Хајнрих Бел
Хајнрих Теодор Бел | |
---|---|
Хајнрих Бел во 1981 г. | |
Роден/а | 21 декември 1917 Колоњ, Германија |
Починат/а | 16 јули 1985 Лангенбројх, Северна Вестфалија, Западна Германија | (возр. 67)
Националност | Германец |
Значајни награди | Наградата Георг Бихнер 1967 Нобелова награда за литература 1972 |
Потпис |
Хајнрих Теодор Бел (21 декември 1917 - 16 јули 1985) — германски писател, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1972 година. Тој е автор на повеќе дела кои се сметаат за класици на модерната германска литература.[1],[2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Бел го добил основното образование во католичкото училиште во Келн, а во родниот град ја завршил и хуманистичката гимназија „Цар Вилхелм“. Тој бил еден од ретките младинци што не учествувале во политичкото движење Хитлерјугенд.[3] По матурата, работел како практикант во книжарница. Во 1938 година ги почнал студиите по класична филологија, но само по еден семестар бил регрутиран во војската. Се борел на повеќе фронтови и неколкупати бил ранет. Во 1942 година, Бел се оженил со својата младешка љубов, Анемари Чех. Крајот од Втората светска војна, од април до септември 1945 година го поминал во германско заробеништво.[4] Бел бил политички ангажиран така што бил патрон на фондацијата поврзана со германската Партија на зелените.[4]
Творештво
[уреди | уреди извор]Бел се појавил на книжевната сцена во 1947 година со своите раскази, а во 1951 година ја добил наградата на Групата 47 чиј член станал подоцна. Од 1971 до 1974 година бил претседател на Меѓународниот ПЕН-клуб. Во 1972 година станал добитник на Нобеловата награда за книжевност.[4] Најпознати дела на Бел се:[4]
- Возот пристигна на време (раскази, 1949)
- Патнику, ќе дојдеш ли во Спа. . . (1950)
- Каде беше Адаме? (роман, 1951)
- И не се пожали ниту со збор (роман, 1953)
- Леб од најраните години (ромна, 1955)
- Ирски дневници (1957)
- Недофатни (драма, 1957)
- Заминување за еден час (драма, 1957)
- Црни овци (расказ)
- Куќа без чувари
- Билјард во девет и полoвина (роман, 1959)
- Голтката на земјата (драма, 1962)
- Погледите на еден кловн (роман, 1963)
- Напуштање на одредот (раскази, 1964)
- Отсутен, без да замине (роман, 1964)
- Крајот на службеното патување (роман, 1966)
- Групен портрет со дама (роман, 1971)
- Загубената чест на Катерина Блум (роман, 1974)
- Жената во заднината на пејзажот со река (роман, 1985)
Во своите романи и раскази, пиеси и есеи, Бел најчесто ги осудува фашизмот и општествениот поредок во Германија за време и по Втората светска војна.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Heinrich Böll“. Архивирано од изворникот на 2021-01-27. Посетено на 2021-02-03.
- ↑ Heinrich Böll Biographical
- ↑ 3,0 3,1 Проект- превод на книжевни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена, Битола, 2009.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 Хајнрих Бел, Погледите на еден кловн. Скопје: Бегемот, 2012, стр. 227.
|
|