Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
НАУЧНИ ТРУДОВИ/SCIENTIFIC PAPERS УДК: 325.83:070(497.7)“1903” Никола МИНОВ Филозофски факултет – Скопје Институт за историја БИТКА ЗА ЖРТВИТЕ Прилог кон прашањето за одгласот на Илинденското востание во странскиот печат Abstract: Four different newspapers in four different countries, tell four different versions of the same event: On the 12th of August 1903, the Turkish troops and the bashi-bazouks fell upon the ethnically diverse town of Kruševo in Ottoman Macedonia. In four days, hundreds of houses and shops were burned, while more than a hundred non-combatants, many of whom women and children, were murdered in the streets. The news of the atrocities hit the front pages of the leading newspapers in Greece, Bulgaria, Serbia and Romania. While they all sent the same message of compassion for the victims and expressed strong disapproval of the Ottoman conduct in Kruševo, they could not agree about one issue: What was the ethnicity of the murdered civilians? Key words: Ilinden Uprising, Kruševo, Civilian casualties, Newspapers Вовед Во интервју по повод 115-годишнината од Илинденското востание, македонскиот премиер, Зоран Заев, изјави дека „Илинденското востание е македонско“. Оваа констатација предизвика лавина од реакции во соседна Бугарија. Претседателката на опозициската Бугарска Социјалистичка Партија (БСП), Корнелија Нинова, јавно го праша бугарскиот премиер, Бојко Борисов, зошто не реагира на изјавата на македонскиот колега. Веднаш одговори бугарската Министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, со реплика дека „Илинденското востание географски може да биде наречено македонско и тракиско, 28 Никола МИНОВ, Битка за жртвите но историски е бугарско“. Се огласи и Б. Борисов, кој го предупреди македонскиот премиер дека изјавата ќе оди на негова сметка, а свое мислење на социјалните мрежи изрази и претседателот на Р. Бугарија, Румен Радев, кој истакна дека: „Илинденско-преображенското востание е херојски и трагичен венец на бугарското револуционерно движење за слобода и национално обединување“. Доколку овие искри на релација Скопје-Софија не се случуваа во времето кога македонско-бугарските односи го достигнаа својот апогеј по потпишувањето на „Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија“ во август 2017 година, веројатно и реакциите немаше да бидат бурни, ниту пак јавните дебати ќе привлечеа толку големо внимание. Впрочем, со исклучок на медениот месец во југословенско-бугарските односи во втората половина на 1940-тите, македонската и бугарската јавност се навикнати на различните позиции и на конфликтната реторика од двете страни на границата. Спротивставеноста во тезите за карактерот на Илинденското востание и етничката припадност на востаниците, претставува константа што се провлекува уште од почетоците на македонската државност и лајтмотив на препирките помеѓу бугарската и македонската историографија. Јасна е и причината за неприфаќањето на другоста. За македонската страна, македонското револуционерно движење и Илинденското востание како негов највисок дострел, претставуваат темел на македонската државност и посебност. Секој обид на Востанието да му се даде поинаков, немакедонски колорит, претставува закана за темелите на посебноста, па дури и на државноста. Бугарската страна стои на дијаметрално спротивни позиции: „Македонија е најромантичниот дел од бугарската историја“, а бугарскиот карактер на Македонската револуционерна организација и на Илинденското востание претставува аксиома, која не подлежи на сомнеж, уште помалку на анализа. Прва жртва на неотстапливоста од заземените политички позиции е историската наука. Во историските дела за Илинден доминираат субјективизмот и преповторувањата на основните постулати, а нетенденциозноста и чистата наука почесто претставуваат нус-појава на македонско-бугарското историографско ривалство, отколку правило на игра. Во долните редови го разгледуваме историјатот на едно такво, чисто научно прашање за Илинден, изнедрено од обидите на дел од првата генерација македонски историчари за изнаоѓање нови теми за Востанието. Постепено ќе стигнеме и до потесната цел на овој труд, при што го поставуваме и со пример го елаборираме прашањето: Дали сè уште можеме да отвориме нови теми за Илинденското востание? ИСТОРИЈА / Journal of HISTORY, бр. 1, 2019 29 Момчето што прво го постави прашањето Јубилејот „Педесет години од Илинденското востание“ бил пригодно одбележан во научните кругови во Скопје и Софија. Во главниот град на Н.Р. Бугарија излегол зборникот „50 години от Илинденското въстание: статии и спомени“,1 а Дино Ќосев ја објавил монографијата „Илинденско въстание“.2 Со скромен обем (зборникот има 144, а монографијата 139 страници), двете дела пополниле само мал дел од илинденскиот мозаик, што, во најголема мера, се должело на експлоатацијата на темата Илинден во софиските изданија од претходните пет децении. За причините, текот и последиците од Илинденското востание, во бугарската метропола веќе биле објавени стотина: монографии и делови од книги, зборници, списанија, спомени на револуционери, весникарски написи и драми.3 Во чест на востанието излегувале и низа весници, па затоа и сè што било објавено за Илинден во 1953 година, повеќе или помалку, претставувало повторување на познатите факти и тези. Младата македонска историографија се соочила со поинаков тип на проблеми. Бројот на професионални историчари во Н.Р. Македонија бил мал, а добар дел од нив биле ангажирани за регистрирање на настаните поврзани со скорешната воена победа. Во пресрет на историчарите не можеле да им излезат ниту книжевните работници, чии капацитети биле насочени кон прославата на 50-годишнината од публикувањето на Мисирковата „За македонцките работи“. Проблем претставувал и недостатокот на „прифатлива“ литература, врз чија основа македонските историчари би ги граделе своите тези за Илинден. Исклучувањето на ФНР Југославија од Информбирото во 1948 година ги заострило југословенско-бугарските односи, довело до отфрлање на политиката на културна автономија на Пиринска Македонија и предизвикало враќање на бугарската историографија кон тезите за бугарскиот карактер на Македонија и на Илинденското востание.4 Политичката реалност во Н.Р. Македонија, пак, наложувала преиспитување и неги50 години от Илинденското въстание: статии и спомени (София: Отечествен фронт, 1953). 2 Дино. Г. Кьосев, Илинденско въстание (София: Отечествен фронт, 1953). 3 За сите студии на тема „Илинденско востание“, објавувани во Софија до 1953 година, види: Ѓорѓи Абаџиев, „Библиографија на книги, статии и документи за Илинденското востание“, Илинденски зборник 1903-1953, гл. ред. Љубен Лапе (Скопје: Институт за национална историја, 1953), 307-325. 4 Чавдар Маринов, „От ‘интернационализъм’ към национализъм. Комунистическият режим, македонският въпрос и политиката към етническите и религиозните общности“, История на Народна Република България, Режимът и обществото, ред. Ивайло Знеполски (София: Сиела, 2009), 486-491. 1 30 Никола МИНОВ, Битка за жртвите рање на таквите тези. „Прифатливите“ софиски изданија на Јовков, Хаџи Димов, Веселинов и Динев биле малобројни,5 а единствените поствоени изданија во Скопје на темата „Илинден“ биле: неколкуте весникарски написи,6 литературниот зборник „Илинден“ од 1948 година и вториот том од „Илинденската епопеја“ на Ангел Динев, кој, всушност, го обработувал пост-Илинденскиот период.7 Сепак, и покрај споменатите проблеми, токму на 50-годишнината од Илинденското востание, Љубен Лапе, Киро Миљовски, Димче Мире и Димитар Митрев, го уредиле и објавиле „Илинденски зборник 1903-1953“. Многумина, при првото отворање на Зборникот, би очекувале во него да преовладуваат текстови, кои, во духот на времето, би го искористиле Илинденското востание за елаборирање и надградба на тезите на Ангел Динев за антагонизмот помеѓу Тајната Македоно-Одринска Револуционерна Организација (ТМОРО) и Врховниот Македонски Комитет (ВМК), како етнички конфликт меѓу Македонците и Бугарите. Меѓутоа, во шесте научни статии (седмиот труд е библиографија на дотогашните изданија за Востанието) и 340 страници од „Илинденскиот зборник“, преовладал друг тип на научна анализа и љубопитност. Илинденското востание веќе било обработено од најразлични аспекти, а поголемиот дел необработени и необјавени архивски материјали за Востанието се наоѓале во недостапните државни и лични архиви во Н.Р. Бугарија. Оттука и просторот за научно маневрирање на македонските историчари бил мошне тесен. Се чинело дека нивните бугарски колеги имале предност во секој поглед и се поставило прашањето: можат ли историчарите од Н.