зададена во септември 2007 година, во пилот истражувањето кое претходеше на националната студија Политички идентитети во РМ. Податоците зборуваа во прилог на недискриминативноста на некои ајтеми на македонска популација, кои значеа менување и/или отфрлање на истите. Второ, спомнатата национална студија се аплицираше на реперзентативен приемерок на територијата на РМ, кој секако вклучува поединци со низок степен на образование, како и припадници на малцинства кои не го зборуваат течно македонскиот јазик, а кој од своја страна бара едноставни и разбирливи прашања. Следствено, оригиналната верзија на Фелдман трпеше промени и резултираше со едноставен, лесно разбирлив инструмент од 10 тврдења презентирани во пар, а испитаниците требаше да се изјаснат за едно од понудените тврдења. 99,1% од целокупниот примерок одговори на сите десет тврдења наменети за мерење на димензијата социјален конформизам- автономија. 3. Добиени резултати- предиктори и манифестации на димензијата социјален конформизам – лична автономија Националната студија за политичките идентитети во Република Македонија беше спроведена на 1600 испитаници, од кои 1584 комплетно ја пополнија скалата социјален конформизам- 213 автономија (скалата имаше α=0,74). Димензијата социјален конформизам-автономија ја имаше следната распространетост: Табела бр.1 Фрекфенции и проценти на испитаници на скалата социјален конформизам-автономија Димензија социјален конформизам – автономија “Автономци” Умерени социјални конформисти Социјални конформисти Фрекфенции 138 1132 314 1584 Проценти 8,7 71,5 19,8 100% Вкупно Најголемиот број испитаници спаѓаат во групата на умерени социјални конформисти (71,5%); социјални конформисти се во поголем процент од оние кои ја поддржуваат автономијата. Демографските варијабли како предиктори на димензијата социјален конформизам – автономија Вид на населено место Видот на населеното место или поинаку кажано- урбано/руралната средина не се покажа како значаен предиктор на димензијата социјален конформизам-автономија (понатаму во текстот СК-А). Луѓето од градската средина не се разликуваат од луѓето од селската средина по нивната преференција за социјален конформизам или пак- автономија. Големина на семејство Големината на семејството во кое живеат испитаниците (поточно бројот на членовите со кои испитаниците живеат), како и големината на приходот на семејството во кое живеат, не се покажаа како значајни предиктори на димензијата СК-А. Пол Во истражувањето, родовата припадност се покажа како значаен предиктор на димензијата социјален конформизам автономија. Жените се конформисти во поголем степен во споредба со мажите. 214 Табела бр.2 Пол и димензијата социјален конформизам автономија ПОЛ МАШКИ % во рамки на полот % во рамки на конформизмот ЖЕНСКИ % во рамки на полот % во рамки на конформизмот Вкупно χ² Социјален конформизам - автономија Автономни Умерени Соц.конфор мисти 85 586 142 10,5% 72,1% 17,5% 61,6% 51,8% 45,2% 53 546 172 6,9% 70,8% 22,3% 38,4% 48,2% 54,8% 138 100% 1132 314 100% 100% Вредност df Значајност 10,594 2 0,005 Вкупно 813 100% 771 100% 1584 P<0,01 Возраст Возраста на испитаниците се покажа како значаен предикатор на испитуваната димензија, при што, колку повеќе години имаа испитаниците толку повеќе растеше скорот на скалата на социјален конформизам (r = 0,252, p<0,01). Најголема разлика беше забележана помеѓу оние испитаници кои беа на возраст од 18 до 27 години и оние кои беа на возраст над 68 години. Имено, 14,1% од испитаниците на возраст од 18 до 27 години, а 37,5% од испитаниците на возраст над 68 години се изразити социјални конформисти. Етничка припадност Кога во центарот на вниманието ни е етничката припадност тогаш можеме да кажеме дека разлика во димензијата СК-А има само помеѓу Македонците (мнозинството) и Албанците- најбројното малцинство во Република Македонија, при што поголем просечен скор на скалата на социјален конформизам е карактеристичен за мнозинството, односно за Македонците. 215 Табела бр. 3. Етничка припадност и димензијата социјален конформизам автономија Македонец/ка Албанец/ка N 1139 366 M 15,64 15,19 SD 2,239 2.080 T 3.393 p< 0,01 Степен на образование Скорот на димензијата СК-А расте и кога расте и степенот на образование кај испитаниците, па така, во спроведеното истражување испитаниците со високо образование, во однос на димензијата СК-А, се разликуваат најмногу од оние кои немаат никакво образование, имаат незавршено или завршено основно, при што, повисокото образован е асоцирано со ставови кои ја поддржуваат автономијата повеќе од социјалниот конформизам (χ² = 57,828, df = 8, p<0,01). Само како илустрација: 1,6% од испитаниицте што имаат завршено основно, а 10,2% од оние со завршено више и високо спаѓаат во групата со низок скор на социјален конформизам; или, 32,0% од испитаниицте што имаат завршено основно, а 15,5% од оние со високо спаѓаат во групата со висок скор на истата скала. Накратко, очекувано добри предиктори на персоналната димензија социјален конформизам – автономија се родовата припадност, возраста, етничката припадност и степенот на образование. Жените, повозрасните, мнозинството во државата и помалку образованите се тие кои се социјални конформисти во поголем степен. Манифестации на димензијата социјален конформизам- автономија Манифестациите на димензијата СК-А се сфатени во насока на ставовите на индивидуите кон повеќе важни општествено политички прашања и појави, и тие, заради полесно разбирање, се групирани во неколку сегменти: конзервативни-либерални ставови, вредности поврзани со линеарниот спектар левица-десница, и ставови поврзани со изборите како демократска појава во едно општество. 216 Димензијата СК-А и конзервативно-либералните ставови Скалата конзеравтивизам-либерализам содржеше 12 тврдења од Ликертов тип. Резултатите ја потврдија основната хипотеза дека социјалниот конформизам е поврзан со конзервативните ставови. Индивидуите со повисок скор на скалата СК-А имаат и повисок скор на скалата конзервативизам –либерализам (r = 0,28, p<0,01). Табела бр.4 Испитаници на конзервативно-либералните ставови скалата СК-А и скалата за Социјален конформизам - автономија КонзервативизамЛиберализам Либерали % во рамки на скалата конзервативизамлиберализам % во рамки на скалата соц. конформизам – автономија Умерени % во рамки на скалата конзервативизамлиберализам % во рамки на скалата соц. конформизам – автономија Конзервативци % во рамки на скалата конзервативизамлиберализам % во рамки на скалата соц. конформизам – автономија Вкупно χ² АВТОНОМЦИ УМЕРЕНИ СОЦИЈАЛНИ КОНФОРМИСТ Вкупно 21 31,8% 43 65,2% 2 3,0% 66 100% 15,6,% 3,9% 0,6% 109 7,9% 1008 73,1% 262 19,0% 38,4% 48,2% 54,8% 5 4,5% 60 54,5% 45 40,9% 3,7% 5,4% 14,6% 135 100% Вредност 83,559 1111 100% df 4 309 100% Значајност 0,000 1379 100% 110 100% 1555 P<0,01 Индивидуите повисоко на скалата на социјален конформизам ги поддржуваат и се согласуваат со ставовите дека: за да се намали криминалот потребни се построги казни, за подобро функционирање на државата потребни се силни водачи, дека преголемата демократија е штетна, дека традицијата треба да се почитува, а политичките лидери да се следат, дека еднопартиските системи 217 некогаш се подобри од повеќепартиските, а медиумите во голем дел треба да бидат цензурирани и контролирани од државата. Интересен податок беше тоа што, само со две тврдења димензијата СК-А не беше поврзана во претпоставената насока. Тие тврдења се однесуваат на еднаквата вредност и почитта кон различните религии и етнички заедници. Тука, најголем дел од испитаниците, без разлика дали повеќе го вреднуваат социјалниот конфомизам или автономија, сметаат дека сите религии и сите етнички заедници се подеднакво вредни и заслужуваат еднаква почит. Димензијата СК-А и леви-десни вредности Во инструментот користен во националната студија Политички идентитети беа наведени 11 тврдења кои имаа за цел да ги откријат ориентациите на испитаниците во однос на економскосоцијалните прашања (класичната скала лево-десно). Анализата донесе многу интересни резултати кои зборува за тоа дека социјалистичките идеи се асоцирани со преференцијата за социјалниот конформизам, но дека има и идеи за кои социјалните конформисти и “автономци” не се разликуваат, односно подеднакво ги поддржуваат. Во табелата што следи се наведени неколку тврдења (ставови) и процентот на двете групи испитаници (конформисти и автономци) кои се согласуваат со истите. 218 Табела бр.5 Процент на социјални конформисти и “автономци” кои ги поддржуваат вредностите на скалата лево-десно Леви-десни вредности (ставови) Социјалните разлики во едно општество треба да бидат што помали Приватните претпријатија се поуспешни од државните Во социјализмот се водеше сметка за сите луѓе Претпријатијата во загуба треба сами да се борат за својот опстанок Сите граѓани треба да добијат исти здравствени услуги Државата треба да ја обезбеди социјалната сигурност на своите граѓани Постоењето на што поголем број државни претпријатија ќе и користи на економијата На сите граѓани треба да им се овозможи образование со ист квалитет Во социјализмот луѓето имаа доволно големи слободи Во одлучувањето за главните прашања за развој на фирмите треба да бидат вклучени и работниците Државите треба да обезбедат што подобри јавни услуги (образование, здравство, култура, социјална заштита), иако поради тоа ќе се плаќаат поголеми даноци % од автономците кои го поддржуваат ставот 52,2% % од соц.конформ. кои го поддржуваат ставот 71,3% 80,4% 52,2% 26,1% 75,2% 66,7% 50,3% 65,9% 84,0% 58,7% 77,7% 35,5% 72,4% 61,6% 77,1% 48,8% 81,6% 50,7% 69,3% 74,5% 82,6% Податоците пожуваат дека поголемиот број од индивидуите кои го поддржуваат социјалниот конформизам над автономија - ги подржуваат и ставовите дека, социјализмот водел сметка за сите 219 луѓе подеднакво (75% од социјалните конформисти а 26,1% од автономците го поддржуваат овој став); во социјализмот луѓето имале доволно големи права и слободи (81% од социјалните конформисти а 48,8% од “автономците” го поддржуваат овој став). Став по кој исто така се разликуваат испитаниците долж континуумот социјален конформизам – автономија е ставот постоењето на што поголем број државни претпријатија ќе и користи на економијата. 72,4% од социјалните конформисти и 35,5% од автономците го поддржуваат овој став, а 27,6% од социјалните конформисти и 64,5% од “автономците” го поддржуваат спротивниот став, дека постоењето на таков вид претпријатија нема да и користи на националната економија. “Автономците” во далеку поголем број, споредено со социјалните конформисти, го поддржуваат и ставот дека приватните претпријатија се поуспешни од државните и дека претпријатијата во загуба сами треба да се борат за својот опстанок. Ставови по кои се согласуваат поголемиот број и од социјалните конформисти и од оние кои ја поддржуваат автономијата се оние кои зборуваат за подеднакво образование и здравствени услуги за сите граѓани во општеството. Дека сите граѓани треба да добијат исти здравствени услуги сметаат 84% од социјалните конформисти и 66% од оние кои ја поддржуваат автономијата, а тоа дека на сите граѓани треба да им се овозможи образование со ист квалитет сметаат 77,1% и 61,6% од “автономците”. Во оваа насока е и ставот дека државата треба да обезбеди што подобри јавни услуги иако за тоа ќе се плаќаат поголеми даноци (74,5% од “автономците” и 82,6% од социјалните конформисти се сложуваат со споменатиот став). Димензијата СК-А и изборните однесувања Како основен облик на стекнување на власта во демократските општества, изборните процеси рано го привлекле вниманието и на политичарите и на научниците кои се интересираат за политичките феномени. Интересот е прагматичен и разбирлив: треба да се проучи определувањето на бирачкото тело и можноста за дејствување врз таквото определување, како определена партија, идеи или луѓе би се пробиле во прв план и би добиле политичка власт во одредено општество. Изборните процеси се процеси на социјална акција со кратко траење, но со голем интензитет, во кои во една единствена одлука се рефлектираат многу социјални и психолошки детерминанти на човековата активност. 