Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Мартин Рајл

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мартин Рајл
Роден(а)27 септември 1918(1918-09-27)
Брајтон, Англија
Починал(а)14 октомври 1984(1984-10-14) (возр. 66)
Кембриџ, Англија
НационалностОбединето Кралство Британец
ПолињаАстрономија
Докторски менторЈ. А. Ратклиф
Познат поРадиоастрономија
Поважни наградиХјузов медал (1954)
RAS златен медал (1964)
Хенри Драперов медал (1965)
Фарадеев медал (1971)
Кралски медал (1973)
Брусов медал (1974)
Нобелова награда за физика (1974)
СопружникРовена Палмер (в. 1947)

Сер Мартин Рајл (англиски: Sir Martin Ryle 27 септември 191814 октомври 1984) — англиски радиоастроном кој ги развил револуционерните радио телескопски системи и ги употребил за прецизно локализирање и отсликување на слаби радиоизвори. Во 1946 Рајл и Венберг биле првите да ги објават интерферомагнетните астрономски мерења на радио брановата должина, Џозеф Пафси од Сиднејскиот универзитет тврдел дека всушност тој претходно направил интерферомагнетни мерења истата година. Со напредна опрема, Рајл ги набљудувал најдалечните познати галаксии во универзумот во тоа време. Тој бил првиот професор по радиоастрономија во Кембричкиот универзитет, и основач директор на Милардовата радиоастрономска опсерваторија. Тој бил кралски астроном од 1972 до 1982. Рајл и Ентони Хјуиш ја поделиле Нобеловата награда за физика во 1974, првата Нобелова награда доделена за признание на астромонско истражување.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Мартин Рајл се родил во Брајтон, син на професор Џон Алфред Рајл и Маријам (Скали). Тој бил внук на професорот по филозифија во Оксфордскиот универзитет, Гилберт Рајл.

По студирање во Бредфилдскиот колеџ, Рајл добил диплома по физика во Оксфордскиот универзитет. Во 1939, Рајл работел со „Телекомуникациското истражно воспоставување“ на дизајн на антени за воздушна радарска опрема за време на Втората светска војна. По војната тој добил стипендија во Кавендишката лабораторија.

Во почетокот на работата на Рајл во Кембриџ, во фокусот биле радиобрановите од Сонцето. Неговите интереси набрзо се насочиле на други подрачја, сеедно, се залагал за тоа дека кембричката груа треба да создаде нови набљудувачки техники. Како резултат, Рајл бил движечката сила во создавањето и подобрувањето на астрономската интерферометрија и апертурната синтеза, која го оворила патот за огромен напредок во квалитетот на радиоастрономските податоци. Во 1946 Рајл го изградил првиот мулти-елементен астрономски радио-интерферометер.

Рајл ја предводел кембричката радиоастрономска група во создавањето на неколку важни радио-изворни каталози. Еден таков каталог, Трет кембрички каталог за радио-извори (3C) во 1959 придонел за откривањето на првиот квазиѕвезден објект (квазар).

Додека работел како универзитетски професор по физика во Кембриџ од 1948 до 1959, Рајл станал директор на Милардовата радиоастрономска опсерваторија во 1957 и професор по радиоастрономија во 1959. Тој бил избран за член на Кралското друштво во 1952, бил прогласен за витез во 1966 и го наследил Сер Ричард Вули како кралски астроном од 1972–1982. Рајл и Ентони Хјуиш ја поделиле Нобеловата награда за физика во 1974, првата Нобелова награда доделена за признание на астромонско истражување. Во 1968 Рајл работел како професор по астрономија во Грешамскиот колеџ, Лондон.

Рајл починал на 14 октомври 1984, во Кембриџ. Тој се оженил со Ровена Палмер во 1947.

Астрономија

[уреди | уреди извор]

Рајл понекогаш бил сметан за проблематичен соработник - тој често работел во канцеларија во Милардовата радиоастрономска опсерваторија за да не биде вознемируван од членови на Кавендишката лабораторија и да не запаѓа во вжештени расправии, како што Рајл не бил многу темпераментен. Рајл бил загрижен дека Кембрич ќе ја загуби репутацијата во радиоастрономското друштво поради тоа што други радиоастономски групи биле подобро финансирани, така што тој ги држел во тајност неговите методи на отворна синтеза со цел да ја заджи предноста на кембричката група.

Рајл имал вжештени расправии со Фред Хојл од Кембричкиот институт за астрономија околу Хојловата теоријата за постојана состојба, расправии кои претставувале пречка во соработката помеѓу кавендишката радиоастрономска група и институтот за астрономија во периодот на 1960-те.

Рајл напишал две кратки книги за ширењето на јадреното оружје, "Politics of Nuclear Disarmament" (македонски: „Политика на јадрено разоружување“), каде се расправа за тоа дека единствениот начин да се спаси планетата Земја од комплетно јадрено уништување е забрана на употреба на какви било јадрени уреди.

Рајл бил аматерски радио оператор[1] и водител на "GB-Callsign G3CY".

Почести и награди

[уреди | уреди извор]

Предавања

[уреди | уреди извор]

Во 1965 Рајл бил поканет да учествува во кралските институциски бижикни предавања за "Exploration of the Universe" (македонски: „Истражување на вселената“).

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-06-04. Посетено на 2015-03-31.
  2. „Winners of the Gold Medal of the Royal Astronomical Society“. Royal Astronomical Society. Посетено на 24 February 2011.
  3. „Henry Draper Medal“. National Academy of Sciences. Посетено на 24 February 2011.
  4. „Franklin Laureate Database – Albert A. Michelson Medal Laureates“. Franklin Institute. Архивирано од изворникот на 2013-12-08. Посетено на 14 June 2011.
  5. „Past Winners of the Catherine Wolfe Bruce Gold Medal“. Astronomical Society of the Pacific. Посетено на 24 February 2011.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Викицитат има збирка цитати поврзани со: