Роберт Лафлин
Роберт Лафлин | |
---|---|
Роден(а) | 1 ноември 1950 Вајсејлија, Калифорнија, САД |
Националност | Американец |
Полиња | Теориска физика |
Установи | Стенфордски универзитет |
Образование | Масачусетски институт за технологија Калифорниски универзитет |
Докторски ментор | Џон Јанопулос |
Познат по | Квантен Холов ефект |
Поважни награди | Лоренсова награда (1984) Награда за Баклиева кондензирана материја (1986) Нобелова награда за физика(1998) Франклинов медал(1998) |
Роберт Бетс Лафлин (англиски: Robert Betts Laughlin 1 ноември 1950) — професор по физика[1] и применета физика на Ана Т. и Роберт Бас во Стенфордскиот универзитет. Заедно со Хорст Лудвиг Штермер од Колумбискиот универзитет и Даниел Цуј од Принстонскиот универзитет, ја споделиле Нобеловата награда за физика во 1998 за нивното објаснување на Холовиот дробен квантен ефект.
Животопис
[уреди | уреди извор]Лафлин се родил во Вајсејлија, Калифорнија, САД. Тој ги завршил додипломските студии по математика во Калифорнискиот универзитет во 1972, а неговиот докторат по физика во 1979 во Масачусетскиот институт за технологија во САД. Помеѓу 2004 и 2006 работел како претседател во јавниот истражен универзитет "KAIST" во Теџон, Јужна Кореја. Лафлин има слично гледиште како Џорџ Чаплин, сомневајќи се во постоењето на црните дупки.
Кариера
[уреди | уреди извор]Во 1983, Лафлин бил првиот кој обезбедил многутелна бранова функција, познато како Лафлинова бранова функција, за Холовиот дробен квантен ефект, со способност точно да го објасни разделениот полнеж набљудуван во експериментите. Оттогаш оваа состојба е позната како Бозе-Ајштајнова распределба.[2]
Гледиште за климатските промени
[уреди | уреди извор]Гледиштето на Лафлин за климатската промена е тоа дека можеби е важна, но невозможно е да се промени иднината. Тој напишал „Геолошката евиденција покажува дека климата не треба премногу да се однесува на нас кога сме свртени кон енергетската иднина, не затоа што тоа е неважно, но бидејќи тоа е надвор од нашата моќ за контрола“.[3]
Награди
[уреди | уреди извор]- Лоренсова награда за физика - 1985
- Награда за Баклиева кондензирана материја - 1986
- Национална академија на науки - 1994
- Бенџамин Франклинов медал за физика - 1998
- Нобелова награда за физика - 1998
- Награда златен панел на Академијата на успехот - 1999
- Докторат за писма, Мерилендски универзитет - 2005
- Онзагеров медал - 2007
Објавени дела
[уреди | уреди извор]Лафлин објавил книга насловена "A Different Universe: Reinventing Physics from the Bottom Down" (Различен универзум: Преизмислување на физиката од дното) во 2005. Во книгата станува збор за појавата како замена за редукционизмот, како додаток на општите коментирања за најважните теми.
- Laughlin, Robert B. (2005). A Different Universe: Reinventing Physics from the Bottom Down. Basic Books. ISBN 978-0-465-03828-2. (Trad. esp.: Un universo diferente. La reinvención de la física en la Edad de la Emergencia, Buenos Aires/Madrid, Katz editores, 2007, ISBN 978-84-935432-9-7).
- Laughlin, Robert B. (2008). The Crime of Reason: And the Closing of the Scientific Mind. Basic Books. ISBN 978-0-465-00507-9. (Trad. esp.: Crímenes de la razón. El fin de la mentalidad científica, Buenos Aires/Madrid, Katz editores, 2010, ISBN 978-84-96859-68-5).
- Mente y materia. ¿Qué es la vida? Sobre la vigencia de Erwin Schrödinger (with Michael R. Hendrickson; Robert Pogue Harrison and Hans Ulrich Gumbrecht), Buenos Aires/Madrid, Katz editores, 2010, ISBN 978-84-92946-12-9.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Robert Laughlin – Stanford Physics Faculty Архивирано на 12 јануари 2006 г.. Stanford.edu. Посетено на 2012-01-28.
- ↑ „Nobel Focus: Current for a Small Charge“. Physics Focus. 2 (18). 1998. doi:10.1103/PhysRevFocus.2.18.
- ↑ What the Earth Knows – Robert B. Laughlin. The American Scholar. Посетено на 2012-01-28.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Photograph, Biography and Bibliographic Resources, од Office of Scientific and Technical Information, United States Department of Energy
- Robert B. Laughlin autobiography Архивирано на 11 април 2012 г.
- The Crime of Reason and the Closing of the Scientific Mind предавање во Linda Hall Library, мај 4, 2011
- Roberts, Russ (August 9, 2010). „Laughlin on the Future of Carbon and Climate“. EconTalk. Library of Economics and Liberty.
|