220 Во истражувањето спроведено со цел да се идентификуваат политичките идентитети во РМ, на испитаниците им беа поставени и неколку прашања во врска со изборите, а резултатите од анализата ќе бидат претставени во текстот што следува. Димензијата СК-А и интересот за политика и изборната партиципација Многубројните анализи на податоците од изборите, а подоцна и од анкетите ширум светот, покажуваат дека вистинските однесувања на бирачите е далеку од општите прокламирани поставки на демократското општество, во кое сите полнолетни граѓани со своите изборни одлуки влијаат на политичките процеси во општеството во кое живеат. Анализите укажале на голема распространетост на политичка пасивност, која можеби најјасно е изразена во изборната апстиненција. Прашањата за причините за таквата незаинтересираност во прв план го поставува прашањето за политичка заинтересираност воопшто. За да би се одговорило на тие прашања се прават обиди да се воочат општите особини на пасивните бирачи. При тоа, истражувачите во оваа област во прво време се ограничиле на анализа на демографските и социјално-економските категории, не заборавајќи дека интерпретацијата на резултатите не може да ги заобиколи социјално-психолошите категории, кои се интервенирачки варијабли помеѓу тие особини и изборната одлука, во овој случај партиципацијата. Најчесто споменувана психолошка варијабла во контекст на изборната партиципација повторно е конформизмот. Очекувањата на истражувачите се во насока на претпоставката дека конформистите во поголем степен го чувствуваат групниот притисок што од нив бара да ја извршуваат својата граѓанска должност. Во таа насока, во истажувањето на политичките идентитет во РМ, социјалниот конформизам беше анализиран во контекст на интересот за политика, значењето што им се придава на изборите и самата излезност на изборите. Анализата покажува дека индивидуите кои различно го вреднуваат социјалниот конформизам не се разликуваат меѓусебно по нивниот интерес за политика, ниту по тоа колкаво значење им даваат на изборите воопшто, но се разликуваат по тоа колку редовно излегуваат на избори. Имено, најголем процент од индивидуите кои го вреднуваат социјалниот конформизам над автономијата, редовно (секогаш) излегуваат на избори, додека најголем број од оние кои ја вреднуваат личната автономија над социјалниот конформизам - никогаш не излегуваат на избори. 221 Табела бр.6 Испитаници на скалата СК-А и излезност на изборите Излезност на избори Редовно % во рамки на изборна излез. % во рамки на скалата СК-А Често % во рамки на изборна излез. % во рамки на скалата СК-А Ретко % во рамки на изборна излез. % во рамки на скалата СК-А Никогаш % во рамки на изборна излез. % во рамки на скалата СК-А Вкупно χ² Социјален конформизам - автономија СОЦИЈАЛНИ АВТОНОМЦИ УМЕРЕНИ КОНФОРМИСТИ 50 648 171 5,8% 74,6% 19,7% 36,2,% 57,2% 54,5% 29 8,0% 260 71,4% 75 20,6% 21,0,% 23,0% 23,9% 35 14,1% 157 63,1% 57 22,9% 25,4% 13,9% 18,2% 24 23,5% 67 65,7% 11 10,8% 17,4% 5,9% 3,5% 138 100% Вредност 52,451 1132 100% df 6 314 100% Значајност 0,000 Вкупно 869 100% 364 100% 249 100% 102 100% 1584 P<0,01 Димензијата СК-А и изборната ориентација Изборите се облик на политичка борба која во својата основа е борба на интереси. Политичките партии кои претставуваат алтернативи во изборната ситуација, барем теоретски, се репрезенти на различните интереси во секое општество. Изборната ориентација е резултат на кобинацијата на три фактори (најчесто споменувани): влијанието на своевиданата политичка традиција на некои простори (т.н. еколошки пристап), семејната политичка традиција што подразбира политичко определување на членовите на семејството во критични, кризни периоди од развојот на поединечното општество, како и личната и семејна социо-економска состојба. Најголемиот број од истражувањата е насочен токму на испитување на социјално-економските особини на бирачите и нивната изборна ориентација, па често се наведуваат некои релативно константни разлики во обележјата на бирачите на т.н. леви и десни опции, како што се големината на градовите од кои доаѓаат гла222 сачите, големината на организациите во кои се вработени истите, степенот на вработеност во регионите од каде доаѓаат, припадноста на одредени малцински, религиски или етничи групи и сл. Освен споменатите социјално-економските особини, персонални карактеристики кои често се анализиарини во релација со изборната преференција се авторитарноста, а со неа и конформизмот. И во ова истражување, дименизијата социјален конформизам-автономија беше ставено во контекст на изборот на политичката опција и неколку други важни димензии поврзани со истиот. Добиените резултати зборуваат за тоа дека испитаниците кои се наоѓаат на спротивните страни на континуумот социјален конформизам-автономија не се разликуваат во однос на нивниот избор на политичка партија (политичка опција) на (во времето кога се спроведуваше истражувањето) последните парламентарни избори во 2006 година. Тие не се разликуваат ниту по причините поради кои ја одбрале конкретната политичка опција; ниту по тоа дали се тие кои се стабилно гласачко тело, па постојано гласаат за иста партија, или дали се од оние кои гласаат за различни партии; ниту пак се разликуваат во однос на нивните ставови за вредностите кои се значајни за партијата за која гласаат. Социјалните конформисти не се разликуваат од оние ја поддржуваат личната автономија ниту во однос на нивната самоперцепција за политичко идеолошка припадност. Димензијата СК-А и информирање од медиуми Во однос на прашањето од колку и од кои медиуми се информираат за секојдневните политички случувања во земјата, би кажеле дека поголем број од оние кои ја вреднуваат личната автономија се информираат од неколку различни печатени медиуми, додека поголем број од оние кои го вреднуваат социјалниот конформизам се информираат само од еден или пак ниеден печатен медиум. Значи, следењето на различен дневен печат е асоцирано со вредности за автономија, а неследењето на случувањата од дневниот печат или специфичното следење на само еден таков медиум - е асоцирано со вреднување на социјалниот конформизам. Ваквата тенденција не е забележана кон електронските медиуми (телевизијата и радиото). * * * Сумирано, истражувањето кое, во еден дел се обиде да ги анализра предикторите и манифестациите на димензијата соција223 лен конформизам – автономија во политичкото живеење на РМ, донесе интересни резултати. Скратената и ревидирана верзија на инструментот, со кој Фелдман предложи да се мери димензијата СК-А, овозможи брзо и едноставно мерење на истата, а анализата на добиените податоци посочи неколку интересни моменти, кои во голем дел и беа предвидени. Повисокиот скор на димензијата СКА, кој зборува за преференција на социјалниот конформизам, најчесто е поврзан со припадниците на женскиот пол, повозрасните испитаници, припадниците на мнозинството во државата и припадниците на ниската класа, која патем самостојно си ја одредуваа самите испитаници. Овие податоци всушност ги потврдија истражувачките хипотези (потврдени и во многубројни други студии) во кои се предвидуваше дека припадничките на женскиот пол, (во голем дел поради се уште присутните традиционални вредности во општеството), и повозрасните индивидуи (во голем дел поради развојните промени)- во поголем степен ќе го вреднуваат социјалниот конформизам над автономијата, во споредба со припадниците на машкиот пол и помладите испитаници. Социјалниот конформизам асоциран со мнозинството во државата зборува во прилог на реално постоечките настојувања на малцинствата во државата да не се прилагодуваат целосно на поголемиот број граѓани (мнозинството), на востановените правила кои треба да важат за сите, како и барања на права за слободно изразување и менување на востановените правила. Повисокиот скор на димензијата СК-А е поврзан и со конзервативните вредности (очекуван и предвиден тренд), но и социјалистичките, леви вредности. Во овој контекст треба само да се напомене дека, воопшто, најголемиот број испитаници ги подджуваат социјалистичките и леви вредности, што во голем дел е и очекувана појава со оглед на нашето историско и политичко минато. Повисокиот скор на димензијата СК-А е поврзан и со почеста излезност на изборите, како и неследење на печатените медиуми или пак следење на само еден медиум. Она со што димензијата СК-А остана неповрзана беше изборот на одредена политичка партија/опција, поточно поддржувањето на одредена политичка идеологија. Иако димензијата СК-А корелираше со конзервативните вредности, како и со поголемиот број социјалистички леви вредности, сепак манифестациите на димензијата СК-А во однос на изборот на одредена политичка партијаизостанаа. Очигледно, партиите, иако во своите програми пропагираат одредени политичко идеолошки вредности, не успеваат јасно да се профилираат себеси и да се наметнат со својата идеолошка одреденост кај гласачкото тело, па така, остануваат непре224 познатливи по своите идеолошки вредности. Ваквиот процес, во никој случај, не зборува во прилог на градење и развивање на одредени, дистинктивни и препознатливи политички идентитети. ЛИТЕРАТУРА: Adorno, T. W., Frenkel-Brunswik, E., Levinson, D., & Sanford, N. (1950). The authoritarian personality. New York: Harper & Row Feldman, S. (2003). Enforcing Social Conformity: A Theory of authoritarianisam. Political Psychology, 24, 41- 74 Feldman, S., & Stener, K. (1997). Perceived threat and authoritarianisam. Political Psychology, 18, 741- 770 Fromm, E. (1941). Escape from freedom. New York: Holt, Rinehart and Winston. Fromm, E. (1986). Zdravo drustvo. Zagreb, Naprijed i Beograd, Nolit Siber, I. (1998). Polticka psihologija. Zagreb: Politicka kultura Wilson, G. D. (1973). The Psychology of Conservatism. London: Academic Press 225 226 д-р Лидија Христова ЗАКЛУЧОЦИ Според развојот на партиските системи и обликувањето на политичките партии како основни политички актери на транзициските демократии, Република Македонија по многу нешта се приближува кон останатите земји на Источна Европа. Помалку или повеќе неочекуваната демократија ги стави овие земји во ситуација да ги прифатат политичкиот плурализам и повеќепартиските избори како базични обележја на својот демократски развој, барем во формална смисла на зборот. Тоа предизвика појава на огромен број политички субјекти, стабилни или помалку стабилни, кои се натпреваруваат на политичката сцена настојувајќи да го предизвикаат и задржат интересот на гласачкото тело врз себе. Некои од нив и успеаја, наметнувајки се како главни протагонисти во општествениот и политичкиот развој на земјата. Што се однесува до идејно-политичката профилираност на партиите, се покажа дека класичниот пристап на диференцијација на левица и десница, што го сугерира економскиот либерализам како основен репер за таквата идентификација, е скоро невозможно да се примени во РМ, како што впрочем се докажува и во други посткомунистички земjи. По сé изгледа дека линијата на разграничување треба да се бара во либерално-конзервативната поделба, базирана на општествени вредности, особено на националниот идентитет, каде што во последните години станува се повидлива диференцијацијата на партиите и во Р. Македонија. Што е она што посебно го обележуваше македонскиот политички амбиент? Силно изразена поларизација, во која политичкиот противник се прогласува за непријател, реторика заснована на Предавници и Патриоти, прогласување на сите избори за историски, референдумски, на кои се очекува конечната пресметка со непријателите на народот. Силно изразениот анимозитет меѓу политичките елити што се пренесува и на избирачкото тело/граѓаните, а што во услови на “експанзионистичката” улога на партиите 227 што практично го окупираат општеството, создава широки фронтови за одмазда и политички реваншизам. Следејќи го политичкот дискурс и жестоките дебати, линиите на профилирање ги препознаваме преку поделбите комунизам - антикомунизам, филтрирани преку национализмот, потоа, социјалдемократија - наспроти конзервативизaм/ демохристијанство, левица наспроти десница (изразени особено во македонскиот политички блок). Паралелно со партиските позиционирања во однос на овие конфликти, етничкиот расцеп упорно се одржува на политичката сцена, потврдувајќи ја тезата за Македонија како поделено општество. Овие сознанија ги темелевме имајки ги предвид, пред се, партиите, како основни колективни политички актери, кои ја обликуваа политичката сцена во Република Македонија во изминатиот период. Дали и во која мера овие спротивставени политички идентитети се препознатливи во основните партиски документипрограмите на политичките партии? Анализата на изборните програми на политичките партии покажа дека во почетните години на демократијата тие се своевидни партиски манифести кои сведочат за историскиот момент и општествениот контекст во кој се создадени. Тие имаат пред се декларативен карактер, и на мал простор обработуваат голем број важни политички и општествени прашања, при што e видливо политичкото неискуство. Во некои случаи се нудат решенија кои, во класичната поделба на левицата и десницата, ги застапува всушност спротивниот табор, или пак, одредени прашањa кои се типични за десни/леви партии воопшто не се третираат. Во подоцнежните години (1998, 2002 година) партиските програми се далеку подобро структуирани, но патат од преопширност и сувопарност, и им недостасува акцентирање на најважните прашања/политики преку кои би станале препознатливи и привлечни за гласачот. Ваквиот стил на пишување на политичките програми ја намалува можноста да се задржи вниманието на обичниот граѓанин, кој е просечно, или пак не е заинтересиран за политика. Изборните програми на партиите за последните два изборни циклуса (2006 и 2008 година), се подобро структурирани, но сепак, содржат малку од позначајните разлики кои се на линија на класичната поделба левица/десница и кои се уште донекаде ги диференцираат партиските идеологии во западноевропските земји. Во некои сегменти тие дури сосема се приближуваат. Во економската сфера, најзначајните разлики се гледаат во заложбите за дерегулација и намалена улога на државата во економската активност и во даночната реформа, што е еден од столбовите на економската 228 програма на ВМРО-ДПМНЕ. Во однос на прашањата од областа на социјалната политика, постои разлика во акцентирањето на основните принципи за солидарност и еднаквост, кои посилно (воглавно декларативно) ги застапува СДСМ, како и во областа на работничките права. ВМРО-ДПМНЕ има амбивалентни ставови во повеќе сегменти од своите програми, директно или индиректно поврзани со оваа област. Прашањата за важни општествени прашања на димeнзијата либерализам-конзервативизам на која се огледаат најважните разлики во современата партиска идентификација на европскиот континент и САД, се многу помалку застапени, со исклучок на очигледната блискост на ВМРО-ДПМНЕ со религиозните и традиционални општествени норми. Уште помала e идеолошката издиференцираност во албанскиот политички блок. Анализата на предизборната кампања и изборните програми на пет политички партии на Албанците за парламентарните избори од 2008 година покажа дека, Албанците само во нијанси се разликуваат меѓу себе. Генерален заклучок е дека нивните ветувања се преоптимистички, земaјќи го предвид фактот дека тие ќе мора да коалицираат со победничката македонска партија и дека коалициите претпоставуваат преговарања ии заемни отстапки. Понуденото во економската сфера е премногу контрадикторно. Три од петте политички партии (ДУИ, ДПА и ПДП) биле на власт, подолго или пократко. Тоа што го нудат е тешко остварливо. Добрата страна е во тоа што политичките партии на Албанците, сепак, почнуваат да разговараат за економија, иако нивните можности за менување на работите се мали. Што се однесува на нивната политичка профилација, важи еден заклучок што важи и за македонските политички партии. Тоа е дека и партите кои се десноориентирани, некогаш преземаат чекори кои се типични за левоориентирани партии, и обратно. Партиите го нудат тоа што сака да го слушне електоратот. Ако партијата има некој став кој е лево или десноориентиран, а кој нема да помине кај електоратот, или пак премногу се разликува од меѓународните стандардни (на пример, третирањето на хомосексуалците), партиите тој став ќе го премолчат. Само во мали сегменти во програмите може да се извлечат некои заклучоци за профилирањето на партиите. Тие произлегуваат најчесто од само- дефинирањето на партијата. Ако препознатливите и спротивставени политички идентитети не се доволно видливи во политичките програми на партиите, се поставува прашањето: на какви социјални и политички поделби тие се засновуваат? 229 Врз основа на факторската анализа за социјалната втемеленост на политичките (партиски) идентитети се дојде до заклучок дека социјалната заднина на партијата е во основа силно етаблирана во етничката припадност на испитаниците. Генерално, компонентата со која се идентификува класно-слојниот статус на поединецот, на групата, не покажува поврзаност, освен со гласачите на ВМРО-ДПМНЕ. Имено, во четирите фактор-анализи комонентите кои го определуваат социјалниот статус, а кои се групирани во еден фактор, како што се: образование, месечни примања и класно-слојната идентификација, незначително се поврзуваат со партиската припадност на испитаниците. Она што е значајно за сите партии е тоа дека се ротираат околу етницитетот, и тоа во најгoлем дел партијата ВМРО-ДПМНЕ. И останатите три партии се експлицитни во својата идентификација во етницитетот, но и со населеното место и со бројот на членови на домаќинствата. Идеолошкатаа идентификација која силно се групира со демографските белези на испитанциите, како што се возраста и полот, со изборот на партијата се поврзува во помал дел. Овој фактор, во споредба со останатите партии, покажува највисока поврзаност со партијата СДСМ, а многу помалку со ДПА. Компонентите сектор на вработеност и занимање, во четирите фактор анализи оформуваат еден кластер. Овој кластер, во основа не може да се рече дека има поврзаност со ниту една политичка опција, а слично е и со работниот статус. Имено, работниот статус општо покажува слаба поврзаност. Општиот впечаток во однос на социјаслното профилирање на партиите е резултат на неразвиената, непрофилирана структура на општеството. Сето тоа се должи на општата економска и социјална ситуација, опишана како недоволно развиено стопанство, сиромаштија, и дополнително на тоа ниски стандарди за развој на демократијата. Што се однесува до идејно-политичката профилираност на граѓаните, резултатите од спроведеното анкетно истражување сугерираат дека партиската припадност (дури и кај таканаречените лојални гласачи на левицата и десницата) не претставува детерминанта на нивните вредносни ориентации. Широко распространетите леви вредности рационализирани преку наклонетоста кон државен интервенционизам, кој обезбедува богат пакет на социјални услуги и бенефиции, е прифатлив за голем дел од лојалните гласачи и на социјалдемократите и на конзервативците/демохристијаните. Широката распространетост на т.н. леви вредности е во рамките на очекувањата- кога се знае социоекономската положба на голем дел 230 од населението, недифернецираната социјална структура и наследената егалитаристичка свест. На скалата конзервативизам – либерализам, големото мнозинство од гласачите, според исказите, се вбројуваат во категоријата конзервативци, иако според нивниот скор на скалата Л/К тие се, повеќе, умерени отколку крајно/изразито конзервативни гласачи. Ваквите ориентации ги споделуваат гласачите и на албанскиот и на македонскиот политички блок, како и гласачите на левицата и десницата. Разликите кои сепак постојат на овие две нивоа на анализа укажуваат дека се работи, најверојатно, повеќе за ставови на испитаниците формирани низ нивното лично (и фамилијарно) искуство со одредени процеси и односи во транзицискиот период или во времето на комунизмот, отколку за ставови кои се длабоко вкоренети во нивната свест. Резултатите од истражувањето покажаа дека процентот на лојални гласачи се движи околу 60%, што значи дека моделот на партиската идентификација функционира кај добар дел од изборното тело. Ако се земе предвид и силното влијание на социолошкиот модел (во македонски услови изразен како силна втемеленост на партиите во етницитетот), тоа значи дека просторот за рационалниот гласач е во прилична мера лимитиран. Од оној дел од истражувањето кое се обиде да анализира една од персоналните димензии кои најчесто биле употребувани во дискусиите на политички теми - димензијата социјален конформизам – автономија, можат да се изведат следните заклучоци. Повисокиот скор на димензијата социјален конформизамавтономија (СК-А), значи тенденција кон социјален конформизам, најчесто е поврзан со припадниците на женскиот пол, повозрасните испитаници, припадниците на мнозинството во државата и припадниците на ниската класа. Повисокиот скор на димензијата СК-А е поврзан и со конзервативните вредности (очекуван и предвиден тренд), но и со социјалистичките, леви вредности. Во овој контекст само треба да се напомене дека воопшто најголемиот број испитаници ги поддржуваат социјалистичките и леви вредности што во голем дел е и очекувана појава со оглед на нашето историско и политичко минато. Она со што димензијата СК-А остана неповрзана, беше изборот на одредена политичка партија/опција, поточно поддржување на одредена политичка идеологија во термини на леводесно. Очигледно, партиите, иако пропагираат одредени политичко идеолошки вредности, не успеваат јасно да се профилираат себеси и да се наметнат со својата идеолошка одреденост кај гласачкото тело, па така, остануваат непрепознатливи по своите идеолошки вредности. Ваквиот процес, во никој случај, не зборува во 231 прилог на градење и развивање на одредени, дистинктивни и препознатливи политички идентитети. Што можеме да заклучиме? Генерално, истражувачките резултати не укажуваат на значајна меѓусебна поврзаност на социјалната припадност на граѓаните и нивниот светоглед (испитуваните димензии на политичката свест) со партиската припадност. Единствениот исклучок е социјалната втемеленост на партиите во етницитетот. Ако нашето истражување покажа дека профилот на просечниот македонски гласач во Републиока Македонија е граѓанин со леви ориентации, со конзервативни ставови и со конформистичка свест, не може да се каже дека постојат два или повеке диференцирани профила на гласачи, како “природна позадина” на спротивставените политички идентитети. Истовремено, тоа не пречеше таквите политички иденитети да располагаат со еден континуиран и силен легитимитет, потврдуван, пред се, преку изборите. Ако е тоа така, значи, во македонскиот случај може да зборуваме за две политички арени, кои (ко)егзистираат паралелно: едната на ниво на политичките партии и политичкиот натпревар, и другата на ниво на граѓанинот/избирачот. Каде да ги бараме факторите на посредување или, поинаку кажано, која е основата за лојалноста? Ако партиската идентификација не е структурално и интересно заснована, дали тоа значи дека е повеќе одраз на површните преференции кои се базираат на харизмата на политичките лидери и/или на успешно дизајнираниот имиџ на партијата? Дали недоволно развиените и сиромашни општества, со слаби граѓански традиции, се погодно тло за партиски натпревар во кој доминираат политичките проекти и интересите на политичките елити? Или пак се работи за општ тренд во современите демократии, во кои професионализацијата, политичкиот маркетинг и потпирањето врз медиумите се главни обележја на партиите. Потврдниот одговор на ова прашање не потсетува на оние автори кои укажуваат на огромното влијание што партиите го имаат врз психологијата на гласачите, илустрирана со синтагмата променети гласови- непроменети гласачи. Тоа не потсетува и на конкурентскиот пристап за кој зборува Ware A., кој се фокусира на партиските лидери, кои како успешни претприемачи настојуваат да ги политизираат пред се оние разлики кои ќе им донесат најголем профит-гласови на изборите. И конечно: што значи тоа за демократијата во македонското плурално општество, кое е со сиромашни граѓански традиции и каде има видливи елементи на авторитарна и поданичка свест? Овие и многу други прашања се поставија и пред истражувачкиот тим на проектот, кој имаше за цел да ги анализира политичките идентитети во Република Македонија. Сосема свесни дека 232 сознанијата и констатациите што произлегоа од анализата на податоците добиени од реализацијата на нашето истражување не го затвораат проблемот (тие впрочем укажуваат само на некои негови димензии), се надеваме дека тие ќе претставуваат предизвик за нови истражувачки потфати на академска заедница во Република Македонија. 233 234 POLITICAL IDENTITIES IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA (SUMMARY) Introduction (1) Researching political identities in one society is undoubtedly related to political parties, the social cleavages that these parties are structured on, the positions and policies of those parties, i.e. their ideological political profiling. If ideas give sense to political organization and ideology defines the personality and identity of the political parties, making them recognizable on the political scene, which is something all politicologists agree on, then what is their identity based on and what differentiates them from other political parties? In a time of the end of history and ideology can we at all talk about political identities when the sociological model of voting behavior and party identification make more room for the rational voter, who’s unpredictable, critical and cynical? If depolitization, departization and floating voters have become the most significant characteristic of contemporary political life, mainly as an answer to the strictly pragmatic policy and the egotistic, corrupted politicians, where do we look for the instigators, the starters of political mobilization? Is the New as opposed to the Old policy, marked by postmaterialistic values and liberal individualism capable of producing solidarity and homogeneity, i.e. political identities that are very much needed for political action? And ultimately, if these processes and tendencies can be recognized in established democracies, do they and how do they pour into or are recognized in the so-called postcommunist societies, one of which is Republic of Macedonia itself? There’s quite an extensive politicological literature that deals with these issues and many authors, by means of theoretical debates or research studies (comparative, longitudinal, case studies) offer new arguments and information in defense of their theses. There are few analyses of this type in Macedonia though. If one of the challenges of the research team was to try and give if only a small contribution to the theoretical and empirical elaboration of the problem, the other challenge came as a result of the specific political environment in Macedonia, represented by strong political confrontations on the political scene, confrontations that oftentimes interfered with normal political dialogue or 235 confrontations that presented all elections as historical and referendum elections when as a rule they were accompanied by violence and irregularities, giving room to disputing the legitimacy of the winner. The political conflict based on the idea Traitors – Patriots pushed the citizens of Macedonia into one continuous political battle in which one Macedonia needed to conquer some other Macedonia – completely… On the other hand, there are no anti-system parties in Macedonia; the strategic goal of all of the political parties is our accession to EU and NATO, all of them accept the concept of liberal democracy and strive to establish it in the Republic of Macedonia etc. (2) The study entitled Political Identities in the Republic of Macedonia presents the results from a scientific research project of the same name, conducted by the Institute for Sociological, Political and Juridical Research in the period from 2006 to 2009 and financed by the Ministry of Education and Science in the Republic of Macedonia. The main goal of the research team was to determine the different political identities in the Republic of Macedonia, to see on which social cleavages they are differentiated on and where are their positions on an imagined ideological spectrum. Or to put it differently, whether the strictly distinguished political confrontations represent one dichotomous, i.e. segmented political structure, soundly founded on the social cleavages of the Macedonian society. Fully aware that the social stratification (social groups with their interests, needs, consciousness and perceptions of the world) can not just be (simply) copied into the political sphere, but that this relation depends on many factors, we’ve still decided to address this question. We’ve tried to do that by: analysis of the social affiliation of citizens, analysis of their party affiliation and analysis of a certain number of political attitudes and values that they’ve accepted. We started from the basic assumption that if these three elements are related then we can say that the party-political divisions are founded on social divisions or if we see this through the prism of the Macedonian highly polarized political environment, that such political polarization is based on the existence of differentiated social profiles of citizens, who according to their perceptions of the world and some aspects of the personal dimension belong to different cultures/poles. Such a defined research task set the subject, goal and the methodological approach to our research. (3) Within the subject of the research we identified the political parties and citizens/voters in terms of their ideological-political profiles. The objective was to find out what were the political convictions, attitudes and values that their political positions were based on. Understandably so, out of methodological reasons we’ve had to simplify the rather complex political reality and restrain our ambitions as well. 236 The political parties were perceived as monolithic units and the research was aimed towards their self-identification (through their name, the statements of their party leaders), towards the analysis of their primary document –the political program of the party and corresponding analysis of their political profile or image in the public (meaning what is the public or the citizens’ perception of the party in terms of its ideological-political profile), what is its identity or the way it portrays itself in public communication (or what is the others’ perception of that particular party). The research was not aimed at analyzing its real policies or policy orientations (von Beyme), which is an approach that is extremely rarely applied in political research due to the high costs needed to carry it out (it’s because of this that the researchers had no intention of confirming nor denying the established image/stereotype of the party, but to only point out the distinctions of that particular “product” offered on the political market). We didn’t only analyze the party programs, but the media as well (print and electronic media) and especially in the time of the pre-election campaign for the early parliamentary elections of 2008, there were interviews with politicians conducted, essays analyzed on the topic of ideology of the political parties in the Republic of Macedonia of three generations of students at postgraduate studies in Political Science at the Institute for Sociological, Political and Juridical Research in Skopje. And in the end, we also analyzed the social ‘rooting’ of the parties by using a mass-survey on a national sample. The analysis was limited only to the big, relevant political parties in the Republic of Macedonia out of two reasons: firstly, since they were the ones that have left the biggest mark on the political life in the country in the past period (they were in the role of the ruling and the opposing party), which is why they could fully test in practice their ideological-political profile; and secondly, since the representation of the voters in the minor parties of the research sample is insignificant and therefore inappropriate for statistical assessment. Thus, as the most important in the Macedonian political bloc we can distinguish the Sociodemocratic Union of Macedonia (SDSM) and the InternalMacedonian Revolutionary Organization –Democratic Party for Macedonian National Unity (VMRO-DPMNE) while in the Albanian bloc, those were the Democratic Union for Integration (DUI) and the Democratic Party of the Albanians (DPA). The second level of analysis was aimed towards the citizens/voters. The survey of the citizens consisted of a complex questionnaire that covered several segments: questions regarding the conservative-liberal values, questions concerning the linear spectrum of the left and right, questions in terms of the dimension of social 237 conformism – personal autonomy (SC – A) and the usual questions related to election behavior and the election preferences of the citizens. Such a designed questionnaire was meant to allow us to gain more knowledge into the basic political and value orientations of the voters in the Republic of Macedonia and the dependence of these divisions from the party preferences. In other words, can we talk about (two or several) differentiated types of voter profiles that legitimize the current, highly confronted political identities of the Macedonian political scene? The research had to be in line with the complex structure of the Macedonian segmented society, which is why except for the dichotomy expressed through the value matrixes and political orientations as well as the personal dimension SC –A (as mentioned from before), we also analyzed the Macedonian political bloc as opposed to the Albanian political bloc. Are the differentiated party policies that reflect the party/political identities strongly rooted into the social tissue of the Macedonian society, do these lines of division on two levels – level of political parties and their stable voter’s body overlap? We started off from the presumption that in case there is such an overlap then it points to the fact that the lines of social division precondition the party-political division. (4) Therefore, our approach is above all analytical and empirical identification of the political identities and their social ‘rooting’. The theoretical dimension of the analysis is based on the concept of liberal democracy and the knowledge related to the developed democracies and post-communist countries turned out to be of vital importance in determining the reference points for the analysis and evaluation of the situation in the Republic of Macedonia. (5) Our research however did not aim at investigating this issue in it whole, but above all at pointing out some of its aspects and by doing that initiating new research, especially considering how scarce these types of research are in the Republic of Macedonia. In a methodological sense, this project also aimed at making a small step in the use of the more rarely used techniques, instruments and statistical data processing so that they could be further improved in some other, future research. 