Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                

„Романските“ чети на Македонската Револуционерна Организација 1906-1908 [The "Romanian" armed bands of the Macedonian Revolutionary Organization 1906-1908]

2018, Историја LIII/2 [Journal of History LIII/2] Skopje

The paper deals with the formation and the activities of the so-called Romanian armed bands in Ottoman Macedonia, during the later stages of the Macedonian Struggle. These bands were consisted of pro-Romanian Vlachs from Macedonia and their main assignment was to fight the Greek bands of andartes and to protect the pro-Romanian communities. The paper analyses the key factors behind the decision to send “Romanian” armed bands in Macedonia, as well as the role of the Romanian state and the Internal Macedonian-Adrianople Revolutionary Organization in the creation, funding and disbandment of these bands.

СТАТИИ/ARTICLES УДК 94:329.13(=163.3)MRO"1906/1908 355.314:329.13(=163.3)MRO"1906/1908 Никола МИНОВ Филозофски факултет – Скопје Институт за историја „РОМАНСКИТЕ“ ЧЕТИ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА (1906-1908) Летото 1906 година минувало без поголеми придвижувања на Ќустендилскиот пограничен пункт на Внатрешната македоно-одринска револуционерна организација. Четите што презимиле во Бугарија, ја минале турско-бугарската граница уште во текот на пролетта и се упатиле кон своите реони во Македонија. Малата чета на Тодор Александров заминала за Штипско. Четата на Добри Даскалов се упатила кон Тиквешко. Границата илегално ја минале и малешевската, кривопаланечката, кратовската и големата велешка чета. Кон крајот на август, летната досада на пунктовиот началник, Михаил Дорев, ја нарушило пристигнувањето на дванаесет „до заби“ вооружени момчиња. Педантниот записничар ги регистрирал првите петмина, кои, предводени од војводата Иван Пашата, требало да ги засилат редовите на Организацијата во битолскиот реон. Останатите седум борци биле наменети за друг реон. Според облеката и според балканските црти на нивните лица, тие не се разликувале премногу од четниците што ја минувале границата пред нив. Одлично го зборувале и јазикот на пунктовиот началник и на петте сопатници, а дозволата за минување низ тајните канали на Организацијата ја добиле од истото место како и останатите што минале пред нив. Ниту нивните имиња, забележани во „Дневникот на четите испраќани во Македонија од Ќустендилскиот пункт“, не предизвикувале сомнеж: Димитар Николов, Атанас Томов, Коста- 22 Никола МИНОВ, „Романските“ чети... дин Јанакиев, Георги Јанаки Доти, Наум Диманов, Јанаки Кота Кузманов и војводата на четата – Георги Костов Касапчето.1 Тоа не биле нивните вистински имиња! *** Во октомври 1848 година, лидерот на штотуку задушената револуција во Влашка, Николае Б’лческу, испратил писмо до пратеникот на провизорната влада на Влашка и Молдавија во Османлиската Империја, Јон Ѓика, во кое напишал: „Одлучив да дојдам во Константинопол и да се сместам меѓу Власите на Балканот, бидејќи сметам дека по секоја цена треба да се развие националноста кај ова истурено подрачје на романизмот. Сметам и дека, порано или подоцна, овие Власи ќе ни послужат добро таму каде што се. Ако можеш, испрати кај нив некој доверлив човек, за да подготви извештај за нивната морална и политичка состојба, а потоа ќе побараме и училиште и така ќе вработиме многу млади луѓе што (сега) умираат од глад“.2 Доколку добро упатените современици на Б’лческу имале можност да го прочитаат ова писмо, неговите идеи би биле отфрлени како утопија. По неуспешниот исход на револуцијата во 1848 година, Влашка и Молдавија се нашле под османлиско–руска воена окупација. Акцијата на романските револуционери ги ставила под прашање иднината и степенот на автономија што дотогаш ги уживала нивната татковина и воопшто не доаѓала предвид каква било грижа за еден непрецизиран број Власи, раштркани низ градовите и по планините во Македонија, Епир, Тесалија и Албанија. Од друга страна, во тие моменти апсолутистичка Европа жестоко војувала против либерализмот и национализмот како идеи-водилки на револуцијата, па, оттука, развивањето на националноста кај Власите, предложено од Б’лческу, не би било возможно ниту во Виена, или Четите на Вътрешната Македоно-Одринска Революционна Организация, Дневник и снимки на четите на ВМОРО, преминали през Кюстендилския пункт 1903-1908 , ed. Ива Бурилкова et al. (София: Главно управление на архивите при Министерския съвет , 2003), 75. 2 N. Bălcescu, Opere IV, Corespondenţă, Scrisori, Memorii, Adrese, Documente, Note şi Materiale, ed. G. Zane (Bucureşti: Editura Academiei Republicii Populare Romîne, 1964), 229. 1 ИСТОРИЈА / Journal of HISTORY, бр. 2, 2018 23 во Берлин, а уште помалку во центарот на европските владеења на едно источно деспотство, каква што била Османлиската Империја. Меѓутоа, спротивставените интереси на големите европски сили и нивната меѓусебна борба за зголемување на сопственото и за неутрализирање на туѓото воено-политичко влијание, ги нарушувале темелите врз коишто била изградена пост-наполеонова Европа, а еден од најголемите добитници во борбата меѓу Големите сили за превласт во Европа била Романија. Поразот на Русија во Кримската војна (1853–1856) и османлискиот пораз во Руско-турската војна (1877–1878) овозможиле создавање на независна романска држава. Лидерите на револуцијата од 1848 година ги зазеле највисоките позиции на романската политичка сцена, а како директна последица на нивниот интерес кон балканските Власи, влашкото прашање станало актуелно и во романските медиуми. Всушност, интересот на Романија за Власите претставувал објективна нужност во тогашната констелација на меѓународни односи. Романскиот народ бил емотивно насочен кон Романците од Трансилванија и од Бесарабија, кои и по 1878 година, останале надвор од романските граници. Меѓутоа, иредентизмот ги загрозувал односите на Романија со политичкиот партнер, Австро–Унгарија, и го предизвикувал бесот на Русија, што, пак, можело да го доведе во опасност и самиот опстанок на земјата. Романската влада брзо разбрала дека безбедноста на државата била гарантирана само со умерена и со тивка надворешна политика, но и со пренасочување на јавното мислење од Трансилванија и од Бесарабија, кон Балканот. Токму во овој контекст, судбината на балканските Власи станала една од поважните преокупации на романската надворешна политика. Националното освестување на Власите сè уште било во почетен стадиум, а фактот дека влашкиот јазик, како и романскиот, му припаѓа на источниот латинитет и спаѓа во групата романски јазици, претставувал солидна база за романско активирање на Балканот. Така, на Власите им припаднала улогата да бидат Романци, за коишто романската држава требала да се грижи и да ги покровителствува, со тоа што за 24 Никола МИНОВ, „Романските“ чети... нив ќе отвори и ќе финансира бројни училишта и ќе ги штити нивните интереси пред Портата.3 Романските политичари набргу откриле дека влашкото прашање имало многу поголем потенцијал од што можеле да замислат. Прашањето било чедо на либералната партија и на романските либерали им носело сериозен електорален капитал. Затоа и една од примарните цели на конзервативната партија била да им го одземе на либералите најголемиот адут во надворешната политика, со тоа што би ги зголемила средствата инвестирани за унапредување на романската просветно-религиозна пропаганда во Османлиската Империја. Така, дури и во ситуација кога надворешниот долг на Романија вртоглаво растел и владата била принудена да укинува одредени ставки во буџетот, средствата што либералната и конзервативната партија ги наменувале за т.н „македонски буџет“ достигнувале небески височини.4 Од друга страна, далекувидите романски државници сфатиле дека влашкото прашање би можело да донесе и значајни територијални придобивки. Поради својата географска положба, Романија не можела да заземе делови од Македонија. Меѓутоа, во Букурешт биле свесни за бугарските претензии кон дел од османлиските европски провинции и знаеле дека постоењето на романски елемент во Македонија, на Романија би ѝ овозможило проследување на одредени политички цели. Со евентуално бугарско проширување на запад и присоединување на македонските „Романци“ кон Бугарија, Романија би побарала територијална компензација од Бугарија и анексија на Јужна Добруџа, со што целосно би било реализирано предвидувањето на Б’лческу дека „порано или подоцна, Власите добро ќе ни послужат таму каде што се“.5 Подетаљно види: Никола Минов, Влашкото прашање и романската пропаганда во Македонија 1860 – 1903 (Скопје: Ars Libris, 2013), passim. 4 Државен архив на Република Македонија (натаму ДАРМ), f. Arhiva Istorica Turca, m-1750, vol. 32 (1900–1915), Desbaterile adunarei deputaţilor, Şedinta din 21.12.1901, Anexa la Monitorul Oficial, no. 210: 145-146. 