Долани
Долани | |
Координати 41°41′36″N 22°12′06″E / 41.69333° СГШ; 22.20167° ИГД | |
Општина | Штип |
Население | 18 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 30014 |
Надм. вис. | 380 м |
Долани на општинската карта Атарот на Долани во рамките на општината | |
Долани на Ризницата |
Долани — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото Долани се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општината Штип, на југ од градот Штип, на потегот меѓу левата страна на р.Брегалница и десната страна р.Крива Лакавица. Селото е ридско на надморска височина од околу 380 м. Од градот Штип е оддалечено околу 10 км. а од магистралниот пат Штип-Радовиш околу 2,5 км.
Географски претставува крстопат меѓу Штип, Лакавичките населби, Радовиш и Тиквешијата. Селото лежи во поречието на суводолиците на реките Ченгиица и Балевица. За негово егзистирање најважен фактор биле водените ресурси како што се Балевичките извори, Митрина чешма, Јербичова вода, Караѓоска чешма, Чапк'нова чешма, бунарите на Ченгиица итн. Селото има поледелско-сточарска функција, бидејќи стопанисува со две стопански површини лаката на Крива Лакавица и ритчестата конфигурација на плавината и огранците на планината Плачковица.
Историја
[уреди | уреди извор]Долани се споменува како село кое најнапред од сите штипски села се побунило против туѓинскиот јарем. Научниците тврдат дела селото е многу старо. Во него се смениле многу генерации. Во Долани има училиште кое се вика "Браќа Даневи" но денес не работи и има 2 цркви Св.Илија и Св.Симеон. Како прв учител се споменува Арсо Прошев кој работел под покровителството на црквата Св.Симеон. Долани е посетувано од познати македонски војводи: Гоце Делчев, Мише Развигоров, Гене Војвода, Ефрем Чучков, Славејко Арсов и други поради што селото е наречено комитско. Во Долани е испечатен првиот извадок на "Народен Глас". При крајот на 1908 и следната 1909 г. турската власт во Долани населила босанско население наречено Бошнаци, а староседелците биле приморени да го напуштат селото. Од Долани потекнуват Ристо Стојков, Крсто Митев, Методи Данев и Станое Данев-Стариот кој прв го понел црвеното знаме во селото.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долани имало 270 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долани имало 336 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Познато е дека дека кон крајот на XIX и почетокот на XX век броело педестина куќи, а населението било македонско.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци и 25 до 50 Власи.[4]
На пописот од 2002 година, селото имало 73 жители, од кои 67 Македонци и 6 Власи.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 18 жители, од кои 14 Македонци, 2 Власи и 2 лица без податоци.[6]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 336 |
1953 | 270 | — | — | — | 105 | 3 | ... | 1 | — | 379 |
1961 | 244 | — | 2 | ... | ... | 2 | ... | 153 | — | 401 |
1971 | 216 | — | 1 | — | ... | — | ... | 139 | — | 356 |
1981 | 161 | — | — | — | 42 | 1 | ... | — | — | 204 |
1991 | 99 | — | — | — | 22 | 1 | — | — | — | 122 |
1994 | 78 | — | — | — | 18 | 1 | — | 1 | — | 98 |
2002 | 67 | — | — | — | 6 | — | — | — | — | 73 |
2021 | 14 | — | — | — | 2 | — | — | — | 2 | 18 |
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 2312 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 37 гласачи.[9]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[10]
- Дива Топола - населба од доцноантичкото време;
- Ерџелија - населба од доцноантичкото време;
- Јаребичова Вода - водовод од доцноантичкото време;
- Кале - Градиште - утврдена населба од доцноантичкото време;
- Кутлевец - населба од римското време;
- Рамниште - населба од римското време;
- Ќерамидница - населба од доцноантичкото време;
- Чука - населба и некропола од доцноантичкото време.
Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 230. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, pp. 134 – 135.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. стр. 433. ISBN 9989649286.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|