Чарлс Хард Таунс
Чарлс Хард Таунс | |
---|---|
Таунс во 2007 | |
Роден(а) | јули 28, 1915 Гринвил, Јужна Каролина, САД |
Починал(а) | јануари 27, 2015 Оукленд, Калифорнија, САД | (возр. 99)
Живеалиште | Америка |
Националност | Американец |
Полиња | Физика |
Установи | |
Образование | |
Теза | „Концентрација на тежок јаглероден изотоп и мерење на јадрениот спин“ (1939) |
Докторски ментор | Вилијам Смитх |
Докторанди | |
Познат по | Масери |
Поважни награди |
|
Сопружник | Френсис Браун (в. 1941) |
Повеќе за Чарлс Хард Таунс на збратимените проекти на Википедија | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
Чарлс Хард Таунс (англиски: Charles Hard Townes 28 јули 1915 — 27 јануари 2015) — американски физичар, нобеловец[1][2] и пронаоѓач. Таунс бил познат по неговата работа околу теоријата и примената на масерот, со кој основал патент, и друга работа на полето на квантната електроника поврзано со масерските и ласерските уреди.[3][4][5][6][7][8][9][10][11] Тој ја поделил Нобеловата награда за физика во 1964 со Николај Басов и Александар Прохоров.[12][13][14][15]
Рани години
[уреди | уреди извор]Таунс се родил во Гринвил, Јужна Каролина, син на Елен Самтер Таунс (Хард; 1881-1980) и Хенри Кит Таунс (1876-1958), адвокат.[16] Тој добил дипломи во Фурмановиот универзитет. Таунс ја завршил работата за дипломата магистер на науки по физика во Дјукскиот универзитет во 1936, а потоа се запишал во Калифорнискиот институт за технологија, каде ја добил неговата докторска диплома во 1939.[17] За време на Втората светска војна тој работел на радарски бомбашки системи во Беловите лаборатории.[1]
Кариера
[уреди | уреди извор]Таунс бил избран за професор во 1950 во Колумбиски универзитет.[1] Тој работел како извршен директор во колумбиската лабораторија за зрачење од 1950 до 1952. Тој бил директор на одделот за физика од 1952 до 1955.[1]
Теоретичари како Нилс Бор и Џон фон Нојман се сомневале во веројатноста за создавање на масер.[18] Нобеловците Исидор Ајзек Раби и Поликарп Куш добиле финансиски средства за нивното истражување од истиот извор како и Таунс. Три месеци пред првиот успешен експеримент, тие пробале да го запрат:
- „Види, треба да престанеш со работата која ја правиш. Нема да успее. Ти знаеш дека нема да успее, ние знаеме дека нема да успее. Само си ги трошиш парите, едноставно престани!“[19]
Како член на Обединетата Христова црква, Таунс сметал дека „науката и религијата се прилично паралелни, многу послични отколку другите луѓе што мислат и дека на крајот, тие мора да се спојат.“[20]
Во 1953, Таунс, Џејмс Гордон и Зигер го изградиле првиот амонијашки масер во Колумбискиот универзитет.[1] Овој уред користел стимулирана емисија во прилив на енергетизирани молекули на амонијак за да дојде до засилување на микробрановите на честота од околу 24.0 гигахерци.[1]
За неговото создавање на масерот, Таунс заедно со Николај Басов и Александар Прохоров ја добил Нобеловата награда за физика во 1964.[1]
Таунс исто така ја пионеризирал употребата на масерите и ласерите во астрономијата, како дел од тимот кој прв ги открил комплексните молекули во вселената и ја одредил масата на супермасивната црна дупка во центарот на Млечниот Пат.[21]
Помеѓу 1966 и 1970, тој бил директор на НАСА научниот советодавен комитет за Аполо проектот за месечево слетување.
Во последните неколку години, Таунс работел како предавач на Карл Шварцшилд во Германија и предавач на Бирла и Ервин Шредингер во Индија.[1]
Личен живот
[уреди | уреди извор]Таунс се оженил со Френсис Х. Браун во 1941.[1] Тие живееле во Беркли, Калифорнија.[1] Тие имале четири ќерки, Линда Роузвин, Елен Андерсон, Карла Кеслер и Холи Таунс.[1]
Таунс починал на деведесет и девет годишна возраст во Оукленд, Калифорнија, на 27 јануари 2015.[22]
Почести и награди
[уреди | уреди извор]Таунс е широко познат за неговата научна работа и водство.