5 Романските планови за проширување во Јужна Добруџа и употребата на Власите, како паричка за поткусурување со Бугарија, биле јавна тајна, а, понекогаш, и романските политичари не ги криеле своите намери во овој контекст. Така, во 1901 година, францускиот дипломатски претставник во Букурешт, М. Анри, известува за разговорот меѓу поранешниот романски министер за образование и иден министер за финансии, за внатрешни работи и премиер на Ро3 ИСТОРИЈА / Journal of HISTORY, бр. 2, 2018 25 Османлиската Империја не покажувала отпор кон романските претензии. По 1878 година, Романија и Османлиската Империја веќе не биле соседи, а географијата ги обликувала и билатералните односи меѓу двете држави. Романија не претендирала кон османлиските владеења, а Османлиите немале ништо против тоа, на балканската арена на разни борби и соперништва, да се јави уште еден борец за црковно-училишни права. Верна на тактиката да поттикнува расправии меѓу нејзините христијански поданици, секогаш покровителствувајќи ја послабата страна, османлиската власт пресметала дека би ѝ одело во прилог да ги фаворизира „Романците“ во Европска Турција. За разлика од Османлиите, Грците го дочекале романскиот настап на нож. Многумина, кои престојувале во Македонија во текот на 19 и 20 век, забележале дека значајна компонента на оние што се изјаснувале како Грци, всушност биле Власи по потекло.6 Навистина, до појавата на романската пропаганда во 60-тите години од 19 век, влашкиот елемент на Балканот живеел во духовно единство со грцизмот. Овие Грковласи, во голем број центри на Македонија, Епир, Албанија и Тесалија, го составувале јадрото на грчките општини, и, при отсуство на грчко население, биле главниот стожер на грчката национална идеја. Затоа, кога Романија започнала да отвора училишта за Власите, со што се заканила дека ќе ги оттргне од грчките редови, веднаш следувала грчка реакција. За волја на вистината, и покрај апокалиптичната нишка во извештаите на романските дипломатски претставници во Османлиската Империја, борбата меѓу грчката и романската пропаганда до крајот на 19 век била прилично мирољубива за балкански услови. Со исклучок на десетина жртви за 35 години и на неколку неуспешни атентати, борбата за манија, Таќе Јонеску, и австро-унгарскиот премиер, грофот Голуховски. На прашањето каква корист има Романија од една романска група во Македонија, одговорот на Јонеску бил краток и јасен: „Тие, кога ќе дојде време, ќе ни послужат како елемент за компензација“. Види: Documents diplomatiques Français (1871–1914), 2e serie (1901–1911), Tome Premier, 2 Janvier–31 Décembre 1901 (Paris: Ministère des affaires étrangères, 1930), 352. 6 Далибор Јовановски, „Грчки дипломатски погледи за Ароманците во Македонија (Ароманците во грчките дипломатски документи)“, Документи, 3 (2006): 10. 26 Никола МИНОВ, „Романските“ чети... „освојување“ на Власите главно резултирала со: нарушени меѓучовечки и роднински односи, битки за правото на покојникот да биде погребан од грчки или романски свештеник и анатеми за „романските еретици“ во влашките села.7 Илинденското востание во 1903 година и мирцштегските реформи, предвидени за смирување на ситуацијата во Македонија во постилинденскиот период, отвориле нова етапа во историјата на влашкото прашање и ги заостриле грчко-романските односи. Вестите што пристигнувале пред востанието, за учество на Власи во четите на Тајната македоно-одринска револуционерна организација (ТМОРО), дури и дека дел од нив застанале на чело на четите, биле редовно отфрлани од официјален Букурешт, под изговор дека учеството на Власите во ТМОРО било минорно и принудно.8 Меѓутоа, Илинденското востание и информациите од востанатите подрачја за масовно влашко учество во востаничките дејствија ги поткопале обидите на романската влада да докаже дека Власите биле принудени да се зачленуваат во ТМОРО. Напротив, романските конзули известуваат дека Власите доброволно се вклучиле во борбата.9 Дополнителен проблем за романските политичари претставувало сознанието дека, речиси без исклучок, сите влашки востаници биле членови на романската партија во Македонија, а истиот факт го забележале и странските дипломати.10 Непријатните факти, сепак, не ги влошиле односите меѓу Букурешт и Цариград. Во време кога Османлиската Империја и Бугарија се наоѓале на работ на војна, на Цариград не му одговарало да ги загрози односите со бугарскиот северен сосед и можен османлиски сојузник во потенцијалната војна. Затоа, за единствен виновник за Минов, Влашкото прашање, 122-125. Nikola Minov, “The Aromanians and IMRO”, Macedonian Historical Review, 2 (2011): 190. 9 Македо-Романско друштво за култура: Документи, ed. Катерина Тодороска (Скопје: Менора, 2002), 158. 10 Британскиот генерален конзул во Солун, Роберт Грејвс, известува дека Грковласите ја задржале својата лојалност кон турската власт, но „оние Власи што беа привлечени од романската пропаганда, во голем број случаи покажуваат отворени симпатии кон бугарските банди.“ Keith Brown, The Past in Question. Modern Macedonia and the Uncertainties of Nation (Princeton and Oxford: Princeton University Press, 2003), 99. 7 8 ИСТОРИЈА / Journal of HISTORY, бр. 2, 2018 27 Илинденското востание биле прогласени комитите, кои наводно биле продолжена рака на официјална Софија. Во пресрет на очекуваните реформи и во согласност со генералната политика на романските политички партнери од Тројниот сојуз, истата верзија била прифатлива и за Букурешт. Меѓутоа, ако Илинденското востание не ги нарушило романско-османлиските односи, начинот на којшто балканските држави ја разбрале мирцштегската програма ќе доведе до прекин на грчко-романските односи. Во октомври 1903 година, Русија и Австро-Унгарија ја подготвиле мирцштегската реформска програма, која, следниот месец, била прифатена од Портата. Реформите биле навидум насочени кон смирување на Македонија и кон елиминирање на македонското револуционерно движење како извор на нестабилност, меѓутоа, наместо мир и стабилност, довеле до внатрешен конфликт. Најпроблематична во овој контекст била третата точка од Програмата, која предвидувала промена во територијалното разграничување на административните единици, заради посоодветно групирање на одделните „националности“. Начинот на којшто балканските држави ја разбирале оваа точка, набргу ќе резултира со промена во дејствувањето на нивните пропаганди. Тие започнале да организираат и да испраќаат чети во Македонија, кои, со силата на оружјето, требало да го убедат населението да се изјасни во прилог на соодветните „националности“, при што придобивањето на луѓе и на села требало да послужи како аргумент за територијалните претензии при очекуваната поделба на османлиското наследство.11 Првите вооружени грчки чети што биле испратени во Македонија со дозвола од грчката влада, пристигнале во 1904 година.12 Декларативно, улогата на овие чети требала да биде дефанзивна, т.е заштита на православието, меѓутоа, вистинската улога на андартските чети била офанзивна – вооружена борба против бугарското влијание во Македонија и против четите на ТМОРО. Уште на самиот почеток, станало јасно дека комитите и егзархистите не би11 Ванчо Ѓорѓиев, „Реформи за мир или одлагање на конфликтот“, 100 години од Балканските војни, ed. Владо Камбовски et al. (Скопје: МАНУ, 2013): 115-117. 12 Douglas Dakin, The Greek Struggle in Macedonia 1897–1913 (Thessaloniki: Museum of the Macedonian Struggle–Institute for Balkan Studies, 1993), 179 n119, 184-197. 28 Никола МИНОВ, „Романските“ чети... ле единствената цел за напад на грчките андартски чети. Ако се има предвид најсеверната линија на грчките претензии во Македонија,13 како и оперативниот план на грчката вооружена борба, усвоен на почетокот на 1905 година,14 очигледно е дека од витално значење за реализација на грчките претензии била контролата врз регионите во коишто имало поголема концентрација на влашко население. Повеќето андартски чети доаѓале во Македонија по копно, од Грција, покрај планината Олимп и катеринската каза и, преминувајќи ја реката Бистрица, наоѓале упориште во Берскиот Регион. Градот Бер бил важен и поради стратешкото значење што го имал за контрола врз патот од Солун кон западномакедонските планини.15 Меѓутоа, токму Берскиот Регион претставувал една од главните бази на романската пропаганда во Македонија. Во Бер имало силна романска партија, а на планината Каракамен (Вермио) биле распослани неколку влашки села и колибарски населби, од кои дел биле проромански настроени, а во некои, како селото Долјани, воопшто немало грчка партија и сите жители биле романизирани.16 На патот, пак, од Берско и од Солун кон централна Македонија, каде што се наоѓала северната линија на грчките интереси (Мариово, Гевгелија, Дојран и Струмица) се наоѓале Ениџевардарското Блато, контролирано од четите на ТМОРО, и Пајак Планина, на чиишто источни и западни падини имало повеќе влашки села, кои доминантно ѝ припаѓале на романската партија и од чии редови се пополнувале четите на ТМОРО во тој регион. Овие Власи не само што Линијата Охрид–Крушево–Прилеп–Струмица–Мелник–Неврокоп. Види: Далибор Јовановски, „Ревизија на грчките територијални аспирации во Османлиска Македонија“, Годишен зборник на Филозофскиот факултет, 68 (2010): 319-332. 14 Според овој план, вооружената борба на почетокот требала да се води само во одредени делови на Македонија, кои, во најголема мера, кореспондираат со северната линија на грчките територијални претензии (Dakin, The Greek Struggle, 215). 15 Ibid, 199 n4. 16 Во извештаите и во спомените на грчките андарти, како и во дипломатските извештаи на грчките конзули во Македонија, Власите од романската партија се редовно нарекувани „романизираните“, додека Власите од грчката партија се наречени едноставно Власи или, поретко, Елиновласи. Од друга страна, во романските дипломатски извештаи и периодиката, Власите од романската партија се наречени Романци, а оние од грчката партија – гркомани. 13 ИСТОРИЈА / Journal of HISTORY, бр. 2, 2018 29 биле непријателски расположени кон грчките чети, туку и биле соработници на комитските чети, што претставувало сериозен проблем за движењето на андартите и за транспортот на оружје од Грција во македонските вилаети.17 Затоа, некои автори со право заклучуваат дека „на одреден начин, (Власите од романската партија, м.