Р. Македонија да понудат нешто ново за Илинденското востание? Можат ли, се запрашува Љубен Лапе, македонските историчари да пронајдат нови материјали, врз чија основа ќе „осветлат некои недоујаснети или воопшто незасегнувани страни и моменти од предисторијата и историјата на Илинденското востание“?8 Авторите на Зборникот дале три позитивни одговори. 5 Види: Манол Д. Пандевски, Илинденското востание во Македонија 1903 (Скопје: Институт за национална историја, 1978), 6-7. 6 Абаџиев, „Библиографија на книги“, 299-303. 7 Илинден-1903: литературен зборник, ред. Димитар Митрев (Скопје: Култура, 1948); Ангел Динев, Илинденска епопеа, дел II (Скопје: Главниот Одбор на Народниот фронт на Македонија, 1949). 8 Љубен Лапе, „Неколку нови документи за 1903 година (по повод 50-годишнината од Илинденското востание“, Годишен зборник/Annuaire, кн. 6, Филозофски факултет на Универзитетот – Скопје, Историско-филолошки оддел, Скопје (1953), 237. ИСТОРИЈА / Journal of HISTORY, бр. 1, 2019 31 Во носечката статија: „Нови документи за Илинденското востание“,9 Љубен Лапе ја искористил една од ретките предности во однос на бугарските историчари – достапноста на архивите во Белград – и за прв пат ги објавил српските дипломатски извештаи за Илинденското востание. Кон крајот на годината, Лапе објавил нова серија српски документи за Илинден,10 а следната година, под негова редакција, била публикувана обемна книга со извештаи на српските политички, религиозни и просветни фактори во османлиска Македонија во 1903 година.11 Примерот на Лапе го следел Данчо Зографски, кој во 1955 година подготвил и објавил австриски документи за Илинденското востание,12 за, во следните децении, истражувањето на странските архиви и објавувањето на дипломатските документи за Востанието да добие уште пошироки димензии, преку објавување на дипломатски документи за Илинден од француска, руска, турска и британска провениенција.13 Втората предност на македонските историчари ја искористил Тодор Симовски. Главните борби за време на Илинденското востание се воделе во Битолскиот револуционерен округ, чија што територија, по Втората светска војна, во најголем обем била дел од Н.Р. Македонија. Голем број од преживеаните Илинденци сè уште живееле на територијата на поранешниот Битолски револуционерен округ и во ек била кампања за нивно интервјуирање и запишување на нивните спомени. Во тој контекст биле интервјуирани и Илинденци од помалите етникуми во Македонија, што му помогнало на Т. Симовски прв да го постави и елаборира прашањето „За учеството на малцинствата во Илинденското востание“.14 Љубен Лапе, „Нови документи за Илинденското востание“, Илинденски зборник 1903-1953, гл. ред. Љубен Лапе (Скопје: Институт за национална историја, 1953), 3-151. 10 Лапе, „Неколку нови документи“, 237-302 и особено делот 258-274. 11 Извештаи од 1903 година на српските консули, митрополити и училишни инспектори во Македонија, ред. Љубен Лапе (Скопје: Институт за национална историја, 1954). 12 Извештаи од 1903 година-1904 година на австриските претставници во Македонија, ред. Данчо Зографски (Скопје: Институт за национална историја, 1955). 13 Илинден во француски дипломатски документи, ред. Глигор Тодоровски (Скопје: Архив на Македонија, 1993); Македонија меѓу автономијата и дележот, Зборник руска дипломатска документација 1894-1913, том. 2, 1903, ред. Симон Дракул (Куманово: Просвета, 1997); Британски документи за историјата на Македонија, т. 6, ред. Александар Трајановски (Скопје: Државен архив на Република Македонија, 2012); Турски документи за Илинденското востание, ред. Александар Стојановски (Скопје: Архив на Македонија, 1993); Турски документи за Илинденското востание од султанскиот фонд „Јилд’з“, ред. Драги Ѓорѓиев (Скопје: Архив на Македонија, 1997). 14 Тодор Симовски, „За учеството на малцинствата во Илинденското востание“, Илинденски зборник 1903-1953, гл. ред. Љубен Лапе (Скопје: Институт за национална историја, 1953), 189-220. 9 32 Никола МИНОВ, Битка за жртвите Во фокусот на овој наш труд е едно друго прашање засегнато во Зборникот, кое за прв пат било поставено од едно 26-годишно момче. Христо Г. Андоновски бил меѓу првите дипломирани студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Кога во 1953 година станал асистент по нововековна историја на македонскиот народ, веќе знаел дека ФНР Југославија била најпогодното место за истражување на една дотогаш занемарена тема – одгласот на Илинденското востание во странските печатени медиуми.15 Во 1903 година, територијата на ФНР Југославија им припаѓала на пет држави и, поради тоа, во југословенските библиотеки лесно можеле да се пронајдат стари весници од најразлична провениенција. По темелно истражување на дневните весници и периодиката од 1903 година во Словенија, Хрватска и Србија, Андоновски ја искористил 50-годишнината од Илинденското востание и во „Илинденски зборник 1903-1953“ ја објавил статијата „Ехото на Илинденското востание сред југословенските народи“,16 за, до крајот на годината, да се јави и како главен уредник на ново дело со слична тематика: „Странскиот печат и Илинденското востание“.17 Во следните три децении, пионерските чекори на Христо Г. Андоновски ги следеле и останатите македонски историчари, како и нивните соработници од странство. Во разните Зборници и Прилози за Илинден редовно биле објавувани статии за одгласот на Илинденското востание во Европа и Светот.18 Историчари, писатели и лингвисти се впуштиле во потрага по вести за Илинден во странскиот печат. Темата била дотолку популаризирана, што станала своевиден потпис на македонската историографија во 1970-тите и неизбежен дел од секој посериозен труд за Востанието.19 Финален продукт од тридецениските ис15 Уште додека бил студент, Андоновски започнал со истражување на оваа проблематика и пишувал за одгласот на Илинденското востание во словенечкиот печат. Види: Hristo G. Andonovski, “Odjek Ilindenskog ustanka u Sloveniji”, Nastava istorije u srednjoj školi, I/2, Zagreb (1951), 126-133. 16 Христо Г. Андоновски, „Ехото на Илинденското востание сред југословенските народи“, Илинденски зборник 1903-1953, гл. ред. Љубен Лапе (Скопје: Институт за национална историја, 1953), 221-254. 17 Странскиот печат и Илинденското востание: материјали, ред. Христо Г. Андоновски и др. (Скопје: Здружение на новинарите на Н.Р. Македонија, 1953). 18 Наведувањето на сите научни трудови од 1953 до 1983 година за одгласот на Илинден во странство одзема голем простор и го оптоварува текстот. Затоа, тие ќе бидат наведени само во користената литература. 19 Така, во еден од најтемелните научни трудови за Илинденското востание, цело поглавје се посветува на одгласот на Востанието во странство. Види: Пандевски, Илинденското востание, 459-478. ИСТОРИЈА / Journal of HISTORY, бр. 1, 2019 33 тражувања на странските весници, претставува капиталното дело на веќе 58-годишниот Х. Андоновски, кој, во 1985 година, од позиција на Ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и со додавката Полјански кон презимето, непосредно пред својата смрт го објавил трудот: „Илинденското востание и меѓународната јавност“ (593 стр.).20 Смртта на Х. А. Полјански не значеше крај на научниот интерес за неговото „чедо“. Македонски и странски историчари продолжија да ја експлоатираат темата и по прогласувањето на независноста на Р. Македонија. Така, библиографијата за Илинденското востание се збогати со научни трудови за одгласот на Востанието во Јапонија, Германија, Франција, Италија и Грција.21 На армијата историчари и писатели им се придружија и двајца македонски амбасадори, кои го искористија својот дипломатски ангажман во странство за собирање, анализа и објавување на уругвајската и австралиската периодика за Илинден.22 Под редакција на академикот Манол Пандевски, во 1995 година беше објавен зборник на документи со наслов „Македонофилското движење во Западна Европа во 1903 година“, со што истражувањата за меѓународниот одглас на Илинденското востание ги опфатија и реакциите на западноевропските политичари и интелектуалци.23 Со задоцнување, но и со придонес кој не може да се занемари, кон истражувањето на односната проблематика се приклучија и историчарите од Р. Бугарија, кои ја до20 Христо Андонов-Полјански, Илинденското востание и меѓународната јавност (Скопје: Мисла, 1985). 21 Манол Пандевски, „Осврт на илинденските огласи во Франција во 1903 година“, Прилози за Илинден VII 1993 (Крушево, 1993), 111-115; Кочо Сидовски, „Италијанските политички и општествени кругови за Илинденското востание во 1903 година“, Годишен зборник на Филозофскиот факултет/Annuaire, кн. 46, Скопје (1993), 129138; Волф Ошлис, „Илинденското востание, балканската положба и германските списанија од 1903-та година“, XXX Меѓународна научна конференција и XXXVI меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура (Скопје, 2004), 3944; Александар Донски, „Илинденското востание во дел од јапонскиот печат“, 100 години Илинден: 1903-2003, Прилози од научниот собир одржан на 6-8 мај 2003, том 2 (Скопје: МАНУ, 2005), 353-365; Далибор Јовановски, „Грчки реакции за Илинденското востание“, Годишен зборник на Филозофскиот факултет/Annuaire, кн. 65, Скопје (2012), 69-84. 