Ивар Јевер
Ивар Јевер | |
---|---|
Роден(а) | 5 април 1929 Берген, Норвешка |
Националност | Норвежанец Американец (1964) |
Полиња | Физика |
Образование | Норвешки институт за технологија Ренселеров политехнички институт |
Познат по | Физика за цврста агрегатна состојба |
Поважни награди | Награда за Оливер Баклиева кондензирана материја (1965) Нобелова награда за физика (1973) Зворикинова награда (1974) |
Ивар Јевер (норвешки: Ivar Giæver 5 април 1929) — физичар кој ја споделил Нобеловата награда за физика во 1973 со Лео Есаки и Брајан Џозефсон „за опитните откритија во врска со тунелските појави во полупроводниците и суперпроводниците“.[1] Јевер е пензиониран професор во Ренселеровиот политехнички институт, професор во Ослоскиот универзитет и претсерател на применета биофизика.[2]
Рани години и образование
[уреди | уреди извор]Јевер добил диплома по машинство од Норвешкиот институт за технологија во Трондејм во 1952. Во 1954, емигрирал од Норвешка во Канада, каде бил вработен од канадскиот оддел на Џенерал Електрик. Четири години подоцна се преселил во САД, придружувајќи се на лабораторијата за истржување на „Џенерал Електрик“ во Скенектади, Њујорк, во 1958. Оттогаш живее таму, а во 1964 земал американско државјанство. Додека работел за Џенерал Електрик, Јевер докторирал во Ренслерскиот политехнички институт во 1964.
Нобелова награда
[уреди | уреди извор]Работата која му ја донела Нобеловата награда на Јевер била спроведена во Џенерал Електрик во 1960. Откако Есаки го пронашол електронското тунелирање во полуспроводници во 1958, Јевер покажал дека тунелирањето се одвивало и во суперспроводници, демонстрирајќи тунелирање низ многу тенок слој на оксид опкружен од двете страни со метал во суперспроводничка или нормална состојба.[3] Експериментите на Јевер го докажале постоењето на енергетски процеп во суперспроводниците, едно од најважните предвидувања на БКШ-теоријата за суперспроводливост, која била развиена во 1957.[4] Експерименталната демонстрација на тунелирање во суперспроводници го поттикнала теоретскиот физичар Брајан Џозефсон да рабори на појавата, која го навела на откривање на џозефсоновиот ефект во 1962. Есаки и Јевер споделиле половина од Нобеловата награда во 1972, а Џозефсон ја добил другата половина.[1]
Истражувањето на Јевер во подоцнежниот дел од неговата кариера било на полето на биофизиката. Во 1969, тој ја истражувал биофизиката една година како соработник со колеџот "Clare Hall", Кембрички универзитет, преку Гугенхајмското друштво, продолжил да работи на ова поле по враќањето во САД.[5]
Тој потпишал писмо од над 70 начници Нобеловци во луизијанското законодавство поддржувајќи го укинувањето на луизијанскиот креационистички закон, „Луизијанскиот научнообразовен акт“.[6]
Други награди
[уреди | уреди извор]Покрај Нобеловата награда, тој бил награден и со Оливер Баклиева награда од американското друштво на физичари во 1965 и Зворикинова награда од националната академија за инженерство во 1974.[2] Тој е член на Норвешката академија на науки и писма.[7]
Гледишта за глобалното затоплување
[уреди | уреди извор]Според весникот "The Wall Street Journal", Јевер го опишал вештачкото глобално затоплување како „нова религија“,[8] со наводи од изјава објавена од комитетот на животна средина и урбана работа на американскиот сенат, предводен од Џим Инхоф, во март 2009.[9] Извештајот тврди дека Јевер кажал: „Јас сум скептик... Глобалното затоплување стана нова религија“.[9][10]
Во одбрана приказна во најголемиот норвешки весник, "Aftenposten", 26 јуни 2011, Јевер изјавил: „Неверојатно е колку стабилна е температурата во изминатите 150 години“[11]
На 13 септември 2011, иако почесен соработник, Јевер поднел оставка од американското друштво на физичари во текот на својата официјална позиција истакнувајќи: „Во американското друштво на физичари е во ред да се дискутира дали масата на протонот се менува со времето и како мултивселената се однесува, но доказот за глобалното затоплување е непобитен?“[12]
Како дел од шеесет и втората средба на нобеловци, Јевер посочил на согласноста со доказите за климатските промени како „религија“ и коментирал за значењето на очигледното затоплување: „Што значи тоа дека температурата се зголемила за 0,8 степени? Веројатно ништо.“ Посочувајќи кон доказите во негово присуство, Јевер изјавил: „Јас избирам кога го држам овој говор како што претходниот говорител Марио Молина избираше кога го одржа неговиот говор.“ Јевер ја завршил неговата презентација со изреката: „Дали климатската промена е псевдонаука? Ако јас го одговорам ова прашање, одговорот е: апсолутно.“[13][14]
Избрани објавени дела
[уреди | уреди извор]- Јевер, Ивар (1960). „Енергетски процеп во суперспроводници мерен со електронско тунелирање“. Physical Review Letters. 5 (4): 147. Bibcode:1960PhRvL...5..147G. doi:10.1103/PhysRevLett.5.147.
- Јевер, Ивар (1960). „Електронско тунелирање помеѓу два суперспроводника“. Physical Review Letters. 5 (10): 464. Bibcode:1960PhRvL...5..464G. doi:10.1103/PhysRevLett.5.464.
