Франк Вилчек
Франк Вилчек | |
---|---|
Роден(а) | Франк Антони Вилчек 15 мај 1951 Минеола, Њујорк, САД |
Националност | Американец |
Полиња | Физика Математика |
Установи | МИТ |
Образование | Чикашки универзитет (диплома), Принстонски универзитет (магистратура, докторат) |
Докторски ментор | Дејвид Грос |
Докторанди | Марк Алфорд (*) Мајкл Форбс Мартин Грајтер КристоФ Холзи Давис Кеслер Фин Ларсен Ричард Мекензи Џон Марч Расел (*) Четан Најак Маулик Перих Кришна Раџагопал Дејвид Робертсон Шон Робинсон Алфред Шапир Серкан Каби Стивен Вандзура (*): Заенички студент со Сидни Колман |
Познат по | Асимптотска слобода квантна хромодинамика квантна статистика |
Поважни награди | Сакурајева награда (1986) Дираков медал (1994) Лоренцов медал (2002) Лилиенфелдова награда (2003) Нобелова награда за физика (2004) Крал Фејсалова награда (2005) |
Сопружник | Бетси Девин |
Деца | Амити и Мира[1] |
Страница | |
frankwilczek.com |
Франк Вилчек (15 мај 1951) — американски теориски физичар, математичар и добитник на Нобеловата награда за физика.[2] Тој денес е Фешбахов професор по физика на МИТ.[3]
Професорот Вилчек, заедно со професорот Дејвид Грос и Дејвид Полицер, се наградени со Нобеловата награда за физика во 2004 година за нивното откритие на асимтотска слобода во теоријата на силното заемодејство.[4] Тој е член на научната надгледна комисија во Институтот за иднината на животот.[5]
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден во Минеола, Њујорк, од полско и италијанско потекло, Вилчек бил образуван во јавните училишта во Квинс, образувајќи се во Средното училиште Мартин ван Бурен. Во овој период Вилчековите родители согледале дека тој е исклучителен - делумно поради разултатот кој Вилчек го постигнал на IQ тестовите.[6]
Тој се стекнал со дипломата по математика на Чикашкиот универзитет во 1970 година, магистер по математика на Принстонскиот универзитет, 1972 година, и доктор по физика на Принстонскиот универзитет во 1974 година.[7] Вилчек го држи местото Фешбахов професор по физика при МИТ во центарот за теориска физика. Тој работел на Институтот за напредни студии на Принстон и Институтот за теориска физика при Калифорнискиот универзитет како и повремен професор предавач во NORDITA.
Тој бил награден со Лоренцов медал во 2002 година. Вилчек ја добил и Лилиенфилдовата награда од Американското друштво на физичри од 2003 година. Во истата година бил награден со комеморативниот медал „Факултет за математика и физка“ од Карловиот универзитет во Прага. Тој бил кодобитник на наградата за Високоенергетска физика во 2003 година доделена од Европското друштво на физичари. Вилчек исто така бил кодобитник и на Крал Фејсаловата меѓународна награда за наука.
Тој моментално работи во Друштвото за наука и јавност.
Вилчек се оженил со Бетси Девин на 3 јули 1973 година, и имаат две ќерки, Амита (академски декан на Дип Спрингс колеџ) и Мира.
Вилчек е агностик.[8]
Вилчек исто така се има појавено и во епизода на Пен и Телер: Срање!, каде Пен му се обраќа со зборовите „најпаметната личност која се појавила во нивната емисија.“
Истражување
[уреди | уреди извор]Во 1973 година Вилчек, дипломец кај професорот Дејвид Грос при Принстоновиот универзитет, со кого ја открива асимптотската слобода, која тврди дека “колку се поблизу кварковите еден до друг, толку е послабо силното заемодејство (или промена на боја) меѓу нив“ кога пак кварковите се во непосредна близина еден на друг, јадрената сила меѓу ним е толку слаба што тие се однесуваат како слободни честички. Теорија која, независно е откриена и од страна на Дејвид Полицер, и е важна за развојот на квантната хромодинамика.
Вилчек помогнал да се откријат и објаснат аксионите, анјоните, асимптотската слобода, обоената суперпроводливост фазите на кварковата материја, и другите подрачја на квантната теорија за полето. Работел на голем број на невообичаени теми како оние поврзани за физиката на кондензирана материја, астрофизиката, и честичната физика.
Во 2012 година тој предложил идеја за време-просторен кристал.[9]
Тековно истражување:
- „Чиста“ честична физика: поврзаност меѓу теориските идеи и набљудуваните појави;
- Однесувањето на материјата: фазна структура на кварковата материја при ултра високи температури и густини; обоена суперпроводливост;
- примена на физиката на елементарните честички во космологијата;
- примена на теоријата за полето и техниките поврзани со физиката на кондензирана материја;
- квантната теорија за црни дупки.
