Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
1 Издавач Здружение на граѓани Младински образовен форум ул. Дренак 34а, 1000 Скопје Тел: +389 2 31 39 692 www.mof.org.mk Info@mof.org.mk За издавачот Дона Костуранова, извршен директор Автори Ѓорѓи Рајчиноски Александра Живковиќ Сања Божовиќ Истражувач Теодора Новеска Лектор Симона Груевска-Маџоска Дизајн Даниел Јанев Година на издавање: 2016 Изработката на оваа публикација е овозможена со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Содржината на публикацијата е одговорност на авторите и не ги изразува ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави. 2 СОДРЖИНА Предговор 5 Листа на кратенки 6 Вовед 7 Теориски осврт на појавата на правобранителот во високото образование 8 Историски развој 10 Компаративна анализа на правобранителите во високото образование 11 Принципи на работење на студентскиот правобранител 14 Студентски правобранители во Р Македонија Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје Статут на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје 15 15 15 Статут на Студентскиот парламент на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – 16 Скопје Правилник за изборот, разрешувањето, надлежноста и работата на студентскиот 17 правобранител на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Анализа на практичната работа на студентскиот правобранител на УКИМ 19 Перцепција на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за работата на 23 студентскиот правобранител Заклучок 24 Универзитет „Свети Климент Охридски“ – Битола 25 Статут на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола 25 Статут на здружението Студентски парламент при Универзитетот „Свети Климент 26 Охридски“ – Битола Анализа на практичната работа на студентскиот правобранител на УКЛО 27 Перцепција на студентите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ за работата 29 на студентскиот правобранител Заклучок 30 Универзитет за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ – Охрид31 Статут на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ – Охрид 31 3 Статут на невладината организација „Студентски парламент на Универзитетот за 31 информатички технологии“ Анализа на практичната работа на студентскиот правобранител на УИНТ 32 Заклучок 33 Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип Статут на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип 34 Статут на Студентскиот парламент на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип 34 Анализа на практичната работа на студентскиот правобранител на УГД 35 Перцепција на студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ за работата на студентскиот правобранител 36 Заклучок 36 Државен универзитет во Тетово 4 34 37 Статут на Државниот универзитет во Тетово 37 Анализа на практичната работа на студентскиот правобранител на ДУТ 38 Заклучок 38 Останати правни механизми за заштита на правата на студентите 40 Заклучок 42 Користена литература 44 ПРЕДГОВОР Публикацијата „Студентските правобранители како механизми за заштита на правата на студентите во Македонија” е продукт од траката за млади истражувачи која е дел од летната академија спроведена од Младинскиот образовен форум. Авторите на истражувањето се студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”-Скопје и истражувачи кои работат во областа на образованието и младинските политики. Траката за млади истражувачи имаше за цел зголемување на знаењата на студентите од приватните и државните универзитети во поглед на материјата на високото образование, како и истражувачките алатки. Авторите на двете публикации кои произлегоа од траката за млади истражувачи се учесници во студентски иницијативи и организации, па така дел од ставовите се пренесени преку личните искуства на истите. Идеата на студентските истражувања, покрај градење на капацитетите на студентите за пишување на трудови, беше и документирањето на важни настани од историјатот на студентските движења кои оставија траг во изминатите неколку години. Публикацијата има за цел збогатување на научната мисла во областа на заштитата на студентските права во нашата земја и развивањето на демократски капацитети кај членовите на академската заедница. 5 ЛИСТА НА КРАТЕНКИ ДПИ – Државен просветен инспекторат ДУТ – Државен универзитет Тетово ЗВО – Закон за високото образование ИИКСА – Давачка за информативни, информатички, културно-спортски активности СПУКМ – Студентски парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје СПУКО – Студентски парламент на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола СПУГД – Студентски парламент на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип СПДУТ – Студентски парламент на Државниот универзитет во Тетово СПУИТ – Студентски парламент на Универзитетот за информатички науки и технологии во Охрид УКИМ – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје УКЛО – Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола УГД – Универзитет „Гоце Делчев“– Штип УИНТ – Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид 6 ВОВЕД Студентскиот правобранител претставува механизам за заштита на правата на членовите на академската заедница. Истиот се смета за алатка за спроведување на жалбените постапки за услугите на високообразовните институции. Оваа функција е исклучително важна и во процесите на оформување на сфаќањата на една специфична категорија млади – студентите, како идни општествени лидери, а во врска со перцепцијата на човековите права и значајноста на заштитата на истите. Правобранителите во високото образование се релативно понов механизам, кој за прв пат се појавува во 20 век. Една од целите на оваа публикација е да даде историски и теориски осврт на појавата на правобранителите на глобално ниво. На темата заштита на студентските права во Македонија се говори релативно ретко. Така, не постои развиена научна мисла, како и континуирано следење на состојбите во оваа сфера. Овој документ нуди преглед на правната регулатива и начинот на кој се уредуваат правобранителите на државните високообразовни институции во Македонија, со цел осознавање на природата, надлежностите и процедурите кај оваа алатка за заштита на правата на студентите. Во овој документ, се обидовме да ги прикажеме и ставовите на студентите на дел од универзитетите во поглед на препознавањето на овој механизам, достапноста и работата на истиот1. Публикацијата нуди и осврт кон моделите во нашето високо образование, и наши размислувања за подобрување на истите. Целта на овој документ е да поттикне унапредување и зацврстување на улогата на студентските правобранители во македонското образование. 1 Во текот на месец октомври, се спроведе и онлајн истражување помеѓу студентите на трите најголеми универзитети, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ и Универзитетот „Гоце Делчев“. Истражувани беа ставовите на студентите за студентските правобранители на универзитетот, како и за студентските правобранители на факултетите одделно. Вкупниот број испитаници е 187 студенти кои го одговориле прашалникот. Најбројни се студентите на УКИМ со 77 % од вкупниот број одговори, потоа се студентите на УГД 17,7 % и студентите од УКЛО 5,3 % од вкупниот број одговори на прашалникот. 7 ТЕОРИСКИ ОСВРТ НА ПОЈАВАТА НА ПРАВОБРАНИТЕЛОТ ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ Кон крајот на 19 век, се случува транзиција на високото образование од елитно во масовно достапно образование. Универзитетите стануваат значително подостапни за пошироката популација и академската заедница значително се проширува. Оттука, доколку пред еден век студентската популација генерално е хомогена група составена од индивидуи од машки пол, на возраст од 18 до 21 година, кои студираат на ограничен број програми (најчесто правни науки или медицина), во поново време состојбите значително се менуваат. Така, универзитетите стануваат достапни и за жените, малцинските заедници и маргинализираните групи, и се случува експанзија во областите на студирање2. Уште еден неодминлив сегмент претставува и интернационализацијата на високообразовната област, во насока на поттикнување на мобилноста на академскиот кадар и студентите на меѓународно ниво и формирањето регионални високообразовни системи. Во насока на ова, неколку автори дискутираат дека студентскиот правобранител се јавува во вакви прилики, како механизам за медијација помеѓу различните групи. Така, Алковер (Alcover) вели дека универзитетите претставуваат места каде различни општествени групи и социјални категории се сретнуваат и истите претставуваат природна средина за конфликти, расправии и проблеми. Според Остар (Ostar), конфликтите на високообразовните институции не настануваат само поради различните групи студенти туку и поради различните интересни групи во академската заедница. Според авторот, проблемите настануваат затоа што секоја група има сопствени барања и сфаќања за нивната улога во високообразовните процеси – професорскиот кадар по секоја цена сака зачувување на академската автономија и слобода, автономијата во управувањето со институцијата и препознавање на универзитетите како заедница на академски научници; студентите бараат учество во одлучувањето на универзитетот поради финансиското помагање на институциите, но и поради самиот факт дека без нив универзитетите не би постоеле; административните работници поентираат на круцијалните задачи кои ги извршуваат како грижа за легалното и финансиското работење на универзитетите; помошниот кадар исто така бара можност за учество во процесите на одлучување затоа што без нив ниту професорите ниту студентите не би можеле да ги изведат нивните задачи и обврски. Во вакви прилики, универзитетите се обидуваат да се справуваат со интерните конфликти преку воспоставување формални жалбени постапки и механизми. Многу високообразовни институции тоа го прават преку воведување на функцијата студентски омбудсман во академската заедница (Bauer, 2000; Harrison 2007; Mankin, 1996; Stieber, 1982). 2 Peter Coaldrake, Responding to changing student expectaions, Higher educaion management, OECD, 2001 8 Од друга страна, поради отворањето на сè поголем број јавни и приватни универзитети, се јавува и компетитивноста на пазарот помеѓу самите образовни институции во насока на привлекување на што поголем број студенти. Кај јавните универзитети се карактеристични високите дотации од страна на државата, кои значително го помагаат работењето на овие институции. Во вакви прилики, универзитетите имаат зголемена одговорност, најпрво, пред општата јавност во насока на начинот на кои се трошат јавните материјални средства и квалитетот на кадрите кои таму се едуцираат. Сепак, едни од главните извори на финансии за високообразовните институции се школарините и давачките кои ги плаќаат самите студенти. Во последната декада забележително е намалување на државната помош кон јавните универзитети3, и во вакви прилики студентските давачки се исклучително важни за опстанокот на институцијата и квалитетот на наставата. Во вакви пуслови, помеѓу студентите и високообразовните институции се воспоставуваат клиентелистички односи4. Така, улогата на студентите се менува и истите дополнително бараат квалитетна услуга за вложените материјални средства. Во ваква ситуација, со цел унапредување на искуството на студентите на институцијата и задоволување на нивните академски и неакадемски потреби,5 се воведуваат механизми за заштита на правата на студентите. Еден од нив е и функцијата студенски правобранител. На ова дополнително влијае и развојот на правната наука во поглед на заштитата на правата на потрошувачите. Уште една теорија која е се поврзува со појавата на студентските правобранители во високото образование е појавата на народните правобранители во скандинавските земји, Нов Зеланд и Канада, како институција која има за цел заштита на правата на граѓаните во случаите кога истите се повредени од страна на државата. Во овој период, во различните западноевропски земји и Америка се ревидираат општествените сфаќања за човековите права и нивната заштита. Следствено на ова, а особено во времето на студентските протести во 60-те и 70-те години на 20 век, се дискутира и за правата на студентите и потребата на студентската популација за вклучување во процесите на одлучување на универзитетите, како и менувањето на наставните содржини во насока на воведување на современи и релевантни политички и социјални теми6. Така, студентите ја градат својата улога како конституенти во високото образование (Klemencic). По примерот на канцелариите на народните правобранители, на дел од универзитетите се воспоставуваат тела за зашита на правата 3 „Dispute resoluion in Higher educaion in turbulent imes“, Report of the tenth Annual Conference of the European Network of Obdusmen in Higher Educaion, 2013 4 Peter Coaldrake, Responding to changing student expectaions, Higher educaion management, OECD, 2001 5 Се однесува на односите кои настануваат по повод наставата и комуникацијата со професорскиот кадар (академски односи), и останатите односи кои настануваат за време на студирањето по повод бирократските процедури, користењето на други услуги кои ги нуди универзитетот (советувања, помагање во наоѓање пракса или работа, користење на просторот на институцијата итн.), потребата од заштита на правата и интегритетот на студентите (неакадемски односи). 