1968
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1968 (MCMLXVIII) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1968 година од новата ера, 968. од вториот милениум, 68. од XX век и деветта од 1960-тите.
Грегоријански календар | 1968 MCMLXVIII |
Ab urbe condita | 2721 |
Ерменски календар | 1417 ԹՎ ՌՆԺԷ |
Асирски календар | 6718 |
Бахајски календар | 124–125 |
Балиски календар | 1889–1890 |
Бенгалски календар | 1375 |
Берберски календар | 2918 |
Будистички календар | 2512 |
Бурмански календар | 1330 |
Византиски календар | 7476–7477 |
Кинески календар | 丁未年 (огн. коза) 4664 или 4604 — до — 戊申年 (зем. мајмун) 4665 или 4605 |
Коптски календар | 1684–1685 |
Етиопски календар | 1960–1961 |
Еврејски календар | 5728–5729 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 2024–2025 |
- Сачка ера | 1889–1890 |
- Кали-југа | 5068–5069 |
Холоценски календар | 11968 |
Игбоански календар | 968–969 |
Ирански календар | 1346–1347 |
Исламски календар | 1387–1388 |
Јапонски календар | Шова 43 (昭和43年) |
Јавански календар | 1899–1900 |
Џуче-календар | 57 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4301 |
Мингуо-календар | Тајван 57 民國57年 |
Нанакшахи | 500 |
Тајландски сончев календар | 2511 |
Тибетски календар | 阴火羊年 (женски оган-коза) 2094 или 1713 или 941 — до — 阳土猴年 (машка земја-мајмун) 2095 или 1714 или 942 |
Други календари
уредиИстата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7476 и 7477 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6718 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5728 и 5729 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2721.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1968 година се протега во 4604 и 4605, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4664 и 4665 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2511. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1387 и 1388 исламска година.
Настани
уредијануари
уреди- 5 јануари – Александар Дупчек е избран за водач на Комунистичката партија на Чехословачка. Започнува Прашката пролет.
- 23 јануари – Морнарицата на ДНР Кореја го зароби американскиот шпионски брод „Пуебло“, тврдејќи дека навлегол во севернокорејските води. Случајот предизвика голема напнатост меѓу двете земји. ДНР Кореја подоцна го ослободи екипажот, а бродот и денес претставува туристичка атракција во Пјонгјанг.
- 30 јануари – Започнува Тет офанзивата во Виетнамската војна.
- 31 јануари – Науру прогласува независност од Австралија.
февруари
уредимарт
уреди- 12 март – Маврициус се стекнува со независност од Британија.
- 16 март – Американските трупи го извршуваат масакрот кај Ми Лај во Виетнам.
април
уреди- 4 април - Во Мемфис е извршен атентат врз Мартин Лутер Кинг.
- 11 април - Извршен е неуспешен обид за атентат врз Руди Дучке, водач на студентското движење во Западна Германија.
- 29 април – Прво прикажување на мјузиклот „Коса“.
мај
уреди- мај - Се одржуваат студентски демонстрации во Париз.
јуни
уреди- 3 – 10 јуни – Во Белград се одржуваат студентски демонстрации.
- 5 јуни - Во Лос Ангелес е извршен атентат врз Роберт Кенеди.
јули
уредиавгуст
уреди- 13 август – Александрос Панагулис извршува неуспешен обид за атентат врз водачот на воената хунта во Грција, Јоргос Пападопулос.
- 20 август – Силите на Варшавскиот пакт ја окупираат Чехословачка со што завршува Прашката пролет.
- 23 – 28 август – Во Чикаго, американската полиција употребува насилство против антивоените демонстранти за време на Националната конвенција на Демократската партија.
септември
уреди- 6 септември – Свазиленд станува независна држава.
октомври
уреди- 2 октомври – Големи демонстрации се одржуваат на плоштадот „Три култури" во градот Мексико. Војската отвора оган при што се убиени 300 до 400 лица.
- 11 октомври – Во Панама е извршен воен удар.
- 12 – 27 октомври – Се одржуваат Летните олимписки игри во градот Мексико.
- 12 октомври – Екваторска Гвинеја добива независност од Шпанија.
ноември
уреди- 11 ноември – На Малдивите е прогласена втората република.
- 18 – 20 ноември – Се одржува Петтиот конгрес на Сојузот на комунистите на Македонија.
- 27 – 28 ноември – Се одржуваат демонстрации на Албанците на Косово.
декември
уреди- 23 декември – Се одржуваат демонстрации на Албанците во Тетово.
Родени
уреди- 3 февруари - Владе Дивац, српски кошаркар
- 30 март – Селин Дион, канадска пејачка
- 7 мај – Трејси Лордс, американска глумица
- 9 мај – Мари-Жозе Перек, француска атлетичарка
- 28 мај – Кајли Миног, австралиска пејачка
- 5 август – Марин Ле Пен, француска политичарка.
- 27 август - Петар Наумоски, македонски кошаркар
- 18 септември – Тони Кукоч, хрватски кошаркар
- 25 септември - Вил Смит, американски глумец и пејач
- 23 декември - Мануел Ривера-Ортис, американски фотограф
Починале
уреди- 27 март – Јуриј Гагарин, советски космонаут
- 4 април – Мартин Лутер Кинг, американски борец за човекови права
- 1 јуни – Хелен Келер, американска активистка за правата на слепите лица
- 6 јуни – Роберт Кенеди, американски политичар
- 28 јули - Ото Хан, германски хемичар
- 1 август - Мито Хаџивасилев - Јасмин, македонски политичар и публицист
- 28 август - Антон Панов, македонски писател
- 25 ноември – Аптон Синклер, американски писател
- 19 декември - Норман Томас, американски социјалист
- 20 декември – Џон Стајнбек, американски писател
- 30 декември – Тригве Ли, прв генерален секретар на Обединетите Нации