22 Борис Миљовски, Илинден и Уругвај: одзиви од Илинденското востание: што и како известувала француската агенција Авас и како дневниот весник „Ел Дија“ ги информирал своите читатели во Уругвај, (Скопје: Современост, 1992); Мартин Треневски, Одгласите на Илинденското востание во 1903 година во австралискиот печат (Скопје: Матица Македонска, 1998). 23 Македонофилското движење во Западна Европа во 1903 година: документи, ред. Манол Пандевски (Скопје: Архив на Македонија и Матица Македонска, 1995) 34 Никола МИНОВ, Битка за жртвите полнија библиографијата за ехото на Илинденското востание во странските весници со нови податоци за писанијата во англискиот, рускиот, белгискиот, полскиот, романскиот, ерменскиот, австроунгарскиот, американскиот и бугарскиот печат.24 Илинденското востание сè уште привлекува научно внимание. Меѓутоа, доволен е поглед врз библиографијата за Илинден во последните неколку години,25 за да се констатира дека, со секоја измината година, студиите за Востанието стануваат сè помалобројни. Оттука, како и нашите колеги во 1953 година, се запрашуваме: дали пресушува досега непресушниот извор и можат ли историчарите да понудат нешто ново за Илинденското востание? Можеме ли повторно да ги актуализираме илинденските теми и прашања што се чинат исцрпени и затворени? Патот кон одговорот Компјутерската ера и развојот на дигиталните архиви во 21. век овозможуваат непречен пристап до стари архивски материјали и периодика од најоддалечените краеви на Земјата. Ваквата привилегија на денешните историчари, нуди можност за повторно отворање на некои подзаборавени теми, но и за дополнување на најекспонираните теми во македонската историографија, каква што е, впрочем, Илинденското востание. Олеснетиот пристап до информации дава простор за анализа на Илинден од различни аспекти: историски, воен, социолошки, па дури и од психолошки аспект.26 Уште повеќе, денес лесно може да се Види ги во користена литература: објавените документи за Илинденското востание од англискиот печат, како и трудовите на: Ј. Величков, С. Германов, Ј. Гешева, А. Гилигјан, В. Костова, З. Николова, Р. Оманова, А. Пантев, Ж. Попов, Т. Тодоров, Е. Христова, Ј. Шопов и научните статии на Италијанецот Ф. Гвида, Романецот К. Велики и Полјакот С. Калембока, објавени во Софија. 25 Ванчо Ѓорѓиев, „Илинденското востание (1903)“, Востанијата во Македонија, ред. Ратко Дуев (Скопје: УКИМ-Филозофски факултет-Скопје, 2015), 219-244; Vancho Gjorgjiev, “Bulgaria, for or against the Ilinden Uprising”, Гласник на Институтот за национална историја, год. 51, бр. 1-2, Скопје (2015), 93-101; Ангел Динев, „Военният потенциал на бунтовническата армия в Илинденско-Преображенското въстание“, Известия на старозагорския исторически музей, т.5, Стара Загора (2015), 130-142; Кочо Топузовски, Ветераните на Илинден (Скопје: Панили, 2017); Борче Милошевски и Димитар Љоровски Вамваковски, „‘Подзаборавен Илинден’: ослободувањето на Клисура и Невеска во современата настава по историја“, Историја, год. LIII, бр. 1, Скопје (2018), 181-193. 26 Психолошката состојба на Крушевчани за време на освојувањето на градот од четите на ТМОРО, во текот на османлиското бомбардирање и при ограбувањето на крушевските куќи од страна на башибозукот, претставува интересна тема за анализа, која засега, од објективни, но и од субјективни причини, е игнорирана од 24 ИСТОРИЈА / Journal of HISTORY, бр. 1, 2019 35 стекнат нови сознанија и за една детално разработена тема, како што е одгласот на Илинденското востание во странскиот печат. Со оглед на можностите, за првите генерации македонски историчари било успех да пронајдат и анализираат само еден или неколку весници од одредена земја. Сега, достапноста до старата периодика овозможува да се направи споредбена анализа на печатот за Илинден во различни држави, или, доколку дополнително ја разложиме темата, компарација на известувањата во странство за одреден настан од Илинденското востание. Во долните редови ќе покажеме како четири весници, во четири различни држави, известувале за еден таков настан. Станува збор за: атинскиот дневен весник „Ακρόπολις“ (Акропол), новосадскиот „Застава“ (Знаме), софискиот тродневник „Миръ“ (Мир) и букурешкиот неделник „Românul de la Pind” (Романецот од Пинд) и за начинот на кој што овие медиуми информирале за цивилните жртви за време на Илинденското востание во Крушево. Четирите весници се одбрани како класични примери за начинот на кој што грчките, српските, бугарските и романските новинари известувале за настанот. Во приложените материјали, од кои дел се пренесени интегрално, а дел, поради својот обем, само парцијално, акцентот го ставаме врз разликите во известувањата, кои се прикажани со болдирани букви. На крајот, преку споредба на потенцираните разлики ги анализираме причините поради кои четирите весници пренесуваат четири различни верзии и ја разгледуваме врската: држава – печатени медиуми – црковно-училишна пропаганда во османлиска Македонија. Странските пропаганди во Крушево Покрај Илинденското востание, една од најтемелно обработените историски теми што ги третираат последните децении на османлиското владеење во Македонија се активностите на балканските пропаганди. Во врска со ова, во последните дваесеттина години, јасно може да се забележи еволуција при толкувањето на темата. Додека во минатото акцентот бил ставен врз хуманата димензија на сопствената и негативностите што произлегле од пропагандното дејствување на непримакедонската и бугарската историографија. Спомените на дел од револуционерите што останале во Крушево при османлиското освојување на градот, како и изјавите на цивилите, забележани во романската и грчката литература и периодика, заслужуваат студиозна анализа. Види, на пример: Тодор Борјар, Спомени (Скопје: Unia ti culturã-a Armãnjlor dit Machidunii, 2013), 16-32; Νικόλαος Μπαλλάς, Ιστορία του Κρουσιβου (Θεσσαλονίκη: Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών, 1962), 37-60; Sterie Papa Sotir, “Arderea a Cruşovlei”, Calendarul aromânesc, Bucureşti (1911), 142-146 и др. 36 Никола МИНОВ, Битка за жртвите јателските пропаганди, денешните балкански историчари нудат многу пообјективни компаративни анализи на пропагандите во османлиска Македонија. Ваквиот пристап продуцираше низа студии за карактерот, целите и методите на: грчката, српската, бугарската и романската пропаганда на полето на: образованието, црквата, медицината, вооружените борби помеѓу разните револуционерни и паравоени формации, па дури и при бизарната и морбидна битка за гробиштата и мртовците.27 По правило, најдобри резултати од анализата на пропагандните борби се добиваат од местата кај што се судрувале сите четири пропаганди – големите градови: Солун, Битола, Скопје и малото гратче Крушево. Кон средината на XIX век, Крушево се развило во една од најбогатите и најпросперитетни населби во Македонија. Благодарение на близината на вилаетската метропола, Битола, но, пред сè, благодарение на претприемчивиот дух на крушевчани, за помалку од еден век, од мало село, Крушево прераснало во важен трговско-занаетчиски центар. Просперитетот на градот и разнородноста на православното христијанско население,28 создале плодна почва за активирање на сите балкански пропаганди. Во Крушево, постојано или повремено, функционирале: грчко, бугарско, романско и српско училиште, а граѓаните биле поделени во исто толку општини.29 Сепак, сè до првата деценија Види: Иван Илчев, Родината ми – права или не! Външнополитическа пропаганда на балканските страни 1821-1923 (София: Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, 1995); Наум Кайчев, Македонийо възжелана, Армията, училището и градежът на нацията в Сърбия и България 1878-1912 (София: Парадигма, 2003); Ванчо Ѓорѓиев, „Битка за гробишта–бизарноста на пропагандите во Македонија“, Годишен зборник на Филозофскиот факултет/Annuaire, кн. 64, Скопје (2011), 177-192; Tasos Kostopoulos, “Revolutionary and counterrevolutionary violence in late Ottoman Macedonia (1897-1912): Political goals, technical patterns, and nationalized memories”, Balkan nationalism(s) and the Ottoman Empire, vol II: Political violence and the Balkan wars ed. Dimitris Stamatopoulos (Istanbul: Isis press, 2015), 23-45; Никола Минов, „Хипокритски кон Хипократ“, Годишен зборник на Филозофскиот факултет/Annuaire, кн. 69, Скопје (2016), 155-171; Никола Минов, „Гимназиите во османлиска Македонија“, 70 години Институт за историја – 70 години македонска историографија, ред. Ванчо Ѓорѓиев и др. (Скопје: УКИМ/ФЗФ, 2017), 305-345. 