6 Ibid 9 на студентите, вклучително и студентски правобранители. На пример, во 1971 година, Комисијата за високо образование во Америка препорача воспоставување на студентски правобранители на кампусите токму поради немирите кои се случуваат на универзитетите по повод студентските движења7. ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ Првиот народен омбудсман се јавува во 1810 година во Шведска. Истиот има задача да ги штити правата на граѓаните кога се нарушени од страна на институциите. Дејствува како „класичен“ омбудсман, односно како последен правен лек во случаите кога сите останати жалбени постапки се исцрпени8. Еден век подоцна, почнуваат да се воспоставуваат народни правобранители и во Финска (1920), Данска (1955), Норвешка и Нов Зеланд (1962), Канада (1967)9. Следствено на теориите кои ги дискутиравме и погоре, во овој период се формираат и првите студентски правобранители на самите универзитети. Така, во 1965 година на Simon Fraser University во Канада се воведува првиот студентски правобранител во високото образование. Следат Eastern Montana College (САД, 1966) и неколку канадски универзитети како Concordia University и University of Alberta (1970), University of Quebec a Montreal (1973) и University of Toronto (1975). Додека на американскиот континент уште во 70-те години се формираат првите регионални мрежи на студентски правобранители (пр. California Caucus of College and University Ombduspersons (CCCUO) и подоцна Association of Canadian College and University Ombdusmen (ACCUO)), во Европа релативно подоцна се воведуваат ваквите механизми за заштита на правата на студентите. Првата европска земја во која се воспоставуваат студентските правобранители е Шпанија (1983). Останатите европски земји уште подоцна почнуваат да ја регулираат оваа област. На пример, во Австрија за првпат се формира студентски правобранител во склоп на Министерството за образование во 1997, а година подоцна истото се случува и во Франција. Од останатите земји во светот, во Мексико првите студентски правобранители се појавуваат во 1985 година, а во 1998 година во Јапонија. Едно од значајните случувања е формирањето на Европската мрежа на правобранители во високото образование во 2003 година. Се работи за платформа во која членуваат правобранители од универзитетите во Европа, и која примарно служи за споделување на пракси меѓу омбудсманите, како и за давање препораки за унапредување на системите за заштита на правата на студентите на овој континент, но и глобално10. Во поглед на вмрежувањето на студентските правобранители, во поново време е сè позастапена појавата на национални мрежи на правобранители во високото образование. Така, на пример, истите постојат во Шпанија и Мексико. 7 Celebraing Ombuds in Higher Educaion: ACCUO 1983-20137 8 Ibid 9 Ibid 10 Повеќе на: http://www.enohe.net/ 10 Интересно е да се забележи и дека во 2009 година, петнаесет меѓународни студентски организации и мрежи поттикнуваат иницијатива за формирање глобален студентски правобранител во рамки на УНЕСКО11. Сепак, до денес, ваква функција не е воспоставена. Тука треба да нагласиме дека непостоењето на студентски правобранител на универзитетите ненужно значи и непостоење на интерни механизми за заштита на правата на студентите на самите универзитети. КОМПАРАТИВНА АНАЛИЗА НА ПРАВОБРАНИТЕЛИТЕ ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ Терминот „омбудсман“ („umboðsmaðr“) доаѓа од скандинавското јазично подрачје, од каде потекнува модерната функција на народниот правобранител12. Истиот означува лице кое дејствува во име на другите. Денешното сфаќање на зборот, кој е широко прифатен и во многу други јазични системи, е лице кое има за цел детектирање на неправилностите во работењето на администрацијата и државните институции и соодветно реагирање на истото. Сепак, во различни држави правобранителите имаат различни надлежности, но заедничко е нивното дејствување во служба на граѓаните кога се соочуваат со проблеми со јавните институции13. Во високото образование на глобално ниво, забележливо е и користење и на други називи за означување на оваа функција како: студентски декан, декан за студентски живот, Канцеларија за студентски жалби, лица одговорни за спречување конфликти итн14. Погледнато низ призмата на високото образование, во различни земји различно е регулирана функцијата студентски правобранител. Разликите потекнуваат од различните историски прилики во поглед на сфаќањата за човековите права, како и високото образование, но и културните сфаќања за функцијата на тетриарното образование и односите во академската заедница. Најпрво, во праксата се прави разлика помеѓу „класичните“ и „модерните“ омбудсмани. Имено, се работи за правење на дистинкција помеѓу правобранителите кои можат да постапуваат само како последна инстанца откога сите правни лекови се исцрпени („класичен“ омбудсман), или пак истите се првиот заштитен механизам кој им е достапен на граѓаните (во овој случај на студентите („модерен омбудсман“). Пример за првиот вид правобранители е Канцеларијата на независниот арбитер (Office of the independent adjudicator) 11 ENOHE News 2009/2, European Network for Ombudsmen in Higher Educaion, 2009 12 Според одредени автори, народните правобранители како вид на заштитен механизам биле присутни во Кина и Кореја уште во 221 п.н.е. Повеќе во: Park, S. (2008). «Korean Preaching, Han, and Narrative (American University Studies. Series VII. Theology and Religion)» 13 Tim Birtwistle, The Campus Ombdusman, ENOHE News 2009/2, European Network for Ombudsmen in Higher Educaion, 2009 14 Ibid 11 во Обединетото Кралство, која е надлежна да постапува само во случаите каде се исцрпени сите интерни правни лекови во висоообразовната институција. Истиот принцип е применет и во Австрија преку Австриската канцеларија на студентскиот омбудсман (Austrian Office of the Student Ombudsman) и Шведска преку Канцеларијата за шведското високо образование (The Swedish Higher Education Authority). Кај овој вид заштитен механизам е карактеристичен националниот елемент, односно дејствување на телата на целата територија, наместо на одделни универзитети. Исто, најчесто се работи за колективни тела, а не индивидуи како што е случај кај другиот вид правобранители. Модерните омбудсмани најчесто се јавуваат во земјите каде нема национална регулатива за формирање студентски правобранители на високообразовните институции, или пак истите не предвидуваат национално тело одговорно во оваа област. Така, универзитетите самоиницијативно се одлучуваат за формирање на вакви тела. Таков е случајот со холандските универзитети, како и универзитетите во САД и Германија. Од друга страна, во Шпанија постоењето на правобранител на кампусот е законска обврска, како примарен механизам за заштита на правата на студентите и на академскиот кадар15. На лицата од академската заедица на универзитетите со ваков вид правобранители најчесто им се овозможуваат дополнителни правни механизми надвор од академијата како обраќање до народниот правобранител или друг вид институција чија цел е утврдување на неправилности во работењето на јавните или на образовните институции. Постојат и земји каде постојат и двата вида правобранители. Пример за ова се некои австралиски универзитети. Така, студентскиот правобранител на универзитетско ниво дејствува како „модерен“ омбудсман, додека факултетскиот се активира само во случаите кога студентот не може да го реши проблемот со останати правни лекови16. Во поглед на структурата на телата за заштита исто се забележуваат дистинкции. Овде ќе го разледаме примерот со германските висоообразовни институции. Така, поради непостоење на национална регулатива за формирање на студентски правобранители, универзитетите воспоставуваат различни механизми за заштита на правата на студентите. На Goethe Universitat постои омбудсман кој најчесто е лице кое ужива доверба во академската заедница (пр. поранешен ректор или декан, познат професор или сл.). На Gottingen постои посебно лице кое е одговорно за студентски жалби и истото е вработено во факултетската администрација, а на хамбуршкиот универзитет за применети науки функцијата омбудсман ја извршуваат две лица кои работат заедно. Така се работи за тандем од студент и професор кои одлучуваат заеднички17. 15 „Dispute resoluion in Higher educaion in turbulent imes“, Report of the tenth Annual Conference of the European Network of Ombudsmen in Higher Educaion, 2013 16 Ibid 17 Wolf Hertlein, „Approaches to Complaint Management at German Universiies“, 2014 12 Во поглед на целната група, се разликуваат два вида правобранители. Имено, во одредени случаи, правобранителите ги штитат правата само на една група од академската заедница – студентите (пр. Австрија и Англија). Кај други универзитети или земји, истите се одговорни и за правата на останатите членови на академската заедница како професорите и асистентите (пр. САД и Шпанија). Интересно е да се забележи дека во одредени земји во поново време се основаат правобранители за специфични области во високото образование. Така, во Австрија во 2009 година е формиран првиот правобранител чија надлежност е да прима препораки, барања и поплаки во врска со работата на Националната агенција за спроведување на образовните проекти18 на Европската Унија. Истиот работи во склоп на самата агенција, и може да помага во споровите кои настануваат по повод договорите кои се склучуваат меѓу корисниците на услугите и агенцијата и да помага при добивање информации од страна на агенцијата19. Од друга страна, во Германија иако не постои законска обврска за поставување студентски правобранител на универзитетите, на повеќето од нив постојат правобранители за „добра научна пракса“. Истите се вмрежени преку Организацијата на германската фондација за истражување (Deutsche Forschungsgemeinschaft), која претставува национален ентитет кој се занимава со прашања од сферата на општествените науки и истражувачката етика20. На национално ниво постои и правобранител за истражувања (Ombudsman fur die Wissenschaft), функција која не е ограничена само на ниво на високото образование, туку опфаќа поширок спектар на актери кои можат да се јават како баратели на помош. На универзитетско ниво, правобранителите имаат надлежност во случаите кога член на академската заедница забележува плагијаризирање на трудови и користење неетички методи во истражувањата. Оваа функција се смета за одделна од студентскиот правобранител, така што на одредени универзитети постојат и двата вида правобранители. Покрај дејствувањето како механизам за спречување на одредени неморални дејствија на универзитетите, националната организација финансиски помага млади истражувачи21. Во Австралија во службата на народниот правобранител постои посебна функција, правобранител за странски студенти (Overseas Students Ombudsman) чија задача е да постапува по индивидуални жалби на студенти во поглед на услугите на приватните универзитети во Австралија22. Во поглед на надлежностите, компаративната анализа покажува дека право18 Lifelong-програмата стимулира мобилност на академскиот кадар и студентите и нуди помош при остварување на образовните можности. Истата е составена од одделните програми Comenius, Leonardo da Vinci, Erasmus, Grundvik и Jean Monnet 19 ENOHE News 2009/2, European Network for Ombudsmen in Higher Educaion, 2009 20 Wolf Hertlein, „Approaches to Complaint Management at German Universiies“, 2014 21 Kirsten Hutemann, „Self-regulaion in science and the humanies: Rules of Good Scieniic Pracice: The German System of Scieniic Self-Regulaion “, 2015 22 http://www.ombudsman.gov.au/about/overseas-students 13 бранителите во високото образование генерално дејствуваат на сличен начин. Имено, најчесто истите немаат извршна улога, туку повеќе дејствуваат советодавно кон универзитетите, студентите, но и трети страни. ПРИНЦИПИ НА РАБОТЕЊЕ НА СТУДЕНТСКИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ И покрај дистинкцијата на правобранителите според опсегот на работа, начинот на избор, целните групи, сепак истите (треба да) се водат според одредени универзални правила и вредности со цел адекватна заштита на индивидуите и групите во високото образование. Така според Бритвисл (Britwistle) важни се 4 принципи на кои треба да се внимава: (1) независност, (2) достапност, (3) широка јурисдикција, (4) способност за решавање проблеми. Во поглед на независноста истакнува дека истата не треба да се гледа како немање никаква поврзаност на правобранителот со универзитетот (во поглед на вработување или избирање од страна на одлучувачките тела), туку треба да се перципира како постоење на јасни правила по кои правобранителот стигнува до објективна одлука. Исто, независноста како принцип треба да се одликува во немањето страв од страна на правобранителот да носи заклучоци и препораки. Сепак, ова е тешко мерлива категорија, и често студентите со недоверба настапуваат кон оваа институција поради субјективните перцепции. Така, на пример, во извештајот на англиската канцеларија на независниот арбитер од 2015 година е нотирано дека голем дел од студентите сметаат дека телото одлучува во прилог на високообразовните институции, наместо на студентите23. Слични податоци се добиени и во истражување спроведено во Австралија, каде се согледува недоволно доверба во оваа функција поради верувањето дека правобранителите работат во склоп на универзитетот и по автоматизам ќе бидат наклонети кон нив. 24 Беренс (Behrens) (2015) дискутира дека правобранителите мораат активно да работат на елементот доверба кај студентите. Заради тоа, препорачливо е зголемување на транспарентноста на самите студентски правобранители, со цел зголемување на довербата. Еден од начините кој тој ги истакнува како успешни е и објавувањето на решени случаи (секако со внимавање на тајноста на личните податоци и гаранцијата на анонимност), особено кои содржат примери кога случаите се решени во полза на студентите. Од друга страна, универзитетскиот правобранител треба да презема активности во разумен рок и задолжително да обезбеди повратен одговор за страните вклучени во спорот25. 