- Јевер, Ивар (1974). „Електронско тунелирање и суперспроводливост“. Reviews of Modern Physics. 46 (2): 245. Bibcode:1974RvMP...46..245G. doi:10.1103/RevModPhys.46.245.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Press Release: The 1973 Nobel Prize in Physics“. Nobelprize.org. 27 June 2011. The Royal Swedish Academy of Sciences. 1973-10-23. Архивирано од изворникот на 2011-06-27. Посетено на 2011-06-27.
The Royal Swedish Academy of Sciences has decided to award the 1973 Nobel Prize in Physics to Leo Esaki, USA, Ivar Giaever, USA and Brian D Josephson, UK. The award is for their discoveries regarding tunneling phenomena in solids
- ↑ 2,0 2,1 Giaever, Ivar (2011-06-27). „Ivar Giaever Physics Department Rensselaer Polytechnic Institute“. rpi.edu. Rensselaer Polytechnic Institute. Архивирано од изворникот на 2011-06-27. Посетено на 2011-06-27.
Positions Institute Professor, School of Engineering and School of Science Professor at large, University of Oslo, Norway President Applied BioPhysics, Inc., 1223 Peoples Ave, Troy, NY 12180 … Major Prizes: Oliver E. Buckley Prize 1965 Nobel Prize 1973 Zworkin Award 1974
- ↑ Предлошка:Cite DOI
- ↑ Bardeen, Cooper, and Schrieffer won the Nobel Prize in Physics in 1972 for this theoretical advance, which bears their initials.
- ↑ Lundqvist, Stig (1992). „Biography“. Nobelprize.org, Bio from Nobel Lectures, Physics 1971-1980, Editor Stig Lundqvist, World Scientific Publishing Co., Singapore, 1992. The Royal Swedish Academy of Sciences and World Scientific. Архивирано од изворникот на 2011-06-27. Посетено на 2011-06-27.
- ↑ „Nobel Laureate Letter“. Архивирано од изворникот на 2020-10-18. Посетено на 2015-03-21.
- ↑ „Gruppe 8: Teknologiske fag“ (норвешки). Norwegian Academy of Science and Letters. Архивирано од изворникот на 2011-09-27. Посетено на 7 October 2010.
- ↑ Strassel, Kimberley A. (2009-06-26). „The Climate Change Climate Change The number of skeptics is swelling everywhere“. wsj.com. The Wall Street Journal. Архивирано од изворникот на 2011-06-26. Посетено на 2011-06-26.
Dr. Kiminori Itoh, a Japanese environmental physical chemist who contributed to a U.N. climate report, dubs man-made warming "the worst scientific scandal in history." Norway's Ivar Giaever, Nobel Prize winner for physics, decries it as the "new religion."
- ↑ 9,0 9,1 „U. S. Senate Minority Report: More Than 700 International Scientists Dissent Over Man-Made Global Warming Claims Scientists Continue to Debunk "Consensus" in 2008 & 2009 (Updates Previous Report: "More Than 650 International Scientists Dissent Over Man-Made Global Warming Claims")“. epw.senate.gov. U.S. Senate Environment and Public Works Committee (Minority). 2009-03-16. Архивирано од изворникот (pdf) на 2011-07-01. Посетено на 2011-06-26.
Nobel Prize Winner for Physics in 1973, Ivar Giaever, a fellow of the American Physical Society, declared himself a dissenter in 2008. "I am a skeptic," Giaever announced in June 2008. "Global warming has become a new religion," Giaever added. "I am Norwegian, should I really worry about a little bit of warming? I am unfortunately becoming an old man. We have heard many similar warnings about the acid rain 30 years ago and the ozone hole 10 years ago or deforestation but the humanity is still around. The ozone hole width has peaked in 1993," he continued. "Moreover, global warming has become a new religion. We frequently hear about the number of scientists who support it. But the number is not important: only whether they are correct is important. We don't really know what the actual effect on the global temperature is. There are better ways to spend the money," he added.
- ↑ Morano, Marc (2009-03-17). „U.S. Senate Minority Report Update: More Than 700 International Scientists Dissent Over Man-Made Global Warming Claims“. epw.senate.gov. U.S. Senate Environment and Public Works Committee (Minority). Архивирано од изворникот на 2011-07-01. Посетено на 2011-06-26.
"I am a skeptic… Global warming has become a new religion." – Nobel Prize Winner for Physics, Ivar Giaever.
- ↑ Giaever, Ivar (2011-06-26). „De forunderlige klimamytene (The peculiar climate myths)“. aftenposten.no (норвешки). Aftenposten. Архивирано од изворникот на 2011-06-26. Посетено на 2011-06-26.
It is amazing how stable temperature has been over the last 150 years." translated from "Det er fantastisk hvor stabil temperaturen har vært de siste 150 år.
- ↑ „Nobel Prize-Winning Physist Resigns Over Global Warming“. Fox News. 2011-09-14. Посетено на 2011-09-15.
- ↑ „Lindau Nobel Laureate Meeting: From the Big Bang to the Big Controversy (aka Climate Change)“. Архивирано од изворникот 2012-07-04. Посетено на 2012-07-04.
- ↑ Giaver, I. "The Strange Case of Global Warming", Lecture, 62nd Lindau Meeting, July 2012
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Interview with Professor Ivar Giaever, од Official Nobel Prize Website
- Biography and Bibliographic Resources, од Office of Scientific and Technical Information, United States Department of Energy
- University of Oslo website about Ivar Giaever
- Applied Biophysics Website
- Family genealogy
|
- Родени во 1929 година
- Членови на Националната академија на науките на САД
- Добитници на Нобеловата награда за физика
- Американски нобеловци
- Норвешки нобеловци
- Суперспроводливост
- Норвешки физичари
- Луѓе од Берген
- Членови на Норвешката академија на науките
- Членови на Кралската шведска академија на инженерските науки