- 1956 — избран за член на Националната академија на науките.
- 1957 — избран за соработник на Академијата на науките и уметностите на САД.[23]
- 1958 — награден со Комстокова награда за физика од Националната академија на науките.[24]
- 1959 — награден со Ричмејеровата спомен награда од Американското здрушение на професори по физика.[25]
- 1961 — Richtmyer Дејвид Сарнофиева електронска награда доделена од Институтот за електично и електротехничко инженерство, а исто и Румфордова награда доделена од Академијата на науките и уметностите на САД.
- 1962 — Џон Џ. Картиева награда за напредок во науката доделена од Националната академија на науките.[26]
- 1962 — Стјуарт Балантинов медал доделен од Франклиновиот институт.
- 1963 — Јангов медал и награда, за истакнати истражувања на полето на оптиката доделени од Институтот за физика.
- 1964 — Нобелова награда за физика со Николај Басов и Александар Прохоров за придонес во основоположничката работа во квантната електроника која довела до создавање на масерот и ласерот.
- 1979 — Бил награден со Нилс Боровиот меѓународен медал, за придонес во мирољубивата употреба на атомската енергија.
- 1980 — Таунс бил примен од страна на неговата домашна држава во Холот за наука и технологија на Јужна Каролина,а исто така бил награден со цитат.
- 1982 — Тој го добил Националниот научен медал, доделен од претседателот Роналд Реган.
- 1983 — назначен во Папската академија на науките.
- 1994 — избран за странски чнел на Руската академија на науките.
- 1996 — награден со Фредерик Ивиев медал од Оптичкото друштво на САД
- 1997 — Јанскиево предавање пред Националната радиоастрономска опсерваторија
- 1998 — награден со Раселово предавање од Американското астрономско друштво.
- 2000 — награден со Ломоносов златен медал од Руската академија на науките.
- 2003 — награден со Телјурајдска фестивалска награда за технологија во Телјурајд (Колорадо).
- 2004 — награден со Италијанско друштво за оптика и фотоника Архивирано на 14 мај 2015 г. (SIOF) медал "Galileo".
- 2005 — награден со Темпелтонова награда за „напредок во истражувањето или откритијата околу духовните реалности“.
- Тој исто така бил награден со леКонтиева плакета.
- 2006 — Заедно со соработникот Рај Реди, Таунс бил награден со Ваневар Бушиевата награда за доживотни придонеси и државништво во науката
- 2008 — На 24 мај Таунс добил почесен докторат за хумани писма од Редленскиот универзитет.
- 2010 — SPIE златен медал
- 2011 — на 14 мај Таунс добил почесен докторат за наука од Тексаскиот универзитет
- 2012 — награден со Награда „Златна гуска“ за владино-основано истражување со неочекувани апликации
- 2012 — награден со Ненси ДеЛој Фицрој и Роланд Фицроев медал од Американското друштво на машински инженери
Одбрани објавени дела
[уреди | уреди извор]Делата на Таунс биле широко објавени во книги и рецензирани статии,[13] меѓу кои:
- Gordon, J.; Zeiger, H.; Townes, Charles (1955). „The Maser—New Type of Microwave Amplifier, Frequency Standard, and Spectrometer“. Physical Review. 99 (4): 1264. Bibcode:1955PhRv...99.1264G. doi:10.1103/PhysRev.99.1264.
- Shimoda, K.; Wang, T.; Townes, Charles (1956). „Further Aspects of the Theory of the Maser“. Physical Review. 102 (5): 1308. Bibcode:1956PhRv..102.1308S. doi:10.1103/PhysRev.102.1308.
- Schawlow, Arthur; Townes, Charles (1958). „Infrared and Optical Masers“. Physical Review. 112 (6): 1940. Bibcode:1958PhRv..112.1940S. doi:10.1103/PhysRev.112.1940.
- Townes, Charles (1999). How the Laser Happened: Adventures Of a Scientist. Oxford University Press. ISBN 978-0-19-512268-8.
- Townes, Charles; Schawlow, Arthur (1955). Microwave Spectroscopy. McGraw-Hill. ISBN 978-0-07-065095-4.
- Townes, Charles (1995). Making Waves. American Institute of Physics Press. ISBN 978-1-56396-381-0.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 „Charles H. Townes — Biographical“. Nobelprize.org. 2006. Посетено на 2014-07-29.
- ↑ „Remembering Charles Townes“. Furman University. 2015-01-27. Архивирано од изворникот на 2015-01-28. Посетено на 2015-01-27.