23 The pathway report: Recommendaions for the development of the OIA Scheme, Oice of the independent adjudicator, 2010 24 The campus ombudsman, relied by many Universiies, is not trusted by the students, The Australian, 2009 25 Rob Behrens, Public trust and the ombudsman: the case of the OIA, Paper 1, Oice of the independent adjudicator, 2015 14 СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛИ ВО МАКЕДОНИЈА Функцијата студентски правобранител е уредена со законски правен акт. Така, во Македонија овој правен механизам е уреден на национално ниво. Законот за високото образование во делот на права и обврски на студентот26повикува на поставување студентски правобранител како заштитник на правата на студентите, додека надлежноста, изборот и работата на студентскиот правобранител, законодавецот ја остава на регулација на универзитетите во нивните статути. Останати одредби не се предвидени во овој правен акт. Одовде се согледува дека во Македонија правобранителот во високото образование е надлежен само во споровите кога студентите, а не и останатите членови на академската заедница, уочуваат недоследности во работењето на универзитетската администрација или кога истите не можат да остварат некое право. Законот не ја дефинира природата на правобранителот од аспект на тоа кој може да ја извршува оваа функција, ниту пак дали се работи за првичен механизам или последна инстанција до која студентите можат да се обратат, откога ги исцрпиле сите правни лекови. Заради осознавање на моменталната ситуација со студентските правобранители на државните универзитети, во овој дел одделно ќе бидат дискутирани правните акти на високообразовните институции, како и практичната работа на правобранителите на одделните универзитети. УНИВЕРЗИТЕТ „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – СКОПЈЕ Статут на Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје Според Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (понатаму: УКИМ), студентски правобранител се поставува заради заштита на правата на студентите. Со цел студентскиот правобранител да ужива поголема доверба и поголема компетентност, истиот се избира од редот на студентите по правни студии со минимум завршен 4 семестар и просек на студии од најмалку 8,0027. За важноста на студентскиот правобранител говори и постапката за неговото назначување, контролата над неговото работење и можноста тој да биде отповикан. Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (понатаму: 26 Член 150, Закон за високото образование, „Службен весник на Република Македонија“ број 103/2008, 26/2009, 83/2009, 99/2009, 115/2010, 17/2011, 51/2011, 123/2012, 15/2013, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 130/2014, 10/2015, 20/2015,, 98/2015, 145/2015, 154/2015, 30/2016, 120/2016, 127/2016 27 Член 342, Статут на УКИМ (2013) 15 СПУКМ), врз основа на конкурс, предлага до Универзитетскиот сенат кандидат за студентски правобранител, кој треба истиот да го избере и да му даде мандат од 2 години. Универзитетскиот сенат со цел да ја регулира работата на студентскиот правобранител, донесува „Правилник за изборот, разрешувањето, надлежноста и работата на студентскиот правобранител на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје“. Доколку Ректорската управа утврди недоверба во работата на студентскиот правобранител, Сенатот поведува постапка за негово разрешување. Увидот во работата на студентскиот правобранител, Универзитетот го има преку Извештај за работата, кој правобранителот е должен да го достави најмалку еднаш годишно. За почеток на својот мандат, студентскот правобранител дава свечена заклетва пред Сенатот дека својата функција ќе ја врши одговорно, во рамките на законот и актите на Универзитетот. Статут на Студентскиот парламент на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје Иако, според овластувањата доделени на СПУКМ, се очекува поголемо внимание во нивниот Статут по однос на студентскиот правобранител, тоа не е случај. Она што е важно од делот за студентски правобранител во Статутот на СПУКМ е тоа што изборот, разрешувањето, надлежноста и работата на студентскиот правобранител на УКИМ се остава на уредување на самиот Универзитет, односно на Правилник за изборот, разрешувањето, надлежноста и работата на студентскиот правобранител на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје28. Она што Статутот на СПУКМ го уредува се замениците студентски правобранители29. Во таа насока, Статутот на СПУКМ предвидува по еден заменик правобранител на секоја единица во состав на Универзитетот. Изборот се врши по предлог на студентскиот парламент на факултетот со мандат од 2 години, во постапка иницирана од Студентскиот правобранител. Разликата во однос на студентскиот правобранител на Универзитетот е во тоа што за заменик правобранител се потребни пониски квалификации. Кандидатот треба да е редовен студент со просечна оценка на студии од најмалку 7,00, како и да има завршено најмалку втор семестар и да има комуникациски и организациски способности30. 28 Член 65, Статут на СПУКМ (2011) 29 Член 66, Статут на СПУКМ (2011) 30 Член 66, Статут на СПУКМ (2011) 16 Од пријавените кандидати, Студентскиот парламент на факултетот му предлага два кандидати за студентскиот правобранител на Универзитетот, од кои тој е должен да избере еден. Со тоа, студентскиот правобранител на УКИМ има право да ги разрешува своите заменици доколку својата работа ја вршат несовесно и неодговорно. Разрешувањето може да биде поведено и на барање на Студентскиот парламент на факултетот31. Правилник за изборот, разрешувањето, надлежноста и работата на студентскиот правобранител на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Правилникот кој го носи самиот универзитет детално го разработува концептот студентски правобранител. Со цел да се обезбеди професионалност на функцијата, студентскиот правобраниел не смее да врши друга дејност или да извршува функција во политичка партија, а во вршењето на својата функција да се води од принципите на непристрасност, доверливост, недискриминација, достапност, одговорност, отчетност и законитост32. Единиците на Универзитетот се должни да соработуваат со студентскиот правобранител и на неговите барања да му ги обезбедуваат потребните информации и податоци за успешно водење на постапките33. Обезбедувајќи го принципот на достапност на студентскиот правобранител, Правилникот предвидува негови заменици на секоја единица во состав на Универзитетот, кои ги избира студентскиот правобранител на Универзитетот на предлог на Студентскиот парламент на факултетот со мандат од 2 години, без право на реизбор. Студентскиот правобранител и неговите заменици не можат да бидат повикани на одговорност за дадено мислење и преземени дејствија, мерки и активности вршејќи ја својата функција34. Во членот 11 од Правилникот се дадени надлежностите на студентскиот правобранител, односно неговите овластувања кои се прилично широки. Студентскиот правобранител е овластен да посредува во спорови помеѓу студентите, од една страна, и професорите, единиците на Универзитетот или универзитетската администрација, од друга страна. Ова значи дека правобра31 Член 66, Статут на СПУКМ (2011) 32 Член 3, Правилник за изборот, разрешувањето, надлежноста и работата на студентскиот правобранител на УКИМ (2009) 33 Член 4, Правилник за изборот, разрешувањето, надлежноста и работата на студентскиот правобранител на УКИМ (2009) 34 Член 10, Правилник за изборот, разрешувањето, надлежноста и работата на студентскиот правобранител на УКИМ (2009) 17 нителот не може да постапува во случаи меѓу студенти или во односите меѓу професорите и асистентите. Исто така, дава препораки во конкретни случаи, а презема и активности за кои е надлежен по сопствено наоѓање. Студентскиот правобранител има право да ги стави на јавна дискусија прашањата поврзани со системот на заштита на студентските права и кршењето на истите и заклучоците да ги промовира со цел подобрување на квалитетот на високото образование и заштита на студентските права. Исто така, правобранителот треба да соработува со домашни и странски владини и невладини институции и да врши други надлежности доделени од Сенатот на Универзитетот или од Студентскиот парламент. Една од најважните должности и задачи на студентскиот правобранител е информирање и советување на студентите за нивните права. Постапката пред студентскиот правобранител започнува со поднесување на писмено барање кое студентот го поднесува лично или преку негов полномошник. Во итни случаи барањето може да биде поднесено телефонски, за што се составува службена белешка, а истото во рок од 10 дена мора да биде поднесено писмено, затоа што во спротивно барањето ќе биде отфрлено. Барањето мора да содржи лични податоци на поднесителот, како и фактите, околностите и доказите врз кои се темели истото. Исто така треба да биде наведен органот, односно лицето на кое се однесува барањето. Поднесувањето на барањето е бесплатно. Студентскиот правобранител треба да одлучи по барањето во рок од 30 дена од неговото поднесување. Тој е должен да постапува совесно, непристрасно, ефикасно и одговорно и е должен да ги почитува принципите на тајност и приватност на податоците што се однесуваат на поднесителот. Од ова се согледува дека Универзитетот инсистира на навремено решавање на случаите и неодолговлекување на постапката. Студентскиот правобранител може да одбие да постапува по претставка во одредени случаи предвидени со правниот акт. Така, доколку претставката е анонимна или поднесена од трето лице, правобранителот може да го отфрли барањето, меѓутоа одлуката за отфрлање на барањето мора да биде образложена. Но, доколку студентскиот правобранител констатира повреда на правата на поднесителот на барањето, може да даде препорака за отстранување на неправилностите, да побара повторување на постапките, да преземе иницијатива за поведување одговорност35. Студентскиот правобранител се разрешува кога сам ќе даде оставка, поради нестручно работење или пристрасно вршење на функцијата, поради недовер- 18 35 Член 20, Правилник за изборот, разрешувањето, надлежноста и работата на студентскиот правобранител на УКИМ (2009) ба или други случаи предвидени во Правилникот36. Сенатот го разрешува студентскиот правобранител, по предлог на Студентскиот парламент. Анализа на практичната работа на Студентскиот правобранител на УКИМ Со цел да се направи сеопфатна анализа на работата на студентскиот правобранител на УКИМ, врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер беа упатени неколку прашања до Универзитетот и студентскиот правобранител37. Еден од посериозните проблеми кои произлегуваат од добиените одговори од УКИМ е тоа што Универзитетот не одговара дали постои студентски правобранител на овој Универзитет, и генерално на повеќето прашања упати кон контактирање на студентскиот парламент при универзитетот. Овде би сакале да напоменеме дека универзитетот по прашањето за заштитата на правата на студентите и спречувањето на дискриминацијата во друго истражување, првенствено го наведува правобранителот како одговорен за регистрирање случаи на повреда на правата на студентите и решавање на истите38. Така, загрижува што институцијата и покрај тоа што декларативно го препознава овој заштитен механизам, не доставува информации за истиот. Одговор не добивме ниту од самиот студентски правобранител ниту од студентскиот парламент во чија надлежност е бирањето на правобранителот и отповикувањето кога истиот не работи соодветно. Елаборацијата на работењето на СПУКМ е важнa во овој дел, затоа што парламентот е организацијата која де факто го избира студентскиот правобранител, по што Сенатот го усвојува предлогот на СПУКМ. Досега не се случило Сенатот на универзитетот да одлучи спротивно од волјата на студентската претставничка организација. Студентскиот парламент при УКИМ е студентска невладина организација, која нема правен статус на орган или тело во склоп на