Луиз Глик
Луиз Глик | |
---|---|
Глик околу 1977 г. | |
Изворно име | Louise Glück |
Роден/а | Луиз Елизабет Глик 22 април 1943 Њујорк, САД |
Починат/а | 13 октомври 2023 | (возр. 80)
Занимање |
|
Образование | |
Период | 1968–до денес |
Значајни дела | Ахиловиот триумф (1985) Дива перуника (1992) |
Значајни награди |
|
Луиз Глик (англиски: Louise Elisabeth Glück; 22 април 1943 - 13 октомври 2023) — американска поетеса. Добитничка на Пулицеровата награда за поезија во 1993 година.
Родена е во 1943 г. во Њујорк. Во 2020 година, ја добила Нобеловата награда за книжевност за нејзиниот „непогрешлив поетски глас што, по својата строга убавина, го прави поединечното постоење универзално.“[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Нејзиното целосно име е Луиз Елизабет Глик. Потомок е на унгарски Евреи кои емигрирале во Америка. Учела на колеџите „Сара Лоренс“ и „Колумбија. Нејзината поезија припаѓа на објективистичката поетика, создадена во текот на 30-тите години на минатиот век, чии главни претставници биле Луис Зуковски, Чарлс Резникоф, Џорџ Опен и Карл Ракоси. Следејќи ја оваа поетика, таа ги третира песните како предмети, истакнувајќи ја сериозноста, интелигенцијата и способноста на поетот да го разбере светот со употреба на обични секојдневни зборови. Во својот есеј „Докази и теории“, таа наведува дека застапува поезија која се приближува до тишината и се граничи со исчезнувањето. Во 1993 година, ја добила Пулицеровата награда за книгата „Дива перуника“. Била поетеса-лауреатка на Конгресната библиотека 2003-2004 година. Во моментов е писател-резидент на универзитетот Јејл и предавач на програмата за творечко пишување на универзитетот во Бостон. Живее во Кембриџ, во државата Масачусетс.[2]
Објавени дела
[уреди | уреди извор]Поезија
[уреди | уреди извор]- „Верна и виртуозна ноќ“ (2014)
- "Песни 1962-2012" (2012)
- „Рурален живот“ (2009)
- „Аверно“ (2006)
- „Седум века“ (2001)
- „Vita Nova“ (1999)
- „Пасишта“ (1996)
- „Дива перуника“ (1992)
- „Арарат“ (1990)
- "Ахилов триумф" (1985)
- "Фигура на потекло" (1980)
- „Градина“ (1976)
- „Куќа во мочуриштето“ (1975)
- "Првороденче" (1968)
Есеи
[уреди | уреди извор]- Американска оригиналност: Есеи за поезијата (2017)
- Докази и теории: Есеи за поезијата (1994)
Награди и признанија
[уреди | уреди извор]- Пулицерова награда за поезија (1993)
- Болингенова награда (2001)
- Поет лауреат на САД (2003–2004)
- Национална книжевна награда (2014)
- Национален медал за хуманитарни науки (2015)
- Нобелова награда за литература (2020)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „The Nobel Prize in Literature 2020“. NobelPrize.org. Посетено на 12 октомври 2020.
- ↑ „Песме и биографија“. Ризом. Посетено на 4 декември 2018.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Луиз Глик на Ризницата ?
- Louise Glück Online resources from the Library of Congress
- Louise Glück Papers. Yale Collection of American Literature, Beinecke Rare Book and Manuscript Library.
|
|
|