1944
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1944 (MCMXLIV) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1944 година од новата ера, 944. од вториот милениум, 44. од XX век и петта од 1940-тите.
Грегоријански календар | 1944 MCMXLIV |
Ab urbe condita | 2697 |
Ерменски календар | 1393 ԹՎ ՌՅՂԳ |
Асирски календар | 6694 |
Бахајски календар | 100–101 |
Балиски календар | 1865–1866 |
Бенгалски календар | 1351 |
Берберски календар | 2894 |
Будистички календар | 2488 |
Бурмански календар | 1306 |
Византиски календар | 7452–7453 |
Кинески календар | 癸未年 (вод. коза) 4640 или 4580 — до — 甲申年 (дрв. мајмун) 4641 или 4581 |
Коптски календар | 1660–1661 |
Етиопски календар | 1936–1937 |
Еврејски календар | 5704–5705 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 2000–2001 |
- Сачка ера | 1865–1866 |
- Кали-југа | 5044–5045 |
Холоценски календар | 11944 |
Игбоански календар | 944–945 |
Ирански календар | 1322–1323 |
Исламски календар | 1363–1364 |
Јапонски календар | Шова 19 (昭和19年) |
Јавански календар | 1874–1875 |
Џуче-календар | 33 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4277 |
Мингуо-календар | Р. Кина 33 民國33年 |
Нанакшахи | 476 |
Тајландски сончев календар | 2487 |
Тибетски календар | 阴水羊年 (женска вода-коза) 2070 или 1689 или 917 — до — 阳木猴年 (машко дрво-мајмун) 2071 или 1690 или 918 |
Други календари
уредиИстата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7452 и 7453 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6694 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5704 и 5705 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2697.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1944 година се протега во 4580 и 4581, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4640 и 4641 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2487. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1363 и 1364 исламска година.
Настани
уреди- 31 јануари – Започнува Февруарскиот поход.
- 26 февруари – Во селото Жегљане е формирана Третата македонска бригада.
- 14 март – Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ испраќа писмо до сите народноослободителни одбори за избор на делегати за Првото заседание на АСНОМ и одговор до АНОК по повод нивниот приговор на Манифестот на Главниот штаб.
- 19 март – Германските сили ја окупираат Унгарија.
- 25 април – Започнува Пролетната офанзива во Македонија.
- 13 мај – Основана е ОЗНА (Одделение за заштита на народот).
- 4 јуни – Сојузничките трупи влегуваат во Рим.
- 16 јуни – На Кајмакчалан е формиран Воденскиот народноослободителен баталјон при ЕЛАС.
- 17 јуни – Исланд прогласува целосна независност од Данска.
- 19 јуни – Завршува Пролетната офанзива во Македонија.
- 24 јуни – Македонската делегација во состав Методија Андонов - Ченто, Емануел Чучков и Кирил Петрушев остварува средба на Вис со Народниот комитет за ослободување на Југославија на чело со Јосип Броз Тито.
- 20 јули – Германскиот полковник Клаус фон Штауфенберг извршува неуспешен атентат на Адолф Хитлер.
- 1 август – Започнува Варшавското востание.
- 2 август – Во манастирот Свети Прохор Пчински се одржува Првото заседание на АСНОМ.
- 2 август – Во селото Поздивишта, Костурско, формиран е Леринско-костурскиот народноослободителен баталјон во состав на 9. Дивизија на ЕЛАС.
- 23 август – Во Романија, премиерот Јон Антоанеску е уапсен и е основана нова влада, која преминува на страната на сојузниците.
- 29 август – Од затворот во Идризово бегаат околу 200 политички затвореници од Македонија и 150 политички затвореници од Бугарија.
- 5 септември – СССР ѝ објавува војна на Бугарија.
- 9 септември – Отечествениот фронт доаѓа на власт во Бугарија.
- 23 септември – Во Пехчево е потпишан договор со кој се овозможува во операциите за ослободување на Македонија да учествуваат и бугарски војски.
- 2 октомври – Задушено е Варшавското востание.
- 8 октомври – Ослободена е Крива Паланка.
- 13 октомври – Ослободени се Берово и Пехчево.
- 20 октомври – Ослободен е Белград.
- 22 октомври – Ослободено е Кочани.
- 29 октомври – Излегува првиот број на весникот „Нова Македонија“.
- 3 ноември – Ослободен е Прилеп.
- 3 ноември - Во селото Горно Врановци е донесена одлука за основање на Школата за народни учители во Скопје.
- 4 ноември – Ослободена е Битола.
- 5 ноември – Ослободени се Ресен и Струмица.
- 6 ноември – Ослободени се Радовиш и Валандово.
- 7 ноември – Ослободени се Охрид и Гевгелија.
- 7 ноември – На претседателските избори во САД Френклин Рузвелт по четврти пат е избран за претседател на САД.
- 8 ноември – Ослободени се Струга, Штип и Неготино.
- 9 ноември – Ослободен е Велес.
- 11 ноември – Ослободено е Куманово.
