Сарчиево
Сарчиево | |
Координати 41°48′37″N 22°08′00″E / 41.81028° СГШ; 22.13333° ИГД | |
Општина | Штип |
Население | 5 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 032 |
Шифра на КО | 30050 |
Надм. вис. | 335 м |
Сарчиево на општинската карта Атарот на Сарчиево во рамките на општината | |
Сарчиево на Ризницата |
Сарчиево — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото Сарчиево е рамничарско место, кое се наоѓа во средното сливно подрачје на реката Брегалница, на надморска височина од 335 метри. Селото е оддалечено 15 километри од Штип и се наоѓа во крајниот северен дел на Општина Штип. Атарот на Сарчиево зафаќа 9,7 квадратни километри. Притоа, обработливото земјиште опфаќа површина од 532 хектари, а пасиштата зафаќаат 397 хектари.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Стопанство
[уреди | уреди извор]Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сарчиево живееле 90 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сердичево имало 112 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[5]
Сарчиево отсекогаш било мало село, но неговото население постојано опаѓа, во прв ред, поради миграцијата. Така, според пописот од 1961 година, тоа имало 235 жители, а во 1994 година, населението броело само 54 жители. Според пописот од 2002 година, бројот на жителите уште повеќе опаднал на само 21 жител, сите Македонци.[2]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 90 | 112 | 199 | 202 | 235 | 170 | 109 | 54 | 54 | 21 | 5 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови
[уреди | уреди извор]Според истражувањата од 1956 година, родови во селото
Македонски
- Доселеници: Римповци (4 к.) доселени се во средината на XIX век од селото Кадрифаково. И таму биле доселени однекаде; Тутунковци (6 к.) доселени се од селото Амзабегово во Овче Поле. Таму биле староседелци; Стојкови (3 к.), Беркови (3 к.) Шијакови (3 к.) доселени се од селото Врсаково. И во Врсаково биле доселени однекаде; Коцеви (1 к.) доселени се од селото Радибуш кај Крива Паланка; Каменарци (7 к.), Рибарци (2 к.) и Гоцеви (2 к.) доселени се, но не знаат од каде.
Влашки
- Доселеници: Атанасови (1 к.) и Мијалче (1 к.) доселени се во 1954 година од Велешко. Првите од Црквино, а вторите од Ново Село.[10]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 2286 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 21 гласач.[12]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Во селото Сарчиево се наоѓа летната црква "Св. Петка", која е прва и единствена од таков вид во Македонија. Камен-темелникот на црквата бил поставен на 8 август 1956 година, по иницијатива на браќата Милан и Ладе Давчеви, кои потекнувале од селото. Подоцна, во 1959 година бил уреден дворот и бил изграден конакот. Изградбата на црквата се случила многу подоцна: во 2009 година бил формиран нов црковен одбор од пет члена, а Стојан Давчев инвестирал во изградбата на летната црква. Истата година била подигната и црковната камбанарија, а во 2011 година бил уреден дворот, во кој се наоѓа извор чија вода се смета за чудотоворна. Обновената црква "Св. Петка", заедно со камбанаријата, биле осветени на 8 август 2010 година.[2]
Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Сарчиево е познато по тоа што на 8 август 2010 година, селото влегло во Гинисовата книга на рекорди, така што во огромен котел биле зготвени 3 450 литри грав. Сепак, селото го држело Гинисовиот рекорд само кратко време, зашто подоцна, рекордот бил соборен.[2]
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 СВЕТА ПЕТКА с. Сарчиево, Штип, јули 2012.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.230.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, pp. 134-136.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|