1. Political Pluralism in the Republic of Macedonia According to the development of the party systems and the physiognomy of the parties as primary political actors in the transition process, the Republic of Macedonia has come closer to the rest of the 238 countries of Southeastern Europe in many things. The more or less unexpected transition has put these countries in a situation where they have had to accept political pluralism and the multiparty elections as principal traits of their democratic development. The massive promotion of political options points to a certain pluralistic explosion which came as a result of the quite liberal conditions for the establishment of political parties as well as the need for political expression, but we could also say that it was a result from following trends. Within the broad range of political entities in the Republic of Macedonia there were also some ethnic parties present (Party for the Full Emancipation of the Roma, Turkish Democratic Union, Yugoslav Party etc) as well as some civic parties, both left (sociodemocratic, socialistic, workers) and right oriented (demochristian, people’s etc.) As can be expected and which turned out to be the case with other transition democracies, the place left of the center was taken by the ex communists, who owing to their political experience, the inherited organizational infrastructure and finance had turned into quite a significant political factor, while on the other side of the political spectrum there were the dissidents/anticommunists. But how did political pluralism in Macedonia start in the first place and what were the reasons for the segmentation of the political scene? Basic Characteristics of the Pluralistic Environment Almost all of the analysts of transition agree that pluralization in Macedonia developed in a conservative environment and rather slowly. This means that in the case of Macedonia, there was no strong opposition in the later years of communism to act as an autochthonic/driving force of democracy which, positioning itself at the very right of the political spectrum, would start spinning the wheel of democratization (according to Vahudova’s thesis). There was also no communist party present that towards the end of the 80s would set the scene and prepare the public for pluralization and for the changes that were about to occur as was the case with Slovenia, for example. It was in such a political environment that the pluralistic explosion of the 1990s in Macedonia occurred. Even though this intensity waned with the years to come, Macedonia was still regarded as one of the countries with a highly segmented party system that remained as such throughout the entire transition period. If the number of the political parties was the first characteristic, then the second was the instability of the political offer. 239 The establishment of new political parties, the division of the old ones, their merger, the transition of certain MPs from one to another political party, all of this brought about a change in the political menu from one to another election, causing confusion in the voter’s body and practically decreasing their choice. The immense disappointment or the unrealistic expectations caused some political parties that had won a considerable number of votes in one election and as a result had become part of Parliament to almost disappear entirely from the political scene in the next. However, the analysis of the election results in this 20-year period showed that only several political entities stood apart from the others by leaving a special mark on the development of the Macedonian democracy. Those were the parties in whose programs, leaders, views and policies, the majority of the voters recognized their own interests, those that they identified themselves with and for which they manifested either their loyalty or distance. Dominant Social Cleavages as Basis for Party Pluralism Right at the beginning of the transition period the ethnicity of citizens became (the most) significant determinant of their political behavior, which is why all ethnic communities formed their own parties which they used to express and protect their own interests. An array of social circumstances (economic, cultural and political) further emphasized these divisions and the way they were perceived, which means that also in the future this cleavage will remain an important factor in the election behavior of voters. If we take into consideration the ethnic structure of the Macedonian society, the political parties of the ethnic Macedonians and those of the ethnic Albanians are of special importance to the political stability of the country and the development of democracy. However, those political conflicts that appear within the ethnic political blocs point to the fact that they are not monolithic and that some other cross-cutting cleavages or circumstances have shaped the political life within them. Albanian political bloc. In the past period, there were three important political entities differentiated in the Albanian political bloc: the Party for Democratic Prosperity (PDP), the Democratic Party of the Albanians (DPA) and the Democratic Union for Integration (DUI). If we analyze the political dynamics of the parties in this ethnic bloc we will distinguish the following characteristics: firstly, all of the political parties have their focus (exclusively) on the Albanian national cause, which after 2001 was rationalized with the implementation of the Ohrid Framework Agreement. When it comes to the rest of the aspects 240 of social development, these parties show no interest or very little interest; secondly, they differ only in the radicality of their views regarding the rights of the Albanians and the radicality depends on the fact whether that particular party is the governing or the opposing party; thirdly, the intra-ethnic conflict is so strongly expressed that not only do these parties oftentimes use quite rough and at times militant rhetoric, but they even do not refrain themselves from attacking the party headquarters which sometimes includes physical assaults, too. This animosity, especially evident in pre-election campaigns, gets passed down from the élites to the members which makes it hard to identify a particular cleavage as a cause for the confrontation; and fourthly, the instability of the party system is even more expressed than in the rest of the political parties in Macedonia: from the beginning of the transition period up till now there haven’t been any political parties with a differentiated and stable voter’s body, but voters just go from one party to another. Macedonian political bloc. For the whole transition period there were two dominant political parties in the Macedonian political bloc – SDSM and VMRO-DPMNE, with a numerous and stable voter’s body which made the political system function as a result of their complete alternation of power. They in fact expressed the second division or confrontation in the Macedonian society. Some refer to it as left wing - right wing and some as communism - anticommunism. Further down, we will give an overview of the profiles or the identities of these two poles, the same way they were presented in the public and perceived by the majority of the voter’s body. As a result of the political structures of the former socialist state, SDSM had made full use of the advantages of the old-new party and up until 1998 had been continuously in power. Its critics emphasize the fact that this party had never really fully transformed and by recognizing in it the old communist spirit, they blamed the party for further continuous attempts to maintain its monopoly position in society. By being referred to as Yugo-nostalgic, ‘komunjar’ - sympathizers of communism and serbophiles who are opposed to all projects that aim to disassemble communism, the social democrats were blamed not only for being too attached to the traditions of the People’s Liberation War (regarded above all as a communist revolution, but also as a certain type of antimacedonianism) on the account of other historic traditions of the Macedonian people, but also for slowing down economic reform. Understandably, SDSM never admitted to this criticism and defended itself by saying that they were the ones who democratized the Macedonian society and established the Republic of Macedonia as an 241 independent country in one very famous expression: SDSM – nationbuilding party, as a guarantee and the future for the country. VMRO-DPMNE is one of the newly created political parties and with national orientation, which has integrated into its name the name of the most famous Macedonian revolutionary organization from the beginning of the twentieth century, an organization that the majority of the Macedonian population is emotionally attached to. This sentiment in the Macedonian people, related to the ideal of creating an independent state was particularly nurtured in some families, so one can assume that the core of this party (at least in the first years of its creation) was extracted precisely from this environment.234 Having been criticized as an unserious party, extremely nationalistic and with bulgarophilic baggage, VMRO-DPMNE was accused that in the case they do come to power they would divide the country, make way for terror and would be incapable of balancing out interethnic relations. Of recently though, (with the party’s win on the Parliamentary elections of 2006) it was also accused for obstructing EU and NATO integrations. By denying these accusations, VMRO-DPMNE reminded the public that it was only owing to their self-awareness and the pressure they imposed at the beginning of the transition period that Macedonia was able to establish itself as an independent state (referring here to the srbophilia and the yugoslavianism of SDSM) and emphasized its capacity for reforms (especially in the field of economy) as realistically the only political force that could pull the country out of what seemed an everlasting transition process. In these divisions we can easily recognize above all, the cultural and symbolic aspect of political confrontation (different holidays are celebrated, different heroes glorified, different historic traditions are relied upon) and two worlds are being offered, one that personifies good, and the other evil. But this is not the complete political identification of SDSM and VMRO-DPMNE. By identifying themselves as left, i.e. right wings, both parties have strived, especially in the last 4-5 years, to reinforce this dimension in their activities so that they could become more recognizable to the voter’s body. The need for such a differentiation level most probably comes as a result of the fact that the voter’s body can not be held much longer in a state of high political mobilization merely with long narratives and that specific and efficient policy needs to be offered to solve the accumulated problems. 234 It can be assumed that within its ranks there was a fair share of those that in this period of communism were repressed due to diverse reasons. 