28 На почетокот на 20. век, во Крушево живеело влашко, македонско и албанско православно население. За разните статистики во врска со бројот и етничката припадност на жителите на Крушево, види: Никола Минов, „Зошто и како беа интернирани крушевските Власи за време на Првата светска војна“, 100 години од прогласувањето на влашкиот принципат Пинд и 100 години од интернирањето на Власите, ред. Јана Михаилова и Марија Николова (Скопје: Integra Nau, 2017), 128. 29 Историја на Крушево и Крушевско, книга прва, ред. Крсте Битоски (Крушево: Собрание на општината и општински одбор на сојузот на борците од НОВ, 1978), 64-109. 27 ИСТОРИЈА / Journal of HISTORY, бр. 1, 2019 37 на 20. век, црковно–просветното ривалство не прераснало во отворено непријателство. Изградбата на железничката линија од Солун кон Скопје го поставила Крушево далеку од главната трговска магистрала. Оваа несреќна околност делумно ги оттргнала мислите на крушевчани од пропагандните борби, бидејќи граѓани повеќе се насочиле кон потрага по алтернативни начини за унапредување на трговијата, отколку кон ривалитетот на црковен и образовен план. Релативно мирниот живот во градот бил нарушен со Илинденското востание во 1903 година. По неславниот крај на востанието, гневот на османлиската војска и на башибозучките одреди најсилно го почувствувале токму жителите на Крушево. Во теророт што следувал по задушувањето на востанието, во Крушево биле убиени, заклани и живи изгорени 117 души. Притоа биле ограбени 1,500 куќи, а околу 370 куќи и дуќани биле опожарени.30 Жртвите биле крушевчани со христијанска вероисповед. Меѓутоа, во балканските печатени медиуми, смртта на крушевските цивили добила етничка димензија, во која не биле толку битни жртвите, колку што била важна нивната „национална“ припадност. Грчките печатени медиуми: дневниот весник „Ακρόπολις“ Повеќето атински и солунски изданија за Илинденското востание се со понова дата и коинцидираат со заострувањето на грчко-македонските односи во последната деценија на 20. и почетокот на 21. век.31 Претходно, Илинден е третиран само во две-три научни статии,32 а попатно е спомнат во мемоарите на грчките андарти и во воведните поглавја на обемните трудови посветени на „Македонската борба“. Но, ако за грчката историографија, Илинденското востание почесто било фуснота отколку тема на сериозен научен интерес, слободно можеме 30 Македония и Одринско (1893-1903), Мемоаръ на Вѫтрѣшната Организация (s.l, 1904), 193-194; Никола Кировъ-Майски, Крушово и борбитѣ му за свобода (София: Стопанско развитие, 1935), 87-88. 31 Τα γεγονότα του 1903 στη Μακεδονία μέσα από την ευρωπαϊκή διπλωματική αλληλογραφία, επιμ. Βασίλειος Γούναρης (Θεσσαλονίκη: Μουσείο Μακεδονικού Αγώνα, 1993); Ίων Δραγούμης, Τα Τετράδια του Ίλιντεν, επιμ. Γιώργος Πετσίβας (Αθήνα: Πετσίβας, 2000); Σπυρίδων Σφέτας „Η πορεία προς το Ίλιντεν, ο αντίκτυπος της εξέγερσης του Ίλιντεν στην Ελλάδα και οι απαρχές της ένοπλης φάσης του Μακεδονικού Αγώνα“, Μακεδονικός Αγών. Εκατό χρόνια από τον θάνατο του Παύλου Μελά (Θεσσαλονίκη: Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών, 2006), 69-86; и др. 32 Меѓу нив, со својот обем и информации двои статијата на: Δ.Κ. Βογαζλής, „То Ήλίν-ντεν Ή η βουλγαρομακεδονικη επανάστασις του 1903 στη Μακεδονία και Θράκη“, Αρχείον του θρακικού λαογραφικού και γλωσσικού θησαυρού, τ. 26, Αθήνα (1961), 3-66. 38 Никола МИНОВ, Битка за жртвите да констатираме дека никој во 1903 година не посветил толкаво внимание на Востанието, како што тоа го правел грчкиот печат. Илинденското востание и, пред сè, настаните во Крушево, биле ударна вест во сите грчки весници, на чии насловни страници преовладувале известувања за „уништувањето на грчкото маало во Крушево“.33 Со оглед на тоа што во Крушево доминирало патријаршиското население, кое, без разлика дали било македонско, влашко или албанско, во Атина било сметано за грчко, разбирлив е интересот на грчката влада и медиумите за случувањата во овој град. Освен што Грција требала да покаже дека се грижи за „Грците“ во Македонија, требало да се остави впечаток дека невиното „грчко население“ било прогонувано и убивано, како од „бугарските комитаџии“, така и од Османлиите. Најпосле, прикажувањето на Крушево како грчко гратче ја оправдувало северната линија на грчките територијални претензии во османлиска Македонија.34 Во душегрижништвото предничел лично грчкиот премиер, Ралис, чија изјава за настаните во Крушево била пренесена од сите печатени медиуми: „По заземањето на градот, бугарските орди со динамит ги дигнале во воздух грчката црква и училиште и изгореле 222 куќи“. Притоа, „голем дел од Грците биле заклани, а останатите биле лишени од насушниот леб“.35 Најтемелно за настаните известува весникот „Ακρόπολις“, чиј специјален дописник од Битола испратил детален извештај за уништувањето на Крушево. Со оглед на тоа што извештајот е обемен и зазема две страници од весникот, во прилог го даваме во скратена верзија: „Од дописникот на ‘Акрополис’ во Битола“36 Битола, 4 август Стигнав во Битола. Се наоѓам сред огромен воен камп. Низ улиците мравјалник војска, насекаде силни воени патроли, а околу градот голем воен кордон. Десетилјадна војска. Од Крушево пристигнуваат страшни вести... Околу пладне, под силна стража, донесоа 111 крушевчани во синџири, заробени при заземањето на градот. Повеќето се Бугари, а малкумина се Грци. Вториве веднаш беа ослободени. Тие кажуваат дека целото грчко маало било уништено од турската војска при преземањето на градот... „Καταστροφή Ελληνικής συνοικίας εις το Κρούσεβο“, Το Ἁστυ, αρ.4879, 10.08. 1903, 1; „Η καταστροφή του Κρούσοβου“, Εμπρός, αρ. 2438, 8.08.1903, 3; и др. 34 Далибор Јовановски, „Ревизија на грчките територијални аспирации во османлиска Македонија“, Годишен зборник на Филозофскиот факултет/ Annuaire, кн. 68, Скопје (2010), 321, 324, 327. 35 „Σπουδαιόταται ανακοινώσεις του κ. Ράλλη προς τους επιτετραμμένους των Δυνάμεων“, Ακρόπολις, αρ. 7699, 8.08.1903, 3 36 „Ο απεσταλμένος της ‘Ακροπόλεως’ εις τα Βιτώλια“, Ακρόπολις, αρ. 7700, 9.08. 1903, 3-4. 33 ИСТОРИЈА / Journal of HISTORY, бр. 1, 2019 39 „Јас сум владика без митрополија, без црква и без седиште. Низ чадот и низ човечките и животински тела – убиени и изгорени – слушајќи го врисокот на жените, покрај назлобените војници, влеговме во градот. Изгорени се 366 грчки куќи, 202 дуќани, црквата и митрополијата“ – вели владиката... Битола, 5 август Автентични подробности за Крушево до неговото преземање од Турците; Пристигнаа востаниците. Десетици од нив одеа по грчките куќи и заканувачки бараа пари, оружје и храна. Ограбија и неколку куќи, но тоа беше инцидентно... Собраа околу 4000 лири данок... На 30 јули дојде Бахтијар паша со војска, артилерија, придружена од гниланскиот албански редифски баталјон и броен башибозук од околните турски села. Им предложи на востаниците да се предадат. Бидејќи не одговорија, започна бомбардирањето... По кратко спротивставување, востаниците заминаа од градот во непознат правец.... Со вистинска радост жителите го очекуваа пристигнувањето на аскерот. Но колку тажна и трагична заблуда беше тоа! Навлезената војска со гниланците и башибозуците од селата Алданци, Белушино и др., се оддаде на палежи, грабеж и убиства. Ги кршеа вратите на куќите и дуќаните, целосно ги ограбија и потоа ги запалија. Фатените мажи и жени ги тепаа и им изнудуваа пари, часовници и скапоцени нешта. Диво ги ловеа малите деца и ги заплашуваа нивните мајки дека ќе ги убијат ако не им дадат пари. Општ грабеж на сите грчки куќи и дуќани. Цели карвани стока се изнесуваа од башибозуците. Освен митрополитската црква, беа запалени целата чаршија и централното маало. Заробеништвото траеше два дена... До денес се констатирани 43 убиени и изгорени Грци, меѓу кои и доктор Баталис. Српските печатени медиуми: дневниот весник „Застава“ Српската општина во Крушево била помала од останатите општини. Српското училиште во градот едвај живуркало. Во Крушево не живееле Срби, а сепак извештаите во српските медиуми за време на Илинденското востание оставаат поинаков впечаток. Одгласот на Илинденското востание во српскиот печат е темелно обработен од македонските и од српските историчари.37 Одредени трудови го начнуваат и прашањето за цивилните жртви во Крушево, при што се пренесуваат весникарските написи дека најмногу настрадале „српското и цинцарското маало“.38 Идентично како медиумите во 37 Види во користена литература, делата на: Ѓ. Василевиќ, Б. Вранешевиќ, Б. Мокров, Б. Надовеза, И. Николиќ, Г. Попи, Н. Целаковски и К. Џамбазовски. 38 Илија Николиќ, „Белградскиот дневен весник ‘Велика Србија’ за Илинденското востание“, Илинденскиот период во Југозападна Македонија, ред. Симон Дракул (Струга: Друштво за наука и уметност „Браќа Миладиновци“, 1998), 341. 