универзитетот. Имено, СПУКМ е претставничка организација која има ексклузивно право да ги застапува студентите во органите на УКИМ. Истата беше мета на критики од страна на студентската и пошироката јавност во поглед на легитимноста и легалноста на дејствувањето. Така, организацијата не спроведува навремени избори за студентски претставници, нема активна веб-страница, ниту друг канал на 36 Член 27, Правилник за изборот, разрешувањето, надлежноста и работата на студентскиот правобранител на УКИМ (2009) 37 Прашања беа доставени и до останатите 4 државни универзитети и студентски правобранители кои се предмет на анализа во оваа публикација 38 Александра Живковиќ, Александра Филипова, „Потребата од менување правни акти во насока на воведување тело за заштита од дискриминација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ‒ Скопје “, Фондација за демократија на Вестминстер (2016) 19 комуникација со студентската јавност, и не ги објавува своите правни акти. Дополнително, не се спроведуваат консултациски средби, ниту е познато кои се студентските претставници на одделните факултети и на Универзитетот. Уште повеќе, студентскиот парламент сериозно изостанува во информирање и консултирање на студентите во поглед на гласањето во универзитетските и факултетските тела. На овој начин, не постои можност за студентите на овој Универзитет да допрат до своите претставници во раководните тела на Универзитетот и на факултетите39. Како пример за неадекватното работење на оваа претставничка организација се последните избори за студентски претседател кои се одржаа 2 години по истекувањето на мандатот на претходниот претседател. И покрај немањето студентски претставници 2 години, последните избори без проследени со низа нерегуларности. Најпрво истите беа закажани и одржани надвор од академскиот календар на УКИМ. Понатаму, на изборите не беа обезбедени потребните реквизити за тајно гласање како паравани и обележани гласачки места, изборните комисии немаа листи на студенти каде би требало да се обележуваат лицата кои гласаат и беа користени печати со погрешен датум40. Студентскиот и медиумскиот мониторинг говорат дека официјалните резултати не соодветствуваат со бројот на излезени студенти кои гласале на денот на изборите што дополнително го доведува под прашање изборот на претседателот на СПУКМ. Особено е загрижувачки што токму студентскиот правобранител при УКИМ ги поддржа овие избори, јавно гласаше на истите и не презеде никакви дејствија за востановување на нерегуларностите41. Дополнителен проблем претставува неодржувањето на избори за студентски претставници на матичните факултети при УКИМ. Така, повеќето од парламентите при факултетите не се активни, дел од нив се водени од нестуденти (што не е дозволено според интерните акти на организацијата), или од мала група студенти кои, спротивно од правните акти, се самопрогласуваат за студентски претставници на факултетот без никакви демократски и транспарентни процедури42. Во насока на темата на оваа публикација, проблемот се јавува при избирањето кандидати за заменици студентски правобранители на факултетите. Така, парламентите при факултетите се одговорни за селекција на кандидатите кои се пријавиле на огласите. Доколку парламентите при факултетите не се активни, или истите се нелегитимни се јавува дилемата за самата легитимност на избраните правобранители. Дополнителен проблем се јавува и при самите постапки за избор на замениците правобранители поради недостапноста на самите студентски претставнички тела. Така, нетранспарентното работење на парламен39 Александра Живковиќ, Марија Мирчевска, Мартин Галевски, Сања Божовиќ, Мартин Алексоски, „Анализа на студентското организирање и учество во Македонија“, Младински образовен форум (2015) 40 Влатко Чаловски, „(ВИДЕО) Студентски избори без легитимитет “, НОВА ТВ (2016) htp://novatv.mk/video-studentski-izbori-bez-legiimitet/ 41 Наум Котевски, „Низа нерегуларности при изборот на студентски лидер“, Утрински весник (2016) 42 Деа Здравковска, Петар Барлаковски, „Истражување за состојбата со студенските парламенти на факултетите при УКИМ“, работна верзија (2016) 20 тите може значително да влијае на информираноста на студентите во поглед на процедурите и условите за кандидирање. Преку ова може да се ограничат студентите кои се заинтересирани да учествуваат во конкурсите за заменици студентски правобранители, и селекцијата да се извршува врз основ на блиските познанства на кандидатите со членовите на студентскиот парламент. Во поглед на објективното постапување на студентскиот правобранител повеќе ќе стане збор во делот Перцепција на студентите на Универзитетот Св. Кирил и Методиј за работата на студентскиот правобранител. Овде накратко ќе ги дискутираме наодите добиени во едно истражување од 2013 година. Така, истото покажува дека Студентскиот правобранител наместо заштитник, бил дискриминатор во однос на студентите и тоа по повеќе дискриминаторски основи43. Според ова истражување, студентскиот правобранител најмногу дискриминирал според политичката припадност на што укажале дури 18,7 % од испитаниците што говори за политичката инфлуентност кај лицето што во тој момент ја извршува оваа функција. Религиозната припадност и етничката припадност ги заземаат второто и третото место со 14,3 %, односно 13,7 %. Иако според Статутот на УКИМ и Правилникот на студентскиот правобранител, студентскиот правобранител поднесува Годишен извештај за својата работа до Ректорската управа и Универзитетскиот сенат, УКИМ не ни ги достави годишните извештаи за работа на студентскиот правобранител со образложение дека не ги поседува истите. Истото се однесува и на самиот студентски правобранител кој не достави никаков одговор по ова прашање. Одовде, а и од претходно прикажаното се согледува дека не постои адекватно мониторирање на работата на правобранителот Необјавувањето на извештаите за работа јавно создава проблем затоа што нема никакви информации какви претставки стигнуваат до правобранителот, каков вид повреди на правата се случуваат, колкав е неговиот обем на работа. Исто така, исклучувањето на јавноста од следењето на работата на студентскиот правобранител ги ставаат во неповолна положба студентите во поглед на информираноста како работи студентскиот правобранител. Да потсетиме, транспарентноста придонесува за зголемување на довербата на студентите во оваа функција, но и информираноста на истите со нивните права. Недостапноста на актите кои ја регулираат оваа материја нè попречува да дојдеме и до податокот како се финансира студентскиот правобранител и на кој начин располага со средствата. Во Статутот на УКИМ, Статутот на СПУКМ и Правилникот на студентскиот правобранител нема никаков податок околу финансирањето на студентскиот правобранител, а на истото прашање не доставија одговор ниту универзитетот ниту правобранителот. Според називот на Про43 Наташа Бошкова, Жарко Трајаноски, „Анализа на документи и на политики на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје за степенот на вклученост на принципот на еднакви можности и недискриминација“, Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници, (2013) 21 грамата за користење на средствата кои се наменети за СПУКМ и Програмата за студентскиот правобранител на УКИМ 2009/10 и Програмата за користење на средствата кои се наменети за СПУКМ и Програмата за студентскиот правобранител на УКИМ 2012–2013, омбудсманот се финансира преку заеднички програми со Парламентот. Сепак, анализирајќи ги истите не се согледуваат активности стриктно наменети за правобранителот. Од друга страна, доколку тоа е случај, постои сериозна опасност за компромитирање и уценување на правобранителот преку контрола на материјалните средства за работа на истиот. До толку што, според неодамнешните сознанија, Парламентот во изминатите години неосновано трошел финансии кои ги добил преку студентската давачка ИИКСА која студентите на УКИМ задолжително ја плаќаат при упис на факултет. Така, според финансискиот извештај на СПУКМ за периодот 2014–2015 за трошењето на средствата од давачката ИИКСА, се согледува дека оваа невладина организација првенствено трошела финансии на меѓународни патувања, високи телефонски сметки и студентски забави. Во поглед на првото, не е достапен никаков извештај за тоа како македонските претставници ги застапувале студентите на меѓународните конференции, кои биле студентските претставници, ниту постоеле транспарентни процеси за избор на претставници. Во вакви моменти, треба сериозно да се разгледа положбата на студентскиот правобранител, и неговата врзаност со оваа студенска невладина организација. Што се однесува до редовноста на изборот на студентскиот правобранител, забележано е противправно продолжување на мандатот на првиот студентски правобранител за една година од истекување на мандатот44. До донесувањето на новиот Статут на УКИМ во 2008 година, функцијата студентски правобранител ја извршуваат професори од Правниот факултет „Јустинијан Први“. По 2008 година, оваа функција ја врши студент45. Промената е направена со цел зголемување на довербата на студентите во овој механизам и иницирање на поголема соработка помеѓу овие членови на академската заедница. Студентскиот правобранител на УКИМ има своја канцеларија што дава можност за комуникација со студентите, а од неодамна има и своја веб-страница на која постојат податоци за заштита на правата и постапките, како и податоци за замениците правобранители по факултети. Од истата се согледува дека во изминатите 10 години на УКИМ бил во функција овој механизам за заштита на правата на студентите. Сепак, до моментот на пишување на оваа публикација, на веб-страницата не се презентирани никакви извештаи за работата на правобранителите, ниту пак финансиските правилници. Во поглед на просторните капацитети, канцеларијата на правобранителот се наоѓа во седиштето на студентскиот парламент. 44 Се работи за студентскиот правобранител Никола Главинче, чиј мандат траел од 2009 година до 2012 година 45 Повеќе на: http://www.pravobranitel.ukim.edu.mk/ 22 Исто Правилникот кој поспецифично ја уредува оваа област, а ни актите на парламентот не ги дефинираат во целост интерните постапки за бирање на правобранителот во насока на временски рокови, конкретни критериуми за бодување на кандидатите, евалуацијата на работата на правобранителот итн. Перцепција на студентите на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ за работата на студентскиот правобранител Првичното прашање кое им беше поставено на студентите беше дали во текот на нивните студии им било прекршено некое право кое им е загарантирано со правните акти на универзитетот, или генерално актите кои ја регулираат високообразовната област. Ова беше испитувано со цел согледување на потребите на студентите на универзитетот во поглед на заштитата на нивните права. На скопскиот универзитет високи 58,33 % од студентите сметаат дека некогаш правата им биле прекршени, наспроти 17,36 % кои сметаат дека не се сретнале со прекршување на нивните права. Останатиот процент на студенти не знаат дали некогаш им биле прекршени нивните права. Понатаму беше испитувано и каде студентите најчесто се обраќаат кога некое нивно право ќе биде повредено за време на нивните студии. Од добиените одговори може да се заклучи дека студентите најчесто прекршувањето на своите права не го пријавуваат никаде, зашто сметаат дека не може никој да го реши нивниот проблем или и да го пријават никој не би се заложил истиот да се реши. Студентите кои се обратиле до некои органи на факултетот за решавање на нивниот проблем најчесто тоа го направиле на студентските прашања или до деканатот на факултетот. Неколку испитаници ги наведуваат професорите, студентскиот парламент и студентскиот правобранител како места каде може да се пријави повреда на студентско право. Дел од студентите имале искуство и со пријавување до некои надлежни органи (студентски прашања, студентски правобранител, декани и сл.), но искуството им било негативно и не придонело кон решавање на нивниот проблем. Одовде се согледува дека студентите од овој универзитет во мала мера се запознаени со заштитниот механизам студентски правобранител и имаат ниско ниво на доверба како во оваа функција така и кај другите потенцијални заштитни механизми. Во врска со запознаеноста со функцијата студентски правобранител на факултет која е предвидена со правните акти на универзитетот, се согледува незнаење за постоењето на истиот. Така 51,3 % од студентите на УКИМ одговориле дека не знаат дали постои студентски правобранител при нивниот факултет. 17,6% пак на ова прашање одговориле негативно, односно дека на нивниот универзитет нема правобранител. Во врска со постоењето на студентски правобранител при универзитетот, студентите на УКИМ покажуваат највисок степен на препознавање на оваа функ- 23 ција во споредба со нивните колеги од штипскиот и битолскиот универзитет. Од нив, 51,4 % одговориле дека знаат дека постои студентски правобранител на универзитетот наспроти 44,4 % проценти кои не знаат за постоењето на овој орган. Во врска со финансирањето на студентскиот правобранител, само 2,8 % од студентите знаат како се финансира работењето на студентскиот правобранител, наспроти високи 88,9 % од студентите кои не го знаат начинот на финансирање на студентскиот правобранител. 