Линдзи Вон
Алпски скијач | ||||||||||||||||
Вон за време на натпреварите од светскиот куп во Гармиш-Партенкирхен во јануари 2017 | ||||||||||||||||
Дисциплини | Спуст, Супервелеслалом, Велеслалом, Комбинација (и Слалом пред 2012) | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Клуб | Веил SSC | |||||||||||||||
Роден(а) | 18 октомври 1984 Сент Пол, Минесота, САД | |||||||||||||||
Висина | 5 ст 8 ин (173 cм) | |||||||||||||||
Деби на Светскиот куп | 18 ноември 2000 (на 16 години) | |||||||||||||||
Пензиониран | 10 февруари 2019 (на 34 години) | |||||||||||||||
Мрежна страница | LindseyVonn.com | |||||||||||||||
Olympics | ||||||||||||||||
Екипи | 4 – (2002, 2006, 2010, 2018) | |||||||||||||||
Медали | 3 (1 gold) | |||||||||||||||
World Championships | ||||||||||||||||
Екипи | 7 – (2005–2019) | |||||||||||||||
Медали | 8 (2 gold) | |||||||||||||||
Светски куп | ||||||||||||||||
Сезони | 19 – (2001–2019) | |||||||||||||||
Победи | 82 – (43 СПУ, 28 СВС, 4 ВС, 2 СЛ, 5 АК) | |||||||||||||||
Подиуми | 137 – (66 СПУ, 46 СВС, 6 ВС, 5 СЛ, 13 АК, 1 ПСЛ) | |||||||||||||||
Севкупни титули | 4 – (2008–2010, 2012) | |||||||||||||||
Дисциплински титули | 16 – (8 СПУ, 5 СВС, 3 АК) | |||||||||||||||
Освоени медали
|
Линдзи Керолин Вон (анг:Lindsey Caroline Vonn; родена на 18 октомври 1984 во Сент Пол, Минесота, САД) [1] е американска скијачка, олимписки шампион од 2010 година во спуст, победник на 4 светски купови во генерален пласман (2007/08, 2008/09, 2009/10[2] и 2011/12[3]) и двократен светски шампион.
Вон е прва американка што освоила златен медал во спуст на Зимски олимписки игри.[4] Таа, исто така, има рекордни осум титули од Светскиот куп сезона во спуст (2008–2013, 2015, 2016), пет титули во супер-Џи (2009–2012, 2015) и три последователни титули во комбинација (2010–2012). Во 2016 година, го освоила својот 20-ти кристален глобус во Светскиот куп (со што го држи рекордот со најмногу освоени кристални глобуси(и во машка и во женска категорија)), и ја надминала Швеѓанката Ингемар Стенмарк, која освоила 19 глобуси од 1975 до 1984 година. Таа е на второто место во супер рангирањето на сите скијачи (мажи и жени).
Вон е една од шесте жени [5] кои победиле на трки од Светскиот куп во сите пет дисциплини во алпско скијање - спуст, супервелеслалом, велеслалом, слалом и супер комбинација - и победила на 82 трки од Светскиот куп. Со 82-те победи на Светскиот куп го држи рекордот во женска конкуренција, и ја надминала Анемари Мозер-Прол од Австрија, која го држела рекордот од 1970-тите. Повеќе победи во Светскиот куп има само Ингемар Стенмарк од Шведска со 86 победи. Со своите олимписки златни и бронзени медали, двата златни медали на Светското првенство во 2009 година (и трите сребрени медали во 2007 и 2011 година) и четири севкупни титули во Светскиот куп, Вон е една од најуспешните американски скијачки и се смета за една од најдобрите скијачки на сите времиња.[6]
Во 2010 година, Вон ја добила наградата Лауреус за спортистка на годината,[7] и била прогласена за спортистка на годината од Олимпискиот комитет на Соединетите Американски Држави.[8]
Поради повреди Вон пропуштила дел од неколку сезони, меѓу кои и скоро целата сезона 2014 и поголемиот дел од сезоната 2013. Додека се опоравувала од повредата, работела како дописник за NBC News, на Зимските олимписки игри 2014 во Сочи, Русија. Во 2019 година, објавила дека се пензионира поради повредите.
Документарен филм
[уреди | уреди извор]Во 2019 година, HBO објавила документарен филм за Вон под наслов Линдзи Вон: Последната сезона.[9] Документарецот ја опфаќа нејзината последна сезона на Светското првенство и нејзиниот подем од чудото од дете до трикратен олимписки медалист (едно злато).