40 Никола МИНОВ, Битка за жртвите Кралството Србија, известуваат и српските дневни весници во АвстроУнгарија. Во прилог го даваме известувањето на „Застава“ од Нови Сад – весник на српската радикална партија во Двојната Монархија. „Крвав пир во Ст. Србија и Македонија“39 Востанието во Стара Србија и Македонија, сè посилно се шири и зазема уште поголем простор. Оттаму ни стигнуваат сè пострашни и поужасни вести, дека турската војска, со своите башибозуци, минувајќи низ српските и христијанските села и гратчиња, врши ужасни злосторства: ограбува, пали, пустоши и ги разорува имотите; врши нечуени ѕверски насилства, нарушувајќи ја светоста на домовите; го убива и го истребува српското и христијанското племе, притоа не поштедувајќи ги ни жените и децата. Сега таму се случуваат ужасни сцени. За најновите страшни настани, од Крушево го добивме овој извештај: На полноќ на 20 јули, во гратчето Крушево најпрво влегоа три востанички чети, а следниот ден уште 6 чети, под водство на војводата Ѓурчин. Востаниците ја истераа 50-члената турска чета, која не даваше никаков отпор, туку се сокри со бегство, и веднаш одредија нова градска управа, со цел одржување на редот, и го организираа гратчето за одбрана. На 30 јули пристигнаа седум баталјони турска војска со артилерија, под команда на Бахтијар паша, и истиот ден го нападнаа Крушево. После силна борба, востаниците мораа да заминат од гратчето и да се повлечат. По 3 часот попладне, Бахтијар паша влезе со војска во Крушево од една страна, а башибозуците со војници од Дебар (850 луѓе), под команда на Хасан беј, влегоа од другата страна на градот и веднаш започнаа грабеж и „зулуми“. Оттогаш настана ужас. Во текот на целата ноќ, огнот уништуваше куќа по куќа, дуќан по дуќан. Следниот ден, на 31 јули утрото, Бахтијар паша ги повика сите гркомани да излезат од своите куќи и кога куќите беа испразнети, започна главното пљачкосување. Турците земаа сè што можеше да се понесе од куќите и од дуќаните. Грабежот и убивањето беа главната работа на турската војска. За време на овој огромен грабеж се случија ужасни сцени. Ѓаконот на тамошната црква, в раце го носеше своето дете и бегаше за да го спаси, кога го пресретна група војници, која го запре и го ограби, па го пушти. Малку понатаму, несреќниот ѓакон го пресретна друга група војници, која му побара пари, а кога овој немаше да им даде, го убија. Кај една жена, додека ја претресуваа, војниците пронајдоа пари во пазувите; од тој миг ниту една жена не беше пуштена сè додека не ѝ беше пресечена горната облека барајќи пари, па така голи ги пуштаа. Обесчестувањето на жени и девојки се случуваше насекаде, а родителите, браќата, синовите и мажите гинеа бранејќи ја нивната чест. Тур„Крвави пир у Ст. Србији и Маћедонији“, Застава, год. XXXVIII, бр. 182, 19.08. 1903, 1. 39 ИСТОРИЈА / Journal of HISTORY, бр. 1, 2019 41 ските војници кај себе држеа една жена цели два дена; друга еве до 4 овој месец уште не се вратила. За овие неполни два дена во Крушево турската војска запали и изгоре 366 куќи, 203 дуќани и уби 44 Срби и христијани... Бугарските печатени медиуми: тродневникот „Миръ“ Бугарските медиуми се соочиле со извесен хендикеп при известувањето за теророт во Крушево. Од една страна, при бомбардирањето настрадало само патријаршиското маало, додека маалото во кое што живееле егзархистите, кои поради својата црковна припадност биле сметани за Бугари, останало недопрено од војската и од башибозукот. Оттука, било тешко да се тврди дека при бомбардирањето на Крушево настрадале „Бугарите“. Од друга страна, со оглед на тоа што и востаниците биле егзархисти, бугарскиот печат не можел да обвинува, како што тоа го правеле медиумите од другите балкански земји, дека револуционерите убивале цивилно население. Сето ова се одразило врз начинот на кој што весниците во Кнежевството Бугарија известувале за настаните во Крушево. Во бугарскиот печат не превладуваат тезите дека османлиските трупи убивале невино бугарско население. Темата за народноста на цивилните жртви во Крушево најчесто се избегнува, или пак жртвите се претставуваат како христијани.40 Понекогаш, како што е случај во неделникот „Пловдивска поща“, кој известува дека во Крушево биле заклани „30 души Бугари, Грци и Власи“,41 бугарските жртви се рамноправно вклучени во општата бројка на цивилни жртви. Меѓутоа, ако одредени странски весници напишеле дека меѓу цивилните жртви во Крушево преовладувале „Бугарите“, тогаш и бугарските весници брзале да ги пренесат ваквите вести. Уште подобро доколку странскиот дневник бил реномиран весник, каков што бил случајот со долниот пример, кога тродневникот „Миръ“, орган на бугарската Народна партија, интегрално ги пренесува извештаите на лондонски “The Times” за настаните во Крушево: „За македонското прашање“42 Битола, 20 август Кога бугарските чети влегоа во Крушево, го окупираа грчкото маало и го поставија своето знаме врз една грчка куќа. На 12 август (нов стил), кога „Дневни новини“, Миръ, г. IX, бр. 1302, 9.08.1903, 1; „Новини изъ Турция“, Автономна Македония, г. I, бр. 8, 23.08.1903, 3. 41 „Кървава хроника – Народоубийци, тържествувайте!“, Пловдивска поща, г. I, бр. 8, 17.08.1903, 3. 42 „Дневни новини. По македонския въпросъ“, Миръ, г. IX, бр. 1304, 14.08.1903, 1-2. 40 42 Никола МИНОВ, Битка за жртвите пристигнаа турските трупи, сите комитаџии веќе го напуштија градот, со исклучок на 400 локални. Иако ниту еден куршум не беше испукан од градот, Турците започнаа да го бомбардираат местото и продолжија да го прават истото во текот на 12 и 13 (август). Нивните гранати уништија 360 куќи и 215 дуќани. Сите големи грчки и влашки куќи, како и грчката црква и училиште беа уништени, додека бугарското маало се спаси. На 14 (август) Турците влегоа во градот и ги ограбија куќите, изнасилија многу жени, многумина беа разголени, а 300 локални Бугари и 60 невини Грци и Власи беа убиени. Околу 8000 души се сега бездомници и умираат од глад. Материјалната штета достигнува неколку милиони франци. Вчера Турците масакрираа 200 Бугари што се предадоа во село близу Битола. Романските печатени медиуми: неделникот „Românul de la Pind“ Романската држава започнала да финансира свое училиште во Крушево во 1876 година. Со оглед на тоа што во Крушево живеела една од најбројните влашки заедници на Балканот, а според романските политички лидери Власите биле Романци, разбирлив е и романскиот интерес за напредокот на сопствената просветно-религиозна пропаганда во овој град. И покрај вложените финансии во напредокот на романските училишта во Крушево, успехот на романската пропаганда во планинското гратче не соодветствувал со потрошените средства. Повеќето крушевски Власи и понатаму биле членови на грчката општина во градот. Оваа реалност ја потврдува и најтиражниот романски весник „Adevĕrul“, каде што, во екот на Илинденското востание, се констатира дека, од околу 2100 семејства во Крушево, повеќе од половината (1200 семејства) биле грчки (патријаршиски), а само 160 семејства биле романски.43 Меѓутоа, кога станува збор за цивилните жртви во Крушево за време на Востанието, истиот весник, во истиот број, дава многу поинаков сооднос. Така, додека според авторот на статијата соодносот на „грчки“ и „романски“ жители во градот бил 12,5:1, соодносот на цивилните жртви во востанието бил значително помал – 1,6:1 (43:27). Поголем дел од романските весници се многу порадикални по ова прашање и целосно ги премолчуваат жртвите на „оној другиот“, присвојувајќи ги мнозинството цивилни жртви за себе. Весникот „Ţara“ ги известува своите читатели дека „меѓу загинатите најмногу имаше Романци, кои стануваат жртви на битка со која што немаат ништо за43 „Grozaviile de la Cruşova”, Adevĕrul, an. XVI, no. 5047, 18.08.1903, 1. ИСТОРИЈА / Journal of HISTORY, бр. 1, 2019 43 едничко“.44 Исто известува и букурешкиот неделник „Românul de la Pind”, чија што сторија за цивилните жртви ја пренесуваме парцијално. Поради тоа што бил уредуван од македонски Власи, меѓу кои имало и крушевчани, неделникот важел за најинформиран во поглед на ситуацијата во Македонија, а податоците што ги пренесувал биле нашироко споделувани од останатите романски медиуми: „Окупација на градот Крушево од страна на револуционерите“45 Во претходните две писма ви претставив неколку детаљи за заземањето на романскиот град Крушево од страна на револуционерните чети. Денес оттаму пристигна еден човек, кој се спаси со вистинско чудо и кој ми донесе многу интересни вести за тоа што се случуваше во Крушево... ...