8,3 % од студентите на УКИМ сметаат дека на нивниот универзитет нема ваков орган кој се грижи за заштита на правата на студентите. Иако голем број студенти од УКИМ не се запознаени со работата на правобранителот (49,3 %) и со начинот на финансирање на овој орган. Сепак само студенти од овој универзитет еднаш (9,7 %) или повеќе пати (2,08 %) се обратиле до овој орган заради заштита на своите права. Од студентите на УКИМ 31,3 % немале никогаш досега потреба за да се обратат до овој орган. Оние испитаници кои имале искуство во решавање на проблемот преку правобранителот на универзитетот, имаа можност да ја оценат работата на истиот. Така 63,6 % од студентите на УКИМ ја оцениле работата на студентскиот правобранител на УКИМ со оценка 1; 16,4 % ја оцениле со 2; 9,1 % ја оцениле со 3; 7,3 % ја оцениле со 4, додека само 3,6 % ја оцениле со 5, на скалата каде 1 означува екстремно незадоволително, а 5 екстремно задоволително. Следствено на задоволството на студентите од работата на студентскиот правобранител, студентите имаа можност да го пренесат своето искуство со работата на правобранителот. Па така студентите кои сепак имале некакво искуство со правобранителот и се обратиле за решавање на својот проблем, тоа најчесто било за потреба од регулирање на просториите за полагање, заодлжително купување книги за повисока оценка, можност за полагање во редовна сесија, проблеми со електронското досие и слично. Заклучок На УКИМ е прифатен моделот на „модерен“ омбудсман, односно правобранителот како првичен механизам за заштита на правата. Универзитетот не воведува во хиерархијата на телата пред кои се водат жалбени постапки на факултетите и универзитетот, ниту пак кај правобранителите и замениците правобранители. Сепак, универзитетот го преферира правобранителот кога студентите имаат потреба од заштита на студентските права. Во овој модел, студент ја врши функцијата правобранител кој има широка мрежа на правобранители, кои се лоцирани на секој одделен матичен факултет. 24 Скопскиот универзитет промовира модел на студентски правобранител кој е директно поврзан со самата студентска популација. Правобранителот на овој универзитет од 2009 година е исклучиво студент. Моделот кој го има прифатено овој универзитет директно поттикнува учество на студентите во изборот на лицето кое треба да ги брани нивните права. Сепак, проблемот се јавува кога тоа право се сведува на една студентска организација, која во изминатите години неадекватно ја извршуваше својата задача како студентска претставничка организација. Во вакви прилики, преку незаконитото работење на истата постојат потенцијални опасности од компромитирање на работата и на самиот правобранител. Во такви прилики, универзитетот треба да смисли адекватни механизми кои ќе служат како алтернативни решенија кога студентската претставничка организација несоодветно работи. Овој модел е проблематичен и од аспект на тоа дека можноста за поведување постапка за разрешување на правобранителот е дадена само на една студентска организација, наместо да бидат понудени повеќе можности и за самите универзитетски и факултетски тела, или група студенти да го сторат тоа. УКИМ треба да работи на унапредување на позицијата на правобранителот во насока на минимизирање на опасностите од преголемата зависност на правобранителот од студентската претставничка организација. Од добиените резултати од истражувањето се согледува дека студентите во мала мера се запознаени со функцијата студентски правобранител на ниво на факултет. Дополнително, нивото на доверба и задоволност од работата на правобранителот на универзитетот е на ниско ниво. Ова е значаен момент на кој треба да се работи. УНИВЕРЗИТЕТ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – БИТОЛА Статут на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола Статутот на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола (понатаму: УКЛО) поспецифично ја уредува работата на студентскиот правобранител. И покрај истата функција и истата цел за која е формирана, постојат уочливи разлики помеѓу уредувањето на студентските правобранители на УКЛО и на УКИМ. За разлика од УКИМ, на битолскиот универзитет, студентскиот правобранител не мора да е студент на правни студии со завршен четврт семестар, туку е доволно да е редовен студент со завршен минимум втор семестар. Просекот на студии и на двата универзитети е минимум 8,0046. Статутот на УКЛО, исто како и кај УКИМ, утврдува контрола над работењето на студентскиот правобранител од страна на Студентскиот парламент и на Ректорската управа, со што несовесното работење на студентскиот правобрани46 Член 273, Статут на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола (2008) 25 тел би го санкционирале со поведување иницијатива за разрешување. Статутот на УКЛО му дава голема слобода на Студентскиот парламент во однос на регулација на работата на студентскиот правобранител, насочувајќи кон уредувањето на материјата во Статутот на Парламентот47. Студентскиот правобранител постапува по претставки како од студент поединец така и од група студенти и од студентскиот парламент на одделните единици во состав на Универзитетот48. Претставката може да биде отфрлена само во два случаи, и тоа: доколку не е комплетна и доколку од податоците што му стојат на располагање на правобранителот произлегува дека не се работи за повреда на права на студентот. Во рамките на својата надлежност, во текот на постапката, студентскиот правобранител може да побара дополнителни информации од органите на единиците на Универзитетот, да изврши непосреден увид во работите од надлежност на органите на единиците, да побара стручно мислење како и отстранување на недостатоците кои довеле до повреда на правата на студентите49. Единиците на Универзитетот се должни да го известуваат студентскиот правобранител за преземените мерки во врска со отстранувањето на евентуалната повреда на правата, а по завршувањето на постапката, студентскиот правобранител за тоа го известува подносителот на претставката. За својата работа студентскиот правобранител го известува Сенатот и поднесува Годишен извештај до Студентскиот парламент50. И покрај упатеното барање за доставување на правилникот, преку кој подетално се уредува функцијата правобранител на Битолскиот универзитет, до оваа високообразовна функција и до самиот правобранител тој не беше доставен. Статут на Здружение Студентски парламент при Универзитет „Свети Климент Охридски“ – Битола За разлика од УКИМ, каде што студентскиот правобранител се наоѓа во триаголник помеѓу студентот, Студентскиот парламент и Универзитетот, Статутот на Здружение Студентски парламент при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола (понатаму: СПУКО) го утврдува студентскиот правобранител како орган на Студентскиот парламент51 и со тоа детално го уредува неговото функционирање. Наместо на конкурс, студентскиот правобранител на УКЛО се избира од Собра47 Член 273, Статут на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола (2008) 48 Член 276, Статут на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола (2008) 49 Член 277, Статут на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола (2008) 50 Член 280, Статут на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола (2008) 51 Член 53, Статут на СПУКО (2014) 26 нието на Парламентот од редот на студенти на додипломски и постдипломски студии, на предлог од студентските парламенти на единиците за време од 2 години52. Студентскиот правобранител, како и неговите заменици, имаат право на паричен надомест за нивната работа, за којшто одлучува Парламентот. Можноста за отповикување на студентскиот правобранител од страна на СПУКО е дозволена како механизам за да се обезбеди стручно и професионално работење на истиот. Постапка за утврдување на одговорност поведуува Извршниот одбор на СПУКО на барање на претседателот, додека одлука за разрешување на студентскиот правобранител донесува Собранието на СПУКО со 2/3 мнозинство од вкупниот број делегати53. Иако Статутот на УКЛО отвора можност за поведување иницијатива за разрешување на студентскиот правобранител поради несовесно работење, Статутот на СПУКО не предвидува начин на кој Ректорската управа може да ја поведе статутарно предвидената иницијатива за разрешување. Ова претставува недоследност во правните акти, што доведува до правна несигурност. Во однос на начинот на работа, изборот и постапката пред студентскиот правобранител и замениците правобранители на УКЛО, се уредува со посебен Правилник. Истиот не е јавно достапен. Анализа на практичната работа на студентскиот правобранител на УКЛО Идентично на УКИМ, и УКЛО се апстрахира од одговорност кога се работи за прашања поврзани со студентското организирање и студентскиот правобранител, со што нашите прашања ги пренасочија кон СПУКО како имател на информациите. Исто така, одговор на испратените барања не добивме ниту од самиот студентски правобранител. На линија на ова непознато е дали на овој универзитет воопшто постои студентски правобранител. На веб-страницата на Универзитетот нема никакви податоци за ова прашање. Студентскиот парламент и студентскиот правобранител немаат своја веб-страница. Огромен пропуст е што и УКЛО ја нема најелементарната информација: „Дали постои студентски правобранител на УКЛО“ укажувајќи на неинформираноста на УКЛО за овој механизам за заштита на правата на студентите. Иако, кога се работи за УКЛО, ситуацијата со студентскиот правобранител е поспецифична затоа што тој е тело во склоп на парламентот. Сепак универзитетот мора да има информации за оваа функција бидејќи се работи за интерна жалбена постапка. Така, нејасно е зошто Универзитетот одбива да ги достави годишните извештаи за работата на студентскиот правобранител. Да потсе52 Член 54, Статут на СПУКО (2014) 53 Член 58, Статут на СПУКО (2014) 27 тиме, според статутите и на УКЛО и на СПУКО, студентскиот правобранител е должен најмалку еднаш годишно да достави годишен извештај за работата до Универзитетскиот сенат. Во однос на годишните извештаи на студентскиот правобранител, студентите дополнително остануваат неинформирани во поглед на работата на самиот правобранител, во поглед на тоа дали е честа појава на прекршувања на правата на студентите и дали студентскиот правобранител има доволна моќ и авторитет да се носи со тие предизвици. Исто така, голем проблем претставува недостапноста на студентскиот правобранител на УКЛО, како и на самиот СПУКО. Нетранспарентноста исто така е одлика на СПУКО затоа што ниту Статутот, ниту останатите акти за работа на СПУКО не се јавно објавени ниту се достапни за студентите. Овде треба да забележиме дека студентскиот парламент е невладина организација, по теркот на Скопскиот студентски парламент. И кај оваа организација е забележано доцнење со избирањето на претставниците (мандатот на претседателот на овој парламент е истечен веќе две години) и нетранспарентно работење. Така, непознато е кои студенти се вклучени во оваа организација, како одлучуваат за ставовите на студентите во телата на одлучување на универзитетско и на факултетско ниво и на кој начин ги трошат финансиите добиени од студентските давачки54. Иако Студентскиот правобранител има право на паричен надоместок за својата работа кој треба да го прими преку СПУКО, според Статутот на СПУКО, нема јавен, ниту финансиски извештај ниту правен акт со кој се регулира финансирањето на студентскиот правобранител. Во однос на финансиите, во Конкурсот за запишување на студенти во прв циклус студии за академската 2012/2013 година е предвидено студентот да плати 150 денари на сметка на Студентскиот парламент. Бидејќи на УКЛО, студентскиот правобранител е орган во склоп на СПУКО, се претпоставува дека дел од тие средства биле потрошени за активностите на студентскиот правобранител. Во претходните и следните конкурси, оваа давачка не е предвидена. Според добиениот одговор од страна на Универзитетот во поглед на финансирањето на правобранителот, тоа се одвива преку Студентскиот парламент. Така, по потреба на парламентот, Универзитетот или факултетот одвојува финансиски средства. Во насока на ова, непознато е со какви просторни капацитети располага правобранителот на овој универзитет. Иако хронологијата на студентските правобранители на УКЛО не е позната, сепак се согледува одредена активност на студентскиот правобранител во периодот 2005 – 2007 година. Така, студентскиот правобранител бил активен во 54 Александра Живковиќ, Марија Мирчевска, Мартин Галевски, Сања Божовиќ, Мартин Алексоски, „Анализа на студентското организирање и учество во Македонија“, Младински образовен форум (2015) 28 2005 година во ситуација на продажба на испитни прашања од професори на студенти55, како и во иницијативата за акредитација на нови наставни програми на Педагошкиот факултет во Битола56. Последната активност на студентскиот правобранител на УКЛО е при апсење на професор од Техничкиот факултет во Битола за земање мито од студенти во 2007 година57. Она што и кај УКЛО претставува огромен проблем од кој се јавуваат проблемите и околу студентскиот правобранител е нефункционалноста на Студентскиот парламент. И тука се соочуваме со непочитување на сопствените акти, особено во делот на изборите – последните студентски избори на УКЛО се случиле во 2012 година, со што нелегалноста и нелегитимноста на СПУКО доведува и до потенцијална негалност и нелегитимност на студентскиот правобранител. Перцепција на студентите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ за работата на студентскиот правобранител За разлика од штипскиот и скопскиот универзитет, ситуацијата кај битолскиот универзитет е сосема поразлична во врска со прашањето за искуствата на студентите во поглед на прекршувањето на нивните права. Па, така, на ниту еден студент не му биле прекршени правата. Од испитаниците, 60 % одговориле дека знаат дека не им биле прекршени правата, наспроти 40 % од студентите кои не знаат дали некогаш им биле прекршени нивните права во текот на студирањето. Овој резултат може да е поттикнат од квалитетната услуга на Универзитетот, но и од недоволното препознавање на повредите на правата и генерално, правата како такви. Во врска со постоењето студентски правобранител на нивниот факултет, 80 % од студентите на УКЛО не знаат за оваа позиција. Слично на ова, високи 60 % одговориле дека не знаат дека имаат студентски правобранител на Универзитетот, наспроти 40 % кои знаат дека имаат студентски правобранител на ниво на универзитет. Студентите од УКЛО имаат многу повисок процент на познавање на начинот на финансирање на овој орган од своите колеги од другите универзитети. Па, така, 10 % од студентите го познаваат начинот на финансирање, наспроти 80 % од студентите на УКЛО кои одговараат негативно на ова прашање. Ова покажува висок степен на непознавање на финансирањето на оваа функција. Останатиот процент студенти (10 %) сметаат дека нема студентски правобранител на нивниот универзитет. 