Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Константин III Ираклиј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Константин III Ираклиј
Византиски цар
На престолфевруари 641 – мај641
ПретходникИраклиј
НаследникИраклеон
Починал(а)мај 641 (28 или 29 години)
СопружникГрегорија
ДецаКонстанс II Ираклиј
Теодосиј
Manyanh
Полно име
Ираклиј Новус Константинус
ДинастијаИраклиева династија
ТаткоИраклиј I
МајкаФабија Евдокија

Константин III (латински: Heraclius Novus Constantinus; грчки: Ηράκλειος (νέος) Κωνσταντίνος), (6 мај 612- 20 април 641) бил византиски цар кој владеел во периодот од февруари до мај 641 година.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Константин III бил најстариот син на Ираклиј I и неговата прва сопруга Фабија Евдокија. Роденото му име било Ираклиј Новус Константинус, име под кое се качил на престолот. Името Константин било дадено подоцна во византиските текстови, како скратена форма на целосното име на царот и било прифатено да се користи во современата историографија.

Константин бил крунисан за ко-цар од татко му на 22 јануари 613 и малку подоцна бил свршен за својата братучетка, Грегорија, ќерка на првиот братучед на татко му, Никита. Бидејќи двајцата биле втори братучеди, бракот бил технички инцест, но фактот што Грегорија е дел од семејството очигледно било поважно од се.

Константин и Грегорија се ожениле во 629 или 630 и истата година се радил синот првенец Констанс II Ираклиј. Второто дете исто така било машко, со име Теодосиј. Имале и ќерка која подоцна се омажила за сасанидскиот цар Јаздгерд III.

Константин станал цар со полни права по смртта на неговиот татко, во 641 година. Управувал заедно со својот брат Ираклеон, син на Мартина. Неговите поддржувачи и неговиот приватен благајник Филагриј, стравувале од напад врз него од страна на Мартина и Ираклеон и го советувале да ја информира армијата дека починал и да побара помош за заштитата на правата на неговите наследници. Исто така, испратил голема сума пари, повеќе од 2 милиони солидна (златници), на Валентин Аршакуни за да ги раздаде на војниците, за да ги убеди да обезбедат стапување на престолот на неговите наследници по неговата смрт. Тој починал од туберкулоза по само 4 месеци и Ираклеон останал цар со полни права. Слухот дека по наредба на Мартина бил држен во затвор, довело до устоличување на Констанца II како ко-цар, а потоа до детронизација и протерувањето на Мартина и нејзините синови.

Литература

[уреди | уреди извор]