- 13 ноември – Ослободено е Скопје.
- 15 ноември – Ослободено е Кичево.
- 18 ноември – Ослободен е Гостивар.
- 18 ноември – Во Битола е формирана Првата егејска ударна бригада.
- 19 ноември - Ослободено е Тетово, последниот македонски град под окупација.
- 23 ноември – Формирана е Народната библиотека „Климент Охридски“ во Скопје.
- 24 ноември – Формирана е Македонската филхармонија.
- 26 ноември – Во Скопје се одржува Првата национална конференција на Народноослободителниот фронт на Македонија.
- 29 ноември – Албанија е целосно ослободена од германската окупација.
- 3 декември – Во Атина започнуваат борби помеѓу ЕЛАС и владините сили, помогнати од британската војска, со што започнува Грчката граѓанска војна.
- 28-30 декември – Во Скопје се одржува Второто заседание на АСНОМ.
- 31 декември – Унгарија ѝ објавува војна на Германија.
Родени
уреди- 1 јануари - Омар ел Башир, судански генерал и политичар
- 24 февруари - Ивица Рачан, хрватски политичар
- 13 март - Атина Бојаџи, македонска пливачка
- 24 март - Воислав Коштуница, српски политичар
- 28 март - Киќо Слабинац, хрватски музичар
- 7 април – Герхард Шредер, германски канцелар
- 14 мај – Џорџ Лукас, американски режисер
- 21 мај – Мери Робинсон, ирска претседателка
- 13 јуни - Бан Ки Мун, генерален секретар на ОН
- 20 август - Раџив Ганди, индиски политичар
- 25 септември – Мајкл Даглас, американски глумец
- 9 октомври – Питер Тош, јамајски пејач
- 15 октомври - Сали Бериша, албански политичар
- 17 ноември - Дени де Вито, американски глумец
- 2 декември – Ибрахим Ругова, косовски претседател
Починале
уреди- 23 јануари – Едвард Мунк, норвешки сликар
- 7 февруари - Христијан Тодоровски - Карпош, македонски партизан, борец за слобода на Македонија, македонски комунист, учесник во НОВ и народен херој
- 9 февруари - Кирил Прличев, деец на ВМРО
- 26 јули – Реза Пахлеви, ирански шах
- 25 февруари - Кузман Јосифовски - Питу, македонски партизан, борец за слобода на Македонија, македонски комунист и учесник во НОВ
- 1 април - Иван Козарев, македонски партизан, борец за слобода на Македонија, македонски комунист и учесник во НОВ
- 7 април - Димче Мирчев, македонски партизан, борец за слобода на Македонија, македонски комунист, учесник во НОВ и народен херој
- 7 април - Киро Атанасовски, македонски партизан, борец за слобода на Македонија, македонски комунист, учесник во НОВ и народен херој
- 9 мај - Круме Волнароски, македонски партизан, борец за слобода на Македонија, македонски комунист, учесник во НОВ и народен херој
- 22 мај - Вера Јоциќ, македонска партизанка, народен херој
- 24 мај - Даме Крапчев, македонски партизан, борец за слобода на Македонија, македонски комунист, учесник во НОВ и народен херој
- 25 мај - Манчу Матак, македонски партизан, борец за слобода на Македонија, македонски комунист, учесник во НОВ и народен херој
- 5 јуни - Панче Пешев, македонски композитор, партизан, борец за слобода на Македонија, македонски комунист и учесник во НОВ.
- 12 јуни - Коце Стојановски - Металец, македонски партизан, борец за слобода на Македонија, македонски комунист и учесник во НОВ
- 4 јули - Благој Јанков - Мучето, македонски партизан, борец за слобода на Македонија, македонски комунист, учесник во НОВ и народен херој
- 14 јули - Вера Циривири - Трена, македонска партизанка, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- 22 јули - Коле Канински, македонски партизан, борец за слобода на Македонија, македонски комунист и учесник во НОВ
- 22 јули - Трифун Пановски, македонски лекар, партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- 31 јули - Антоан де Сент Егзипери, француски писател
- 26 август - Естреја Овадија - Мара, македонска партизанка, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ и народен херој
- 28 август - Илија Игески – Цветан, македонски партизан, борец за слобода на Македонија, македонски комунист, учесник во НОВ и народен херој
- 19 септември - Ѓоце Стојчевски - Амбарче, македонски партизан, борец за слобода на Македонија, македонски комунист, учесник во НОВ и народен херој
- 19 септември - Тодор Циповски - Мерџан, македонски партизан, борец за слобода на Македонија, македонски комунист, учесник во НОВ и народен херој
- 20 септември - Цеко Стефанов, македонски поет
- 21 септември – Ибе Паликуќа, македонска партизанка, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ и народен херој
- 7 октомври – Ацо Караманов, македонски поет
- 14 октомври – Ервин Ромел, германски генерал
- 2 декември – Филипо Томазо Маринети, италијански писател
- 13 декември – Василиј Кандински, руски сликар
- 30 декември – Ромен Ролан, француски писател