Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Харолд Пинтер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Харолд Пинтер
Пинтер во декември 2005
Изворно имеHarold Pinter
Роден/а10 октомври 1930(1930-10-10)
Лондон, Англија
Починат/а24 декември 2008(2008-12-24) (возр. 78)
Лондон, Англија
Занимањедраматург, сценарист, глумец, драмски режисер, поет
НационалностБританец
Период1947 — 2008
Сопруг/а
  • Вивјен Мерчант (1956 — 1980)
  • Антонија Фрејзер (1980 — 2008)
Деца
  • 1 син со Мерчант
  • 6 посинети од Фрејзер
Потпис
мрежно место
haroldpinter.org

Икона за портал Портал: „Книжевност

Харолд Пинтер (англиски: Harold Pinter; 10 октомври 193024 декември 2008) — истакнат англиски драмски писател, сценарист, глумец и режисер, добитник на Нобелова награда за литература. Тој бил еден од највлијателните луѓе во Велика Британија. Неговата пишувачка кариера траела повеќе од 50 години. Студирал на Кралската академија за драмска уметност. Уште како студент почнал да пишува и објавува поезија под влијание на Дилен Томас и Езра Паунд, но професионалната кариера ја почнал како глумец во разни патувачки групи и театри (1957г.).[1]

Творештво

[уреди | уреди извор]

Театарски пиеси:

  • Соба (1957); Роденденска забава (1957); Немиот келнер (1957); Слаба болка (1958); Стакленик (1958), Домарот (1959), скечеви: Црно и бело; Неволја на работа (1959); Последен да оди; Постојка на барање; Специјална понуда (1960); Тоа е твоја неволја; Тоа е сè; Интервју (1964); Ноќ за излегување (1959); Ноќно училиште (1960); Џуџиња (1960); Збирка (1961); Љубовникот (1962); Чајанка (1964); Враќање дома (1964); Сутерен (1966); Пејзаж (1967); Тишина (1968); скечот Ноќ (1969); Стари времиња (1970); Монолог (1972); Ничија земја (1974); Предавство (1978); Семејни гласови (1980); и со Станица Викторија и Еден вид Алјаска под насловот Други места (1982); скечот Точно (1983); Еден за пат (1984); Планински јазик (1988); Новиот светски поредок (1991); Време за забава (1991); Месечина (1993); Пепел на пепелта (1996); скечот Конференција за печат (2002).

Филмски сценарија:

  • Домарот (1962); Јадач на тикви (1963); Слугата (1963); Меморандумот Квилер (1965); Несреќен случај (1966); Роденденска забава (1967); Посредникот (1969); Враќање дома (1969); Лангрит се симнува (1970), адаптирано за ТВ 1978; Во потрага по загубеното време (1972); нефилмувано; Последниот тајкун (1974); Жената на францускиот поручник (1980); Предавство (1981); Победа (1982); нефилмувано; Желкин дневник (1984); Ракотворена сказна (1987); Повторна средба (1988); Во жештината на денот (1988); Удобноста на странци (1989); Процес (1989); Детето што сонува (1997) нефилмувано; Трагедијата на Крал Лир (2000) нефилмувано.

Театарски режии:

  • Збирка (со Питер Хол, 1962); Љубовникот и Џуџињата (1963); Роденденска забава (1964); Човекот во стаклена кабина на Роберт Шо, во Лондон (1968); Прогонети на Џемс Џојс (1970); Батли на Сајмон Греј (1971); Близок род на Џон Хопкинс (1974); Инаку зафатен на Сајмон Греј, во Лондон (1975) и Њујорк (1977); Невините на Вилијам Арчибалд, во Њујорк (1976); Весел дух на Ноел Кауард (1976); Задна колумна на Сајмон Греј (1978); Крај на пиеса на Сајмон Греј (1979); Стакленик (1980); Четвртглавни услови на Сајмон Греј (1981); Случка на Тузле Хил на Роберт Ист (1981); Тројанската војна нема да се случи на Жан Жироду (1983); Општа потрага на Сајмон Греј (1984); Еден за пат (1984); Слатка птица на младоста на Тенеси Вилијамс (1985); Чирче и браво на Доналд Фрид (1986); Ванила на Џејн Стантон Хичкок (1990); Време за забава и Планински јазик (1991); Новиот светски поредок (1991); Олеана на Дејвид Мамет (1993); Пејзаж (1994); Заземање страст на Роналд Харвуд (1995); Дванаесет гневни луѓе на Реџиналд Роуз (1996); Животна поддршка на Сајмон Греј (1997); Доцните средни класи на Сајмон Греј (1999); Прослава и Соба (2000); Ничија земја (2001); Старите мајстори на Сајмон Греј (2004).

Награди и признанија

[уреди | уреди извор]
  • СВЕ (1966), Шекспирова награда (Хамбург) 1970, Европска награда за литература (Виена) 1973; Награда Пирандело (Палермо) 1980; Орден за заслуги на Чиле, 1992; Британска литературна награда на Дејвид Кен 1995; почесен член на Квин Мери Колеџ, Лондон; Специјална награда Лоренс Оливие 1996; Молиерова почест за животно дело, Париз 1997; награда за литературна одличност на Сандеј Тајмс 1997; BAFTA членство 1997; Companion od Literature, RSL 1998; награда за посебна уметничка служба на кругот критичари 2000; поетска награда Brianza, Италија 2000; South Bank Show Award for Outstanding Acienment in the Arts, 2001; златна ПЕН награда S.T.Dupont 2001 for a Lifetime's Distinguished Service to Literature; 'Premio Fiesole ai Maestri del Cinema', Италија 2001; Награда на светски водачи, Торонто, Канада 2001; Hermann Kesten Medallion за вонреден ангажман во име на прогонувани и затворени писатели на германскиот ПЕН, Берлин, Германија 2001; Companion od Honour for services to Literature, 2002; Diploma 'ad Honorem', Teatro Filodrammatici, Милано, Италија 2004; театарски награди за Ивнинг Стандард, 50/гидишница - специјална награда, 2004; поетска награда Вилфрид Овен, 2005; награда Франц Кафка, 2005; Нобелова награда за литература, 2005.
  • Почесни дипломи од универзитетите на Рединг 1970; Бирмингам 1971; Глазгов 1974; Источна Англија 1974; Стирлинг 1979; Браун (Род Ајленд) 1982; Хал 1986; Сасекс 1990; Ист Лондон 1994; Софија (Бугарија) 1995; Бристол 1998; Голдмитс; Лондонски универзитет 1999; универзитет на Аристотел; Солун 2000; Фиренца, Италија 2001; Торино, Италија 2002 и Национален универзитет на Ирска, Даблин 2004.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2010