з.) биле многу попроблематични за Грците, отколку егзархистите“.18 Елиминацијата на пророманските водачи и придобивањето на нивните села на страната на грцизмот, би создало голема дупка во ТМОРО и значително би ја ограничило слободата на движење на комитските чети во односните региони. Оттука, не треба да изненадува тоа што овие Власи веднаш се нашле на удар на грчките чети. На почетокот, андартите настапувале претпазливо и борбата против романизираните ја ограничиле на: протерување на романските учители, затворање на романските училишта и добронамерни, а сепак заканувачки, совети и писма за враќање кон грцизмот и православието.19 Ваквите „пацифистички“ мерки не траеле долго. На 27 јуни 1904 година грчка чета убила шест овчари од влашкото село Ксироливади.20 Потоа, до пролетта 1905 година, убиствата се редат како на филмска лента, а романските конзули во Македонија и дипломатски претставници во Цариград, по неколку пати месечно известуваат за „убиства на Романци од страна на грчки банди“.21 Акциите на андартските чети дале плод, бидејќи повеќето Власи ги повлекле своите деца од романските и почнале да ги праќаат во грчките училишта.22 Меѓутоа, додека грчките чети, без никаков вооружен отпор, ги „освојувале“ влашките села во Македонија, во мај 1905 година, романската дипломатија забележала голема победа во османлиската метропола. Со германска интервенција, на 9/22 мај 1905 година, султанот Абдулхамид II потпишал Ираде, со кое, Ι.Κ. Μαζαράκης Αινιάν, Ο Μακεδονικός Αγώνας (Αθηνα: Δωδώνη, 1981), 74, 87. Dakin, The Greek Struggle, 236. 19 Documente diplomatice, Afacerile Macedoniei, Conflictul Greco–Român 1905 (Bucureşti: Imprimeria Statului, 1905), xxvii-xxx. 20 ДАРМ, Ministerul Afacerilor Externe a României (натаму M.A.E.), f. Problema 21–Rapoarte politice de la Constantinopol, m-4424, vol. 45, Georgescu către А. Lahovary, 30.06.1904: 75. 21 Ibid, vol. 43, passim; vol. 45 passim; m-4425, vol. 46 passim. 22 Ibid, m-4424, vol.45, Ionescu către А. Lahovary, 9/22.10.1905: 177. 17 18 30 Никола МИНОВ, „Романските“ чети... на своите поданици Власи им дал право да избираат сопствени мухтари (кметови), како и да имаат свои членови во идаре меџлисите (месните совети) и самостојно да назначуваат учители и инспектори во своите училишта. Следниот ден текстот на Ирадето бил објавен, а Високата Порта го задолжила Министерството за внатрешни работи да ги извести генералниот инспектор на румелиските вилаети, Хилми-паша и валиите во Европска Турција дека, покрај имплементација на горните одлуки, на Власите не смее да им се забранува богослужба на мајчин јазик.23 Ирадето не значело прогласување на влашки милет, бидејќи не постоела независна влашка црква, но ги нудело речиси сите права што ги уживале другите милети во Империјата. Како такво, во Романија било разбрано како официјално признавање на романски народ во Османлиската Империја, а исто така било сфатено и од грчката влада и од Цариградската Патријаршија.24 Очекувано, Ирадето стимулирало пожестоки напади од страна на грчките чети врз романските приврзаници во Македонија. На крајот на 1905 година, романското МНР објавило „Зелена книга“ со дипломатски документи за настаните во Македонија од мај до декември 1905 година, во која се вклучени 45 документи за „Атентатите на грчките банди против Романците“.25 Необјавените извештаи на романските конзули,26 како и извештаите на османлиските власти во Солунскиот и во Битолскиот Вилает,27 прикажуваат уште пострашна слика на речиси секојдневни: убиства, атентати, киднапирања, запалени училишта, па дури и цели села. Судејќи според недостатокот на контраобвинувања за убиства на Грци од страна на Власи, јасно е дека немало реципроцитет во злосторствата. Романија се обидела да внесе некаков баланс во непријателските акти, преку забрана на грчки весници, антигрчки протести, протерување на Conflictul Greco–Român, xxxi, 5-6. Ibid, 5, 7. 25 Ibid, 13–55. 26 ДАРМ, M.A.E., f. Problema 21–Rapoarte politice de la Constantinopol, m-4425, vol. 46: passim; m-4426, vol. 48: passim; vol. 49: passim. 27 Arşiv Belgelerine Gore Balkanlar’da ve Anadolu’da Yunan Mezâlimi, III, Balkanlar’da Yunan Mezâlimi (Ankara: Osmanlı Arşivi Daire Başkanlığı, 1996), 39, 43-44, 52-58, 74-77, 90-91. 23 24 ИСТОРИЈА / Journal of HISTORY, бр. 2, 2018 31 грчки државјани и раскинување на грчко-романската трговска конвенција и на протоколот со којшто биле дадени привилегии за грчките општини во романското кралство.28 Еден акт на одмазда во Романија водел кон вендета во Македонија и обратно, па така, во септември 1905 година, непопустливоста на двете страни довела до повлекување на дипломатските претставници од Букурешт и од Атина, а, летото 1906 година, и до целосен прекин на дипломатските односи меѓу Романија и Грција.29 *** Честите убиства на пророманските Власи во Османлиската Империја, го поставиле на дневен ред прашањето за вооружен отпор. Кон крајот на 1903 година, кога сè уште се пребројувале жртвите и се сублимирале последиците од Илинденското востание, еден од лидерите на опозициската конзервативна партија во Романија, генералот Јакоб Лаховари, ја обвинил романската влада дека не презела мерки да ги заштити Власите од масакри и предложил да се интервенира кај османлиските власти, за да им се овозможи на Власите да се вооружат за самоодбрана од инвазиите на четите.30 Лаховари веројатно зборувал за четите на ТМОРО, кои воопшто и не претставувале опасност за романските штитеници во Македонија, меѓутоа, појавата на грчките чети во 1904 година, повторно го актуализирала прашањето за вооружена одбрана. Еден од предложените начини за заштита било формирањето чети. Токму во овој контекст, генералниот инспектор на романските училишта и цркви во Турција, Лазар Дума, известува дека „според размислувањето и желбите на романското население, кое гори од оган да востане, најефикасна мерка за одбрана би било формирање на чети кои би се движеле низ романските населби и би оперирале на ист начин како грчките чети“.31 Меѓутоа, Романија сакала да избегне конфликт меIonuţ Nistor, Problema Aromână în raporturile României cu statele Balcanice 1903-1913 (Iaşi: Editura Universităţii Alexandru Ioan Cuza, 2009), 183-200. 29 Constantin N. Velichi, “Les relations Roumano-Grecques pendant la période 1879-1911”, Revue des études sud-est Européennes 3 (1969): 536-538. 30 Sebastian Bunghez, “Problema aromânilor în dezbaterile Parlamentului României la începutul secolului al XX-lea”, Archiva Moldaviæ 6 (2014): 224. 31 ДАРМ, M.A.E., f. Problema 21–Rapoarte politice de la Constantinopol, m-4426, vol. 48, Duma către Legaţia din Constantinopol (Foarte Confidenţial), 26.09.1905: 83. 28 32 Никола МИНОВ, „Романските“ чети... ѓу Власите и османлиските трупи и затоа се стремела одбраната да биде во рамките на веќе стекнатите права. Со султанските реформи од декември 1902 година, било предвидено, во христијанските села, за падари (полјаци), да се назначуваат христијани. Како и во останатите христијански населби, во влашките села биле назначени локални падари. Меѓутоа, овие падари биле малобројни и недоволно вооружени за да ги заштитат селаните од андартските напади, па затоа, непосредно по прокламирањето на султановото Ираде во мај 1905 година, Дума изработил предлог-буџет за чуварска служба во влашките населби, наменета за „спречување на акциите на грчките банди“. Овие чувари би ги замениле падарите, а плата и оружје би добивале од романското министерство за надворешни работи.32 Во септември 1905 година Дума подготвил нов и многу подетален „Проект за преземање на практични мерки за одбрана од грчките чети“. Во него се предвидувало купување на 720 пушки и на 520 револвери, како и ангажирање на 420 чувари, распоредени во 45 градови и села во Македонија и во Епир. Дума предвидува и дистрибуција на дополнително оружје за вооружување на селаните, кои, во случај на опасност од андартски напад, би прискокнале во помош на вооружените чувари.33 Романската конзервативна влада го прифатила предлогот на Дума и редовно ја финансирала чуварската служба во влашките населби во Македонија и во Епир.34 Чуварските служби можеле делумно да ги заштитат селата од навлегување на грчки чети, но не и да ги вардат патиштата што воделе кон селата и градовите, или пасиштата, на коишто влашките сточари ги изнесувале своите стада. За еден таков потфат биле потребни вооружени чети, кои би дејствувале илегално и со своите дејствија лесно би ја прокоцкале благонаклонетоста на османлиските власти кон романските приврзаници во Царството. Барањата за вооружен отпор станувале сè погласни и во романското кралство. Друштвото за македо-романска култура од Букурешт, кое, од своето основање во 1879 година, дејствувало како група за притисок за актуIbid, m-4425, vol. 47, Duma către Legaţia din Constantinopol, 11.05.1905: 146. Ibid, m-4426, vol. 48, Duma către Legaţia din Constantinopol (Foarte confidenţial), 26.09.1905: 81-85. 34 Ibid, m-4427, vol. 50, Duma către A. Lahovary, 14.04.1906: 130-135. 