242 Is the Public Capable of Distinguishing between the Left and Right in the Case of Macedonia? In the Republic of Macedonia conservatism and demochristianity are connected to VMRO-DPMNE whereas social democracy to SDSM. But when it comes to analyzing party polices as a prerequisite to placing them on the linear ideological spectrum, we can see that the specifics of the transition period have obviously influenced both, the one and the other in proclaiming and implementing policies that are immanent to the opposite ideology. The high price of transition (especially the economic one) in a relatively poor country (with a constant unemployment rate of over 30%) contributed to both, left and right wings to reach for state interventionism as an instrument for overcoming problems. This proves to be the case with Macedonia, as well. Should the linear ideological spectrum prove inefficient for the differentiation of policies, we would have to look for that differentiation line in the liberal-conservative division based on social values and national identity – a field in which this differentiation is all the more visible even among the Macedonian political parties. In this way, VMRO-DPMNE is promoting more and more the family, religion, tradition, is trying to establish law and order and adherence to laws by prescribing severe punishments for the offenders, while at the same time not showing enough tolerance towards differences. Also the party is promoting itself even more as a kind of modern technomanagerial structure which is relentless in the improvement of the economic prosperity of the country for joining the EU and NATO. The need to establish the ideological profile of SDSM has been an ever-present topic in the public since 2006, when the party lost the parliamentary elections and was faced with a crisis. This has been emphasized by SDSM’s party leaders as well, but also by the general public and political analysts, who voiced their concern that the Macedonian left wing is impersonal, lacking in ideas and utterly defensive – has no platform that citizens might recognize. The need for having a story of their own that would be aimed at the target groups of the electorate was the main topic of discussion on the Tenth SDSM Congress back in May of 2009. Are there any Similarities? There are similarities, mainly due to the objective transitional environment (to which we already pointed out before) as well as due to 243 the globalization processes (with special emphasis on the Eurointegration processes), while when it comes to the socioeconomic sphere the arrangements with the World Bank and the IMF also had a major influence, practically contributing to the convergence of their program documents and practical policies. It may be that because of this or the fact that both parties haven’t yet identified their target groups, that many have defined them as catch-all parties. The way in which these parties exercised their power was the area in which citizens recognized many similarities between the two parties. According to the perceptions of the public, party élites are egotistic, corrupted and interested in their own enrichment by neglecting public interest in the process. The conclusion of those that shared this opinion (and such were many) was that ‘they are all the same and Macedonia has basically no choice!’ Parallel to these convergence processes, the division of the Macedonian society did not lose its intensity. The division of the political camps into the two of the biggest Macedonian parties and two of the biggest Albanian parties became a source of constant conflict fueled by intense hatred. And this was not only political. Knowing that someone is only a member of the opposite political camp was a reason enough to hate that person, to want to harm them. As one political analyst noted: ‘with such violent hatred and strong political revanchism, the only way we’ll go is down.‘ This division and strong negative emotions towards the Other had also a pragmatic component. In a country where the unemployment rate is over 30% throughout the whole period of transition, where over 20% of the population lives in poverty and where the state is the No. 1 employer, the victory of the Ours was related to people’s expectations for employment in the state administration and public enterprises, for job promotions, private business prosperity etc. If we come the conclusion that the motive for political mobilization of these two worlds is symbolically cultural and ideological, but also more and more pragmatic, we ask ourselves the question: to what extent do the citizens or voters belong to these two different worlds, if we take into account their views, life orientation and value judgments. This dimension was further researched through a survey conducted on a national representative sample of 1,599 respondents (mass survey). But first and foremost, how much of these opposing political identities can be recognized in the programs of political parties? 244 2. Party Program Analysis Macedonian Political Parties in the Parliamentary Elections of 1990-2008 By analyzing the election programs of the two biggest Macedonian parties, SDSM and VMRO-DPMNE, one can come to the following conclusions: The party programs for the first Parliamentary elections in 1990, and for the biggest part also the party programs for the second Parliamentary elections in 1994, are untypical party manifestos that bear witness to the historical moment and the social conflict wherein they were created (the breakup of SFRY and the issues related to the foreign policy that represent a big portion of the political program as well as the issue on the transformation of the economic and political system.) These programs are mainly of declarative character and in not so many pages they touch upon a vast variety of important political and social issues. In several places the program discloses the party’s inexperience in compiling political programs – it’s vague and contradictory when expressing certain views and reveals remains of the previous, socialist system. In some cases solutions are being offered that in the classic division of the left and the right, are in fact represented by the opposing camp or there are no issues discussed that are typical of the right/left-wing parties (as was the case for example with VMRO-DPMNE which promoted a guaranteed lowest salary and “European taxes of 14-36% depending on the size of the profit,” highest lowest salary and bigger compensation for the unemployed as well as the inadequate interest of the SDSM for the rights of workers and the topics from the area of social policy and organization of unions as typical issues on the political agenda of the socio-democratic parties.) The party programs for the following two Parliamentary election cycles (in 1998 and 2002) were better structured and focused on topics that were more or less a part of one political program for countries with political pluralism and market economy. Although more declaratively than realistically, SDSM strives to pay more attention to social policy, the fair distribution of social wealth and to the values of social justice, equality and solidarity. However, at the same time this political party envisages privatization to be included in almost all sector policies. Regardless of the fact whether the party in question is the ruling or the opposing party, their party programs are full of criticism to the policy of the opposing party and the way they practice power. One other 245 characteristic of the programs from this period is that they are much too extensive and dry, consisting of long lists of measures that need to be taken, but without pointing out the prioritized sections within the program, which could help citizens to distinguish them from the rest of the political parties in the Republic of Macedonia during elections. At the same time, they lose the capability of keeping the interest of the common citizen, who remains with either an average interest or is totally uninterested in politics. The election programs of the political parties from the last two election cycles (of 2006 and 2008) are better structured, but they still contain a few of the more significant differences that fall into the classical division of left and right and that still to some degree differentiate the party ideologies of the Western European countries. Tax reforms, the deregulation endeavors and the decreased role of the country in the economic activities of VMRO DPMNE are somewhat an exception. In the case of VMRO DPMNE for the first time we see listed specific instruments, projects and timeframes for the implementation of the policies from most of the areas included in the program. With regard to the issues from the area of social policy, there’s a difference in the emphasis of the basic principles of solidarity and equality which are more vehemently (mostly declaratively) represented by SDSM, as well as in the area of worker’s rights. VMRO DPMNE shows an ambivalent attitude in several segments of its programs, either directly or indirectly related to this area. If we compare the political programs in terms of the areas they address in all of the election cycles, we will see no significant differences. The only exception is the special treatment of the expatriates and religion in the party programs of VMRO DPMNE and at the same time less emphasis on interethnic relations. However, topics that in last few decades proved significant in marking political liberalism and conservatism and refer to social issues such as the right to abortion (which has never been included in any of the programs of these two political parties) or the rights of homosexuals (the only exception here is SDSM’s program from 2006 that envisaged the registration of same sex marriages) and the different ways of life, were represented only slightly, if at all are represented in the party programs, and if they happen to be included then are given only a very small portion in the party program. Another important difference is VMRO DPMNE’s insistence on introducing religious instruction or ethics in primary education in almost all of its election programs as opposed to SDSM’s endeavors to introduce sexual education in 2006. Striving for the equality of sexes though, legally but also in essence is highly declarative. Interethnic relation topics are also insufficiently covered, if 246 we take into account the multiethnic structure of the Macedonian society. From their very start, parties start identifying themselves: SDSM with the ‘European Left’ and the European Social Democrats and VMRO DPMNE with the ‘European Right’ and the Demochristian Parties. Not taking into account the election programs from the elections of 1990, there have been no substantial changes in the strategic priorities of our country’s foreign policy to this day. Albanian Political Parties at the Elections of 2008 There’s even less difference in the ideologies of the parties from the Albanian political bloc. The analysis of the pre-election campaign and the election programs of five Albanian political parties at the Parliamentary elections in 2008 showed that there are only slight differences among the Albanian political parties. The general impression is that the Albanian political parties in these elections offered exactly that which their electorate wanted to hear. Having in mind that there are still some very important political issues to be resolved that relate directly to the Albanians in the Republic of Macedonia, the political parties have focused precisely on these issues. On the other hand, their promises are too optimistic since they are striving to resolve specific issues as if they had all the power in their hands. Namely, after the elections, the Albanian political parties are going to enter into a coalition with the Macedonian political parties and all of the issues would have to be resolved through negotiations, agreements, by reaching consensus and oftentimes, as can be seen from some past experiences, by making mutual concessions from some demands, either qualitatively or quantitatively. And as a third conclusion, the things that have been offered in the economic area are much too contradictory. Three of the five political parties (DUI, DPA and PDP) have already been in power, more or less. What they are offering is much too optimistic and contradictory. The good thing is that the political parties of the Albanians have at least started to discuss the economy even though their capacity to change things is rather small. When it comes to their political profiling, we’ve drawn one conclusion that refers to the Macedonian political parties, as well. And that is that even the parties that are right-oriented sometimes take steps that are typical of the left-oriented parties and vice versa. Parties offer things that the electorate likes to hear. If the party has a view that is either left or right-oriented and that won’t pass with the 247 electorate or does not conform to international standards (such as the treatment of homosexuals) then the parties will stay silent on this matter. We can draw some conclusions only in small segments and they usually come as a result of the self-definition of the party. 