По повлекувањето на бунтовниците, војската напредуваше до самиот град, каде што запре, а потоа почна бомбардирањето, иако јасно се гледаше дека бунтовниците се повлекоа кон планината. Бомбардирањето е вршено од две страни, едната од Мала Корија, а другата од Охтул Арбинеши. Бомбардирањето беше претежно насочено кон романското маало, така што тоа имаше и најмногу загуби. Тогаш започна ужасен колеж. Секој што беше пронајден на улица или по куќите кај што проаѓаа војниците, беше убиен или ограбен, низ сите улици течеше крв, а на сите страни се гледаа само мртви тела. Жени, деца и старци се убиени без никаква милост. Сите куќи и сите дуќани беа опустошени и ограбени. Од оние што останаа живи, еден дел, и тоа оние посилните, беа испоубиени сред град, а останатите беа испратени во Битола. Градот денес изгледа ужасно“. Чија вистина е вистинита? Нoќта на 5 март 1770 година, на Кинг Стрит во Бостон, капетанот Томас Престон и група од седум британски војници биле опколени од околу 300 разбеснети граѓани. Причината била речиси банална – по една безопасна расправија и размена на навреди, војникот Хју Вајт го удрил младиот Едвард Герик. Капетанот ги повикал бостонци да се повлечат и ветил дека нема да даде наредба за стрелба. Толпата одговорила со плукање и рафал снежни топки и ѓубре фрлени кон британските војници. Еден од фрлените објекти го погодил војникот Монтгомери, кој, разлутен, без да биде издадена наредба, испукал неколку куршуми кон толпата. По кратка пауза, повторно без да им биде наредено од офицерот, и другите војници почнале да пукаат кон масата цивили. Единаесетмина биле погодени, од кои четворица починале. 44 45 „Revoluţia în Macedonia“, Ţara, an. I, no. 172, 9.08.1903, 3. „Ocuparea oraşului Cruşova“, Românul de la Pind, an. I, no. 23, 11.08.1903, 3. 44 Никола МИНОВ, Битка за жртвите Во следните денови и недели битката се пренела на страниците на бостонските весници. Меѓу бројните верзии и депикции на настанот, најголем впечаток оставила графиката на Х. Пелхам и П. Ревер, преку која сите што не биле присутни за време на инцидентот на Кинг Стрит, можеле да видат што се случило во кобната ноќ: на десната страна од графиката, офицерот Престон ги построил своите војници и им дава наредба да пукаат во невооружените цивили. Војниците пукаат. На левата страна – беспомошните цивили немаат каде да побегнат. Мртви тела во првите редови, а останатите чекаат да бидат убиени. Не е поштеден никој, освен малото црно куче во центарот на сликата.46 Инцидентот од Кинг Стрит е познат како „Бостонскиот масакр“ и сè уште е неизбежен дел од сите студии за причините за Американската војна за независност, а графиката на Пелхам и Ревер се смета за класичен пример на (зло)употреба на цивилните жртви во пропагандни цели. Балканските медиуми добро ја разбрале моќта на цивилните жртви како пропагандна алатка. Победата во битка предизвикува чувство на гордост и го зголемува моралот. Колку е помала бројката на сопствените воени загуби и колку е поголем бројот на убиени непријателски војници, толку е поголема победата. Но убиството на цивили е различно. Колку е поголем бројот на убиени невооружени цивили, толку се засилува гневот и повикот за одмазда станува погласен. Токму во тој правец треба да го побараме објаснувањето за начинот на кој што балканските новинари известувале за убиствата на крушевските цивили за време на Илинденското востание. Во време кога Османлиската Империја била на издишување, а Македонија била најпосакуваниот плен за соседите, било нужно пред својата и пред светската јавност да се прикаже доминацијата на „сопственото“ население во македонските вилаети. Во текот на Востанието, целото меѓународно внимание било насочено кон османлиска Македонија. Крушево, како центар на случувањата, станало главна медиумска вест. Всушност, во тие мигови, малото Крушево е синоним за Македонија, а претставата дека одредена народност доминирала во Крушево, дискретно наведува на помислата дека истата народност доминирала во Македонија. Секако, таму живеат и „оние другите“, но тие се непријателско малцинство. Беспомошното мнозинство, кое е безмилосно убивано од Османлиите и од „оној другиот“, има иста народност со читателот на весникарските стории. 46 Robert J. Allison, The Boston Massacre (Beverly: Commonwealth editions, 2006), 11-16, 27-28. ИСТОРИЈА / Journal of HISTORY, бр. 1, 2019 45 Ефектот бил постигнат. Сите, со својата верзија на вистината, започнале да повикуваат на одмазда и одбрана на „своите“ во османлиска Македонија. А кои и чии всушност биле крушевските цивилни жртви и дали нивната трагична судбина била одредена од нивната етничка припадност? Невозможно е сите четири верзии на настанот да биле вистинити, но која е тогаш точната верзија и дали е и таа „вистина“ вистинита? Одговорот на ова прашање го даваат дипломатските извештаи на балканските и европските конзули. Освен четирите балкански вистини, постоела и петта вистина, која им била добро позната на дипломатските претставници во османлиска Македонија, а сепак била премолчена од медиумите. За разлика од „новинарите-форензичари“, кои, при „сецирањето“, ја откриле етничката припадност на жртвите, но не и причината за нивната смрт, трезвените дипломати пристапиле многу попрофесионално кон проблемот. Така, во обид да најде објаснување зошто, ако востаниците биле егзархисти, војската и башибозуците ги ограбиле и убивале само патријаршистите, австроунгарскиот конзул во Битола, Аугуст Крал, констатира дека егзархистите биле сиромашни и кај нив немало што да се ограби, па затоа напаѓачите „фрлиле око само на побогатите“.47 Исто размислувал и бугарскиот трговски агент во Скопје, Недков.48 Српскиот конзул во Битола, Михајло Ристиќ, истакнува неколку теории за настанот: „Паѓа в очи... дека бугарашкиот крај во Крушево останал незасегнат од војската и дека сета штета ја претрпеле Цинцарите-гркомани. Оваа чудна работа се толкува на два начини засега. Едни зборуваат дека востаниците при повлекувањето нашле начин да му ги дотурат сите 1200 лири на Бахтијар паша, собрани порано од „комисијата“, само да не го закачува бугарашкиот крај и дека заради тоа војската не го ни буричнала. Во ова апсолутно не верувам. Други – и ова е поверојатно – дека војската не напаѓала таму заради тоа што е тој крај каде живее сиромаштијата, та немало што да се граба и пљачкосува.“49 Судбината на настраданите крушевски цивили била одредена од нивната материјална состојба, а не од етничката припадност. За жал, никој не сакал да ја чуе оваа верзија на вистината. Илинденското востание го актуализирало македонското прашање и ја ангажирало Извештаи од 1903 година-1904 година, 80. Величко Георгиев и Стайко Трифонов, Македония и Тракия в борба за свобода (краят на XIX и началото на XX век), Нови документи (София: Македонски научен институт, 1995), 209. 49 Лапе, „Нови документи“, 42. 47 48 46 Никола МИНОВ, Битка за жртвите меѓународната дипломатија. Во пресрет на очекуваните европски реформи за Македонија, балканските милитантни кругови станувале сè погласни, а балканските држави подготвено го чекале моментот за вооружен настап на теренот што со децении бил подготвуван од нивните црковно-просветни пропаганди. Мирцштегските реформи од есента 1903 година, и особено третата точка од реформската програма, која предвидувала промена во територијалното разграничување на административните единици во османлиска Македонија заради посоодветно групирање на националностите, довеле до промена во дејствувањето на балканските пропаганди, кои започнале да организираат и да испраќаат чети во македонските вилаети. Во шареноликиот состав на четите и паравоените формации, освен искусните офицери и разно-разните декласирани елементи, влегле и голем број искрени патриоти, кои, поведени од „вистината“ што ја прочитале во печатените медиуми, тргнале во одбрана на своите „сонародници“ во Македонија. Заклучок Илинденското востание е една од најобработуваните теми во македонската и во бугарската историографија. На причините, текот и последиците од востанието им се посветени: стотици монографии и научни статии, книги-спомени, зборници, прилози, па дури и академски кариери. Во многубројните трудови посветени на Илинден, востанието се обработува од најразлични аспекти, но дали тоа значи дека темата е исцрпена, или, пак, дека е даден конечен одговор на сите поставени прашања? Секако, во една толку експлоатирана тема, не можеме да очекуваме нови, револуционерни откритија, кои од темел ќе ги изместат досегашните достигнувања на историската наука. Можеби токму на тоа се должи и, погоре констатираниот, сè помал интерес за научно истражување и толкување на Илинденското востание. Меѓутоа, развојот на технологијата и дигиталните архиви нудат пристап кон извори и литература, кои воопшто не биле достапни за претходните генерации историчари, и можност за потемелни истражувања, анализи, толкувања и преиспитувања на поставените тези. Преку овој прилог, покажуваме со конкретен пример како