32 33 ИСТОРИЈА / Journal of HISTORY, бр. 2, 2018 33 ализирање на влашкото прашање секогаш кога се чинело дека романската влада го губела интересот за Власите, овој пат и самото се нашло под притисок од влашката емиграција во Романија. Од Друштвото децидно се барало да отвори фонд за обезбедување на финансиски средства со кои би се купило оружје за Власите, за да им се спротивстават на андартите.35 За оваа цел биле направени обиди за придобивање романски политичари, како и на министерот за надворешни работи во конзервативната влада, Јакоб Лаховари. Меѓутоа, на тоа остро се спротивставил кралот Карол I. Кога еден министер во романската влада ја изложил, пред романскиот крал, идејата за формирање чети во Македонија, Карол изјавил: „Доколку не им се стави крај на ваквите тенденции, јас целосно ќе го изгубам интересот за Романците во Македонија“.36 Кралот очигледно не сакал да ги загрози добрите односи со Султанот, но, со оглед на понатамошниот развој на настаните, одредени кругови во романската влада не се откажале од идејата за организирање чети. Кон крајот на 1905 и на почетокот на 1906 година биле направени првите обиди за формирање на „романски“ чети, независни од ТМОРО, која по Рилскиот конгрес, во октомври 1905 година, добила ново име – Внатрешна македоно-одринска револуционерна организација (ВМОРО). За реализирање на оваа идеја активно работеле лидерите на романската пропаганда во Македонија, што имплицира дека некој, во романската влада, го диригирал целиот процес. Сепак, за да избегне компромитација, владата останала настрана од целата кампања. Така, „ароманските пропагандисти“ и учителите во романските училишта во Македонија, наводно на своја рака и без знаење на романската влада, ги пренасочувале средствата наменети за чуварската служба и со нив формирале и вооружувале локални чети.37 Првите обиди за формирање „романски“ чети биле направени во Крушево, во Гевгелиско и во Берско. Романската општина во Stoica Lascu, “Problematica românilor balcanici în viziunea şefilor de partide şi a liderilor de opinie (1878-1914)”, Partide politice şi minorităţi naţionale din România în secolul XX, vol. IV, ed. Vasile Ciobanu, Sorin Radu, (Sibiu: Techno Media, 2009): 23-24. 36 Cuvântările Regelui Carol I, 1866-1914, vol. II, 1887-1914, ed. Constantin C. Giurescu (Bucureşti: Fundaţia Regele Carol II, 1939), 386. 37 Nistor, Problema Aromână, 126. 35 34 Никола МИНОВ, „Романските“ чети... Крушево одлучила да формира независна чета, на чие чело требал да застане членот на ВМОРО, војводата Ванчу Џонето. Со реализација на оваа задача биле задолжени учителите во крушевското романско училиште, Ванѓели Петреску и Никола Баљу. Меѓутоа, кога дознале за ова дејците на ВМОРО во градот, на Петреску и Баљу им било речено дека доколку веднаш не се откажат од идејата, ВМОРО ќе го сфати тоа како фрлена ракавица и дека со тоа Власите би отвориле фронт против Организацијата. Зборовите дејствувале и Власите не формирале чета во Крушево.38 Слични обиди, но со нешто подобар успех, биле направени во Гевгелиско и во Берско. Под влијание на „ароманските агитатори“, дел од влашките четници во ВМОРО од Гевгелиско ја напуштиле Организацијата и пројавиле сепаратизам. Првата чета ја формирал извесен Нешо од селото Ливади, кој, по кратка илегала, заедно со сите свои соборци, им се предал на турските власти.39 По него, чета формирал и Михаил Хандури.40 За да го амортизира влашкиот сепаратизам, ениџевардарскиот војвода Апостол Петков го испратил својот подвојвода, Штерјо Канаќеу-Јунана, да ги обиколува влашките села на Пајак Планина и да ги штити од грчки напади. Меѓутоа и Штерјо пројавил сепаратизам и започнал да дејствува како независен војвода на влашка чета. ВМОРО и овој пат реагирала, со тоа што Апостол Петков го разоружал Канаќеу и го испратил во Бугарија.41 Според подоцнежниот војвода на „романска“ чета во Македонија, Кола Нича, чета била формирана и во Берско, а на нејзино чело стоел извесен Хали Жога.42 Поради брзата интервенција на ВМОРО, овие чети не успеале да развијат поширока дејност. Нивното кратко постоење сепак било Архивско одделение на Институтот за национална историја – Скопје (натаму: АО ИНИ), Никола Кировъ Майски, Гюрчин Наумовъ -Плякотъ, Крушовски войвода, Сл.IV.133: 50-51. 39 Хр. Шалдевъ, “Ичко Димитровъ Гюпчевъ, Изъ революционнитѣ борби въ Паякъ планина”, Илюстрация Илинденъ 8 (1930): 5. 40 “Memoriile căpetanului Cola Nicea despre istoricul formării cetelor de luptători Români pentru emanciparea politică a românimii din Macedonia – Document”, Scara 37 (2001): 109. 41 Шалдевъ, “Ичко Димитровъ Гюпчевъ”, 5. 42 “Memoriile căpetanului Cola Nicea”, 109. 38 ИСТОРИЈА / Journal of HISTORY, бр. 2, 2018 35 доволно за османлиските власти и странските дипломати да констатираат дека и Власите се подготвуваат за вооружена акција. Од Атина стигнале обвинувања дека Романците вршат терор преку вооружени чети.43 Османлискиот генерален конзул во Букурешт алармирал дека „романскиот комитет се обединил со бугарскиот“, а Хилми-паша го известил Големиот везир дека се подготвува создавање на романски чети.44 Со слично жалење и странските дипломати во Македонија констатираат дека се подготвувало создавање влашки и мешани влашко-албански чети.45 Според реакциите, било јасно дека Османлиите и Големите сили нема да поддржат дејствување на „романски“ чети во Македонија, но уште појасно било дека без дозвола, логистика и сестрана помош од ВМОРО, опстанокот и успешното функционирање на „романските“ чети било осудено на брза пропаст. Во Романија, сепак, не биле подготвени за соработка со една организација, којашто Букурешт ја сметал за бугарска и која претставувала „трн во окото“ на Султанот. Меѓутоа, текот на настаните ќе ја натера Романија да го преиспита тврдиот став. Зимата минала, се стопил снегот на планините, а заедно со зеленилото на Пајак и на Каракамен повторно се појавиле и грчките чети, кои, пролетта 1906 година, неколкукратно го засилиле теророт против Власите. Во низата убиства врз Власи, најсилно одекнале два настани. На 28 април, во близина на Гревена, грчка чета нападнала влашки караван, составен од 19 луѓе, и притоа убила тројца од патниците, меѓу кои и едно мало дете. Настанот предизвикал бес во Романија, бидејќи романските весници пренеле погрешни податоци за бројот на убиените и известиле дека андартите убиле 64 влашки семејства.46 Вториот настан бил многу погрозоморен. Во јуни 1906 година, тројца вооружени нападнале шест влашки дрводелци од селото Хума и, откако ги убиле со пушки, им ги искасапиле телата со секири. При ис“Bandele Aromâne”, Revista Macedoniei (Bucureşti), 2.10.1905: 2. Костурско въ македонската революция, Официални документи изъ тайнитѣ турски архиви на великото везирство и на Хилми паша, ed. Панчо Доревъ (София: Костурско благотворително братство, 1937), 67. 45 Австриски документи за историјата на македонскиот народ 1905 – 1906, том I, ed. Данчо Зографски (Скопје: Архив на Македонија, 1977), 132, 136, 164. 46 Nistor, Problema Aromână, 202. 43 44 36 Никола МИНОВ, „Романските“ чети... ледувањето на околината, недалеку од местото кај што биле убиени дрводелците, властите нашле седум други трупа на селани од Хума, од кои петмина биле деца на возраст од 7 до 12 години, кои лежеле со раце врзани за грбот и со пресечени грла.47 Немало доказ дека убијците биле Грци, уште повеќе што во реонот на Хума не било регистрирано присуство на грчки чети, но со оглед на етничката припадност на убиените, сите претпоставиле дека злосторството го извршиле андарти. Речиси истовремено со настанот во Хума, Романија и Грција ги раскинале дипломатските односи. Министерот Лаховари истакнувал дека доколку Грција и Романија граничеле, војната ќе била неизбежна.48 За среќа, двете земји ги делеле две други држави и илјада километри. Војна сепак ќе биде објавена – не на Атина, туку на грчките андарти во Македонија. Овој пат било јасно дека „романските“ чети не би можеле да дејствуваат самостојно и дека ќе треба „да се проголта кнедла“ и да се побара соработка со македонските револуционери. Голтањето на кнедлата било уште потешко, бидејќи лицето со коешто требало да се договори соработката не бил никој друг туку Борис Сарафов, човекот што, со своите активности во 1900 година, ја предизвикал аферата Михајлеану и ги довел Романија и Бугарија пред прагот на војна.49 Тешко може да се докаже улогата на официјален Букурешт во овие преговори. Романските архивски фондови не нудат доказ за диригирање или евентуално посредништво на романската влада. Меѓутоа, тоа што Романија се обидувала да го сокрие, не останало тајна за бугарските дипломати, кои, по обичај, биле детаљно запознаени со активностите на лидерите на ВМОРО. Бугарскиот дипломатски агент во Букурешт, Хр. Хесапчиев, дознал дека провладиното Друштво за македо-романска култура супсиди47 Başbakanlık Osmanlı Arşivleri (натаму: BOA), Yıldız–Hususi Maruzat (Y.A.HUS.) 504/59; Симон Дракул, Македонија меѓу автономијата и дележот, Зборник руска дипломатска документација, том 5, 1906-1907 (Куманово: Просвета, 1998), 80-81. 48 Max Demeter Peyfuss, Chestiunea aromânească (Bucuresti: Editura Enciclopedică, 1994), 95. 