Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Хаџи-Хамзали

Координати: 41°40′57″N 22°02′14″E / 41.68250° СГШ; 22.03722° ИГД / 41.68250; 22.03722
Од Википедија — слободната енциклопедија
Хаџи-Хамзали
Хаџи-Хамзали во рамките на Македонија
Хаџи-Хамзали
Местоположба на Хаџи-Хамзали во Македонија
Хаџи-Хамзали на карта

Карта

Координати 41°40′57″N 22°02′14″E / 41.68250° СГШ; 22.03722° ИГД / 41.68250; 22.03722
Регион  Источен
Општина  Штип
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Повик. бр. 032
Шифра на КО
Надм. вис. 370 м
Хаџи-Хамзали на општинската карта

Атарот на Хаџи-Хамзали во рамките на општината
Хаџи-Хамзали на Ризницата

Хаџи-Хамзали — село во Општина Штип, источна Македонија. Денес нема жители.[2]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото лежи во северниот дел на Конечка Планина, од левата страна на реката Крива Лакавица. Сместено е југозападно градот Штип, а атарот зафаќа површина од 20,9 км2.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во римско и доцноантичко време во околината на Хаџи-Хамзали се наоѓала тврдината Исар, која го контролирала патот Стоби-Астибо-Пауталија.[4] Наоѓалиштето се наоѓа на истоимениот рид (наречен и Хисар), на околу 5,5 км југоисточно од селото.[5]

Во XIX век Хаџи-Хамзали било турско село во Штипската каза на Отоманското Царство.[6]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Хаџи-Хамзали (Hadži-Hamzali) како турско село.[7]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
194891—    
1953117+28.6%
1961106−9.4%
19710−100.0%
198100.00%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Аџамзалци имало 325 жители, сите Турци.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Турци.[8]

Селото било раселено по 1961 година, когашто броело 106 жители.

Според пописот од 2002 година, Хаџи-Хамзали немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на последниот попис од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 325 91 117 106 0 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]


Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта
  • Исар — тврдина (кастел) од римско и доцноантичко време
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
  3. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 309. ISBN 9989-862-00-1.
  4. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 443. ISBN 9989-649-28-6.
  5. Хисар (9006837) — GeoNames
  6. 6,0 6,1 Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 231. ISBN 954430424X.
  7. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]