Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
<< октомври >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05
06 07 08 09 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31
2024

26 октомври — 299-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (300-и во престапна година). Остануваат 66 денови до крајот на годината.

Настани:

1689  По наредба на австрискиот генерал Силвио Пиколомини, австриската војска го запали Скопје, кое гореше два дена. Австријците го запалија градот за да се спасат од епидемијата на чумата, но опасната болест не беше запрена од огнот. За кусо време изгореа многу куќи, дуќани и други градежни објекти. Покрај загубите што му беа нанесени на населението, неколку илјади австриски војници заболеа и умреа од чумата, а меѓу нив и нивниот генерал Силвио Пиколомини.
1863  Основан е Фудбалскиот сојуз на Англија.
1905  Шведска ја признала независноста на Норвешка.
1911  Прокламирана е Кинеската Република, но по 4 години повторно се вратила монархијата.
1912  Прва балканска војна: Грците го освоиле Солун, а Србите Скопје.
1955  Австрискиот Парламент го прифати Законот за постојана независност на земјата. Тој ден се прославува како национален празник на Република Австрија.
1992  Перуанскиот печат соопшти дека познатиот археолог Валтер Алва пронашол непозната група од 15 камени пирамиди, опкружени со населби чија старост се пронеценува на 35 векови. Новооткриениото археолошко наоѓалиште зафаќа површина од 3 км2 и се наоѓа на околу 60 километри од градот Чиклајо.
1993  Водачот на Црвените бригади, Марио Морети, во интервјуто дадено од неговата затворска ќелија, што го пренесуваше телевизискиот канал „РАИ 1“, призна дека го убил поранешниот премиер Алдо Моро. „Никогаш немаше да дозволам некој друг да го направи тоа. Тоа беше за мене и го извршив“, изјави Морети.
1993  Во Загреб е основано Хрватско-македонско друштво.
2002  Со упадот на специјалните сили во московскиот театар Дубровка, заврши заложничката криза во која од чеченски бунтовници два дена порано беа заробени над 900 гледачи. Загинаа 129 заложници и околу 40 бунтовници.
2017  Џасинда Ардерн станува премиер на Нов Зеланд.

Родени:

1685  Доменико Скарлати — италијански барокен композитор.
1765  Јакуб Јан Риба — чешки композитор.
1888  Нестор Махно — украински анархист.
1893  Милош Црњански — српски писател.
1911  Махалија Џексон — американска пејачка, позната како „кралица на госпелот“.
1916  Франсоа Митеран — поранешен претседател на Франција.
1919  Мохамед Реза Пахлeви — ирански шах.
1924  Таип Таипи — југословенски и македонски политички деец.
1925  Бошко Станковски — македонски политичар, поранешен претседател на Собранието на СРМ.
1942  Боб Хоскинс — британски глумец.
1949  Зоран Славниќ — српски и југословенски кошаркар и тренер.
1950  Драго Вабец — хрватски и југословенски фудбалер.
1951  Бутси Колинс — американски фанк-музичар.
1952  Ларс Питер Хансен — американски економист, добитник на Нобеловата награда во 2013 година.
1952  Лазар Ристовски — српски глумец и режисер со македонско потекло.
1956  Раде Залад— српски фудбалски голман.
1959  Ево Моралес — претседател на Боливија.
1961  Мануел Естиарте — шпански ватерполист.
1966  Златко Далиќ — хрватски фудбалер и тренер.
1968  Роберт Јарни — хрватски фудбалер и тренер.
1974  Дејан Лилиќ — македонски глумец и телевизиски водител.
1980  Кристијан Киву — романски фудбалер.
1986  Уве Гензхајмер — германски ракометар.
1986  Аидис Круопис — литвански велосипедист.
2001  Пау Виктор — шпански фудбалер.

Починале:

1874  Алфред Великикрал на Англија.
1764  Вилијам Хогарт — важен англиски сликар, графичар, сатиричар и карикатурист.
1890  Карло Колоди — италијански писател.
1837  Карл Колдевеј — германски поларен истражувач.
1874  Петар Корнелиус — германски композитор.
1957  Герти Кори — американска биохемичарка.
1957  Никос Казанѕакис — грчки писател.
1955  Радослав Петковски — македонски писател.
1972  Игор Сикорски — руски конструктор на авиони и хеликоптери.
1999  Абрахам Полонски — американски режисер, есеист и писател.