49 Жеко Попов, Българският национален въпрос в българо-румънските отношения 1878-1902 (София: Медиаком, 1994), 428, 439-440. ИСТОРИЈА / Journal of HISTORY, бр. 2, 2018 37 рало влашки чети за борба против андартите и дека поддржувало врски со сарафистите во Софија за координирање на дејствијата и на тактиката на тие чети.50 Во доверлив извештај до министерот за надворешни работи на Бугарија, дипломатот Андреј Тошев прави краток осврт врз дејноста на романската пропаганда во Македонија и констатира: „На заедничката акција на куцовлашките и нашите чети... ѝ претходеше извесен договор меѓу нашата Организација и некои романски кругови – договор, кој, колку што ми е познато, не беше туѓ и за букурешката влада“.51 Преговорите се воделе меѓу Друштвото од Букурешт и претставници на Организацијата во Софија. Медијатори во преговорите биле софискиот богаташ од влашкото село Маловиште, Гаки Трифон, и најекспонираниот дистрибутер на оружје во крушевскиот револуционерен округ, Таќу Љапу, кој, по бегството од Македонија, се стационирал во Софија и продолжил да работи со ВМОРО. Било договорено Друштвото, во соработка со претставници на ВМОРО во Софија, да формира чети составени од Власи, кои требале да дејствуваат во Македонија под врховна команда на Организацијата, а сето вооружување на четите да биде на романска сметка.52 Ваквиот договор ѝ одговарал и на Романија, бидејќи влашките четници би дејствувале во региони, каде што грчките андарти вршеле притисок врз пророманските Власи, но би оперирале како чета на ВМОРО и доколку би биле заробени или убиени од властите, би биле сметани за бугарски комитаџии. Веднаш по постигнатиот договор, се пристапило кон собирање борци и војвода за првата чета. За војвода бил назначен 24-годишниот крушевчанец, Јорји Мучитано-Касапчето. Мучитано бил романски воспитаник, кој се школувал во романските училишта во Крушево и во Софија.53 Покрај тоа, имал искуство со четникување, 50 Жеко Попов, Румъния и българският национален въпрос (Македония и Добруджа), 1903-1913Г. (София: Македонски научен институт, 2004), 129. 51 Петър Свирачев и Дарина Илиева, “Поверителен доклад от Андрей Тошев по македонския въпрос от 1907 г.” Известия на държавните архиви 58 (1992): 158. 52 Ibid; Косту Дабижа, четник во првата „романска“ чета на ВМОРО потврдува дека средствата за оружје и прехрана биле испраќани од Романија (АО ИНИ, Спомени на Косту Дабижа, 1895 – 1913, Сл. IV.90: 22). 53 Theodor T. Burada, Cercetări despre şcoalele românesci din Turcia (Bucuresti: Românulŭ, 1890), 51; Mihail Virgiliu Cordescu, 1866 – 1906, Istoricul şcoalelor române 38 Никола МИНОВ, „Романските“ чети... бидејќи за време на Илинденското востание бил дел од четата на Ѓорче Петров. За него, неговиот соборец, Косту Дабижа, забележува: „Беше еден вид поет. Имаше напишано една збирка песни што ни ги читаше во слободно време... Кога беше во Караферијата (Берско), ги проучуваше местата населени со Власи. Посебно го интересираше етнологијата, географијата и историјата. Водеше дневник во кој ги запишуваше сите тие работи.“54 Членовите на четата биле регрутирани во Софија, од редовите на младите влашки печалбари. Во август, четата била оформена и во неа, покрај војводата, влегле Наќи Кузман од Маловиште, крушевчаните Косту Дабижа, Таќи Динча и Нача Митрушовски и гопешаните Унчу Дамаш и Јорји Гаќи Доду.55 На 29 авЈорји Мучитано густ 1906 година четниците се ре(Архивско одделение на Инстигистрирале на Ќустендилскиот потутот за национална историја АО ИНИ) граничен пункт на Организацијата и заедно со четата на Иван Димов-Пашата тргнале кон Македонија. *** Единствен извор за дејноста во првите осум месеци на четата на Мучитано се спомените на Косту Дабижа.56 Сеќавањата на Дабижа се din Turcia, Sofia şi Turtucaia din Bulgaria şi al seminariilor de limba română din Lipsca, Viena şi Berlin (Bucureşti: Tipografia curţi regale, 1906), 354. 54 АО ИНИ, Спомени на Косту Дабижа, 11, 43а. 55 Ibid, 8. 56 Спомените, во машинопис, се чуваат во Институтот за национална историја во Скопје. Во 2013 година беше објавена нецелосна верзија од овие спомени: Косту Дабижа, Сеќавања (Скопје: Unia ti culturã-a Armãnjlor dit Machidunii, 2013). ИСТОРИЈА / Journal of HISTORY, бр. 2, 2018 39 напишани речиси 50 години по настаните, па оттука се проблематични од аспект на хронологијата. Од друга страна, старецот Дабижа восхитувачки сликовито ги опишува местата и настаните и без разлика на баналностите и преувеличувањата, спомените се драгоцен извор за револуционерните борби во постилинденскиот период. Веднаш по екипирањето и по регистрацијата на Ќустендилскиот пункт, четата минала низ неколкудневна обука за ракување со оружје. Тука, четникот Таќи Динча (алијас Димитар Николов во „Дневникот на четите“) ненамерно го ранил Нача Митрушовски (алијас Атанас Томов), кој се вратил назад и четата останала со шест борци.57 Комитите биле облечени во униформа на османлиските авџи табури (летечки одреди), што им овозможувало полесно да се движат низ османлиска територија. Во првата недела на септември 1906 година ја минале границата и користејќи ги каналите на Организацијата, кон крајот на истиот месец непречено пристигнале во својот реон.58 Според „Дневникот на четите“, четата на Мучитано била наменета за Епир.59 Меѓутоа, ниту стигнала во Епир, ниту пак нешто во спомените на Дабижа наведува дека Епир бил крајната дестинација. Местото каде што четата се стационирала и ги минала следните осум месеци било токму тоа каде што била најпотребна – во Берско и во Гевгелиско – односно, на територијата што ги поврзувала овие два региони – Ениџевардарското Блато. Блатото денес не постои. Меѓу 1928–1932 било пресушено и претворено во обработлива површина. Но, кога таму пристигнала четата на Мучитано, тоа претставувало арена на најжестоки борби меѓу комитите и андартите. Борбите во Блатото и денес претставуваат централна тема во грчката „Македонска борба“, која доминира во спомените на андартите,60 во историографијата посветена на Борбата,61 па дури и во, веројатно, најпознатата книга за млади во АО ИНИ, Спомени на Косту Дабижа, 8. Детален опис на патувањето во: Ibid, 9-16. 59 Четите, 75. 60 На пример: Παναγιώτης Παπατζανετέας, “Ο Μακεδονικός Αγών, Απομνημονεύματα”, Αρχείων Μακεδονικού Αγώνος Πηνελόπης Δέλτα (Θεσσαλονίκη: Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών, 1960): 5-41. 61 Борбите во Блатото се неизбежни во историските трудови во Грција посветени на „Македонската борба“ и би одзело голем простор доколку ги наведеме 57 58 40 Никола МИНОВ, „Романските“ чети... Грција.62 Епопејата на Блатото сè уште ги привлекува историчарите во Македонија,63 а била неизбежна и за летописецот на македонската револуционерна борба.64 Четата на Мучитано се стационирала во југозападниот дел на Блатото, кај што изградила пет колиби.65 Комитите на Апостол Петков го контролирале северозападниот дел на Блатото, а андартските чети доминирале во источните предели.66 Основна задача на четата на Мучитано била да го попречи грчкото пропагандно влијание сред влашкото население во Берско и во Негушко. Дабижа се присеќава: „Во тоа време бевме наречени ‘влашката чета’. И навистина, меѓу нас немаше ниеден Македонец, или некој друг. Сите бевме Власи. Ние работевме како таква чета и ни помагаа Власите во тој крај“.67 Освен деноноќните борби со комарците, маларијата и неподносливиот влажен воздух, четата на Мучитано активно учествувала и во сите поголеми битки против андартите: во одбраната од андартскиот напад на колибите кај Жервохор на 14 ноември 1906 година, во комитскиот противнапад на андартската колиба Куга итн.68 Андартите два пати се обиделе да ги привлечат Власите во Блатото, за да ја променат страната и да влезат во грчките редови, но и двата обиди завршиле неуспешно.69 Четниците војувале и против Османлиите, за време на турскиот обид за протерување на комитите во декември 1906 година, а кога по заедничката турскоповеќето од нив. Грчкиот поглед за борбите во Блатото е прецизно сублимиран во: Dakin, The Greek Struggle, 273-287. 62 Penelope Delta, Secrets of the Swamp, trans. Ruth Bobick (Portsmouth, NH: Peter E. Randall Publisher, 2012). 63 Со темелната научна обработка на борбите во Блатото двои книгата на Ванчо Ѓорѓиев, Апостол Петков, кралот на Блатото (Скопје: ДАРМ-Македоника литера, 2013), 171-233. 64 Хр. Силяновъ, Освободителнитѣ борби на Македония, томъ втори, следъ Илинденското възстание (София: Илинденска Организация, 1943), 160-191. 65 АО ИНИ, Спомени на Косту Дабижа, 16. 66 Dakin, The Greek Struggle, 273-275. 67 АО ИНИ, Спомени на Косту Дабижа, 25. 68 Ѓорѓиев, Апостол Петков, 221–222. 69 Ιωάννης Παπαλαζάρου, Ο Μακεδονικός Αγώνας στην περιοχή των Γιαννιτσών, Γκόνος Γιώτας – Το Στοιχειό του Βάλτου (Γιαννιτσά: Φίλιππος, 2007), 92; АО ИНИ, Спомени на Косту Дабижа, 20-21. ИСТОРИЈА / Journal of HISTORY, бр. 2, 2018 41 грчка офанзива, во мај 1907 година, комитите биле истерани од Блатото, „градот на вода“, без ниту една жртва во повеќемесечните борби, го напуштила и шестчлената чета на Јорји Мучитано.70 Додека траеле османлиските подготовки за протерување на комитските чети од Блатото, во Софија се екипирале две нови „романски“ чети. Тајмингот (пролетта 1907) бил поврзан со случувањата во Романија. Во февруари 1907 година починал министерот за надворешни работи, Јакоб Лаховари, кој важел за неофицијален спонзор и заштитник на „романските“ чети во Македонија. Истиот месец започнало востание на романските селани, кое, во март, предизвикало пад на конзервативната влада и доаѓање на романските либерали на власт. Либералите го немале товарот на конзервативната влада во односите со Грција и не се очекувало дека би поддржале каква било вооружена акција на „романски“ чети во Македонија. Во тој контекст и Лазар Дума забележува дека владата на либералите „е против какво било вооружено движење на Ароманците и сака нашата акција да биде штитена само од Турците, со кои треба да бидеме во најдобри односи“.71 Премиерот Стурѕа ги потврдил стравувањата на Дума кога го одбил буџетот за финансирање на чуварската служба во Македонија за 1907/08 година.72 За да се преита очекуваната забрана за формирање чети, на почетокот на април 1907 година се пристапило кон екипирање и испраќање две нови „романски“ чети во Македонија. Првата чета ја предводел Александар Кошка од битолското село Гопеш – матурант на романскиот лицеј во Битола, учесник во Илинденското востание и подофицер во романската армија.73 Покрај него, во четата, којашто требало да дејствува во Битолско, биле уште седуммина борци од: Крушево, Клисура, Маловиште и Гопеш. На чело на втората чета, која била наменета за Гревенско, стоел 40-годишниот Стерју Мљор Апостолина.74 АО ИНИ, Спомени на Косту Дабижа, 22-24, 27-28. Nistor, Problema Aromână, 125. 