3. Social ‘Rooting’ of Political Parties in the Republic of Macedonia If the recognizable and opposing political identities are not visible enough in the political programs of the parties, we ask the question what social and political divisions are they founded on. According to the answers regarding the choice of parties at the Parliamentary elections in 2006, we can’t really say that the parties had been socially profiled. Namely, there’s no clear or specific social profiling of the political parties. These claims have been confirmed with both the bi-variant analysis (contingency table and contingency coefficient) and the factor analysis. Based on the data collected, the social background of the party is in most part strongly established in the ethnicity of the respondents. The rest of the factors are combinations that can have an influence on the choice of the party, i.e. to be elements (factors or clusters) that would help identify parties in the future. The ethnic heterogeneous environment that converges not only with religious and cultural division, but social as well, points to a segmented socio-cultural society, but only from one aspect – the ethnic one. According to the descriptive level of analysis, i.e. from the data obtained from the crossing of the two variables we can see that what connects the parties most strongly is their ethnic affiliation and religion. Therefore, they can be divided into Macedonian (VMRO DPMNE and SDSM) and Albanian bloc of parties (DPA and DUI). From an aspect of their profession and ideological identification, which show a lower level of association according to the survey, workers and private entrepreneurs are more predominantly VMRO DPMNE oriented as opposed to the category of professionals who were more dominant in those that voted for SDSM. Furthermore, a bigger part of the voters of VMRO DPMNE and DPA are “right” oriented on the ideological identification scale while SDSM and DUI are “left” oriented. From an aspect of their place of residence, the respondents that lived in rural areas, compared to the other parties are least SDSM oriented, whereas the respondents from the urban areas are least oriented towards DPA or DUI. According to the number of household members, compared to other parties. SDSM and VMRO DPMNE are most prevalent in the group of households up to four members, as opposed to the other two parties which gained the confidence of households with four or more members. 248 According to age, the most dominant group of SDSM followers are people of 50 or more years of age while those at the age of 30 to 49 identify themselves mostly with VMRO DPMNE. It appears that DUI have the most equal distribution in all of the voters, while for DPA the most dominant is the category of people up to the age of 29. Generally, the component that helps identify the social layer that the individual belongs to, does not show any relatedness with the parties analyzed, except with the VMRO DPMNE voters. Namely, in the four factor analyses, the components that are accepted in literature as elements that help define social status, such as: education, salary and class-layer identification, are insignificantly related to the parties. According to the data from the factor analysis, there’s certain relatedness, however only slight with VMRO DPMNE (see Table 1 and Picture 1, Appendix І), but there’s no relatedness with the other parties. What’s important for all parties is that they all gravitate around ethnicity, and this is mostly the case with VMRO DPMNE. Also, the other three parties identify themselves with ethnicity, but are also related to the place of residence and the number of household members. According to the results from the factor analysis, ideological identification is highly related to the demographic characteristics of the respondents, such as age and sex, but less so with the choice of the party. In the four factor analyses this factor, in which dominate the variables that are highly related, such as ideological identification, sex and age, shows the highest relatedness with SDSM (Table 2 and Picture 2) and least with DPA (Table 3 and Picture 3). For the results of DUI, see Table 4 and Picture 4. The components employment sector and profession form one special factor in the four factor analyses. Basically, this factor, can not be said to be related with any of the political options, and the same goes for the work status. Generally, work status shows low relatedness. The described impression in relation to the social profiling of the parties is a result of the generally undeveloped and unprofiled structure of the society. All of this owes to the general economic and social situation, described as insufficiently developed economy, poverty and in addition, low standards for the development of democracy. The divisions of the societies in the transition period also have a long-term effect on the political and social circumstances and hence on the social profiling of the parties. The current situation in the Republic of Macedonia reveals our endeavor for modernization and creation of a civil society, when in fact the traditional is what prevails. There’s no critical mass of social 249 actors that could take on the burden of the changes in the economy and democracy. There’s no specific and powerful civil class formed and workers are unorganized and fluid. The inclusion into reforms, civic democracy, the modern-political surrounding and their support were done as a result of the national priorities. 4. Political and Value Orientations of the Citizens of the Republic of Macedonia The legitimacy of the aforementioned opposing political identities comes as a result of the voting behavior of the loyal voters, whose attitudes, opinions and value criteria create the differentiated profiles of voters. The three scales of values – one of them related to the division left – right, the other one to the division liberalism – conservatism and the third one to the specific issues regarding the Macedonian political environment were supposed to reflect the ideological-political profiles/differences. The survey showed that there are around 60% of loyal voters in the Republic of Macedonia (this percentage is slightly on the rise compared to previous research, see Chart 1, Appendix ΙΙ) which is evidence to the validity of the model of party identification in voting, combined with the sociological model in its ethnic variant. What’s interesting is that there is also a relatively high percentage from the loyal voters (over 33%) that are not capable to define their own ideological orientation. When it comes to the dichotomy left – right, a big majority of the respondents (around 70%) share the so-called left values (small social differences, a broad package of social services, social security only under the jurisdiction of the country, favoring a type of co-decision in companies etc., see Table 5 of the Appendix ΙΙ) What’s also worthy of note is that the loyal voters of both the left and the right do not deviate much from the general distribution and that this information refers to both the voters from the so-called Macedonian and Albanian political bloc. When it comes to assessing the value of socialism, a big proportion (over 75%) feel that socialism was in no way a repressive system and that this system took care of everyone. But in the case of the voters of the parties from the Albanian political bloc the criticism towards socialism is very strong (for example, 65% of voters stated that socialism was a repressive system), see Tables 6 and 7, Appendix ΙΙ). When it comes to the dichotomy liberalism – conservatism, the survey showed a widely distributed conservative awareness in the respondents, which makes unnecessary the analysis on the differences between the left and the right (over 80% of the respondents strive for harsher punishments, strong leaders, respect of tradition, that 250 we need to fight for our own people regardless if they’re right or not…, against the rights of homosexuals etc.) We see a wide distribution of conservative views in the voters from the Albanian political bloc, too. However, statistical data processing shows that the biggest proportion of our respondents would fall into the category of moderate conservatives, who show their understanding for things such as the equality of religions and ethnic communities, but also give some other moderate (more liberal views) with regards to some of the questions asked. One of the questions raised in theory is whether or how it is possible to connect the X and the Y axis in the two-dimensional political specter or in other words, how do the conservatives and the liberals position themselves on the linear specter of left – right? Very shortly, the analysis of the answers obtained in the survey showed that the liberals support the right or “capitalist” values, whereas the conservatives support the left or the “socialist” values. These differences proved to be of utmost significance in all of the questions asked, see Table 8, Appendix ΙΙ. The survey results do not give us the right to differentiate between the various value profiles of voters at the Macedonian political scene, where party affiliation would count as a powerful selective factor in the creation of such profiles. The wide distribution of the values of the left was an expected outcome, considering the socioeconomic state of the population, the undifferentiated social structure and the inherited egalitarian consciousness. Nor was the widely distributed conservatism a big surprise, having in mind the socio-cultural and historic heritage. On a more general level, such views are shared by voters from both the Albanian and the Macedonian political bloc, from those on the left and the right as well. Those differences that still exist on these two levels most likely refer to views that the respondents created as a result of their own personal (family) experience through some processes and relations in the transition period or during communism. 