Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Лав IV Хазар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лав IV
Византиски цар
На престол25 март 775 – 18 јуни 780
ПретходникКонстантин V Копроним
НаследникКонстантин VI Слепиот
Роден(а)25 јануари 750
Починал(а)8 септември 780 (30 години)
ПридружникИрина
ДецаКонстантин VI Слепиот
ДинастијаСириска династија
ТаткоКонстантин V Копроним
МајкаИрина Хазарска

Лав IV (грчки: Λέων Δ΄), (25 јануари 750 во Цариград - 8 септември 780 во Цариград) бил византиски цар кој владеел во периодот од 741 до 775 година.

Рани години

[уреди | уреди извор]

Лав IV е познат како Лав IV Хазар. Тој бил син на византискиот царот Константин V Копроним од првата сопруга Чичак - Ирина Хазарска[1], потомка на хазарски владетел. Во 751 година малолетниот Лав бил крунисан од татка си за соцар и наследник. Тој бил свршен за ќерката на францускиот крал Пипин Малиот, но веридбата пропаднала. На 25 март 775 година Лав IV го наследил престолот откако неговиот татко починал[2].

Управување

[уреди | уреди извор]

Во управувањето на Лав IV војниците на Византија биле ангажирани во судирите со Арапите во Сирија и Мала Азија, додека походите против Бугарите биле прекинати[3][4].

Лав бил оженет за Ирина, од која имал син, идниот Константин VI Слепиот, кој како свој наследник односно соцар го прогласил во 776 година[2]. Ова довело до неуспешен бунт меѓу цезарите, полубраќа на царот, кои биле замонашени и заточени во Херсон[5].

Во неговото кратко владеење било прекинато пргпнот на иконопочитателите[6][7]. Според зборовите на Теофан Исповедник "царот Лав за кратко време се покажал како побожен и љубител на Богородица и монасите. Не долго после до неговата смрт тој го изменил а тоа и го продолжи прогонството на иконопочитателите. Набргу потоа карбункули (антракс) ја покри неговата глаба по кое тгој се разболе и почина". (Теофан: 768; 772[8])

Причина за болеста, според Теофан, била неговата желба да ја поседува круната на Маврикиј, која била погребана заедно со телото на царот Ираклиј I. Круната била извадена од гробот и Лав, положувајќи ја на главата, добил труење. Според други верзии царот бил отровен, или веќе бил болен кога се качил на престолот[9] или, според легендата, починал поради треска предизвикана од проклетство[10] , откако зел скапоцен камен од икона во црквата Света Софија.

  1. „Roman Emperors - DIR Irene (wife of Leo III)“. roman-emperors.org.
  2. 2,0 2,1 The Chronicle of Theophanes Anni Mundi 6095–6305 (A.D. 602–813): Tr. Harry Turtledove (University of Pennsylvania Press, 1982), p 135-136.
  3. „Roman Emperors - DIR Leo III“. roman-emperors.org.
  4. A History of Byzantium (second edition): Timothy E. Gregory (Blackwell, 2010), p 213.
  5. The Chronicle of Theophanes Anni Mundi 6095–6305 (A.D. 602–813): Tr. Harry Turtledove (University of Pennsylvania Press, 1982), 137.
  6. Byzantium: The Imperial Centuries (A.D. 610–1071): Romilly Jenkins (Weidenfeld and Nicoloson, 1966), p 92.
  7. The Byzantine Revival: Warren Treadgold (Stanford University Press, 1988), p 5.
  8. „Roman Emperors - DIR Leo III“. roman-emperors.org.
  9. Byzantium: The Imperial Centuries (A.D. 610–1071): Romilly Jenkins (Weidenfeld and Nicoloson, 1966), p 90.
  10. The Byzantine Revival: Warren Treadgold (Stanford University Press, 1988), p 6.
  • Garland, Lynda, Irene of Athens, at roman-emperors.org
  • Garland, Lynda, Leo IV, at roman-emperors.org
  • Jenkins, Romilly, Byzantium: The Imperial Centuries (A.D. 610–1071), Weidenfeld and Nicoloson, 1966.
  • Treadgold, Warren, The Byzantine Revival, Stanford University Press, 1988.
  • The Chronicle of Theophanes Anni Mundi 6095–6305 (A.D. 602–813), Tr. Harry Turtledove University of Pennsylvania Press, 1982.