Библиографија
[уреди | уреди извор]- 2016: Strong Is the New Beautiful, (со Сара Толанд) Dey Street Books,ISBN 978-0-0624-0058-1 [10][11]
- 2022: Rise: My Story, Dey Street Books,ISBN 978-0062889447
Резултати од Светскиот куп
[уреди | уреди извор]Сезонски титули
[уреди | уреди извор]20 титули (4 генерален пласман, 8 спуст, 5 супервелеслалом, 3 комбинација)
Сезона | |
Дисциплина | |
2008 | Генерален пласман |
Спуст | |
2009 | Генерален пласман |
Спуст | |
Супервелеслалом | |
2010 | Генерален пласман |
Спуст | |
Супервелеслалом | |
Комбинација | |
2011 | Спуст |
Супервелеслалом | |
Комбинација | |
2012 | Генерален пласман |
Спуст | |
Супервелеслалом | |
Комбинација | |
2013 | Спуст |
2015 | Спуст |
Супервелеслалом | |
2016 | Спуст |
Сезонски пласмани
[уреди | уреди извор]Победи на трки
[уреди | уреди извор]Резултати од Светските првенства
[уреди | уреди извор]година | ||||||
Возраст | Слалом | Велеслалом | Супервелеслалом | Спуст | Комбинација | |
2005 | 20 | – | DNF1 | 9 | 4 | 4 |
2007 | 22 | DNS1 | - | 2 | 2 | DSQ2 |
2009 | 24 | DNF2 | - | 1 | 1 | DSQ2 |
2011 | 26 | - | - | 7 | 2 | DNS2 |
2013 | 28 | - | - | DNF | - | - |
2015 | 30 | - | 14 | 3 | 5 | DNF2 |
2017 | 32 | - | - | DNF | 3 | 5 |
2019 | 34 | - | - | DNF | 3 | DNS2 |
Резултати од Олимписките игри
[уреди | уреди извор]година | ||||||
Возраст | Слалом | Велеслалом | Супервелеслалом | Спуст | Комбинација | |
2002 | 17 | 32 | - | - | - | 6 |
2006 | 21 | 14 | DNS1 | 7 | 8 | DNF SL2 |
2010 | 25 | DNF1 | DNF1 | 3 | 1 | DNF2 |
2014 | 29 | повреден: не се натпреваруваше | ||||
2018 | 33 | - | - | Т6 | 3 | DNF2 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Athlete information: VONN Lindsey“. Fédération Internationale de Ski. Архивирано од изворникот на March 31, 2013. Посетено на March 18, 2013.
- ↑ „Lindsey Vonn wins 3rd straight overall World Cup“. ESPN. Associated Press. March 12, 2010. Посетено на May 30, 2011.
- ↑ „Lindsey Vonn wins Are GS; clinches fourth overall title“. FIS Alpine Ski World Cup. Fédération Internationale de Ski. March 9, 2012. Архивирано од изворникот на March 20, 2012. Посетено на March 9, 2012.
- ↑ „Vonn, Mancuso go 1–2 in downhill“. Associated Press. February 17, 2010.
- ↑ „Tina Maze makes history again by winning the super-G in St. Anton“. Fédération Internationale de Ski. January 13, 2013. Посетено на January 13, 2013.
- ↑ Svrluga, Barry (February 21, 2018). „Bronze doesn't begin to tell the story of the greatest female ski racer of all time“. The Washington Post (англиски). ISSN 0190-8286. Архивирано од изворникот на February 21, 2018. Посетено на February 21, 2018.
- ↑ „Nadal and Vonn win Laureus awards“. BBC News. February 7, 2011.
- ↑ „Vonn, Lysacek take home USOC awards; more Olympic notes“. CNN. January 25, 2011. Архивирано од изворникот на 2012-01-06. Посетено на 2022-03-16.
- ↑ „Lindsey Vonn: The Final Season“. HBO. Посетено на December 4, 2019.
- ↑ „Strong Is the New Beautiful - Lindsey Vonn - Hardcover“. HarperCollins Publishers: World-Leading Book Publisher. Посетено на December 4, 2019.
- ↑ Books®, Half Price. „Strong Is the New Beautiful“. Half Price Books. Посетено на December 4, 2019.[мртва врска]
- Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2018
- Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2010
- Родени во 1984 година
- Спортисти од Минесота, САД
- Филантропи од САД
- Освојувачи на златен медал на Олимписки игри за САД во алпско скијање
- Репортери од Олимписки игри
- Освојувачи на бронзен медал на Олимписки игри за САД во алпско скијање
- Добитници на наградата Лауреат на светскиот спорт
- Шампиони на ФИС Светскиот куп во алпско скијање
- Американци со норвешко потекло
- Американци со германско потекло
- Американски алпски скијачки
- Алпски скијачи на Зимските олимписки игри 2018
- Алпски скијачи на Зимските олимписки игри 2010
- Алпски скијачи на Зимските олимписки игри 2006
- Алпски скијачи на Зимските олимписки игри 2002