55 Автор: непознат, „Студентите се жалат на нов модел на корупција на факултетите“, Вест (2005) 56 Автор: непознат, „Сто бруцоши во групи без акредитација?“, Дневник (2006) 57 Автор: непознат, „Уапсен професор за мито од 900 евра“, Утрински весник (2007) 29 Што се однесува до фреквенцијата на обраќање на студентите на УКЛО до правобранителот на ниво на универзитет, високи 50 % од студентите досега немале потреба да се обратат до студентскиот правобранител на нивниот универзитет во текот на нивното студирање. Останатите студенти не се воопшто запознаени со функцијата на студентскиот правобранител (30 %), или сметаат дека нема правобранител на нивниот универзитет (20 %). Во врска со задоволноста на студентите од Битолскиот универзитет од работата на правобранителот, тие не дале воопшто оцена 1. 25 % ја оцениле работата на студентскиот правобранител со оценка 2, 50 % ја оцениле работата на студентскиот правобранител со 3, додека 25 % ја оцениле работата со 4, оценка 5 не дал ниту еден студент. На скалата, оценката 1 означуваше екстремно незадоволство од искуството со правобранителот, додека 5 е екстремно задоволство. Заклучок Решението кое е применето на битолскиот државен универзитет е уникатно бидејќи овозможува самите студенти преку своите студентски претставници да одберат свој „адвокат“ кој ќе ги штити нивните права, без никаква интервенција од страна на универзитетот. Вака се обезбедува поголема автономија на одлучување на студентите и начинот на кој ги организираат телата кои треба да ги штитат нивните права. Сепак, со ова се ризикува Студентскиот парламент да определи кандидат кој има слични лични интереси како и членовите на Парламентот. При применување на овие одредби треба да се внимава на опасноста од можно влијание на СПУКЛО врз правобранителот. Понатаму, правобранителот треба и да постапува во претставки кога правата на студентот се нарушени од Парламентот, па постои опасност на необјективно одлучување, особено затоа што Собранието може да го разреши студентскиот правобранител. Овие одредби треба внимателно да се применуваат, поради веќе споменатите опасности. Потребно е и воведување на механизам на заштита на правобранителот во случај на притисоци од страна на Парламентот58. Од друга страна, недостатокот од инволвираност на универзитетот во работата на правобранителот предизвикуваат непознавање на високообразовната институција за еден значителен механизам. Затоа, неопходен е посериозен пристап на самиот универзитет во поглед на ова прашање. Се работи за промовирање на квалитетни услуги насочени кон најбројната заедница во високото образование – студентите. Поради тешко достапни информации за работата на правобранителите на овој универзитет, препорачуваме итно воспоставување на канали за комуникација на правобранителот со студентската популација и зачестени настапи во јавност. 58 Александра Живковиќ, Марија Мирчевска, Мартин Галевски, Сања Божовиќ, Мартин Алексоски, „Анализа на студентското организирање и учество во Македонија“, Младински образовен форум (2015) 30 УНИВЕРЗИТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ И ТЕХНОЛОГИИ „СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ“ – ОХРИД Статут на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ – Охрид Статутот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ – Охрид (понатаму: УИНТ), за разлика од останатите универзитети, посветува најмало внимание на студентскиот правобранител и на неговата регулација. Идентично како кај УКЛО, студентски правобранител на Универзитетот се избира од редот на редовните студенти со минимум завршен втор семестар, со просек на студии од најмалку 8,00. Мандатот му е 2 години, без право на реизбор59. Овде студентскиот правобранител не мора да биде студент на правни студии. Статутот на Универзитетот ја предвидува контролата од страна на Ректорската управа и на Студентскиот парламент за неправилното работење на студентскиот правобранител со можност за негово разрешување. Студентскиот правобранител, најмалку еднаш во годината поднесува извештај за својата работа до Студентскиот парламент, Ректорската управа и Сенатот60. Во рамките на буџетот на Универзитетот, предвиден е буџет и за студентскиот правобранител кој се обезбедува од Советот за развој и финансирање на високото образование на Република Македонија61. Статутот на студентскиот правобранител, како и Правилникот за работа, треба да бидат донесени од Студентскиот парламент, а притоа за донесувањето на статутот да постои согласност од Сенатот62. СТАТУТ НА НЕВЛАДИНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА „СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ“ Иако, Статутот на УИНТ дава можност и слобода за регулирање на студентскиот правобранител, како донесувањето на Статутот на студентскиот правобранител и Правилникот за работа, во Статутот на Студентскиот парламент на Универзитетот за информатички технологии (понатаму: СПУИТ), студентскиот пра59 Член 258, Статут на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ – Охрид (2010) 60 Член 258, Статут на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ – Охрид (2010) 61 Член 259, Статут на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ – Охрид (2010) 62 Член 260, Статут на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ – Охрид (2010) 31 вобранител воопшто не се споменува. Ова претставува огромен недостаток, бидејќи студентскиот правобранител претставува клучна фигура во заштитата на студентските права и пред сè потреба на сите студенти. Читајќи го Статутот на СП на Универзитетот во Охрид, се добива впечаток дека не се работи за Статут на студентско претставничко тело, ниту пак за највисок правен акт на студентска организација. СПУНИТ нафрла генерални одредби наменети за сите граѓани на Република Македонија и најавува основање клубови во нашата земја, како и надвор од државата, што поставува дилеми за сериозноста во пристапот на креаторите на овој Статут, како и за официјалните претставници на СПУНИТ. Целите и задачите на СПУНИТ се сосема неповрзани со студентските тематики и нејасно е зошто СПУНИТ се залага за превенирање на антисоцијални патолошки појави, наместо да се ориентира за решавање на студентските проблеми на Универзитетот во Охрид. Воедно, во ниту една од одредбите не се спомнуваат студентите како примарен субјект заради кои би требало да постои еден Студентски парламент како репрезентативно тело63. Анализа на практичната работа на студентскиот правобранител на УИНТ Охридскот универзитет ја следи линијата на останатите два претходно споменати универзитети во поглед на недоставување податоци за студентскиот правобранител. Насочувајќи нè кон Студентскиот парламент на Универзитетот за одговор на ова прашање повторно се соочуваме со проблематиката на недостапност на студентските претставници на универзитетите. Во одговорот добиен од Универзитетот, институцијата се апстрахира од одговорност за имање информации за ова тело, и одговара дека истите немаат обврска за назначување правобранител. Одговор не добивме ниту од самиот студентски правобранител, доколку истиот постои на Универзитетот. Освен тоа што СПУИТ не го регулира студентскиот правобранител, иако за тоа е обврзан со Статутот на Универзитетот, дополнителен проблем претставува нетранспарентноста и исклученоста на јавноста од следењето на работата и функционирањето на СПУИТ и самиот студентскиот правобранител. Истите немаат официјални веб-страници, a правните акти со кои се регулирани СПУИТ и студентскиот правобранител се јавно недостапни. Со Статутот на високообразовната институција е предвидена одговорност на студентскиот правобранител на УИНТ, при што правобранителот е должен еднаш годишно да поднесува годишен извештај за својата работа како до Ректорската управа така и до Универзитетскиот сенат. Нејасно е зошто Универзитетот одбива да ги достави овие документи. 63 Александра Живковиќ, Марија Мирчевска, Мартин Галевски, Сања Божовиќ, Мартин Алексоски, „Анализа на студентското организирање и учество во Македонија“, Младински образовен форум (2015) 32 Исто така, со Статутот на УИНТ е предвидено финансирањето на студентскиот правобранител преку Универзитетот, меѓутоа не постојат јавни извештаи ни околу финансиското работење на студентскиот правобранител. Исто така, финансирањето преку Советот за финансирање е неизвесно затоа што според извештајот на Државниот завод за ревизија, Советот се распуштил во 2006 година, а отттогаш до денес не е формиран нов состав64. И тука се губи секаква можност за анализа на претставки пред студентскиот правобранител, каква е неговата ефикасност, дали наменски ги троши финансиските средства, дали претставува вистински заштитник на студентските права и сите други информации кои мора да им се достапни на студентите. Отсуството на јавност на процедурите е можеби најголем пропуст затоа што студентите кои се заинтересирани да се кандидираат за позицијата студентски правобранител немаат никаков увид и контрола во процедурата за кандидатура и избор на правобранителот. Поради непостоење јавни информации нејасно е дали на овој Универзитет имало правобранител од самото основање до денес. Заклучок Слично како кај Скопскиот универзитет, и овде правобранителот се предвидува како првична инстанција за заштита на правата на студентите. Универзитетот не предвидува хиерархија на правните механизми. Сепак, и во овој случај се јавува опасноста од преголема контрола на работата на правобранителот од страна на студентскиот парламент. Во овој случај, еден од најголемите проблеми е непостоењето никакви одредби во правните акти на самата студентска претставничка организација, СПУНИТ. Во вакви прилики, постои сериозен проблем во деталното уредување на постапките за бирање, работење и разрешување на правобранителот. Во насока на ова, овој механизам мора детално да биде регулиран заради заштита на истиот од можни притисоци, но и заради обезбедувањето на непречена работа на истиот. Уште еден проблем кој треба итно да се адресира е финансирањето на оваа функција. На линија на ова, Универзитетот треба веднаш да ги промени актите и да создаде применлив систем на финансирање. Исто така, треба да се воведат алтернативни механизми што се случува во случаите кога студентските парламенти не се активни или работат противправно. Ова е со цел овозможување на студентите да имаат правобранител и во случаите кога едно од телата кои се круцијални за изборот и работењето на правобранителот не е функционално. 