72 Ibid. 73 R.S., “Bietul Alexandru Coşcă–Amintiri şi date biografice”, Românul dela Pind (Bucureşti), 10.06.1907: 2. 74 Четата на Кошка ја сочинувале: Ташко Голи од Маловиште, Стерју Доминику, Ташку Шарку, Алексо Нане и Насту Стојанов од Крушево, Никола Мона од Клисура и Мита Гега од Гопеш. Во четата на Стерју Мљор Апостолина, покрај 70 71 42 Никола МИНОВ, „Романските“ чети... Четите на Стерју Апостолина (лежи лево) и Александар Кошка (лежи десно) (АО ИНИ) За разлика од четата на Мучитано, за којашто до мај 1907 година не се знаело дека е „романска“, овој пат османлиските власти веднаш дознале дека се подготвува испраќање на чети, составени од Власи, во Македонија. Најпрво, генералниот конзул на Османлиската Империја во Букурешт, испратил извештај до своето МНР, каде што истакнал дека Друштвото за македо-романска култура испратило „неколку души во Софија, за да се договорат со Македонскиот комитет за организирање влашки чети и нивно испраќање во Македонија“, но и дека „во организирањето влашки чети е вмешан и поранешниот романски кабинет“.75 Потоа и османлискиот дипломатски претставник во Софија ги известил своите надредени во Цариград дека од Романија во бугарската метропола пристигнале оковојводата, кој бил од пиндското село Периволи, биле и неговиот син Наки Апостолина, Мика Фуска и Стерју Ниби, сите од Периволи, како и Симо Краја од пиндското село Самарина (Види: Четите, 75.). 75 Документи изъ турскитѣ държавни архиви, ч. II 1863-1909, ed. Панчо Доревъ (София: БАН, 1942), 277. ИСТОРИЈА / Journal of HISTORY, бр. 2, 2018 43 лу 10–15 Власи, кои требало да бидат испратени во македонските вилаети, облечени во униформи на грчката армија, со цел полесно да се движат низ патријаршиските региони во Македонија и да вршат притисок врз грчките села.76 Четите се регистрирале на Ќустендилскиот пункт на 27 април 1907 година, а на почетокот на мај веќе биле во Македонија. Четата на Апостолина успеала да им побегне на турските потери и да стигне во Гревенско, од каде што понекогаш ја минувала грчката граница и вршела вооружени акции во Тесалија.77 Јорји Мучитано и Александар Кошка со група влашки четници (АО ИНИ) BOA, Hariciye Nezareti–Sofya Sefareti (HR. SFR.04) 240/37. “Memoriile căpetanului Cola Nicea”, 122; Нича накратко се задржува на дејноста на четата на Стерју Мљор Апостолина во Гревенско и, како најважна епизода од целокупното нејзино дејствување, го издвојува убиството што Апостолина го извршил врз гревенскиот митрополит Емилијанос. Не можеме да ја исклучиме инволвираноста на Апостолина во ова убиство, но, со оглед на тоа што Емилијанос бил убиен на крајот на септември 1911 година, убиството не може да се поврзе со дејноста на четата на Апостолина, која била расформирана 4 години пред да биде убиен грчкиот митрополит. 76 77 44 Никола МИНОВ, „Романските“ чети... Втората чета немала среќа. Кошка и неговите четници стигнале до битолско-преспанскиот реон,78 но на 23.05/5.06 биле забележани меѓу селата Курбиново и Сливница во Долна Преспа и четата била уништена. Според официјалните османлиски извори, четата броела 12 членови, од кои Кошка и други тројца биле убиени.79 На почетокот биле лиферувани информации дека разбиената чета била грчка.80 Меѓутоа, по истрагата на документите пронајдени кај мртвиот Кошка, османлиските власти утврдиле дека војводата со себе носел печат на кој пишувало „Главен предводник на романскомакедонските чети“ и листи со имиња на жители од влашките села, кои требало да ѝ дадат логистичка поддршка на четата.81 Сега Османлиите имале и докази за своите сомнежи дека во Македонија се испраќале „романски“ чети. Се огласиле и Грците. Министерот за надворешни работи на Грција, А. Скузес, приложил кај британските дипломати извештаи со докази „за постоење на куцовлашки чети и за нивното формирање во Бугарија“.82 РомаМртвото тело на војводата Кошка нија, очекувано, категорично не(ДАРМ – подрачно одделение Битола, гирала каква било вмешаност. фонд Браќа Манаки) Премиерот Стурѕа тврдел дека не постојат романски чети, но ветил истрага, по која, доколку се покажело дека има вистина во османлиските обвинувања, ќе презел мерки за осуетување на четите.83 Кралот Карол се нашол во најнепријатНа пат кон Битолско, Кошка се сретнал со четата на Мучитано. Турски документи за оружените борби во Македонија 1903-1908, ed. Драги Ѓорѓиев (Скопје: ДАРМ, 2007), 314-315. 80 Αρχείον Υπουρυείου Εξωτερικών (натаму: ΑΥΕ), Κεντρική Υπηρεσία (натаму: ΚΥ), Άνευ Αριθμού Κατατάξεως (натаму: ΑΑΚ), Μακεδονικός Αγώνας Ημερολόγιο 1907, 10.06.1907. 81 Симон Дракул, Македонија меѓу автономијата и дележот, Зборник руска дипломатска документација, том 6, 1907–1908 (Скопје: Селектор, 2006), 159. 82 Further correspondence respecting the affairs of south-eastern Europe, Turkey no.3 (London: Harrison and Sons, 1908), 52. 83 Документи изъ турскитѣ държавни архиви, 277. 78 79 ИСТОРИЈА / Journal of HISTORY, бр. 2, 2018 45 на позиција. Во тек биле подготовки за склучување на турско-романска трговска спогодба, а во тој контекст романскиот крал добил орден од Султанот.84 Затоа Карол побрзал да ги негира обвинувањата и истакнал дека во Македонија не постојат чети на романски комитаџии.85 Медиумите во Романија едногласно ги отфрлиле обвинувањата и тврделе дека не се работи за романска чета, туку за Романци во бугарски чети, кои дејствувале под врховна команда на Борис Сарафов.86 Засегнати од романското тврдење дека четата на Кошка била бугарска, бугарските дипломати од Софија и Цариград ги задолжиле своите агенти во Битола да спроведат темелна истрага за карактерот и целите на уништената чета. Податоците добиени од истрагата, спроведена меѓу добро информирани Власи од Битола и одредени кругови на ВМОРО, соодвествувале со вистината: четата била влашка, целта ѝ била да ги штити Власите од грчките чети, а писмата што биле пронајдени кај Кошка, потпишани од Сарафов и од Иван Гарванов, требало да овозможат непречено движење на четата низ каналите на Организацијата.87 Прашината, по елиминирањето на четата на Кошка, веројатно брзо ќе спаднела, но активностите на борците на Мучитано ги минирале романските обиди да се докаже неинволвираност. По повлекувањето од Ениџевардарското Блато, четата на Мучитано, заедно со Михаил Хандури и десетината на Иван Златанов-Мухтарот (Златан) се повлекла во Берскиот Регион. Токму во тие денови, пророманските Власи во Берско ги доживувале најтешките мигови од почетокот на Македонската борба. Во ек бил целосен економски бојкот од страна на Грците и на гркоманите. По наредба на берскиот митрополит, на Власите од романската партија им било забрането да влегуваат во црквите, а на Грците им било наредено да престанат со какво било мешање со „Романците“ и под никакви услови да не им ги продаваат ни најнеопходните прехранбени продукти. Под грчки притисок и Турците и Евреите од Бер престанале да вр“Вѫтрѣшенъ отдѣлъ”, Вѣсти (Цариградъ/Ортакъой), 19.06.1907: 2. Cuvântările Regelui Carol I, 386. 86 Ar. “Nu există bandă românească”, Românul dela Pind (Bucureşti), 3.06.1907: 1; “Mişcarea bandelor din Macedonia”, Adevěrul (Bucureşti) 25.06.1907: 3. 87 ДАРМ, Бугарски конзулат во Битола (1897-1912), м-4313, ф. 331, оп. 1, а.е. 228, дело 5, с. 4-5. 84 85 46 Никола МИНОВ, „Романските“ чети... шат трговија со романските следбеници.88 Паралелно со бојкотот, со уште поголем интензитет продолжила и физичката елиминација на романизираните и палењето на нивните сточарски колиби.89 Всушност, неволјите на комитите во Блатото отвориле простор за посериозна грчка акција против романските приврзаници во Берско. Во обид да се исчисти Берскиот Регион од непријателски елементи, поранешниот лидер на андартите во Ениџевардарското Блато, Телос Агапинос-Аграс, кој, по здобиените повреди во Блатото, работел како агент во Негуш, презел мерки „да ги одвои овците од козите“ во Берско,90 т.е им забранил на прогрчките Власи да се населуваат во колибарски населби, каде што живееле нивните проромански сонародници. На тој начин романизираните биле изолирани и станале лесен плен за андартските напади. Оттука, првите дејствија на четата на Мучитано биле токму во контекст на грчките обиди за разделување на Власите. Грчките дипломати и агенти биле добро информирани за пристигнувањето на влашките четници. На 16 мај 1907 година, Аграс известува дека излегувајќи од Блатото, „валканите (комитите, м.з.) се распрснаа наваму-натаму. Моето училиште (чета, м.з.) се занимава со прогон на неколкумина појавени Власи, поранешни жители на Женева (Ениџевардарското Блато, м.з.)“.91 Кон крајот на месецот, грчкиот генерален конзул во Солун, Коромилас, забележува дека во близина на влашките колиби во Граматиково дејствува „бугарско-романска чета под водство на Златан и Јорји (Мучитано) од Крушево“, која, под закани со смрт, ги натерала грковлашките сточари повторно да се вратат во колибарските населби кај нивните сонародници од ро88 ДАРМ, M.A.E., f. Problema 21–Rapoarte politice de la Constantinopol, m-1715, vol. 53, Pennescu către Papiniu, 29.04.1907: 77-78; Ibid, Cionga către Pennescu, 12.06.1907: 134-135; Дракул, Македонија, т.6, 16; Австриски документи за историјата на македонскиот народ 1907–1908, том II, ed. Данчо Зографски (Скопје: Архив на Македонија, 1981), 26. 