Летни олимписки игри 1996
XVII Зимски олимписки игри | |
Град домаќин | |
---|---|
Бр. на држави | 197 |
Бр. на спортисти | 10,320 (6,797 мажи, 3,523 жени) |
Натпревари | 271 од 26 спортови |
Отворени | |
Затворени | |
Официјално отворени од: | Бил Клинтон |
Спортска заклетва | Тереза Едвардс |
Олимписка заклетва | Хобл Билингсли |
Олимписки оган | Мухамед Али |
Стадион |
Летните олимписки игри - 1996 или официјално познати како Игрите на 26. Олимпијада се одржаа во Атланта. Градот беше избран за домаќин на игрите во Токио во 1990 со победата над градовите Атина, Белград, Манчестер, Мелбурн и Торонто.
Изборот на град-домаќин
[уреди | уреди извор]Некои чувствувале дека најповолно е Атина да биде град домаќин на игрите како 100 -годишнина од одржувањето на првите модерни олимписки игри. Но, сепак МОК истакнал дека Атина не може да ги организира игрите во 1996, туку евентуално игрите во 2004. Гласањето за избор на град-домаќин на игрите се одржало во рамките на 96. сесија на МОК во Токио на 18 септември 1990. Во следнава табела се дадени резултатите од гласањето за избор на град-домаќин на игрите (the International Olympic Committee Vote History Архивирано на 25 мај 2008 г.).
Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Летните олимписки игри - 1996 | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
Град | Земја | Прв круг | Втор круг | Трет круг | Четврти круг | Петти круг |
Атланта | САД | 19 | 20 | 26 | 34 | 51 |
Атина | Грција | 23 | 23 | 26 | 30 | 35 |
Торонто | Канада | 14 | 17 | 18 | 22 | - |
Мелбурн | Австралија | 12 | 21 | 16 | - | - |
Манчестер | Обединето Кралство | 11 | 5 | - | - | - |
Белград | Југославија | 7 | - | - | - | - |
Ретроспектива
[уреди | уреди извор]- Македонија дебитирала на Олимписките игри како независна земја-учесничка.
- Мухамед Али го донел олимпискиот факел на олимпискиот стадион.
- Словенечкиот спортист и поранешен гимнастичар Леон Штукељ присуствувал на церемонијата на свеченото
отворање на игрите на возраст од 97 години.
- Наим Сулејманоглу станал првиот натпреварувач во подигање тегови кој освоил 3 златни медали.
- Донован Бејли од Канада победил во трката на 100m со резултат од 9,84s што било светски рекорд во тоа време, а сè уште е Олимписки рекорд.
- Мајкл Џонсон победил во трките на 200 и 400m, поставувајќи нов светски рекорд на 200m од 19,32s кој сè уште не е соборен.
- Мари Жозе- Перек го сторила истото во женска конкуренција, но без светски рекорд.
- Карл Луис (35) го освоил својот четврти Олимписки златен медал во скок во далечина.
- Спортовите софтбол, одбојка на песок, планински велосипедизам и фудбал во женска конкуренција дебитирале на игрите.
- Палестина дебитирала на Олимписките игри.
- Во велосипедизам за првпат на игрите учествувале професионалците. Петкратниот победник на Тур Д'Франс Мигел Индураин победил на хронометарот.
- Мишел Смит од Ирска освоила 3 златни и еден бронзен медал во пливање. Но, нејзините успеси биле под сомнение на допинг, но таа на сите тестови била негативна.
- Кери Страг од САД се натпреварувала во гимнастика со повредена нога и во тимскиот натпревар го освоила златниот медал.
- Еми ван Дикен освоила 4 златни медали воп пливање.
- Деон Хемингс стабнала првата жена која освоила златен медал за Јамајка и првата жена од Карипските острови од англиско говорно подрачје.
- На игрите учествувале рекордни 197 земји од кои 79 освоиле барем еден медал.
- Пет спортисти биле дисквалификувани поради користење на недозволени средства.
- Андре Агаси го освоил златниот медал во тенис поединечно со што станал првиот тенисе којшто успеал да освоил Гренд Слем и залато на Олимписките игри.
- Денг Јапинг од Кина освоила 2 златни медали во пинг-понг (поединечно и во двојки) со што успеала да го оствари своето постигнување од игрите 4 години пред тоа.
- За првпат медал на Олимписките игри освоиле спортистите од Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Бурунди, Хонгконг, Еквадор, Грузија, Мозамбик, Казахстан, Молдавија, Тонга, Словачка, Украина и Узбекистан.
- Ли Лаи Шан освоил златен медал во едрење за Хонгконг што бил прв и единствен златен медал за Хонгконг. Тоа е и последниот медал за Хонгконг како британска териториија, а на игрите Хонгконг за последен пат настапил под колонијалното знаме.
- Ксено Милер од Швајцарија освоил злато во веслање во дисциплината поединечно со кормилар.
Спортови
[уреди | уреди извор]Земји-учеснички
[уреди | уреди извор]На игрите во Атланта настапиле 10,318 спортисти од 197 земји.[1] 24 земји дебитирале на Летните олимписки игри. Најголем број биле земји кои на претходните игри биле дел од Заедницата на независни држави. Русија настапила како независна земја за првпат по Летните олимписки игри - 1912 кога настапила како Руска Империја.
14 земји дебитирале на Олимписките игри: Македонија, Комори, Палестина, Науру, Доминика, Азербејџан, Бурунди, Зелено'ртска Република, Сент Кити и Невис, Света Луција, Саун Томе и Принсип, Гвинеја-Бисао, Таџикистан и Туркменистан.
10 земји за првпат настапиле на Летните олимписки игри, но претходно настапиле на Зимските олимписки игри - 1994 одржани во Лилехамер: Ерменија, Белорусија, Чешка, Грузија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Словачка, Украина и Узбекистан.
Освојувачи на медали
[уреди | уреди извор]Место | Земја | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1 | САД (домаќин) | 44 | 32 | 25 | 101 |
2 | Русија | 26 | 21 | 16 | 63 |
3 | Германија | 20 | 18 | 27 | 65 |
4 | НР Кина | 16 | 22 | 12 | 50 |
5 | Франција | 15 | 7 | 15 | 37 |
6 | Италија | 13 | 10 | 12 | 35 |
7 | Австралија | 9 | 9 | 23 | 41 |
8 | Куба | 9 | 8 | 8 | 25 |
9 | Украина | 9 | 2 | 12 | 23 |
10 | Република Кореја | 7 | 15 | 5 | 27 |
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Летни олимписки игри 1996“ на Ризницата ? |
- Времена страница Архивирано на 21 мај 2008 г.
- Страна на New York Times
- МОК страна на Летните олимписки игри - 1996
- Официјална репортажа 1 Архивирано на 13 април 2008 г.
- Официјална репортажа 2 Архивирано на 13 април 2008 г.
- Официјална репортажа 3 Архивирано на 13 април 2008 г.
|