64 Државен завод за ревизија, „Ревизорски наоди за финансирање во високото образование“ (2012) 33 УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП Статут на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип Идентично како кај Скопскиот универзитет, студентскиот правобранител на Универзитетот се избира од редот на редовни студенти на правни студии со минимум завршен четврт семестар и просек на студии од минимум 8,00, за мандат од 2 години без право на реизбор. Работата и уредувањето на функцијата студентски правобранител е регулирана со Правилникот на Студентскиот парламент на Универзитетот65. Доколку Ректорската управа или Студентскиот парламент утврдат недоверба во работата на студентскиот правобранител, поведуваат постапка за негово разрешување. Студентскиот правобранител постапува по претставки од студент поединец, група студенти и од Студентскиот парламент на одделните единици во состав на Универзитетот. Претставката може да биде отфрлена само во два случаи, и тоа: доколку не е комплетна и доколку од податоците што му стојат на располагање на правобранителот произлегува дека не се работи за повреда на права на студентот. Единиците на Универзитетот се должни да го известуваат студентскиот правобранител за преземените мерки во врска со отстранувањето на евентуалната повреда на правата, а по завршувањето на постапката, студентскиот правобранител за тоа го известува подносителот на претставката. За својата работа студентскиот правобранител го известува Сенатот и поднесува Годишен извештај до Студентскиот парламент66. Статут на Студентскиот парламент на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип Идентично како и кај Охридскиот студентски парламент, во Статутот на Студентскиот парламент на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип (понатаму: СПУГД) не постои одредба која се однесува на студентскиот правобранител, иако тоа Статутот на универзитетот го дава како можност на Студентскиот парламент. Студентската претставничка невладина организација при УГД ги остава студентите без телото кое треба да биде заштитник на студентските права, со тоа што изостанува во регулацијата на овој многу важен механизам за заштита. Со овој пропуст се остава простор за недоречености во поглед на изборот, работата и останатите детали поврзани со функционалното работење на правобранителот. 65 Член 330, Статут на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип (2014) 66 Член 336, Статут на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип (2014) 34 Анализа на практичната работа на студентскиот правобранител на УГД УГД се огласи за ненадлежен да одговори дали на Универзитетот функционира студентски правобранител и да ни ги достави актите со кои истиот се уредува. За одговор бевме упатени кон Студентскиот парламент на УГД . Одговор не добивме ниту од студентскиот правобранител. Студентскиот парламент на УГД претставува организација која не ги почитува како актите на Универзитетот така и своите правни акти. Иако Статутот на УГД дава насоки во кои треба да се регулира студентскиот правобранител на овој Универзитет, Статутот на СПУГД воопшто не го споменува студентскиот правобранител. Од друга страна, 2012 година е годината во којашто се одржани и последните избори за студентски претседател на УГД. Со ова, веќе 4 години актуелниот претседател Горан Стаменков е со истечен мандат, што сериозно го доведува во прашање и самото функционирање на парламентот за кој не се оддржуваат избори воопшто. Со ова се проблематизира и самиот избор на студентскиот правобранител, со што нелегитимноста на СПУГД може да доведе до нелегалност и нелегитимност на самиот правобранител, кој треба да игра битна улога во академската јавност. Она што го усложнува пристапот до парламентот е тоа што немаат официјална веб-страница, немаат јавно достапни правни акти според кои тие работат, како ни годишни извештаи за работа и финансиски годишни извештаи. Меѓутоа, нејасно е зошто Универзитетот одбива да ги направи јавно достапни документите кои тој мора да ги поседува за работи кои се од негово подрачје на дејствување. Имено, студентскиот правобранител е должен еднаш годишно да го известува Сенатот за својата работа со што де факто УГД има информација за работата на студентскиот правобранител. Според тарифникот за висина на надоместоците што студентите треба да ги платат при упис на семестар, студентите покрај тоа што уплаќаат 150 денари на сметка на Студентскиот парламент, на истата сметка уплаќаат дополнително уште по 60 денари за студентскиот правобранител67. Без тие уплати, студентот не може да биде запишан во соодветниот семестар во кој се запишува. 67 Тарифник за висина на надоместоците што ги плаќаат студентите за образование и административни услуги на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип на прв циклус студии 35 Перцепција на студентите на Универзитетот Гоце Делчев за работата на студентскиот правобранител Кај студентите од Штипскиот универзитет забележлив е највисок степен на перцепција за прекршување на студентските права. Според добиените податоци, 66,67 % од студентите на УГД некогаш се сретнале со кршење на нивните права, наспроти 30,3 % кои одговориле дека досега во текот на студирањето не им биле прекршени нивните права. Високи 51,5 % од студентите на УГД одговориле со „не знам“ на прашањето дали постои студентски правобранител при нивниот факултет. Понатаму, 21,2 % од испитаниците од УГД се запознаени со постоењето на органот студентски правобранител при универзитетот, наспроти 27,3 % кои одговориле негативно, односно дека овој орган не постои на нивниот универзитет. Високи 51,6 % од студентите на УГД одговориле дека не знаат дали постои ваков орган. Во овој поглед најзапознаени со начинот на финансирање на овој орган се студентите на УГД. Така, 18,2 % од студентите на УГД знаат како се финансира студентскиот правобранител, наспроти 63,6 % кои не знаат на каков начин се финансира овој орган. Останатиот процент студенти (18,2 %) сметаат дека на нивниот универзитет не постои ваков орган. Овој процент е очекуван со оглед на јасно истакнатиот трошок за студентски правобранител во тарифникот на Универзитетот за кој претходно стана збор. Најмал процент на студенти кои досега немале потреба да пријават прекршување на своите права до студентскиот правобранител е кај УГД, и тоа 24,2 %. Останатите 39,4 % од студентите не се запознаени со функцијата на студентскиот правобранител, а 36,4 % кои сметаат дека на нивниот универзитет нема студентски правобранител.Студентите од УГД го изразуваат незадоволство од работата на студентскиот правобранител преку оценување на работата на правобранителот како екстремно незадоволителна. Така, дури 84,6 % од испитаниците дале оценка 1 на ова прашање. Оценка 2 за работата на студентскиот правобранител дале 7,7 %, додека исто толку студенти за работата на студентскиот правобранител дале оценка 3. Студентите од УГД воопшто не давале повисоки оценки за работата на студентскиот правобранител. На скалата, оценката 1 означуваше екстремно незадоволство од искуството со правобранителот, додека 5 е екстремно задоволство. Заклучок Моделот кој го промовира овој универзитет ја следи линијата на останатите универзитети. Така, академскиот омбудсман е еден од механизмите за заштита на правата на студентите. На истиот не постои хиерархија на механизмите. И кај овој универзитет се јавува проблемот со преголемата зависност на правобранителот со студентската претставничка организација, иако е за поздравување 36 одлуката на оваа институција за оставање простор самите студенти да ја уредат оваа функција којашто првенствено треба да се занимава со студентски проблематики. Сепак, неопходна е поголема грижа на Универзитетот во оваа област затоа што засега во исклучително важна област, а тоа е градењето на здравите навики кај студентите, градењето на истите како совесни граѓани со одредени етички принципи, но и унапредување на нивната положба како индивидуи во општеството. ДРЖАВЕН УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО Статут на Државниот универзитет во Тетово Државниот универзитет во Тетово има различен начин на регулирање на студентскиот правобранител во однос на останатите државни универзитети. Првата разлика е во тоа што наместо исклучиво студент или студент на правни студии, што го среќаваме кај другите универзитети, кај ДУТ студентскиот правобранител се избира од редот на стручните лица од универзитетската заедница од областа на правните науки68. Ова значи дека кај овој универзитет, правобранителот може да се бира и од професорскиот и од студентскиот кадар. Исто така, разликата е во тоа што мандатот на студентскиот правобранител е 4 години, што не е случај кај ниту еден универзитет, а правобранителот има право на уште еден мандат. Наместо на предлог само на Студентскиот парламент, тука игра улога и Ректорската управа којашто учествува во креирањето единствен и заеднички предлог-студентски правобранител кој Сенатот треба да го изгласа69. Во однос на финансирањето, Статутот на ДУТ предвидува финансирање како и кај УИНТ, односно гарантирано е дека студентскиот правобранител има свој буџет во рамките на буџетот на Универзитетот, кој се обезбедува преку Советот за развој и финансирање на високото образование на РМ70. Студентскиот правобранител сепак има контрола од страна на Студентскиот парламент, Ректорската управа и Сенатот, каде што доставува извештај за својата работа најмалку еднаш годишно71, меѓутоа поведувањето на постапката за отповикување на студентскиот правобранител е оставена на студентите преку студентското претставничко тело, односно само Студентскиот парламент може да поведе постапка за разрешување на студентскиот правобранител. Поради недостапност на правните акти на Студентскиот парламент на Држав68 69 70 71 Член 328, Статут на ДУТ (2008) Член 328, Статут на ДУТ (2008) Член 329, Статут на ДУТ (2008) Член 328, Статут на ДУТ (2008) 37 ниот универзитет во Тетово, истите нема да бидат предмет на анализа. Анализа на практичната работа на студентскиот правобранител на ДУТ Специфичноста во уредувањето на студентскиот правобранител, а и на самиот Студентски парламент на ДУТ не значи и поголема транспарентност во однос на другите универзитети, почнувајќи од необјавување на Статутот на Универзитетот на официјалната веб-страница, па сè до актите за работа на одредени тела во склоп на Универзитетот. Иако и до оваа вискоообразовна институција беа испратени барања за доставување информации, ДУТ не одговори на нашите прашања. Истото важи и за студентскиот правобранител. Во вакви прилики, непознато е дали некогаш на овој универзитет постоел студентски правобранител. Иако Парламентот, според Статутот на ДУТ е тело во склоп на Универзитетот, што е единствено такво решение на државните универзитети во РМ, неговите интерни правни акти не се јавно достапни. Студентскиот правобранител на ДУТ има свој сопствен буџет кој се обезбедува преку Советот за финансирање и развој на високото образование, меѓутоа нема јавно објавен финансиски извештај преку кој би се направила контрола околу трошоците на правобранителот. Исто како и кај Охридскиот универзитет, и кај ДУТ е неизвесно финансирањето преку Советот за финансирање на високото образование со оглед на тоа што според Државниот завод за ревизија, телото не функционира од 2006 година. Како и кај Битолскиот универзитет, во Конкурсот за упис во прв циклус студии во академската 2012/2013 година е предвидена парична давачка од 100 денари на име: Унија на студенти на ДУТ. Во претходните и следните конкурси оваа давачка ја нема. Исто така, извештаите за работа кои студентскиот правобранител е должен да ги доставува до Парламентот, Ректорската управа и Сенатот, не се јавно објавени, со што студентите имаат отежнато следење на работата на правобранителите. Заклучок Државниот тетовски универзитет промовира различно решение од останатите универзитети. Така, овде се пристапува кон поголема професионализација на функцијата студентски правобранител, со тоа што се остава простор стручни и еминентни лица да ја заземат оваа функција. Ова е решение кое најчесто е применето на останатите универзитети во Западна Европа. Моделот има и една круцијална новина, според која изборот се врши со заеднички пристап од страна на Ректорската управа и Студентскиот парламент. Сепак, мора да постојат јасни процедури како ќе се изведе ова од неколку причини. Студентскиот правобранител мора да ужива доверба кај студентската популација. Во 38 таа насока е значително вклучувањето на студентите во изборот на истиот. Но, сепак, треба да се внимава самиот универзитет да не влијае на студентите во овие процеси. Во ваквиот модел исто треба да се внимава на изборот на правобранител во насока на тоа тоа да биде личност која има соодветен педагошки пристап, но и образование за да може да ја извршува оваа функција. Универзитетот мора да презентира информации како да се контактира правобранителот, кој е правобранителот, и која е постапката за пријавување повреда на студентските права. Без транспарентно прикажување на вакви податоци, се ризикува целосна неактивност или недоверба во овој механизам. Овде треба да алармираме и за начинот на финансирање на студентскиот правобранител, затоа што вака поставените одредби го оставаат правобранителот без финансии за работа (поради неактивноста на Советот за финансирање на високото образование). Универзитетот мора да примени одржлив механизам за функционирање на ова тело за заштита на правата на студентите. 