1992
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1992 (MCMXCII) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1992 година од новата ера, 992. од вториот милениум, 92. од XX век и трета од 1990-тите.
Грегоријански календар | 1992 MCMXCII |
Ab urbe condita | 2745 |
Ерменски календар | 1441 ԹՎ ՌՆԽԱ |
Асирски календар | 6742 |
Бахајски календар | 148–149 |
Балиски календар | 1913–1914 |
Бенгалски календар | 1399 |
Берберски календар | 2942 |
Будистички календар | 2536 |
Бурмански календар | 1354 |
Византиски календар | 7500–7501 |
Кинески календар | 辛未年 (мет. коза) 4688 или 4628 — до — 壬申年 (вод. мајмун) 4689 или 4629 |
Коптски календар | 1708–1709 |
Етиопски календар | 1984–1985 |
Еврејски календар | 5752–5753 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 2048–2049 |
- Сачка ера | 1913–1914 |
- Кали-југа | 5092–5093 |
Холоценски календар | 11992 |
Игбоански календар | 992–993 |
Ирански календар | 1370–1371 |
Исламски календар | 1412–1413 |
Јапонски календар | Хејсеј 4 (平成4年) |
Јавански календар | 1924–1925 |
Џуче-календар | 81 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4325 |
Мингуо-календар | Тајван 81 民國81年 |
Нанакшахи | 524 |
Тајландски сончев календар | 2535 |
Тибетски календар | 阴金羊年 (женско железо-коза) 2118 или 1737 или 965 — до — 阳水猴年 (машка вода-мајмун) 2119 или 1738 или 966 |
Униксно време | 694224000 – 725846399 |
Други календари
уредиИстата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7500 и 7501 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6742 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5752 и 5753 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2745.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1992 година се протега во 4628 и 4629, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4688 и 4689 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2535. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1412 и 1413 исламска година.
Настани
уреди- 6 јануари - Собранието на Република Македонија ги усвои амандманите I и II на Уставот на Република Македонија.
- 6 јануари - По успешниот референдум, прогласена е независност на Нагорно Карабах, која сѐ уште не е признаена од ниту една меѓународна организација, ниту пак држава.
- 9 јануари - Во Босна и Херцеговина прогласена е Република Српска.
- 15 јануари - Арбитражната комисија на Европската заедница, на чело со претседателот Бадинтер (Бадинтерова комисија), соопшти во својот извештај дека се исполнети сите услови за меѓународно признавање на Република Македонија.
- 15 јануари - Владата на Бугарија ја призна Република Македонија за суверена и независна држава. Бугарија е воедно и прва земја што ја призна Македонија.
- 7 февруари - Потпишан е Мастришкиот договор со кој е основана Европската Унија.
- 12 февруари - Словенија и Хрватска ја признаа независноста на Република Македонија. Република Македонија исто така ја призна независноста на Словенија и на Хрватска.
- 21 февруари - Склучен е договорот Глигоров-Аџиќ за повлекување на ЈНА од Македонија, кое заврши на 27 март истата година.
- 29 февруари - На одржаниот дводневен референдум во Босна и Херцеговина, повеќе од 60% од граѓаните се изјаснија за независност на Босна и Хецеговина.
- 1 март - Во Сараево е убиен Никола Гардовиќ, прва жртва на војната во БиХ.
- 10 март - Наместо терминот милиција, почна да се употребува терминот полиција.
- 20 март - Во Скопје е формиран Македонски олимписки комитет. За прв претседател е избран Васил Тупурковски.
- 5 април - Започна опсадата на Сараево, најдолгата опсада во модерната воена историја. Српските сили го држеа градот во опсада до 29 февруари 1996 година.
- 14 април - Во гарнизонот во Охрид пристигна првиот регрут на Армијата на Република Македонија.
- 26 април - Македонија монетарно се осамостои со ново име на валутата „денар”.