Во неговата книга „Леснотијата на постоењето“ од 2009 година (The Lightness of Being), тој тврди дека Хигсовиот бозон не го објаснува потеклото на масата.[10]
Објавени дела
[уреди | уреди извор]За обични читатели
[уреди | уреди извор]- 2014 (со Стивен Хокинг, Макс Тегмарк и Стујарт Расел). "Transcending Complacency on Superintelligent Machines". Huffington Post.
- 2008. Леснотијата на постоењето: маса, етер, и обединувањето на силите. Basic Books. ISBN 978-0-465-00321-1.
- 2007. La musica del vuoto. Roma: Di Renzo Editore.
- 2006. Фантастични реалности: 49 мисловни патувања и патување до Стокхолм. World Scientific. ISBN 978-981-256-655-3.
- 2002, "On the world's numerical recipe (an ode to physics)," Дедал 131(1): 142-47.
- 1989 (со Бетси Девин). Тежнеејќи за хармониите: теми и варијации од современата физика. В.В. Нортон. ISBN 978-0-393-30596-8.
Технички
[уреди | уреди извор]- 1988. Геометриски фази во физиката.
- 1990. Статистика на дропки и анјонска суперпроводливост.
- Wilczek, F.; Gross, D. J. (1973). „Асимптотско слободни баждарни теории. I“. Physical Review D. 8 (10): 3633. Bibcode:1973PhRvD...8.3633G. doi:10.1103/PhysRevD.8.3633. OSTI 4312175.
- Wilczek, F.; Gross, D. J. (1973). „Ултравиолетово однесување бна неабелови баќдарни теории“. Physical Review Letters. 30 (26): 1343. Bibcode:1973PhRvL..30.1343G. doi:10.1103/PhysRevLett.30.1343.
- Wilczek, F.; Zee, A.; Treiman, S. B. (1974). „Размерни отстапувања за неутриските заемодејства во асимптостки слободните теории за полињата“. Joseph Henry Laboratories. doi:10.2172/4256152. OSTI 4256152. Наводот journal бара
|journal=
(help) - Wilczek, F.; Zee, A.; Kingsley, R. L.; Treiman, S. B. (1975). „Модели на слабото заемодејство со нови кваркови и деснонасочени струи“. Physical Review D. 12 (9): 2768–2780. Bibcode:1975PhRvD..12.2768W. doi:10.1103/PhysRevD.12.2768. OSTI 4082874.
- Wilczek, F. (1978). „Проблемот на силните P и T непроменливи во присуство на инстантони“. Physical Review Letters. 40 (5): 279–282. Bibcode:1978PhRvL..40..279W. doi:10.1103/PhysRevLett.40.279.
- Wilczek, F. (1982). „Квантна механика и дропчести спинови на честичките“. Physical Review Letters. 49 (14): 957. Bibcode:1982PhRvL..49..957W. doi:10.1103/PhysRevLett.49.957.
- Wilczek, F.; Turner, M. S. (1990). „Инфлациона анхионска космологија“. Physical Review Letters. 66 (1): 5–8. Bibcode:1991PhRvL..66....5T. doi:10.1103/PhysRevLett.66.5. OSTI 6099352.
- Wilczek, F.; Alford, M. G.; Rajagopal, K. (1998). „Квантната хромодинамика при конечни барионски густини: јадрени капки и обоена суперпроводливост“. Physics Letters B. 422 (422): 247–256. arXiv:hep-ph/9711395. Bibcode:1998PhLB..422..247A. doi:10.1016/S0370-2693(98)00051-3.
- Wilczek, F. (1998). „Риман-Ајнштајнова структира од зафатнина и баждарна симетрија“. Physical Review Letters. 80 (22): 4851–4854. arXiv:hep-th/9801184. Bibcode:1998PhRvL..80.4851W. doi:10.1103/PhysRevLett.80.4851.
- Wilczek, F.; Fradkin, E. H.; Nayak, C.; Tsvelik, A. (1998). „Черн-Симонсово делотворна теорија за полето за Пфафиновата квантна Холова состојба“. Nuclear Physics B. 516 (3): 704–718. arXiv:cond-mat/9711087. Bibcode:1998NuPhB.516..704F. doi:10.1016/S0550-3213(98)00111-4.
- Wilczek, F.; Alford, M. G.; Rajagopal, K. (1999). „Обоеност-вкусово спарување и нарушување на хиралната симетрија при високо густинска квантна хромодинамика“. Nuclear Physics B. 537: 443–458. arXiv:hep-ph/9804403. Bibcode:1999NuPhB.537..443A. doi:10.1016/S0550-3213(98)00668-3.