39 ОСТАНАТИ ПРАВНИ МЕХАНИЗМИ ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА СТУДЕНТИТЕ Освен студентскиот правобранител како механизам за заштита на правата на студентите, на високообразовните институции предвидени се и други тела каде студентите можат да се обратат доколку некое право им е прекршено. Така, на сите државни универзитети, освен на Државниот универзитет во Тетово, е предвидено формирање Комисија за студентски жалби. Овие комисии се формирани од претставници на наставниот кадар, претставници на стручно-административната служба, како и по еден студент кој се избира на предлог на Студентскиот парламент. Комисијата за студентски жалби одлучува за правата на студентите кога им се повредени со акт на органите на единиците и органите на универзитетите, ако нивната заштита не е обезбедена пред други органи во согласност со Законот и другите акти на Универзитетот и на единиците. За овие комисии не може да се најдат подетални податоци на веб-страниците. Од претходни истражувања се согледува дека активноста на Комисијата за студентски жалби на Скопскиот универзитет има конкретно определени случаи кога може да биде надлежна72. Овде универзитетот предвидува претходно обраќање на студентот до деканатската управа. Ова тело може да носи и егзекутивни одлуки, односно да поништува одлуки на деканатски управи73. Од приложениот извештај се согледува дека од 2013 година до 2016 година се поднесени вкупно 9 жалби од страна на студенти, од кои повеќето се отфрлени или одбиени. Освен ова, на државно ниво се формира Државен просветен инспекторат. Ова тело е независно во работењето, и е финансирано со буџетски средства. Истото има надлежност и во основното, средното и високото образование. Во поглед на темата на оваа публикација, во високообразовните и научните установи инспекциски надзор се врши над примената на законите со кои се уредува високообразовната и научната дејност74. Така, инспекторите имаат надлежност да установуваат нерегуларности во работењето на високообразовните институции, но не само по претставки на студенти туку и на останатите членови на академската заедница (професори, асистенти, декани, продекани, административен кадар итн.). Иако не постои хиерархија на механизмите, Др72 Така, Комисијата за студентски жалби при УКИМ постапува во следниве случаи: редовно студирање и статус на редовен студент, вонредно студирање и статус на вонреден студент; завршување на студиите под услови кои важеле при уписот; завршување на студиите за пократко време предвидено според студиската програма; продолжување на студии што се прекинати; паралелно студирање; дополнителни испитни рокови за завршно оценување за студенти определени со Статутот на УКИМ; престанок на статусот студент и обновување на статусот студент. 73 Член 6, Правилник за прашањата за кои одлучува Комисијата за студентски жалби на УКИМ, начинот на постапување и актите што ги донесува 74 Член 2, Закон за просветната инспекција („Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/2005, 81/2008, 148/2009, 57/2010, 51/2011, 24/2013, 137/2013, 164/2013, 41/2014, 33/2015, 145/2015 и 30/2016) 40 жавниот просветен инспекторат во поглед на заштитата на правата на студентите дејствува во соработка со студентскиот правобранител на универзитетот. За разлика од правобранителот кој има советодавна функција, Државниот просветен инспекторат има пошироки ингеренции кои можат да бидат и егзекутивни. Така, ДПИ може да спречи спроведување на незаконски мерки, дејствија, работи и постапки во државните и во приватните воспитно-образовни установи, и студентските домови, високообразовните и научните установи; предлага поведување постапка за поништување на испити при чие спроведување се повредени прописите и поништување на свидетелства, дипломи и други јавни исправи добиени од тие испити; предлага поведување постапка за поништување на уверенија и дипломи издадени од воспитно-образовните установи кои немаат дозвола за работа; издава привремена забрана за користење, односно употреба на оспоруваните свидетелства, уверенија и дипломи сè до донесувањето на конечна одлука за нивна валидност; предлага поведување дисциплинска постапка против вработените во државните и приватните воспитно-образовни установи, ученичките и студентските домови, високообразовните и научните установи; предлага отстранување од работното место. Уште повеќе, ова тело може да донесе решение со кое се наредува извршување на определени мерки во одреден рок кој го определува инспекторот и кои се задолжителни за високообразовната институција75. Народниот правобранител е уште еден правен механизам кој има надлежности во високото образование. Истиот може да реагира кога на македонски граѓанин му е прекршено или му е отежнато остварувањето на истото од страна на државна институција, вклучително и високообразовните ентитети. Во поглед на обраќањето до оваа инстанција, не е нужно обраќањето на студентите до студентскиот правобранител и искористување на интерните правни лекови, за студентите да можат да се обратат до народниот правобранител. Разгледувајќи ги извештаите на народниот правобранител, се согледува дека студентите најчесто се обраќаат до правобранителот поради бирократски проблеми во постапките за доделување дипломи, сместувањето во студентски домови, ослободувањето од партиципација за одредени групи студенти, специјализацијата итн. Актуелни се и претставките за ненавременото исплаќање на стипендии од страна на Министерството за образование и наука. Бројот на претставки сепак е мал, а најголем број на претставки е 48 во 2015 година76. Покрај ова, во Македонија постојат и специјализирани тела кои се надлежни за заштитата на правата на граѓаните, вклучително и студентите, на национално ниво. Пример за ова се Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација и Дирекцијата за заштита на лични податоци. 75 Член 33, Закон за просветната инспекција („Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/2005, 81/2008, 148/2009, 57/2010, 51/2011, 24/2013, 137/2013, 164/2013, 41/2014, 33/2015, 145/2015 и 30/2016) 76 Извештај на работата на народниот правобранител за 2015 година 41 ЗАКЛУЧОК Во Македонија студентскиот правобранител е регулиран во Законот за високото образование. Законот определува дека овој механизам е достапен само во случаите кога студентите имаат проблем при остварување на своите права по повод работењето на високообразовните институции. Сепак, законскиот текст не нуди дополнителни одредби кои би ја специфицирале оваа функција, и истото го остава на дорегулирање во самите статути на универзитетите. Во статутите на петте државни универзитети е предвиден студентскиот правобранител. Кај четири од нив функцијата ја врши студент, додека кај еден тоа може да биде лице од останатите членови на академската заедница. Целта на ова е зголемување на довербата на студентите во оваа функција, во насока на полесна достапност и доверливост на студентите кон своите колеги отколку кон професорите или асистентите. Кај дел од универзитетите ова лице треба да биде со правничко образование, додека кај другите тоа не е услов за станување студентски правобранител. Сепак, кај сите универзитети се предвидени критериуми кои треба да се почитуваат при изборот на кандидатите за правобранители. Кај ниту еден од универзитетите не е предвидена хиерархија на интерните правни механизми, па така студентите можат да се обратат до правобранителот и како прва и како последна инстанција. Правобранителите не можат да носат извршни одлуки, туку нивното дејствување е во насока на советување и медијација. Кај дел од универзитетите се предвидуваат и заменици студентски правобранители чија функција е заштита на правата на студентите по факултетите. Освен кај еден универзитет, кај останатите четири не е познато дали постои студентски правобранител и дали истиот е активен. Од сите правобранители само еден има своја веб-страница на која прикажуваат информации за начинот на заштита на правата на студентите, хронологијата на лицата кои биле студентски правобранители, имињата на замениците правобранители и начинот на контактирање со нив итн. Во вакви прилики, нејасно е дали на останатите 4 универзитети постојат студентски правобранители. Изборот на студентските правобранители е стриктно поврзан со студентските претставнички организации на универзитетите – студентските парламенти. Сепак, како што беше елаборирано, истите се најчесто невладини организации кои работат нетранспарентно и неадекватно. Во вакви прилики, се доведува во прашање и самото работење на студентските правобранители. Освен статутите на универзитетите, кај повеќето од нив отсуствува дорегулирање на оваа функција. Освен еден универзитет кој има интерен правилник за 42 начинот на избор и функционирање на правобранителот, кај останатите четири универзитети ова не е случај. Во вакви прилики постојат опасности од арбитрарност во изборот, работењето и разрешувањето на правобранителот. Универзитетите треба поактивно да се вклучуваат во овој домен. Оваа препорака не е во насока на промовирање поголема контрола на правобранителот, туку укажување за стимулирање на поголема активност на овие лица и нивно транспарентно работење. Исто така, универзитетите мораат да вршат повремени евалуации на работата на правобранителите во смисла на следење на објективното работење на истите . Оваа препорака се однесува и на самите правобранители кои мораат да воспостават механизми за прибирање на мислењата на примарните лица за кои се наменети нивните услуги – студентите. 43 КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА Публикации Behrens R., “Public trust and the ombudsman: the case of the OIA, Paper 1, Office of the independent adjudicator”, (2015) Birtwistle T., “The Campus Ombdusman, ENOHE News 2009/2, European Network for Ombudsmen in Higher Education” (2009) Coaldrake P., “Responding to changing student expectations, Higher education management”, OECD, (2001) Hertlein W., „Approaches to Complaint Management at German Universities“, (2014) Huttemann K., „Self-regulation in science and the humanties: Rules of Good Scientific Practice: The German System of Scientific Self-Regulation “, (2015) The campus ombudsman, relied by many Universities, is not trusted by the students, The Australian, (2009) Бошкова Н., Трајаноски Ж., „Анализа на документи и на политики на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за степенот на вклученост на принципот на еднакви можности и недискриминација“, Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници (2013) Живковиќ А., Филипова А., „Потребата од менување правни акти во насока навоведување тело за заштита од дискриминација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје“, Фондација за демократија на Вестминстер (2016) Живковиќ А., Мирчевска М., Галевски М., Божовиќ С., Алексоски М. , „Анализа на студентското организирање и учество во Македонија“, Младински образовен форум (2015) Здравковска Д., Барлаковски П., Истражување за состојбата со студентските парламенти на факултетите при УКИМ, работна верзија (2016) Законски, подзаконски и останати акти Закон за високото образование (2008) Закон за просветната инспекција (2005) Правилник за прашањата за кои одлучува Комисијата за студентски жалби на УКИМ, начинот на постапување и актите што ги донесува (2014) Правилник за изборот, разрешувањето, надлежноста и работата на студентскиот правобранител на Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје (2009) Статут на Студентскиот парламент при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје (2011) 44 Статут на Студентскиот парламент при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола (2014) Статут на Студентскиот парламент при Универзитетот за информатички науки технологии „Свети Апостол Павле“ – Охрид (2011) Статут на Студентскиот парламент при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип (2010) Статут на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје (2013) Статут на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола (2008) Статут на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ – Охрид (2010) Статут на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип (2008) Статут на Државниот универзитет во Тетово (2008) Извештаи „Dispute resolution in Higher education in turbulent times“, Report of the tenth Annual Conference of the European Network of Obdusmen in Higher Education (2013) The pathway report: Recommendations for the development of the OIA Scheme, Office of the independent adjudicator,(2010) Државен завод за ревизија, „Ревизорски наоди за финансирање во високото образование“ (2012) Извештај на работата на народниот правобранител (2015) Тарифник за висина на надоместоците што ги плаќаат студентите за образование и административни услуги на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип на прв циклус на студии Новинарски написи Автор: непознат, „Студентите се жалат на нов модел на корупција на факултетите“, Вест (2005) Автор: непознат, „Сто бруцоши во групи без акредитација?“, Дневник (2006) Автор: непознат, „Уапсен професор за мито од 900 евра“ Утрински весник (2007) Котевски Н., „Низа нерегуларности при изборот на студентски лидер“, Утрински весник“ (2016) Чаловски В.,, „(ВИДЕО) Студентски избори без легитимитет“, Нова ТВ (2016) 45 Веб-страници www.dfg.de www.enohe.net/ www.ombudsman.gov.au www.pravobranitel.ukim.edu.mk www.ukim.edu.mk www.uklo.edu.mk www.unit.edu.mk www.unite.edu.mk 46 47