89 ΑΥΕ/ΚΥ/ΑΑΚ/Μακεδονικός Αγώνας Ημερολόγιο 1907, 14.05.1907; Ibid, 19.05. 1907; Further correspondence, 48-49; BOA, Teftişat-ı Rumeli Evrakı, Selanik Evrakı (TFR.I SL.) 145/14440. 90 Αρχεία Μακεδονικού Αγώνα περιοχής Βερμίου (Νάουσα: Πολιτιστική Εταιρεία Νάουσας “Αναστάσιος Μιχαήλ ο Λόγιος”, 2002), 222. 91 Ibid, 226. ИСТОРИЈА / Journal of HISTORY, бр. 2, 2018 47 манската партија. Според Коромилас, во тие моменти четата на Мучитано имала 24 борци од: Ливади, Граматиково, Бер и Долјани.92 Дејноста на „романската“ чета од крајот на мај до крајот на август 1907 година била будно следена и педантно регистрирана од: грчките, романските, руските, британските и австриските дипломати во Солунскиот Вилает, но и од османлиските власти. Покрај тоа, за сите настани поврзани со дејноста на оваа чета во Берско сведочат и два првостепени извори – спомените на Косту Дабижа и сеќавањата на Кола Нича, кој, заедно со уште неколку локални момчиња од Берско, ѝ Косту Дабижа (десно) со соборец се приклучил на четата по неј(АО ИНИ) зиното излегување од Блатото.93 Оттука, мошне лесно може да се реконструира текот на настаните. Најпознатата епизода од целокупното дејствување на сите „романски“ чети во Македонија се случила на почетокот на јуни 1907 година, кога, четата на Мучитано, го заробила и го обесила „најчистиот и најидеалниот херој на Македонската борба“– Телос Аграс. Во основа, целата епизода е мошне комплицирана и вклучува обид за предавство на подвојвода на ВМОРО, план на некои првенци од Негуш да прекине грчкиот економски бојкот, кој им штетел на нивните материјални интереси и огромен гнев кај дел од локалното влаΑΥΕ/ΚΥ/ΑΑΚ/Μακεδονικός Αγώνας Ημερολόγιο 1907, 31.05.1907 (απόσπασμα Ημερολόγιου). 93 Спомените на Кола Нича се проблематични, не само поради очигледните преувеличувања, туку и поради тоа што не знаеме во колкава мера тој бил автор на мемоарите. Спомените се базираат на стари и на конфузни белешки на Нича, запишани во неговиот дневник, кои подоцна биле обработени и надополнети од поетот Кола Каратана. Види: Nicolae Cuşa, Macedoromânii pe văile istoriei (Constanţa: Europolis, 1990), 51. 92 48 Никола МИНОВ, „Романските“ чети... шко и македонско население, пропратен со желба за одмазда за убиените роднини. Накратко: По неколкунеделни подготовки, Аграс договорил средба со десетарот Иван Златанов (Златан), кој требал, заедно со Аграс, да отиде во Атина, а од таму како водач на грчка чета да се врати во Берско. На 3 јуни тргнал од Негуш, заедно со двајца негушки првенци и двајца водичи, за да се сретне со Златан, но најпрво бил пресретнат од група влашки четници предводени од Михаил Хандури, а потоа бил однесен кај Златан и кај Мучитано. Овој, вториот, и покрај силното противење на Златан, одлучил да ги зароби Аграс и еден од придружниците – Андони Мингас – и по неколкудневна одисеја низ берските и низ воденските села, ноќта, на 7 јуни, Аграс и Мингас биле обесени на ореово дрво меѓу селата Техово и Владово.94 Бесењето на Аграс и на Мингас било единствениот чин на убиство извршен од четата на Мучитано во Берско. Постојано проследувана од грчките андарти,95 четата сепак се ограничила на помирољубиви методи во својот настап кон Власите-гркомани. Всушност, иако бил наречен Касапчето, Јорји Мучитано претпочитал да ги решава проблемите со збор, наместо со кама. Дури и кога го имал в раце Аграс, Мучитано предлагал да се испрати грчкиот водач во Софија, од каде што би пишувал за своето заробеништво и за позитивниот однос на комитите кон него, а одлуката за бесење на Аграс била донесена по силно инсистирање на селаните од Граматиково и За различните верзии поврзани со ова убиство, види: Θεοδ. Γρηγ. Κανελόπουλος, Καπετάν Άγρας, Τέλλος Αγαπηνός, Εθνομάρτυς 1880-1907 (Αθήνα: Μυρτίδη, 1958), 120-149; Ιωάννης Υψηλάντης, Ο Μακεδονικός Αγών, Η ιστορική και αυθεντική αλήθεια περί του δραματικού τέλους του Καπετάν Άγρα και του Αντ. Μίγγα, (Θεσσαλονίκη: 1961), 25-43; Γεώργιος Γεωργιάδης, “Ιστοριογραφική έρευνα περί του Άγρα και Μίγκα εις την πόλιν Ναούσης 1-4/3/1958, Αυτούσεις ιστορικές αφηγήσεις”, Νιάουστα, 131 (2010): 13-20; Ibid, 132 (2010): 12-18; Αρχεία Μακεδονικού Αγώνα, 479, 483-484, 494-495; “Memoriile căpetanului Cola Nicea”, 112-116; АО ИНИ, Спомени на Косту Дабижа, 30-33. 95 На 30 јуни 1907 година дошло до судир меѓу четата на Мучитано и грчка чета. Според грчки официјални извори, четата на Мучитано (во изворот наречен Хасапи) дала три жртви (ΑΥΕ/ΚΥ/ΑΑΚ/Μακεδονικός Αγώνας Ημερολόγιο 1907, 30.06.1907). За истата битка, Нича наведува дека Власите немале жртви, а Грците го загубиле својот водач и имале неколку ранети (“Memoriile căpetanului Cola Nicea”, 116). 94 ИСТОРИЈА / Journal of HISTORY, бр. 2, 2018 49 од Саракиново.96 Така и за време на неговиот престој во Берско, Мучитано држел говори за целите и за задачите на ВМОРО, упатувал закани до Власите-гркомани да ги отпишат своите деца од грчките и да ги запишуваат во романските училишта и ги принудувал Власите да започнат економски бојкот кон Грците во регионот, но не практикувал убиства.97 Сепак, иако Мучитано не дозволувал убиства на невини луѓе, присуството на „романска“ чета не можело долго да се толерира и биле преземени мерки за нејзино отстранување. На 12 јули 1907 година, генералните конзули на Русија и Австро–Унгарија во Солун – Кохмански и Пара – минале низ влашките села во Берско и констатирале дека во близина на селото Долјани оперирала романска банда, предводена од Јорји Мучитано. Притоа конзулите заклучиле дека селаните од Долјани знаеле за присуството на четата, ја штителе и ја поддржувале.98 Веднаш реагирале и романските претставници во Македонија, коишто, како последица на обидот за релаксирање на грчко-романските односи,99 се потрудиле да ја отстранат четата од нејзината база во Долјани. Инспекторот на романските училишта во Солунскиот Вилает, Николае Бацарија, го испратил ревизорот Јорји Чонга во Берско, кој им наредил на учителите во романските училишта никако да не влегуваат во релации со Мучитано и им се заканил дека во спротивно ќе бидат отпуштени. Исто така, Чонга инсистирал, кај селаните од Долјани, да ги прекинат сите врски со четата.100 Реагирале и Османлиите. Хилми-паша добил сигурни информации дека четата на Мучитано се хранела и се облекуАО ИНИ, Спомени на Косту Дабижа, 31-32. Ibid, 36-37. 98 ДАРМ, M.A.E., f. Problema 21–Rapoarte politice de la Constantinopol, m-1715, vol. 54, Baţaria către Papiniu, 19.07.1907: 3-7; Ibid, Pennescu către Papiniu, 09/22.08. 1907: 13-17. 99 Кралот Карол потпишал Указ, со кој, од 1 јули 1907 година, биле укинати сите репресивни мерки од страна на Романија кон грчките поданици и била укината безусловната забрана за увоз на стоки од Грција. Истиот чекор го презела и Грција кон романските поданици и стоки. Види: Documents sur la politique exterieure du Royaume de Serbie 1903-1914, t. II, vol. 4/I, ed. Vasilije Krestić (Belgrade: Académie serbe des sciences et des arts, 2008), 149-151. 100 ДАРМ, M.A.E., f. Problema 21–Rapoarte politice de la Constantinopol, m-1715, vol. 54, Baţaria către Papiniu, 19.07.1907: 3-7. 96 97 50 Никола МИНОВ, „Романските“ чети... вала во селото Долјани и ја уживала поткрепата и заштитата на локалниот богаташ и член на берскиот идаре меџлис, Толи Хаџи Гого. Затоа, од страна на Хилми-паша, во Берско бил испратен инспекторот Н. Бацарија за да ги убеди Власите да се откажат од четата. Според Бацарија, селаните се согласиле да не ѝ даваат поткрепа на четата, но помладите селани одбиле да го прифатат барањето и воопшто не можело да им се повлијае. Затоа било одлучено дел од нив да бидат испратени на печалба во Америка, со што четата на Мучитано би ги изгубила најжестоките приврзаници.101 Грците, пак, редовно, а изгледа и со право, обвинувале дека четата на Мучитано ја ужива милоста на османлиските офицери во регионот, кои воопшто не ги штителе Грците и одработувале за Мучитано, со тоа што ги принудувале гркоманите да се откажат од грчкото и да ги испраќаат своите деца во романските училишта.102 Во меѓувреме романските агенти во Македонија пресретнале преписка меѓу Мучитано и членот на задграничното претставништво на ВМОРО, со псевдоним Крум (Борис Сарафов, м.з.). Според пресретнатите писма, чијашто содржина, имајќи ги предвид чувствителните и точни податоци, се чини дека била автентична, Мучитано го известувал Сарафов за секој свој чекор и ги следел неговите наредби.103 Романија ги искористила овие информации за да докаже дека четата на Мучитано не била романска, туку бугарска, но, без разлика каква била четата, станало јасно дека Мучитано треба да се повлече. Околу 11-12 август тој се поздравил со своите момчиња и тргнал кон Бугарија, откако претходно за свој заменик го назначил Михаил Хандури.104 Мучитано бил авторитетен лидер, кој не одобрувал убиства врз цивили. Тој доаѓал од регион, каде што немало грчки чети и неговото семејство не настрадало од андартските напади. За разлика од него, Хандури потекнувал од селото Ливади (Мегленско), кое со години страдало од андартите. Покрај тоа, во четата на Хандури преовладувале локални влашки момчиња, кои се вклучиле во борбата Документи изъ турскитѣ държавни архиви, 280. ΑΥΕ/ΚΥ/ΑΑΚ/Μακεδονικός Αγώνας Ημερολόγιο 1907, 06.07.1907; Ibid, 19. 07.1907. 103 ДАРМ, M.A.E., f. Problema 21–Rapoarte politice de la Constantinopol, m-1715, vol. 54, Papiniu către Sturdza, 16/29.08.1907: 23-26. 104 АО ИНИ, Спомени на Косту Дабижа, 37. 