- Wilczek, F. (1999). „Квантна теорија за полето“. Reviews of Modern Physics. 71 (71): S85–S95. arXiv:hep-th/9803075. Bibcode:1999RvMPS..71...85W. doi:10.1103/RevModPhys.71.S85.
- Wilczek, F.; Schafer, T. (1999). „Непрекинатост на кварковата и хадронската материја“. Physical Review Letters. 82 (82): 3956–3959. arXiv:hep-ph/9811473. Bibcode:1999PhRvL..82.3956S. doi:10.1103/PhysRevLett.82.3956.
- Wilczek, F.; Babu, K.S.; Pati, J.C. (2000). „Фермионски маси, неутрински треперења, и распад на протони во светлината на Супер Камиоканде“. Nuclear Physics B. 566: 33–91. arXiv:hep-ph/9812538. Bibcode:1998hep.ph...12538B. doi:10.1016/S0550-3213(99)00589-1.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Теорија на сè
- Темна материја
- Слабо заемодејствувачка масивна честичка
- Квантен број
- Солитон
- Анјон
- Холов ефект
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Frank Wilczek - Autobiography“. Архивирано од изворникот на 2013-03-12. Посетено на 2015-03-06.
- ↑ Biography and Bibliographic Resources, from the Office of Scientific and Technical Information, United States Department of Energy. Accessed 14 July 2013
- ↑ „Frank Wilczek, Herman Feshbach Professor of Physics“. Department of Physics, MIT. 2011. Посетено на 2011-06-14.
- ↑ Tore Frängsmyr, editor (2005). „The Nobel Prizes 2004“. Les Prix Nobel. Nobel Foundation. Архивирано од location=Stockholm изворникот Проверете ја вредноста
|url=
(help) на 2008-07-09. Посетено на 2008-04-30. Недостасува права црта во:|url=
(help) - ↑ Who We Are, Future of Life Institute, 2014, Посетено на 2014-05-07
- ↑ Dreifus, Claudia (December 28, 2009). „Discovering the Mathematical Laws of Nature“. The New York Times. Посетено на 22 May 2012.
- ↑ Frank Anthony Wilczek — Проект „Математичко родословие“ (англиски)
- ↑ „Frank Wilczek“. Soylent Communications. 2012. Посетено на 20 June 2013.
Raised in the Catholic church, Wilczek now considers himself agnostic. On the dichotomy between science and religion, he has said: "When religion talks about our aspirations and our sense of morality, I do not believe that science can contradict it. However, when religion contradicts science on matters of fact, religion must yield."
- ↑ Natalie Wolchover (2013-04-30). „Time Crystals' Could Upend Physicists' Theory of Time“. Wired.
- ↑ The Lightness of Being:Wilczek, Frank. 2009. The Lightness of Being. Chapter: Darkness Revisited
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Франк Вилчек“ на Ризницата ? |
- Longer biography at Lifeboat Foundation website Архивирано на 4 март 2006 г.
- Frank Wilczek explains Einstein's massive contributions to science
- Papers in ArXiv
- Frank Wilczek discusses his book "The Lightness of Being" on the 7th Avenue Project Radio Show
- The World's Numerical Recipe Архивирано на 24 август 2003 г.
- Scientific articles[мртва врска] by Wilczek in the INSPIRE-HEP database
- Wilczek on anyons and superconductivity
- Blog of the Wilczek family's Nobel adventures Архивирано на 30 септември 2011 г.
- Freeman Dyson, "Leaping into the Grand Unknown: Review of The Lightness of Being," The New York Review of Books 56(6), April 9, 2009.
- ForaTV: The Large Hadron Collider and Unified Field Theory Архивирано на 21 октомври 2012 г.
- A radio interview with Frank Wilczeck Архивирано на 22 април 2012 г. Aired on the Lewis Burke Frumkes Radio Show the 10th of April 2011.
- A television interview with Frank Wilczek на YouTube from February 2011 for Cambridge University Television
- Jeffrey Epstein VI Foundation
|
- Родени во 1951 година
- Американски нобеловци
- Американски физичари
- Добитници на Нобеловата награда за физика
- Честични физичари
- Членови на Националната академија на науките на САД
- Теориски физичари
- Апсолвенти на Принстонскиот универзитет
- Апсолвенти на Чикашкиот универзитет
- Професори на Масачусетскиот технолошки институт
- Членови на Кралската холандска академија на уметностите и науките
- Членови на Американското филозофско друштво
- Носители на Лоренцовиот медал