5. Dimension of Social Conformism – Autonomy The research, whose purpose was to analyze the political identities in the Republic of Macedonia, also analyzed the personal dimension of social conformism – autonomy, a dimension oftentimes analyzed in context of a basis for building ideologies, democratic behavior and in general, proper functioning of the system of political culture. A higher score in the SC-A dimension, which is evidence to the preference of social conformism in the citizens of the Republic of Macedonia, is most commonly related to women, more senior 251 respondents, members of the majority in the country and members of the low social class, which (social class) was actually defined by the respondents themselves. This data in fact confirmed the already constructed hypothesis (confirmed in numerous other studies besides this one) that envisaged women (mostly due to the still prevailing traditional values in society) and the more senior individuals (mostly due to the developmental changes) preferring social conformism over autonomy, compared to men and younger respondents. Social conformism, associated with the majority of the country, speaks in favor of the realistically existing endeavors of the country’s minorities to not adapt completely to the bigger proportion of citizens (the majority), to the set rules that should apply to everyone, as well as demands for rights to free expression and changing the prescribed rules. A higher score of the SC-A dimension is also related to the conservative values (an anticipated and envisaged trend), but also with the socialist, left values. In this context we would like to just mention that in general the biggest proportion of the respondents support the socialist and left values, which in the most part is expected, considering our historic and political past. A higher score of the SC-A dimension is also related to a bigger election turnout as well as not following print media or following just one medium. One thing the SC-A dimension was unrelated with was the choice of a specific political party/option, more precisely supporting a certain political ideology in terms of left and right. Even though the SC-A dimension was in correlation with the conservative values, as well as with the greater number of socialist left values, there were still no manifestations of the Sc-A dimension in relation to the choice of a specific political party. Apparently, even though in their programs and public appearances the parties propagate certain politically-ideological values, they still fail to manage to profile themselves clearly and to impose themselves with their ideological values onto the voter’s body, thus rendering them unrecognizable to the voters. This process does in no way go in favor with building and developing specific, distinctive and recognizable political identities. Conclusions What is the conclusion here? In general, the research results do not reveal a more significant mutual relatedness between the social affiliation of the citizens and their perceptions of the world (the researched dimensions of their political awareness). Maybe the only exception is the social ‘rooting’ of the parties in the ethnicity. If our research showed that the profile of the average Macedonian voter in the Republic of Macedonia is a citizen with left orientations, with conservative and conformist views, we cannot say that there are two or 252 more differentiated profiles of voters, as a “natural background” of the opposing political identities. At the same time, this was not a hindrance for these political identities to have at their disposal a continuous and strong legitimacy, confirmed above all through elections. If this is so, in the case of Macedonia, we can say that there are two political arenas which (co)exist simultaneously: one at a level of political parties and political competition and the other at a level of the citizen/voter. Where do we seek for the mediation factors or in other words what is the basis of loyalty? If party identification is not based on structure and interests, does that mean that it is more of a reflection of the superficial preferences based on the charisma of the political leaders and/or the successfully designed image of the party? Do the insufficiently developed and poor societies, with poor civic traditions, provide fertile soil for party competition in which dominate the political projects and interests of political elites? Or is this a general trend of the contemporary democracies in which professionalization, political marketing and the reliance on the media are the principal traits of the parties? The affirmative answer to this question reminds us of the authors that have emphasized the immense influence parties have on the psychology of the voters, illustrated by the syntagm changed votes – unchanged voters. This also reminds us of the competitive approach that Ware A. spoke of, which focuses on the party leaders, who as successful entrepreneurs strive to politicize above all the differences that earn them the most profit or election votes. And finally, what does this mean for democracy in the Macedonian plural society, with poor civic traditions and visible elements of authoritarian and subject consciousness? These and many other questions were also raised before the research team of the project, who aimed at analyzing the political identities of the Republic of Macedonia. Fully aware that the information and conclusions that came out as a result of the analysis of the data obtained from the implementation of this project do not completely solve the problem (they in fact only point to some of its dimensions) we remain hopeful that they continue to be a challenge for new research projects of the academic community in the Republic of Macedonia. 253 APPENDIX І Table 1 Rotated component matrix (VMRO-DPMNE) Variables Gross monthly income of the household Level of education Class status self -perception Number of household members Living place Ideological identification Sex Age Nationality Voted for VMRO-DPMNE Sector of employment Profession Work status Total variance explained Components (factors) 3 4 -3,21Е-02 -5,34Е-03 1 0,751 2 -9,53Е-02 5 4,022Е-02 6 0,150 0,728 -0,687 0,270 0,114 0,140 0,143 0,156 2,127Е-02 -8,73Е-02 -1,68Е-02 6,466Е-02 0,266 0,133 -0,727 7,430Е-02 9,272Е-02 9,448Е-02 0,233 0,107 -0,181 0,725 -3,65Е-02 -0,1305 0,678 -0,122 0,126 9,528Е-02 8,423Е-02 5,661Е-02 2,692-02 0173 0,106 0,786 0,668 -0,119 0,178 -3,91Е-02 0,506 4,894Е-02 -4,710Е-02 -2,72Е-02 -0,128 0,115 0,278 0,635 -0,133 0,156 -0,550 -4,88Е-02 -37,94Е-04 -2,19Е -2,85Е-02 0,132 -0,140 -0,266 -0,129 -4,312Е-02 -7,73Е-02 0,775 -2,40Е-02 0,338 -4, 93Е-02 14,354 0,165 0,152 10,299 -5,96Е-02 -,113 9,604 0,128 0,119 9,276 0,699 -1,97Е-02 8,759 3,957Е-02 -0,799 8,505 Extraction method: Principal Component Analysis. Rotation Method: Varimax with Kaiser Normalization. Rotation converged in 9 iterations. 254 Table 2 Rotated component matrix (SDSM) Variables 1 Level of education Gross monthly income of the household Class status self-perception Living place Voted for SDSM Number of household members Nationality Ideological identification Sex Age Sector of employment Profession Work status Total variance explained 0,765 0,728 2 Components (factors) 3 4 -0,164 0,148 8,186Е-02 -4,719Е-02 5 -0,109 4,634Е-02 2,610Е-02 0,169 -0,652 0,137 -6,823Е-02 9,739Е-02 -0,147 -0,669 0,622 0,616 0,107 0,177 0,355 -3,253Е-03 -4,020Е-02 6,256Е-02 -2,242Е-03 0,118 0,236 -2,666Е-02 -0,104 0,362 0,153 -0,195 0,181 -9,387Е-02 -0,285 0,381 -1,047Е-02 0,361 4,725Е-02 -0,289 -3,310Е-02 3,583Е-02 -8,538Е-02 7,192Е-03 -5,337Е-02 0,738 0,544 -0,496 3,559Е-02 -3,184Е-02 -2,418Е-02 -3,401Е-02 4,114Е-02 -0,156 -7,006Е-02 0,787 0,677 -2,083Е-02 -0,105 7,069Е-02 0,199 0,335 3,311Е-02 -1,301Е-02 -0,851 14,641 11,497 9,887 8,789 8,620 Extraction method: Principal Component Analysis. Rotation Method: Varimax with Kaiser Normalization. Rotation converged in 9 iterations. Table 3 Rotated component matrix (DPA) Components (factors) Variables 1 2 3 Level of education 0,768 0,153 0,121 Gross monthly income 0,726 -0,117 -2,989Е-02 of the household Class status self-perception -0,649 0,134 7,902Е-02 Voted for DPA -5,085Е-02 0,685 0,138 Living place 0,165 0,643 7,800Е-02 Number of household members 6,880Е-02 -0,566 8,242Е-02 Nationality 0,141 2,397Е-02 -0,449 Ideological identification 0,210 3,861Е-02 0,672 Age -7,950Е-02 9,777Е-02 -0,621 Sex 0,173 0,241 0,584 Work status -6,842Е-03 -0,106 2,576Е-02 Sector of employment -0,264 -4,628Е-02 4,996Е-02 Profession 0,402 0,158 -6,620Е-02 Total variance explained 14,641 12,055 9,534 4 3,849Е-03 0,175 5 0-,146 2,107Е-02 0,164 0,234 -0,159 0,478 -0,112 9,548Е-02 0,278 0,137 -0,824 1,578Е-02 5,350Е-03 -6,207Е-02 0,104 -1,343Е-02 0,161 -3,042Е-02 3,522Е-02 -0,108 -,194 1,924Е-02 0,775 0,662 8,942 8,874 Extraction method: Principal Component Analysis. Rotation Method: Varimax with Kaiser Normalization. Rotation converged in 9 iterations. 255 Table 4 Rotated component matrix (DUI) Variables Level of education Gross monthly income of the household Class status self-perception Voted for DUI Number of household members Living place Nationality Sex Ideological identification Age Sector of employment Profession Work status Components (factors) 2 3 4 8,694Е-02 0,184 -0,155 -3,607Е-02 -4,758Е-02 4,897Е-02 1 0,767 0,724 -0,644 -4,141Е-02 4,985Е-02 0,190 0,118 0,165 -0,224 -5,218Е-02 0-,254 0,420 -2,181Е-02 14,633 0,115 0,793 -0,645 5 3,814Е-03 0,197 0,135 -4,202Е-02 -3,617Е-02 7,843Е-02 2,933Е-02 0,161 0,207 4,979Е-02 0,351 0,627 0,182 2,810Е-03 -0,427 -1,848Е-02 -4,351Е-02 0,127 0,648 0-,174 8,177Е-02 0,642 9,989Е-02 0,163 -0,574 -9,177Е-02 1,123Е-02 1,452Е-02 0,802 4,537Е-02 -2,522Е-02 0,631 1,900Е-02 -8,400Е-02 -9,333Е-03 -3,209Е-02 -0,145 0,120 0,102 0,419 2,985Е-02 -2,829Е-02 -0,830 13,033 9,688 8,859 8,613 Total variance explained Extraction method: Principal Component Analysis. Rotation Method: Varimax with Kaiser Normalization. Rotation converged in 9 iterations. Picture 1. Correlation of the component “voted for VMRODPMNE” with the factors first 256 second third fourth Factors fifth sixth Picture 2. Correlation of the component “voted for SDSM” with the factors First second third Factors fourth fifth Picture 3. Correlation of the component “voted for DPA” with the factors First second third fourth fifth 257 Picture 4. Correlation of the component “voted for DUI” with the factors First 258 second third Factors fourth fifth APPENDIX ΙΙ Chart 1. Percentage of loyal voters at national level (1996-2007) Table 5 Attitudes of the loyal voters toward socio-economic issues % of loyal voters 67 % Social differences in one society should be as small as possible In the socialist system everyone was taken care of Social security of the citizens should be provided by the state The health services for the citizens should be provided by the state 73 % 75 % 78 % Table 6 In the socialist system everyone was taken care of Voted for: Yes No Parties of the left 81,7% 11,7% Parties of the right 72,9% 17,8% Statistically significant at 0,01 259 Table 7 The socialism was not repressive (system) Voted for: Yes No Parties of the left 85,2% 14,8% Parties of the right 73,9% 26,1% Statistically significant at 0,01 Table 8 Percentage of Conservatives and Liberals that Support the Values of the Left-Right Scale Left-right values (attitudes) The social differences in one society should be as small as possible Private enterprises are more successful than state-owned ones In the time of socialism, everyone was taken care of All citizens are entitled to the same health care services (private-state heath care system) The state should provide social security for its citizens The more state-owned enterprises, the bigger the benefit for economy All citizens are entitled to the same quality education (state-private) In socialism people had enough liberties When making decisions about the main issue regarding the development of companies, the opinion of the workers should also be taken into consideration Countries should provide better public services (education, health care, culture, social security) even though that would mean imposing higher taxes 260 % of liberals that support the particular attitude 45.5% % of conservatives that support the particular attitude 77.5% 86.2% 38.0% 18.2% 78.4% 62.1% 89.2% 56.1% 76.6% 31.8% 71.6% 60.6% 80.2% 38.6% 73.1% 45.5% 75.5% 81.8% 63.1% ISBN 978-9989-43-294-1 9 789989 432941 View publication stats