- ↑ Bertolotti, Mario (2004). The History of the Laser. Taylor & Francis. ISBN 978-0-7503-0911-0.
- ↑ Bromberg, Joan (1991). The Laser in America, 1950–1970. MIT Press. ISBN 978-0-585-36732-3.
- ↑ Chiao, Raymond, уред. (1996). Amazing Light: A Volume Dedicated To Charles Hard Townes On His 80th Birthday. Springer. ISBN 978-0-387-94658-0.
- ↑ Chiao, Raymond, уред. (2005). Visions of Discovery: New Light on Physics, Cosmology, and Consciousness, A Volume Dedicated to Charles Hard Townes on his 90th Birthday. Cambridge. ISBN 978-0-521-88239-2.
- ↑ Haynie, Rachel (2014). First, You Explore: The Story of Young Charles Townes (Young Palmetto Books). University of South Carolina Press. ISBN 978-1-61117-343-7.
- ↑ Hecht, Jeff (2005). Beam: The Race to Make the Laser. Oxford University Press. ISBN 978-0-19-514210-5.
- ↑ Hecht, Jeff (1991). Laser Pioneers. Academic Press. ISBN 978-0-12-336030-4.
- ↑ Taylor, Nick (2000). Laser: The Inventor, the Nobel Laureate, and the Thirty-Year Patent War. Simon & Schuster. ISBN 978-0-684-83515-0.
- ↑ Townes, Frances (2007). Misadventures of a Scientist's Wife. Regent Press. ISBN 978-1-58790-128-7.
- ↑ „Nobel laureate and laser inventor, Charles Hard Townes, dies at 99“. Berkeley.edu. Посетено на January 27, 2015.
- ↑ 13,0 13,1 Чарлс Хард Таунс from the Scopus bibliographic database.
- ↑ Charles Townes — the Maser and the Laser, Office of Scientific and Technical Information, United States Department of Energy
- ↑ Charles H. Townes — Biographical Архивирано на 29 април 2006 г., Nobel Prize
- ↑ „Notable South Carolinians- Dr. Charles Hard Townes | Indigo Blue“. Indigobluesc.com. 1915-07-28. Архивирано од изворникот на 2013-10-23. Посетено на 2013-10-22.
- ↑ Townes, Charles (1939). Concentration of the heavy isotope of carbon and measurement of its nuclear spin (PhD thesis). Caltech.
- ↑ „Charles H. Townes: The Light Fantastic“, BusinessWeek, August 1, 2004
- ↑ Heinrich Hora; Edward Teller; George Hunter Miley (1 June 2005), Edward Teller Lectures: Lasers And Inertial Fusion Energy, Imperial College Press, стр. 3–4, ISBN 978-1-86094-468-0, Посетено на 27 December 2012
- ↑ Harvard Gazette June 16, 2005 Laser's inventor predicts meeting of science, religion Архивирано на 5 март 2016 г.
- ↑ „Laser inventor Charles Townes dies“. The Guardian. January 29, 2015.
- ↑ „Charles H. Townes Dies at 99; He Envisioned the Laser, Bringing It Into Daily Life“. The New York Times. 2015-01-29. Посетено на 2015-01-29.
- ↑ „Book of Members, 1780–2010: Chapter T“ (PDF). American Academy of Arts and Sciences. Посетено на 7 April 2011.
- ↑ „Comstock Prize in Physics“. National Academy of Sciences. Посетено на 26 February 2014.
- ↑ „Richtmyer Memorial Award“. American Association of Physics Teachers. Посетено на 28 January 2015.
- ↑ „John J. Carty Award for the Advancement of Science“. National Academy of Sciences. Посетено на 13 February 2011.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|
- Родени во 1915 година
- Починати во 2015 година
- Експериментални физичари
- Членови на Американската академија на уметностите и науките
- Странски членови на Кралското друштво
- Истражувачи на ласерот
- Членови на Националната академија на науките на САД
- Носители на Националниот научен медал
- Добитници на Нобеловата награда за физика
- Спектроскопичари
- Американски пронаоѓачи
- Американски нобеловци
- Наградени од Националната академија на науките на САД
- Апсолвенти на Калифорнискиот технолошки институт
- Американски јадрени физичари
- Странски членови на Руската академија на науките
- Членови на Папската академија на науките
- Странски членови на Индиската национална академија на науките
- Членови на Американското филозофско друштво