1949
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1949 (MCMXLIX) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1949 година од новата ера, 949. од вториот милениум, 49. од XX век и последна од 1940-тите.
Грегоријански календар | 1949 MCMXLIX |
Ab urbe condita | 2702 |
Ерменски календар | 1398 ԹՎ ՌՅՂԸ |
Асирски календар | 6699 |
Бахајски календар | 105–106 |
Балиски календар | 1870–1871 |
Бенгалски календар | 1356 |
Берберски календар | 2899 |
Будистички календар | 2493 |
Бурмански календар | 1311 |
Византиски календар | 7457–7458 |
Кинески календар | 戊子年 (зем. стаорец) 4645 или 4585 — до — 己丑年 (зем. вол) 4646 или 4586 |
Коптски календар | 1665–1666 |
Етиопски календар | 1941–1942 |
Еврејски календар | 5709–5710 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 2005–2006 |
- Сачка ера | 1870–1871 |
- Кали-југа | 5049–5050 |
Холоценски календар | 11949 |
Игбоански календар | 949–950 |
Ирански календар | 1327–1328 |
Исламски календар | 1368–1369 |
Јапонски календар | Шова 24 (昭和24年) |
Јавански календар | 1880–1881 |
Џуче-календар | 38 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4282 |
Мингуо-календар | Р. Кина 38 民國38年 |
Нанакшахи | 481 |
Тајландски сончев календар | 2492 |
Тибетски календар | 阳土鼠年 (машка земја-стаорец) 2075 или 1694 или 922 — до — 阴土牛年 (женска земја-вол) 2076 или 1695 или 923 |
Други календари
уредиИстата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7457 и 7458 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6699 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5709 и 5710 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2702.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1949 година се протега во 4585 и 4586, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4645 и 4646 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2492. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1368 и 1369 исламска година.
Настани
уреди- 25 јануари - Кинеските комунисти влегуваат во Пекинг.
- 25 март-26 март - Во селото Нивици, Егејска Македонија е одржан Вториот конгрес на НОФ.
- 27 март - Формирана е Комунистичката организација на Егејска Македонија (КОЕМ), во состав на Комунистичката партија на Грција.
- 31 март - Британската колонија Њуфаундленд и Лабрадор и’ се приклучува на Канада како нејзина 10-та провинција.
- 1 април - Ирска го напушта Британскиот комонвелт.
- 3 април - Паскал Митревски е избран за министер за снабдување во Привремената демократска влада на Грција, како претставник на НОФ.
- 4 април - Основан е НАТО.
- 24 април - Основан е Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.
- 5 мај - Основан е Советот на Европа.
- 11 мај - Израел е примен во Обединетите Нации.
- 23 мај - Основана е Сојузна Република Германија.
- 8 август - Бутан станува независна држава.
- 14 август - Формиран е Македонскиот фудбалски сојуз.
- 1 октомври - Прогласена е Народна Република Кина.
- 3 октомври - Во Бурели, Албанија се уапсени 11 раководители и активисти на НОФ: Паскал Митревски, Павле Раковски, Минчо Фотев, Вера Николова – Баљова и други.
- 7 октомври - Официјално е формирана Германската Демократска Република.
- 16 октомври - Завршува граѓанската војна во Грција со пораз на комунистите.
- 16 декември - Трајчо Костов, поранешен комунистички челник, е погубен во Бугарија.
- 27 декември - Холандија ја признава независноста на Индонезија.
Родени
уреди- 20 јануари - Јеран Персон, шведски премиер
- 22 февруари - Ники Лауда, австриски возач
- 21 март - Славој Жижек, словенечки филозоф
- 18 јуни - Лех Качињски, полски претседател
- 18 јуни - Јарослав Качињски, полски премиер
- 15 јули - Карл Билт, шведски премиер
- 24 септември - Педро Алмодовар, шпански режисер
- 20 октомври - Валериј Борзов, украински атлетичар
- 21 октомври - Венјамин Нетанјаху, изралески премиер
- 28 ноември - Александар Годунов, руски балетан
- 26 декември - Жозе Рамос Хорта, источно-тиморски претседател
Починале
уреди- 28 април - Неџат Аголи, македонски политичар од албанско потекло
- 11 јуни - Отон Жупанчич, словенечки поет
- 11 јуни - Андрија Хебранг, хрватски комунист
- 19 јуни - Владимир Назор, хрватски писател
- 2 јули - Георги Димитров, бугарски комунист, генерален секретар на Коминтерната
- 8 септември - Рихард Штраус, германски композитор