поголемата достапност на изворите би можела да се искористи за отворање нови илинденски теми и збогатување на научниот опус за Илинденското востание. ИСТОРИЈА / Journal of HISTORY, бр. 1, 2019 47 Литература: Објавени документи: Английският печат за Илинденско-Преображенското въстание 1903 г., съст. Златина Николова (София: Македонски научен институт, 1998). Британски документи за историјата на Македонија, т. 6, ред. Александар Трајановски (Скопје: Државен архив на Република Македонија, 2012). Георгиев Величко и Трифонов Стайко, Македония и Тракия в борба за свобода (краят на XIX и началото на XX век), Нови документи (София: Македонски научен институт, 1995). Извештаи од 1903 година-1904 година на австриските претставници во Македонија, ред. Данчо Зографски (Скопје: Институт за национална историја, 1955). Извештаи од 1903 година на српските консули, митрополити и училишни инспектори во Македонија, ред. Љубен Лапе (Скопје: Институт за национална историја, 1954). Илинден во француски дипломатски документи, ред. Глигор Тодоровски (Скопје: Архив на Македонија, 1993). Лапе Љубен, „Неколку нови документи за 1903 година (по повод 50-годишнината од Илинденското востание“, Годишен зборник/Annuaire, кн. 6, Филозофски факултет на Универзитетот – Скопје, Историско-филолошки оддел, Скопје (1953), 236-302. Лапе Љубен, „Нови документи за Илинденското востание“, Илинденски зборник 1903-1953, гл. ред. Љубен Лапе (Скопје: Институт за национална историја, 1953), 3-151. Македонија меѓу автономијата и дележот, Зборник руска дипломатска документација 1894-1913, том. 2, 1903, ред. Симон Дракул (Куманово: Просвета, 1997). Македонофилското движење во Западна Европа во 1903 година: документи, ред. акад. Манол Пандевски (Скопје: Архив на Македонија и Матица Македонска, 1995). Странскиот печат и Илинденското востание: материјали, ред. Христо Г. Андоновски и др. (Скопје: Здружение на новинарите на Н.Р. Македонија, 1953). Τα γεγονότα του 1903 στη Μακεδονία μέσα από την ευρωπαϊκή διπλωματική αλληλογραφία, επιμ. Βασίλειος Γούναρης (Θεσσαλονίκι: Μουσείο Μακεδονικού Αγώνα, 1993). Турски документи за Илинденското востание, ред. Александар Стојановски (Скопје: Архив на Македонија, 1993). Турски документи за Илинденското востание од султанскиот фонд „Јилд’з“, ред. Драги Ѓорѓиев (Скопје: Архив на Македонија, 1997). 48 Никола МИНОВ, Битка за жртвите Монографии и статии: Абаџиев Ѓорѓи, „Библиографија на книги, статии и документи за Илинденското востание“, Илинденски зборник 1903-1953, гл. ред. Љубен Лапе (Скопје: Институт за национална историја, 1953), 298-335. Allison J. Robert, The Boston Massacre (Beverly: Commonwealth editions, 2006). Андонов-Полјански Христо, Илинденското востание и меѓународната јавност (Скопје: Мисла, 1985). Андонов-Полјански Христо, Одбрани дела, Том петти (Скопје: Мисла, 1980). Андоновски Г. Христо, „Ехото на Илинденското востание сред југословенските народи“, Илинденски зборник 1903-1953, гл. ред. Љубен Лапе (Скопје: Институт за национална историја, 1953), 221-254. Andonovski G. Hristo, “Odjek Ilindenskog ustanka u Sloveniji”, Nastava istorije u srednjoj školi, I/2, Zagreb (1951), 126-133. Арато Ендре, „Унгарското граѓанско јавно мнение и Илинденското востание“, Зб. Илинден 1903, ред. Михаило Апостолски и др. (Скопје: ИНИ, 1970), 473492. Бастаиќ Константин, „Некои одгласи на Илинденското востание 1903 во тогашната јавност на Хрватска“, Зб. Илинден 1903, ред. Михаило Апостолски и др. (Скопје: ИНИ, 1970), 391-408. Богојевиќ Невенка, „Црногорскиот печат (‘Глас Црногораца’) за Илинденското востание и за ситуацијата во Македонија во 1903 година“, Прилози за Илинден II 1978 (Крушево: Совет „Десет дена Крушевска република“, 1979), 751-756. Борјар Тодор, Спомени (Скопје: Unia ti culturã-a Armãnjlor dit Machidunii, 2013). Ванку Милан, „Илинден во романските средства за информирање“, Прилози за Илинден III 1979, (Скопје: Совет „Десет дена Крушевска република“, 1983), 571-574. Василевиќ Ѓорѓе, „Одгласот на Илинденското востание во српскиот работнички печат во 1903 година“, Прилози за Илинден II 1978 (Крушево: Совет „Десет дена Крушевска република“, 1979), 727-735. Василевски Живко, „Нов прилог за одзивот на Илинденското востание во странскиот печат – вестите од аргентинскиот весник ‘La Prensa’ –“, Прилози за Илинден V 1983, (Битола-Крушево: МАНУ-Научно-културни средби „Десет дена Крушевска република“, 1983), 295-304. Велики Константин, „Илинденско-Преображенското въстание в румънския печат“, сб. Осемдесет години Илинденско-Преображенско въстание, ред. Христо Христов et al. (София: БАН, 1988), 332-335. Величков Йордан и Вапцаров Никола, „Американският печат за ИлинденскоПреображенското въстание“, сб. Осемдесет години Илинденско-Преображенско въстание, ред. Христо Христов et al. (София: БАН, 1988), 385-394. ИСТОРИЈА / Journal of HISTORY, бр. 1, 2019 49 Βογαζλής Δ.Κ., „То Ήλίν-ντεν Ή η βουλγαρομακεδονικη επανάστασις του 1903 στη Μακεδονία και Θράκη“, Αρχείον του θρακικού λαογραφικού και γλωσσικού θησαυρού, τ. 26, Αθήνα (1961), 3-66. Вранешевиќ Бранислав, „Одгласот на Илинден во Војводина“, Зб. Илинден 1903, ред. Михаило Апостолски и др. (Скопје: ИНИ, 1970), 429-441. Германов Стоян, „Европейският печат за въстаническите действия в Серски революционен окръг“, Македонски преглед, год. XXVI, кн.3 (София, 2003), 29-34. Гешева Йорданка, „Руският печат и българското националноосвободително движение през 1903 г.“, сб. Осемдесет години Илинденско-Преображенско въстание, ред. Христо Христов et al. (София: БАН, 1988), 316-324. Гилигян Агоп, „Отзвукът от Илинденско-Преображенското въстание по страниците на арменския периодичен печат в България и Швейцария“, Македонски преглед, год. XXVII, кн.1 (София, 2004), 91-98. Gjorgjiev Vancho, “Bulgaria, for or against the Ilinden Uprising”, Гласник на Институтот за национална историја, год. 51, бр. 1-2, Скопје (2015), 93-101. Guida Francesco, “L’insurrezione Macedone del 2 agosto 1903 nella stampa Italiana dell’epoca”, сб. Илинденско-Преображенско въстание от 1903 година, ред. Христо Христов et al. (София: БАН, 1983), 126-140. Динев Ангел, „Военният потенциал на бунтовническата армия в ИлинденскоПреображенското въстание“, Известия на старозагорския исторически музей, т.5, Стара Загора (2015), 130-142. Донски Александар, „Илинденското востание во дел од јапонскиот печат“, 100 години Илинден: 1903-2003, Прилози од научниот собир одржан на 6-8 мај 2003, том 2 (Скопје: МАНУ, 2005), 353-365. Δραγούμης Ίων, Τα Τετράδια του Ίλιντεν, επιμ. Γιώργος Πετσίβας (Αθήνα: Πετςίβας, 2000). Ѓорѓиев Ванчо, „Битка за гробишта–бизарноста на пропагандите во Македонија“, Годишен зборник/Annuaire, кн. 64, Скопје (2011), 177-192. Ѓорѓиев Ванчо, „Илинденското востание (1903)“, Востанијата во Македонија, ред. Ратко Дуев (Скопје: УКИМ-Филозофски факултет-Скопје, 2015), 219-244. Илинден-1903: литературен зборник, ред. Димитар Митрев (Скопје: Култура, 1948). Илчев Иван, Родината ми – права или не! Външнополитическа пропаганда на балканските страни 1821-1923 (София: Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, 1995). Историја на Крушево и Крушевско, книга прва, ред. Крсте Битоски (Крушево: Собрание на општината и општински одбор на сојузот на борците од НОВ – Крушево, 1978). Јанковици Сава, „Одгласи на Илинденското востание во Романија“, Зб. Илинден 1903, ред. Михаило Апостолски и др. (Скопје: ИНИ, 1970), 493-510. Јовановски Далибор, „Грчки реакции за Илинденското востание“, Годишен зборник на Филозофскиот факултет/Annuaire, кн. 65, Скопје (2012), 69-84. 50 Никола МИНОВ, Битка за жртвите Јовановски Далибор, „Ревизија на грчките територијални аспирации во османлиска Македонија“, Годишен зборник на Филозофскиот факултет, кн. 68, Скопје (2010), 319-332. Кайчев Наум, Македонийо възжелана, Армията, училището и градежът на нацията в Сърбия и България 1878-1912 (София: Парадигма, 2003). Калембока Славомир, „Польская печать о событиях 1903 г. на Балканах“, сб. Осемдесет години Илинденско-Преображенско въстание, ред. Христо Христов et al. (София: БАН, 1988), 336-340. Кастелјан Габриел, „Македонското востание од 1903 година според информациите на францускиот провинциски весник L’Avenir de la Vienne“, Зб. Илинден 1903, ред. Михаило Апостолски и др. (Скопје: ИНИ, 1970), 555-572. Кировъ-Майски Никола, Крушово и борбитѣ му за свобода (София: Стопанско развитие, 1935). Колевски Пандо, „Одгласот на македонското револуционерно движење и Илинденското востание во чешкиот печат од 1900 до 1903 година“, Зб. Илинден 1903, ред. Михаило Апостолски и др. (Скопје: ИНИ, 1970), 543-554. Костова Виолета, „Белгийският вестник ‘La Réforme’ за Илинденско-Преображенското въстание от 1903 г.