101 102 ИСТОРИЈА / Journal of HISTORY, бр. 2, 2018 51 токму поради убиствата на нивни блиски роднини од страна на грчките чети.105 Оттука, само ден-два по заминувањето на Мучитано, неговите поранешни четници започнале и практично да ги применуваат сите методи на андартите, а во одредени аспекти дури и ги надминале своите учители. Во август 1907 година, за прв пат од појавата на четите, грчките цивилни жртви убиени од Власи ги надминувале влашките жртви убиени од андарти.106 Читајќи ги спомените на Дабижа и на Нича, шокира леснотијата со којашто ги опишуваат убиствата: „Заробивме четворица Грци. Ги однесовме на местото, каде што беа убиени Власите и ги заклавме“;107 „Христо Рошо пред очите ја гледаше сликата на убиените членови од своето семејство. Тој не сакаше да чуе за Грк. Го зеде јатаганот и почна да го касапи Гркот. Пиштеше Гркот, пиштеше и Рошо.“108 Нича тврди дека локациите, каде што биле извршени убиствата, биле одбрани од стратешки причини. Наводно, целта била патните комуникации да станат небезбедни, со што би се зголемила цената на транспортот и влашките кираџии би ги компензирале претрпените загуби за време на грчкиот економски бојкот.109 Во секој случај, убиствата во август и особено колежот на седум негушки Грци крај селото Селиа на 7/20 септември 1907 година,110 ги принудиле властите на посериозна интервенција. Кон крајот на август, четата на Хандури ја напуштиле сите борци од оригиналната чета на Мучитано,111 по што во неа останале само локални момчиња, кои, лишени од романските средства, целосно зависеле од својот Такви, на пример, биле Христо Рошо и Мита Здру, кои работеле како печалбари во Америка. Откако разбрале дека некои членови на нивните семејства биле убиени од андартите, се вратиле во Македонија за да станат четници (Ibid, 34). 106 Further correspondence, 111-112. Билансот на жртвите во месец август бил: 7 убиени Грци од страна на четата на Хандури и 5 убиени Власи од грчките чети. 107 АО ИНИ, Спомени на Косту Дабижа, 38. 108 Ibid, 39. 109 “Memoriile căpetanului Cola Nicea”, 117. 110 ΑΥΕ/ΚΥ/ΑΑΚ/Μακεδονικός Αγώνας Ημερολόγιο 1907, 07.09.1907; ДАРМ, Бугарски конзулат во Битола (1897-1912), м-4313, ф. 331, оп. 1, а.е. 228, дело 5, с. 7; Австриски документи, т.2, 47-48. 111 АО ИНИ, Спомени на Косту Дабижа, 41. 105 52 Никола МИНОВ, „Романските“ чети... покровител, Толи Хаџи Гого. Затоа, кон крајот на септември 1907 година, по наредба на Хилми-паша, Хаџи Гого бил уапсен и протеран од Берско.112 Речиси истовремено со сургунот на Хаџи Гого, четата на Стерју Апостолина, која дејствувала во Гревенско, испратила понуда до властите да се предаде, во замена за целосно помилување. Со надеж дека примерот на Апостолина ќе го следат и четниците на Хандури, Хилми-паша го искористил своето полномоштво да дава амнестија и ја прифатил понудата.113 Војводата Хандури, со борци од четата на Ј. Мучитано Од лево кон десно: Михаил Хандури, Јорји Гаќи Доду, Косту Дабижа, Наќи Кузман, Христа Преш, Таќи Динча, Унчу Дамаш и Никола Макри (АО ИНИ) Сето ова, како и доаѓањето на зимата, придонело четата на Хандури да се повлече. Со исклучок на еден изолиран инцидент на 24 ноември 1907 година, кога четата била откриена од андартите и протерана од колибите крај селото Топљани,114 не се регистрирани судири или убиства извршени од „романски“ чети. Пролетта 1908 година, на Хаџи Гого му било дозволено да се врати во Бер,115 а со него повΑΥΕ/ΚΥ/ΑΑΚ/Μακεδονικός Αγώνας Ημερολόγιο 1907, 23.09.1907. Дракул, Македонија, т.6, 159. 114 ΑΥΕ/ΚΥ/ΑΑΚ/Μακεδονικός Αγώνας Ημερολόγιο 1907, 25.11.1907. 115 Дракул, Македонија, т.6, 253. 112 113 ИСТОРИЈА / Journal of HISTORY, бр. 2, 2018 53 торно се појавила и четата на Хандури. Сепак, овој пат таа била премала и немоќна за да претставува опасност за андартите и властите. Михаил Хандури одлучил самостојно да изврши атентат врз грчкиот митрополит во Солун, меѓутоа бил уапсен пред воопшто да му се приближи на митрополитот и бил осуден на смрт.116 Во мај 1908 година, нов војвода на четата, која сега броела едвај 4-5 борци, станал Кола Нича.117 Четата на Кола Нича (АО ИНИ) Во следните неколку месеци, борбата на четата против андартите се свела на „игра на мачка и глушец“, во која побројните и помоќни андарти ја ловеле малата чета на Нича.118 Епилогот најверојатно би бил поразителен за „романската“ чета доколку, во јули, не се случела Младотурската револуција. Како и нивните довчерашни противници, андартите, влашките четници се симнале од планините и ги запоседнале фото-ателјеата во Солун и во Битола.119 “Memoriile căpetanului Cola Nicea”, 119. Vasile Diamandi-Aminceanu, Românii din Peninsula Balcanică (Bucureşti: Institutul de arte grafice, 1938), 190. 118 Dakin, The Greek Struggle, 366. Повикувајќи се на грчки извори, Дејкин пишува дека водач на „романизираната чета“ бил Муша Дарлајани. Војвода сепак бил Нича, а Дарлајани бил негов четник. 119 Токму од младотурската ера потекнуваат најголемиот број фотографии на влашките четници во комитска или поретко во цивилна облека. Од овој пери116 117 Никола МИНОВ, „Романските“ чети... 54 Четата на Кола Нича со група берчани (поштенска картичка) Ј. Мучитано со дел од своите четници Стерју Мљор Апостолина (Илюстрация Илинденъ, 10 [40], София 1932, с.15) (ДАРМ –Битола, фонд Браќа Манаки) од се фотографиите на четата на Кола Нича, фотографии на Мучитано, Апостолина и на дел од нивните четници. ИСТОРИЈА / Journal of HISTORY, бр. 2, 2018 55 *** Горните редови претставуваат пионерски обид за научна синтеза и анализа на активностите на т.н. романски чети во Македонија (1906 – 1908). Разбирливо, како и при секој друг почеток, се оставени празнини, кои допрва треба да се пополнат. Користените архивски фондови, објавени извори и мемоарска литература од романска, грчка, османлиска, бугарска, српска, руска, британска, австроунгарска и влашка провениенција, даваат одговори на голем број поставени прашања и дилеми, меѓутοа, сè уште не е докрај објаснета улогата на романската држава при формирањето на четите, ниту пак активностите на дел од овие чети.120 Веруваме дека дополнителни истражувања во: архивите на романското министерство за надворешни работи, архивите на Друштвото за македо-романска култура или личните архиви на водачите на ВМОРО, ќе ги пополнат празнините. Внимателниот читател забележа дека придавката романски, во контекст на четите, беше редовно употребувана во наводници. Во српските чети во Македонија членувале и етнички Срби од српското кралство. Во грчките чети доминирале Критјани и офицери од Грција. Дури и во четите на ВМОРО имало борци родум од Бугарија. Но во „романските“ чети сите членови биле македонски Власи, а самите четници зборуваат за „влашки чети“. Оттука, нелогично звучат грчките, руските, а понекогаш и турските дипломати, кои, во своите извештаи, овие влашки чети ги нарекуваат романски. Од друга страна, непобитен факт е дека екипирањето, вооружувањето Покрај досега споменатите чети, во Османлиската Империја дејствувале уште неколку други чети, составени од романизирани Власи. Така, на пример, Кола Нича забележува дека во Епир, во околината на Јанина, дејствувала „романска чета... предводена од Скупра, Будас и Нику Баламоти“, за чиешто уништување грчката влада распишала парична награда. Нича си споменува и за „романска“ чета што дејствувала во Албанија (Корчанско). Оваа чета ја предводеле Апостол Кочкона и Танаси Насту (“Memoriile căpetanului Cola Nicea”, 122-123). Сепак, двете чети не дејствувале како чети на ВМОРО, ниту пак наидовме на податоци дека биле финансирани од романски фондови, па оттука не беа разгледани во горните редови. Во фондот Браќа Манаки се чуваат фотографии од Коста Скупра, Нику Баламоти, Апостол Кочкона и дел од нивните четници. Види: ДАРМ- подрачно одделение Битола, ф. Браќа Манаки, фото. бр. 745, 868, 869, 997 и 1874. 120 56 Никола МИНОВ, „Романските“ чети... и прехраната на четите биле обезбедени со финансиски средства, кои пристигнувале од Романија, а бугарските и османлиските дипломати тврделе дека конзервативната влада во Букурешт била добро запознаена и посредно го диригирала формирањето на четите. Факт е и дека сите членови на четите биле романски воспитаници и, свесно или несвесно, одработувале за Романија, со тоа што ги принудувале Власите од грчката партија да ги отпишуваат своите деца од грчките и да ги запишуваат во романските училишта. Со оглед на тоа што во четите членувале исклучиво Власи, не би погрешиле ако ги наречеме „влашки чети“. Но и во дел од грчките андартски чети доминирале Власи, а некои од нив биле составени само од Власи. Така, доколку го следиме горното правило, овие андартски чети би требало да ги наречеме „влашки чети“. Веројатно најпрецизен начин за именување на третираните чети би бил: чети на Македонската револуционерна организација, составени од Власи, кои биле финансирани од романски фондови. Во интерес на просторот, сепак се одлучивме за терминот „романски“ чети. ИСТОРИЈА / Journal of HISTORY, бр. 2, 2018 57 Nikola MINOV THE “ROMANIAN” BANDS OF THE MACEDONIAN REVOLUTIONARY ORGANIZATION (1906-1908) -SUMMARYThe paper deals with the formation and the activities of the so-called Romanian armed bands in Ottoman Macedonia, during the later stages of the Macedonian Struggle. These bands were consisted of pro-Romanian Vlachs from Macedonia and their main assignment was to fight the Greek bands of andartes and to protect the pro-Romanian communities. The paper analyses the key factors behind the decision to send “Romanian” armed bands in Macedonia, as well as the role of the Romanian state and the Internal Macedonian-Adrianople Revolutionary Organization in the creation, funding and disbandment of these bands.