- 27 април - Прогласена е Сојузна Република Југославија во чиј состав влегоа Србија и Црна Гора.
- 15 мај - Нападнат воен конвој на ЈНА во Тузла, Босна и Херцеговина. Убиени 49 војници.
- 21 мај - Владата на Република Македонија донесе одлука за формирање на Македонско прес-биро.
- 23 мај - Во Струга, во организација на Сојузот на студентите на Македонија, почна Првата македонска универзијада.
- 30 мај - Советот за безбедност на ОН воведе санкции против СР Југославија.
- 1 јуни - Во Скопје е поставен камен-темелникот на Домот-музеј на народна музика, објект што на Македонија и го подарија македонските естрадни уметници Есма Реџепова и Стево Теодосиевски. Свечено е пуштен во употреба во мај 1996 г.
- 3-14 јуни - Во Рио де Жанеиро се одржа Самитот за планетата Земја.
- 5 јуни - Во Скопје е формирана Лекарската комора на Македонија.
- 3 јули - На Попова Шапка е осветен и поставен камен-темелникот на манастирскиот комплекс посветен на Свети Наум Охридски - Чудотворец.
- 23 јули - Во Скопје е формирана Комора на приватниот капитал на Македонија.
- 11 август - Собранието со повеќе од двотретинско мнозинство го донесе Законот за новото знаме.
- 20 август - Пред зградата на Собранието на Република Македонија почна да се вее новото македонско знаме.
- 5 септември - Бранко Црвенковски стана втор премиер на Република Македонија, на 29-годишна возраст.
- 8 септември - Промовирана е првата редовна поштенска марка на Македонија.
- 8 октомври - Македонската радио-телевизија го извести генералниот секретар на здружението на југословенските радио-телевизии, дека МТВ донесе одлука за истапување од ЈРТ.
- 15 октомври - Во Скопје е регистрирана Демократската партија на Турците на Македонија, а за претседател е избран Ердоган Сарач.
- 22 октомври - Во Струмица почнува да се одржува Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“.
- 23 октомври - Грција го повлече едномесечното нафтено ембарго кон Република Македонија.
- 24 октомври - Во Тетово е формиран Сојуз на албанските жени.
- 28 октомври - Во Собранието на Република Македонија, пратениците го изгласаа Законот за државјанство, со кој услов за добивање на државјанство е 15-годишен престој.
- 5 ноември - Демократскиот кандидат, гувернерот од Арканзас, Бил Клинтон убедливо победи на претседателските избори дури во 40 држави на САД.
- 21 ноември - Во Скопје е одржан Првиот конгрес на Лигата за демократија.
- 6 декември - Хиндуистичките екстремисти ја уништија џамијата Бабри во Ајодија, Индија.
- 13 декември - На границата меѓу Македонија и Албанија се отворени три нови гранични премини.
- 14 декември - Република Македонија станува членка на Меѓународниот монетарен фонд.
Родени
уреди- 22 јули - Селена Гомес, американска глумица, и пејачка.
- 23 ноември - Мајли Сајрус, американска глумица и пејачка
Починале
уреди- 29 јануари - Иван Дојчинов, македонски комунист
- 23 февруари - Маркос Вафијадис, грчки партизан
- 9 март - Менахем Бегин, израелски премиер, нобеловец
- 23 март - Фридрих фон Хајек, австриски економист, нобеловец
- 6 април - Исак Асимов, американски писател од руско потекло
- 15 април - Александар Матковски, македонски историчар
- 6 мај - Марлен Дитрих, германско-американска глумица и пејачка
- 28 јуни - Михаил Таљ, советски шахист
- 17 јули - Стефан Гајдов, македонски композитор
- 8 октомври - Вили Брант, германски канцелар, нобеловец
- 20 октомври - Коча Поповиќ, југословенски политичар
- 9 ноември - Александар Дубчек, словачки политичар, водач на Прашката пролет
- 30 декември - Михаило Лалиќ, српски и црногорски писател