“, 110 години от Илинденско-Преображенското въстание и българската национална идея от Сан-Стефано до Букурещ (1878-1913): сборник доклади от международна научна конференция, София - Благоевград, 2-4 октомври 2013 г., гл. ред. Трендафил Митев (София: Институт за ист. иследвания – БАН, 2014), 97-103. Kostopoulos Tasos, “Revolutionary and counterrevolutionary violence in late Ottoman Macedonia (1897-1912): Political goals, technical patterns, and nationalized memories”, Balkan nationalism(s) and the Ottoman Empire, vol II: Political violence and the Balkan wars ed. Dimitris Stamatopoulos (Istanbul: Isis press, 2015), 23-45. Кьосев Г. Дино, Илинденско въстание (София: Отечествен фронт, 1953). Лакиќ Зоран, „Црногорскиот печат за Илинденското востание“, Зб. Илинден 1903, ред. Михаило Апостолски и др. (Скопје: ИНИ, 1970), 443-450. Македония и Одринско (1893-1903), Мемоаръ на Вѫтрѣшната Организация (s.l, 1904). Маринов Чавдар, „От ‘интернационализъм’ към национализъм. Комунистическият режим, македонският въпрос и политиката към етническите и религиозните общности“, История на Народна Република България, Режимът и обществото, ред. Ивайло Знеполски (София: Сиела, 2009), 486-491. Милошевски Борче и Љоровски Вамваковски Димитар, „‘Подзаборавен Илинден’: ослободувањето на Клисура и Невеска во современата настава по историја“, Историја, год. LIII, бр. 1, Скопје (2018), 181-193. Миљковиќ Ѓорѓе, „Романскиот весник ‘Вистина’ за настаните во Битолскиот вилает во времето на Илинденското востание“, Прилози за Илинден II 1978 (Крушево: Совет „Десет дена Крушевска република“, 1979), 667-687. ИСТОРИЈА / Journal of HISTORY, бр. 1, 2019 51 Миљовски Борис, Илинден и Уругвај: одзиви од Илинденското востание: што и како известувала француската агенција Авас и како дневниот весник „Ел Дија“ ги информирал своите читатели во Уругвај (Скопје: Современост, 1992). Минов Никола, „Гимназиите во османлиска Македонија“, 70 години Институт за историја – 70 години македонска историографија, ред. Ванчо Ѓорѓиев и др. (Скопје: УКИМ/ФЗФ, 2017), 305-345. Минов Никола, „Зошто и како беа интернирани крушевските Власи за време на Првата светска војна“, 100 години од прогласувањето на влашкиот принципат Пинд и 100 години од интернирањето на Власите, ред. Јана Михаилова и Марија Николова (Скопје: Integra Nau, 2017), 127-142. Минов Никола, „Хипокритски кон Хипократ“, Годишен зборник/Annuaire, кн. 69, Скопје (2016), 155-171. Мокров Боро, „Печатот на југословенските народи за Илинденското востание“, Прилози за Илинден II 1978 (Крушево: Совет „Десет дена Крушевска република“, 1979), 635-645. Μπαλλάς Νικόλαος, Ιστορία του Κρουσιβου (Θεσσαλονίκη: Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών, 1962). Надовеза Бранко, „Српската јавност и Илинденското востание“, Прилози за Илинден 9, (Крушево: Научно-културни средби „Десет дена Крушевска република“, 2003), 109-115. Николиќ Илија, „Белградскиот дневен весник ‘Велика Србија’ за Илинденското востание“, Илинденскиот период во Југозападна Македонија, ред. Симон Дракул (Струга: Друштво за наука и уметност „Браќа Миладиновци“, 1998), 339-343. Николова Златина, „Английският печат и Илинденско-Преображенско въстание “, сб. Осемдесет години Илинденско-Преображенско въстание, ред. Христо Христов et al. (София: БАН, 1988), 377-384. Обад Стјепо, „Одгласот на Илинденското востание во далматинскиот печат“, Историја, год. XX, бр. 2, Скопје (1984), 239-244. Оманова Румяна, „Българският печат за Илинденско-Преображенското въстание“, сб. Осемдесет години Илинденско-Преображенско въстание, ред. Христо Христов et al. (София: БАН, 1988), 308-315. Ошлис Волф, „Илинденското востание, балканската положба и германските списанија од 1903-та година“, XXX Меѓународна научна конференција и XXXVI меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура (Скопје, 2004), 39-44. Пандевски Д. Манол, Илинденското востание во Македонија 1903 (Скопје: Институт за национална историја, 1978). Пандевски Д. Манол, „Одгласот на Илинденското востание во Чешка и Словачка“, Историја, год. XIX, бр. 2, Скопје (1983), 83-93. Пандевски Манол, „Осврт на илинденските огласи во Франција во 1903 година“, Прилози за Илинден VII 1993 (Крушево: Научно-културни средби „Десет дена Крушевска република“, 1993), 111-115. 52 Никола МИНОВ, Битка за жртвите Панов Бранко, „Славјански век за Илинденското востание“, Зб. Илинден 1903, ред. Михаило Апостолски и др. (Скопје: ИНИ, 1970), 331-336. Пантев Андрей, „Отражението на Илинденско-Преображенското въстание във Великобритания“, сб. Илинденско-Преображенско въстание от 1903 година, ред. Христо Христов et al. (София: БАН, 1983), 163-169. Papa Sotir Sterie, “Arderea a Cruşovlei”, Calendarul aromânesc, Bucureşti (1911), 142-146. 50 години от Илинденското въстание: статии и спомени (София: Отечествен фронт, 1953). Попи Глигор, „Одгласот на Илинденското востание во Војводина, посебно во Банат“, Прилози за Илинден III 1979, (Скопје: Совет „Десет дена Крушевска република“, 1983), 677-693. Поплазаров Ристо, „Одгласот на Илинденското востание во Чешка“, Гласник на Институтот за национална историја, г. 17, бр. 2, Скопје (1973), 97-108. Попов Жеко, Томич Миле, Годороджа Щефън, „Румънският периодичен печат за Илинденско-Преображенското въстание през 1903 г.“ , Македонски преглед, год. XXIII, кн.3 (София, 2000), 75-94. Прајнесторфер Рудолф, „Илинденското востание во виенските дневни весници“, Зб. Илинден 1903, ред. Михаило Апостолски и др. (Скопје: ИНИ, 1970), 511-523. Пшчулковска-Симитчиева Јанина, „Крушевската република во полските списанија на окупираниот дел на Царска Русија“, Прилози за Илинден III 1979, (Скопје: Совет „Десет дена Крушевска република“, 1983), 513-524. Робовски Никифор, „Некои одгласи на Илинденското востание во тогашниот чешки печат“, Прилози за Илинден II 1978 (Крушево: Совет „Десет дена Крушевска република“, 1979), 689-694. Ruszko Józef, „Prasa polska wobec powstania Ilindenskiego i Kruszewskiej republiki“, Прилози за Илинден II 1978 (Крушево: Совет „Десет дена Крушевска република“, 1979), 581-589. Сидовски Кочо, „Италијанските политички и општествени кругови за Илинденското востание во 1903 година“, Годишен зборник/Annuaire, кн. 46, Скопје (1993), 129-138. Сидовски Кочо, „Одгласот на Илинденското востание во Италија во 1903 година“, Историја, год. XIX, бр. 2, Скопје (1983), 105-116. Симовски Тодор, „За учеството на малцинствата во Илинденското востание“, Илинденски зборник 1903-1953, гл. ред. Љубен Лапе (Скопје: Институт за национална историја, 1953), 189-220. Сотировски Никола, „Францускиот весник ‘Le Temps’ за Илинденското востание“, Зб. Илинден 1903, ред. Михаило Апостолски и др. (Скопје: ИНИ, 1970), 287-301. Стоичовски Благој, „Одгласот на Илинденското востание во дел од британскиот печат“, Прилози за Илинден II 1978 (Крушево: Совет „Десет дена Крушевска република“, 1979), 737-749. ИСТОРИЈА / Journal of HISTORY, бр. 1, 2019 53 Σφέτας Σπυρίδων „Η πορεία προς το Ίλιντεν, ο αντίκτυπος της εξέγερσης του Ίλιντεν στην Ελλάδα και οι απαρχές της ένοπλης φάσης του Μακεδονικού Αγώνα“, Μακεδονικός Αγών. Εκατό χρόνια από τον θάνατο του Παύλου Μελά (Θεσσαλονίκι: Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών, 2006), 69-86. Тодоровски Гане, „Георг Брандес за Македонија/дански одгласи за македонската борба од времето на Илинден 1903 година/“, Прилози за Илинден III 1979 (Скопје: Совет „Десет дена Крушевска република“, 1983), 509-512. Тодоров Тодор, „Илинденско-Преображенското въстание на страниците на в-к ‘Просвета’ – Карлово“, Годишник на Историческия музей – Пловдив, т. 2 (Пловдив, 2004), 83-87. Топузовски Кочо, Ветераните на Илинден (Скопје: Панили, 2017). Треневски Мартин, Одгласите на Илинденското востание во 1903 година во австралискиот печат (Скопје: Матица Македонска, 1998). Христова Елена, „Австро-унгарският печат и въстанието“, сб. Осемдесет години Илинденско-Преображенско въстание, ред. Христо Христов et al. (София: БАН, 1988), 372-376. Целаковски Никола, „Одгласот на Илинденското востание во Охридскиот револуционерен реон во весникот ‘Београдске новине’“, Лихнид – Годишен зборник на народниот музеј во Охрид, бр. 6, Охрид (1998), 201-222. Џамбазовски Климент, „Српската јавност за Илинден 1903 година“, Прилози за Илинден V 1983, (Битола-Крушево: МАНУ-Научно-културни средби „Десет дена Крушевска република“, 1983), 213-222. Шванке Роберт, „Одгласот од Илинденското востание во австрискиот печат“, Зб. Илинден 1903, ред. Михаило Апостолски и др. (Скопје: ИНИ, 1970), 525-530. Шопов Йордан, „Руският печат за Илинденско-Преображенското въстание“, сб. Илинденско-Преображенско въстание от 1903 година, ред. Христо Христов et al. (София: БАН, 1983), 177-188. Весници: Автономна Македония (София) Adevĕrul (Bucureşti) Ακρόπολις (Αθήνα) Εμπρός (Αθήνα) Застава (Нови Сад) Миръ (София) Românul de la Pind (Bucureşti) Το Ἁστυ (Αθήνα) Ţara (Bucureşti)